Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

1113

Вечерва на Охридско лето концерт на познатиот пијанист Кемал Гекиќ

Во рамките на музичката програма на Охридско лето вечерва во црквата Света Софија со почеток од 21 часот ќе се одржи концерт на светски познатиот пијанист Кемал Гекиќ од САД. На програмата се дела од Бетовен, Шопен, Ален, Лист.Кемал Гекиќ настапува низ целиот свет изведувајќи широк репертоар на кој секогаш му дава фасцинантен личен печат. Настапува како солист на рецитали или со оркестри меѓу кои: Кралската филхармонија во Лондон, Варшавската филхармонија, Јапонскиот филхармониски оркестар, во сали како  „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Сантори Хол“ во Токио и „Кенеди“  центарот во Вашингтон.Гекиќ има снимено 15 солистички албуми, а за неговиот албум со транскрипции на Росини и Лист ја добива наградата „Розета“ која ја доделува „Пингвин“ водичот за музика, додека пак неговата интерпретација на „Трансцеденталните етиди“ исто така од Лист снимени за Џеј-Ви-Си се смета за една од најрелевантните снимки на овој циклус на сите времиња.  Номиниран е за наградата „Греми“ за снимката на Концертот „Герника“ од Фредрик Кауфман, дело кое е нарачано и специјално пишувано за него.Роден во Сплит, Кемал Гекиќ започнува да учи пијано со проф. Лоренца Батурина, а дипломирал на Музичката Академија во Нови Сад во класата на проф. Јокут Михаиловиќ, каде веднаш по дипломирањето ја започнува својата педагошка кариера и до 1999 е шеф на катедрата за пијано. Во 1999 година е резиденцијален уметник и редовен професор  на Универзитетот во Мајами, Флорида, а истовремено одржува и мајсторски курсеви на повеќе академии низ светот. Често е дел од жири комисии на меѓународни натпревари за пијано, а од 2010 година е основач на Летната школа и фестивал кои го носат неговото име во родниот Сплит.

Македонија | пред 5 години

asfalt

(ВИДЕО) Нов асфалт на реконструираната Даме Груев во населбата Христо Узунов во Охрид

Денеска продолжија градежните активности  за уредување на на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“  за поставување на втор слој асфалт.  https://www.facebook.com/ohrid1/videos/583596132317059/?v=583596132317059

Македонија | пред 5 години

nuhiu

Нухиу: Ги потпишавме актите за албански јазик на полициските униформи

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека биле потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.– Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на Чулев му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а претходно повеќе години министер беше Оливер Спасовски.

Македонија | пред 5 години

0000traktor

Тешко повреден тракторист по пад во дол во Струмичко

Жител на селото Бориево возејќи трактор се излизгал од патот и паднал во дол. Несреќата се случила вчера по шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден.С.В. (31) се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. На местото на незгодата излегле полициски службеници од СВР Струмица.

Македонија | пред 5 години

tepacka

МВР за инцидентот пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“

На 09.08.2020 во 21.00 часот Б.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на ул.„11 Октомври“, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бил физички нападнат од Џ.Б.(24) од Скопје. Според пријавеното, на нападот му претходела расправија поради претходно случена сообраќајна незгода во Шуто Оризари, во која бил повреден малолетник. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 5 години

MEGA2492

„Чудесна терапија“-приказна за секојдневието на брачните парови

Драмски театар Скопје кој е чест гостин на „Охридско лето“ вчеравечер на фестивалот ја одигра театарската претстава „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски.Компактната претстава, иако мала по бројот на актери на сцената, успеа да го задржи вниманието на публиката до крајот на вечерта.Според режисерот Димче Николовски, станува збор за многу секојдневна претстава која ги долува проблемите на еден брачен пар и се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за среќна и стабилна врска.-Искрено мислам дека повеќето брачни парови имаат проблеми коишто си ги признаваат, но и не си ги признаваат. Со оглед на тоа како ние се развиваме како општество, дел од тие проблеми остануваат некажани, неразбрани и со тек на време, тоа семе може да развие многу сериозни проблеми. Другата страна на претставата е дека сепак се работи за комедија и нејзиниот успех е точно што преку хумор успева да допре до тие области коишто најчесто остануваат занемарени, а тоа се сите области. На тој начин, секој човек, којшто е во каква било врска, може да се пронајде себе си, истакна режисерот Николовски.На сцената во предворјето на црквата „Света Софија“, брачната двојка ја одглумија Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски кои токму поради нарушената комуникација и меѓусебните недоразбирања завршија на брачно советување –терапија која доби чудесни размери.Актерот Предраг Павловски појасни дека станува збор за непретенциозна претстава која, како што рече,  постигна доста голем успех во Скопје.-По пауза од неколку месеци поради познатите причини, „Чудесна терапија“  ја играме повторно, и тоа на „Охридско лето“ што ни е мошне драго. Сметам дека и амбиентот беше соодветен за нејзиното одржување. Сето време додека не играме на сцената, јас сонувам претстави, сонувам дека играм во претстави. Тоа е потсвесно. Театарот сепак ќе опстане. Тоа е материја  што не може да изумре, изјави Павловски.Ликот на психотерапевтот го глумеше актерката Соња Стамболџиоска која фестивалската публика ја гледаше и изминатите години на „Охридско лето“ со повеќе претстави меѓу кои „Ждрело“ на режисерката Зоја Бузалковска и „Кавказки круг со креда“ од режисерот Златко Славенски.-Терапевтот најпрофесионално се труди сѐ да направи за своите пациенти, но во еден момент малку ќе се сопне. Инаку, во претставата влегов како замена и имав кус период за да се подготвам за улогата, помалку од две недели. Вечерва играм по пауза од шест месеци и затоа сум многу возбудена, изјави актерката Стамболџиска.Драматург на театарската претстава „Чудесна терапија“ е Александра Бошковска, костимограф Раде Василев, а автор на песна Давид Матевски. 

Македонија | пред 5 години

MEGA2389

Рахмањинов и Мусоргски прозвучија совршено преку изведбата на уметниците Гримпас и Лазаридис

Со добро одбрани композиции на Рахмањинов и Мусоргски изведени на виолончело и пијано, грчките уметници Христос Гримпас и Џорџ Емануел Лазаридис приредија вистинско уживање за љубителите на класичната музика кои вчера беа дел од публиката на „Охридско лето“.Виолончелистот Гримпас, е задоволен од својот настап пред публиката во црквата „Света Софија“, иако, како што рече, како музичар во оркестар веќе подолг период не музицира на концертните подиуми.-Многу сме среќни и голема ни е честа со колегата Лазаридис што имаме можност да го изведеме нашиот перформанс во ова прекрасно место. Многу ми недостигаат концертите. Свирам во оркестар, но поради коронакризата не настапуваме, па така, ми недостига музиката. Што се однесува до фестивалот „Охридско лето“ можам да кажам само пофални зборови за извонреднатa организација и би сакал повторно да настапиме овде, изјави Гримпас.На репертоарот беа Сонатата за виолончело и клавир оп.19 од Сергеј Рахмањинов, како и композицијата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски што беше соло-настап на пијанистот Лазаридис.Христос Гримпас студиите ги започнува на Државниот конзерваториум во Солун, а продолжува да студира на Универзитетот за уметности во Берлин. Магистрира на познатата Висока школа за музика во Есен. Бил член на Рајнскиот младински оркестар, на Интернационалниот младински оркестар како и на Оркестарот на Европската Унија.Добитник е на повеќе награди и признанија. Од 2002 година  е редовен член на Симфонискиот оркестар на Солун. Основач и член е на ансамблот „Транскрипшн“ со кој настапува во музејот „Тејт Модерн“ во Лондон,  во Музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина, во музејот „Сабанџи“ во Истанбул и др.Пијанистот Џорџ Емануел Лазаридис е сестран музичар со повеќе од 30-годишно присуство на интернационалната музичка сцена како солист, композитор, едукатор и основач на повеќе нови културни институции. Активен е на концертната сцена во престижни концертни сали од САД и Мексико до Европа, Русија и на Блискиот Исток, со настапи кои го носат на некои од најпознатите музички фестивали во Истанбул, Акс во Прованса, Монтереи, Свонси, како и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол, Музикферајн, салата на Петербуршката филхармонија и многу други. 

Македонија | пред 5 години

EfC1h41WsAA7XkP

(ФОТО) Крвава ноќ во Скопје: Возило целосно уништено во страшна сообраќајна несреќа

Страшна сообраќајка се случила ноќеска на Водњанска, во близина на Клиниката Мајка Тереза. Возило марка „Пасат“ е целосно уништено, откако било оставено паркирано, а во него удрило друго возило со голема брзина. За среќа, нема загинати.„Совозачот бил во колата, а возачот бил излезен до трафиката. Пасатот паркиран. Одозгора ги собира возило. Повредени се но нема загинати“, пишува корисник на „Твитер“ под псевдонимот „Јарре“.https://twitter.com/yarrre/status/1292732713095569408?s=20

Скопје | пред 5 години

mepso

МЕПСО: Неконструктивно е да се споредува цената на струјата со просечната плата во земјава

Голото споредување на цената на мегаватчас електрична енергија со просечна плата во нашата земја е некоректно, велат од МЕПСО. Оттука додаваат дека ваквото споредување никому не му помага и создава конфузија кај граѓаните.„Такви споредби се погрешни и водат кон погрешни заклучоци кои немаат економска логика туку оставаат впечаток дека критиката е неконструктивна“, наведуваат од акционерското друштво.Додаваат дека во одредени сегменти на нашето општество се уште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија.„Дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи, често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан. Коректно е да се укаже дека за најзагрозените семејства е предвидена субвенцијата „за енергетска сиромаштија“, која обезбедува пристапност до ел.енергија за сите граѓани на државата. Прашањето е многу комплексно за да се банализира со неаргументирани напади врз електроенергетските компании и регулаторното тело кое го респектирало барањето“, нагласува МЕПСО.Во соопштението се наведува и дека електричната енергија е основиниот двигател на сите сегметни во современото општество, поради што сите треба да сме свесни за важноста на функционирањето на целиот електроенергетски систем, а тоа е неостварливо без неопходните вложувања за негова непречена и доверлива работа. МЕПСО нагласува дека секоја година подготвуваат инвестициона и програма за одржување, каде што најдомаќински се планираат потребните инвестиции, а за нив имора да се има предвид дека во земјата нема произведител на потребната опрема за трафостаници и далекуводи, и поради тоа целата опрема се набавува од странски производители.„Секогаш сме посветени на определбата за намалување на трошоците, онаму каде е оправдано. Спремни сме и за стручна расправа на таа тема. Тарифата на АД МЕПСО 6 (шест) години во континутитет е намалувана, со што е доведена во прашање ликвидноста на компанијата и нејзиното функционирање. Тарифата е најголемиот извор од каде се покриваат сите инвестиции за преносниот систем нормално да функционира. АД МЕПСО нема можност да се откаже од своето учество во цената на струјата, затоа што нé чека економски развој на државата кој без стабилен преносен систем е невозможен.Во исто време напоменуваме дека АД МЕПСО е општествено-одговорна компанија која во контиунитет осум години наназад издвојува значајни средства (до 2 отсто од своите приходи) за проекти од јавен интерес од областите на: здравството, образованието, културата и спортот. Воедно во истиот период дава стипендии на студенти од електроенергетските насоки на државните факултети во Скопје и во Битола, во соработка со ЕВН и АД ЕСМ, вложувајќи на тој начин уште повеќе во иднината на електроенергетскиот систем“, додава МЕПСО во соопштението.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија

СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија. Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Ова СДСМ што го стори на македонските граѓани не ветува сигурна економија и подобра иднина. Ова ветува единствено сигурен банкрот на државата.СДСМ и Зоран Заев единствено се грижат за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена.На Република Македонија не и е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат. На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Lubotenski-bachila

Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

По повод 19 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година денеска пред нивното спомен одбележје во скопско Волково ќе биде положено цвеќе од делегации од општината и армијата.На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини.Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, соопшти УХМР.Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североисток. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.Од денеска преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во средината на неделата.

Македонија | пред 5 години

zeni-sdsm

Жените од СДСМ на Апасиев му порачаа: Жени во политика кои се моќни има и ќе нѐ има уште повеќе

Бурни реакции во јавноста по објавата на пратеникот Апасиев. Предмалку на социјалната мрежа фејсбук се огласија и од СДСМ жени. Тие во објавата пишуваат:Во постот на Апасиев со кој директно ја навредува другарката Радмила Шекеринска се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување.Тој со ова ја покажа својата "свежина" што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание.Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нѐ има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво уште повеќе нѐ охрабруваат да дејствуваме заедно!Доаѓаме уште помоќни и уште повеќе...СДСМ Жени 💪https://www.facebook.com/SDSMakedonija/posts/3429862543711740

Македонија | пред 5 години

tepacka

(ВИДЕО) Инцидент пред Градска болница: Дете повредено во сообраќајка, се степале две семејства

Попладнево кај скопската болница „Св. Наум Охридски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир, по физичка пресметка  од страна на револтирани членови на семејство при претходно случена сообраќајна незгода, во која според првични сознанија било удрено дете.На снимките кои ги објави Сител се гледа силно полициско присуство, а полицајците приведуваат и неколку лица.  Според тврдењата на очевидци пред да пристигне полицијата се слушала гласна расправија и удари од пред влезот на болницата.https://www.facebook.com/sitelvesti/videos/699612187562445/?v=699612187562445видео: Сител

Скопје | пред 5 години

buhova

Директорката на ДСЗИ во самоизолација, контактирала со член на семејството позитивен на ковид-19

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Сотирова Бухова од денеска е во 14-дневна самоизолација, бидејќи контактирала со член од семејството којшто е позитивен на ковид-19.„По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома. Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца“, посочува таа.

Македонија | пред 5 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Можело да се пцуе Македонија, ама Апасиев бил проблемот

„Можело да се пцујат Македонија, Македонците и македонизмот. Дозволени се антисемитски, мизогинични и заканувачки изјави и повици. Не било проблем да се повикува на смрт, на бесења, на убиства... Сиот тој вулгарен говор на една разгорена омраза, за пропагандата на Заев, но и за Обвинителството, е во рамките на неказнивото "метафорично" изразување. Се разбира, сė додека е насочен кон противниците на Заев и на СДСМ, напиша новинарот Брано Героски на социјалната мрежа ФБ.Героски уште додава:И сега, Апасиев бил проблемот. Тој бил "екстремниот радикал". Читам повици неговите вулгарности да се казнат. Читам како му "лепат" психијатриски дијагнози. Очекувам некој да побара да биде уапсен...Апасиев ги испровоцира нашите Мефистофелеси и нашите скриени цензори да си ги покажат вистинските лица.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/3146772908777716

Македонија | пред 5 години

gradiste

Потврдени тројца заразени со ковид-19 по забавите во Охрид

Тројца позитивни на Ковид 19 кои биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, дознава Канал 5 од болнички извори.Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.-Очекувана е бројката од 200-те ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока“, вели епидемиологот Даниловски.За професорот Даниловски и во наредните денови треба анкетите на заразените од овие кластери да покажат со колку луѓе имале контакт. За него загрижувачки е што се уште има забави како на пример во Струмица, а и покрај големиот број на болни и починати забавите не престануваат.Текстот во целост на: Канал5

Македонија | пред 5 години

aerodrom

(ВИДЕО) По невремето кое го зафати Скопје, аеродромци добија плажа!

Неколку скопски населби деновиве беа поплавени од обилните дождови што го зафатија главниот град. Вчера истури дожд , а дупките низ улиците се преполнија со вода.Неколку скопски населби деновиве беа поплавени од обилните дождови што го зафатија главниот град. Вчера истури дожд , а дупките низ улиците се преполнија со вода. Епа дупки со вода колку сакаш и во населба Аеродром, односно стар Аеродром.Млад скопјанец преку видео ја покажа реалноста. https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/videos/311758626692786/

Скопје | пред 5 години

20171117095751

Вице Заев: ВМРО-ДПМНЕ ако има докази нека ги даде на институциите, а јас ќе барам да докажат пред суд

На прашањата од ВМРО ДПМНЕ одговор од Вице Заев. Во дописот до медиумите ги повикува ВМРО ДПМНЕ ако има докази за она што го тврдат тогаш да ги пријават во обвинителство.-Јас сум подготвен да одговарам, вели Вице Заев во реакцијата. Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд. Јас Вице Заев, се вели во реакцијата, не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува .

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 85 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839,  бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5149, активни 1335• Куманово 1148, активни 276• Дебар 219, активни 127• Штип 953, активни 400• Прилеп 345, активни 49• Тетово 1088, активни 190• Струга 478, активни 195• Велес 234, активни 23• Битола 165, активни 72• Охрид 297, активни 89• Кавадарци 110, активни 88• Гостивар 562, активни 326• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 41, активни 25• Крива Паланка 26, активни 12• Радовиш 33, активни 10• Крушево 16, активни 7• Кочани 112, активни 24• Пробиштип 63, активни 21• Демир Хисар 43, активни 30• Македонски Брод 51, активни 40• Пехчево 6, активни 0• Берово 8, активни 4• Валандово 7, активни 1• Виница 30, активни 26• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 4• Свети Николе 239, активни 114• Кичево 196, активни 116• Ресен 146, активни 17• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1188 теста се преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-17, Авицена-145, Биотек-88, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Систина со PCR метода -155, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-67, Инфективна клиника-6, ГАК-8. Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

lazarov

Др. Ненад Лазаров до родителите: Напрајте им по некој тест на урина, не се пие толку алкохол "на голо", премногу пари им давате очигледно

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари во периодов е доста активен на социјалните мрежи по повод ситуацијата со корона вирусот. Тој денеска на социјалната мрежа фејсбук напиша:-И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам "прехладени" тинејџери што биле на викенд во Охрид, а што ќе ми ги носат загрижени мајки заради 37.1 температура?И да, ќе има има реконвалесценти од акутни алкохолни интоксикации а не стомачни вируси и тровања со храна, без блефирање.Не се прехладени "децата", "пресисани" се!Каков примитивизам видов од млади луѓе, само нагони ги водат, со чесни исклучоци...Напрајте и по некој тест на урина, не се пие толку алкохол "на голо", премногу пари им давате очигледно.Bad parenting викаат Енглезите, си ги гледате ли како ви се облечени децата воопшто, ако ништо друго?После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители, зошто така е полесно!Па и ја што сум бил у таверна со жена и дете ќе ви бидам крив, само вие не! 

Македонија | пред 5 години

tekstilna-industrija

Работодавачите бараат итно да се формира владата и да се донесат антикризни мерки

Организацијата на работодавачи бара брзо формирање на Влада, со цел да се донесат нов сет антикризни мерки.Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека посебно на удар е текстилната индустрија. Бизнисот со шиење заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат  дека  на голем број конфекции им се заканува затварање во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери. Се жалат дека сега се оставени сами да се справуваат кога голем дел од работниците се дома. Или се позитивни на корона вирус или се во изолација.Димитров вели дека мора да се донесат сет на мерки, со цел да се зачуваат работните места, една од мерките по примерот на Германија е трошоците за работниците за четири часа да ги подмирува работодавачот, а останатите четири часа државата.Анализата на Кластерот за текстил покажа дека е можно отпуштање во овој сектор, посебно ако пандемијата со овој интензитет продолжи до крајот на годината. Тоа и догодина би значело помала ликвидност, а повеќе изгубени работни места. Дел од штипските текстстилци уште во јули ја најавија можноста бројот на вработени во оваа гранка да се преполови.Димитров потенцира дека добро е што се објавија имињата на фирмите, кои ги злоупотребијa парите за работниците, а какошто вели списокот пикaжува дека големите текстилни компании немаат направено вакви злоупотреби.Тој вели дека  бараат Владата преку електронскиот систем за исплата на плати строго да  контролира дали парите стигнале до вработените и јавно да ги објавуваат сите што направиле злоупотреби. Но бараат и прецизни одредби за да нема манипулации.Поради корона вирусот во источниот регион од државата во различни периоди повремено беа затворени над 20 текстилни фабрики. Најголемиот дел во Штип, а останатите во Свети Николе и Пробиштип. Поради алармантната ситуација во Штип дел од конфекциите од 1 Август се на колективен годишен одмор. Голем дел од нив со работа стартуваат од утре.

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Шилегов: Македонскиот Шешељ има коса и брада

Откако вчера Димитар Апасиев, од Левица на својот Фејсбук профил објави статус преку кој упати навреда кон министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ,стигна и првите рекации.Веднаш реагираше пратеникот и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој му порача на Апасиев дека такви фашист на државата не и се потребни.Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пак, очигледно алудираќи на Димитар Апасиев, го спореди Апасиев со српскиот радикал и поранешен хашки затвореник Воислав Шешељ.Тој на својот Фејсбук истакна: Македонскиот Шешељ има коса и брада …https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3336887709869137

Македонија | пред 5 години

Screenshot_5

ВМРО ДПМНЕ: Дали Вице Заев стои зад опожарените автомобили во Скопје?! Или власта е неспособна да се справи со обични мафијаши?!

Дали Вице Заев се активира и во Скопје?!  Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје?! Аздисуваат ли бандите на власта и дали зад сцената се случува нова мафијашка пресметка, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Скопје повторно станува како Бејрут. Запалени автомобили на секаде, а СДСМ не реагира преку институциите, кои сеуште се под нивна контрола. Ова само говори дека или мафијашите делуваат под нивна наредба или дека се неспособни да се справат со обични криминални  пресметки кои им се случуваат пред нос.Безбедноста во град Скопје е на очајно ниско ниво, а никој за тоа не сноси одговорност.Граѓаните не знаат кога нечие возило ќе биде опожарено, некој од нив ќе биде ограбен или пак ќе биде жртва на криминални банди. Никој не се чувствува безбеден со СДСМ на власт. За трагедијата да биде уште поголема, СДСМ воопшто не може да ја гарантира безбедноста на луѓето. Ова е пракса веќе три години.Криминалот и мафијашките пресметки мора да запрат. За ова мора да има одговорност. Безбедноста на граѓаните е пред се, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

filipce-operira

(ФОТО) Филипче повторно во сала, успешно извршена операција на 29-годишна пациентка

Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, денеска на својот фејсбук профил објави фотографии од неговата примарна дејност, а тоа е неврохирургијата. „Повторно во сала на операција.Тој посочува дека утрово со колеги од Неврохирургија извршиле успешна операција кај 29-годишна пациентка.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2459116961061989/2459114431062242/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања