Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

vlada-zname-nato

Влада: Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, информираат од Владата по седницата.„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта“, наведуваат од Владата.Претходно денеска, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ставот на Комисијата е наставата да се одржува онлајн, освен за првачињата за кои смета дека е неоходно физичко присуство.Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование и утре ќе преговараат за начинот на кој ќе се реализира наставата, откако деновиве не успеаја да постигнат договор.

Македонија | пред 5 години

Prva_Makedonska_Udarna

Ќе се поставува втор асфалтен слој на улицата „Прва Македонска ударна бригада“

Поради изведување на градежни активности за поставување на вториот асфалтен слој на коловозот, улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ ќе биде затворена за сообраќај од 5 часот на 13.08.2020 година (четврток) до 14.08.2020 година (петок), до комплетно завршување на предвидените активности.Се упатува апел до граѓаните навремено да ги отстранат паркираните моторни возила и да користат алтернативни улици за сообраќање во овој дел на градот. 

Македонија | пред 5 години

dezinsekcija

Известување до Охридските пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината ЈЗУ Центар за јавно здравјe ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 13.08.2020 год.(четврток)  ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, просторот  на река Грашница и Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за првачињата

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата – изјави министерот за здравство Венко Филипче.– Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија – изјави Филипче во вестите на ТВ Канал 5.Притоа тој посочи на опасностите за ширење на заразата за време на транспортот од и до училиштата, потоа комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории и ходниците.Владата за неколку дена да го донесе конечниот заклучок.– Дефинитен став, имајќи ги предвид и сите други аспекти на Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

filipce1

Филипче: Ја чекаме дефинитивната листа на 24 имиња, суштински е различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово

„Ниту еден од патниците којшто бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство финско и македонско не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. Тоа што сега го чекаме после контактот кое нашето МНР го направи со амбасадата во Стокхолм - која амбасада ја покрива и Финска е листата со имиња - 24 патници кај коишто било констатирано присуството на вирусот, заради тоа што во авионот имало и други државјани, имало државјани на Косово коишто во нашата земја може да транзитираат без тест. Не само тие државјани на Косово, туку било кои други. Ова е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести дискутираме дали евентуално и за граѓаните од соседните земји кои транзитираат треба да бараме ПЦР тестови“, потенцираше министерот Филипче.На прашањето како лицата воопшто се качиле на летот, но и какви се процедурите, министерот Филипче истакна дека доколку некој има решение за изолација, а во овој случај немало, тогаш одговорно е Министерството за внатрешни работи за да се спроведува таа контрола.„Меѓутоа тоа не е очигледно сценарио, не знаеме сè уште доволно податоци. Повторно ќе кажам прво дали се наши и фински државјани со 2 пасоши, со двојно државјанство граѓани или станува збор за државјани на Косово. Кога ќе ги имаме овие информации, се надевам во текот на денот можеме да ја имаме целосната слика за тоа што се случило“, рече министерот Филипче.Во однос на новинарското прашање каква е процедурата и дали се потребни тестови за лицата кои транзитираат низ земјава, министерот Филипче информираше дека секој може да транзитира. Има ограничен број на часови за влез и излез од земјава и затоа засега не е потребен ПЦР тест, но посочи дека на утрешниот состанок ќе се дискутира повторно ова прашање.„Оние работи коишто ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани коишто имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во коишто влегуваат, влегуваат со тамошните пасоши. Има многу можности за да вакви работи да кажам провлечат. Затоа, ќе разговараме утре и за транзитните ПЦР тестови, но сепак би ја почекале дефинитивната листа на 24 имиња, заради тоа што е суштински различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

lukarevska

Лукаревска и Костовски кои станаа пратеници не се веќе директори на УЈП и на Службен весник

Сања Лукаревска и Мартин Костовски, кои станаа пратеници во Собранието од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме” по одржаните парламентарние избори, се повлекуваат од директориските места во Управата за јавни приходи, односно Службен весник.Тие во изјава за „Фактор” потврдуваат дека веќе не се директори на овие две државни институции.– Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам, изјави Лукаревска, која три години беше на чело на УЈП.И Костовски вели дека сега е пратеник и тоа планира и да остане.Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Омери, а на Службен весник Татијана Лалчевска.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 141 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.Почината е една пациентка од Скопје (51г.) во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083,  бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5207, активни 1157• Куманово 1173, активни 266• Дебар 219, активни 128• Штип 988, активни 342• Прилеп 346, активни 38• Тетово 1099, активни 175• Струга 485, активни 151• Велес 238, активни 26• Битола 169, активни 76• Охрид 301, активни 75• Кавадарци 126, активни 97• Гостивар 585, активни 285• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 41, активни 25• Крива Паланка 29, активни 15• Радовиш 36, активни 11• Крушево 16, активни 3• Кочани 115, активни 26• Пробиштип 64, активни 18• Демир Хисар 47, активни 33• Македонски Брод 55, активни 42• Пехчево 6, активни 0• Берово 9, активни 5• Валандово 7, активни 1• Виница 36, активни 32• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 3• Свети Николе 244, активни 103• Кичево 219, активни 133• Ресен 146, активни 11• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1885 теста се преку: ИЈЗ-814, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-161, Биотек-202, МАНУ -128, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -255, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-24, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 117475 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 1 пациент суспектен на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 86 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Fotogarfija

Единствена Македонија: Во услови на тежок изборен фалсификат, доколку Заев има грам морал веднаш да бара нови избори

Зоран Заев доколку има грам морал, совет и одговорносот веднаш да побара распишување на нови избори. Целиот народ гледа дека изборите на 15 јули се тежок изборен фалсификат во режија на власта а особено загрижува монструозниот план на марионетската власт и нејзините странски ментори за колатерална штета и изборен фалсификат спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во контескт на битката за влијание во Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Но, иронијата да биде поголема, фалсификаторите на изборите, СДСМ и ДУИ, сега не можат да се договорат ниту за мнозинство врз основа на фалсификуваниот изборен резултат.  Ова покажува дека изборите се само параван за натамошно распарчување на Македонија, бидејќи, СДСМ и ДУИ не договараат мнозинство врз основа на изборни програми, туку, преговараат како до натамошно распарчување на Македонија, односно, после јазичната да се инагурира и територијална федерализација и на крај конечно распарчување на Македонија.Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да ги признае фалсификуваните избори од 15 јули и никогаш нема да ги признае антимакедонските постизборни договори меѓу СДСМ и ДУИ. За рушењето на Македонија и Македонците, одговорност мора да има.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Казни за две лица кои за Курбан бајрам правеле веселба со 80 гости

Обвинителството предложи казни за две лица кои за време на верскиот празник Курбан бајрам, во нивниот двор организирале семејна веселба со 60 до 80 гости.Со тоа, двајцата постапиле спротивно на Одлуката за забрана на одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор од секаков вид, со која се опфатени и јавни и приватни собири.Поради непостапување според здравствените прописи, за нив предложени се парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра во денарска противвредност.Обвинение е поднесено и против две други лица, од кои едното е косовски државјанин. Спротивно на Одлуката и протоколите за отворање на угостителските објекти за исхрана, со кои се забранува организирање прослави во отворениот и затворениот дел од објектот, тие организирале прослава по повод веридбата на синот на еден од обвинетите во угостителскиот објект во сопственост на другиот обвинет. На прославата присуствувале околу 15 гости, информираат од Обвинителството.Против 18 лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози поради непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Имено, за време на тогаш важечкиот полициски час, лицата без дозвола се движеле на различни локации во градот. За овие обвинети до надлежниот Основен кривичен суд Скопје предложени се парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност од 20 евра во денарска противвредност.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МЗ: Ниту еден патник од авионот за Финска, го нема во нашата база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска.Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

evra

Од куќа во Охрид украдени околу 30.000 евра

Сопственик на куќа во Охрид пријавил дека од неговиот објект се украдени околу 30.000 евра. Полицијата утрово врши увид во објектот.Дознаваме дека лицето е фатено и му е одреден притвор.

Македонија | пред 5 години

ribar

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар.Несреќата се случила вчера во 15.40 часот додека на местото викано „Три тополи“, В.М.(19) и В.Ѓ.(56), местеле мрежи во р.Вардар, кога В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.Вечерта тој бил понајден и извлечен од реката, а од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Македонија | пред 5 години

Skolo

Сеуште се преговара како ќе продолжи наставата од 1 ви септември

Состанокот за протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука (МОН) денеска треба продолжи, откако вчерашната средба заврши без заклучоци.Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се применат за заштита во текот на наставниот процес. Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Најголем број од патниците кои добија забрана да слетаат во Финска патувале со косовски и фински пасош

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.Министерството за здравство собира информации од финските власти, за тоа кои се 24 патници позитивни на вирусот, дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи, каков тип на тестови им биле направени, а Институтот за јавно здравје веќе работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја. По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица со позитивни тестови евентуално ги имале во нашата земја.Министерството за здравство повторно апелира задолжително да се почитуваат сите мерки за лична заштита при секое патување и секаде каде што е пропишано, зголемена дезинфекција на раце и одржување дистанца.

Македонија | пред 5 години

ekstazi

Приведени две лица од Скопје, бегајќи исфрлиле опаковка со таблетки

На 10.08.2020 во 22 часот во СВР Охрид биле приведени и лишени од слобода Д.Н.(24) и Г.Л.(26), двајцата од Скопје. При обид за преглед во близина на спортско игралиште во Охрид, тие почнале да бегаат од полициските службеници, по што еден од нив, исфрлил опаковка со таблетки. Истите се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Мајка со три деца позитивни на коронавирус - вратени од скопскиот аеродром

Мајка со три деца кои биле тестирани во приватна клиника, сите позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите за задолжителна самоизолација и заминале на аеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти, па така семејството було запрено пред да се качи во авион, објави СДК.мк. Според порталот аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле семејството да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази и останатите патници.

Македонија | пред 5 години

Univerzalna-Sala

Независниот синдикат на градежни работници бараат да не се урива Универзалната сала

Независниот синдикат на градежни работници и инжинери и трговци во градежништвото (НСГРИТГ) смета дека скопската Универзална сала може многу лесно и со мала инвестиција да се санира и да продолжи да работи. Претставникот на Синдикатот, Атанас Трајковски, ги повика граѓаните да застанат во одбрана на Универзална сала, која, како што рече, е светски објект на солидарноста и подарок од 35 земји од светот.„Според ДУП и ГУП, овде треба да никне објект со приземје, шест ката и поткровје. Вчера почнато е да се сечат елките што се стари повеќе од 50 години. Јас како градежен инжинер претпоставувам дека градежната оператива ќе почне да работи. Овој објект може многу лесно и со многу мали пари да се санира и да продолжи да ни носи разни активности, манифестации кои 55 години ги проследувавме во оваа сала“, рече Трајковски. 

Скопје | пред 5 години

sonce

Денеска сончево, со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Македонија | пред 5 години

dame-gruev

Денеска се постави вториот асфалтен слој на коловозот на „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“

Финишираат градежните активности за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Во текот на денешниот ден се изврши поставување на вториот асфалтен слој на коловозот. Согласно предвидените активности, претходно беше извршено уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата и беа поставени нови рабници.Реконструкцијата на уличниот крак е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Во текот на наредниот период се планира реконструкција на уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.652063765399230/652063545399252/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ахмети: Јас сметам дека колку што сме блиску,толку сме и далеку од договор за коалицирање

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека колку што се блиску, толку се и далеку двете партии од договор за коалицирање. Ахмети пред новинарите кажа дека ќе бара поддршка од албанските партии за идејата премиер на државата да биде Албанец. Запрашан дали ДУИ би прифатила премиер да биде Македонец, Ахмети не одговори прецизно и рече: „Не можам да пресудам“, објави Макфакс.„Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам прв. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и сме готови ова да го направиме за државата, затоа што придобивка ќе има стабилноста, државата, доближувањето на заедниците и така натаму. Ние само што започнавме со преговори, нема многу средби кои што се одржани, ова е втора средба. Се надевам дека сите партии ќе имаат силна волја за да ги надминеме разликите, потешкотиите“, рече Ахмети одговарајќи дали тој инсистира ДУИ да има една година премиер во Владата“.Ахмети по средбата посочи дека за преговорите со СДСМ, го известил и Мицкоски кој,пак, му посакал успех.„Јас сметам дека колку што сме блиску,толку сме и далеку од договор. Сепак, сите страни мора да ги имаат предвид големите интереси на државата. Никогаш не правам тајни средби, како што не сум правел ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ. Јас господинот Мицкоски сум го информирал дека сум започнал преговори помеѓу ДУИ како добитник на овие избори и СДСМ како победник. За тие да не создадат лажно мислење и претстава, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, без да го имаме епилогот од преговорите. Така што, господинот Мицкоски беше прагматичен и посака успех во разговорите, без разлика на епилогот од овие разговори, би сакале да продолжиме со комуникацијата со партиите како претходно“, додаде Ахмети.Извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

spisok

243 „големи“ газди кои злоупотребија помош за плати се спасија, а 344 може кривично да одговараат

Дури 243 газди се спасија, а 344 може кривично да одговараат за злоупотребата на државните пари за исплата на минималец за работниците, објави Телма.-Денеска ќе биде пуштен списокот до Обвинителство. На Oбвинителството останува да утврди дали има основ за покренување на постапка, изјавил Драги Рашковски за Телма.УЈП првично објави дека вкупно 708 газди за два месеци, не исплатиле околу 385.000 евра на над 1.700 вработени, но до јавното објавување на фирмите паѓаа и бројките. Првичниот список беше со под 600, за финалниот список да брои 344 компании – неплаќачи. Не исплатиле над 180.000 евра на 800 вработени.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 109 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2,  Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5.Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942,  бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327. Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5166, активни 1177• Куманово 1163, активни 263• Дебар 219, активни 128• Штип 965, активни 319• Прилеп 346, активни 42• Тетово 1092, активни 171• Струга 479, активни 160• Велес 238, активни 27• Битола 167, активни 74• Охрид 300, активни 77• Кавадарци 125, активни 103• Гостивар 571, активни 306• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 41, активни 25• Крива Паланка 26, активни 12• Радовиш 35, активни 11• Крушево 16, активни 5• Кочани 112, активни 23• Пробиштип 63, активни 18• Демир Хисар 43, активни 29• Македонски Брод 53, активни 41• Пехчево 6, активни 0• Берово 8, активни 4• Валандово 7, активни 1• Виница 33, активни 29• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 4• Свети Николе 244, активни 116• Кичево 202, активни 121• Ресен 146, активни 12• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 762 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -128, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-46, Инфективна клиника-7, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Заев за поканата на Ахмети кон албанските лидери: Ова е притисок врз мене и коалицијата „Можеме“

По поканата на Али Ахмети кон албанските лидери за средба, ТВ21 се обрати и до претседателот на СДСМ, Зоран Заев кого го прашавме околу тоа дали поканата ја гледа како некаков притисок кон него за идејата премиер Албанец, објави ТВ 21.„Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, посочи Заев за ТВ21.На прашањето дали доколку има договор меѓу овие партии, тоа би влијаело врз формирање на нивото мнозинство, Заев додаде дека се уште е прерано да каже било каков одговор.Извор: ТВ21

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Бачев: Оправдувањето на власта за поскапувањето на струјата, па, кој разбере ќе раскажува

ФБ статус на претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев: -Оправдувањето на власта за поскапувањето на струјата, па, кој разбере ќе раскажува.Власта вели: „Ако домаќинствата купуваат струја на слободен пазар, цената е 3,65 ден/kWh, а цената од ЕСМ изнесува 2,33 ден/kWh и е пониска за 55%, а кога на цената додадете мрежарината од 1,99 ден/kWh и трошок за операторот од 0,0081 ден/kWh, цената на слободниот пазар е 5,65 ден/kWh а цената за домаќинствата од Регулаторната комисија е 4,49 ден/kWh и е пониска за 26%.Значи, без оглед што народот сега ќе добива повисоки сметки за струја а поскапата струја е грабеж на народот, замислете, според стручњаците од власта нема поскапување, туку намалување на струјата ама народот не гледа и не разбира. Еј битанги ниедни од власта, не сте вие криви што се заебавате со народот оти за волја на вистината и народот си сака да го заебаваат!https://www.facebook.com/JankoBachev66/posts/721293578448555

Македонија | пред 5 години

najcevska

Најчевска: Најсериозно треба да се забрани наредните 10 години на власт да бидат ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ

ФБ статус на професорката Мирјана Најчевска:-Ахахахаха, ма која е таа глупост да бидеш министер а да не читаш закони. Ма доста бре од неписмени уличари (со и без дипломи).Како може да си носи одлуки кои се надвор од неговата надлежност во Министерство кое е дел од Влада во оставка.И како може: “Оливер Спасовски ќе остане технички премиер, кој воедно ќе биде и пратеник, со право на глас кога ќе се гласа за формирање Парламент и за нова Влада.“ Не важи веќе неспоивост на функции?Башибозук од невидени размери.Најсериозно треба да се забрани наредните 10 години на власт да бидат ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.Можеби така ќе добие шанси ова дувло на криминалци да стане држава.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10219364223271151

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања