Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

eurostandard-policija

Клиент не можел да си ги подигне парите од Еуростандард во Кавадарци, интервенирала полицијата

Барањето на еден клиент да ги повлече своите 500.000 денари од благајната на Еуродстандард банка во Кавадарци предизвика вистински метеж во експозитурата по што морала да интервенира и полицијата,  објави порталот Лидер.Како што јавува порталот, клиентот сакал да ги подигне парите откако Народната банка соопшти дека ја одзема лиценцата на Еуростандард. 

Македонија | пред 5 години

kocoska

Димитриеска Кочоска: Втор ТАТ, пропаѓањето на Еуро Стандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт

Пропаѓањето на Еуро стандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар во банкарскиот и финансискиот сектор, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.Се случува ли нов октопод и ТАТ втор дел?Да бидеме на чисто. Државата во услови на корона криза станува неславен рекордер по две работи: првата, станавме единствената земја која во услови на економска и корона криза ја поскапи цената на струјата и втората работа, станавме единствена држава која во вакви негативни услови за земјава дочекува пропаст на банка.Со ова директно и индиректно засегнати се огромен број на пензионери кои добиваат пензија преку користењето на услугите на банката, луѓе кои добиваат плата, и бизниси кои ги користеле услугите на банката.Со пропаѓањето на банката доведени се во прашање исплатите кон 55 илјади граѓани, од кој над 35 илјади пензионери и речиси 20 илјади приматели на социјална помош.Со ова на терет на државата во услови на криза се додаваат депозити во износ на 4.4 милијарди денари или околу 70 милиони евра.Дилеми кои се наметнуваат во овој момент се:Што ќе се случи со депозитите на правните и физичките лица?Загрозени се и лицата кои имаат станбен кредит.  Важно е и прашањето што ќе се случува со лицата кои имаат хипотекарен станбен кредит, кои редовно си го исплаќале, дали ќе се активираат хипотеките и ќе се продаваат преку извршители?Почитувани граѓани, ова ќе создаде хаос во банкарскиот сектор и тоа во услови на корона криза. Проблемот треба да се гледа и по систематски, а особено ако знаеме дека во јавноста кружеа информации дека банката имала проблем уште минатата година, дали кризата влијаела и колку влијаела на пропаѓањето, и ако да зошто ништо не е преземено од страна на државата за спас? Но, власта да одговори и дали сега се преземени сите дејствија за спасување на банката?Исто така сето ова ќе ја подгрее недовербата кон банките, дали е можна спирално вадење на депозитите од банките и страв од нови банкарски турбуленции.Очигледен факт е дека сето ова ќе предизвика и нестабилност во банкарскиот сектор.Повторувам, пропаѓањето на Еуро Стандард банка преставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар на бизнисот и на над 55 илјади пензионери и приматели на социјална помош, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата заматеријално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Нашите насоки се да се стави акцент на онлајн наставата

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за Сител, информираше за  заедничкиот состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој утрово присуствувал и министерот Арбер Адеми.„Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците и за нивните родители и за вработените на училиштата, доколку училиштата целосно се отворат и да функционираат започнувајќи на почетокот на септември. Видовме многу примери во многу различни земји во светот кога после отворањето на училиштата, заради очигледно неминовното зголемување на бројот на заразени, делумно или целосно училиштата се повторно затворени. Очигледно дека такво сценарио е можно и кај нас, доколку целосно се отворат училиштата. Свесни сме дека ова е еден голем предизвик, дека нема идеално решение, ја следиме и дебатата во јавноста, секоја од групите има некои свои аргументи, меѓутоа ние како Министерство за здравство ставаме апсолутно приоритет на заштитата на здравјето на граѓаните, вклучително и на децата коишто треба да тргнат на училиште“, потенцираше министерот Филипче.На прашањето дали се очекува овие денови да се најде компромис или ќе се чека да се формира Владата и да се има собрание за да се направат законски измени, министерот Филипче истакна дека според сознанијата, согледувањата и анализите коишто се правени од страна на МОН, и доставените протоколи врз основа на кои училиштата би требало да функционираат, станува збор за сложен процес.„Сведоци сме дека и сега протоколи има за многу економски оператори и компании, меѓутоа тие не се почитуваат и едноставно таму каде што не се почитуваат протоколите може да биде потенцијален извор на зараза. Има многу сегменти во целокупниот образовен процес. Функционирањето во училиштата, заедничките простории, заедничките тоалети, одморите во коишто интеракцијата помеѓу децата и покрај тоа што би биле присутни во помал број според предложениот модел во училниците е своевиден ризик за трансмисија на вирусот“, рече Филипче.Тој посочи дека добро се менаџира здравствениот систем во смисла на слободни болнички кревети, а бројот на пациенти континуирано постепено се намалува, кога се споредува со минатите недели. Континуирано паѓа и бројот на хоспитализирани пациенти.„Децата имаат многу лесна форма на болеста. Имаме предвидени капацитети во болницата во Козле. Иако и сега таму се лечат и возрасни пациенти и по потреба има капациетети и на педијатриската клиника. Не се само децата во ризик, туку и нивните родители. Поради тоа што децата се практично најголеми трансмитери, меѓутоа може да заболат и нивните родители. Во таа смисла се нашите насоки сепак да се стави акцент на онлајн наставата, секако со исклучоци кои треба да се дефинираат во текот на утрешниот ден“, информираше Филипче.Министерот Филипче истакна дека мора да се заштити јавното здравје, а во исто време мора да се обезбеди функционален едукативен процес многу важен за развојот на детето.„Пред нас се есенски месеци. Есен која што не знаеме каква ќе биде. Ниту една земја во светот не знае што може да очекува. Епидемијата нема да трае вечно, затоа апелирам сите да бидат трпеливи. И ова ќе помине. Се може да се надокнади освен здравјето“, посочи Филипче.Протоколите за работа на градинките се изготвени уште пред неколку месеци, меѓутоа сега се ажурира бројка на новозапишани деца во градинка или тие што треба да тргнат училиште. И врз основа на таа анализа, имајќи го во предвид дека протоколот предвидува дали има помал број на деца во групите во градинка ќе се направи и соодветна одлука. Согласно можноста како би се спровело функционирањето на градинките. Засега нема одлука за отворање на градинките и тоа е нешто што треба во детали да се разработи.„Во ниту еден момент, ниту една одлука на Комисијата за заразни болести не била политичка. Имаше спроведен и изборен процес, други одлуки коишто се носеа. Меѓутоа, секогаш Комисијата носеше одлука врз основа на епидемиолошката ситуација, медицината како наука и епидемиологијата. Така ќе биде и сега“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

nina

Дали Ангеловска навреме си ги повлекла парите од пропаднатата Еуростандард банка?

Народната банка и ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Од утре Централната банка ќе побара стечајна постапка за Еуростандард банка, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, објави bankarstvo.mk.Во оваа банка, депозити чува и министерката за финансии Нина Ангеловска. Министерката Ангеловска според анкетниот имотен лист што го има приложено во Антикорупциската комисија е наведено дека има денарски депозит орочен во 2014 година во износ поголем од 12 милиони денари или 200 илјади евра и 51.2 илјади евра девизен депозит орочен во 2017 година.Се поставува прашањето дали и министерката за финансии Нина Ангеловска ќе биде дел од 780-те депоненти на кои ќе им пропаднат поголем дел од заштедените пари или со оглед на функцијата ќе и бидат вратени во целост?извор: bankarstvo.mk.  

Македонија | пред 5 години

Screenshot_5

Истрагата во кој автомобил целосно изгоре покажала дека се работи за несреќен случај

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај, односно дека никој не го запалил намерно. Од снимки од безбедносна камера во околината на паркингот, се гледало дека најпрво почнала да гори внатрешноста на возилото, а откако сопственикот се обидел да го изгасне пожарот и ја отворил вратата, пожарот се проширил и на околните возила. По насоки на Јавен обвинител настанот е расчистен и квалификуван како „пожар“.„ Од преземените мерки и активности со цел откривање на причините за пожарот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, преку извршени разговори и преглед на записи од безбедносна камера, констатирано е дека околу 9:20 часот, внатрешноста на возилото ‘сеат алтеа’ се самозапалува, при што огнот почнува да се шири, а по кусо време, сопственикот на возилото се обидува да го изгасне, но при отворање на една од вратите, пламенот многу брзо се шири и ја зафаќа внатрешноста на возилото и другите две возила“, велат од МВР.Инаку, пожарот се случи пред четири дена, во близина на последната автобуска станица на 5-ка, на булеварот АСНОМ. 

Скопје | пред 5 години

eurostandard

„Еуростандард банка“: Шпекулации и лажни информации се на штета на банката и на целиот финансиски сектор

Еуростандард банка АД Скопје ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден се пласирани лажни информации кои, како што велат од банката, се однесуваат на функционалноста на редовното работење на банката а кои директно се на штетана самата банка и нејзините клиенти.„ За ширење на вакви шпекулации најгрубо се користи деловната мрежа на Македонска Пошта како субјект со најразвиена бренд мрежа со што индиректно се обидува да се нанесе штета како на банката така и на целиот банкарски сектор, имајќи предвид дека преку Македонска Пошта се врши најголемиот дел од платниот промет во земјата. Еуростандард банка најостро ги демантира овие невистини кои можат да имаат далекусежни последици кон банката и кон банкарскиот сектор како целина. За оваа појава Еуростандард банка веднаш ја извести НБРСМ и очекува дека истата ќе постапи согласно своите надлежности“ се наведува од банката.Од Еуростандард банка потенцираат дека банката продолжува со своето редовно работење, заштедите на клиентите се безбедни, истите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, се почитуваат сите законскирегулативи за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето.

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Еуростандард банката на Трифун Костовски, оди во стечај

Народната банка и ја одзема лиценцата за работа на Еуростандард банка, чиј мнозински акционер е бизнисменот Трифун Костовски. Утре, до надлежниот суд ќе биде испратено барање за отворање стечајна постапка. Според Гувернерката Анита Бежовска вложени се сите напори оваа банка да не згасне, но кредитните загуби биле големи.Гувернерката Бежовска ги повика останатите банки доколку треба, да излезат во пресрет и да ги преземат кредитните обврски што клиентите ги имаат кон банката. Но, последниот збор за тоа како ќе се враќаат обврските ќе го има стечајниот управител.Мнозинскиот акционер Трифун Костовски, во изјава за печатен медиум ја обвини Народна банка за двојна игра на штета на банката и најави прес конференција на која ќе бидат изнесени сите детали. Оваа банка беше основана во 2001 година со околу 170 вработени.извор: Алсат М

Македонија | пред 5 години

riste

Фотографија од младиот охриѓанец Ристе Спироски, избрана од NASA, објавена во бразилскиот UOL

Фотографија направена од младиот охридски фотограф Ристе Спироски беше објавена во бразилскиот UOL.– Денеска беше објавена моја фотографија во бразилскиот UOL под наслов: Најдобрите фотографии избрани од NASA, објави Ристе на неговиот профил на Facebook.Ристе е млад и надежен фотограф од Охрид и е член на Ohrid Astronomy Association. (Крај)извор: ОхридПрес фото: Ристе Спироски

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

16 годишно момче загина во судир на два мотоцикли

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник.Како што информираат од МВР, непосредно пред полноќ во скопското село се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од 18-годишен скопјанец, на кој се превезувала и 17-годишна малолетничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од селото Јурумлери, на кој како сопатник се превезувал и 15-годишник.На местото на незгодата од лекар на итната медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист од Јурумлери била констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.На местото на незгодата бил извршен увид од екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 5 години

korona-3

Денеска регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19, почина еден пациент

Во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 30-Куманово 20-Дебар 2-Штип 15-Прилеп 1-Тетово 6-Струга 8-Битола 2-Охрид 3-Кавадарци 8-Гостивар 19-Гевгелија 1-Струмица 2-Кочани 5-Демир Хисар 2-Македонски Брод 3-Берово 1-Делчево 1-Свети Николе 6-Кичево 4Починат е пациент од Охрид во болнички услови.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од:-Скопје 132-Куманово 22-Дебар 8-Штип 14-Прилеп 4-Тетово 6-Велес 1-Битола 7-Кавадарци 3-Гостивар 2-Кочани 3-Демир Хисар 4-Делчево 3-Свети Николе 23-Кичево 6-Неготино 1Досега во земјата се направени вкупно 119102 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста.

Македонија | пред 5 години

aleksandar

Александар Прокопиев учествуваше на меѓународната конференција „Белградски контрапункт 2020“ насловена „Уметноста и митот денес“

Истакнатиот македонски писател, критичар и есеист Александар Прокопиев учествуваше во меѓународната конференција „Белградски контрапункт 2020“ насловена „Уметноста и митот денес“, која годинава прв пат беше организирана во онлајн формат, поради пандемијата на Ковид-19.Конференцијата, која беше организирана од страна на Министерството за култура и информирање на Република Србија и Заводот на проучување на културниот развој во Србија, е меѓународен собир со цел да се соберат уметниците и интелектуалците од различни делови од светот, кои со својот работа значајно придонесуваат за разбирањето на современите светски текови, односно ситуациите во кои се наоѓа човекот денес. „Белградски контрапункт“ е можност за разговор за прашањата кои се однесуваат на заедничките и битни искуства, на кои, од аспект на разни лични и геокултурни точки, може да се дадат различни одговори, а од друга страна, тие разлики можат да се усогласат во еден широко базиран поглед. Конференцијата е замислена да биде пример со кој се потврдува дека човекот е битие за разговор, и да, во разговорот, секој може да ја потврди својата вистина, притоа не отфрлајќи ја вистината на другиот.На конференцијата активно учество земаа и истакнатиот руски прозен и драмски писател Дмитриј Данилов, шпанскиот поет и критичар Едуардо Мога, американската прозна писателка Теа Обрехт, истакнатиот канадски драмски писател Верн Тисен, и австрискиот историчар, публицист и издавач Ханес Хофбауер. Конференцијата беше модерирана од еден од најистакнатите српски режисери, воедно и актер, прозен автор и музичар, Емир Костурица, а воведен збор и учество во конференцијата зема и Министерот за култура и информирање на Република Србија Владан Вукосављевиќ.Уредена верзија од изнесеното на конференцијата се публикуваше како печатено издание кое се дистрибуираше со дневниот весник Политика во Србија, во тираж од 58.500 примероци.

Македонија | пред 5 години

opstina-ohrid

Се поништува јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризам за 2020

Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2020 година кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 22.01.2020 година се поништува.

Македонија | пред 5 години

opstina-ohrid

Се поништува јавниот повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид

Јавниот повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 27.01.2020 година се поништува.

Македонија | пред 5 години

forumska

Одржана петтата форумска сесија од форумот на заедниците во Општина Охрид

Во просториите на општина Охрид, денес, се одржа петтата форумска сесија од форумот на заедниците во општина Охрид. Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, изрази благодарност до сите инволвирани страни во реализацијата на проектите.-Форумот како една од најефикасните алатки на париципативната демократија и еден од најдобрите методи за вклучување на граѓаните во процесот на носење на одлуки на локално ниво е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, кој нашата општина го имплементираше во соработка со УНДП и Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Особено ме радува фактот што граѓаните, претставниците на невладиниот и бизнис сектор од Охрид покажаа интерес да се вклучат во овој процес и да соработуваат со претставниците на Советот на општина Охрид и општинската администрација, при што заеднички, преку тематски работни групи беа изготвени седум предлог проекти посветени на  социјалната инклузија. Оваа можност ја користам да Ви се заблагодарам за вложениот труд и ангажман во реализацијата на проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“, кој беше финасиран со средства кои обезбедени од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци, истакна претседателката Ангелоска.Со проектот беа опфатени реновирање на надворешните скали кои водат до големата сала во општината, поставена е хирдраулична платформа со која се овозможи полесен пристап на лицата со телесен инвалидитет. Исто така се реновира и големата сала, се опреми со нов мебел, електрична инсталација, осветлување и опрема за пренос на седниците во живо со што се обезбеди поголема транспарентност.

Македонија | пред 5 години

Struga-prazna

Стружанец нападнал вработен во хотел во Струга

Против 31-годишен стружанец поднесена е кривична пријава поради загрозување со опасно орудие при тепачка.Тој пред неколку месеци нападнал вработен во хотел во Струга.Според информациите од полицијата, двајцата се расправале по што стружанецот со железна шипка го нападнал угостителот.

Македонија | пред 5 години

janusev-1

И Јанушев се откажа од патните трошоци

По одлуката на Љупчо Николовски и Зоран Заев од СДСМ, да се откажат од патните трошоци во наредниот мандат кој им следува, и Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави дека нема да бара пари за патни трошоци како пратеник во македонското Собрание.„Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот!“, напиша Јанушев на Фејсбук. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев и Кекеновски на средба со францускиот заменик амбасадор Мрозек: Фалсификувани избори не се европска вредност

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ остварија средба со со заменик-амбасадорот и прв советник во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, Станислас Мрозек, се вели во партиското соопштение.На средбата се разговараше за изборниот фалсификат на 15 јули и за историски скандалозниот преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите изготвен од власта во Скопје и нејзините странски ментори.Во однос на тоа како е изведена фалсификатот спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, Бачев и Кекеновски на соговорникот му приложија повеќе неспорни писмени докази од кои се гледа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш севрена - само Македонија“ на изборите морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена.Бачев и Кекеновски детално го објаснија и планот на власта и нејзините ментори од странство кој го спроведе нивната инсталација - Државната изборна комисија, односно, ги пренесоа причините за тешкото изборно злосторство врз Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“  во контекст на борбата за влијание во Македонија на двете супер светски сили поради што Единствена Македонија е колатерална штета на изборите.Соговорникот беше непријатно изненаден од фактите и доказите кои му беа пренесени со забелешка дека вакви работи не се својствени за земја која претендира за членство во Европската Унија.Истовремено Бачев и Кекеновски пренесоа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да го признае фалсификуваниот изборен резултат од 15 јули и дека правната битка за вистината и целосна сатисфакција продолжува пред судот во Стразбур. Во овој контекст, Бачев и Кекеновски изразија жалење од брзопотезното прогласување на изборите за фер и демократски од страна на ЕУ иако фалсификаните избори не се вредност за земјите -членки на ЕУ.Бачев и Кекеновски изразија благодарност до амбасадорот Тимоние и заменикот - амбасадор Мрозек за корекната соработка и нивните бројни активности и иницијативи низ Републиката на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ и му посакаа успешна работа на новата должност на амбасадорот Тимоние кој поради истекот на мандат на почетокот на месецот замина од Република Македонија, се вели во партиското соопштение.

Македонија | пред 5 години

zaev-2-1

Сител: Заев собра 61 пратеник, Пендаровски утре ќе го додели мандатот

Претседателот на државава Стево Пендаровски утре на пладне ќе го додели мандатот за составување на Влада, откриваат извори за Сител. Одлуката на Пендаровски тоа да го направи ден пред истекот на рокот може да се толкува дека веќе е псотигната начелен договор за владина коалиција и парламентарно мнозинство од 61 пратеник.За сега ниту Заев ниту од ДУИ не одговараат на повиците дали синоќа бил постигнат договор за нова владина коалиција. Извори за БЕСА од Сител уште вчера потврдија дека владина коалиција помеѓу СДСМ БЕСА ДУИ и ДПА ќе биде објавена овие денови.

Македонија | пред 5 години

migranti

При контрола пронајдени 148 мигранти, еден од возачите ѝ побегнал на полицијата

Во текот на вчерашниот ден во двe одделни полициски контроли кај Демир Капија и Липково биле пронајдени вкупно 148 мигранти.Како што информират од МВР, првиот случај бил регистриран околу 8.50 часот утрото кога полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски Споменик кај Демир Капија, сопреле автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 35-годишен скопјанец, а веднаш по него било запрено и товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.Возачот на товарното возило, 37-годишник од Липково, се дал во бегство, но набргу бил пронајден. Во неговото возило биле 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и од Сирија.Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.Подоцна, во 19.10 часот било пријавено дека на местото наречено Врело во село Ваксинце, Липково, било затекнато комбе „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое побегнало, а во возилото биле пронајдени 45 мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и од Палестина.Мигрантите биле сместени во транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка, а оние од првиот случај се сместени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Македонија | пред 5 години

skolo-4

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН

Денес повторно на Комисијата за заразни болести во присуство на претставници на Министерството за образование и наука беа разгледани и се дискутираше за Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од аспект на спречување на ширење на заразата со коронавирус во училиштата.Од страна на Комисијата за заразни болести беше побарано од МОН да достави податоци за сите училишта во сите општини земјата и бројот на деца во сите паралелки поединечно, кои се клучни податоци за да се утврди каде евентуално би имало онлајн настава, а дали и каде би било евентуално безбедно да се одвива настава и со физичко присуство.Денес на Комисијата за заразни болести беа присутни и претставници на Министерството за труд и социјална политика и се разгледуваа и се разговараше и за протоколите за почеток на работењето на градинките. Заклучокот беше дека дел од протоколите треба да се доработат од страна на МТСП, да се разгледаат и потоа да се донесе одлука во врска со почеток на работењето на градинките.

Македонија | пред 5 години

Slobodan-Poposki-1

„Сите со срце за Чорбе“ - да донираме

Младиот Слободан Попоски кој веќе 10 години се бори со остеодарком со третмани на онкохипертермија и хемотерапија, го чека операција која што може да му го спаси животот, а која што чини 50.000 евра. Таа операција не би можела да се случи доколку го оставиме Цобе сам, кој што нема доволно финансиски средства потребни за операцијата. Минатата недела тој побара помош од добронамерните и хумани луѓе на страницата gofundme.com, со молба да донираат за тој да може да го продолжи својот живот и да ужива како сопруг и татко на 5 годишната ќерка.Апелот на Цобе го слушнаа многу луѓе, кои што несебично донираа, а финансиските средства растат од ден на ден. Податоците за донирање остануваат исти, со тоа што сега можат да донираат  и корисниците на Телеком преку своите телефони.

Македонија | пред 5 години

zaev-i-nikolovski

Заев и Николовски се откажаа од патните трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци.Вели дека укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и нивна програмска определба.https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2781067532114768„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци. Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни“, напиша Николовски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 години

Dissonance-1

Гудачкиот квартет „Дисонанс“ вечерва на „Охридско лето“

Фестивалската програма на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“ што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Членовите на овој музички состав „Дисонанс“ за прв пат се собрале поради изведба на гудачки квартет од словенечкиот композитор  Лојзе Лебич во 2014 година, премиера на делото кое било напишано 30 години порано. Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р Грегор Помпе за дневниот весник Дневник ќе напише: „Овој ад-хок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело кое е бескомпромисно модерно, поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари кои би го  извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл“. По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс“ навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена, именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во  C-dur, KV 465.Од основањето, па до денес, квартетот „Дисонанс“ настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот Собошки денови во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер и др. Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели  квартетот настапува на летниот фестивал во Акви Терме, Алесандрија во 2015 година, а го реализира и проектот„Деконструиран Моцарт“ во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови“ во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

Македонија | пред 5 години

vodovod

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на скопската пречистителна станица

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, информира Водовод и Канализација.Истовремено, продолжен е рокот за поднесување на апликации до 1 спетмеври.„Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересеирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува, па наместо на 17 август истекува на 1 септември во 12 часот по локално време“, информираат од Водовод и Канализација.Проектот е во вредност од 136.000.000 евра.„Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 01.09.2020, најдоцна до 14.09.2020, 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска“, додаваат Водовод и Канализација преку соопштение.

Скопје | пред 5 години

koronavirus-test

ИЈЗ: Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број на оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица според податоците во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 3 до 9 август 2020 година. ИЈЗ известува дека во овој период се направени вкупно 9.543 тестирања (1.8% помалку од периодот 27 јули –2 август) и регистрирани се 816 позитивни случаи на Ковид-19, што претставува намалување за 10.5% споредено со претходната недела.Во периодот на известување повторно намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 8,6%, во споредба со последните две недели кога 9,4%, односно 10% од тестираните беа позитивни. Новозаболени се регистрирани во 26 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (31,4%), во Штип (11,3%) и во Гостивар (10,4%). Во 16 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.Во однос на старосната структура на новозаболените и во овој период најголем процент се лица над 60 години – 25,9%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години - 18,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години - 17,2%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 1,6% и 10-19 години 4,0%. Од случаите, кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 78 лица или 13,6% од новозаболените, а кај 196 лица или 34,3% е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени во овој период 34,8% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 8 лица (13 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.Во периодот од 3 до 9 август се регистрирани 1.038 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е благо зголемување во споредба со претходниот период. Во периодот од 3 до 9 август, регистрирани се 25 смртни случаи, што е намалување од 13,8%, во однос на минатата недела, кога исто беше забелжано намалување на бројот на смртни случаи. Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 56,0%.  Во болнички услови се починати 21 од случаите, а четири вон болнички. Кај 19 од смртните случаи (76,0%) регистрирани се претходни коморбидитети.Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 03-09.08.2020, како и кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања