Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

bacev

Единствена Македонија: На денешен ден пред 19 години Македонија престана да биде држава

Денеска се навршуваат 19 години од капитулантскиот Рамковен договор на кој властите во изминатите 19 години му придаваат нереално историско значење. Јавноста е сведок дека за годишнината владее молк во земјата за овој настан. Во Македонија нема чествување и веселби на 13 август, денот, кој од властите се означува како историски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Но вистината е поинаква. Со Рамковниот договор Македонија престана да биде држава како сите нормални држави кои базираат на концептот на национални држави со гарантирана положба на малцинските права според меѓународното право.Со договорот Македонија стана збирштина на заедници од кои само Македонците останаа без своја национална држава за разлика од останатите заедници кои имаат свои матични национални држави. Рамковниот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест и оттука сите македонски патриотски и национални сили имаат света должност да се залагаат за негово поништување и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиот народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за нашиот народ и држава, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани

Чест и одговорност ми е што согласно Уставот, како предводник на СДСМ и на коалицијата „Можеме“ кои освоија најмногу пратенички места во Парламентот, денеска од страна на претседателот Стево Пендаровски го добивам мандатот за составување нова демократска, политичка, одговорна, европска Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.Од овој момент, во рок од 20 дена имаме задача да составиме предлог за програма и за кадри кои демократското мнозинство во Собранието ќе ги изгласа и со тоа ќе довери полн четири годишен мандат на стабилна Влада која е подготвена да сработи, која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободенa од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која ќе го развива уште повеќе концептот Едно општество за сите.Пред македонското Собрание ќе испорачам предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, која е решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.Програмата на Владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија каде главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашно стопанство.Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност. Ќе водам Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија.Ќе водам Влада која во целост ги почитува Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.Денес, 13 август, 19 години после потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, сакам да им честитам на сите граѓани и да оддадам почит на тогашниот претседател, покојниот Трајковски, за големината да се создаде и прифати Охридскиот договор како решение кое денес ни овозможува да имаме реалксирани односи меѓу заедниците, а со тоа и безбедна и сигурна земја, членка на НАТО.Очекувам дека за најмногу 20 дена од денес, Северна Македонија ќе добие ефикасна и посветена Влада која веднаш ќе се посвети на предизвиците кои ги носи пандемијата Ковид-19, Влада која од првиот ден ќе работи на обезбедување повеќе пари, повеќе услуги и подобар живот за секој наш граѓанин, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Ќе одиме кај Пендаровски за да каже зошто му го даде мандатот на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција најави дека ќе оди кај претседателот Стево Пендаровски и ќе бара одговор зошто мандатот му го дал на Зоран Заев.-Денеска претседателот на државата Стево Пендаровски му го даде мандатот на пратеникот Зоран Заев без доказ дека има мнозинство. Ќе се упатиме од овде, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон канцеларијата на претседателот, да видиме врз основа на кои докaзи Заев го убедил да го добие мандатот. Апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник и да разговараме за доказите врз основа на кои пратеникот Заев го убедил дека поседува мнозинство во парламентот каде ќе се гласа новата Влада, рече Мицкоски.Мицкоски обвини дека со ваквиот чин бил прекршен Уставот.

Македонија | пред 5 години

posta

Во „Пошта“ повеќе не можат да се плаќаат сметки, ниту да се исплаќаат пензии и социјална помош

Поради пропаѓањето на „Еуростандард банка“, платниот промет е во „Македонски пошти“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека не може да се наплаќаат сметки за струја, комунални услуги, да се врши исплата на пензии и социјална помош. Се додека не се избере друга банка со која ќе соработуваат за вршење на платен промет, услугите ќе бидат блокирани. Рустеми не знаеше да одговори кога ќе се изнајде решение и кога ќе се потпише нов договор.„Од денеска поради неработењето на ‘Еуростандард банка’, на шалтерите на ‘Пошта’ не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се, наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош, други банкарски услуги и безготовински платен промет за депонентите од ‘Еуростандард банка’. Сите овие услуги ‘Пошта’ во својата мрежа ги обезбедува во име на ‘Еуростандард банка’ и за истите наплаќа соодветен надоместок“, посочи Рустеми.Според него, во првите шест месеци во 2020 година, ‘Пошта’ обезбедила 110 милиони денари само од услугите кои од денес не може да ги обезбеди, што е 19,4 отсто од вкупните остварени приходи.„Во услови на пандемија, ова беа значајни приходи за ‘Пошта’, бидејќи здравствената криза придонесе и за огромен пад на приходите за поштенските услуги. Најмногу на тие од меѓународниот поштенски сообраќај. Над 870 вработени во ‘Пошта’, целосно или делумно, извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот од наведените финансиски услуги, обезбедува плата за околу 560 вработени во ‘Пошта’. Изразува, жалење за настанатата ситуација до сите граѓани и фирми, корисници на нашите услуги со кои имавме одлична соработка во делот на наплата на нивните сметки или фактури“, додаде Рустеми.Сега, ‘Пошта’ бара спас од Владата како основач и Народната банка како регулартор на нивните услуги.

Македонија | пред 5 години

KUD-Ilinden-11

КУД Илинден со ревија на народни носии и концерт натрадиционална музика и игра ќе одбележи 65 години постоење

Оваа година КУД Илинден Битола одбележува 65 години од основањето, 65 години културно творештво, 65 години опстојување, 65 години горди чувари на македонската традиција.Амбасадори на македонскиот фолклор и традиција насекаде низ светот, добитници на престижни награди и признанија, меѓу кои Гран при во Монт Дор Франција, прво место на еден од најреномираните фолклорни фестивали во светот, Велика Британија, како и највисокото признание на Битола-наградата 4 ти ноември и други.За жал заради здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид 19, одбележувањето на овој значаен јубилеј е во прилагодена форма, согласно соодветните протоколи.Сепак покрај онлајн претставувањата и учеството на Републичкиот фестивал на народни песни и игри "Илинденски денови", се одлучивме за јубилејна програма овој месец, која ќе биде само дел од прославата 65 години КУД Илинден Битола.Оваа јубилејна програма организаторите ја сместија токму во месец август, месецот на патронот Илинден и ќе се состои од - ревија на народни носии и концерт на традиционална музика и игра.Концепцијата на концертот на традиционална музика и игра е на уметничкиот раководител Александар Стефановски,  а реализацијата е во соработка со раководителот на оркестар Славе Наумовски, гардероберот Филип Јаковлевски, корепетиторите Николче Ангелковски и Никола Пецаковски и стручните соработници Валентин Соклевски и Љупка Стефановска.Концептот на ревијата на народни носии е на Филип Јаковлевски, гардеробер во КУД Илинден.Двата настани ќе бидат од полуотворен тип, заради здравствените протоколи и малиот капацитет на КЦ Магаза каде ќе биде ревијата и на амфитеатарот на Тумбе кафе каде ќе биде одржан концертот.КУД “Илинден“ во својот состав има 320 членови, кои активно учествуваат во зачувувањето на македонските традиционални игри и песни.Пред две години покрај многубројните настапи беше потпишана и повелба за збратимување со КУД. Далмација од Дуги Рат, Хрватска.Во далечната 1955 година официјално е земено името Илинден за ова друштво, иако како фолклорна група постои и неколку години пред тоа. КУД Илинден во текот на своето постоење, ги освои сите светски меридијани и светски сцени, пренесувајќи го македонскиот фолклор. Илинден е изворот од кој се пие првата голтка љубов кон народната култура. Секоја година КУД. Илинден бележи од 40 до 100 настапи.Карактеристична е богата колекција на оригинални носии.Ова културно уметничко друштво , над 6 децении ја изучува и оживува македонската фолклорна традиција, чувар на традицијата и амбасадор на битолската и македонската народна култура ширум светот.

Македонија | пред 5 години

Foto-2

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски, врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев.„Врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, за мандатор за состав на Влада на Република Северна Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави претседателот Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 141 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1.Починати се два пациенти, пациент од Скопје (88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80г.) вонболнички.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357,  бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5287, активни 1067• Куманово 1214, активни 258• Дебар 223, активни 124• Штип 1017, активни 301• Прилеп 348, активни 33• Тетово 1103, активни 168• Струга 494, активни 160• Велес 238, активни 25• Битола 178, активни 77• Охрид 303, активни 76• Кавадарци 143, активни 107• Гостивар 610, активни 294• Гевгелија 27, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)• Струмица 47, активни 31• Крива Паланка 28, активни 14• Радовиш 36, активни 9• Крушево 16, активни 3• Кочани 124, активни 32• Пробиштип 66, активни 20• Демир Хисар 50, активни 31• Македонски Брод 61, активни 47• Пехчево 6, активни 0• Берово 11, активни 7• Валандово 7, активни 1• Виница 42, активни 38• Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 3• Свети Николе 253, активни 78• Кичево 225, активни 125• Ресен 146, активни 10• Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1848 теста се преку: ИЈЗ-792, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-168, Биотек-140, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Систина со PCR метода -221, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-9, ГАК-16. Досега во земјата се направени вкупно 120950 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 150• Аеродром - 132• Бутел - 65• Гази Баба - 120• Центар – 90• Карпош – 108• Сарај – 39• Кисела Вода – 89• Ѓорче Петров – 76• Студеничани – 33• Шуто Оризари – 85• Арачиново – 20• Илинден – 20• Петровец – 8• Чучер Сандево – 9• Сопиште – 11• Зелениково- 6• Странец – 3• Нераспределен - 3

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ахмети не му попушта на Заев: не би сакале да се крева еуфорија и емоции околу ова прашање

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев, на кои порача дека сака да ги слушне аргументите зошто премиер на државата не би можел да биде Албанец. Тој додаде дека неговата партија стои на оваа барање и дека тоа е дел од преговорите за коалиција.“Сакам да слушнам аргументација по ова прашање, отворени сме да дебатираме – зошто не премиер Албанец. Ако излезат со некој силен аргумент, тука сме да го разгледаме. Отворено е оваа прашање, но ќе кажам: колку сме блиску, толку сме и далеку од договор. Нормално дека преговараме и ги изнесуваме нашите ставови на маса, но не би сакале да се крева еуфорија и емоции околу ова прашање. Не би сакале да ја оптоваруваме јавноста и со шпекулациите за моделот две години со две или три со една”, рече Ахмети.Тој вели дека коалицијата ВМРО ДПМНЕ-СДСМ, според него е невозможна и дека ваквиот чекор би предизвикал мултиетнички тензии. Црвените линии за договор за коалиција за ДУИ, покрај барањето за премиер Албанец се и: спроведување на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Охридски рамковен договор и ветинг за сите функционери, рече Ахмети.

Македонија | пред 5 години

117716316_10158941134712932_7925944148486856837_o

Заев му покажува заби на Ахмети ама има „меко срце“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е уверен дека ќе успее да состави Влада во следните 20 дена, а веќе денеска продолжуваат преговорите и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Заев откако го зеде мандатот од Пендаровски, посочи дека со ДУИ имаат поприлично сериозни прашања кои не се затворени. Запрашан за тоа дали ќе ја оствари желбата на потенцијалниот коалиционен партнер, ДУИ, за прв премиер Албанец, Заев рече дека е подготвен да биде претседател на Владата следните четири години, иако се разговара за ова прашање со Ахмети. Тој додаде и дека целта му е да состави стабилна Влада со повеќе од 61 пратеник во Собранието.„Да, јас денес го добивам мандатот и се спремам да бидам четири години премиер. Но, една од темите е и таа. Овде секако разговорите се отворени со ДУИ. Во такви околности, разумноста и желбата да се биде сервис за граѓаните треба да не води. Но, тоа треба да го разберат и потенцијалните коалициони партнери. Се обидуваме да ги дадеме сите можни информации, до онаму, каде нема да ги нарушиме преговорите. Денес имам средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Имаме успех во многу аспекти, а имаме и прашања кои не се затворени, а се поприлично сериозни. Се надевам на успех, бидејќи граѓаните ни дадоа насоки кој со кого да преговара. Граѓаните кажуваат со кого треба да се направат сите можни напори. Но, опциите постојат“, рече Заев.На преговорите се разговарало и за кандидатите на ДУИ и распределбата на ресорите, а сите одлуки кои ќе ги донеле, според Заев, ќе бидат според желбата на граѓаните.„Сите партии со кои се видовме, се согласуваат да зборуваме за граѓаните. Да, за еднаквоста, правата и обврските. Но, да зборуваме за граѓаните. Од таков аспект, отворено е да зборуваме за граѓаните како потенцијални кандидати, согласно вродените успеси, вградената перцепција кај граѓаните дека се добри кандидати. Во делокругот на сите тие работи, ги гледаме сите аспекти. Не зборам само за претседател на Владата, туку и за министри и други кадри. Решението кое ќе го изнајдеме е за еднаквоста на граѓаните“, додаде Заев.Тој неколку пати во текот на својот говор, посочи дека очекува флексибилност од ДУИ.

Македонија | пред 5 години

ohrid-kej-lugje-turisti-guzva

Двајца починати и нови 141 случај на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 48, Куманово – 21, Дебар – 2, Штип – 15, Прилеп – 1, Струга – 1, Битола – 7, Кавадарци – 9, Гостивар – 4, Гевгелија – 1, Струмица – 4, Кочани – 4, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 4, Берово – 1, Виница – 7, Свети Николе – 3, Кичево – 5, Неготино – 1.Починати се два пациенти, пациент од Скопје (88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80г.) вонболнички.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Куманово – 27, Штип – 56, Прилеп  -3, Тетово – 5, Битола – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 14, Гевгелија – 5, Радовиш – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Свети Николе – 11, Кичево – 7, Ресен – 1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357, бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5287, активни 1067• Куманово 1214, активни 258• Дебар 223, активни 124• Штип 1017, активни 301• Прилеп 348, активни 33• Тетово 1103, активни 168• Струга 494, активни 160• Велес 238, активни 25• Битола 178, активни 77• Охрид 303, активни 76• Кавадарци 143, активни 107• Гостивар 610, активни 294• Гевгелија 27, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)• Струмица 47, активни 31• Крива Паланка 28, активни 14• Радовиш 36, активни 9• Крушево 16, активни 3• Кочани 124, активни 32• Пробиштип 66, активни 20• Демир Хисар 50, активни 31• Македонски Брод 61, активни 47• Пехчево 6, активни 0• Берово 11, активни 7• Валандово 7, активни 1• Виница 42, активни 38• Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 3• Свети Николе 253, активни 78• Кичево 225, активни 125• Ресен 146, активни 10• Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

lopta-fudbal

Скопјанец обвинет за непочитување на здравствените мерки при организација на фудбалски турнир

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Еден од обвинетите постапил спротивно на Одлуката за спроведување мерки на заштита од COVID – 19 при одржување тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари без публика. Обвинетиот организирал и одржал турнир во мал фудбал на игралиште, каде покрај играчите била присутна и публика од околу 100 лица.Останатите 16 обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен  режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на тогаш важечки полициски час биле затекнати како се движат на различни локации.За сите обвинети надлежните јавни обвинители предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Скопје | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Нов протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“, кој стартува на 17.08.2020

Министерството за внатрешни  работи  ги  известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ се добиени дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“.Почнувајќи од понеделник 17.08.2020 до понеделник 31.08.2020 часот, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 06.00 до 22.00 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасадата на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила. Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа.Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

Македонија | пред 5 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Дојче Веле: Коалицијата СДСМ – ДУИ денеска/утре пред последен испит?

Барањето за премиер Албанец ќе „реши“ дали ќе завршат со успех или ќе завршат разговорите меѓу СДСМ и ДУИ, бидејќи социјалдемократите нема да прифаќаат условувања, пишува Дојче Веле, повикувајќи се на извори од СДСМ. Фокусот се става на денешното продолжение на разговорите.Според непотврдени информации на Дојче Веле, ако ДУИ не се откаже од тоа барање, разговорите може многу брзо да бидат завршени и во прашање „не се денови, туку ден“, што имплицира дека потенцијалната коалиција СДСМ -ДУИ веќе денес/утре е можеби пред последен испит, објави 360stepeni.mk.Џафери вчера остана на ставот дека е неуставно претседателот да го додели мандатот на некого што нема обезбедено мнозинство во парламентот. Од друга страна, претседателот Стево Пендаровски за денеска во 12 часот најави дека ќе му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.Текстот во целост на: објави 360stepeni.mk.

Македонија | пред 5 години

krvodaritelska-akcija

Во јули регистрирани 714 нови крводарители

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во јули 2020 година, првпат крв дарувале 714 лица. Од нив, 549 се од машки пол, а 165 се од женски пол. Во првата половина од оваа година, вкупно се собрани 20.692 единици крв.Во однос на состојбата со крвни продукти, Министерството за здравство ја следи епидемиолошката состојба во државата со цел безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.Изминатиот период е обезбеден континуиран прилив на крвни единици, со што е избегната можноста да се почувствува недостиг од крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост и алтруизам. Само со една дарувана ќеса крв може да се спасат и до три или четири животи.

Македонија | пред 5 години

Violeta-korona

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска ја победи короната, еве што ве советува ...

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.„По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба. Без лекарите немаше да успеам да ја преживеам оваа битка. Исклучително сум благодарна за грижата, но и за хигиената во установата, презадоволна сум од сѐ. Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра“, вели Виолета.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2461854604121558/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Средба на албанските парламентарни политички партии, кој ќе присуствува?

Денеска во 12 часот во хотелот Парк во Скопје ќе се одржи средба на албанските парламентарни политички партии, на иницијатива на ДУИ. Кој ќе присуствува на средбата е неизвесно откако вчера Алијансата за Албанците и Алтернативата најавија дека нема да дојдат.Зијадин Села и Африм Гаши велат дека ја прифаќаат поканата, но бараат средбата да се одржи по 17 август, а не утре.„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.8.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернативата до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.Според извори од Беса, ни нивниот лидер Билал Касами нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии. Тој наводно не сакал да биде дел од состанокот, но од Беса прецизираат дека засега сè уште нема официјална одлука на партиските тела.Конкретен одговор нема ниту од лидерот на ДПА, Мендух Тачи.ДУИ, сепак, не ја откажува средбата, а од партијата велат дека остануваат достапни и отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум. 

Македонија | пред 5 години

ramkoven-dogovor

19 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.Преговорите почнаа во Скопје, а продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје, Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДПА, Арбен Џафери.Договорот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју.Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нема конститутивна седница бидејќи Талат доби внук

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери се предомисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите. Од Кабинетот на Џафери велат дека претседавачот се предомислил поради објективни семејни причини.„Претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата. Кога ќе има дополнителни информации, во однос на терминот, ќе ве информирам“, велат од Кабинетот на Џафери.Најверојатно, Џафери се откажа од намерата откако вчера неговата ќерка Бесиана доби син, а за тоа, Џафери објави на социјалните мрежи. Под објавата, меѓу бројните честитки е и онаа од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica

Неизвесно денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието

Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери.Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата не е најавена и на веб страницата на Собранието.Можна причина се семејни обврски на Џафери. Тој синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка.

Македонија | пред 5 години

dzaferi-talad

Џафери стана дедо

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието и поранешен претседател на Парламентот, Талат Џафери на својот Фејсбук профил објави убава вест дека станал дедо.Претседавачот со конститутивната седница на Собранието и поранешен претседател на Парламентот, Талат Џафери на својот Фејсбук профил објави убава вест дека станал дедо.Честитка до среќниот дедо, меѓу првите испратил и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Магазин | пред 5 години

MEGA2903

„Дисонанс“ - врвно уметничко доживување за публиката на „Охридско лето“

Уште едно врвно уметничко доживување приреди фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ со концертот на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“.Извонредните музичари од овој музички состав, Јанез Подлесек-прва виолина, Матјаж Поровне-втора виолина, Оливер Диздаревиќ-виола и Клемен Хвала-виолончело, преку својата маестрална изведба донесоа програма што беше во знакот на повеќе јубилеи.-Исто како и годинешното „Охридско лето“ што е јубилејно, и нашата програма со која настапивме е јубилејна. Целиот свет одбележува 250 години од раѓањето на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен кој на некој начин е поврзан и со Љубљана. Имено пред 200 години кога првпат била отсвирена неговата Шеста Пасторална симфонија,  ја испратил партитурата и добил титула почесен член на Словенечката филхармонија. Ние овде го донесовме неговиот Гудачки квартет  бр. 11 во F-moll, рече виолончелистот Клемен Хвала.Истата година кога е роден Бетовен, починал познатиот композитор Џузепе Тартини, па словенечките изведувачи вчеравечер ја изведоа неговата „Соната „A Quatro“ во D-dur.Членовите на „Дисонанс“ оставија силен впечаток  кај публиката и со изведбата на „Италијанската серенада“ од композиторот Хуго Волф.-Италијанската серенада“ е многу популарна италијанска композиција втемелена на италијанската мелодија која се свири на фифер, инструмент сличен на денешната обоа, откри Хвала.На репертоарот беше и композицијата „Гудачки квартет“ од познатиот словенечки композитор Лојзе Лебич, кој прослави 85 години од раѓањето и кој, како што раскажа виолончелистот Клемен Хвала, кога слушнал дека неговото дело ќе го изведат во Охрид, се израдувал многу бидејќи бил учесник на фестивалот во самите негови зачетоци.-Многу ни е драго што „Охридско лето“ прифати  на концертот да отсвириме и една современа композиција. Нашиот квартет ја промовира токму современата музика комбинирана со класичен репертоар. „Гудачки квартет“ е напишана  во 1983 година и е првата композиција  што ја изведовме како музички состав. По тој успешен концерт одлучивме да соработуваме и да настапуваме редовно, додаде Хвала.Поради здравствените мерки што се преземаа насекаде, па и во Словенија, изминатиот период, гудачкиот квартет „Дисонанс“ го искористи за подготовка репертоар за новата сезона, снимање дела  со повеќе музичари, онлајн преку апликација, како и за основање на нов камерен ансамбл што ќе биде постојан оркестар на познатиот „Љубљана фестивал“.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Џафери за утре закажа седница за да се избере нов спикер

Талат Џафери за утре во 15 часот ќе ја закаже седницата на Собранието на која треба да се избере нов спикер. Тој за Телма вели дека одлуката ја донел откако претседателот Стево Пендаровски одлучи да му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да ја фомрира новата влада иако Заев го информирала дека се уште преговара со повеќе партии за владејачко мнозинство.

Македонија | пред 5 години

dino-park

(ВИДЕО) Скопје добива Дино-парк

Четириесет и еден диносаурус наредната недела од производителот во Кина ќе пристигнат во скопската Зоолошка градина. Како што информираа од Зоолошка, макетите на диносаурусите ќе бидат во природна големина и ќе бидат монтирани во Дино паркот чија изградба е при крај во кругот на Зоолошка и на површина од околу 2.000 квадратни метри.https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3339070369650871/3339069419650966/?type=3&theaterПосетителите веќе од средината на септември ќе можат да видат Тираносаурус, Алосаурус, Стегосаурус, големи и мали диносауруси, како и мајки со бебиња кои синхронизирано ќе се движат, ќе трепкаат со очите и ќе дишат, но и испуштаат крици со цел да се долови како опстојувале овие праисториски животни на нашата планета.Дино паркот почна да се гради лани на 10 октомври и тогаш градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни.https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3339070369650871/3339069399650968/?type=3&theater https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3339070369650871/3339069542984287/?type=3&theaterСредствата за овој проект е Град Скопје кој за оваа намена од градската каса издвои 325 илјади евра.

Скопје | пред 5 години

Nadrilekari

Жител на Неготино лажно се преставувал дека е поранешно медицинско лице и на сограѓаните им продавал скапи креми и течности за повеќе болести

Четириесет и шестгодишен жител на Неготино лажно се преставувал дека е поранешно медицинско лице и на сограѓаните им продавал скапи креми и течности за повеќе болести.Тој се сомничи за надрилекарство, односно дека од 2015 до 2019 година, со цел да земе пари, без стручна подготовка од надлежен државен орган продавал лекарства за кои наплаќал по 5.000-6.000 денари.На 18.10.2019 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени лекарствата, а деновиве поднесена му е кривична пријава.

Македонија | пред 5 години

1783741-670x377

ТВ 24: Заев мандатар, Ахмети бара една година премиер, но и гувернер, МВР, финансии, УЈП

Зоран Заев утре ќе стане мандатар – во наредните 20 дена ќе се обиде да стигне до парламентарно мнозинство. Дека нема договор за тв 24 потврдуваат и од СДСМ и велат разговорите продолжуваат. Според неофицијалните информации, нов обид да се испеглаат разликите и да се приближат позициите се очекува лично од лидерскиот двоец Заев-Ахмети уште утре, засилени од секретарите на партиите.Според информациите на тв 24 предлогот што Ахмети го става на маса е една година, првата од новиот мандат, премиер да биде Насер Зибери, три години потоа Зоран Заев. Освен премиер, на стартот на преговорите во списокот на позиции на ДУИ, според извори од Мала Речица се и гувернер, министри во финансии и МВР, администрација, вицепремиер за економија, но и директор во УЈП.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања