Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

MEGA2965

Ткаченко: Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди

Фестивалот „Охридско лето“  ја продолжи годинешната програма вчеравечер со концерт за виолина и пијано на украинските уметници, виолинистот Дима Ткаченко и пијанистот Роман Лопатински што се одржа во црквата „Света Софија“.Изборот на потешките дела од класичната музика што ги изведоа Ткаченко и Лопатински, само потврди дека се работи за двајца уметници, кои иако млади, сепак се виртуози на своите инструменти. И двајцата првпат настапуваат на „Охридско лето“, но како што рекоа, добро се информирани дека станува збор за фестивал со огромно реноме кој ги негува високите уметничко-естетски вредности.-На двајцата ни е прво учество на „Охридско лето“. Чувствувам огромен наплив на емоции, не само од настапот во „Света Софија“, туку и од сета таа убавина што нѐ опкружува. Многу сум благодарен на публиката зашто беше максимално сконцентрирана на она што ние го изведувавме. Со секој здив ја чувствуваме публиката и тоа е многу скапоцено за нас како уметници.  Охрабрувачки е, што фестивалот, во ова чудно и застрачувачко време, и покрај пандемијата од ковид 19 не ја прекина програмата. Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди, изјави по завршувањето на концертот, виолинистот Ткаченко.На репертоарот беа Соната за виолина и пијано бр. 11 од Лудвиг ван Бетовен, Соната  за виолина и пијано  бр. 3 од Јоханес Брамс, Интродукција и рондо капричиозо оп. 28 од Камиј сен-санс, а прекрасната вечер беше заокружена со композицијата Цигански напеви од Пабло де Сарасате.Уметниците кои дојдоа од Украина за да настапат пред фестивалската публика,  започнале да ги изучуваат своите инструменти уште на петгодишна возраст. Ткаченко и Лопатински се лауреати на голем број меѓународни натпревари, а настапуваат во светски познатите концертни сали.

Македонија | пред 5 години

MEGA3215

„Болеро“ – балет под маски, без допир и на дистанца

Спектакуларна изведба на балетската премиера „Болеро“ од Морис Равел  и гала-концерт донесоа вчеравечер солистите, женскиот балетски ансамбл и Оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска, на сцената Долни Сарај во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Според генералниот директор на Националната опера и балет, м-р Васо Ристов, програмата со која НОБ настапува на фестивалот е специјално конципирана и прилагодена на условите во пандемијата од ковид-19.-И покрај пандемијата предизвикана од ковид-19, НОБ е дел од програмата  на најреномираниот фестивал во нашата земја, „Охридско лето“. Програмата е специјално конципирана за да може да се изведе во овие специфични услови. „Болеро“ е една нова авантура во балетската уметност и еден нов балетски израз во кореографија на Саша Ефтимова. Подготвивме нова премиера на „Болеро“ која е во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца. Сите учесници ги почитуваа здравствените мерки и протоколи  уште на самиот почеток кога почнавме да се подготвуваме за учество на фестивалот, изјави м-р Ристов.Кореографката на балетската претстава, Саша Ефтимова, додаде дека проектот е прилагоден за условите во коишто се наоѓаме, и ќе може да се изведува додека не се смири ситуацијата предизвикана од ковид-19.-Херојски е што сите уметници прифатија да учествуваат во еден ваков проект  зашто мерките се тие и знаеме дека не смееме да избегаме од реалноста во која моментално се наоѓаме. Сметам дека ако успееме со една ваква претстава, нашата иднина како национална куќа, може да опстои со тоа што ќе имаме нови уметнички креации и дела со кои може понатака да работиме додека не се смири ситуацијата, рече Ефтимова.Пред балетскиот спектакл „Болеро“, НОБ одржа Гала-концерт на сцената „Долни Сарај“. Публиката имаше можност да ужива во прекрасните оперски арии што ги изведуваа сопранистките Сандра Митровска и Катерина Стојановска, на тенорот Ѓорѓи Цуцковски, како и на Владимир Саздовски-бас кои беа придружувани од Оркестарот на Операта и Балетот под диригентство на Бисера Чадловска.-Морам да истакнам дека годинешното „Охридско лето“ и поканата за нас како уметници е навистина еден фасцинантен мотив за повторно да се вратиме во уметничка форма. Минатата година имавме спектакуларен концерт на фестивалот со оперската пејачка Инва Мула и тоа е момент за паметење, меѓутоа во овие услови на корона вирус, сигурен сум дека на нашата публика ѝ ги стопливме срцата и им ја вративме волјата за живеење и љубовта кон уметноста, рече првенецот на Националната Опера и Балет, тенорот Ѓорѓи Цуцковски кој  ги изведе најпознатите арии од оперите „Кармен“ и „Турандот“ а настапи и во дует од Адријано Лекуврер со неговата колешка, сопранистката Сандра Митровска.Здравствените протоколи пропишани за вакви настани максимално ги испочитуваа и членовите на Оркестарот на Националната опера и балет кои седеа на соодветна далечина и со заштитни маски, освен уметниците на дувачки инструменти кои е невозможно да музицираат со маски.

Македонија | пред 5 години

kameleontaco

Езерската РОК симфонија на Камелеон во недела со хуманитарна нишка, ќе се собираат средства за охриѓанецот Тачо

По информациите дека повторно е потребна помош за охриѓанецот Тачо, концертот на Камелеон кој е закажан за недела ќе добие хуманитарна нишка, и во рамките на истиот ќе се собираат средства за помош на Трајан Целески- Тачо.- Во соработка со охридскиот Црвен крст ќе организираме неколку пунктови на кои ќе се собираат средства. Посебно обележани кутии ќе бидат поставени на сите бродови, како и на самиот влез на настанот. Се надеваме дека сите заедно ќе помогнеме да се спаси животот на нашиот Тачо, порачуваат организаторите.Пред 2 години Тачо се избори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се околу 20. 000 евра. Сите граѓани можат да донираат и на бројот за донации: 143 133 Т-mobile, како и на трансакционата сметка: 500600018999581 - Ристо Целески Стопанска банка АД.Големиот концерт на групата Камелеон - Езерската РОК симфонија, кој ќе се одржи во недела, на 16-ти август на Градското пристаниште во Охрид.Бројот на билетите е ограничен, па затоа сите кои сакаат да бидат дел од овој настан можат да го резервираат својот билет на броевите од бродовите или катамараните – брод „Армада“ 075/420-401, брод „Галеб“ 070/307-359, бродови „Александрија 1 и 2“ 077/854-758, брод „Кристина“ 078/816-766 и катамарани 078/697-031. Цената за следење на концертот од брод е 300 денари, а од катамаран 600 денари.Најголемите хитови на Камелеон за оваа прилика ќе бидат изведени со посебни аранжмани и поддршка на Камерниот оркестар од Битола, хорот Vox Lychnidos, Ѓоко Танески, Жармена, Теодор Љушкоски, Горан Папаз и Никола Тони.Концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани.

Македонија | пред 5 години

pistol

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом.Според информациите на полицијата зад убиството стојат две лица, а мажот бил застрелан пред неговата сопруга.Напаѓачите носеле маски и биле воорружени. Од МВР велат дека тие барале пари, по што го убиле мажот.Двајцата избегале по убиството.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

evn

Приведен подметнувачот на пожар во автомобили на ЕВН во Тетово

На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул.,,Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. К.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Реализирани 4000 телефонски разговори за психолошка поддршка за време на пандемијата со Ковид 19

ЈЗУ Клиниката за психијатрија известува дека се реализирани околу 4000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19 започнувајќи од март месец 2020 година.Првата телефонска линија за психолошка поддршка која беше отворена на 15 март 2020 година за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден о 8 до 20 часот, има реализирано повеќе од 2.200 разговори.Во текот на месец март се отворија уште две други телефонски линии, од кои едната за психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст од страна на ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија Скопје, како и други телефонски линии за психолошка поддршка на лица од различни категории во соработка со УНИЦЕФ - Психолошка поддршка на родители на деца со пречки во развојот и Психолошка поддршка на адолесценти, на кои вкупно се реализирани повеќе од 500 разговори.На телефонската линија за поддршка на жени во бременост и после породување се реализирани 50 разговори.На целните линии кои беа отворени за поддршка на лица од различни категории вклучително и психолошка поддршка на албански јазик, како и поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа во периодот на карантин на тие општини реализирани се 1000 разговори.Во моментов активни линии за граѓани од различни категории се следните: за Психолошка поддршка на возрасни лица 072/919-009, Психолошка поддршка за деца, адолесценти и нивни родители 072/912-979, Психолошка поддршка за жени во бременост и после породување 078/378-766 и Психолошка поддршка на албански јазик 070/291-657.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев: Мора да ставиме крај на оваа правна несигурност која на граѓаните им ги уништува животите, а ниту еден банкар не одговара

Подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор - преку она што ние го нарекуваме АНТИЛИХВАРСКО ЗАКОНОДАВСТВО, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.Тој во продолжение на објавата додава:Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари.Уште денес ќе одам во Собранието на Република Македонија и ќе барам да ми биде доделена канцеларија, бидејќи чим СДС си толкува дека „парламентот е конституиран“, тогаш по закон се должни да ни обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаме у ходници како некои кираџии.Веќе од следната недела ќе се консултирам со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да ставиме крај на оваа правна несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал.Вака веќе не може!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3223946741003975&set=a.160863527312327&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=8Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека за време на викендот се очекува времето да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.

Македонија | пред 5 години

evn

(ВИДЕО) Во Тетово запалени автомобили од ЕВН

Синоќа се запалени возила на ЕВН Македонија во Тетово.  Деновиве се одржуваат протести во повеќе градови по поскапувањето на цената на струјата, за која владеачките партии пред избори тврдеа дека нема да се случи.Минатата недела во Тетово се одржа и мирен протест против поскапувањето на цената на струјата.https://www.facebook.com/Tv.Koha.Tetove/videos/589145838444893/ https://www.facebook.com/Tv.Koha.Tetove/videos/1019319861837694/ https://www.facebook.com/Tv.Koha.Tetove/videos/338620910509168/

Македонија | пред 5 години

vasko-naumoski

(ФОТО) Наумовски: Од грешките може многу да се научи, само ...

Екс амбасадорот на Македонија во САД, Васко Наумовски на својот ФБ профил објави интересна фотографија во интересн момнет. Тој објавувајќи фотографија од привезок за автомобил од кампања на политичка патрија кратко напиша:-Од грешките може многу да се научи, само доколку не се губи време во нивно негирање. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2973010509492610&set=a.165650376895318&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Воз се заби во цитроен близу Тетово

Нешто по 18 часот возот што сообраќал на релација Скопје-Кичево, на влезот во Тетово удрил во Автомобил марка “Цитроен“ со тетовски таблички, дознава Centar.mk.Неофицијално centar дознава дека двајца се повредени и со болнички возила се пренесени во Болницата во Тетово.

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Во камион во царинскиот терминал во Тетово денес биле пронајдени 10 мигранти

Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот.Како што информираат од СВР Тетово, возачот и мигрантите се приведени за соодветната постапка.Со возилото управувал 25-годишен маж, со иницијали А.С. од селото Горно Седларце.Мигрантите се на возраст од 15 до 49 години.

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Фондот за осигурување на депозити во рок од 20 дена ќе почне со обесштетување на депонентите на Еуростандард банка

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на „Еуростандард банка” АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година.  Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година.Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.Под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката.Фондот ќе ги извести депонентите-физички лица за ДАТУМОТ НА ПОЧЕТОК НА ИСПЛАТАТА на обесштетувањето и за НАЗИВОТ НА БАНКАТА/БАНКИТЕ преку која/кои ќе се врши исплатата на депозитите.

Македонија | пред 5 години

telo

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња.Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под мостот во Катланово, во непосредна близина на црквата „Св.Недела“, а го го извадиле пожарникари од Скопје.„Непристапноста и сложениот терен ја отежнуваа работата, но на крајот безживотното тело од реката беше извадено“, соопштија од скопската пожарна.По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукација.

Македонија | пред 5 години

zoran-zaev

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада.– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана – напиша Брнз на „Твитер“.Таа нагласи и дека САД ја поддржува посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина.

Македонија | пред 5 години

krazba

Од куќа во Свети Николе украдени 4 пушки, муниција, пари и накит

Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(24) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.„На 15 априлво Свети Николе, на улицата Карпошева, во куќа сопственост на Д.С., пријавениот влегол со употреба на сила и одзел пушка марка „застава“ М98, пушка марка „винчестер“, пушка марка „бенели“, пушка марка „баикал“, пиштол Ц3, околу 50 парчиња различен вид на муниција, две црни торби, пари, накит, вредни предмети и спортска опрема“, информираат од полицијата.Со тоа, крадецот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 1.636.000 денари.

Македонија | пред 5 години

Foto-2

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски призна дека мандатот е доделен без докази и спротивно на Уставот

Стево Пендаровски како Претседател на државата соопшти дека ќе доделува мандат за влада спротивно на Уставот по принципот „прв дојден, прв услужен“. Претседателот Пендаровски треба да биде свесен за сериозноста на својата функција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тие додаваат:Наместо да се однесува како претседател на граѓаниите Стево Пендаровски призна дека мандатот е доделен без доказ за мнозинство и е узурпиран. Со што Пендаровски директно овозможи купување на време за непринципиелното купување на гласови на пратеници. 

Македонија | пред 5 години

pendarovski

Пендаровски: Охридскиот договор ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците

Денеска се навршуваат 19 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001 и се поставија темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници. Договорот беше резултат на едномесечни преговори со поддршка од претставниците на Европската комисија и  од САД. Договорот се покажа како клучен за зачувувањето на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата.По скоро две децении, со неговото спроведување, нашата земја ги зачува мирот и стабилноста, и постави највисоки стандарди за правата на заедниците. Денес, не постои причина да се сомневаме во иднината на мултиетничка и мултикултурна Република Северна Македонија која како член на НАТО, и се надевам во скоро време како членка на Европската Унија, нуди перспектива и благодат на сите свои граѓани. Да не дозволиме ништо да ги наруши единството, соживотот и меѓусебната почит. Мораме да ги оставиме конечно во историјата сите конфликти и недоразбирања. Да продолжиме да ја следиме визијата за иднината и да работиме за просперитетот и за доброто на сите наши граѓани.Охридскиот договор не беше лесно да се постигне. Во оваа прилика мора да им оддадеме признание на лидерството на претседателот Борис Трајковски и на претставниците на политичките партии како потписници на Договорот. Заедно со поддршката на меѓународната заедница која е перманентна сиве овие 19 години и која никогаш не престанала да ја поддржува нашата земја, во 2001-та година нашето политичко лидерство спречи ескалација на конфликт кој ќе донесеше огромни човечки загуби и разорувања и во кој никој не победува.Охридскиот договор немаше за цел да инаугурира победници и да прогласи поразени. Тој е основата за градење соживот за сите граѓани на Република Северна Македонија. По две децении не смееме да имаме делби и скепса. Да останеме посветени на економскиот напредок и на благосостојбата на сите наши граѓани и сложно да се соочиме со сите предизвици. Токму пандемијата со КОВИД-19 е сериозен тест за нашата функционалност, организираност, но и солидарност и заедништво. Премногу жртви дадовме, предолг пат изминавме, премногу време изгубивме, враќање назад нема, одиме напред сплотени и обединети.  

Македонија | пред 5 години

doktor-niko

Доктор Нико Беќаровски има предлог како е најдобро да се одвива наставата од септември

Деновиве актуелна е темата за почетокот на наставата во основните и средните училишта. Дали треба да почне новата школска година, кога треба да почне, како, дали со физичко присуство, дали со онлајн настава.Докторот Нико Беќаровски, кој е вработен на Клиниката за Токсикологија, во минатите месеци напиша безброј статуси со кои помогна во оваа пандемиска криза. Неговиот вчерашен статус е одличен предлог, како да се одвива наставата од 1. Септември: „Овие денови најгорливо прашање е каква настава ќе имаат учениците. On Line, or On board, that’s the Question now??? Еве еден мој скромен придонес, кој е комбинација од двата модела, кој драстично ќе го подобри квалитет на настава, а на минимум ќе ја редуцира можноста за дисеминација на вирусот.Министерството веднаш ги опремува сите училишта со униформни платформи за on line настава.Сите наставници одат на работа според регуларно направен распоред.Од својата училница држат регуларна настава во траење од 30 минути, која учениците ЗАДОЛЖИТЕЛНО ја следат и активно учествуваат во неа.Меѓу секој час има 15 минути пауза.За сите ученици обезбеден бесплатен Неограничен интернет на нивните мобилни телефони.Сите ученици кои немаат можност за следење на наставата преку електронски пат, присуствуваат физички на наставата.На крајот од секое тромесечие, сите ученици од еден клас, поделени во 4 групи во 4 различни термини со физичко присуство имаат писмен тест, писмена работа или усно испрашување од соодветниот наставник.Предметот физичко воспитување, во четири одделни групи се изведува со физичко присуство секоја втора недела.Во сите рурални и градски средини, каде индексот на контаминираност е низок или го нема се одвива регуларна настава.Се друго освен ваков или некој сличен модел е #JokeOfEducation кое дополнително ќе го руинира веќе руинираниот образовен процес.“

Македонија | пред 5 години

eurostandard-banka

Демократи: Кој треба кривично да одговара за стечајот на Евростандард банка?

Кој треба кривично да одговара за стечајот на Евростандард банка, прашуваат Демократи?Дали менаџерскиот тим на банката или кривична одговорност треба да понесе гувернерката и незиниот тим на Народната банка на Македонија?Гувернерката Бежовска вели дека банката изминатив период била под засилен надзор, а супервизорските тимови постојано констатирале висока изложеност на кредитен ризик. Ова значи дека се давале повеќе кредити од можноста на банката, без да се обезбеди соодветно покритие за нив. Побарале докапитализација, која банката не ја спроведила во целост.136.619 илјади депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари заштеди до 30 илјади евра, не треба да стравуваат за депозитите затоа што законски се загарантирани и ќе им бидат исплатени, но за 780 штедачи кои имаат над 30 илјади евра нема да бидат обесштетени целосно и ќе добијат одредена сума на пари ако има од стечајната постапка.ДЕМОКРАТИ ја прашуваат гувернерката ако таа и незиниот тим знаеле за незаконското работење подолго време зошто не го спречиле на време незаконското работење на Евростандард банката?Во меѓувреме парите на сите штедачи се блокирани и треба да се снаоѓаат како можат и умеат за да преживеат, додека чекаат да им се вратат парите, се вели во објавата од Демократи. https://www.facebook.com/demokratimk/photos/pcb.724016488386048/724011721719858/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

filipce1

Филипче: Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава

Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука.Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.– За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи, додаде Филипче.

Македонија | пред 5 години

goce

Најден жив исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Изутрината околу 6:30 часот е најден жив 62 годишниот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, кој вчера беше пријавен за исчезнат од неговиот брат.Ѓорѓи бил најден во блиина на железничката пруга по дојава од тетовчанец до братот Ристо.– Откако беше објавено по медиумите дека е исчезнат брат ми, околу 21 часот ми се јави млад човек кој живее касарната и ми кажа дека смета дека го видел Ѓорѓи кај 18 часот кај железничката станица. Ми опиша како е облечен и така утврдив дека навистина го видел брат ми. Со еден сосед го баравме околу станицата до полноќ, но не го најдовме. Утринава околу 6 почнав пак да го барам. Долж пругата одев и викав по него Гоче, Гоче, па му го слушнав гласот како вика тука сум, тука сум, раскажува неговиот брат Ристо.За причината како се изгубил Ѓорѓи, Ристо не може да утврди бидејќи од март месец поради здравствени проблеми и слабо зборува. Ристо исчезнувањето го пријави вчера во 19 часот откако 24 часа го немаше видено Ѓорѓи, па денеска во СВР Тетово известил и дека го нашол.

Македонија | пред 5 години

pistol

Прилепчанец со прострелна рана однесен во болница

Вчеравечер во 22.00 часот во Полициската станица Прилеп од Општата болница Прилеп било пријавено дека кај нив бил донесен Г.Н.(58) од Прилеп. Според пријавеното тој имал повреда здобиена од огнено оружје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пендаровски е подготвен да разговара за сите прашања кои Мицкоски

Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе го прими на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците од партијата, доколку тој го побара тоа, велат од претседателскиот кабинет.Оттаму додаваат дека Пендаровски е подготвен да разговара за сите прашања кои Мицкоски сака да ги постави, по што, доколку средбата се одржи, ќе соопштат детали за истата. 

Македонија | пред 5 години

ZIVKOCINGO

Пригодна свеченост во чест на Живко Чинго

Со доделување на наградата за најдобар расказ на Јована Матевска Атанасова, денеска беше одбележана 85 годишнината од раѓањето на Живко Чинго и годишнината од неговата смрт.Поради актуелната здравствена криза со Корона вирусот „Ковид 19“ оваа година беше изоставено организирањето на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ и беше организирана само пригодна свеченост пред спомен обележјето на овој голем литературен деец, во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти.Покрај делегацијата на Општина Охрид предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, свежо цвеќе пред спомен обележјето положија и членови на фамилијата на Живко Чинго, претставници на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот на борци.Во рамки на свеченоста, пред присутните свое кратко обраќање имаше годинешниот добитник на наградата за најдобрар расказ, Матевска Атанасова која искажа голема благодарност до Општина Охрид и истакна дека оваa награда за неа претставува голема чест и поттик за понатамошно творештво и создавање на нови литературни дела.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања