Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

MEGA3261

Промовирана монографијата „Фестивалска приказна“ по повод 60-годишниот јубилеј на „Охридско лето“

Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид вчеравечер беше промовирана монографијата „Фестивалска приказна Охридско лето 1961 – 2020“ од авторките Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска.Шестата по ред фестивалска монографија се промовира по повод јубилејот, 60 години од постоењето на фестивалот „Охридско лето“.Снежана Анастасова-Чадиковска е истакнат академски музичар, пијанист, педагог и музички публицист. Зад себе има богата музичка дејност и на сцената на „Охридско лето“. Оценета е како одличен селектор и на фестивалската програма. Нејзиниот живот е сврзан со Охрид и фестивалот зашто таа е една од ретките која присуствувала на првиот концерт на „Охридско лето“ во катедралната црква „Света Софија“ во далечната 1961 година, уште кога имала само 11 години.-Неминовно, дел од податоците во монографијата се повторуваат зашто никогаш не можеш да го смениш фактот на оние кои се основоположници на фестивалот или на оние кои придонеле во првите две-три децении на развојот. Но секојпат, може да се каже и нешто ново. Последната монографија заедно со Роза Нолчева –Ангеловска ја работевме некаде од крајот на 2019 година. Имајќи ги предвид сите поминати монографии, сите сознанија за фестивалот стекнати што директно а некои од нив и преку претходните монографии во кои насекаде постои оној дел, индекси,таканеречени фестивалски соѕвездија за уметниците кои учествувале на фестивалот каде што се наведуваат сите нивни имиња, нам ни беше целта да направиме една читлива книга, приказна која ќе зборува за фестивалот од многу страни, но која ќе ја предаде човечката топлина што секојпат струела во „Охридско лето“, рече на промоцијата Анастасова –Чадиковска.Роза Нолчева-Ангеловска, дипломира на одделот за музикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје а магистрира во областа на уметничката критика и музичкиот менаџмент на Сити универзитетот во Лондон на одделот за Културна политика. Нејзините објавени трудови разбирливо имаат допирна точка со македонската музика, културната транзиција, музичкиот менаџмент.-Низ годините, бев фиксно присутна на речиси сите концерти на „Охридско лето“ во Света Софија и некои од нив биле одредувачки за мене како човек, музиколог, а денес и како продуцент во Македонската филхармонија. Пишувајќи ја оваа фестивалска приказна во вонредно време, заедно со Снежана Анастасова-Чадиковска работевме буквално под маски многу денови и ноќи кога се обидувавме да ги собереме сите податоци кои треба да се срочат во еден ваков текст. Текстот има наративно природа, но тој е и фактографски. Ние навистина се обидевме да ги најдеме вистинските фотографии и за тоа ни беше потребна многу работа и труд, рече Нолчева-Ангеловска.Како што истакна градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, голема е честа и заедничко е задоволството да се присуствува на промоција на  публикацијата „Фестивалска приказна“ која е создадена по повод одбележување на јубилејот 60 години „Охридско лето“.  Тој упати честитки до авторите на делото Снежана Атанасова- Чадиковска и Роза Нолчева – Ангеловска, за како што рече,  вложениот труд на лист хартија да ја сублимираат успешната приказна на најпознатата музичко-сценска манифестација кај нас и на Балканот.- Одговорноста да се креираат вакви дела  е огромна затоа што „Охридско лето“ е нашиот најпрепознатлив бренд кој не прави неизмерно горди и среќни, затоа што со него Охрид станува дом на уважување, разбирање и размена на културните разлики. Врвни светски имиња од областа на музиката и театарската уметност во изминативе шест децении  биле дел од фестивалот  со што тој полека станува место за поставување и развој на интеркултурниот дијалог со почитување на различностите.  Со тоа градот се промовира во светот, не само како културен центар,  туку и како атрактивна туристичка дестинација. Токму затоа  Охрид и граѓаните го поставија „Охридско лето“  високо на врвот на приоритетите  во делот и на  културата и на туризмот, истакна Георгиески.Модератор на промоцијата на монографијата „ Фестивалска приказна- Охридско лето 1961-2020“  беше новинарот и публицист Милчо Јованоски кој нагласи дека фестивалот е симбол на македонската државност и на културата во неа.-Охрид се гордее со своето „Охридско лето“ и го помага на разни начини кои некогаш за нас се невидливи, но тој невидлив флуид меѓу градот и фестивалот е рамен на стотиците музички концерти и исто толку театарски претстави. Сеќавањата ако не се запишат и не се зачуваат лесно бледнеат а може и прав да ги прекрие. За среќа со нашето „Охридско лето“ не е и не смее да биде  така.  Вредноста на оваа монографија ќе биде повисока како што ќе минуваат годините. Затоа ништо не треба да се остава на случајот за нашите вредности со чувство на гордост треба да пишуваме и оставаме траги во времето, рече Јованоски.Шестата фестивалска монографија за „Охридско лето“  е отпечатена во печатницата Европа 92. Издавач е НУ „Охридско лето“. Компјутерската обработка и дизајнот се на ИДЕА Плус Комуникејшнс-Скопје. Дел од фотографиите во монографијата кои не се од архивата на фестивалот, ги отстапија фотографите Нина Анѓелоска, Наке Батев, Пеце Настески и Ѓоко Симјаноски, а портретот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ со која пред 60 години започна „Охридско лето“ е дело на уметникот Димитар Кондовски.Изданието е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.Претходните монографски изданија за фестивалот „Охридско лето“ беа издадени во 1980 година, 1990, 1995, 2000, како и во 2010 година.     

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведено е лицето кое на социјалните мрежи сподели видео и фотографии како предизвикува пожар на јавна површина

СВР Скопје - Единицата за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-малолетник од с.Мојанци, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.На 04.08.2020 на социјалната мрежа „Тик-Ток“ тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи, по што Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презеде мерки и активности и на 05.08.2020 до СВР Скопје-Единицата за насилен криминал доставена е документација со повеќе снимени видео клипови на кои се гледа дел од фигура на лице како врши потпалување на повеќе дрва и грмушки на јавна површина - планина, како и фотографии од лице со профил на социјална мрежа „Тик-Ток“, под псевдоним Д.К..Од страна на полициските службеници од Единицата за насилен криминал беа преземени мерки и активности, при што било утврдено дека лицето кое предизвикува пожар на јавна површина е 17-годишен малолетник од с.Мојанци, а местото каде што го извршува кривичното дело се падините на блиската шума над с.Мојанци. По утврдување на идентитетот, на 13.08.2020 малолетникот заедно со неговиот татко бил повикан на разговор во просториите на Единицата за насилен криминал, каде што во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција, го признал делото и потврдил дека тој палел нискостеблеста трева и шума на падините на блиската шума над с.Мојанци.За настанот бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по негови насоки делото е квалификувано како „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво член 288 од Кривичниот законик. 

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев: Време е банките да одговараат за СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ

Фб статус на пратеникот Димитар Апасиев:-Во соседна Србија, судовите веќе почнаа да носат пресуди во полза на граѓаните/фирмите, а против банките - затоа што наплаќањето на разноразните измислени провизии, членарини и трошоци добија третман на СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ („правно неосновано збогатување“).Ова, со ваша помош, ќе го направиме реалност и во Македонија!https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3226937290704920

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија

Клиниката за хирургија, вилици и врат - максилофацијална хирургија информира дека во тек е подобрување на условите во установата. Преку донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во вредност од 350 илјади евра комплетно се реновира целиот објект, со вкупна површина од 1500м2.Проектот се реализира во три фази, согласно американските договорни регулативи, врз основа на барањата на командата за инженерство на морнарицата и поморските капацитети на САД.„И покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19 продолжуваме со подобрување на условите во јавноздравствените установи. На пациентите им овозможуваме квалитетна здравствена заштита на повисоко ниво. Досега реновиравме 32 установи, а во тек е подобрување на повеќе клиники и болници во државата. Првата фаза од реновирањето вклучува изградба на нов лифт, кој ќе ги поврзува приземјето, првиот и вториот кат. Поставување изолација и замена на таванот на вториот спрат, реновирање на болнички соби, простории за вработени, ходници и тоалети“, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.Со дислоцирање на старата и дотраена опрема и инвентар, Клиниката доби 27 нови болнички кревети од Министерството за здравство. Исто така, со поддршка од Министерството установата набави агрегат за довод на електрична енергија.Работниот процес на клиниката се одвива континуирано, согласно движењето на градежните активности.

Македонија | пред 5 години

branimir-jovanovic

Јовановиќ: Нина и доколку знаела за Еуростандард, не смеела да го повлекува депозитот

Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник на екс-министерот за финансии Драган Тевдовски, објави свој статус за случајот со одземањето на лиценцата за работа на Еуростандард, во кој тврди дека Нина Ангеловска, доколку знаела дека на банката и следува затворање, требало да даде „лична жртва“, односно да сочувствува со широките граѓански маси и да не го повлекува депозитот. Јовановиќ на ФБ напиша:Не знам дали Министерката за финансии знаеле дека банката ќе оди во стечај кога ги повлекла парите. Не имплицирам дека знаела, си има државни органи кои треба да утврдат дали е така.Но, доколку знаела, не смеела да го направи тоа. Не само таа, туку било кој друг државен функционер. Тоа е искористување на службената положба за остварување на личен интерес, што е дефиниција за корупција.И ова не го кажувам за да ја нападнам Министерката. Такво нешто на крајот на нејзиниот мандат е апсолутно бескорисно.Ова го кажувам за сите нови функционери, кои ќе бидат именувани со новата Влада, да бидат свесни за ова и да внимаваат на своето однесување.Да, доколку „обичен“ граѓанин дознае дека некоја банка ќе се затвори, тој има легитимно право да се обиде да ги повлече парите од банката.Но не и државните функционери. Штом ќе стапат на државна функција тие веќе не се „обични“ граѓани. Тие се слуги на народот, тие се јавни службеници и не можат да се однесуваат како и „обичните“ граѓани. Тие мора да бидат спремни да направат лична жртва во интерес на јавното добро.Тоа е цената на јавната функција - да го ставиш личниот интерес на страна и да работиш за другите, а не за себе.И секој што не го сфаќа ова, не е за државна функција. Државните функции се за луѓе кои се спремни да му служат на јавниот интерес, да работат за општото добро, да се жртвуваат за државата, а не за луѓе кои гледаат како да остварат лична корист од секоја ситуација.

Македонија | пред 5 години

Flamingo

Пет розови фламинга во посета на Преспанското Езеро

Утрово на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).– Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-те исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа, информираат од МЕД.Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.-Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет, појаснуваат од МЕД.

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Народна банка: Дозволата за работа на Еуростандард е укината на 12 август, а не на 1 јуни

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал, се вели во соопштението од Народна банка.

Македонија | пред 5 години

granica-srbija

Од утре, Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските државјани

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија дека на предлог на институтот за здравје, српската влада  донесе одлука со која за граѓаните на  четири соседни земји меѓу кои :Република Северна Македонија,Хрватска,Романија и  Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји меѓу кои и Република Северна Македонија  ќе започне да важи од утре 15.08, сабота ,а тестот не треба да биде постар од 48 часа.За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест.Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но истите за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Република Србија од еден премин до друг.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Тешка сообрaќајка кај Велес: Повредени 7 лица, меѓу кои две деца

Во судар помеѓу две возила на патот Чашка –Голозинци кај село Голозинци повредени се седум лица од две возила, меѓу кои две деца.Како што информира за МИА др. Василка Пановска Поп Стефанова началник на Итна помош пр ЈЗУ Здраvствен дом Велес, повредените била земeни со две возила на Брза помош и по укажаната помош итно биле префрлени во Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница во Велес. Оттаму информираат дека двете деца од кое едното во бесознание кое е со потешки повредите на главата, биле итно пренесени кон Хирушките клиники во Скопје.Др Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница, за МИА наведе дека по укажаната помош во велешката болница две од децата на возраст помеѓу три и четири години, а од кои од едното било во бесознание и со тешките повреди на главата, итно биле се пренесени на понатамошно лекување во скопските клиники.Таа појасни дека во Хирушкото одделение во велешката Општа болница се останатите пет повредени кои се со полесни повреди, меѓу кои уште едно дете и една трудница и тројца мажи. 

Македонија | пред 5 години

pendarovski-bezovska

Пендаровски и Бежовска: Што поскоро да се обештетат депонентите во Еуростандард банка

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, за актуелните случувања во банкарскиот сектор во земјата.Гувернерката Ангеловска-Бежоска го информира претседателот Пендаровски за причините за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД и за активностите што координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да почне во законските рокови, но и порано од тоа.Соговорниците истакнаа дека е важно да се вложи максимум за побрзо почнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување депозити и пред законски предвидениот рок од 20 дена.Претседателот истакна дека е потребно сите надлежни институции да вложат максимални напори за решенија, со кои ќе се овозможи обесштетувањето во корист на депонентите. Исто така, тој изрази очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.На средбата претседателот Пендаровски истакна дека е особено важно Народната банка и натаму да продолжи со успешно остварување на своите законски цели и задачи давајќи клучен влог за успешна монетарна политика, за финансиската и макроекономската стабилност на земјава.

Македонија | пред 5 години

Skolo

Наумовска: Очекуваме пролонгирање на стартот на учебната година

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско усогласување на кратењето на времетрањето на школските часови и онлајн настава.Таа наведе дека Главниот кризен штаб побарал од нив како Министерство да дадат одредени препораки и побарал да ги усогласат плановите, моделите и проколите согласно нивните насоки, меѓутоа, како што рече, за да се воведе настава со учење од далечина од дома, за да се скратат часовите на 30 минути за основно, 35 минути за средно училиште потребно е да се направат измени во законот.„Доколку ние на 1 септември би ја отпочнале учебната година Законот вели дека треба да се одвива наставата во училиште со времетраење на часови од 40 и 45 минути. Бидејќи знаеме дека во моментот како се одвиваат политичките договори, преговори, имаме Собрание кое се уште е нефункционално да носи закони или законски  измени, ние како  Министерство веќе подготвуваме измени на законот кои ќе ги доставиме до Владата, меѓутоа сметаме дека до 1 септември тие не можат да бидат по соодветни закокнски процедури излгасани во Парламентот и затоа очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е ништо страшно. Гледаме дека и во Хрватска од 7 септември почнува учебната година“, посочи Наумовска во вестите на телевизија Сител. 

Македонија | пред 5 години

protest-struja

И денеска протести против поскапување на струјата, граѓаните велат: Доста е! Крвта ни ја испивте!“

Вечерва се одржаа протести во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево  против порастот на цената на електричната енергија. Во Куманово пак се протестираше во текот на денотОрганизаторите на протестот порачаа дека во услови на пандемија, кога многу граѓани остануваат без работа, европските влади ја намалиле цената на струјата додека трае кризата.„Кај нас ја поскапеа струјата бидејќи ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. Зарем граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите или животниот стандард на обичните граѓани“, запрашаа организаторите.Тие повикаа на обединетост на сите граѓани, за да се спречи поскапувањето.Тие бараат итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија, владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело, како што велат, што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните, формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.„ЕВН со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата, бараме и простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните досега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање навреме“, истакнаа организаторите.Протeстот го поддржаа Сакаме чист Чаир, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни.фото: МИА 

Македонија | пред 5 години

trifun-i-sin

Костовски: Нѐ наместија, ако се прифати стечајот ќе ја тужиме државата и Народна банка

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.Костовски потенцираше дека нивното семејството го изгубило угледот и 60 -70 милиони евра. За нив е чудно затоа што пред два месеца најавиле дека имале инвеститор и дека ќе ја спасат банката. За нив одлуката на гувернерката била избрзана.Тој на денешната прес-конференција, заедно со неговиот син најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.„Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти“, најави Коста Костовски.Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.„Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, не пренесоа жедни преку вода, нè наместија. Ова е смислено сценарио, но не знам точно кој има интерес да го направи ова“, рече Костовски.Костовски најави кривични пријави против претходниот управен одбор и најави дека правдата ќе ја бараат пред меѓународните институции со оглед дека тоа е странска инвестиција.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период.Истовремено, денес се регистрира и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123122. Министерството за здравство информира дека со зголемување на капациетети за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е  рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на Ковид-19.Од Министерството за здравство информираат дека мерките за заштита од ковид-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат. Граѓаните  се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи.Уште еднаш апелираме до граѓаните, без исклучок да продолжат да се придржуваат до трите правила - носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете. Само заеднички можеме да се избориме со ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

Македонија | пред 5 години

1-2

Во јули и август санкционирани 1529 мотоциклисти

Секторот за сообраќајни работи во Одделот за униформирана полција при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Северна Македонија во текот на јули и август 2020 година спроведе зајакнати акциски контроли за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.Во текот на акциските контроли се констатирани 1529 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.Исто така, при контролите задржани се 23 мотоцикли за утврдување на техничка исправност, при што кај 12 мотоцикли се откриени технички недостатоци, а еден мотоцикл е привремено задржан, кој е предмет на сомнение за сторено кривично дело.

Македонија | пред 5 години

trifun

(ВИДЕО МИА) Костовски: Доколку стечајот се активира ќе поднесиме тужби до Народна Банка и Република Македонија

Прес-конференција на  Трифун Костовски, акционер во Еуростандард Банкаhttps://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/804663663607137/?v=804663663607137&notif_id=1597414075612707&notif_t=live_video

Македонија | пред 5 години

mavrovka-objekt

И на вториот распишан тендер за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“не се јави ниту една фирма

И на вториот тендер распишан од Општина Чаир за уривање на дивоградби не се јави ниту една фирма. На тендерот кој траеше до вчера не стигнала ниту една понуда, па Комисијата за јавни набавки во Општината го поништила тендерот и со тоа пак не е избрана фирма која треба да ја отстрани дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“, објави САКАМДАКАЖАМ.МК .„В понеделник со одделението за јавни набавки на Општината ќе имаме состанок за да видиме како според Законот за јавни набавки да постапиме, за да можеме да избереме фирма за уривање, а да не ни се случуваат и во иднина неуспешни тендери“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Општина Чаир.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Скопје | пред 5 години

korona6

Денеска се регистрирани 160 нови случаи на ковид 19, починати сe 3

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12515,  бројката на оздравени пациенти е 9030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2950. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5325, активни 986• Куманово 1233, активни 243• Дебар 224, активни 65• Штип 1027, активни 293• Прилеп 352, активни 32• Тетово 1123, активни 156• Струга 503, активни 169• Велес 241, активни 28• Битола 179, активни 78• Охрид 305, активни 78• Кавадарци 147, активни 106• Гостивар 623, активни 264• Гевгелија 27, активни 9 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)• Струмица 49, активни 20• Крива Паланка 28, активни 5• Радовиш 36, активни 8• Крушево 16, активни 2• Кочани 128, активни 34• Пробиштип 67, активни 18• Демир Хисар 53, активни 34• Македонски Брод 63, активни 48• Пехчево 8, активни 2• Берово 12, активни 7• Валандово 8, активни 2• Виница 44, активни 39• Делчево 7, активни 2 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 3• Свети Николе 258, активни 67• Кичево 234, активни 133• Ресен 146, активни 9• Неготино 34, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2172 теста се преку: ИЈЗ-851, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-356, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-267, Систина со PCR метода -264, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-102, Инфективна клиника-8, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 123122 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 пациенти суспектни.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 138• Аеродром - 125• Бутел - 66• Гази Баба - 112• Центар – 86• Карпош – 103• Сарај – 35• Кисела Вода – 81• Ѓорче Петров – 69• Студеничани – 32• Шуто Оризари – 67• Арачиново – 18• Илинден – 17• Петровец – 5• Чучер Сандево – 9• Сопиште – 12• Зелениково- 6• Странец – 3• Нераспределен - 2

Македонија | пред 5 години

marihuana2

Марихуана, амфетамин и кокаин пронајдени кај битолчанец кој престојувал во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(23) од Битола, поради постоење основи насомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет нанаркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 31.03.2020, при претрес во домот каде престојувал пријавениот, на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и кокаин.

Македонија | пред 5 години

dograma

(ФОТО) Нова дограма за училишната работилница во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

Деновиве се изведуваат работни активности за промена на дограмата во училишната работилница во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од Министерството за образование и наука во соработка со Општина Охрид, како дел од Проектот за поставување на современа енергетски ефикасна фасада на училишниот објект.Градежни активности за поставуавње на новата фасада се одвиваат интензивно и до сега е извршено фасадирање на една половина од објектот. Претходно, во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ беше извршена промена на покривот, беше поставена нова дограма на целиот објект, беа реконструирани таваните во сите училишни простории и беше поставено ново лед осветлување.Според планираното, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на подовите во сите училници и ќе се врши комплетна реконструкција на внатрешните ѕидови на целиот објект. 

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Четири лица повредени кога возило излета од патот кај Пирок

Вчера, во 12.40 часот, било пријавено дека на локалниот пат с. Пирок – с. Раковец, патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б. К. (49) од с. Камењане, излетало од патот.Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот Ј. С. (41) од с. Пирок, а телесни повреди добиле другите сопатници А. С. (46), А. С. (66) и М. С. (67), сите од с. Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 5 години

tabanovce

И за во Србија задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи кризниот штаб. Одлуката важи за Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и за Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат во сила од утре.ПЦР-тест не е потребен за српските државјани што доаѓаат од земјите во соседството.

Македонија | пред 5 години

Pavle-Bogoevski-10

Богоевски: Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во „Еуростандард“ Банка

Поранешниот пратеник во Собранието Павле Богоевски на својот профил на Фејсбук напиша дека партијата Левица има повеќе од 30.000 евра во пропаднатата банка „Еуростандард“, што се гледа од партиската сметка на изборите, која е со кодот на банката.„Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка,“ вели Богоевски во објавата, која е своевиден одговор на денеска соопштените заложби на лидерот на Левица Димитар Апасиев за „антилихварско законодавство“.„Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“.Да се разбереме – пропаѓањето на Еуростандард е трагедија која ќе ги влоши и искомплицира животите на голем број граѓани кои имаат заштедено во банката и ќе ја загрози ликвидноста на голем број фирми. Дополнително, Менаџментот и тимот на Еуростандард низ годиниве имаат донирано огромни пари во хуманитарни цели и имаат помогнато на голем број луѓе и ако ништо друго – од тој аспект ми е жал што повеќе нема да бидат на сцената и што броен и професионален кадар ќе треба да бара нови работни места.Ама друштво – парите на ВИСТИНСКАТА работничка класа, таа што нема депозити поголеми од 30.000 ЕУР – се заштитени и ќе бидат директно обесштетени. Сретствата ќе може да си ги побараат и останатите доверители преку стечајната маса, ама за жал тоа ќе оди подолго и потешко. Тоа е реалноста.Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и’ требаат тешко заработените пари на граѓаните???Во меѓувреме со најавените реформи на банкарскиот сектор димче ќе може само да се слика и да држи пресови – бидејќи тој текст никогаш нема да биде преточен во Закон. И тој го знае тоа, ама не му е важна ниту реформата, ниту граѓаните – туку само публицитетот кој ќе си го добие пенавејќи се на сметка на „лошите капиталисти“.А да – очигледно и многу му е гајле за парите на обесправените граѓани, се’ додека тој лично е „најобесправениот,“ напиша Богоевски.https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10222086723300165

Македонија | пред 5 години

alijansa-za-albancite

Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА: Немаме преговори за учество во Влада

Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА е денеска тука, каде после поделувањето на мандатот за формирање на новата влада, да се произнесеме околу овие настани и да се изјасниме во врска со актуелната политка во земјава.Во врска со ова, сакаме да ја известиме јавноста  дека ние не сме имале ниту една официјална средба и ниту друга средба на тема за учество во новата влада и нема да да преговараме пред легалниот, но нелегтимен победник на изборите, во албанскиот камп, односно ДУИ,  да го исцрпи правото за да биде дел од идната влада. Јавноста треба да знае дека заврши времето кога албанците се туркаа пред вратата на влада, кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот.Иако сме легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери.Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде Премиер, ние со нашите 12 Пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партиа нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција.Кога сме веќе тука, сакаме да ве изветиме и за средбата на Тркалезната Маса на Парламентарните Албански Партии. И покрај неоснованите и навредливите зборови на Претедателот на ДУИ кон нас, кои не се новости во нејзиниот речник, сакаме да соопштиме дека ние на 07.08.2020 година, ја примивме поканата за учество и на 10.08.2020 година, на истата позитивно сме одговориле, барајќи истата да се одложи за неколку дена и да се одреди дневниот ред на средбата. Но наместо пролонгирање на датумот, тие што не поканеа ни одговориа истиот ден, после нашето писмо, одредувајќи го дневниот ред, но без пролонгирање на датумот на средбата. Од таква наметнета позиција, нас ни се одзема можноста да учествуваме на таа средба, и подтекстот на ова покана било ние да не учествуваме и средбата да не се одржи. Како и да е, без оглед на ова ние посакуваме Тркалезната Маса на Парламентарните Албански Партии да продолжи, како инструмент за координација на албанските ставови во Република Северна Македонија, и во иднина да се надминат ови пречки.За крај, уште еднаш ве повикаме кратко и јасно „Или Насер Зибери Премиер, или одете во опозиција„

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев и Кекеновски на средба со германскиот заменик амбасадор Граф: Недозволиво е фалсификувани избори во земја кандидат за членство во ЕУ

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ остварија средба со Ото Граф, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија.На средбата, Бачев и Кекеновски го запознаа соговорникот со изборниот фалсификат на 15 јули и планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите изготвен од власта во Скопје и нејзините странски ментори. Бачев и Кекеновски изразија задоволство и се заблагодарија што можат изворно да го запознат соговорникот со тешкиот изборен фалсификат на 15 јули, бидејќи, пред една недела Зоран Заев на средбата со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Анке Холштајн, брутално ја излажа дека на 15 јули изборите биле фер, слободни и демократски.Бачев и Кекеновски на соговорникот му приложија писмени докази од кои се гледа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш севрена - само Македонија“ на изборите морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена и ги пренесоа причините и планот на власта и нејзините ментори од странство кој го спроведе нивната инсталација - Државната изборна комисија за тешкото изборно злосторство врз Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“.Истовремено, Бачев и Кекеновски пренесоа дека е недозволиво во земја кандидат за членство во ЕУ да има фалсификувани избори и дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да го признае фалсификуваниот изборен резултат од 15 јули, а правната битка за вистината и целосна сатисфакција продолжува пред судот во Стразбур.Заменик - амбасадорот Граф изрази задоволство што може да слушне мислење за изборите  од повеќе учесници во изборниот прцес и дека е добро со документите кои укажуваат на неправилности и фалсификат на изборите да се запознае ОДИХР и ОБСЕ пред изготвувањето на нивниот финален извештај за изборите на 15 јули.Двете страни се согласија дека е важно во земја која претендира за членство во Европската Унија да има фер, демократски и чесни избори.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања