Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Во болницата во Чаир евидентирано зголемување на бројот на породувања

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година.Од почетокот на оваа година, до крај на јули, годинава, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на овој период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања.Од болницата информираат дека и во услови на КОВИД  работата во оваа болница тече регуларно, односно болницата ги спроведува породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.-Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од Ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор. Исто така, е задолжително носење заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот, информираат од Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.Инаку, по 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во болницата во Чаир, а значајна новина е и гасификација на оваа јавна здравствена установа.И во услови на пандемија со Ковид-19 продолжува унапредувањето на условите во сите јавно-здравствени установи и подобра здравствена грижа за сите граѓани.

Македонија | пред 5 години

soobra-2

(ФОТО) Тешка сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум, загина млад битолчанец

Синоќа околу 01.40 часот по полноќ се случила  тешка сообраќајна незгода во која едно лице починало, а неколкумина се тешко повредени. Несреќата се случила на на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“.Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале автомобил „цитроен Ц3“, со битолска регистрација, управуван од 27-годишен битолчанец, „голф“ со охридска регистрација, управуван од 23-годишник, од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепска регистрација, управуван од 26-годишен возач од прилепското село Мало Коњаре.Со тешки повреди се здобиле и сопатници во неговото возило: лица на возраст од 27 и 23 години од Битола и Струга. Тие биле примени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Тешко повредено е уште едно лице од Битола, но тоа е задржано во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Таму била згрижена и сопатничка од истото возило, 25-годишна скопјанка, која се здобила со телесни повреди.https://www.facebook.com/pozarnaohrid/photos/pcb.2759775880788802/2759775680788822/?type=3&theaterВо истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и 23-годишна охриѓанка, сопатник во возилото „голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „голфот“ и сопатник од Охрид.На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Македонија | пред 5 години

migranti

На регионалниот пат Неготино- Градско,во камион пронајдени 80 мигранти, возачот приведен

На 15.08.2020 во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино- Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки.Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од с.Визбегово, скопско. При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти (79 од Пакистан и едно од Еритреја).Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторенокривично дело по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар„Винојуг“ - Гевгелија.

Македонија | пред 5 години

marihuana2

Кај штипјанец во Калишта пронајдена марихуана

На 16.08.2020 во 00.35 часот во близина на хотел во с.Калишта, струшко, полициски службеници од Полициска станица Струга го лишиле од слобода Д.М.(22) од Штип, затоа што кај него билапронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјанец приведен во Струга, полицијата кај него пронашла кокаин

На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

Preeksponirano

Утре ќе биде затворен за сообраќај стариот пат Охрид – Струга, се снима филмот “ПРЕЕКСПОНИРАНО”

Продуцентската куќа ДНФ ФИЛМС е во фаза на продукција на игран филм со наслов“ПРЕЕКСПОНИРАНО”. Филмот е во режија на Елеонора Венинова и е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина.ДНФ Филмс ја известува јавноста дека поради снимање на дел од филмот, на ден понеделник 17.08.2020 од 6 часот наутро до 15 часот, регионалниот пат P1208 – делница: Охрид – Струга (стариот пат) ќе биде затворен за сообраќај во двата правци, а сообраќајот пренасочен.

Македонија | пред 5 години

bogov

Богов: Со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“, ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, се отстрани слабата алка

Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, изјави за МИА претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.Знаејќи ја ситуацијата во „Еуростандард банка“ во изминатите години, вели тој во изјавата за МИА, јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.– Со одземањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.– За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со „Еуростандард банка“ и да го намалат нивото на лошите кредити, истакнува Богов за МИА.

Македонија | пред 5 години

skolo

Додека сите чекаат план за онлајн настава - вработените во Бирото за развој на образованието на колективен одмор!

Над 200 вработени во Бирото за развој на образованието и директорот си отишле на колективен годишен одмор без да ја изработат програмата за скратен наставен план за основните и средните училишта, на која чекаат илјадници наставници и професори за новата учебна година која, според последниот предлог од Комисијата за заразни болести, ќе биде онлајн за најголем дел од учениците.САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека Министерството за образование и наука (МОН) таа задача на Бирото за развој на образованието му ја дала уште во април. Но, до денеска Програма за скратен наставен план за сите предмети во основните и во средните училишта, нема.Веќе требало да течат обуки за онлајн предавања, за интеракција со учениците и средношколците, како и за начинот на вреднување на нивните резултати, но и тоа не го направиле вработените во Бирото и директорот Зекирија Хасипи.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Наскоро ќе се презентира нов план за дополнителни рестрикции

Планот за дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број на пациенти или се потенцијален ризик наскоро ќе биде промовиран, кажа министерот за здравство Венко Филипче во интервју за порталот „МКД“. Тој додаде и дека здравствениот систем се подготвува за сценарија со повеќе пациенти наесен, но се надева оти луѓето ќе се придржуваат до превентивните мерки.Според Филипче, меѓу можните мерки би можеле да бидат враќањето на полицискиот час, затворањето на училиштата и угостителските објекти, како и забраната за собири, со што од голема важност во планот за рестрикции би бил регионалниот пристап.Филипче се осврна и на организирањето на наставата во претстојната учебна година. Тој смета дека децата до трето одделение треба да одат во училиште, додека другите би можеле да следат онлјан-настава, според предлогот на Комисијата за заразни болести. Но, додава дека треба да постои и онлајн модел, доколку има родители што не се согласуваат.

Македонија | пред 5 години

MEGA4264

Чеку: Баховите шест свити прилагодени за гитара се мојот лајтмотив во животот и без нив не одам никаде

Специфичен сензибилитет, експресивност, како и волшебна интерпретација на дела за гитара донесе вчеравечер на „Охридско лето“ косовско-хрватскиот гитарист Петрит Чеку.Посебен и свој, ненаметлив, младиот гитарист со овој концерт што се одржа во предворјето на црквата „Света Софија“ уште еднаш докажа дека со право го заслужува досегашниот епитет „солист со највисоки перформанси“.-Ова е еден од ретките концерти што ги имам за време на пандемијата. Целиот распоред ми е откажан и затоа многу ми значи настапот во Охрид. Ова е еден од трите мои концерти што ги одржав годинава. Овој фестивал многу значи за секој музички уметник и ужива високо реноме во светот на класичната музика, рече Чеку.Изминатите месeци кога заради прогласувањето пандемијата на корона вирус, уметниците беа приморани да ги откажат своите концерти, Чеку ги искористил за создавање нови аранжмани на делата од познатите композитори, а дел од нив ги изведе и пред публиката на „Охридско лето“.-И програмата со која настапив на „Охридско лето“ на некој начин е поврзана со пандемијата. Годинава славиме 250 години од раѓањето на композиторот Лудвиг ван Бетовен а јас направив еден аранжман  на неговата најлесна соната за клавир, „Соната фачиле“ бидејќи единствено таа беше соодветна за да се отсвири на гитара.Покрај неа, направив обработка на Моцартовата многу емотивна „Фантазија во d-moll“  што ја изведов пред овдешната публика. Оваа обработка ја работев во деновите кога се случи земјотресот во Загреб, и веројатно во таквата несреќа, утеха најдов во музиката на Моцарт и Бетовен. Покрај овие композиции донесов и една Бахова свита за виолинчело, обработена за гитара. Всушност Баховите шест свити прилагодени за гитара се мојот лајтмотив во животот и без нив не одам никаде, раскажа  познатиот гитарист Петрит Чеку.Во вториот дел од концертот во предворјето на црквата „Света Софија“, извонредниот гитарист  ги изведе Шубертовите шест песни мајсторски обработени од композиторот и гитарист Јохан Каспар Мерц кој живеел во времето на Шуберт.Публиката која покажа голем интерес за вчерашниот концерт за кој се бараше карта повеќе, уживаше и во праизведбата на „Омаж за Марко Ружџак“ од познатиот композитор и гитарист Горан Листеш.Иако најголемиот дел од концертите на Чеку за годинава се откажани, младиот и скромен музичар од Призрен, од почетокот на пандемијата досега,  освен што создал бројни аранжмани за гитара, го подготвува и неговиот нов репертоар.-Не го трошев залудно времето. Се занимавав со обработки за гитара. Направив многу аранжмани за гитари,а првпат за една гитара, зашто вообичаено правам обработки за трио и квартет. Времето го користев за да го вежбам новиот репертоар, а бев еден од првите уметници што одржа онлајн концерт, на 13 март. Сепак, онлајн изведбата и концерт во живо не е исто, и токму затоа ми  посебно драго што сум овде, на „Охридско лето“, рече Чеку.Петрит Чеку веќе 18 години живее во Загреб, а предава  камерна музика за гитара  на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац.  Иако концертира насекаде низ светот, како што кажа, секоја пригода ја користи да настапи и во родниот Призрен, а не ретко и со хуманитарни концерти што ја потврдува неговата човечка топлина и сесрдност.

Македонија | пред 5 години

Kameleon

Вечерва Езерска РОК симфонија со Камелеон и пријателите во Охрид

Концерт на вода, музика на душа... Вака организаторите го најавуваат големиот концерт на охридската група Камелеон, кој ќе се одржи вечерва на Градското пристаниште во Охрид.Пред публиката ќе бидат изведени 17 песни, меѓу кои и две нови, кои ќе бидат промовирани токму вечерва. Песните се со нови аранжмани, а ќе бидат презентирани заедно со Камерниот оркестар од Битола и хорот Vox Lychnidos. Специјални гости на вечерта ќе бидат Ѓоко Танески, Жармена, Теодор Љушкоски, Горан Папаз и Никола Тони.Посебна убавина на вечерашниот настан ќе му даде и самата организација на концертот, затоа што истиот ќе може да се следи од вода, односно публиката ќе биде на некој од охридските бродови или катамарани, од каде ќе ужива во музиката. Бројот на билетите е ограничен, па затоа сите кои сакаат да бидат дел од овој настан можат да го резервираат својот билет: брод „Армада“ 075/420-401, брод „Галеб“ 070/307-359, бродови „Александрија 1 и 2“ 077/854-758, брод „Кристина“ 078/816-766 и катамарани 078/697-031. Цената за следење на концертот од брод е 300 денари, а од катамаран 600 денари.Езерската РОК симфонија ќе има и хуманитарна нишка, ќе се собираат средства за охриѓанецот Трајан Целески- Тачо.Концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани.

Македонија | пред 5 години

dozd

Денеска пртпладне сонце попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од таму посочувааат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и локална појава на град.Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 25 до 31 Целзиусов степен. УВ индексот ќе изнесува 7.Од понеделник до четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

19 позитивни на коронавирус во болницата во Демир Хисар

Во Психијатриската болница Демир Хисар во моментов има вкупно 296 пациенти. Од нив, по тестирањето на 58 пациенти, позитивни на ковид-19 се 19 пациенти од три одделенија, информираат за Телма од Министерството за здравство.Што се однесува на возрасната група на заболените, еден пациент е на 27 годишна возраст, а останатите пациенти се на возраст од над 55 години.Според информацијата од Министерството за здравство од 19-те позитивни пациенти, еден пациент е починат на 73-годишна возраст во Градската општа болница „8 Септември“.

Македонија | пред 5 години

missing

Исчезна 19-годишно момче од Тетово

На 14.08.2020 во СВР Тетово, М.Т.(42) од Скопје, со живеалиште во Тетово, пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син А.Т.(19).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 5 години

Brat-ahmeti

(ВИДЕО) Братот на Ахмети: Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни

„О Албанци, соберете се денес за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии. Не се карајте, не се разделувајте оти непријателите тоа и го очекуваат, но братството чувајте го и нека цркнат во сопствениот инает. Не ги слушајте што велат тие дека сме исто племе со нив, така тие се навикнати да доминираат секогаш, тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат. Албанецот, велат дека не може да биде цивилизиран, затоа што нема јазик за пишување. Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност. Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била. Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни. Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег“ - рече братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави ТВ 24.Извор: ТВ 24

Македонија | пред 5 години

Pcenica

Украдена пченица од ЗК “Пелагонија“-Битола во вредност од 50.000 евра

Од 200 до 240 тони пченица биле украдени од парцели во сопственост на ЗК Пелагонија.-Завчера во 14.00 часот во СВРБитола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица. Според пријавеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра, се вели во полицискиот билтен.За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

cad-atina

Голем пожар во фабрика за рециклирање пластика во Атина, се шири опасен чад

Гори фабрика за рециклирање пластика во предградието Метаморфоси во северниот дел на Атина. Затворен е дел од автопатот кон Ламиа, а особена загриженост предизвикува густиот отровен чад.Oсвен што соопштија упатства до граѓаните, oд Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, испратија порака до мобилните телефони на жителите на Атина преку бројот за итни случаи со која предупредуваат за опасниот чад.Во гаснењето на пожарот интервенираат 49 пожарникари со 14 возила, два хеликоптери, волонтери и цистерни од општината.

Македонија | пред 5 години

tepacka-4

Физички нападнат адвокат

А.О. (38), адвокат од Скопје, пријавил дека во неговата адвокатска канцеларија бил физички нападнат од Г.Д. (49) и Ф.Д. (44).Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 141 нови случаи на ковид 19, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-19, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-16, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од: Скопје-25, Штип-33, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-2, Битола-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Кичево-11.Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653,  бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991. Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5373, активни 1007• Куманово 1252, активни 262• Дебар 226, активни 67• Штип 1042, активни 275• Прилеп 358, активни 37• Тетово 1129, активни 152• Струга 521, активни 187• Велес 243, активни 28• Битола 183, активни 75• Охрид 307, активни 80• Кавадарци 148, активни 106• Гостивар 625, активни 266• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)• Струмица 49, активни 20• Крива Паланка 28, активни 5• Радовиш 37, активни 9• Крушево 16, активни 2• Кочани 128, активни 34• Пробиштип 69, активни 19• Демир Хисар 53, активни 32• Македонски Брод 65, активни 49• Пехчево 8, активни 2• Берово 13, активни 8• Валандово 8, активни 2• Виница 46, активни 41• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 3• Свети Николе 258, активни 66• Кичево 236, активни 124• Ресен 146, активни 9• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2006 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-180, Биотек-401, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-358, Систина со PCR метода -312, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-98, Инфективна клиника-12, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 125128 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 143• Аеродром - 122• Бутел - 66• Гази Баба - 121• Центар – 88• Карпош – 106• Сарај – 35• Кисела Вода – 82• Ѓорче Петров – 70• Студеничани – 32• Шуто Оризари – 67• Арачиново – 18• Илинден – 14• Петровец – 6• Чучер Сандево – 9• Сопиште – 12• Зелениково- 6• Странец – 3• Нераспределен - 7

Македонија | пред 5 години

hristijan

(ВИДЕО) Потребно е да се подигне свеста за органодарителство, како живеел некогаш а како сега Христијан

„Потребно е да се подигне свеста за органодарителство, затоа што секој орган може да спаси нечиј живот. Мојот живот беше спасен од страна на татко ми, кој го даруваше неговиот бубрег за да продолжам квалитетно да живеам. Ми се даде шанса за втор живот. По трансплантацијата сум посреќен и помотивиран. Имам повеќе време да се грижам за себе и да поминувам повеќе време со семејството и пријателите“, вели деветнаесет годишниот Христијан, пациент со трансплантиран бубрег, овјави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/2657079031207741/?v=2657079031207741

Македонија | пред 5 години

nbrm-narodna-banka

Народна банка: Сите мерки што ги презедовме за „Еуростандард“ банка беа за заштита на депонентите

Народната банка соопшти дека во врска со, како што наведува, невистините и клеветите изнесени од страна на сопствениците на „Еуростандард банка“ АД Скопје, во рамки на нивните настапи по донесување на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на Банката, ќе ги употреби расположливите правни средства за заштита на нејзиниот интегритет.Оттаму велат дека сите мерки коишто ги презеле биле во насока да не се дозволи „Еуростандард банка“ АД Скопје одново да презема ризици, а без соодветен капитал за нивно покривање, коишто би биле на штета на депонентите и доверителите.Додаваат дека со одлуката за ограничување на кредитирањето, заштитени се депозитите на депонентите.„ Ако не се стореше тоа, Банката, депозитите на граѓаните и компаниите ќе можеше да ги пласира во кредити, а без да има доволен капитал. Народната банка мораше и на овој начин да ги заштити граѓаните и компаниите – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје и го стори тоа.Од НБРСМ додаваат дека сопствениците имаат законска обврска да обезбедат капитал за покривање на загубите на банката.„ Со вложениот капитал од сопствениците во 2019 година, Банката ги достигна минималните законски барања кои од денешна перспектива значат обезбедени дополнителни 11 милиони евра капитал во билансот на Банката. Сопствениците не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година, ниту изнесоа издржано и реално решение за пренесување на сопственоста на инвеститор којшто би извршил докапитализација на Банката во обем и со динамика кои би овозможиле нејзина одржливост, со оглед на состојбата во која Банката се наоѓаше.Стручните служби и раководството на Народната банка, свесни за сериозноста на состојбата во Банката, но и за поширокиот контекст на пандемијата на ковид-19, вложија максимални напори, во законски рамки, да се изнајде поповолно решение. Во интензивната комуникацијата со сопствениците, Народната банка постојано јасно укажуваше на сериозноста на состојбата во којашто се наоѓаше Банката и инсистираше на итна докапитализација, потенцирајќи дека ако не се случи докапитализација, Народната банка ќе нема друг избор освен преземање на најстрогата мерка – укинување на дозволата за основање и работење на Банката.Народната банка е независна институција и при вршење на своите законски утврдени цели и задачи која во своето работење се води исклучиво од законите кои подеднакво важат за сите.Граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците“ се наведува во реакцијата на НБРСМ.

Македонија | пред 5 години

2

Димитриеска Кочоска: Пропаднатата Еуростандард банка докажува дека била спречена нејзина продажба и дека нејзиниот имот е атрактивен за одредени кругови на власта

Излегувањето во јавноста и информациите изнесени од сопственикот на пропадната Еуростандард банката отвораат три крупни дилеми, истакна на денешната пред конференција Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.Првата, кои се тие субјекти кои пред време знаеле за пропаѓањето на банката со оглед на тоа што самиот сопоственик на банката посведочи дека во последниот период поголеми банкарски депозити биле изнесени од банката.Јавноста е веќе запознаена дека меѓудругото и министерката за финансии на само месец и половина пред пропаѓањето ги извадила и последните депозити од самата банка. Кои се другите субјекти кои ги повлекле самите депозити?Втората крупна дилема е дали е направено се за да се спаси банката, со оглед на тоа што сопственикот вели дека за истата биле заинтересирани и странски инвеститори.Третата крупна дилема која ја отвора сопственикот на банката е нејзиниот имот. Дали недвижниот имот станува атрактивен за одредени кругови на власта?Значи пропаднатата Еуростандард банка, вториот ТАТ докажува дека биле вадени банкарски депозити пред пропаѓањето, дека била спречена нејзина продажба и дека нејзиниот имот е атрактивен за одредени кругови на власта.Со овој најнов случај се продолжува праксата на измамени штедачи, пропаднати бизниси и удари врз финансиските текови.Поразителната статистика говори дека над сто илјади сметки се замрзнати. Во моментот толку правни и физички лица не може нормално да управуваат со своите финансиски средства.Над 55 илјади пензионери и приматели на социјална помош остануваат без своите приходи.Следуваат неколку стотина отпуштања, и силен удар за Mакедонски пошти.Дваесетина милиони евра остануваат непокриени.Се уште нема одговор од владата и НБРМ зошто не е вклучен црвениот аларм кога веќе се знаело дека адекватноста на капиталот на банката паднал под законскиот минимум пред  уште една година.Сите овие бројки говорат дека Владата и припреди на државата уште еден сериозен финансиски удар. Станавме единствена држава во регионот каде банка пропаѓа и каде се покачуваат сметки за струја во време на силна економска криза, истакна  Димитриеска Кочоска.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19, објави денеска агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на министерството за здравство.Русија соопшти дека вакцината која ја разви московскиот институт „Гамалеј“, е прва која ќе се произведува во светот. На пазарот би требало да се најде кон крајот на овој месец.Некои научници рекоа дека се плашат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста, наведува Ројтерс. 

Македонија | пред 5 години

anticki

(ВИДЕО) „Корона чао“ се пееше во еден глас на Антички театар

Концерт за паметење на антички театар. Станува збор за првиот концерт на Драган Спасов-Дац и Александар Митевски кој ги расположи сите. Посетителите неколку часа уживаа во изведбата на познати македонски и странски евергрини, преработки од композиции, но и со стиховите од Блаже Коневски и Ана Бунтевска.Актерот и композиторот кои сега се музичко дуо ги изведоа „Љуби ме, и главата горе“ во чест на здравствените работници, „Како Вардар ќе дотечам“ од Зафир Хаџиманов, „За добра стара времена“ од Нови Фосили па се до „У свјету постои једо царство“ од Бранко Коцкица. Најочекуван и најгромогласно поздравен беше хитот „Корона чао“ кој се пееше во еден глас заедно со публиката. Дац и Митевски ја изведоа и ,,Цреши охридски” со која настапија на ,,Охридски трубадури”.Концертот се одржа со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, одржувајќи дистанца и со маски на лицата.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/396884204618117/

Македонија | пред 5 години

migranti

Штипјанец фатен како превезува 43 мигранти во камион

Вчера на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, но возилото не застанало.По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници.Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан. За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања