Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

w_56083030

Денеска се регистрирани 103 нови случаи на ковид 19, починати сe 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-13, Куманово-26, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-3, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-15, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Демир Хисар-7, Берово-1, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти од: Скопје-60, Штип-17, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-19, Битола-2, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-11, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-3, Виница-10, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Ресен-2.Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12840,  бројката на оздравени пациенти е 9361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2932. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5418, активни 953• Куманово 1289, активни 298• Дебар 226, активни 67• Штип 1048, активни 260• Прилеп 365, активни 40• Тетово 1141, активни 151• Струга 521, активни 167• Велес 243, активни 27• Битола 184, активни 74• Охрид 309, активни 66• Кавадарци 158, активни 103• Гостивар 660, активни 289• Гевгелија 31, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 6 на Богданци)• Струмица 52, активни 23• Крива Паланка 30, активни 5• Радовиш 38, активни 10• Крушево 16, активни 1• Кочани 128, активни 29• Пробиштип 69, активни 17• Демир Хисар 60, активни 37• Македонски Брод 65, активни 45• Пехчево 8, активни 2• Берово 15, активни 6• Валандово 7, активни 1• Виница 51, активни 36• Делчево 10, активни 5 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 1• Свети Николе 261, активни 61• Кичево 240, активни 126• Ресен 146, активни 7• Неготино 36, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 912 теста се преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-33, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Систина со PCR метода -135, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-11, ГАК-7, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 127196 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 134• Аеродром - 123• Бутел - 66• Гази Баба - 124• Центар – 87• Карпош – 98• Сарај – 33• Кисела Вода – 70• Ѓорче Петров – 65• Студеничани – 30• Шуто Оризари – 58• Арачиново – 17• Илинден – 12• Петровец – 7• Чучер Сандево – 10• Сопиште – 10• Зелениково - 4• Странец – 3• Нераспределен - 2

Македонија | пред 5 години

eurostandard

НБ: Се преземаат мерки за побрзо обесштетување на депонентите и доверителите од „Еуростандард“

По известувањето од Основниот граѓански суд Скопје дека е усвоен предлогот за отворање на стечајна постапка над „Еуростандард банка“ АД Скопје и дека е определен стечаен управник, Народната банка ја известува јавноста дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности коишто во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност. Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите, се вели во соопштението од Народна банка.           Ги известуваме граѓаните коишто на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку „Еуростандард банка“ АД Скопје за плаќање на сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД „Пошта на Северна Македонија“ дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.           Тимот на Народната банка е максимално посветен и за да придонесе за што побрзо завршување на сите административни процедури поврзани со исплатата на обесштетувањето на депозитите на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, се вели во соопштението од Народна банка. 

Македонија | пред 5 години

opstina-prezentacija

Презентација на смарт безбедносни системи во Општина Охрид

Современи софтвери, креативни паметни решенија и безбедносни платформи за надзор, кои се користат во различни сегменти на урбаното живеење во светските метрополи, денеска беа презентирани во Општина Охрид од страна на компанијата „Dahua Technology“ од Белград, Србија.Во рамки на презентацијата, посебен акцент беше ставен на смарт-безбедносните системи за видео контрола, кои може да се применуваат во Охрид, во делот на евиденција на градските паркинзи, посовремено организирање на сообраќајниот режим во стариот дел на градот и подобрување на безбедностa во сообраќајот, на дел од критичните точки на градските улици.Исто така, беа посочени сите позитивните искуствата и продобивки од имплементацијата и користењето на овие системи на локално ниво, во повеќе балкански држави. 

Македонија | пред 5 години

grigor-2

Се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“ во Охрид

Деновиве со поддршка на општина Охрид се уредуваат  основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“.  Со активностите е опфатено варосување на училниците и кабинетите, варосување на надворешните ѕидови и естетско уредување на училниците.После завршување на активностите за уредување на овие две училишта, ќе се продолжи со уредување на останатите основи и средни училишта во Охрид.

Македонија | пред 5 години

nina

Антикорупциска отвори предмет за министерката Ангеловска

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе испитува дали има судир на интереси во врска со постапувањето на министерката за финансии Нина Ангеловска со средствата кои ги имала во Еуростанандард банка, пред таа да биде ставена во стечај. Предметот е отворен на иницијатива на ДКСК со цел да се расчисти случајот кој предизвика реакции во јавноста, како што објавува МИА.Од ДКСК велат дека не станува збор за кривично дело, туку за неетичко постапување доколку министерката имала информации за пропаѓањето на банката, што допрва треба да се утврдува. Проблем би било, појаснуваат од Антикорупциска, доколку Ангеловска имала таква информација и таа понатаму ја ширела до други лица за да ги повлечат парите. 

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Ауди со 12 мигранти удрило во запрено товарно возило, двајца загинаа, другите повредени

Синоќа во 22:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучка Радовиш, патничко возило „ауди Q7“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, во кое се превезувале 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР.На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во периодот од 22:40 до 23:40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат, соопшти полицијата.

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Шилегов: Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција

ФБ статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов:-Дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта - Скопје денес е разрешен од досегашната фунција.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Директорот на „Улици и патишта“ уапсен со кокаин!

Директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, – објави Лидер.Како што пишува Лидер, при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник.На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.Извор Лидер

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 0,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Според РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 59,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 61,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ 52 денара.Екстра лесното масло за домаќинство и натаму ќе чини 52 денара за литар.Зголемување ќе има само кај малопродажната цена на мазутот, за 0,244 денари, која од ноќеска на полноќ ќе изнесува 26,365 денари за килограм. 

Македонија | пред 5 години

klinika

Преку МојТермин, јавните здравствени установи почнаа со креирање термини за прегледи и интервенции во септември

Министерството за здравство информира дека согласно епидемиолошката состојба со вирусот КОВИД-19 во државата, веќе може да се закажуваат регледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и интервенции во септември.Согласно изготвениот план за работа, а во соработка со Управата за електронско здравство, ќе бидат повикувани пациентите чии прегледи беа откажани изминатиот период. Исто така, сите елективни хируршки програми, кои беа претходно одложени поради состојбата со пандемијата од КОВИД-19, ќе бидат реализирани согласно изготвените планови и протоколи на стручните колегиуми.Закажаните прегледи ќе се спроведуваат согласно претходно подготвениот план и протокол за работа  на установата, со задолжително користење лична заштитна опрема од вработениот персонал на сите нивоа на здравствена заштита, почитување на физичка дистанца и  негрупирање. Воедно ќе се врши и задолжителна редовна контрола над примената на превентивните мерки и донесените протоколи за работа од назначеното одговорно лице за контрола на КОВИД-19 и комисијата за заштита од интрахоспитални инфекции, со цел да се спречи можната  трансмисија  на инфекцијата со вирусот.Во здравствената установа ќе биде дозволен влез на лица со специјалистички и супспецијалистички упат 15 минути пред закажаниот термин за преглед, при што ќе биде дозволен влез само на уште еден придружник. Задолжително е носењето заштитна маска на пациентот и придружникот при влез во здравствената установа на закажан преглед или прием на болничко лекување.Сите јавни здравствени установи се задолжени да постават дезинфициенси за раце при влезот во установата и тие да бидат поставени на видно место јасни насоки за пациентите, а одговорно лице од установата е задолжено да спроведува термален скрининг, епидемиолошка проценка и контрола на носењето лична заштитна маска на пациентите, како и одржување физичка дистанца во чекалните на амбулантите за преглед.

Македонија | пред 5 години

Mila

Се разгледува можноста да продолжи дуалното образование со примена на здравствени протоколи

Заменик-претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс, денеска одржаа онлајн состанок на којшто се разговараше за можностите за продолжување на практичната настава како дел од дуалното образование во компаниите во неколку градови низ државата во услови кога земјата и светот се соочуваат со Ковид-19.На состанокот беше заклучено дека е неопходно учениците од стручните училишта кои се дел од дуалната настава практичниот дел да го поминуваат во производствените погони, но под силни протоколи за здравствена заштита за што во наредните неколку денови треба да се донесе и конечна одлука. Компаниите веќе ги имаат воспоставено протоколите за заштита од Ковид-19 коишто треба само да се почитуваат, а бројот на ученици коишто ги посетуваат фабриките не е голем. Според наставниот план за учебната 2020-2021 година, учениците од втора година вклучени во дуалното образование поминуваат еден ден во неделата на практична настава, а учениците од трета година два дена.На состанокот, исто така, беше потенцирано дека повеќе компании коишто се веќе вклучени во дуалното образование се заинтересирани за спроведување на практичната обука во нивните производствени капацитети со што би се продолжила одличната соработка со нивните партнери училишта, но и обезбедувањето квалитетен и стручен кадар.Дуалното образование коешто е по германски модел кај нас се спроведува од 2017 година со поддршка на германското стопанство. Во дуалното образование се вклучени 10 компании и средни стручни училишта од пет града од државата, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 5 години

1783741-670x377

СДСМ: Постигнат е сериозен напредок во преговорите за нова Влада

За време на викендот и денес продолжија интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада.Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години.Имајќи ги предвид очекувањата за брз конечен договор, во текот на следните денови се надеваме дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.За сите нови информации од финалето на преговорите во јавноста ќе известуваат исклучиво официјални лица или прес службите на партиите, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 5 години

turkanici

(ФОТО) Турканици и нервоза! Сите што имале сметка во Еуростандард, сега пред другите банки

Уште од раните утрински часови пред речиси сите експозитури во Скопје, но и во целата земја, може да се забележат редици луѓе кои сакаат да отворат сметки во банките, откако претходно имале сметки во Еуростандард банката која беше затворена од страна на Народна банка, објави plusinfo.mk.Инаку, станува збор за пензионери, лицата кои земале плата преку Еуростандард, како и примателите на социјален и детски додаток, кои по затворањето на банката, веднаш тргнаа да отворат сметки во други банки.Текстот во целост на: plusinfo.mk.фото: plusinfo.mk.

Македонија | пред 5 години

MEGA4350-

Прекрасна вечер на саксофони на „Охридско лето“

За љубителите на класичната музика, фестивалот „Охридско лето“ синоќа приреди прекрасен концерт на гудачки инструменти со „Фукио саксофон квартет“ од Шпанија.Со нивната изведба и добро одбраниот репертоар, членовите на овој состав  ги задоволија вкусовите и на стручните лица од светот на класичната музика кои вообичаено ги има на секој фестивалски концерт.Публиката и синоќа си замина задоволна од она што имаше можност да го слушне, но и самите уметници кои се четворица пријатели, заминуваат по настапот на „Охридско лето“ со силни импресии и од настапот, и од она што го видоа во Охрид.-Во Охрид, и воопшто во Македонија сме првпат. Стигнавме петокот и добро беше што имавме можност да го видиме овој град, овие прекрасни глетки и превкусната храна. Првиот ден се одморивме и уживавме во убавините на градот, а следниот ден се почувствувавме инспирирани и вежбавме. Среќни сме што и покрај ситуацијата со Ковид-19, сепак дојдоа луѓе во публиката кои не ја изоставаат музиката, рече алт саксофонот, Хавиер Ларсон Паез.Од основањето  на овој состав во 2007 година, квартетот е интензивно посветен на истражувањето на камерната музика за саксофон.- Ние имаме многу разновиден репертоар кој вклучува и наши оригинални дела за саксофонски квартет. На фестивалот „Охридско лето“ се потрудивме да ги претставиме сите можности на  саксофонот, сите негови страни, изјави тенор саксофонот Хозе Мануел Бањулс Маркос.„Фукио саксофон квартетот “ изведе  дела од чешкиот композитор Антонин Дворжак, од шпанскиот композитор и пијанист Исак Албениц, делото „Фугата“ од Астор Пјацола, гудачки квартет од Мајкл Ниман,а на репертоарот беа и Интермецо бр.1 од мексиканскиот композитор Мануел Мариа Понсе во аранжман на Фукио квартетот, како и делото „Градови“ од композиторот Лаго.-Нашите планови за иднина како квартет саксофони се да продолжиме со музиката и се повеќе и повеќе да се усовршиме. И секако, да посетиме многу други убави места како Охрид, рече сопран саксофонот Жоакин Саес Белмонте.Шпанските музичари кои се обединети во еден од највозбудлиивите млади саксофон квартети во Европа, настапуваат во во голем број европски земји. Тие се активно посветени на порачки  на нова музика за нивната формација, а се насочени и кон образовната работа со млади, па често одржуваат мајсторски курсеви и работилници. 

Македонија | пред 5 години

1-fnk

Денеска започнува 10-тиот јубилеен фестивал за народна култура „Побрежење Вевчани“

Денеска во Вевчани започнува 10-тиот по ред Фестивал на народна култура ,,Пображење” во организација на Културно Уметничкото Друштво ,,Дримкол” од Вевчани. Оваа година поради пандемијата со Корона вирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и ќе се реализира под строги мерки и протоколи пропишани од министерството за здравство.Но, и покрај ваквата ситуација, организаторот во чест на десет годишниот јубилеј најавува програма како што му доликува на нивото на Вевчани и на овој фестивал. Фестивалот ќе започне вечерва во центарот на  19,30 часот со свечено отворање во центарот на Вевчани со Вевчанските зурли и топани и  Пејачката група Каданка. На отворањето ќе се обрати Проф.Др.Мирјана Мирчевска, етнолог/антрополог, член на организациониот одбор на фестивалот. Веднаш по свеченото отворање, во 20,00 часот на анфитеатарот во Вевчани во дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица ќе биде отворена изложбата ,,1000 години Бигорски Манастир” на која ќе бидат прикажани избор од најстарите и уникатни икони на нашето големо македонско духовно светилиште, Бигорскиот манстирот ,,Св.Јован Претеча,,.Утре пак, 18 август на спортското двориште од 20,00 часот ќе биде вечер посветена на традиционалната музика и песна на која ќе настапи Ансамблот Македонија со презентација на чалгиската, вокално - традиционалната и зурлаџиско - тапанџиската традиција на нашата земја. Бидејќи бројот на седишта ќе биде според пропишаните протоколи и ограничен за публика, организаторот ценејќи го секој Вевчанец и својата драга публика каде и да е,  овозможи директен пренос online преку youtube kanalot на КУД,,Дримкол како и преку регионалниот кабловски оператор.  Фестивалот завршува во Среда со третата фестивалска вечер на празникот Преображение Христово во 20,00 часот на националната телевизија НАША ТВ како и со како  Online фестивалска програма на која ќе учествуваа:  КУД "Дримкол"- Вевчани, КУД ,,Светозар Марковиќ“- Србија, “Ансамбл Македонија“, “La Capouliero“- Франција, КУД “Илинден“ – Битола, Tierra Mestiza – Мексико, ФС “Блажевски“- Скопје. Оваа година во програмската содржина: Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници, учесник ќе биде ликовниот сликар и ликовен педагог  Даниел Тодоровски од Кратово. Убаво е да се биде овие денови во ова автентично туристичко место и да се ужива во природните и културни вредности кои ни ги нуди.Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и на Општина Вевчани.  

Македонија | пред 5 години

klinika

На Клиниката за пластична хирургија во услови на COVID-19 извршени над 500 хируршки интервенции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија континуирано се одвива работниот процес и во услови предизвикани од пандемијата со COVID-19. Во периодот од крај на март, до денес се изведени над 500 хируршки интервенции, а амбулантски се прегледани повеќе од 2000 пациенти.На клиниката, во моментот, нема листи на чекање за третман на пациентите со малигни болести. На оваа клиника се лекуваат и пациенти со повреди на дланка, мекоткивни и термички повреди, состојби кога е потребен итен хируршки третман и тие се третираат на клиника како пред пандемијата, така и сега за време на COVID-19.На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во континуитет се одвива и научната работа и размената на искуства со европски и светски центри.-Во медицината е неопходно да се следат трендовите за третман, а тоа се прави преку размена на искуства со колегите од другите европски и светски центри. Нашата работа беше вреднувана со прифаќање четири научни труда за презентирање на досегашните искуства за третман на повреди на дланка на конгресот на Европската федерација на здруженија на дланка (FESSH), што ќе се одржи виртуелно поради актуелната ситуација со КОВИД, на почеток на септември во Базел. На овој начин, рамо до рамо со колегите од сите европски центри ќе биде и Универзитската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. За време на овој конгрес, Македонската асоцијација за хирургија на дланка ќе стане полноправен член на FESSH, посочуваат од клиниката.Исто така, Универзитската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е дел од мултицентричната студија #RSTNCOVID, чија цел е да го евидентира начинот на третман на пациенти со повреди на дланка за време на пандемијата од неа ќе произлезат препораки и насоки на клиничките патеки во иднина.-Во исчекување сме и на публикација на научен труд од областа на реконструкција на дланка и периферни нерви. Трудот е направен во соработка со професор д-р Оскар Азман од Медицинскиот универзитет Виена и колегите од нашата клиника. На овој начин се потврдува дека нашата клиника е референтен и етаблиран регионален центар за реконструктивна хирургија на дланка, истакнуваат од оваа клиника.

Македонија | пред 5 години

d-r-Panovski1

Докторот и макробиолог Пановски смета дека учебната година требало да почне на 15ти август

Докторот и макробиолог Никола Пановски, во разговор за телевизија Сител прашува зошто децата од второ и трето одделение треба да одат во училиште. Според него и средношколците кои се прва година треба да ги посетат училиштата.Пановски вели дека учебната година требало да почне на 15ти август и два месеци децата да имаат настава надвор и со отворени прозорци.„Нелогично е да се одложува школската година. Училиштата требаше да се отворат на 15 август со што два месеци ќе имаше можност за настава со отворени прозори. Септември не е толку опасно со отворени прозорци да се проветрува и делумно часовите да се одржуваат надвор. Главен удар се очекува после 15 ноември кога започнува грејната сезона. Тогаш е многу важно да се престане да се собираме по школски дворови и да не се прават родендени, тоа би биле епидемиолошки бомби и од едно ќе може вирусот да се пренесе на 10 деца“, вели Пановски. 

Македонија | пред 5 години

harmonika

Спречена кражба на музички инструменти во Берово

Спречена кражба на музички инструменти во Берово. Настанот синоќа го потврди виртуозот Горан Алачки кој во изминатите неколку дена престојува во родниот крај.-Вечерва имаше обид за кражба на музички инструменти во село Владимирово. За среќа со интервенција на полицијата кражбата е спречена, истакна Алачки. Повеќе детали за кражбата полицијата најави во текот на денов.Жителите велат дека во изминатите 15 години немало вакви случаи во селото, но во последниот период се појавуваат.

Македонија | пред 5 години

Foto-1-1

Сопругата на претседателот одржа предавање за студенти по медицина

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска вчеравечер во Вила Водно одржа предавање за студенти по медицина на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“. На настанот на којшто беа присутни дваесетина студенти по медицина присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.Предавањето коешто е организирано во соработка со Здружението на студентите по медицина, е дел од иницијативата која беше започната во февруари годинава, со предавањето на  министерот за здравство, Венко Филипче, од областа на неврологијата, реализирано во канцеларијата на Претседателот, МладиХаб.Ѓоргиевска на студентите по медицина им зборуваше за една нова техника на визуелизација – микро компјутерска томографија од истражувачки аспект при што истакна дека оваа тема е поразлична од она што секојдневно го слушаат и работат бидејќи освен со стручните истражувачки податоци ќе имаат можност да се запознаат со значењето на меѓународната соработка и со тоа што се прави во светот на оваа тема.„3D микроскопија со x-зраци овозможува да се визуелизира внатрешната 3D структура на примероците на недеструктивен начин. Технолошкиот метод кој стои зад ова е микрокомпјутерската томографија, техника на недеструктивно снимање, кое го користи истиот метод како медицинските CT скенови, но на исклучително тенки пресеци со екстремно зголемена резолуција, при што може да се добијат микрофотографии дури на субмикронско ниво“, истакна Ѓоргиевска на предавањето за студентите по медицина.Од Здружението на студенти по медицина беше истакнато дека во овој кризен период тие како млади идни лекари треба да имаат активна улога во својата локална заедница, прво за да дадат пример, а потоа преку активности, проекти и соработка меѓу нив да помогнат и да бидат поддршка на здравството во државата во справувањето со Ковид-19.На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи истите се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување на нови иницијативи.Целта на иницијативата е студентите и младите лекари да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска претпладне сончево, попладне на места нестабилно со пороен дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен.Наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умарена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица. 

Македонија | пред 5 години

pozarna

Опожарена барака во Центарот за бездомници во Чичино Село

Во Центарот за бездомници во Чичино Село синоќа избувнал пожар во една од социјалните бараки. Целосно е изгаснат утрово и нема повредени.Командантатот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот бил пријавен во 23.35 часот, локализиран во 00.25, а целосно изгаснат во  7 часот.Интервенирале со шест возила и 15 пожарникари за да го изгаснат огнот што ја зафатил бараката од 500 квадратни метри, во која немало луѓе. 

Македонија | пред 5 години

arm-minofrlaci

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ

Од Армијата Република Македонија информираат дека денеска со почеток во 10 часот, по повод 18-ти Август – Денот на Армијата на Република Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе се изврши пробна артилериска стрелба со четири поединечни истрели од артилериски орудија.-Утре 18-ти август 2020 година (вторник), исто така со почеток во 10.00 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 5 плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон на Армијата, информираат од АРМ.

Македонија | пред 5 години

Ezerska-ROK-Simfonija-3

(ФОТО) Концерт за паметење: Езерска РОК симфонија на Камелеон и пријателите во Охрид

Охриѓани, но и бројните гости вечерва беа сведоци на уште еден музички настан, за кој уште долго ќе се зборува.На Градското пристаниште во Охрид, групата Камелеон, вистински охридски бенд - по срце и душа кој најдобро го отсликува сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“, вечерва го одржа концертот на вода со музика за душа, односно нивната Езерска РОК симфонија.Пред публиката беа изведени 17 песни, меѓу кои и двете нови „Река“ и „Те љубам“, кои беа промовирани токму вечерва. Најголемите хитови на Камелеон, кои публиката ги пееше во еден глас, беа отсвирени со нови аранжмани, заедно со Камерниот оркестар од Битола и хорот Vox Lychnidos. Специјални гости на вечерта беа Ѓоко Танески, Жармена, Теодор Љушкоски, Горан Папаз и Никола Тони, кои придонесоа оваа вечер да биде навистина незаборавна.Езерската РОК симфонија имаше и хуманитарна нишка, и во рамките на настанот се собираа средства за охриѓанецот Трајан Целески- Тачо.Според сите коментари, концертот ќе биде еден од настаните кои ќе го одбележат ова лето 2020-то, лето „кое ќе се памти“ во прекрасниот Охрид.

Македонија | пред 5 години

taravari

Таравари за ТВ 21: Поддржуваме премиер Албанец само ако има 4-годишен мандат

Сите овие разговори кои траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави Арбен Таравари за ТВ21 од коалциијата Алијанса/Алтернатива.Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е како што вели, СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари, објави ТВ 21.Потсетува дека ако ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12-те пратеници на коалицијата Алијанса/Алтернатива, но само доколку како што вели тој премиер има четиригодишен мандат, но не и за друг партиски пазар.извор: ТВ 21видео: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

berovo

Во Берово почина здравствен работник,се собираат средства за помош

Двајца здравствени работници-сопружници од Берово по позитивен тест на корона по повеќе од 48 часа биле примени во болница, при што жената на 57-годишна возраст починала откако и се искомплицирала здравствената состојба, објави Фактор.Нејзиниот сопруг е во добра здравствена состојба, а позитивен на Ковид-19 е и нивниот син кој е без симптоми.За помош на семејството во тек е хуманитарна акција за собирање парични средства, бидејќи се работи за исклучително пожртвувани здравствени работници.Во Берово заклучно со денешниот ден има 8 активни случаи кои се позитивни на Ковид-19.извор: Фактор.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања