Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор да го укинува пржинскиот модел

Првата реакција на ВМРО-ДПМНЕ по договорот за нова влада е дека новата коалиција Заев – Ахмети е за продолжување на старите навики на криминал и корупција.Што се однесува до укинувањето на пржинската влада и премиер Албанец, самиот пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, и Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор, кој беше гарант на тој модел, да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата ја нарекува новата коалициска влада, крими коалиција, за која велат дека е за еднократна употреба.

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Ахмети за инцидентот со Усеини

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека инцидентите во кои е поврзан нивниот партиски кадар, Нефи Усеини, не може да ги решава партијата, туку обвинителството и полицијата. Во однос на кадровското реформирање, Ахмети посочи дека скоро сите носители на функции во ДУИ се нови.„98 отсто од сите носители на функции во ДУИ се нови, согласно последните избори. Во сите ограноци, во сите подограноци. Од целата пратеничка група, само двајца се од стариот состав, јас и Џафери. Сите други се нови пратеници. Такви прашања треба да се адресираат во полицијата и Обвинителството. Не може политичките партии да ја преземат улогата на обвинител или полицаец. Не можам да се прогласам ниту како судија, обвинител, истражител“, рече Ахмети запрашан дали кадровски ќе ја реформира ДУИ од кадри како Нефи Усеини.Инаку, советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, нападнал негов сограѓанин, Спире Топалоски пред охридски хотел. Топалоски за „А1он“ вели дека случајот ќе го тера до крај, бидејќи меѓу другото, Усеини замавнувал со пишол пред неговиото 14-годишено дете, кое според кажувањата, било сведок на инцидентот. Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница.Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид. Обвинителството кажа дека не знае за настанот, односно не добило пријава од СВР Охрид. Инаку, Усеини е истакнат член на ДУИ и до претседателските избори, прв човек на огранокот во Охрид.

Македонија | пред 5 години

5-1

Работен состанок на највисокото раководство на МВР со началниците на секторите за внатрешни работи

Со оглед на специфичните услови во кои работеше Министерството за внатрешни работи во првите шест месеци од годината, односно во услови на пандемија и во период во кој требаше да се организираат предвремените парламентарни избори , задоволен сум од постигнатите резултати во работењето на полицијата, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски на денешниот работен состанок на негова иницијатива што се одржа во Охрид заедно со началниците на сектори за внатрешни работи на тема „Безбедносната состојба на ниво на секторите и насоки за подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето“, на кој присуствуваше и министерот за внатрешни работи Агим Нухиу,заменик директорот на БЈБ Бесир Деари и помошниците на директорот на униформирана полиција и крим полиција.Според директорот Тасевски, состојбата со Ковид-19 предизвика низа промени во финкционирањето на МВР, а исто така и значителни ресурси беа потрошени за успешно организирање на парламентарните избори. Но, и покрај тоа целокупните резултати при справувањето со класичниот и организираниот криминал е на речиси исто ниво со првите шест месеци од 2019 година. Во одредени области бележиме пад, а во некои пак има зголемен број на регистрирани случаи. Сепак, заедничкко за сите области е намалување на откривачката дејност за што причина е состојбата со пандемијата, истакна директорот на БЈБ, Тасевски.Министерот за внатрешни работи, д-р Агим Нухиу, исто така, ги потенцираше неповолните , односно отежнати услови во работењето на министерството. Како што рече министерот Нухиу, и покрај ваквите услови можеме да изразиме задоволство од работењето на полицијата. Не се регистрирани поголеми инциденти од областа на безбедноста, а поволна е и состојбата со јавниот ред и мир. За ваквата слика сите ние сме подеднакво заслужни и треба да продолжиме уште поангажирано да го одржиме високото ниво на безбедноста во државата, истакна Нухиу во обраќањето на работниот состанок.На состанокот , од началниците на Секторите за внатрешни работи исто така беа потенцирани отежнатите услови за работа во изминатиот период, но и задоволство од постигнатите резултати. Присутните на работната средба заклучија дека и покрај позитивните резултати треба да се продолжи посветено и поангажирано со цел подобрување и на овие резултати и зацврстување на довербата кај граѓаните.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Се укинуваат контролните тестови за позитивните на Ковид – 19

Се укинуваат контролните тестови за лица кои се позитивни на ковид-19, по десет дена асимптоматските случаи кои се позитивни на коронавирусот автоматски ќе излегуваат од изолација, а лицата со симптоми после 20 дена, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.– Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болести. МАНУ анализираше повеќе од 10 илјади тестирања. Утврдено е дека кај пациенти позитивни на ковид-19, независно од резултатот на контролното тестирање, не е присутен вирус кој е доволно силен за да може да предизвика зараза, после 10 дена кај асимптоматските, а после 20 дена кај оние што имаат симптоми. Оттаму, после овој период, пациентите ќе бидат ослободени од изолација без контролни тестирања – рече Филипче.Претходно, лицата кои се позитивни на коронавирусот, излегуваа од изолација по два негативни теста.

Македонија | пред 5 години

zaev-ahmeti-1

Последните 100 дена од мандатот на новата Влада ќе ја води премиер албанец

Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети на работната средба што се одржа денеска во Скопје постигнале договор за формирање парламентарно мнозинство и Влада со полн мандат од 4 години.  Информацијата на прес конференција ја соопштија двајцата лидери, посочувајќи дека постигнатиот договор ќе биде рзгледан од највисоките органи на двете партии.Заев и Ахмети се договориле на последните 100 дена од мандатот на новата Влада, да биде поставен премиер на предлог на ДУИ.Заев изјави дека „ДУИ покажала големина и доблест“, па оттаму и тој покажал доблест и самиот, без консултации во СДСМ, предложил премиер на предлог на ДУИ да ги води последните 100 дена од редовниот мандат.„ДУИ покажа големина и доблест заради иднината на сите граѓани, заради иднината на државата и успешните политики. При таа доблест е утврдено јас да ја добијам честа да бидам претседател на Владата во полн четиргодишен мандат. Дел од договорот е укинување на техничка влада, технички министри и технички премиер, нешто за што и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка. Заради оваа големина и доблест од ДУИ, без било какви претходни консултации и разговори во коалицијата и во мојата партија, покажав доблест. Оттаму, на предлог на ДУИ ќе биде поставен премиерот кој ќе ги води последните 100 дена од редовниот мандат“, рече Заев. 

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Наставата почнува во септември од дома онлајн, родителите на учениците до трето одделение имаат избор за комбинирано образование

Наставата да започне да се изведува онлајн, а родителите на децата од прво до трето одделение ќе имаат право на избор, дали да ги пуштат на училиште со физико присуство, или и тие да ги следат часовите од дома, Ова беше кажано на прес-конференцијата на  министрите за здравство и за образование и наука Венко Филипче и Арбер Адеми.„Образовниот процес е од неспорно значење, но не смееме да го занемариме здравствениот аспект и можноста за трансмисија на вирусот во училиштата. Неколку пати кажавме дека се’ може да се надомести, освен здравјето. Гледано од тој аспект, имајќи ги предвид и искуствата од други земји, нашата препорака од Комисијата за заразни болести е училиштата да започнат онлајн“, рече Филипче.Вториот исклучок, додаде министерот ќе дојде по барање на општините. Односно таму кадешто во школите или регионалните училишта има мал број на деца во одделенијата, или мал број класови во училишата, согласно епидемиолошката состојба, да добијат дозвола наставата да ја реализираат со физичко присуство. Тоа барање ќе оди преку МОН и Влада.Ако некое дете од одделението има температура, Филипче рече дека ќе му се направи епидемиолошка анкета, па епидемиолог ќе го процени ризикот кај тоа дете. Зависно од бројот на новодијагностицирани случаи и епидемиолошка поврзаност во некоја општина, рече дека ќе се прави план за одредени рестрикции, меѓу кои и затворање на училишта. Во однос на отворање градинки, Филипче за четврток најави дефинитивна одлука.Според министерот Адеми, планот каде се инкорпорирани моделите и протоколите за организирање на наставата ќе бидат разгледани од Владата, а потоа доставени како финална верзија до општините.„Профункцинира националната платформа Едуино.гов.мк, каде и овој период се снимаат видео лекции од активни наставници и таму се прикачуваат. Во периодот што следи ќе има теми и материјали во согласност со наставната програма, која треба да се обработи во првото тромесечје, или полугодие од новата учебна година. Укажуваме дека може да дојде до одлагање на потокот на новата учебна година“, потенцираше Адеми.     

Македонија | пред 5 години

zaev-ahmeti

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалиција, владата ќе ја предводи Заев

СДСМ и ДУИ постигнаа договор за коалицирање, со цел создавање на парламентарно мнозинство за распределба на одговорности, со полн мандат кое во наредните четири години ќе работи соодветно принципите на новата влада.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/392897791693895/?v=392897791693895&notif_id=1597758498716781&notif_t=live_video

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Фонд за осигурување депозити: Исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити ќе се врши во 4 банки

Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и јавноста, дека согласно критериумите пропишани од Фондот за осигурување на депозити за избор на банка – исплатувач, односно банки - исплатувачи преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити, избрани се следните 4 (четири) банки:Стопанска банка АД СкопјеНЛБ Банка АД СкопјеХалкбанк АД Скопје Комерцијална банка АД Скопје Во услови на ширење на пандемијата на COVID – 19, Фондот за осигурување на депозити покрај својата основна задача за исплата на осигурените депозити на депонентите – физички лица, има потреба и дополнително да придонесе кон заштита на граѓаните, се вели во соопштението од Фондот за осигурување на депозити.Оттука, се донесе Одлука дека исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, ќе се врши преку 4 (четири)  банки со цел да се избегнат масовни собири.Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките – исплатувачи и ќе ги извести во која банка - исплатувач ќе бидат распределени за подигнување на исплатата на обесштетувањето на нивните осигурени депозити.Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да започне што поскоро.   

Македонија | пред 5 години

topal-1

Топалоски: Ме нападнаа Нефи, Ибро и двајца хомосексуалци

„Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град. Инцидентот настана поради Зоре Темелковски. Јас правам куќа за четири деца, под Зоре Темелковски во Рача. Јас ја направив куќата и тој повеќе пати ме пријавуваше дека нелегално ја правам куќата, дека копам. Јас го опоменав. Нефи ми се јавува мене и ми вика дојди да се видиме . Јас нормално, одам. И тој вади пиштол на дете, 14-годишно, на син ми му извади пиштол и му мафташе во нозете. Пиштолот му падна. Кога му падна, јас тргнав да го земам. Само што тргнав да го земам, од позади ме нападнаа уште четворица лица, брат му Ибро и уште двајца хомосексуалци, дали од Струга или Охрид, небитно. Влегов во хотелот, сакаа да ме омаловажат, ме тепаа со пиштоли. Јас таму не делував. Можев да земам и пиштол, но не делував. Дојдов во полиција си пријавив се. Разговарав со полицијата и ми рекоа да одам до крај, бидејќи и тие нема да попуштат. И затоа решив да проговорам. Не може во сите случки Нефи да е прав. Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден кримиалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, рече Топалоски.„Во СВР Охрид, С.Т. (41) од Охрид, пријавил дека пред угостителски објект бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кратко од МВР.

Македонија | пред 5 години

zore-temelkovski

Темелковски за тепачката на меѓу Усеини и Топалоски: „Не сум бил сведок“

Зоре Темелковски, спортски работник и татко на актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, вели дека чул дека имало караница во хотелот каде тој пиел кафе, но не знае дека имало физичка пресметка меѓу Усеини и Топалоски.„Не сум бил сведок. Јас кога го палев џипот, застана еден џип. Јас си заминав. Ми се јавија другари од каде што пиеме секој ден кафе и ми рекоа дека нешто се испокарале, ама не знам што“, вели Зоре Темелковски.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Нови 130 нови случаи на ковид 19 во земјава, оздравени се 152 пациенти– починати сe 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6.Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970,  бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5458, активни 905• Куманово 1295, активни 286• Дебар 226, активни 67• Штип 1061, активни 258• Прилеп 370, активни 43• Тетово 1154, активни 158• Струга 525, активни 171• Велес 243, активни 27• Битола 187, активни 73• Охрид 315, активни 72• Кавадарци 160, активни 105• Гостивар 678, активни 298• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)• Струмица 53, активни 24• Крива Паланка 30, активни 5• Радовиш 38, активни 10• Крушево 16, активни 1• Кочани 128, активни 29• Пробиштип 71, активни 19• Демир Хисар 60, активни 37• Македонски Брод 65, активни 44• Пехчево 8, активни 2• Берово 16, активни 7• Валандово 7, активни 1• Виница 56, активни 41• Делчево 14, активни 9 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 1• Свети Николе 261, активни 61• Кичево 247, активни 128• Ресен 146, активни 1• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1742 теста се преку: ИЈЗ-550, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-139,  Биотек-281, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-311, Систина со PCR метода -242, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-20, ГАК-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 127• Аеродром - 116• Бутел - 66• Гази Баба - 118• Центар – 87• Карпош – 93• Сарај – 26• Кисела Вода – 69• Ѓорче Петров – 63• Студеничани – 30• Шуто Оризари – 47• Арачиново – 17• Илинден – 11• Петровец – 7• Чучер Сандево – 8• Сопиште – 10• Зелениково - 6• Странец – 3• Нераспределен - 1

Македонија | пред 5 години

Foto-2-1

Пендаровски со ордени одликуваше баталјони за воени заслуги за високата професионалност

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска, на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август -  Денот на Армијата, со Орден за воени заслуги ги одликува Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави, Баталјонот за воена медицинска поддршка од логистичката база и Третиот пешадиски баталјон од Првата пешадиска бригада од командата за операции при Армијата на Република Северна Македонија.Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави се одликува со  Орден за воени заслуги за континуирана поддршка и помош во процесот на јакнење на капацитетите и на стандардите на Армијата на Република Северна Македонија, како и за зајакнување на соработката и на партнерството помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија.Баталјонот за воена медицинска поддршка од логистичката база при Армијата се одликува со Орден за воени заслуги за високата професионалност, пожртвуваност и за исклучителниот придонес за извршувањето на мисијата на единицата преку зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата и на Министерството за одбрана и со тоа одржување на потребното ниво на борбена готовност, медицинска поддршка при справување и санација на елементарни непогоди и кризни состојби, учество во мировни операции и несебична професионална поддршка на Министерството за здравство при справување со пандемијата со Ковид-19.Третиот пешадиски баталјон од Првата пешадиска бригада од командата за операции се одликува со Орден за воени заслуги за високата професионалност, пожртвуваност и за исклучителниот придонес за извршувањето на задачи при справување и санација на елементарни непогоди, обезбедување на јужната граница за време на мигрантската криза и поддршка во активностите за справување со пандемијата со Ковид-19 во прогласените кризни региони во општините Дебар и Центар Жупа.Во своето обраќање по повод 18 Август, претседателот Пендаровски нагласи дека Орденот за воени заслуги за Канцеларијата за соработка во одбраната на САД е симболичен израз на нашата благодарност кон Соединетите Американски Држави и пријателскиот американски народ, за сета поддршка во изминативе децении од нашата независност до денес. Преку одликувањето на Баталјонот за воена медицинска поддршка од логистичката база и Третиот пешадиски баталјон од Првата пешадиска бригада од командата за операции, пак, рече Претседателот, им се оддава признание и на сите припадници на Армијата кои изминативе месеци беа ангажирани во справување со последиците од пандемијата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев го честита денот на АРМ: Со насилното членство во НАТО, Армијата е ставена на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати честитка по повод Денот на Армијата - 18 август-„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, дозволете најпрвин да го честитам денешниот празник и да ја потенцирам вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата. На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која заедно со славната советска Црвена Армија се избори за слобода на нашата држава и победа на фашизмот.Денеска, 77 години подоцна во услови кога е избришана историјата на македонската армија со бришењето на АСНОМ и Илинден, ова е тажен и опасен ден за македонските војници бидејќи се ставени на погрешната страна на историјата. Марионетската власт во Скопје очајнички и насилно по секоја цена ја турна Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  нови геополитички околности во светот и во регионот, време на држави базирани на националниот и државниот суверенитет а во чии рамки националните и патриотските сили во Република Макеоднија ќе ја споречат оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели. Дозволете ми уште еднаш, почитувани претставници на Армијата, од мое лично име и од име на Единствена Македонија да го честитам Денот на Армијата“ - се нагласува во честитката од Бачев по повод Денот на Армијата

Македонија | пред 5 години

policija-kombe

Охриѓанец пријавил дека е нападнат од политичар и бизнисмен

Инцидент пред угостителски објект во Охрид. До овој момент од СВР Охрид ја пласираа следнава информација:-На 18.08.2020 година, во 11.35 часот, во СВР Охрид, С.Т.(41) од Охрид пријави дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 5 години

boban

Бобан Црничиќ нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“

Откако вчера експресно беше разрешен, денеска Јавното претпријатие „Улици и патишта“ доби нов в.д директор – Бобан Црничиќ.Разрешувањето на претходниот директор Сенад Смаиловиќ следуваше откако полицијата во Струга кај него пронашла кесички со кокаин.Смаиловиќ веќе два дена е недостапен за медиумите.Имено, во полицискиот билет беше објавено дека на 15 август, во 22:40 часот на улицата „Владо Малески“, во Струга, полициски службеници од полициската станица-Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

anita_bezoska

Европската банка ѝ овозможи на НБРМ користење средства до 400 милиони евра

По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) позитивно одговори на барањето, преку одобрување на билатерална репо-линија.На нашата централна банка ѝ е овозможено користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа, во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека е потребно. Со тоа, ЕЦБ покажа подготвеност за поддршка нa Нaродната банка во условите на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.„Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност. И денарската и девизната ликвидност на нашата економија и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата, Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви. Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција. Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем“, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по повод воспоставувањето на репо-линијата за обезбедување ликвидност во евра, овозможена од ЕЦБ.Во име на Народната банка, гувернерката упати голема благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка.

Македонија | пред 5 години

18082020_PVRSM_Spasovski_proslavaARM-6-1

Спасовски: Армијата слави како рамноправен член и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на централната прослава на Денот на Армијата „18-ти август“ која се одржа на Воениот стадион во Градскиот парк.Во честитката по тој повод премиерот Спасовски истакна дека оваа година, 18-ти август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, синонимот и чуварот на македонскиот суверенитет и државност, го славиме и како НАТО армија. Како армија која е рамноправен член и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот.„Членството во НАТО е резултат и заслуга на сите граѓани и на нивните политички претставници кои континуирано во изминатите три децении ѝ даваа поддршка на исполнувањето на оваа наша стратешка определба. Голем придонес дадоа сите денешни и поранешни припадници на Армијата. Членството дојде со тридецениската посветеност и со максимално вложениот труд за да се исполнат и одржуваат високите стандарди на алијансата за да можеме достоинствено да го гледаме издигањето на македонското знаме покрај знамињата на најмоќните 29 земји членки на алијансата и да бидеме горди затоа што припадниците на нашата Армија се посакуван партнер во мисиите на НАТО. Армијата на нашата земја остана блиска и сплотена со својот народ и тоа го потврдува секое испитување на јавно мислење кое редовно покажува дека Армијата е меѓу институциите во кои граѓаните имаат највисока доверба“, потенцира во честитката премиерот Спасовски.Тој акцентираше дека и во овој период на тешки околности заради пандемијата на КОВИД-19, припадниците на Армијата се со народот за да го помогнат спречувањето на ширење на коронавирусот. Се секаде каде што е потребна поддршка. На границите, во заразените подрачја, им помагаа на граѓаните во карантините, на загрозените семејства, го помагаа одржувањето на јавниот ред. Армијата докажа и спремност во помагањето и расчистувањето со елементарни непогоди, со поплавите во ресенско, со пожарите во велешко.„Оваа подготвеност на Армијата докажа дека беа потребни и оправдани реформите и промените што беа спроведени во изминатите три години. Како резултат на спроведените политики, во Армијата денеска платата и приходите на нејзините припадници се достоинствени. Денес војниците не се грижат за станбеното обезбедување и за дневници, туку за новите вежби од светски ранг кои ги планираат и вежбаат заедно со своите колеги од НАТО армиите. Ја подмладивме Армијата со дополнителни 700 припадници, дел војници, а дел млади офицери, и за прв пат во Законот за служба обезбедивме подеднакви услови за пензионирање како и за полицијата“, потенцира дел од достигнувањата премиерот Спасовски.„На сите припадници на нашата Армија им го честитам Денот на Армијата и им посакувам да продолжат со посветената работа и со успех да го украсуваат сојузништвото со нашите сојузници во НАТО“, истакнува на крај премиерот Спасовски.Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски во своето обраќање истакна дека оваа година станавме 30-та членка на НАТО, организација на демократски и просперитетни држави, чие членство е резултат на волјата на големо мнозинство наши граѓани, како и на залагањата на повеќе парламентарни состави и влади во изминатите три децении.„Полноправното членство во НАТО немаше да биде возможно без напорите во континуитет и професионалниот однос на сите припадници на Армијата, без луѓето кои секогаш се главната динамична сила на интегративниот процес. Нашето членство е резултат на темелните одбранбени реформи, личната посветеност на храбрите жени и мажи во нашите вооружени сили, и нивното учество во ризичните мировни мисии низ светот“, потенцираше претседателот Пендаровски.Претседателот Пендаровски акцентираше дека во остварувањето на нашата стратешка цел секогаш ја имавме и конзистентната поддршка од државите членки на НАТО.„Меѓу нив, посебно место има поддршката од Соединетите Американски Држави. Од нашата независност до денес, САД континуирано ни помагаат да изградиме стабилна, сигурна и просперитетна армија и држава“, акцентираше претседателот Пендаровски.„Ова е голем ден за нашата Армија и за сите нас. За прв пат како држава членка на НАТО го празнуваме 18-ти август - Денот на Армијата. За прв пат, заедно со нашата Армија, симболично празнуваат и нашите сојузници во НАТО“, уште еднаш го честиташе Денот на Армијата, претседателот Пендаровски.Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска во своето обраќање изрази гордост и задоволство што денес стои пред Армија на земја членка на НАТО, Армија која го прави горд својот народ и ја ужива неговата најголема доверба.„Долг пат поминавме заедно од минатата година до сега. Што би се рекло цел живот за една година. Го поместивме ѕидот што ни стоеше на влезот во НАТО. Триесет години надеж и исчекување ги претворивме во резултат. Станавме 30-та членка на Алијансата. На најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата. Се опкруживме со сојузници како САД, Велика Британија, Германија, Турција, Франција, Норвешка. Но, најважното од се е што со кревањето на нашето државно знаме на јарболот на НАТО, ги кренавме гордо главите на сите наши граѓани. За првпат во историјата на нашата татковина остваривме успех кој ја помести нашата држава напред и ги отвори перспективите“, потенцираше министерката Шекеринска.Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски истакна дека денеска го одбележуваме 28-от роденден на Армијата, но и прва година како полноправна членка на НАТО, за што сме особено горди.„Секоја генерација даде свој придонес и остави белег во развојот на Армијата. Да бидеме горди на достигнувањата, затоа што сите заедно успеавме, и покрај сите предизвици во минатото, да станеме дел од најмоќната воена алијанса во историјата на човештвото. Тоа е огромен успех на сите поранешни и сегашни припадници на Армијата. Сите ние, кои бевме вклучени во градењето и развојот на Армијата од самото осамостојување до денес, имаме  одговорност и патриотска должност, со нашето лидерство, знаење и искуство да ги воспоставиме процесите за целосна интеграција на нашата Армија како полноправна членка во НАТО.  Членството во НАТО е привилегија и бенефит на демократските општества, но кредибилна и почитувана членка ќе бидеме само со почитување на демократските вредности, лојалност кон сојузништвото, солидарност и спроведување на националните обврски“, потенцираше Ѓурчиновски.

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Институциите да ги истражат сомнежите за испумпаните 21 милион евра

Струмичката агенција за обезбедување изминативе 2 години земала тендери на сметка на граѓаните во висина од над 21 милион евра. Покачувањето на цената на електричната енергија е резултат на високите тендери кои ги добива струмичката агенција за обезбедување од универзалниот снабдувач за електрична енергија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Истото се случува со народните пари кои ги добиваат преку тендерите од општините кои се под водство на СДСМ, СОЗР и останатите институции кои ги води СДСМ.Изминативе неколку денови јавно обзнанивме 10тина тендери кои ги земала оваа струмичка агенција за обезбедување и на сите повеќе и од јасно им е дека се несразмерни во однос на сумите и она коешто го вршеле како услуги.Гледајќи ги тендерите сериозно мириса и остава сомнеж дека се испумпани пари преку овие тендери и оваа агенција на конто на семејството Заеви, а сето тоа на трошок и грб на граѓаните кои ги плаќаат овие  пари.Оттука сакаме јавно да повикаме до институциите, кои се под водство на СДСМ и кои ги имаат канџите на СДСМ врз нив, кои сепак се нивни соучесници, да се одважат, да се отргнат од нив и да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување пари.Над 21 милион евра пари на граѓаните се испумпани од институции и универзалниот снабдувач, граѓаните плаќаат повисока цена на електрична енергија и граѓаните тонат во сиромаштија.Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, регулаторните комисии, сите молчат и со месеци ги нема да застанат очи во очи на криминалот, практично на еден начин се соучесници.Повикуваме уште еднаш, да отворат случај за сите сомнежи за криминал и испумпани пари, бидејќи се работи за парите на граѓаните.Во спротивно, сите овие институции и нивни функционери се соучесници во целиот овој криминал, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски: Вие, припадниците на АРМ денес сте луѓето на чиј грб почива државноста и бидете горди на тоа - Честит ден АРМ

 Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам денот на Армијата на Република Македонија, на сите припадници на вооружените сили, но и на сите граѓани на Републиката, се вели во честитката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во продолжение на истата Мицкоски додава:На денешен ден пред 77 години на Славеј планина, во славна Дебарца формиран е Баталјонот Мирце Ацев, кој е почетокот на македонското организирано војничко делување во Втората Светска Војна, кога македонските партизани, народ и држава, застанаа на страната на Сојузниците против најголемото зло на 20 тиот век фашизмот.Луѓето кои пред 77 години, во виорот на фашизмот не се исплашија и го кренаа својот глас, се нашите херои и луѓето на кои им ја должиме слободата денес, тие се децата и внуците на Илинденците, и тие пред нив, кои се бореа за Македонија.Тие стотина луѓе тогаш имаа огромна храброст, а од нивната храброст произлезе државноста. Таа храброст е доказ дека фундаментот е пожртвуваноста и посветеноста кон татковината, а таквата посветеност е потребна и денес кога државата се соочува со големи премрежја и предисвици. Да се потсетиме на нивната пожртвуваност, но и да се погрижиме да не биде залудна. Мора да изградиме држава на среќни и задоволни граѓани.Вие, припадниците на АРМ денес сте луѓето на чиј грб почива државноста и бидете горди на тоа. Честит ден АРМ. 

Македонија | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

ЕЦБ за првпат овозможи Народната банка да има пристап до девизна ликвидност во евра

По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) позитивно одговори на барањето, преку одобрување на билатерална репо-линија. На нашата централна банка ѝ е овозможено користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа, во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека е потребно. Со тоа, ЕЦБ покажа подготвеност за поддршка нa Нaродната банка во условите на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19. „Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност.И денарската и девизната ликвидност на нашата економија, и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата, Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви. Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција. Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем.“ – истакнува меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод воспоставувањето на репо-линијата за обезбедување ликвидност во евра, овозможена од ЕЦБ. Во име на Народната банка, гувернерката упати голема благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка. Народната банка и натаму секојдневно ќе го остварува својот максимален влог за македонската економија и за нејзиното приближување кон големото европско семејство. И во текот на корона-кризата, таа продолжува по патот што води до Европскиот систем на централни банки.  

Македонија | пред 5 години

Zoran-Zaev-1

Заев со честитка за Денот на Армијата: Нашите војници денес се рамноправен дел од НАТО

По повод 18 август, Денот на Армијата, претседателот Зоран Заев испрати честитка до припадниците на Армијата и до сите граѓани. Во честитката се наведува:„На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август - Денот на Армијата на Република Северна Македонија.Она што пред 77 години, во 1943 година со формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ беше пркос, храброст и визија за сопствена држава и Армија, денес е реалност.Денес, нашата Армија е рамноправен дел од најсилниот воено безбедносен сојуз, а нашите војници, рамо до рамо со 29-те армии кои се дел од НАТО Алијансата.Со членството во НАТО, денес се обезбедени нашата стабилност и безбедност,  нашиот територијален интегритет, а нашите граници се трајно се осигурани.  Денес, припадниците на нашата Армија се гаранти и на регионалниот и светскиот мир и стабилност,На сите припадници на Армијата им упатувам искрена благодарност за храброста, посветеноста, професионалноста и несебичниот ангажман кои го даваат во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава и сите нејзини граѓани.Нека е честит 18 август - Денот на Армијата.“ стои во честитката на претседателот Заев.

Македонија | пред 5 години

MEGA4418

Врвни уметници и квалитетна програма донесе Француската вечер на „Охридско лето“

Обоистката Ариан Баке и пијанистот Теодор Ламбер од Франција испишаа уште една магична ноќ во историјата на „Охридско лето“ со концертот што синоќа го одржаа во рамките на традиционалната Француска вечер на фестивалот.Овој фестивалски настан секоја година се организира со поддршка  на Амбасадата на Република Франција во  Република Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје.Синоќешниот концерт во црквата „Света Софија“ го проследи и амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, кој рече дека во град што е под заштита на УНЕСКО како што е Охрид, треба да се донесе најдоброто од европската култура.-Охрид е место што служи за инспирација и секој што ќе дојде тука сака да го даде најдоброто од себе.Тоа е многу важно затоа што самиот град и езерото се под заштита на УНЕСКО. Ако понекогаш му се случува на човекот да ја уништува својата природна средина, тој може сепак да ја подобри својата културна средина, своето културно милје. И на секој од нас останува, преку фестивалот „Охридско лето“ да размислиме што е најдобро-човечкиот дух. Во ова место како што е црквата „Света Софија“ која можеби е најдобар пример за тоа каква може да биде човечката духовност, се разбира, многу е важно, ние да дадеме свој придонес, да го дадеме најдоброто од самите себе, најдоброто од европската култура, и јас мислам дека тоа е целта на сето ова што го работиме, истакна неговата екселенција, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.Уметниците Баке и Ламбер ја потврдија својата вируозност со одлично одбран репертоар со композиции од Шуман, Дранишкова, Чајковски, Пуланк Рахмањинов, а за крај на вечерта отсвирија делови од операта „Ла Фаворита“ од италијанскиот композитор Доницети.-Поради состојбата со вирусот не можевме да свириме со месеци, па затоа овој настап на „Охридско лето“ ни дојде многу убаво, многу олеснувачки. Оваа црква и воопшто целиот град се прекрасни, изјави по завршувањето на концертот обоистката Баке.Двајцата млади француски уметници престојот во Охрид го искористија и за разглед на убавините, и како што рекоа, се воодушевени од целокупното богатство што успеале да го погледнат.-Бевме загрижени поради состојбата со ковид-19 и не можевме да свириме долго време. Затоа ви благодариме на поканата, и што нѐ угостивте во овој преубав град полн со убавини. Среќен сум што дознавме за Македонија, за овој град , за сета убавина , прекрасната архитектура и скриеното богатство што се наоѓа овде, рече пијанистот Ламбер.Француската вечер на „Охридско лето“ секоја година ја воодушевува фестивалската публика со врвни уметници од Франција кои настапуваат со извонреден репертоар. Минатата година свој печат оставија кларинетистот Жо Кристоф и пијанистот Ванесан Мусат.

Македонија | пред 5 години

motor

Малолетник со мотор прегази жена во Охрид, која во болница им подлегна на повредите

На 17.08.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Ристо Чадо“ мопед „лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ.(68) од Охрид. Б.Ѓ. била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите.Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 5 години

akcija-1

Пред полноќ голема полициска акција на улицата „Абаз Емин“ во Охрид

Ноќеска се спровела голема полициска акција на улицата Абаз Емин во Охрид. Пронајдена е помала количина марихуана. Наофицијално има уапсени лица...

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Д-р Игор Алулоски од ГАК: Македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваме на европско ниво

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и доктор Игор Алулоски, како главен истражувач се дел од значајна меѓународна студија-SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија.- Станува збор за голема интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO). Во неа учествуваат 125 институции, кои спроведуваат радикални гинеколошко-онколошки оперативни зафати од 29 европски земји, меѓу кои и нашата држава. Самото учество во ваква масивна студија претставува чест за мене лично и за ГАК, тоа што нашата клиника е учесник во ваков голем проект е значаен успех. Важно е дека големи европски имиња од областа на гинеколошката онкологија, разбраа дека кај нас, на Универзитетската клиника за гинекологија има група доктори, кои ја продолжуваат традицијата и борбата на нашите учители, со што македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваат на европско ниво, вели д-р Алулоски.Целта на студијата е да се опфатат што поголем број европски центри кои ја третираат гинеколошката онкологија и по направената посеопфатна анализа на третманот, резултатите од третманот, преживувањето и слични податоци за пациентки оперирани од инвазивен карцином на грло на матка (во IB стадиум на болеста) да се добие поцелосен увид за овој проблем ширум Европа.-Со посебно задоволство и чест ја прифатив поканата од професорот Чива, потоа следеше период на документирање, собирање, комплетирање на документацијата за пациентките оперирани на ГАК во периодот 2013-2014 година. Студијата беше презентирана и пред стручниот колегиум на Клиниката за гинекологија и акушерство за да се добие „зелено светло“ за учество во студијата. За ова сакам да им се заблагодарам на сите колеги на ГАК, кои ме поддржаа за учеството во студијата, а посебна благодарност до директорката, доц. д-р Викторија Јовановска за безрезервната поддршка. Голем придонес имаше и проф. д-р Куновска од Институтот за патологија. Конечно студијата се објави во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија, што претставува голем успех за ГАК, посочува д-р Игор Алулоски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања