Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

grasnica-ezero

ВМРО НП поднесува иницијатива за изградба на „Музеј на Езерото“

Согласно определбата и заложбите на ВМРО Народна партија од Охрид за одржлив економски развој на Општина Охрид и нашите најави за реализација на овај проект наназад, ВМРО Нродна партија поднесува иницијатива за изградба на Музеј на Езерото, се вели во соопштението од ВМРО НП.Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство од флора и фауна поседува Охридското Езеро.Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и исто така ќе претставува нова туристичка понудаОвај проект е самоодржлив и ќе биде прв од ваков вид во регионот.Како локација  ги предложувамедел од катастарските парцели 5642/4 и 5646/2, се додава во соопштението.

Македонија | пред 5 години

zaev-i-nikolovski

Заев и официјално ги кажа новите министри, а скрати и седум ресори во Владата

Централниот одбор на СДСМ се согласи со склучената коалиција со ДУИ, преку која партијата обезбеди парламентарно мнозинство и нова влада. Одборот ги потврди и кадрите на СДСМ кои ќе бидат предложени за нови министри и потпретседатели на Владата. Меѓу нив, нови имиња кои ќе раководат со министерствата се Ирена Стефоска, Благојче Бочварски, Бојан Маричиќ, Јагода Шахпаска. На функциите остануваат досегашните министри на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, како и Министерството за одбрана. Заев по состанокот на Централниот одбор, соопшти и дека во Владата ќе има седум министри помалку, па наместо 26 ќе бидат 19 министри.„Централниот одбор на СДСМ ги одобри предложените кадри. СДСМ го номинира потпретседателот на Влада за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси, Љупче Николовски. Потпретседател на Влада за европски политики е Никола Димитров. Потпретседател на Влада за економски политики е Фатмир Бетиќи. Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски. Министер за одбрана – Радмила Шеќеринска. Министер за здравство – Венко Филипче. Министер за образование – Мила Царовска. Министер за транспорт и врски – Благојче Бочварски. Министер за култура – Ирена Стефоска. Министер за правда – Бојан Маричиќ. Министер за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска. Ресорот земјоделие е даден на коалициониот партнер Беса и министерот за локална самоуправа на ЛДП. Во новата влада, СДСМ има предложено 19 министри, од кои осум се со ресор, а од нив плус се тројцата потпретседатели на Влада кои се предлагаат како министри без ресор, со надлежност која Владата ја дава во областите кои ги споменав. Од осумте министри со ресор, четири се жени, а четири се мажи“, рече Заев.Лидерот на СДСМ посочи дека во новата влада ќе има седум министри помалку.„Многу важно е дека Владата ќе има 19 министри и премиер, наместо досегашните 26 министри и премиер. Бројот на ресорите е намален за седум министри. Продолжуваат инвестициите во јавното здравство, во опрема и човечки капитал. Кадровските решенија се усогласени и поддржани едногласно од сите. Важно е дека сите овие луѓе продолжуваат да бидат дел од тимот на СДСМ. Рената Десковска откако стана пратеник во 2014 година е излезена од професијата, професор на правниот факултет и има желба да се врати. Но секако ќе помага, има драгоцено искуство, ќе помага во новата извршна власт. Дамјан Манчевски сигурно ќе помага во некоја друга институција, нема да биде министер во Владата. Исто така и другите министри како Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Горан Сугаревски и други. Сметаме на нивните капацитети. Тоа е причина за освежување на Владата. Владина определба ќе биде и заштитата на животната средина. Во делот на надворешната политика ќе продолжиме со имплементација на договорите со Грција, Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Овие принципи ќе ги реализираат одговорни кадри“, кажа Заев.Тој додаде дека се усогласуваат и изборните платформи во заедничка четиригодишна програма, чиј главен фокус ќе биде ставен на јакнење на економијата, односно поголеми плати и пензии.„Централниот одбор на СДСМ донесe одлука за усвојување на договорот за коалицирање со ДУИ со кој имаме ново парламентарно мнозинство и нова Влада. Јас ќе бидам четири годишен премиер, а во последните 100 дена премиер да дојде од ДУИ, со заедничка согласност.Парламентарното мнозинство ќе го почитува духот на заедничкото мислење. Партиите веќе ги усогласуваат своите изборни платформи во заедничка четиригодишна владина програма. Главен фокус ќе биде ставен во јакнење на платите и пензиите, директна поддршка на домашната економија и привлекување на странски инвестиции. Следуваат конкретни итни мерки за зголемување на динамиката за финансирање на изградба патишта, училишта, градинки, гасификација и така натаму“, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

zaev-1

ВИДЕО:Заев за одлуките на Централниот одбор на СДСМ

Изјава за медиуми по завршување на седницата на Централниот одбор на СДСМhttps://www.facebook.com/zaevzoran/videos/346744816492680/?v=346744816492680&notif_id=1597869197577160&notif_t=live_video

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Ограбена е експозитурата на Уни банка во Крушево

Денеска попладне вооружен маж со пиштол ја ограбил Уни банка во Крушево. Грабежот се случил околу 16 часот, откако непознато лице во работничка облека и маскирано, со закана со пиштол одзело пари од вработените во банката.Полицијата има осомничено едно лице.Бидејќи увидот е во тек не се знае колку пари се одземени од банката.

Македонија | пред 5 години

viktor-trifunovski

Трифуновски: И кога ќе се деси рокање на банка, сите политичари се праат мутави, демек во пазарна економија

Виктор Трифуновски:ИНТЕРЕСНО... Како е политиката вмешана во целокупната македонска економија, вмешана до степен да не се знае каде завршува економијата, каде почнува политиката (читај партиите). Секое мешање на политиката се оправдува со наводни „евро-стандарди“ кои врска немаат со Европа. И кога ќе се деси рокање на банка, сите политичари се праат мутави, демек во пазарна економија (која речиси не постои во Македонија) нормално било да банкротира оној кој работи лошо.Е НЕМОЖЕ ТАКА!Банките во Македонија ни тоалетна хартија неможат да купат без дозвола на НБРМ, под притисок на Комисија за Хартии од Вредност задолжително мораат јавно да објавуваат како работеле во секое тромесечие... плус рекетирани се од сите партии кои се напикале по владините коалиции (дури и од помалите) натоварени се со неспособни кадри по партиско-роднинско-швалерски линии, плус имаат и кодоши од СДБ (Уште го памтам ќопавиот од Македонска Банка, кој по цел ден решаваше крстозбори, а сите му се плашеа)И сега кога рикна Еуро-Стандард, тоа било случајно, нели? Политиката со тоа немала никаква врска, ниту НБРМ, сите чисти ко суза, нели? И тоа што во истиот ден рикнаа Бетон и Фени...и тоа било случајно. Случајно било и тоа што во истиот ден, функционери од СДСМ влегуваат во управниот одбор на Стопанска Банка...и тоа е случајно, нема влијание на никакви партии.И ај што молчи Јавниот Обвинител, ништо чудно, правна држава никогаш не сме ни имале...него зошто молчи и Мицково ВМРО? Тоа само они си знаат!Затоа политиката треба да се тргне комплетно од економијата, не политичарите од крупниот капитал, туку сите законски регулативи со кои државата го регулира БИЛО КОЈ БИЗНИС. Државата треба само да интервенира кога некој сака да украде, или да оштети клиент. Тоа е пазарна економија....не политичарите (па и нивните роднини) да бидат Бог и батина во големите корпорации кога има профит...а да се праат мутави кога тие ќе рикнат.На македонската економија и требаат ликови како Хенри Рирден од АТЛАС, кој го преведов пред некој ден... а не нови Ѕинговци, Зоревци, Костовци, Камчевци, Амдиевци, Кочовци, Мијалковци, и остали тајкуни.Ако Македонија нема такви претприемачи, треба да се создадат услови да дојдат од надвор...како што доаѓаат во Америка. Во средена држава, секој нормален човек сака да прави пари на чесен начин.

Македонија | пред 5 години

nina

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за второто тримесечје

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020, соопшти денес преку Фејсбук, министерката за финансии Нина Ангеловска.Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра, вели таа.Ангеловска додава дека исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020:„Поврат: 5,44 милиони евра; Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или околју 25.000 повеќе во однос на претходното тримесечје; Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки; Направен промет: 21,4 милијарди денари“, вели во објавата.Ангеловска исто така вели дека и резултатите на МОЈДДВ за јули се одлични, при што објаснува дека се скенирани 21,5 милиони сметки или за 80 отсто повеќе во однос на просекот од сите останати месеци.„Со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист: помагаат во сузбивањето на сивата економија, добиваат поврат на ДДВ и добиваат можност за бројни парични награди преку #МојаНаграда“, вели Ангеловска.

Македонија | пред 5 години

dui

ДУИ ги потврди имињата на министрите, еве кои се

Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, Фатмир Бесими ќе го води Министерството за финансии, Насер Нуредини и Крешник Бектеши остануваат во министерствата за животна средина и за економија, во министерството за политички систем и вицепремиер ќе биде Артан Груби, додека дополнително ќе биде одлучено кој ќе биде министер за информатичко општество и администрација.Ваквиот избор на ДУИ, по постигнување на коалицискиот договор за формирање влада со СДСМ, го соопшти вечерва лидерот на партијата Али Ахмети, по состанокот на партискиот Генерален совет.Претходно беше соопштено дека претстедател на Собранието и во новиот состав ќе биде Талат Џафери.

Македонија | пред 5 години

19.8-1

Заев на средба со коалициски партнери: Поддршка за Договорот, вредностите и принципите за коалиција со ДУИ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски денеска се сретнаа со претседатели и претставници на партиите во коалицијата Можеме.Од страна на коалициските партнери беше дадена целосна поддршка за Договорот за коалицирање со партијата ДУИ, како и вредностите и принципите кои произлегуваат од него, во насока на брза трансформација на државата.Квалитетни, чесни, и одговорни кадри ќе бидат предложени од сите политички субјекти во коалицијата Можеме, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи на новата Влада.Пред присутните, претседателот Заев ги претстави главните приоритети на новата Влада за следниот четиригодишен мандат.- Новата Влада предводена од СДСМ главен фокус ќе стави на јакнење на економскиот стандард и уште поголема грижа за сите. Сериозно ќе се посветиме на реформи во јавната администрација и намалување на нејзиниот обем за 20 отсто. Истовремено, ќе се посветиме на прочистување на судството, проверка на имотот и капиталот на секој функционер и неселективна борба против корупцијата. Силно сме мотивирани на обезбедување чист воздух и здрава животна средина преку широка мобилизација на сите капацитети. Секако како еден од главните приоритети е и напредокот во евроинтегративниот процес преку почетокот на преговорите и отворањето на првите поглавја. За тоа да го реализираме потребни се чесни, одговорни и професионални кадри кои ќе раководат со институциите. Во овој период течат сериозни разговори со коалициските партнери за да се најдат најодговорните и најдобрите кадри за одредени ресори, со што секоја партија од оваа коалиција би дала свој удел во водењето на институциите во следните 4 години, истакна Заев.Претседателот Заев им честиташе на коалиционите партнери за победата на изборите на 15 јули, посочувајќи дека со победата се потврди европскиот пат на државата, тоа ни дава чест и обврска да работиме уште повеќе на домашен план во следниот четиригодишен мандат.

Македонија | пред 5 години

Forum-na-Zeni-na-SDSM-4

Имињата на новите министри предложени од СДСМ

СДСМ вечерва има Централен одбор на кои се  расправа за потврдената коалицијата, односно договорот кој лидерот на партијата Зоран Заев го постигна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за формирање на новата влада.Дознаваме дека Централниот одбор ги одобрил предлозите за нови министри од СДСМ.Бојан Маричиќ - министер за правда, Мила Царовска - Образование, Ирена Стефоска - Култура, Радмила Шекеринска - Министер за одбрана, Венко Филипче - Министер за здравство, Оливер Спасовски - МВР, Благојче Бочварски - Министер Транспорт и Врски, Шахпаска - Труд и социјала.Љупчо Николоски, секретарот на СДСМ и Никола Димитров досегашниот министер за надворешни работи, ќе бидат потпретседатели на Владата.

Македонија | пред 5 години

skolo

Сите родители на деца на возраст до 10 години и по почетокот на учебната година ќе бидат ослободени од одење на работа

Сите родители на деца на возраст до 10 години и по почетокот на учебната година ќе бидат ослободени од одење на работа како и досега, во рамки на мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Одлуката на Владата за ослободување на работа на еден родител на дете до 10 години ќе се продолжи и од септември и ќе важи и за оние родители чии деца ќе одат на училиште, бидејќи како што објаснуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за образование, часовите ќе бидат скратени.„Часовите во основните училишта ќе траат 30 минути. Целодневна настава не е предвидена, со оглед на одлуката родителите да бидат ослободени од работа со присуство на своето работно место“, велат од Министерството за образование.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

pozarna

Пожар во угостителски објект во Скопје, две лица тешко повредени

Две лица се тешко повредени во пожар што избувнал во угостителски објект на булеварот Александар Македонски во Скопје.Тие се обиделе да го изгаснат огнот, при што добиле тешки повреди. Н. Т. (36) и Љ. Т. (52) биле итно пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување лекарска помош. За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од другите вработени. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

ziberi

Груби: Имаме многу добри планови за Насер Зибери

Секретарот на ДУИ, Артан Груби за Клан Косово изјави дека имаат многу добри планови за Зибери, но не истакна дали Зибери ќе биде премиер последните 100 дена од Владата.„Кандидатот ќе дојде како тек по четири години, ќе чекаме, но г. Насер Зибери но и ние и нашите коалициони партнери, но верувам и Албанците, имаме многу добри планови за г. Насер Зибери, за кои верувам дека се согласува и тој и решението да биде прифатливо и поздравено од сите Албанци.“, рече Груби. 

Македонија | пред 5 години

ezero

(ВИДЕО) Страшната скриена тајна на Охридското езеро

Кои се маките на Охридското Езеро? Охридското езеро крие страшна и срамна тајна. Пластика, лименки, најразновиден кабаст отпад лежат на дното како скриени сведоштва за човечката некултура, но и за инертноста на институциите. ДОМА ве носи во загрозениот еко-систем во длабочината на Охридско езеро. Од дното на Езерото секојдневно сме сведоци дека нуркачите имаат извадено цела покуќнина, која несовесните граѓани ја фрлаат токму тука.Видеото во продолжение нуди докази дека човекот е најголемиот непријател на Охрид. 

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 108 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12.Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076,  бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5502, активни 917• Куманово 1312, активни 301• Дебар 227, активни 67• Штип 1072, активни 249• Прилеп 373, активни 42• Тетово 1155, активни 155• Струга 529, активни 175• Велес 247, активни 28• Битола 187, активни 68• Охрид 315, активни 72• Кавадарци 161, активни 106• Гостивар 687, активни 296• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)• Струмица 54, активни 25• Крива Паланка 30, активни 5• Радовиш 38, активни 10• Крушево 16, активни 1• Кочани 128, активни 27• Пробиштип 71, активни 19• Демир Хисар 60, активни 36• Македонски Брод 65, активни 36• Пехчево 8, активни 2• Берово 17, активни 8• Валандово 7, активни 1• Виница 58, активни 43• Делчево 18, активни 13 (5 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 1• Свети Николе 264, активни 55• Кичево 247, активни 116• Ресен 146, активни 1• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1902 теста се преку: ИЈЗ-545, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-242,  Биотек-370, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-335, Систина со PCR метода -184, Судска медицина -7, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-16, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 126• Аеродром - 116• Гази Баба – 116• Карпош – 92• Центар – 86• Кисела Вода – 81• Бутел - 68• Ѓорче Петров – 64• Шуто Оризари – 45• Студеничани – 30• Сарај – 28• Арачиново – 17• Илинден – 12• Сопиште – 10• Чучер Сандево – 7• Петровец – 7• Зелениково - 5• Странец – 3• Нераспределен – 4

Македонија | пред 5 години

lisici

Во Србија фатена криминална група која фалсификувала ПЦР-тестови и документи и ги наплаќале по цена од 800 евра за еден

Шест лица се уапсени по наредба на српското Обвинителство за организиран криминал под сомнение дека се приклучиле на криминална група заради фалсификување лични документи, но и десетици лажни ПЦР-тестови, соопштија од Обвинителството.„По наредба на Обвинителството за организиран криминал, по неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Одделението за сузбивање на организиран финансиски криминал СБПОК МУП на Република Србија, денес шест лица беа лишени од слобода: М. П, М. М., С. Г., Л. Б., С. И. и М. И, поради сторени кривични дела здружување поради вршење кривични дела од член 346 од Кривичен законик и фалсификување исправи според член 355 од Кривичен законик“, соопшти обвинителството.Според нив, постојат основи за сомнение дека оваа организирана криминална група на територијата на Република Србија во периодот од јануари 2020 година до денес наоѓала лица заинтересирани за добивање лажни јавни документи, изработувала фалсификувани лични документи, како и десетици лажни резултати од ПЦР-тестовите на Ковид 19.Осомничените за изработката на фалсификуваните документи наплаќале надоместок во износ од 100 до 800 евра за документ. 

Македонија | пред 5 години

podovi

(ФОТО) Нови подови во подрачното училиште на ОУ„Св. Климент Охридски“ во Далјан - Охрид

Во сите 5 училници и наставничката канцеларија во подрачниот училишен објект на ОУ„Свети Климент Охридски“ во населбата Далјан деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите со нов ламинат.Материјалите за поплочување беа обезбедени од страна на Општина Охрид, преку донација на локална компанија, која се занимава со трговија на градежни материјали. Покрај училишните простории во подрачниот објект, ќе биде извршена промена на подовите и во една училишна просторија во централниот објект на ОУ„Свети Климент Охридски“.Во текот на наредниот период, во ова основно училиште, со средства на Општина Охрид планирана е реконструкција на дограмата во подрачниот објект во населба Далјан, а ќе биде извршено и бојадисување на внатрешните ѕидови во централниот училишен објект.Благодарение на донацијата за реконструкција на подови, во текот на наредниот период се очекува да бидат поставени нови ламинатни подови, во дел од училишните простории во ОУ „Григор Прличев“ и во подрачниот објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во село Коњско.

Македонија | пред 5 години

Poetska-nok-vo-Velestovo

32. Издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Со стиховите на Зоран Анчевски и изложба на скулптури на Димитар Филипоски, во петок на 21-ви август 2020 година ќе започне 32. издание на интернационaлната манифестација, „Поетска ноќ во Велестово“.Програмата од првата поетска вечер, традиционално ќе се одржи на локацијата „Чешма“, а ќе биде збогатена со настап на „Skopje guitar trio“.Втората поетска вечер ќе се одржи на 22-ри август на локацијата „Каменон“ со почеток во 18 часот. Во рамки на програмата ќе бидат претставени поетите Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.Годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде организирано во согласност со сите мерки и протоколи за заштита од вирусот „КОВИД 19“.И оваа година поетската манифестација е поддржана од Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

Hristo_Uzunov_toaleti

(ФОТО) Реконструкција на санитарните јазли во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид

Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во ОУ„Христо Узунов“.Во рамки на раконструкцијата ќе биде извршена промена на водоводната инсталација, ќе биде поставена нова санитарна опрема и плочки.Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Според планираното, во текот на наредниот период во ова основно училиште ќе биде извршена целосна промена на дограмата и ќе бидат реконструирани подовите во сите училници. Минатата година, со средства на Општина Охрид беше извршена промена на покривот на училиштето.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Попова: Попова: Дали со директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската ЗОО Градина и дали бил претресен и тој?!

Шилегов молчи и мисли дека со разрешувањето на Сенад Смаиловиќ - Сенко, од директор на ЈП „Улици и патишта“ ќе се спаси од одговорност. Разрешувањето не го амнестира Шилегов од одговорноста, што на клучна позиција поставил лице кое е фатено со две пакетчиња кокаин во себе, истакна Ирена Попова, советник во Град Скопје.Дополнително, граѓаните не се запознаени со детали од настанот и дали МВР нешто крие?!Дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски - Чомбе?Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување на дрога?Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал?Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување на наркотици за лична употреба?Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев?Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?Како ќе им објасни Шилегов на Скопјани дека Сенко носел одлуки при полна свест и разум. И како воопшто го назначил?!Шилегов треба јавно да се извини, но и сам да понесе одговорност и да си замине, бидејќи истиот е негово кадровско решение.Неодговорноста на Шилегов ќе повлече и неодговорност и на други носители на јавни функции, кои го изневериле народот.Случајот на Сенко е само еден во низата криминогени настани, предводени од луѓе на позиции поставени од СДСМ. Претходно градоначалникот на Ново Село беше фатен како шверца цигари, градоначалникот на Демир Хисар, како се заканува дека прислушкува свои сограѓани, градоначалникот на Шуто Оризари како малтретира човек во својот кабинет, пратеник како нарачува дрога и многу други.СДСМ не се извини за ниту еден од нив и нивните криминали.СДСМ ја води државата со криминалци. Одговорност мора да има! Градоначалниче вие сте на потег, истакна Ирена Попова, советник во Град Скопје, на денешната прес конференција.

Македонија | пред 5 години

ahmeti

ДУИ за албанската опозиција: Ќе продолжите да стоите на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години

На Албанците од Северна Македонија не им е потребна недостоинствена и деструктивна опозиција која им се спротивставува на сите раководители на институции во Албанија и во Косово, порачуваат во соопштение од ДУИ.Од таму сметаат дека овие партии се узурпатори кои не ги претставуваат албанските граѓани.„Ќе продолжите да стоите на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години за да ги поткопате политиките што ги напредуваат Албанците во оваа земја“, порачуваат од ДУИ за колегите од албанскиот политички блок.„Ве поканивме да ни се придружите, не за да нè поддржувате, туку да владеете со нас и да ги споделуваме успесите заедно, но вие ја напуштивте албанската тркалезна маса и работевте дење и ноќе за неуспехот на историскиот договор за Албанците и сите граѓани од Северна Македонија“, нагласуваат од партијата на Ахмети, додавајќи дека Албанците не само во Македонија, туку секаде нема да го заборават или да го простат недостоинственото, деструктивно и срамно однесување на узурпатори и сериски губитници.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев до членството за „Еуростандард банка“: Не паѓајте со духот! Парите се битни, но не се најбитни.

„Гледам восклик од ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираната голема сума ПАРИ на Левица во пропаднатата ‘Еуростандард банка’. И не им фаќам за зло. Тоа се таков калибар ситнобуржујски луѓе кои мислат дека парите се сè во животот. И затоа имам огромна жал за нив, порача лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев до членството, симпатизери и сограѓаните во својата објава на Фејсбук, во врска со блокирана сума пари коишто партијата ги имала во пропаднатата „Еуростандард банка“.А ние…Ние сме учени без пари. Онака, баш герилски и партизански. Во тоа, всушност, лежи нашата сила!Уште пред повеќе од една деценија почнавме буквално од нула да градиме автентично политичко движење, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата. Нас никогаш не ни е страв пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина. Оти сме троскот. Не можете нас да нè искорнете! Во тоа е нашата незгодност. Ние сме тие лоши, црни, малечки гадови! Проклет да бидам, таква ни е ѕвездата. Кај и да одиме, се бориме со милион интриги. Нè ловат како некои ѕвериња. Ама па и ние, проклет да бидам, и ние не се даваме! Чуден некој сој сме“, порача Апасиев.„Еве, во канцеларијата на Президиумот, уште си ја чуваме прочуената тегла за донации на ‘Ленка’. Како наша реликвија, за која нè врзуваат убави спомени од младоста. Да нè потсеќа секогаш на нашите почетоци, кога во Градскиот парк на секој состанок собиравме активистички прилози за потребните реквизити. Никогаш не ја фрливме, оти не знаеш животот што носи.https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3238668322865150Затоа, до сите наши стари и нови членови, симпатизери и сограѓани – имам само една порака: Не паѓајте со духот! Парите се битни, но не се најбитни. Лавината наречена Левица веќе е невозможно да биде запрена. Семето на отпорот е посеано на плодна почва и на здрава основа. Раководството е консолидирано и има план за акција. Веќе во март-април следната година, врз основа на одличниот изборен резултат, ќе добиеме рекордна сума која ни следува од државното финансирање. А дотогаш? Дотогаш ќе водиме правна битка за поврат на заробените средства и легислативна битка за радикална реформа на лихво-банкарскиот сектор. И ќе издржиме! Солидарно, здружно и машко-женски“, додава Апасиев.

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат

Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата. Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР.Дека нивниот коалиционен партнер "5 пари не вреди", и дека е "канцер". А ова беа зборовите на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други. Зошто? За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување на одговорност, поради страв од правдата.Следува период каде нема да видиме реформи, ќе има кратења, поскап живот и ценовни шокови. Добиваме Влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат.И кога велат „можеме“, им веруваме дека можат само во криминалот и корупцијата, ништо повеќе, напиша Мицкоски на ФБ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1638201496355303

Македонија | пред 5 години

nefi

Нова кривична за Нефи Усеини, од снимките се гледало како Топалоски бил тепан со пиштол

Охридската полиција констатирала дека бил употребен пиштол во нападот на Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, дознава „А1он“. Неофицијално, ова било потврдено по прегледот на снимките од видео надзорот, кои се одземени од хотелот каде вчера се случи инцидентот.Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во време кога Топалоски бил нападнат.Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството. Нападот на Топалоски се случи вчера пред познат охридски хотел. Според сведочењето на нападнатиот за „А1он“, Усеини заедно со брат му и уште две лица прво му извадиле пиштол на него ни неговото малолетно дете, за потоа, со оружјето да го маваат по глава.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Северна Македонија.Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од 72 часа.Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Од 10-16 август 2020, зголемување на бројот на тестирања и оздравени пациенти

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на ИЈЗ кој се однесува на периодот од 10 до 16 август направени се вкупно 11.605 тестирања на ковид-19, 2.062 или 17.8% повеќе споредено со претходната недела.Од направените 11.605 тестирања, регистрирани сe 902 нови позитивни случаи, а во наведениот период процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.8% што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4% и 8.6%.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=251; 27,8%) и Куманово (n=125; 13,6%). Во 18 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=163; 18,1%) и 50-59 (n=162; 18,0%).Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,9%) и 10-19 години (n=49; 5,4%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=858; 95,1%), регистрирани се 87 (10,1%) хоспитализирани, а кај 244 (28,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3%) имале контакт со потврден случај, а 27 лица се со историја на патување во последни 14 дена.Во споменатиот период по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 29 лица повеќе споредено со претходната недела.Регистрирани се 17 смртни случаи од 9 градови, што е намалување од 32,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите биле на возраст над 60 години (n=9; 52,9%). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден случај починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 10-16.08.2020, како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања