Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

navalni

Во телото на Алексеј Навални е пронајдена супстанца која е опасна по околината

Во телото на Навални наводно била пронајдена опасна супстанција што претставувала опасност не само за него туку и за неговата околина.Ова го изјави директорот на Антикорупцискиот фонд, чиј основач е рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Иван Жданов, кој се осврна на информациите што ги добил од претставниците на сообраќајната полиција.Според неговите зборови, на прашањето да објаснат за каква супстанција станува збор, претставничката на полицијата рекла дека тоа е тајна на истрагата, дека не може да каже и дека станува збор за смртоносна супстанција, поради што секој околу пациентот ќе мора да носи заштитен костим, пренесува порталот „Спутник“.Жданов исто така рече дека не знае за која супстанција станува збор.

Слајдер | пред 5 години

klima

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување - инвертер клима уред во Охрид

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2020 година објавува ЈАВЕН ПОВИКза субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем  за затоплување –инвертер клима уред за 2020 година Опис на Јавниот повикОпштина Охрид , со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред  во 2020 година  ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 октомври 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, Општина Охрид ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. Право на учество на Јавниот повик:Право на учество на Јавниот повик имаат жителите  на Општина Охрид кои имаат купено  инвертер клима уред  за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во 2020 година  и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците, освен вработени во локалната самоуправа на Општина Охрид и нивни блиски лица односно лица кои се во брачна заедница со вработеното лице ; роднини по крв во права линија ( син и ќерка, внуци, татко и мајка, баба и дедо). Услови што треба да ги исполни барателот:Барателот е должен да ги исполни следниве услови:да има живеалиште на подрачјето на Општина Охрид,Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,набавениот уред да биде купен во 2020-та  година,  се до  завршување на Јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,Само едно лице по домаќинство (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.По исклучок од ставот 1 од овој член, за барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење, не важи условот од став 1 точка 3 на овој член.Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно Комисијата доставува предлог до градоначалникот на Општина Охрид за неусвојување на барањето. Начин на пријавување на Јавниот повикЗа надоместување за дел од трошоците за набавка на инвертер клима и докажување дека условите за учество на јавниот повик се исполнети, барателот до Општина Охрид треба да достави;Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општината : www.ohrid .gov.mk),фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина Охрид,Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи,фотокопија од трансакциска сметка, на барателотдоказ во оригинал дека е извршено купување во 2020 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата. По исклучок од ставот 1 на овој член, барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не ја доставуваат документацијата од став 1 точка 5 и 6 на овој член.Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „ Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување- инвертер клима за 2020 година “ во архивата на Општина Охрид, на адреса ул.Димитар Влахов бр.57,Охрид секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима за 2020 година “.Архивата на Општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на  поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата. 5. Начин на спроведување на јавниот повикГрадоначалникот на Општина Охрид формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни иво втората фаза ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купената инвертер клима е инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот,   дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее и дека барателот до поднесување на барањето  е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазутБарателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталиран набавениот инвертер клима уред.Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Охрид. 6. Начин на остварување на правото на надоместокГрадоначалникот на Општина Охрид на предлог на Комисијата носи решение за одобрување  на барањето  за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето, подносителот писмено се известува за неусвојувањето.Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно јавниот повик за одбивање на барањето. 

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски да се соочи со реалноста и да го одржи ветувањето - оставка откако загуби на изборите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по поразот на парламентарните избори паѓа во се подлабока конфузија, а Христијан Мицкоски очајно бара алиби и ги погазува сопствените ветувања.   Наместо да се соочи со реалноста, за ВМРО-ДПМНЕ кукавичлук е нивниот претседател да замине од својата функција во Белиот дворец, да даде оставка, која ја вети пред граѓаните ако биде поразен на изборите или доколку не направи Влада, се вели во соопштението до СДСМ.Давата услови се исполнети ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори, а коалицијата предводена од СДСМ обезбеди парламентарно мнозинство за формирање на ефикасна влада со стабилен четиригодишен мандат, која ефикасно ќе им служи на граѓаните и ќе ја води државата право напред во Европа.Мицкоски не може да и погледне на реалноста во очи, да понесе одговорност за својот неуспех и да го исполни она што самиот го вети пред изборите – оставка во случај на пораз, додаваат во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

IMG_8245

Филипче и амбасадорката на САД во посета на ИЈЗ: За првпат во нашата земја добиваме кабинет со биосигурност ниво 3 - донација од американската амбасада

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, г-ѓа Кејт Мари Брнз, вчера беа во посета на Институтот за јавно здравје. Поводот за посетата е донацијата во тестови, центрифуга и кабинет за биосигурност, во вредност од 12.000 американски долари која оваа институција неодамна ја доби од амбасадата на САД.Во присуство на директорот на установата д-р Шабан Мемети, тие направија обиколка низ Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијасностика, како и низ претходно донираната лабораторија за вирусологија со трет степен на биосигурност од страна на американската амбасада во вредност од 500 илјади американски долари. Оваа недела, американската амбасада и Институтот за јавно здравје се согласија за модификација на проектот со кој ќе се зголемат капацитетите за тестирање на институтот за 10-15%.Министерот Филипче упати благодарност до амбасадорката Кејт Maри Брнз за несебичното залагање уште од почетокот на кризата, кога добивме огромна помош, прво во заштитна опрема, материјали, а понатаму и во медицинска опрема за Инфективната клиника и заштитна опрема специфично за Клиниката за гинекологија и акушерство.„Соединетите Американски Држави потврдија дека се нашиот најсериозен стратешки партнер не само во другите сектори, туку и во секторот здравство. Ова е продолжение на една соработка којашто трае веќе подолго време. Во изминатиот период целосно е реновирана Клиниката за неврологија, целосно нов блок во Психијатриската болница во Демир Хисар. Сега се во тек градежните активности на Клиниката за максилофацијална хирургија. Во следниот период ќе започнат градежните работи за реконструкција на Клиниката за хематологија. САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем. Она што денеска е завршено, финализирано е реновирањето на дел од лабораторијата во рамки на Институтот за јавно здравје. Лабораторијата којашто почна со првите тестови за детекција на коронавирусот, кајшто беше најголемиот притисок од сите пациенти ширум нашата држава. Започнаа со 20 тестови на ден, а сега се прават и до 1200. Сериозно е зајакнат овој капацитет. Благодарение на целосното реновирање помогнато од амбасадата, за првпат во нашата земја ќе имаме кабинет со биосигурност ниво 3. Ова ќе биде уште едно зајакнување, уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која што се дава и во технологијата на работа. Во оваа лабораторија, од почетокот на пандемијата немаше ниту еден инфициран вработен здравствен работник, строго се придржуваат до сите стрикни протоколи за да се направи една ваква реконструкција и да се постигне трето ниво биосигурност во делот на микробиологијата. Им честитам на сите вработени, на директорот Шабан Мемети, на раководителот на лабораторијата Голубинка Бошевска за пожртвуваната, практично 24 часа работа на ден од почетокот на кризата. Благодарност до амбасадорката Брнз се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму“, потенцираше министерот Филипче.Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз истакна дека голема е честа што ја има шансата да ги посети реновираните микробиолошки лаборатории и констатираше дека работата која ја имаат сработено експертите, професионалците и техничките работници во овие простории е круцијална и многу важна, помагајќи и на Владата да одговори на пандемијата.„Она што го видовме денеска е исклучително импресивно и чест ми е да кажам дека дополнителните капацитети кои резултираа од ова реновирање, доаѓаат од соработката на Американската амбасада, канцеларијата за одбрамбена соработка, министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Работевме заедно чекор по чекор за да ги утврдиме временските одлуки за круцијалните проекти кои ќе помогнат да се подобрат капацитетите за тестирањата во државата." - рече амбасадорката Брнз.„Во 2018 година, почна реновирањето на вирусолошките лаборатории на Институтот за јавно здравје  финансирано од Командата на Соединетите Американски Држави. Упатувам огромна благодарност за севкупната поддршка. Во овие моменти со справувањето со ковид кризата, лабораториите се навистина зајакнати и на пациентите им ја даваме потребната здравствена заштита“.- истакна при посетата директорот на ИЈЗ д-р Шабан Мемети.

Македонија | пред 5 години

spomenik-1

(ФОТО) Се поставува спомен обележјето за загинатите во бродската несреќа, околу него ќе биде паркот на розите

Се поставува спомен обележјето на загинатите во бродската несреќа во Охрид, во која Животот го загубија 15 бугарски туристи од вкупно  57 кои се возеа од Охрид кон Манастирот Свети Наум. Споменикот е на Студенчишката патека после мостот. Според замислата, околу споменикот ќе биде новиот парк на розите.Градежните активности ги изведува ЈП Градски гробишта.Споменикот ќе биде уреден до годишнината од бродската несреќа 5 ти септември.За потсетување несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот.   Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.Животот го загубија 15 бугарски туристи од вкупно  57 кои се возеа од Охрид кон Манастирот Свети Наум.Кормилото на бродот го управуваше тогаш 23-годишниот капетан од Охрид.Тој се соочи со мерка притвор веднаш по несреќата, а на 5 јули 2011 беше  осуден на една година затвор.Висината на казната на Филески му ја олесни застапникот на бугарските државјани кои ја преживеаја несреќата. Тогаш беше образложено дека капетанот направил се што можел да спаси поголем број на патици жртвувајќи го сопствениот живот.Потонатиот брод од мистериозните Охридски води беше извлечен на 19 септември, а и ден денес стои непоместен во близина на каналот Студенчишта и немо сведочи за трагедијата која потресе две земји соседи Македонија и Бугарија.Инаку во Охрид има Спомен парк, во чест на 15-те бугарски туристи, кои загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро. Иницијативата за изградба на овој парк беше на здружението „5-ти Септември“, а е финансирана од охридската локална самоуправа и Ротари клубовите од Охрид и бугарскиот град Пирдоп, од каде што потекнуваа  најголем дел од жртвите во несреќата.

Македонија | пред 5 години

ohrid-1

(ВИДЕО) Охридската чаршија и кеј преполни - заштина маска не носи никој

Овој период Охрид преполн со туристи, претежно домашни. И покрај препораките на комисијата за заразни болести тие не ги почитуваат препораки за држење дистанца и носење заштитна маска.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/299795824638515

Македонија | пред 5 години

promocija

Промовирани три книги на Охридскиот научен истражувач и историчар д-р Павле Митрески

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска присуствуваше на промоцијата на трите нови книги на познатиот охридски научен истражувач и историчар д-р Павле Митрески, која се одржа денеска во Охрид.Издавањето на овие богати научни книжевни дела „Михајло Идворски Пупин“ (Од Идвор до Вевчани), „Студии за Охридско – струшкиот регион“ (4 книга) и „Српски документи 1890 – 1940)“ беше поддржано од Општина Охрид.Промотори на книгите беа проф. д-р Ѓорѓи Тоновски и м-р Димитар Смилески, а модератор на настанот беше Милчо Јованоски.

Македонија | пред 5 години

navalni

„Билд“: Германски авион оди по Навални

Авион со тим специјализиран за лекување пациенти во кома ќе полета вечерва од Германија за да го пренесе рускиот дисидент Алексеј Навални, пишуваат германските медиуми.Навални беше хоспитализиран рано утрово под сомнение за труење, а во моментот е во кома и се бори за својот живот во болница во сибирскиот град Омск.„Авионот за итна помош со специјалисти за пациенти во кома ќе полета вечерва“, изјавил за „Билд“ претседателот на германската невладина организација „Синема фор пис“, Јака Бизиљ, германски активист, роден во Словенија.„Ако Навални е во можност да го стори тоа утре наутро, авионот веднаш полетува за Берлин. Неговата сопруга ќе лета со него“, додал тој.Операција од сличен вид беше организирана и во 2018 година за челнови на контроверзната руска група „Пуси рајот“.Денеска, и францускиот претседател, Емануел Макрон, и неговата германска гостинка, канцеларката Ангела Меркел, официјално понудија помош на рускиот опозициски лидер.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

turisti-kuce

Англиски туристи со куче десет часа барале сместување во Охрид, станоиздавачите не примале туристи со домашен миленик

Оние кои имаат домашно милениче куче, кое сакаат да го понесат со себе на летување во Охрид, добро знаат дека тоа е речиси невозможна мисија во нашиот езерски бисер. Речиси во сите хотели, апартмани, па дури и приватните куќи кои нудат сместување, при самото спомнување на зборот куче, реакцијата е слична, како да си прашал дали може да донесеш слон, објави fokus.mk.Отсечно -Не, тоа е одговорот кој ги остава во неверување љубителите на кучиња.На страницата на Букинг, каде се рекламираат најголем дел од сместувачките капацитети, речиси секаде е наведено дека миленичињата не се добредојдени. Зошто е тоа така, со оглед што станува збор за кучиња чувани во домашни услови, со стекнати хигиенски навики, повеќето хотелиери дури и немаат некој прецизен одговор.За Фокус, брачен пар од Лондон, Англија раскажува што поминале додека нашле сместување во Охрид поради нивното куче од кое не се разделувале 11 години.-Верувајте ни дека повеќе од 10 часа баравме сместување во Охрид. Никаде не не примаат со куче, нешто кое за нас е несфатливо. На прашањето зошто, добиваме нејасни одговори. Вакво нешто ни се случи само еднаш во Албанија, никаде на друго место во светот! Во Франција, Англија, Турција, секаде каде сме отишле, нашето куче кое е доста мирно по природа, било добредојдено. За среќа, веќе беше доцна во ноќта, наидовме на хотелот Дипломат, каде љубезно не примија.Текстот во целост на: Фокус

Македонија | пред 5 години

orizje-struko

Во нива во струшко пронајдени сандаци со муниција, гранати и ракетни фрлачи

Денеска се одвива голема полициска акција во околината на Струга, каде што е пронајдено огромно количества оружје и муниција, пренесе Фронтлајн.Откако се добиени оперативни сознанија од теренот, македонската полиција утринава пронашла сандаци со муниција во кои имало и РПГ гранати.Во моментов, во тек е ископувањето каде што првично е пронајдено оружјето и муницијата. Само до овој момент се пронајдени 30 сандаци со муниција, во кои имало и неверојатни 100 ракетни гранати и 16 рачни ракетни лансери.Ископувањето на оружјето и муницијата е во тек, а се очекува иофицијално соопштение од МВР.

Македонија | пред 5 години

nefi

Притвор од осум дена за Нефи и Ибро Усеини

Охридскиот обвинител побарал, а судот одобрил осум дена притвор за охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини поради нападот на нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. И двајцата се во бегство, а мерката ќе биде активирана откако тие ќе бидат лоцирани. Од Обвинителството за “А1он” велат дека мерката е побарана по сите три основи, со цел, непречено спроведување на постапката против браќата Усеини.“Мерката е побарана по сите три основи, односно можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегство”, велат оттаму за “А1он.Полицијата веќе изврши претрес во домовите на осомничените, но не ги пронајде нив бидејќи и двајцата се во бегство. Исто така, одземени се и снимките од објектот каде се случил инцидентот, а од нив е констатирано дека бил употребен пиштол во нападот на Топалоски. Нападот на Топалоски се случи пред два дена пред познат охридски хотел. Според сведочењето на нападнатиот за „А1он“, Усеини заедно со брат му и уште две лица прво му извадиле пиштол на него ни неговото малолетно дете, за потоа, со оружјето да го маваат по глава.„Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден криминалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, изјави Топалоски за „А1он“ дента кога се случи инцидентот.Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница. Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид.Обвинителството кажа дека не знае за настанот, односно не добило пријава од СВР Охрид. Инаку, по повеќе од година, сите предмети отворени против Усеини во охридското Обвинителство, тапкаат во место. Оттаму последно кажаа дека поради пандемијата, обвинителите работат само на итните случаи, а додека, предметите кои се во редовна постапка како оние за Усеини, ќе се разгледуваат во наредниот период откако ќе се врати нормалното работење на Основното јавно обвинителство Охрид.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica-6

Се собираат пратенички потписи за собраниска седница за избор на Џафери

Продолжението на конститутивната седница на Собранието на која тебаше да се реизбере претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Талат Џафери нема да се одржи денеска, а дел од пратениците велат дека тоа ќе се случи најверојатно утре. Од Кабинетот на претседателот на Собранието повторуваат дека официјално продолжение на седницата немало закажано, а за тоа дали ќе биде закажана утре ќе зависи од тоа дали ќе бидат доставен предлог потпишан од најмалку дваесет пратениците за избор на прв парламентарец.Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, на оваа функција повторно ќе биде предложен досегашниот спикер Талат Џафери. Според информации од Собранието, пратеници веќе се потпишуваат на предлогот Џафери да биде уште еден мандат претседател на Собранието.Седницата за избор на Џафери синоќа ја најави лидерот на ДУИ Али Ахмети, при објавувањето на министерските места на партиски состанок на највисокото раководство. Нема официјални информации зошто беше пролонгиран изборот на Џафери, а медиумите пишуваат за несогласувања во таборот на ДУИ кои потекнуваат од незадоволството од распределбата на ресорите.Информациите од Собранието беа дека во текот на денот имало разговори за продoлжување на конститутивната седница, но за какви разговори станува збор никој официјално не посочува.Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме" и ДПА на Мендух Тачи. Според бројот, владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници.Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.По изборот, претседателот на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев. Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември. /МИА

Македонија | пред 5 години

ziberi

(ВИДЕО) Пратеникот Зибери нервозно го напушти Собранието и удри во метална рампа

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, на својот Фејсубк профил објави видео на кое се гледа како новиот пратеник од ДУИ, Арбен Зибери, инаку внук на Насер Зибери (кандидатот на ДУИ за премиер), нервозен излезе од Собранието и на излегување со џипот удри во металната рампа.https://www.facebook.com/FurKlan/videos/1243486899330526/Зибери е недостапен за медиумите, додека се пишува дека во ДУИ има превирања поради изборот за кадри во новата влада и со тоа е загрозено парламентарното мнозинство.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев на средба со иранскиот амбасадор: Устите на европските бирократи се полни со демократија а признаваат фалсификувани избори

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од генералниот секретар Ацо Николовски, во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ денеска оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Маџик Бизмарк.На средбата се разговараше за изборниот фалсификат на 15 јули и за скандалозниот план за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите изготвен од власта во Скопје и нејзините странски ментори,  се вели во партиското соопштение.Во однос на тоа како е изведена фалсификатот спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, Бачев на соговорникот му приложи повеќе писмени докази од кои се гледа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш севрена - само Македонија“ на изборите морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена.Бачев детално го објасни планот на власта и нејзините ментори од странство кој го спроведе нивната инсталација - Државната изборна комисија, односно, ги пренесе причините за тешкото изборно злосторство врз Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“  во контекст на борбата за влијание во Македонија поради што Единствена Македонија е колатерална штета на изборите.Истовремено, Бачев пренесе дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да го признае фалсификуваниот изборен резултат од 15 јули и дека правната битка за вистината и целосна сатисфакција продолжува пред судот во Стразбур. Во овој контекст, Бачев изрази жалење од двојните аршини на европските бирократи од Брисел на кои устите им се полни со демократија а во реалноста признаваат фалсификувани избори.Неговата екселенција амбасадорот Маџик Бизмарк се заблагодари за посетата и можноста да слушне повеќе засегнати страни кои учествуваа на изборите на 15 јули и говореше за потребата од посилна македонско-иранска соработка во области каде постои потенцијал за соработка, дотолку повеќе со оглед на трајната врска меѓу Македонија и Персија чиј наследник е денешната Исламска Република Иран.

Македонија | пред 5 години

gordan

Гордан роден со 1.220 гр. телесна тежина, благодарение на пожртвуваноста на персоналот на ГАК си замина дома во добра состојба

На 29 март оваа година на свет дојде Гордан, предвремено родено бебе со 1.220 гр. телесна тежина. Маја (24), неговата мајка, го родила во 29 недела од бременоста. По еден ипол месец престој на одделот за интензивна нега и терапија на ГАК, период во кој Маја, поради пандемијата, не била во можност да го види своето бебе, Гордан си замина дома со телесна тежина од 2.030 грама во добра општа состојба. Семејството на Гордан е благодарно за пожртвуваноста на персоналот на ГАК и нивната постојана достапност. И јас се придружувам во благодарноста до целиот персонал на ГАК, за целокупната грижа и нега која им ја даваат на мајките и новороденчињата, а на Гордан му посакувам да израсне во здраво и среќно дете, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2469112306729121/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Popova

Попова: Шилегов да си поднесе оставка, недозволиво е што со градско претпријатие управувало лице фатено со кокаин

Шилегов трет ден молчи во врска со скандалот во кој лице кое тој го именувал за директор на ЈП е фатен со две кесички кокаин. Шилегов не излезе ниту да се извини на скопјани затоа што на една од најклучните позиции во градот поставил лице кое е фатено со кокаин, истакна Ирена Попова, советник во Град Скопје.Шилегов не собра храброст ниту за тоа, а не успеа да смогне сили и да си поднесе оставка.Шилегов мора да сноси одговорност затоа што од него именувани лица се во средиште на скандал со наркотици.Недозволиво е луѓе кои што се под сомнение дека се конзументи на дрога да вршат јавни функции. Шилегов треба да сноси одговорност затоа што тој ги поставил.Скопјани имаат право да се сомневаат дека во изминативе три години со градот управуваат лица корисници на кокаин, и дека заради тоа градот е таков каков што е. Полн со ѓубре, дупки по булеварите, диви депонии насекаде.Очигледно е дека Шилегов и неговите директори во изминативе три години биле посветени на се, само на Скопје не.Скопје не смее да биде заложник на Шилегов и од него поставените директори корисници на кокаин.Скопје заслужува подобро. Господине Шилегов смогнете сила и направете го најдобриот чекор во вашата кариера - поднесете си оставка, Скопје го заслужува тоа, истакна Попова.

Македонија | пред 5 години

bocvarski

Ќе има предвремени избори за градоначалник во Штип, Бочварски ќе биде нов министер за транспорт и врски

Општина Штип ќе добие в. д. градоначалник, откако сегашниот градоначалник Благој Бочварски ќе ја преземе министерската функција во Министерството за транспорт и врски.Бочварски денес на прес-конференција најави дека можно е одржување предвремени локални избори во општината.„Јас и досега имав назначено заменик градоначалник од редот на советниците, постапката ќе ја продолжи општината и ќе се преземат сите наредни чекори, ќе се избере в.д. градоначалник кој ќе ја извршува таа функција се до следните локални избори. Законот е јасен па ќе го толкуваат и нашите правници. Реална е таа можност да се оди на предвремени локални избори, според овие закони, нека ги толкуваат правниците, како ќе се одлучи, веројатно е дека во Штип ќе треба да има предвремени локални избори. Во кој момент ќе се случат треба да одреди Владата и ресорното министерство“, изјавил Бочварски.  

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 118 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-12, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-1, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира  127 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-11, Штип-11, Струга-37, Велес-3, Битола-6, Охрид-13, Кавадарци-11, Гостивар-1, Демир Хисар-3, Виница-4, Кичево-5.Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194,  бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5556, активни 949• Куманово 1324, активни 302• Дебар 228, активни 68• Штип 1078, активни 243• Прилеп 382, активни 51• Тетово 1161, активни 160• Струга 530, активни 138• Велес 249, активни 27• Битола 188, активни 63• Охрид 318, активни 62• Кавадарци 165, активни 99• Гостивар 689, активни 297• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)• Струмица 55, активни 26• Крива Паланка 32, активни 7• Радовиш 38, активни 10• Крушево 16, активни 1• Кочани 129, активни 28• Пробиштип 72, активни 20• Демир Хисар 60, активни 33• Македонски Брод 65, активни 36• Пехчево 8, активни 2• Берово 18, активни 9• Валандово 7, активни 1• Виница 61, активни 42• Делчево 20, активни 15 (6 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 16, активни 2• Свети Николе 265, активни 56• Кичево 251, активни 115• Ресен 146, активни 1• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-263,  Биотек-337, МАНУ -90, Жан Митрев (Филип Втори)-233, Систина со PCR метода -145, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-14, ГАК-17, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 133• Аеродром - 118• Гази Баба – 121• Карпош – 91• Центар – 88• Кисела Вода – 89• Бутел - 71• Ѓорче Петров – 66• Шуто Оризари – 47• Студеничани – 30• Сарај – 26• Арачиново – 19• Илинден – 12• Сопиште – 11• Чучер Сандево – 7• Петровец – 7• Зелениково - 6• Странец – 4• Нераспределен – 3

Македонија | пред 5 години

Igraliste

(ФОТО) Се реконструира детското игралиште во близина на мостот на каналот „Студенчишта“

Со соодветно уредување на просторот и поставување на нови реквизити за забава на најмладите, во тек е реконструкција на детското игралиште во близина на мостот на каналот „Студенчишта“, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.659083188030621/659082978030642/?type=3&theaterВо текот на претходниот период беше извршена реконструкција и на детските игралишта на улица „Јане Сандански“ и во населбата „Христо Узунов“.Работните активности за реконструкција на игралиштата ги изведуваа екипите на ЈП „Градски Пазар“ со поддршка на Општина Охрид.Според планираното и во текот на наредниот период ќе се врши реконструкција и санација на детските игралишта на повеќе локации во општината.

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Би било кукавички чин Мицкоски сега да даде оставка

Сега би било кукавички чин во овие околности оставка, кога Зоран Заев и СДСМ буквално датероризираат и ја крадат цела држава. Така да сметам дека ова е завршена тема на којашто не би имале што повеќе да додадеме, така да подобро да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ, истакна портпаролот на СДСМ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање откако утрово СДСМ побара оставка од Мицкоски.Арсовски потсети на испумпувањето пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување.– 21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги. Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страна на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ. Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија. Дали шемата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија.До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?!Кога во цел регион, но и во остатокот од Европа цената на струјата се намалува, кај нас во Македонија истата се зголемува, за да се задоволат бизнис апетитите и апетитите на семејството Заеви, истакна Арсовски.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Внатрепартиски тензии, изборот на Талат Џафери го блокира ДУИ!?

Денеска треба да продолжи конститутивната седница на Собранието и да се избере Талат Џафери за негов претседател, но неочекувано нејзиното одржување влезе во неизвесност наводно поради внатрешните расправии – во ДУИ. Како што наведуваат повеќе медиуми на албански јазик, главната причина за ова е изборот на министрите во новата влада. Наводно, избувнал голем гнев во ограноците на ДУИ во Чаир и Сарај поради предлозите Артан Груби, Бујар Османи и Фатмир Бесими да бидат на чело на клучните ресори што треба да им припаднат на интегративците, објави nezavisen.mk. Според тие информации, Груби и Османи не биле поддржани од овие два главни ограноци во Скопје, а пратениците Изет Меџити и Арбен Зибери вчера не дошле на седницата на Централниот совет на партијата кога се одлучуваше за номинацијата на новите министри.Текстот во целост на:  nezavisen.mk. 

Македонија | пред 5 години

20-08-2020-Kuzeska

Кузеска: Создадовме ефикасна Влада со 7 министри помалку

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за усвојување на Договор за коалицирање со политичката партија ДУИ. Обезбедено е парламентарно мнозинство и нова Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги реализира програмските определби и принципи околу кои сме обединети, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Создадовме Влада која ќе им служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби, ефикасна Влада која ќе има 7 министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата.Новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри кои посветено ќе работат на реалзиација на зацртаните програми во своите ресори.Мандатот од 4 години е период во кои ќе гледаме како државата во сите сегменти се трансформира на подобро.Следува посветена работа на јакнење на економскиот стандард, зголемување на платите и пензиите, отворање на нови работни места и привлекување на нови странски инвестиции.Уште повеќе и уште подобро ќе инвестираме во јавното здравство за уште поефикасна борба против коронавирусот.Следува прочистување на судството, но и проверка на потеклото на имотот и парите на функционерите.Во новиот мандат, продолжуваме со имплементација на Договорот од Преспа со Грција, договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија како договори кои обезбедија членство во НАТО и водат до интеграција кон ЕУ, но и реализација на Охридскиот Рамковен Договор.Како одговорна партија, СДСМ се води исклучиво од интересите на граѓаните и државата. Тоа го покажавме во претходниот скратен мандат, тоа ќе го покажеме и во новиот, полн четиригодишен мандат.Ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите, истакна Кузеска.

Македонија | пред 5 години

Slobodan-Poposki-1

Се ближи рокот за операцијата, недостасуваат средства - Да донираме со срце за Цобе

Веќе неколку недели хуманите луѓе донираат за Слободан Попов, кој што има напредна фаза на злокобната болест канцер. За спас на неговиот живот, дадени се препораки за радикална операција, односно ампутација на целата негова нога. Цобе и неговото семејство решиле лекувањето да се спроведе во Солун Р. Грција, со помош на интегративна онкологија, која го третира проблемот како спој од повеќе познати и научно докажани методи за лекување. Постигнале договор за спроведување на третман со онко-хипертермиска и хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, која е овластен дистрибутер на Onco-Hyperthermia Group, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција.Со терапијата поголем дел од депозитот е уништен и е доведен во ситуација да биде отстранет со операција, а со неа ќе биде комплетно променет постоечкиот имплант (вештачки колк и бутна коска), кој претходно бил неуспешно вграден при операцијата во Скопје.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Филипче: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани

Државата ќе издвои буџет и вакцинирањето против Kовид -19 ќе биде бесплатно, најави министерот за здравство Венко Филипче.Во интервју за „Слободен печат“ тој говори за актуелната ситуација со ковид-19 во земјава, за очекувањата за наесен и за најавите за набавка на оксфордската вакцина ,,Астра зенека” која ќе се користи во земјите членки на ЕУ.„Имаме два механизми во овој момент за набавка. Едниот е Ковакс механизмот, преку СЗО и Алијансата за имунизација. Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител. Во меѓувреме, добивме и понуда од полската амбасада, за што сакам да му изразам благодарност на амбасадорот на Полска во нашата земја. Земјите членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина ,Астра зенека’. Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Дефинитивно, со двата механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно“, вели Филипче.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Притисок за заминување на Мицкоски: Единствени кои сметаат дека треба да остане лидер се тој и неговото опкружување со кое излегува во кафеана

Преку објави на социјалните мрежи, се повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ го искажуваат револтот кон лидерот на партијата, Христијан Мицкоски за изгубените избори и неуспехот да состави Влада, а притоа, бараат оставка од него и првите луѓе кои ги сметаат за виновни поради неуспехот. Ваквата реторика е засилена откако се официјализираше коалицискиот договор помеѓу ДУИ и СДСМ со кој тие добија ново владино мнозинство. Меѓу последните кои бараат одговорност се актуелни, но и поранешни членови на паријата кои беа исклучени за време на владеењето на Мицкоски, како и поранешни истакнати функционери на партијата, објави „А1он“.„Време е партијата да се врати во рацете на членството, без поделби на ваши и наши, стари и нови членови и членки, подобни и неподобни. Време е за силно и обединето ВМРО ДПМНЕ. Време е пак да славиме победи, а не да се мислат стратегии како да се оправда поразот со некоја нова лага. Време е за одговорност за лошите политики. Време е за оставки“, напиша поранешната пратеничка и висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.Поранешниот амбасадор на Македонија во САД и преговарач за спорот со името, Васко Наумовски, во изминатиов период има објавено неколку статуси порачувајќи „Од грешките може многу да се научи, само доколку не се губи време во нивно негирање“, а под објавата е споделена и фотографија од приврзок со слоган на ВМРО-ДПМНЕ.„Политичарите и пелените мора често да се менуваат, од иста причина“, објавил Наумовски споделувајќи цитат од Марк Твен, за потоа, во друга објава да сподели: „Луѓето што те однеле во пораз, нема да те однесат во победа“.И Петар Богојески кој беше дел од т.н. „реформатори“ на ВМРО-ДПМНЕ, бара оставка од Мицкоски, бидејќи смета дека е пречка за реорганизација на партијата со цел победа на следните избори.„Единствената пречка за учество на ВМРО ДПМНЕ во Влада или за реорганизација на опозицијата, кон нова победа, е г-дин Христијан Мицкоски“, напиша Богојески.Истиот став го дели и искчучената од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, која смета дека ова раководство предводено од Мицкоски може да донесе само нови порази, но не и победи. Таа смета дека чесното членство тоа го знае тоа, но и јавноста преку јавното изразување на незадоволството.„Очигледно е дека единствени кои сметаат дека Мицкоски треба да остане лидер на ВМРО-ДПМНЕ е самиот тој и неговото опкружување со кое излегува во кафеана. Човек кој не е доследен да го исполни ветеното, дека ќе даде оставка во случај на пораз или ако не состави влада, не заслужува ни да биде коментиран. Партијата има чесни кадри, а тие треба да си ја вратат моќта“, смета Исмајлоска-Старова.Целиот текст прочитајте го на А1он.мк

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања