Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

dete-kompjuter

Средношколците идната недела излегуваат на протести

Сојузот на средношколци в петок, наредната недела најави протести против одлуката на Министерството за образование новата учебна година од септември да се одвива онлајн. Нивното барање се заснова на комбиниран модел што подразбира настава со физичко присуство таму каде што дозволуваат здравствените услови.Вчера од Владата се сретнаа со претставници на средношколците, по што беше објавено дека заедно ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на Кoвид-19. Од Владата ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците.

Македонија | пред 5 години

Velestovo_08222020004

Започна годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Синоќа во селото Велестово  започна 32 –то издание на  интернационалната  културна манифестација, Поетска ноќ во Велестово.   Годинешната средба е посветена на поетското творештво на Зоран Анчески.  Пред присутните беше отворена и изложбата   на скулптури од  Димитар Филипоски, а  настапи   „Skopje guitar trio“ на Дарко Багески.Манифестацијата се  реализира со поддршка на Општина  Охрид , а на свеченото отворање   пригодно обраќање имаше претседателката на Советот, Живка Анѓелоска.– Дозволете ми  да го изразам моето големо задоволство што во оваа летна ноќ во височините  на  преубавото Велестово имам можност    да ви се обратам на свеченото отворање на 32–то издание на   манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. Оваа дводневна културна церемонија која годинава е посветена на делото на македонскиот поет Зоран Анчевски   е убав повод да се навратиме на делата  на врвните претставници  на македонската книжевна реч преку која се покажува свест за својата традиција и грижа за нејзино зачувување, осветлување и афирмирање. Анте Поповски, Гане Тодоровски, Патре М. Андреевски, Матеја Матевски, Богомил Ѓузел, Радован Павловски, Никола Маџиров, Владимир Мартиновски се само дел од поетите за кои биле посветени поетските ноќи во Велестово.  Ако се има во предвид фактот дека поезијата  по своите содржини,  по своите пораки, и по своите изразни особености ги поврза времињата,  истакнувајќи ги стремежите на македонскиот народ за неговата национална и културна самобитност останува само да им симнеме капа на гореспоменатите  творци и многу други како нив. Поезијата е  неопходно потребна поврзувачка нишка меѓу традицијата и современоста на еден народ . Со нејзе се  осмислува еден нужен континуитет произлезен од народната песна, чиј јазик  ги покажува неисцрпните можности  на уметноста  на пишаниот збор.   Во услови  кога Светот се соочува со еден од најголемите здравствени предизвици предизвикани од Вирусот КОВИД 19, културата е таа која го приспособува својот облик кон дадената ситуација како неопходно средство за поврзување  на народите.  Славејќи ја поезијата во услови на пандемија  се враќаме кон јазикот како едно од најголемите чуда , бидејќи тајната на пишувањето не е во ништо друго туку во чудото на живиот јазик. Тоа влева оптимизам дека пак ќе дојде време на среќавање, поздравување, разговарање… Со надеж дека наредното издание ќе го дочекаме во многу подобро расположение посакувам да понесете убави спомени од  беседењата посветени за годинешниот Лауреат, Анчевски и секако  да уживате во творештвото на надалеку познатиот академски уметник и вајар Димитар Филиповски и во музиката на Дарко Багевски – рече Ангелоска.Утревечер во рамки на манифестацијата, ќе бидат претставени поетите Тоде Илиевски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Павлина Атанасова, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.Годинешното издание на „Поетска ноќ во Велестово“ е организирано во согласност со сите мерки и протоколи за заштита од вирусот „КОВИД 19“. 

Македонија | пред 5 години

ahmeti

ТВ 21: Али Ахмети на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави ТВ 21. Од кабинетот на Ахмети за телевизијата рекле дека се очекува тој да го даде своето сведоштво за 10 дена пред меѓународните обвинители на Специјалниот суд, за воените злосторства во Косово.Извори од кабинетот на Ахмети објаснуваат за ТВ21 дека лидерот на ДУИ се очекува да замине во Приштина за да сведочи за неговата улога во ОВК.Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство на Косово ќе се јави во Специјалниот суд во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК. 

Македонија | пред 5 години

26032020_VRSM_Osmani_pres1

Османи пуштен низ вода, Ахмети одлучил да не биде кандидат за министер јавува Алсат М

Неофицијално, Бујар Османи извиси од владина функција, објави Алсат М.Според телевизијата, Османи повеќе не е кандидат за министер за надворешни работи, а таа позиција ја презема Артан Груби.Сепак, од таму не добиле официјална потврда од ДУИ дали ќе биде изменета листата на кандидати за Владата што ја објави лидерот на партијата Али Ахмети.Проблемот настана откако пратениците од Скопје, Изет Меџити и Арбен Зибери, се спротивставија на изборот на Ахмети на владини кадри без консултација, особено на изборот на Османи.

Македонија | пред 5 години

50250552623_e169669139_c

Неизвесен уште еден глас од пратеник на ДУИ за новата Влада

Пратеникот на ДУИ, Фљорин Бесими, не смее да гласа за изборот на новата Влада, бидејќи неговиот брат, Фатмир Бесими, е кандидат за министер за финансии, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).„Да видиме како ќе биде изборот на министерот за финансии. Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Прво, тука го гледам судирот на интерес. И тој треба да се изземе од расправата за избор на Влада и од гласањето за членови на Влада каде што неговиот брат е кандидат“,вели за ТВ Алсат, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.Од ДКСК додаваат дека будно ќе ги следат постапувањата на браќата Бесими, каде првиот судир на интереси го препознаваат во самиот избор на Владата.Пратеничкиот глас на Фљорин Бесими е четврт глас од ДУИ кој виси за изборот на новиот владин состав. Изминативе денови, во повеќе медиуми се пишуваше за несогласувањата во редовите на ДУИ во однос на дел од кадровските решенија што лидерот Али Ахмети ги предлага за новата Влада. Револтот се однесува најмногу на кандидирањето на Артан Груби за вицепремиер и Бујар Османи за министер за надворешни работи.

Македонија | пред 5 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

ВИДЕО: Филипче за концертот на Антички и Хераклеа бара итно санкционирање

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги повика надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните за еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола.Тој на својот фејсбук профил појасни дека заедно со Комисијата за заразни болести имал средби со организаторите на настани каде ги утврдиле усвоените протоколи, според кои настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50 отсто публика од предвидениот капацитет.-Не можам да го премолчам еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола. Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имав неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50% публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 м, задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител, напиша Филипче.Организаторот на настанот, според министерот, е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува.-Грижата за колективното здравје е заедничка одговорност, која во овој случај треба да ја понесе организаторот на настанот. Ги повикувам надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните, пишува Филипче на фејсбук.

Македонија | пред 5 години

Ohrid-1

Силувана охриѓанка, полицијата го фатила силувачот

Синоќа 39-годишна жена од Охрид била физички нападната и силувана.Според пријавеното, настанот се случил околу 21.30 часот, а зад силувањето стои лице од Охрид.МВР презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Починаа шест лица, заболени се нови 159 граѓани со коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во:- Скопје 32- Куманово 25- Дебар 1- Штип 8- Прилеп 7- Тетово 9- Струга 15- Велес 2- Битола 1- Охрид 4- Кавадарци 5- Гостивар 22- Гевгелија 5- Струмица 1- Радовиш 1- Кочани 2- Пехчево 1- Берово 9- Виница 2- Делчево 4- Кичево 3Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од:- Скопје 27- Куманово 1- Дебар 3- Штип 8- Прилеп 1- Тетово 1- Велес 2- Битола 4- Гостивар 9- Крушево 1- Кочани 1- Македонски Брод 1- Виница 1- Кичево 13- Неготино 2Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.

Македонија | пред 5 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Куп казни во Охрид и Струга за граѓани без маска

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-37, Струга-10, Кичево-33, Дебар-09). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 6 контроли врз угостителски и други објекти.

Македонија | пред 5 години

jeton-i-merko

Стружанец близок до Мерко ќе биде министер за информатичко општество и администрација

Јетон Шаќири од струшкиот огранок на ДУИ е партискиот предлот за нов министер за информатичко општество и администрација, објави весникот Коха.Шаќири, кој беше избран и за пратеник на изборите, е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а беше и директор на струшкото претпријатие Водовод и канализација.Тој важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој често влегуваше во конфликт со претставници на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

1897814_10205866804255027_3501122621226259658_n

Видео: Старо Скопје пред и за време на земјотресот

Ако поразговарате со некој од постарите генерации, со сигурност ќе ви каже дека не може денес да го препознае Скопје. Ова е документарец за старо Скопје, за животот на луѓето пред поплавата и земјотресот во 1963 година.

Скопје | пред 5 години

SAFE-FOR-WEB-FILE

Позитивните и негативните страни на новите министри во Владата

Моето мислење за до сега предложените министри во новата Влада:Министерство за политички систем – Артан ГрубиПозитивно: нема ништо позитивно во назначувањето на Артан груби на било која функција во власта.Негативно: Тој нема ниту еден квалитет заради кој би добил било каква раководна функција. Станува збор за hitmen на Али Ахмети, задолжен за ширење на говор на омраза, поттикнување нереди и разгорување на етнички базирано нетрпение.Министерство за внатрешни работи – Оливер СпасовскиПозитивно: не покажа отворена лакомост и не ја злоупотреби слижбената должност.Негативно: не успеа да го врати достоинството на МВР, ниту пак да се справи со корупцијата во министерството. Нема сили да се справи со предизвиците на борбата со мафијата. Безличен и анемичен лик.Министерство за правда – Бојан МаричиќПозитивно: нема ништо позитивно во назначувањето на Бојан Маричиќ на позицијата министер за правда.Негативно: според мене станува збор за човек кој е спремен да згази се’ и да направи се’ во име на сопствената кариера. Човек кој знае да се закити со туѓи перја и да профитира врз туѓ грб. Мислам дека е многу опасен вид кој секоја материја која ќе ја допре ја претвора во потполно неупотреблива желатинозна пифтија.Министерство за одбрана – Радмила ШекеринскаПозитивно: политичар од кариера, со два грама мозок и познавања на политичкото милје.Негативно: како и многу други политичари кои прерано дошле на високи функции сметам дека и’ прегореле некои многу важни релеи поврзани со етиката и моралот.Министерство за финансии – Фатмир БесимиПозитивно: ја познава економијата и има организационо искуство.Негативно: еден од лојалните послушници на Али Ахмети кој работи во корист на мафијата.Министерство за економија – Крешник БектешиПозитивно: релативно соодветно образование.Негативно: еден од оние чие прво вработување е висока функција во власта со биографија составена од три реда кои се однесуваат на високи државни функции. Ни по возраст ни по искуство не е соодветен за дадената функција.Министерство за транспорт и врски – Благој БочварскиПозитивно: соодветно образование.Негативно: Несоодветна возраст и тесни семејни врски и интереси во област која е во директна надлежност на министерството за кое е назначен што веќе однапред создава основа за конфликт на интереси и основано сомнение за можна злоупотреба на службената положба.Министерство за надворешни работи – Бујар ОсманиПозитивно – веќе подолг период е дел од процесите на меѓународна соработка и во допир со работата на органите на управата.Негативно – има несоодветно образование, еден од кадрите кои прерано биле ставени на високи позиции во власта и зависен од Али Ахмети.Министерство за земјоделие – Арјанит ХоџaПозитивно: немам информации.Негативно: потполн анонимец кој нема врска со земјоделие.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10219443216725938Министерство за екологија – Насер НурединиПозитивно: нема.Негативно: Бизнисмен кој е ставен на оваа позиција за да го заштити бизнисот (посебно оној на членовите на ДУИ) од бранителите на животната средина.Министерство за труд и социјална политика – Јагода ШахпаскаПозитивно: имала барем некаков допир со проблематиката поврзана со Министерството за труд и социјална политика.Негативно: нема друга биографија освен партиската.Министерство за култура – Ирена СтефовскаПозитивно: потекнува од академската фела, има тесна врска со граѓнскиот сектор, нема опашки од минатото, има соодветно образование.Негативно: нема искуство со работа со администрација и со внатрешната организација на министерството.Министерство за здравство – Венко ФилипчеПозитивно: соодветно образование, релативно добро снаоѓање во кризна ситуација.Негативно: човек кој плива низводно без видливи способности да ги адресира организационите проблеми поврзани со здравството.Министерство за образование – Мила ЦаровскаПозитивно: политичар од кариера со познавања од функционирањето на органите на управа, способна да иницира и спроведе промени.Негативно: нема искуство во областа на образованието.Секретаријат за Европски прашања – Никола ДимитровПозитивно: има професионално и многу практично искуство и е дел од процесот од самите почетоци.Негативно: Еден од оние кои прерано биле поставени на високи позиции во власта што се одразува на етичките и моралните вредности кои го определуваат неговото делување.Вицепремиер за економски односи - Фатмир БитиќиПозитивно: соодветно образование и искуство.Негативно: претставник на бизнис заедницата кој бил и е поврзан со Стопанската комора.Вицепремиер за борба против корупција - Љупчо НиколовскиПозитивно: соодветно образование, нема опашки и нема злоупотреби во вршењето на досегашните должности.Негативно: еден од оние кои прерано дошле на висока функција во власта, под големо влијание на Заев и без некои видливи резултати во областа во која до сега имал раководна функција.ФОТО: ИРЛ.МК

Коментари | пред 5 години

118256005_10221338404883389_3203923522326944075_o

ФОТО: Ако не платите 200 денари не може да го искачите врвот на Галичица, нешто што го нема никаде во свет

Едно Магаро - 200че. Жал ми е што овојпат оваа идилична слика од врв планина и природа ќе нема идилична приказна како вообичаено. Еве, да видите до кое дереџе сме дојдени...Наместо регуларна планинарска тура - школски пример за легална кражба. Вчера наутро на местото кај што вообичаено се поаѓа кон највисоката точка на Галичица, врвот Магаро 2255 н.м.в, наместо со радост , екипно тргнавме со неколку стотки полесни и со многу чемер со себе. Млад дечко, вработен за плата и слушање наредби, излезе од кола спремен со фискален апарат и покрај нашите негодувања, кажа : " Извинете, знам, неможам ништо да сторам, јас сум само вработен. "...и со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Не услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот. Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари - биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од Ноември до Април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки...летаме до горе?!Ми наплаќате за користење на ресурси - ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите? Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица, зошто до сега никаде, никој во и надвор од државава не ни наплатил за искачување на врв, дури ни таму каде се плаќаат дневници на рејнџери кои вистински се грижат за парковите и дејствијата внатре - што кај нас е квантна физика.Ејдиии деее... Денес наплативте на тие што со себе на грб ја носат тежината и бремето на ВАШЕТО расфрлено ѓубре и пластика и на горе и надолу, долж и попреку Националниот парк и не само на патеката која чини 200 денари туку насекаде, на некој кој е спремен да изоди километри пеш со повреди и во болки за да ја испочитува и срдечно да и се израдува и да и се поклони на убавината што пред себе ја гледа, на некого кој живее за тоа. Нам не ни е проблем да тргнеме по друга патека кај што ќе нема баждар и ќе ја најдеме, научени сме , 1км плус/минус, вие дали знаете друг пат освен овој, мизерниов?Нека ви стои ова на ѕидот на срамот, како одличен белег, да си го памтите резилов.Следно, за воздухот да ни наплатите, зошто од ова нема што друго понатака. Само недишење.*Споделете, вие кои го делите со мене мислењето. Останатите уште да молчите, до следни 500ки на друга планина“, напиша Евгенија Здравевска.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10221338404843388&set=a.4708907414418&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

missing

Полицијата трага по 14-годишно девојче од Кривопаланечко

Вчера во 15.10 часот во Полициската станица Крива Паланка, Д.С.(57) од с.Узем, Кривопаланечко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка Т.С.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира полицијата.

Македонија | пред 5 години

mijalkov-i-grubi

(ФОТО) Објавена фотографија од средба на Мијалков и Груби

Во хотелот Мериот во центарот на Скопје, генералниот секретар на ДУИ и иден прв вицепремиер, Артан Груби, беше на средба со сопственикот на овој хотел, Сашо Мијалков, тврдат медиуми на албански јазик.Медиуми на албански јазик ја објавија фотографијата и го снимија Груби како излегува од хотелот.Како што пишува Лајм Тв, поранешниот шеф на тајната полиција, Мијалков, ја потврдил автентичноста на фотографијата, но наводно рекол дека е стара.Од друга страна, Артан Груби по средбата во Мериот изјавил дека не се сретнал со Мијалков туку со Фатмир Дехари.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

„Поддршка за претседателот, веднаш“ им било речено на жените од ВМРО-ДПМНЕ откако беше побарана оставка од Мицкоски

Насоки за пишување статуси на социјални мрежи во кои треба да се изрази поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дала претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, според објавените фотографии од разговори помеѓу партиските структури.Ваквото барање на Ласовска кое според фотографиите го упатила до 73 членови на групата доаѓа два часа откако поранешни и сегашни членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Весна Дамческа-Илиевска и Марина Кавракова, членови на Извршниот комитет на Унијата на жени, побараа вонреден конгрес и оставка од Мицкоски. „Излезете со јавни статуси за поддршка на претседателот. На ваши профили и од страните на УЖ. Веднаш“, пишува во пораката, која според фотографијата е испратена од Ласовска во 14:20 минути.На оваа порака, се надоврзува Лилјана Затуровска, генерална секретарка на Унијата на жени на партијата, која напишала: „Ајде одма да си ја поддржиме партијата и да не им даваме храна на олопите“. Двете функционерки во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија за пораките. Повеќе на А1он. 

Македонија | пред 5 години

pistoli

Отворена истрага за скопјанец кој без дозвола поседувал оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Пронаоѓањето на оружјето следело откако осомниченот бил лишен од слобода од полициски службеници поради нарушување на јавниот ред и мир. Притоа, тој започнал вербално да се заканува дека ќе употреби огнено оружје. Оружјето, пиштол марка ZORAKI M 906-B и 30 куршуми, кои осомниченото лице ги поседувало без дозвола, при извршен претрес биле пронајдени во помошни простории во домот кадешто тој живеел со своите родители.Заради обезбедување на непречено водење на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган и привремено одземање на патна исправа.​

Скопје | пред 5 години

50251599992_1fbf2b74df_c

Талат Џафери со 62 гласа „за“ избран за претседател на Собранието

Со 62 гласа „ЗА“ и 43 „ПРОТИВ“, Талат Џафери и во следните четири години ќе биде претседател на Собранието. Џафери кој го водеше законодавниот дом и во изминатите три години, останува како собраниски спикер.Опозицијата беше против предлогот, додека СДСМ и ДУИ гласаа ЗА.Џафери даде и свечена изјава по гласањето.

Македонија | пред 5 години

50250552183_38bbfcd348_c-1

Силјановска Давкова до Џафери: Ако сте кандидат за претседател на Собрание, тогаш не треба да претседавате Вие, туку некој од замениците

На денешната собраниска седница се обрати и пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“. При своето излагање Силјановска Давкова посочи дека доколку Талат Џафери е кандидат за претседател на Собрание, тогаш тој не треба да претседава туку некој од замениците.„Процедурата е гаранција за демократија, особено парламентарната. И претседавачот по аналогија треба да се однесува како Претседателот на Собранието. Не можам, а да не кажам дека по верификацијата на мандатите ние пратениците иако по Деловникот треба да ги уживаме правата и да ги остваруваме должностите во еден подолг период , а тоа не можеше да го реализираме. Зошто? Затоа што да вие сте мастерот на процедурата но по аналогија повторувам, Деловникот важи и за Вас“, нагласи Силјановска Давкова.Силјановска Давкова додаде дека членот 110 од Деловникот вели дека не претседавачот туку Претседателот на Собранието е должен најдоцна во рок од 3 дена од добивањето на информацијата на Претседателот за доверен мандат да ги информира пратениците.  

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Истражна постапка за 51-годишен жител на Крушево, се сомничи дека ја извршил кражбата во „Уни Банка“ во Крушево

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 51-годишен жител на Крушево, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 19.08.2020 година околу 15,00 часот, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата по што влегол во  експозитурата на „Уни Банка“ во Крушево каде го извршил кривичното дело. Тој со употреба на сила и закана со огнено оружје дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетените вработени, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел денарски парични средства во вкупен износ од 1.330.000,00 денари.Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.  Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење до 30 дена. ​

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска нови 115 нови случаи на ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-7, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-10, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-11, Гевгелија-3, Крива Паланка-3, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-8, Делчево-3, Свети Николе-4 и Кичево-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира  225 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-15, Штип-5, Прилеп-2, Тетово-10, Струга-1, Битола-10, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-10, Струмица-6, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Валандово-1, Виница-1, Кичево-5 и Неготино-2.Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308,  бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5588, активни 833• Куманово 1331, активни 294• Дебар 236, активни 76• Штип 1092, активни 252• Прилеп 384, активни 51• Тетово 1171, активни 160• Струга 530, активни 136• Велес 251, активни 29• Битола 187, активни 52• Охрид 321, активни 64• Кавадарци 164, активни 95• Гостивар 700, активни 298• Гевгелија 34, активни 16 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 8 на Богданци)• Струмица 55, активни 20• Крива Паланка 35, активни 10• Радовиш 38, активни 9• Крушево 16, активни 1• Кочани 130, активни 29• Пробиштип 73, активни 18• Демир Хисар 60, активни 30• Македонски Брод 65, активни 36• Пехчево 8, активни 2• Берово 26, активни 17• Валандово 7, активни 0• Виница 61, активни 41• Делчево 23, активни 18 (6 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 16, активни 2• Свети Николе 269, активни 60• Кичево 254, активни 113• Ресен 146, активни 1• Неготино 37, активни 11 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1825 теста се преку: ИЈЗ-415, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-216,  Биотек-399, МАНУ -76, Жан Митрев (Филип Втори)-320, Систина со PCR метода -261, Судска медицина -15, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-10, ГАК-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 114• Гази Баба – 103• Аеродром - 99• Карпош – 86• Центар – 83• Кисела Вода – 81• Ѓорче Петров – 64• Бутел - 61• Шуто Оризари – 42• Студеничани – 18• Сарај – 21• Арачиново – 15• Илинден – 12• Сопиште – 9• Чучер Сандево – 6• Петровец – 8• Зелениково - 4• Странец – 4• Нераспределен – 3

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев: Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила дојде директно во Собрание

Пратеникот од „Левица“, Димитар Апасиев денеска се обрати од собраниската говорница. Тој напрвин истакна дека се надева дека дружбата на пратениците нема да трае повеќе од две години, давајќи му одреден рок на новиот владин состав.-Кога ќе го видам првопотпишаниот, узурпаторот Николче Димитров, станува јасно дека секаде мора да го има неговиот потпис. За него не знаеме дали е пратеник или министер. До 12 е пратеник, а од 14 часот е министер, или обратно, рече Апасиев, по што беше предупреден од Џафери, за начинот на кој се обраќа.Апасиев за изборот на Талат Џафери за претседател, истакна дека нема да го поддржи.„За првпат од герила, директно во влада. Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила дојде директно на власт. Му давам и 3:0 за толкување на Устав, наспроти претседателот на државата, Стево Пендаровски.- Не прозборе ниту еден збор на македонски на конститутивната седница, а и потписот каде што го става во графата за кирилица, него му е на латиница, рече Апасиев за Џафери.“ - рече Апасиев. 

Македонија | пред 5 години

galetanovski

Галетановски преупреди за опомена пред тужба за Попова и бара нејзино јавно извинување

Директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, преупреди за опомена пред тужба за советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, која на 19 месецов изрази сомнеж дека и тој бил во присуство на директорот на „Улици и патишта“ кога кај него беше пронајден кокаин.Според Галетановски, во изјавата советничката ги изнела следните невистинити факти:„Дали во присуство на директорот на ЈП ‘Улици и патишта’ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски Чомбе? Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување наркотици за лична употреба? Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев? Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?“.Oва е делот од изјавата на Попова кој Галетановски го оценува како невистинит и спорен, со цел да се нанесе штета на неговите углед и чест.„Барам јавно извинување и повлекување на изјавата од советничката Ирена Попова, која изнесе невистини за мене. Ниту сум бил таму, ниту ме претресле, ниту, пак, МВР нешто крие. Со оваа опомена пред тужба, сакам да помогнам во борбата против лажни вести и клевети кои одредени поединци ги шират за институции, граѓани и одговорни лица“, вели Галетановски.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците нема да го поддржат изборот на Талат Џафери за собраниски спикер

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата нема да даде зелено светло на предлогот на ДУИ, Талат Џафери повторно да биде избран за собраниски спикер. Според него во изминатиот мандат биле кршени процедурите од првиот човек во Парламентот.„Ова владејачко мнозинство нема да го поддржи предлогот Талат Џафери, по се она што се случуваше во изминатите 3 години. Во изминатот мандат се кршеше демократијата, се кршеа процедурите, се носеа закони по скратена постапка. Од 800 закони , беа донесени 300 по скратена постапка. Затоа ние нема да го поддржиме овој избор на тенкото парламентарно мнозинство кое нема далеку да стигне“, рече Мицевски.И од Колацијата Алијанса за Албанците-Алтернатива од собраниската говорница кажаа дека нема да дадат поддршка на Џафери, затоа што според нив ова парламанетарно мнозинство е нелегитимно, а Џафери доаѓа како поддршка од таму.

Македонија | пред 5 години

21082020_VRSM_sredba_so_Sojuzot_na_srednoshkolci-2

Владата и претставници на средношколците ќе соработуваат за спроведувањето на наставата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за здравство, Венко Филипче, заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, примија делегација на Сојузот на средношколци предводена од претседателот на сојузот Бленди Ходаи.На средбата претставниците на Сојузот на средношколците беа детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.Моделот за комбинирано организирање на наставата онлајн со алатки за интернет комуникација и со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение во основното образование и со одредени други исклучоци каде што тоа е безбедно од здравствен аспект, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците.Премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министрите за образование и за здравство Адеми и Филипче ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците. Исто така министерот за здравство Филипче ги покани средношколците да присуствуваат на состанок на Комисија за заразни болести на кој детално ќе се запознаат со состојбата со КОВИД-19, но и за мерките за заштита од заразата кои се во интерес на заштитата на јавното здравје.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања