Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

spricevi-kontenjer

(ФОТО) Во контејнер за комунален отпад поставен во близина на „Борис Трајковски“, пронајдени шприцови

И овој викенд продолжија активностите на екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“, каде беа спроведени акции за контрола на јавните површини, а во врска со непрописното фрлање отпад.За време на овие акции, во контејнер за комунален отпад поставен во близина на СЦ „Борис Трајковски“, пронајден е несоодветно фрлен медицински отпад (шприцови). Инспекциските служби во наредниот период ќе работат на пронаоѓање на лабараторијата која несоодветно го одложила медицинскиот отпад, по што истите ќе бидат санкционирани.Во текот на вчерашниот денот беа контактирани и специјалните служби на ЈП „Дрисла“ кои со специјална опрема го превзедоа медицинскиот отпад и истиот го транспортираа до депонијата каде ќе биде соодветно третиран.Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет.За потсетување, ЈП „Комунална хигиена“ воведе новитети кај услугата за собирање и транспорт на кабастиот отпад од домовите на граѓаните. Жителите на градот Скопје коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт на отпадот со специјалните возила на ЈП „Комунална хигиена“. Со воведените измени на услугата, граѓаните ќе имаат можност да ја одберат опцијата нивниот кабаст отпад да биде преземен директно од внатрешноста на домот, без разлика дали станува збор за индивидуални или за колективни домаќинства. Услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните се наплатува во согласност со ценовникот на ЈП „Комунална хигиена“.Дополнително, Градот Скопје апелира до сите компании кои работат со медицински отпад, да се придржуваат до законските прописи и постапки за одлагање и третирање на овој отпад.

Скопје | пред 5 години

dupki

(ФОТО) Обележани кратерите на патот до Средно Водно, граѓаните бараат асфалт

На социјалните мрежи се објави фотографија на која се гледа како некој утрово ги обележал да бидат видливи кратерите на патот до Средно Водно.Во објавата пишува:https://twitter.com/spirovskib/status/1297803530334621696?fbclid=IwAR05rFo43FGIB3zsoG-CVPIltEqhkYakxCr6gKuEtiCKKxBD0k7cpZYVu5c

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа кај Песочан, потешко повредени повеќе лица - пренесени во „Св.Еразмо“ во Охрид

На 23.08.2020 во 07.45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Песочан, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(57) од с.Порој, тетовско, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. М.(22) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Скопје.Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „бмв“, Х.Х.(53) од Тетово, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „бмв“ и сопатничката во истото возило, Х.Б.(24) од Тетово, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 5 години

lisici

Во Охрид приведен албански државјанин поради кривични дела „кражба“

На 23.08.2020 во 17.00 часот во СВР Охрид бил приведен И.А.(32) од Поградец- Р.Албанија поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 став 1 од Кривичнипот законик. Во текот на денот И.А. ќе биде спроведен до Основен суд Охрид.

Македонија | пред 5 години

eurai

Кочанец фатен со 3.900 фалсификувани евра

Ноќеска во 01:40 часот полициски службеници од Кочани го лишиле од слобода С.Ф.(43) бидејќи кај него биле пронајдени 33 банкноти од 100 евра, со ист сериски број и други шест банкноти од 100 евра, со ист сериски број.Тој бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

После пладне промена на времето

Времето претпаднево ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, информираат од УХМР.Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МЗ: Ги подобруваме условите за работа на младите лекари

Младите здравствени работници активно се вклучени во креирањето на здравствените политики што се спроведуваат во рамки на Министерството за здравство. Отворивме перспективи секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство и веднаш по добивањето лиценца да добие можност за работа со пациенти.Поголем дел од младите лекари коишто добија лиценца за работа во јули, годинава, покажаа интерес да бидат дел од тимовите во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со ковид-19, а паралелно на сето тоа почнуваме и процес на обезбедување финансии за нивно трајно вработување.Согласно измената на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор на медицина, кој се стекнал со лиценца веднаш почнува со шестмесечна пракса, која првпат му е платена со 30,000 денари месечно. Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи, како што се здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.Во изминатиот период се одобрени илјада специјализации и супспецијализации, дадена е согласност за пет илјади вработувања во здравствениот систем и направени се напори за соодветно  вреднување на младите лекари.  Во континуитет се спроведуваат и други активности за мотивирање на помладиот здравствен кадар. Тие остануваат во фокусот на Министерството за здравство. И натаму  работиме на подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукација и условите во коишто работат.

Македонија | пред 5 години

6CA26A58-0DA0-4A43-8278-1368E4634F9C

Моите две деца и жената ми сѐ се во животот, поради нив издржав", вели Михајло од Гостивар кој го победи вирусот

"Моите две деца и жената ми сѐ се во животот. Поради нив издржав", вели Михајло од Гостивар.„На инфективното одделение во гостиварската болница бев сместен околу три недели, а претходно имав 10 дена температура која постепено се качуваше. Докторите во болницата постојано беа со нас. Освен тоа што се грижеа за моето здравје, тие во текот на денот доаѓаа и ме прашуваа како сум. Многу сум задоволен од нив и треба да се гордеме со нашите здравствени работници. Три недели без семејството не е лесно и затоа им порачувам на сите да носиме заштитна маска, затоа што таа нѐ штити нас и нашите најблиски“, раскажува тој откако го победи коронавирусот. 

пред 5 години

Pozar

(ФОТО) Пожар над Лабино

Доцна попладнево изби пожар во шумата над Лабино, во непристапрн терен. На терен веднаш излегоја екипи на Териоторијалната противпожарна единица од Охрид. Според најновите информации, пожарот е локализиран и е под контрола, за тоа е доказ и тоа тоа што противпожарните возила кои се враќаат надополнети со вода се движат само со ротациони светла.Пожарот можеше да се забележи од делот кај плажите, а тоа предизвика и вознемиреност кај охриѓани и гостите.фото: ФБ Зоран Витанов 

Македонија | пред 5 години

mijalkov-jahta

(ФОТО) Мијалков ужува на јахта во Охрид

Ексдиректор на УБК Сашо Мијалков, викендов ужива на својата јахта во Охрид.Таму тој е заедно со поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески и со својата блиска пријателка, сопственичката на Солета, објави lider.com.mk.фото: Лидер 

пред 5 години

s1

Преку Ќафасан претпладнево минале 3.000 лица, претежно македонски туристи

Македонските граѓани ја „окупираа“ Албанија. Најголем број од нив одмараат во Драч, Валона и Саранда.Голема фреквенција и денеска е забележана на преминот Ќафасан, на македонско – албанската граница кај Струга, каде само претпладне на албанска територија влегле над 3.000 патници.Само првите претпладневни часови преку преминот минаа над 3.000 патници, главно македонски државјани, но има и државјани на други земји. Во текот на вчерашниот ден и денеска вкупно поминале над 12.000 лица, информираат од Дирекција за граница и миграција.Додаваат дека со цел нормално да се одвива протокот на патници и возила да не се создаваат непотребни гужви зголемен е бројот на шалтери на кои се работи. 

Македонија | пред 5 години

zivko-mitrevski

Живко Митревски се враќа на чело на ССМ

Живко Митревски се враќа на функцијата претседател на сојузот на синдикати, одлучи вишиот управен суд. Овој суд го поништи решението на комисијата за жалби и го врати митревски на функцијата од која беше сменет пред три години.„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски.Тој во 2017 година беше заменет од актуелниот претседател на ССМ Дарко Димовски. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Михајло од Гостивар: Короната ја победив поради моите две деца и жена ми

фБ статус на министерот за здравство Венко Филипче:“Моите две деца и жената ми сѐ се во животот. Поради нив издржав”, вели Михајло од Гостивар.„На инфективното одделение во гостиварската болница бев сместен околу три недели, а претходно имав 10 дена температура која постепено се качуваше. Докторите во болницата постојано беа со нас. Освен тоа што се грижеа за моето здравје, тие во текот на денот доаѓаа и ме прашуваа како сум. Многу сум задоволен од нив и треба да се гордеме со нашите здравствени работници. Три недели без семејството не е лесно и затоа им порачувам на сите да носиме заштитна маска, затоа што таа нѐ штити нас и нашите најблиски“, напиша Филипче на ФБ.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Директорот на „Мој термин“ позитивен на коронавирусот

Директорот на Управата за електронско здравство – Мој термин, Рефик Мустафа кој потпаѓа под министерството за здравство е позитивен на Ковид 19, а пет негови контакти со кои заедно работи ќе бидат 14 дена во самоизолација, објави „Фокус“.Според нашите информации, в.д директорот се нашол на вчерашниот список на заразени од корона вирус, а на неговите контакти во петок им била направена епидемиолошка анкета. Тоа значи, дека се појавил и кластер-Мој термин во министерството за здравство, па сите тие во наредните 14 дена би работеле од дома.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

И денеска висока бројка на позитивни со КОВИД 19, регистрирани 137 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од: Скопје-22, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-11, Битола-2, Охрид-9, Гостивар-5, Демир Хисар-3, Виница-1.Во болнички услови почин 63 годишен пациент од Дебар.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595,  бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5669, активни 861• Куманово 1374, активни 336• Дебар 237, активни 73• Штип 1108, активни 258• Прилеп 391, активни 56• Тетово 1184, активни 169• Струга 546, активни 141• Велес 259, активни 35• Битола 195, активни 54• Охрид 323, активни 57• Кавадарци 168, активни 99• Гостивар 732, активни 315• Гевгелија 41, активни 23 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 57, активни 22• Крива Паланка 37, активни 12• Радовиш 39, активни 10• Крушево 16, активни 0• Кочани 132, активни 30• Пробиштип 75, активни 20• Демир Хисар 60, активни 27• Македонски Брод 68, активни 38• Пехчево 9, активни 3• Берово 36, активни 27• Валандово 7, активни 0• Виница 63, активни 41• Делчево 32, активни 27 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 16, активни 2• Свети Николе 275, активни 66• Кичево 260, активни 106• Ресен 146, активни 1• Неготино 40, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1414 теста се преку: ИЈЗ-686, ЦЈЗ Скопје-3, Авицена-289,  Биотек-115, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –76 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-5, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 68 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 114• Гази Баба – 107• Аеродром - 103• Карпош – 92• Центар – 84• Кисела Вода – 89• Ѓорче Петров – 68• Бутел - 60• Шуто Оризари – 40• Студеничани – 20• Сарај – 21• Арачиново – 17• Илинден – 13• Сопиште – 8• Чучер Сандево – 7• Петровец – 8• Зелениково - 4• Странец – 4• Нераспределен – 2

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Тетовец осомничен дека извршил обљуба врз три малолетнички

Три жени од тетовско село пријавиле дека Ф.А.(43) од нивното село извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки.„За настанот бил известен Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, на 22.08.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.А., при што пронашле и одзеле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал.9мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои постои сомение дека можат да помогнат во истрагата“, информираат од МВР.Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

florim-besimi

Пратеникот од редовите на ДУИ, Флорин Бесими, поднесе оставка

Пратеникот од редовите на ДУИ, Флорин Бесими, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собрание поради избегнување на можен конфликт, пренесува „ТВ21“.„Стоејќи на принципите на еднаквост, правда, можност за сите и целосно почитување и без никакво двоумење на законот и волјата на народот, ве известувам дека останувам принципиелен и следствено на тоа давам оставка од мандатот на Народниот заменик за да се избегне можен конфликт, од интерес со мојот глас во собранието“ – изјавил Флорин Бесими.Претходно, Антикорупциската комисија излезе со став дека пратеникот Бесими не смее да го бира својот брат Фатмир Бесими за министер во новата Влада.Бесими исто така додал дека одлуката ја донел откако бил познат предлогот за состав на нова Влада, по што одлуката ја донел во консултација и согласност со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„Големите историски договори го надминуваат мојот мандат како пратеник. Се враќам да му служам на народот, каде што можам да придонесам најмногу за мојата професија и мојот град“ – заклучил тој.

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Пратеник на ДУИ го враќа мандатот

Флорин Бесими од Демократската Унија за Интеграција, брат на Фатмир Бесими,  го враќа мандатот за пратеник во собранието. Во пишана изјава до медиумите, тој пишува дека го враќа мандатот за да се избегне можен конфликт на интереси со неговиот глас во собранието.Вчера, антикорупциската комисија го проблематизираше евентуалното гласање на Флорин Бесими за идната влада, во која неговиот брат е предложен за министер за финансии.“Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада. Oваа моја одлука е по претходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети и ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на собранието, пишува Флорин Бесими.Додава дека се враќа во служба на граѓаните,  во неговата професија, и во неговиот град.

Македонија | пред 5 години

m3

ФОТО: Матка се дави во ѓубре!

Матка е затрупана во ѓубре. Низ патеките кои водат во кањонот Матка стојат расфрлени ќеси, шишиња, хартија и други отпадоци. Корпите за отпадоци се преполни, а ќесите полни отпад стојат околу нив. Колите се паркирани секаде, па дури и на патeките кои водат кон кањонот.Надлежните од Град Скопје и Општина Сарај со години се трудат да најдат решение за овој проблем.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Туристи ги запоседнаа плажите Љубаништа - кампуваат на диво

ФБ статус:Диво кампување и хигиена на ниво.Нит Закон, нит Полиција, нит Општина .Ојде државата по река.Функционират нешто во ова проклето општество или само данокот плаќање и вработување во администрација???https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3542220439130707&set=pcb.3542226432463441&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се преврте автомобил на излезот од с.Пештани, возачот со тешки повреди пренесен во болница

На 22.08.2020 во 19.30 часот на регионалниот пат Св.Наум – Охрид, на излезот од с.Пештани, патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.С.(31) од Охрид, изгубило контрола и се превртело. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Намален бројот на интервенции на Службата за ИМП кај лица во алкохолизирана состојба и од сообраќајни несреќи

Според статистичките податоци на Службата за итна медицинска помош, во периодот од јануари до јули годинава, значително е намален бројот на интервенции на лица во алкохолизирана состојба и лица повредени во сообраќајни несреќи во споредба со истиот период минатата година.Ова се должи на намалената фреквенција на движење и воведените мерките за спречување на ширење на коронавирусот.Од 1 јануари до 31 јули оваа година се регистрирани интервенции кај 5 деца до 18 години во алкохолизирана состојба, додека во 2019 година биле регистрирани интервенции кај 20 деца. Намален е и бројот на интервенции кај лицата на возраст од 20 до 40 години од 84 на 58 и кај лицата од 40 до 60 години, од 159 на 133.Инаку, само во март, регистрирани се вкупно 43 интервенции кај лица во алкохолизирана состојба. За споредба, во овој месец минатата година имало 75 интервенции или 32 повеќе.Забележано е намалување и на бројот на лица повредени во сообраќајни несреќи. Во март годинава, имало вкупно 87 лица повредени во сообраќајни незгоди, што е за 23 лица помалку споредено со истиот месец  лани додека во април, во сообраќајни незгоди биле повредени 60 лица, или за 45 помалку во споредба месец април минатата година.

Македонија | пред 5 години

demokrati-2

Демократи: Невидена негрижа за пензионерите од страна на Фондот за пензиско и луѓето што го водат

„После пропаѓање на Еуростандард банка 40.000 пензионери нема да земат пензија идната недела, а пензија ќе земат тогаш кога ќе отворат сметка во друга банка.Демократи не можат да го разберат и поддржат ова несовесно и неодговорно однесување на Фондот за пензиско и луѓето што го водат.Како не им е ни малце грижа да се запрашаат како овие пензионери ќе преживеат без своите пензии, кога повеќето од нив живеат од своите пензии месец до месец.Демократи ве прашуваат дали сте вие свесни дека многу од пензионерите имаат здравствени проблеми, а некои не се ни подвижни и не се во можност одма да отворат сметки во банка, а да не зборуваме дека не е возможно 40.000 пензионери да отворат сметки за толку краток временски приод во други банки, поготово во време на пандемија која го отежнува отворањето на сметки во банките.Демократи бараат итно Фондот за пензиско да им помогне на овие пензионери да добијат пензии дома, како што 34.000 пензионери ги добиваа пензиите до сега, а не да ги останат без пензија додека отворат сметки во други банки.Исто тоа се однесува и за примателите на социјална помош“, велат од политичката партија Демократи.https://www.facebook.com/demokratimk/photos/a.194471641340538/731034954350868/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

tiktokproblem1-272299

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Со боксови „нокатутираат“ момче во Македонија

Снимајќи се повеќе момчиња брутално тепаат момче, па потоа се фалат со своето „дело“ на социјалните мрежи.На видеото не може да се види за која локација станува збор а истото е споделено на „ТикТок“, апликација каде младите најчесто објавуваат кратки забавни видеа.„Албанија, нокаут, Македонија“, се таговите кои се користат во видеото.На профилот @problem1 на „Тик Ток“ каде што е објавено видеото јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, видеото е објавено со натпис вистински Тик Ток, тупаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удираат е додадено албанско знаме.Видеото наиде на голем број на реакции на социјалните мрежи, корисниците го споделуваат видеото со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.

Слајдер | пред 5 години

ohrid

7 дена за Охрид

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.📌Започнаа работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во ОУ „Христо Узунов“;📌 Уредување и бојадисување на внатрешните и надворешните ѕидови во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“;📌Поставен нов ламинатен под во сите 5 училници и наставничката канцеларија во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населбата Далјан;📌 Се изведуваат тековни градежни активности за реконструкција на улиците„15 Корпус“; „Абас Емин“ и улицата во поранешна касарна;📌 Објавен Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2020 година.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Реализирани активности за одржување на јавното зеленило и отстранување на дива и неуредна вегетација на потегот од улица „Живко Чинго“ до населба „Видобишта“;📌ЈП „Нискоградба“▶️ Тековни активности за изведба и приклучоци на улица „Абас Емин“;▶️Тековни активности за изградба на кружен тек на крстосницата помеѓу улица „Железничка“ и улица „Егејска“.▶️Чистење на фекална и атмосферска канализација на улиците „АСНОМ“, „Даме Груев“ и „Мирче Ацев“.📌ЈП „Градски пазар“▶️Реконструкција на детското игралиште во близина на каналот „Студенчишта“, детското игралиште на улица „Јане Сандански“ и детското игралиште во населба „Христо Узунов“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.660619964543610/660619871210286/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања