Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

spasovski

Влада: Спасовски и министрите кои беа избрани за пратеници ќе ја земаат единствено платата за нивниот ангажман во Владата

Во врска со забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати, Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието.Владата на Република Северна Македонија, како и досега, останува на силната поддршка за транспарентно и отчетно работење на сите институции во борбата против корупцијата и спречувањето конфликт на интереси, и ќе ја афирмира секоја дебата во таа насока базирана на факти и аргументи.

Македонија | пред 5 години

20200821_152616-1

Дисциплински за инспекторите кои ги контролирале концертите во Охрид и Битола, кривична за организаторот

Пазарните инспектори што вечерта отишле на „Хераклеа“ да видат дали концертот на Петар Грашо се одвива по протоколи, му дале на организаторот да потпише записник дека се се одвива според протоколите, по што си заминале рано, уште во 9 часот и 30 минути, а потоа просторот се исполнил да нема игла каде да се фрли. Ова за ,,Слободен печат” го тврди директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, кој додава дека за овие инспектори ќе следи дисциплинска постапка во внатрешната контрола на оваа институција, објави „Слободен печат“.-Има два записника во два одвоени временски термини и двата се коректни во однос на ситуациите за кои се изготвени, вели Пауновски.Во Битола на „Хераклеа“ беше организиран концерт на Петар Грашо во четвртокот, кој според фотографиите од настанот дефинитивно се одвивал без да се почитуваат мерките за дистанца. Некои медиуми објавија дека наместо 600, продадени биле 2.000 билети. Ќе има и кривична пријава против организаторот, „Прагма продукција“.Организаторот пак, тврди дека протоколите не биле прекршени и се повикува на првичниот записник од пазарниот инспекторат. Меѓутоа, директорот Пауновски вели дека еден записник може да биде отворен и до три дена, а дека инспекторите откако си заминале и добиле дојава дека концертот од мирен преминал во журка, се вратиле и составиле нов записник што ќе биде основа за поднесувањето на кривичната пријава.„За концертот на Хераклеа ќе има кривична пријава за загрозување на јавното здравје против организаторот. Нашите инспектори направиле еден записник на почетокот од концертот во 9 часот и 30 минути, им го дале да го потпишат, за да не седат до крај. Кога си заминале инспекторите, тие ги отвориле вратите и влегле многу посетители. Новинари ми пратија фотографии кога се излегло од контрола, па повторно испратив инспектори во 23 часот и 45 минути кои виделе слика која не кореспондирала на првичната. Грешка на инспекторите е што си заминале уште на почетокот и за тоа ќе има дисциплинска постапка за и другите да се научат дека не треба да се верува туку да се седи до крај на насатанот. На почетокот било се во ред. Имало мерење на температура, маски, редарска слижба, редарот им сугерирал на посетителите да бидат на растојание. Потоа настанал хаосот“, рекол Пауновски.Повеќе на Слободенпечат

Македонија | пред 5 години

lazarov

Доктор Лазаров со преполна ординација: Се осеќам ко шлепер да ме удрил, је*би га више

„3 часа и 47 мин. телефонски разговори од кои 4 мин. приватни, 14 смс, 37 чатови на месинџер, 13 на вибер, 1 на инстаграм! Гледам сега и не ми се верува. И на фиксен зборев башка. Прегледував и COVID19, и уринарни инфекции, и конци после операција. Ишијаси навала. И тинејџери после викенд. Да ми се журкате и забављате вие само, убаво поминувајте, коа ќе клапнам ја, барајте чаре. Да се дуплираме не можеме.Супермен не сме, само луѓе. И ич не сакам патетики, ама на првиот ден на работа после една недела одмор, се осеќам ко шлепер да ме удрил. Е је*и га више, со извинење“, напиша докоторот Ненад Лазаров.https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10219591808765004

Македонија | пред 5 години

milososki-antonijo

Милошоски се правда за „Моќник“: Секој опонент на политиката на Заеви се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет

„Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците. Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кој ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта“, напиша пратеникот Антонијо Милошоски на Фејсбук, откако скопското обвинителство денеска информираше дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, во кој еден од обвинетите е и Милошоски.https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/3735899229772662

Македонија | пред 5 години

118412344_2472864146353937_7069639658931850099_o

На Пластична хирургија, ниту еден вработен не е заразен од почетокот на пандемијата

„Благодарение на правилната примена и индивидуалната одговорност на целиот персонал на нашата клиника од почетокот на пандемијата нема ниту еден заразен. Од искуството во изминатите месеци препорачувам на сите најодговорно почитување на мерките и користење на заштитна маска, одржување физичка дистанца и лична хигена. Нашето здравје и здравјето на сите околу нас е наша одговорност“, вели Виолета Ѓуровска - главна медицинска сестра на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2472864143020604/?type=3&theater

Скопје | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

ФОТО: Апасиев сподели слика со син му, пишувајќи цитат од Библијата

Пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, кој редовно предизвикува реакции (позитивни и негативни) со своите статуси на социјалните мрежи, овојпат сподели нешто малку поинакво, приватно. Имено, се работи за фотографија на која тој е заедно со неговото синче, Исак.Заедно со фотографијата, Апасиев напиша и цитат од Библијата. Како што можете да видите и самите, пораката повторно во својата суштина е политичка:„А вашите ДЕЦА, за кои велевте дека ќе станат робови – нив ќе ги воведам да ја населат земјата што вие ја презревте“, порача Апасиев.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3251936821538300&set=a.574304212634921&type=3

Македонија | пред 5 години

50251395727_a2654ae142_c

ВИДЕО: Заев објасни дали нема Влада поради ДУИ

И покрај тоа што беше најавено, предлог за Влада ниту денеска нема да се достави до Собрание. Според тоа што го најави мандатарот, Зоран Заев, предлогот за состав на Владата и владината програма ќе биде доставени до Собранието, откако законодавниот дом ќе ги избере своите потпретседатели и новите пратеници, откако некои од пратениците ќе ја напуштат функцијата.Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во Парлаемнтот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот.Но, дали фактот што Заев не го доставува предлогот за Влада е резултат на внатрепартиските судири кај коалициониот партнер, ДУИ? Заев немаше одговор по ова прашање.

Македонија | пред 5 години

Tome-Adziev

И експретседателот на Комисијата за лустрација обвинет во „Моќник“

Скопското обвинителство денеска информираше дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, предмет кој беше отворен од веќе згаснатото специјално јавно обвинителство (СЈО). Освен измамата околу нелегалната продажба на објектот во која била сместена општина Пласница, со овој случај е опфатена и нарачана лустрација, од тогашниот пратеник Антонио Милошоски. Па затоа, освен за пратеникот, обвинение е поднесено и за поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, пишува „Фокус“.Споре информациите од обвинителството, Милошоски  умислено го поттикнал Аџиев да отвори повторна постапка за лустрација на судијата Драги Билески.

Македонија | пред 5 години

kalogera-2

Калоѓера: Одрекувањето од Егејска Македонија е тешка заблуда на политичарите, зашто тоа е одрекување од македонското ткиво

Одрекувањето од Егејска Македонија е тешка заблуда на политичарите, зашто тоа е одрекување од македонското ткиво. Мачно ми е да слушам и читам како денес се насловува Македонија од нејзините политички лидери кои се откажуваат од сѐ што е во врска со Егејска Македонија, пишува хрватскиот универзитетски професор д-р Горан Калоѓера, кој беше и почесен конзул на Македонија во Хрватска.„За денешните Македонци, тоа е поради „договорот меѓу Македонија и Грција“, но не е баш така. Ако политичката (целосно необразована) македонска елита малку, само малку се впуштеше во читање на извонредните македонски историчари на книжевноста, ќе се увереа во каква заблуда живеат и дека е тоа одрекување од македонското ткиво. Податоците (историски, докажани) укажуваат на една базична информација дека, види чудо, Егејскиот дел на Македонија е колевка на македонска нација“, пишува Калоѓера на својот фејсбук-профил.https://www.facebook.com/goran.kalogjera/posts/3378232818937818„Прочитајте го г-дин Тодоровски, кој пишува: „Таму (Егејска Македонија) се родени првенците на  македонската преродба и Илинденското востание – Гоце Делчев, Димо Хаџи Димов, Крсте П. Мисирков, Ѓорѓија и Славка Динкови, Ангел Жаров, Стојан Христов, Лазар Поп Трајков, потоа хероите од Илинден Чакаларов, Клашев, Москов, Таската Серски и други. И тоа е несоборливо и не постои никаков договор кој тоа може да го негира. Да се откажат од своите национални херои родени во Егејска Македонија можат само примитивни, недоучени и продадени души. Што се однесува до книжевноста, во современата македонската книжевност учествуваат дваесетина  писатели кои се по потекло од Егејска Македонија (денес Грција). Станува збор за книжевноста напишана главно на македонски јазик, делумно на бугарски, албански, грчки и други јазици. Ние во Хрватска нив ги третираме како „писатели со две татковини“ или како писатели во егзил. Неспорно е за сите нас кои се занимаваме со македонска книжевност, дека „егејската тема“, која како таква Ташко Георгиевски ја отфрла, сепак е еден нов книжевен топос и специфична вредност на македонската литературата, особено на македонскиот роман. Тоа што го пишуваат (треба да се прочита) Паскал Гилевски, Ташко Георгиевски, Петар Ширилов, Ката Мисиркова, Иван Чаповски… е неспорно ново тематско поглавје во македонскиот роман, кој претставува живот и судбина, колективна и лична трагедија на луѓето од Егејска Македонија во последната војна и потоа. И сега да се откажете од тоа, во чие име, зошто, поради што… Исклучиво поради човечка глупост и политички причини“, пишува Калоѓера.Тој во ноември минатата година напиша дека македонските власти го замолиле да ја поддржи политиката на Северна Македонија, но тој се заблагодарил и даде оставка,

Македонија | пред 5 години

5-Vonredna-sednica-na-Sovetot-na-Grad-Skopje-3

Објаснување на Град Скопје за годнишниот план за вработувања

Во врска со објавите во некои медиуми во кои се тврди дека „Град Скопје годинава ќе вработи 91 лице, а за догодина се планираат 94 нови вработувања од кои 30 ќе бидат пожарникари, а 64 административци. Ова се предвидува со годишниот план за вработување за 2021 година, кој треба да го усвои Советот на Град Скопје на седницата в среда“, Градот Скопје сака да и објасни на јавноста дека план за вработување Градот Скопје е должен да донесе секоја година, за да може да се вработуваат кадри ако за тоа се јави потреба, но, тоа не значи дека донесениот план ќе се реализира во целост. Односно, не значи дека ќе се реализираат сите вработувања, туку во пракса се реализираат многу мал процент од предвидените вработувања.Имено, Градот Скопје, како и другите институции во нашата земја, секоја година усвојуваат годишен план за вработувања, по барање на Министерството за информатичко општество и администрација. Тој план овозможува да се реализираат вработувања во институцијата, доколку има потреба за тоа. Треба да се нагласи дека годишниот план за вработувања е само рамка и не значи дека треба да се исполни во целост.Сакаме да нагласиме дека од почетокот на оваа 2020 година во Градот Скопје се вработени 15 лица. Дури и ако претпоставиме дека во текот на оваа година во Градот Скопје ќе се вработи 91 лице, тоа е невозможно да се реализира поради времетраењето на потребните процедури за вработување и поради пандемијата од коронавирусот.

Скопје | пред 5 години

Balkanski_Kamp

Започна овогодинешното издание на Балканскиот поетски камп за деца и млади

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески ги поздрави учесниците и организаторите на традиционалниот Балкански поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“, кој започна денеска во Охрид.Организаторот на овој тридневен поетски собир е Друштвото за култура и литература „Мацково“ со поддршка на Општина Охрид.Со младите учесници на кампот, ќе работат истакнати поетски автори од регионот, а главен претставник на Светската академија за поезија на УНЕСКО ќе биде претседателот на Одделот за словенскиот свет при академијата, поетот Мајо Данаиловиќ од Белград.Годинешната поетска манифестација, ќе мине во знакот на одбележувањето на 108 годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески.Сите настани и активности кои се предвидени во рамки на програмата на поетскиот камп, ќе се одвиваат во согласност со мерките  и протоколите за заштита од Корона вирусот „КОВИД 19“ и со примена на дигиталните технологии за комуникација.

Македонија | пред 5 години

skolo-4

Манчевски: Подготвена е платформата за онлајн наставата

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска беше дел од неформалната средба со меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски. Средбата беше во организација на Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).Очекувано, во пресрет на почетокот на новата учебна година, фокусот на разговорите беше на образовниот процес, односно потребата од прилагодување согласно пандемијата од Ковид-19.На средбата беше подвлечена важноста од дигиталните алатки, за непречено функционирање како на образовнието, така и на останатите сфери од секојдневното работење и живеење.Како што истакна Манчевски нашата држава, но и државите во целиот свет се пред голем предизвик во справување со здравствената криза. Тој се осврна и на работата во Собранието, каде мора да се предвиди нов начин на работа, протоколи и начин на одлучување…Во придобивките од дигитализација, како што рече Манчевски, Северна Македонија е лидерите во регионот, но и еден од лидерите во Европа, како ретка држава со електронски регистар на население, а следниот предизвик, како што рече, е да се користи од сите институции и да не бараат од луѓето разни документи, физички.Во однос на образовниот процес, Манчевски потсети дека Владата веќе ги објави плановите дека наставата ќе одвива онлајн со исклучок на децата од прво до трето одделение и има одредени други исклучоци.Предвидени се сите ситуации. Платформата која ќе се користи за онлајн настава е подготвена и не е проблем. Од аспект на опрема и опременост на ученици и наставниците, тоа е проблемот кој во моментов се решава, рече Манчевски.Потпретседателот Манчевски, објасни дека наставниците треба да одат на своите работни места, во училиштата, и на истиот начин на кој ја вршат својата работа, сега ќе ја вршат преку камера, а остатокот е начин на комуникација, размена на документи. Нашето ниво на подготвеност, потенцираше тој, е прилично слично и со останатите европски и светски земји.

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Пронајдени 44 мигранти во домот на жител на с.Ваксинце баран со потерница

На 23.08.2020 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициско одделение Матејче, презеле мерки за пронаоѓање на Ф.Ќ. во неговиот дом во с.Ваксинце бидејќи имало распишано потерница за негово апсење за издржување казна затвор.Тој не бил пронајден дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед биле пронајдени 44 лица мигранти од кои 25 од Пакистан, 14 од Авганистан, три од Бангладеш и две од Сомалија. 16 од пронајдените мигранти се малолетни лица. Бил извршен увид и за настанот бил известен и јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Со повреди по лицето и телото покрај автопат пронајден скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат

На 23.08.2020 во 08.00 часот било пријавено дека во с.Петровец, покрај автопатот Скопје-Велес, бил пронајден С.П.(84) од с.Петровец, за кој на 22.08.2020 било пријавено дека се оддалечил од домот. Тој бил со повреди на лицето и телото, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

bankomat-12

Охриѓанец испразнил банкомати со туѓа картичка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30 Годишен охриѓанец поради постоење основи насомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскисистем“.Тој, на 27.07.2020 одзел картичка, сопственост на Н.Р. од Скопје и на повеќе терминаливо Охрид неовластено извршил 19 трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотнакорист во износ од 73.500 денари.

Македонија | пред 5 години

antonio_govornica

Поднесено обвинение за случајот „Моќник“ за 13 лица, еден од нив Антонијо Милошоски

Од обвинителството информираат дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, предмет кој го отвори СЈО.Во случајот обвинети се 13 лица, од кои пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко, како и поранешниот претседател на комисијата за лустрација, Томе Аџиев.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица и Обвинителен предлог против 10 лица кои биле инволвирани во продажбата на објект во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница. По предметот, во јавноста познат како Моќник, пред неговото превземање од Основното јавно обвинителство Скопје, постапуваше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од соджината на незаконското следење на комуникациите.Со Обвинителниот акт, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 22, третообвинетиот  дека сторил едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 22 и едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.Со Обвинителниот акт опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот,  заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница. Со тоа, со продажбата на објектот нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.Третообвинетиот со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото. Имено, на 27.10.2011 година, првообвинетиот писмено се обратил до советот на општина Македонски Брод со барање да донесат одлука за продажба на задружниот дом  во с.Ижиште и лажно во барањето навел дека истиот веќе го користи тој простор, сопственост на општината и сака да отвори сопствен бизнис, иако знаел дека објектот  е всушност руинираниот дел запишан во катастарот на недвижностите кој го користел градоначалникот и општинската администрација на општина Пласница и Управата за водење на матични книги.На 28.10.2011 година советот на општина Македонски Брод ја одржал 33-тата седница, на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, притоа збор земал второобвинетиот и лажно презентирал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на прообвинетиот преку јавна лицитација.Советниците доведени во заблуда со лажно прикажаните и  прикриени факти за тоа кој објект е предмет на продажба едногласно донеле одлука за отуѓување на зградата и во апсолутна заблуда му овозможиле на второобвинетиот да започне со постапката за продажба на објектот и дворното место. По што второобвинетиот за да се избегне конкурентноста во наддавањето и да не се јави друг заинтересиран купувач, не го објавил огласот за продажба во службен весник, па како наддавач се пријавил само првообвинетиот, кој единствено знаел за денот на јавното наддавање и го купил објектот кој бил сопственост на државата за цена од 1.795.800,00 денари, што е 670 денари повеќе од почетно определената за наддавањето. Парите биле уплатени на сметка на Општина Македонски Брод, а со второобвинетиот бил склучиле договор за купопродажба, кој како сопственик на објектот подоцна успеал во катастар да го впише објектот на свое име, како наводна техничка исправка, иако немал основа за такво впишување. Тој го купил и земјиштето по цена од 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање. Имено, иако според одлуката на советот на општината најниска (почетна) цена во постапката за јавно наддавање за предметното земјиште требало да биде 100 денари по м2, и истата била објавена во службен гласник на општина Македонски брод, па сепак, донесена е одлука со ист евиденциски број, со која цената на земјиштето се ограничува да не биде поголема од 100 денари по м2. Тоа го искористиле прво и второобвинетиот и постигнале договор за купопродажба на земјиштето по цена од 100 денари по м2, а реалната вредност определена  со актите на општината за тој регион била предвидена на 400 ден по м2.Откако Градоначалникот на општина Пласница дознал дека објектот во кој е сместена администрацијата на општина Пласница и неговиот кабинет е продадено,  телефонски контактирал со третообвинетиот, а побарал и од владата да ја испита постапката за продажба. Владата оформила комисија, но, третообвинетиот искористувајќи ја својата позиција на пратеник од владејачката партија вршел континуиран притисок врз сите институции кои постапувале по овој предмет, за да остане во правна сила незаконитата продажба на објектот и земјиштето.Третообвинетиот паралелно со притисокот врз надлежните за непреземање активности за преиспитување на продажбата во име на Претседател на комисијата за надворешна политика, преку писмени барања иницирал инспекциски и полициски контроли врз едно правно лице, а организирал друго лице да поднесе барање до Комисијата за утврдување на фактите ( Комисија за лустрација) со наводи кои треба да иницираат постапка за лустрација против судија. Притоа умислено го поттикнал четвртообвинетиот како Претседателот на Комисијата за утврдување на фактите,  врз основа на тие наводи да отвори повторна постапка за лустрација над судијата. Постапката за лустрација била отворена и четвртообвинетиот заедно со деветмина исто така обвинети – членови на Комисијата за утврдување на фактите, како службени лица, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, со умисла, иако знаеле дека не се исполнети критериумите за лустрација донеле одлука за лустрација на оштетениот кој бил времено оддалечен од вршење на функцијата судија во Основен суд Кичево, а потоа со одлука на истиот орган е утврден и престанок на вршење на судиската функција на оштетениот, со што потешко му ги повредиле неговите права.

пред 5 години

mickoski-grueski-ljubco

По серија порази, Георгиевски и Груевски дававаа оставки, но не и Мицкоски

Низ годините, во двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, продефилираа по тројца, односно четворица претседатели. Доаѓаа со намера дека ќе го поразат противникот, а си заминуваа по својот пораз. Историски гледано, никој не успеа да остане да функцијата откако ќе изгуби неколку изборни циклуси по ред. Поради лична доблест, притисокот на јавноста, но и поради партијата и членството, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сами си заминуваа. Дури, кога СДСМ беше во опозиција за време на владеењето на Груевски и немаше долго време победено на ниту едни избори, лидерите на таа партија се менуваа. Единствен исклучок, барем засега, е актуелниот претседател ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Па така, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски ја најави својата оставка по поразот на парламентарните избори во 2003 година, а откако партијата беше поразена и на локалните избори според бројот на освоени советници.На 25.04.2003 година Љубчо Георгиевски во весникот Дневник ја најавува својата оставка во колумна насловена "Зошто се повлекувам од ВМРО-ДПМНЕ?". Во својата колумна, Љубчо ќе напише:"Главната причина е недостигот од двесте илјади гласа што партијата мора да ги освои за нова победа. Прецизната анализа потврдува дека како лидер мојот максимум е околу триста илјади гласачи, што ми го овозможува само убедливото второ место. Значи, на партијата и требаат уште двесте илјади гласа, кои јас очигледно не сум во состојба да и ги обезбедам..."По поразот на локалните избори, а откако не успеа да формира ниту влада по парламентарните избори, Никола Груевски исто така си даде оставка од челната функција во ВМРО-ДПМНЕ, во 2017 година. Тој одлуката ја донесе и откако се приведени група пратеници, членови и од ВМРО-ДПМНЕ и граѓани кои беа дел од крвавите случувања во Собранието на 27.04.2017 година.По него, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, единствен кандидат за наследник на Груевски беше Христијан Мицкоски, од кого сега, се бара оставка. Актуелни членови, поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека Мицкоски мора да сноси одговорност бидејќи паријата изгубила локални, претседателски, а сега и парламентарни избори. Тие му порачаа на лидерот на партијата да закаже вонреден конгрес на партијата на кој би се избрало ново раководство, во спротивно, тоа ќе го направат тие.

Македонија | пред 5 години

korona-test

78 нови случаи на ковид 19 во земјава, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, Македонски Брод-3, Свети Николе-1, Кичево-9.Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673,  бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5697, активни 876• Куманово 1379, активни 340• Дебар 241, активни 77• Штип 1108, активни 258• Прилеп 399, активни 63• Тетово 1188, активни 172• Струга 545, активни 140• Велес 259, активни 33• Битола 196, активни 55• Охрид 325, активни 59• Кавадарци 170, активни 101• Гостивар 740, активни 312• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 57, активни 22• Крива Паланка 37, активни 12• Радовиш 40, активни 11• Крушево 16, активни 0• Кочани 134, активни 30• Пробиштип 76, активни 21• Демир Хисар 60, активни 27• Македонски Брод 69, активни 36• Пехчево 10, активни 4• Берово 39, активни 30• Валандово 7, активни 0• Виница 63, активни 41• Делчево 34, активни 29 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 16, активни 2• Свети Николе 275, активни 65• Кичево 263, активни 100• Ресен 146, активни 1• Неготино 42, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 860 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-182, Систина со PCR метода -137, лабораторија Лаор –0 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-92, Инфективна клиника-7, ГАК-9, лаборатории од странство-.0 Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациент, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3  позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 114• Гази Баба – 109• Аеродром - 105• Карпош – 93• Центар – 85• Кисела Вода – 93• Ѓорче Петров – 67• Бутел - 68• Шуто Оризари – 39• Студеничани – 18• Сарај – 21• Арачиново – 18• Илинден – 13• Сопиште – 8• Чучер Сандево – 7• Петровец – 8• Зелениково - 4• Странец – 4• Нераспределен – 2

Македонија | пред 5 години

Antonio-Milososki

Обвинение за против Милошоски, предметот „Моќник“ заврши во суд

Скопското обвинителство до Кривичниот суд Скопје, поднесе обвинение за предметот „Моќник” кој претходно беше во обработен од страна на поранешното СЈО. „Моќник“ се однесува на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, за незаконска продажба на објект во Македонски Брод на неговиот татко.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица и Обвинителен предлог против 10 лица кои биле инволвирани во продажбата на објект во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница, информираат од скопскот обвинтелство.По предметот, во јавноста познат како „Моќник“, пред неговото превземање од Основното јавно обвинителство Скопје, постапуваше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.– Со Обвинителниот акт, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 22, третообвинетиот  дека сторил едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 22 и едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик, појаснуваат од обвинителство.Со Обвинителниот акт опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.– Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот,  заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, соопштија од обвинителство.Со продажбата на овој објект како што посочуваат од обвинителство обвинетите нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.Во описот на дејствијата што ги презел третообвинетиот, од обвинителство велат дека тој со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.– Имено, на 27.10.2011 година, првообвинетиот писмено се обратил до советот на општина Македонски Брод со барање да донесат одлука за продажба на задружниот дом  во с.Ижиште и лажно во барањето навел дека истиот веќе го користи тој простор, сопственост на општината и сака да отвори сопствен бизнис, иако знаел дека објектот  е всушност руинираниот дел запишан во катастарот на недвижностите кој го користел градоначалникот и општинската администрација на општина Пласница и Управата за водење на матични книги, велат од обвинителство.На 28.10.2011 година советот на општина Македонски Брод ја одржал 33-тата седница, на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, притоа збор земал второобвинетиот и лажно презентирал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на прообвинетиот преку јавна лицитација.Советниците доведени во заблуда со лажно прикажаните и  прикриени факти за тоа кој објект е предмет на продажба едногласно донеле одлука за отуѓување на зградата и во апсолутна заблуда му овозможиле на второобвинетиот да започне со постапката за продажба на објектот и дворното место. По што второобвинетиот за да се избегне конкурентноста во наддавањето и да не се јави друг заинтересиран купувач, не го објавил огласот за продажба во службен весник, па како наддавач се пријавил само првообвинетиот, кој единствено знаел за денот на јавното наддавање и го купил објектот кој бил сопственост на државата за цена од 1.795.800,00 денари, што е 670 денари повеќе од почетно определената за наддавањето.Парите биле уплатени на сметка на Општина Македонски Брод, а со второобвинетиот бил склучиле договор за купопродажба, кој како сопственик на објектот подоцна успеал во катастар да го впише објектот на свое име, како наводна техничка исправка, иако немал основа за такво впишување. Тој го купил и земјиштето по цена од 100 денари по м2, во постапка без јавно наддавање. Имено, иако според одлуката на советот на општината најниска (почетна) цена во постапката за јавно наддавање за предметното земјиште требало да биде 100 денари по м2, и истата била објавена во службен гласник на општина Македонски брод, па сепак, донесена е одлука со ист евиденциски број, со која цената на земјиштето се ограничува да не биде поголема од 100 денари по м2. Тоа го искористиле прво и второобвинетиот и постигнале договор за купопродажба на земјиштето по цена од 100 денари по м2, а реалната вредност определена  со актите на општината за тој регион била предвидена на 400 ден по м2.Откако градоначалникот на општина Пласница дознал дека објектот во кој е сместена администрацијата на општина Пласница и неговиот кабинет е продадено,  телефонски контактирал со третообвинетиот, а побарал и од владата да ја испита постапката за продажба. Владата оформила комисија, но, третообвинетиот искористувајќи ја својата позиција на пратеник од владејачката партија вршел континуиран притисок врз сите институции кои постапувале по овој предмет, за да остане во правна сила незаконитата продажба на објектот и земјиштето.Третообвинетиот паралелно со притисокот врз надлежните за непреземање активности за преиспитување на продажбата во име на претседател на комисијата за надворешна политика, преку писмени барања иницирал инспекциски и полициски контроли врз едно правно лице, а организирал друго лице да поднесе барање до Комисијата за утврдување на фактите ( Комисија за лустрација) со наводи кои треба да иницираат постапка за лустрација против судија.Притоа умислено го поттикнал четвртообвинетиот како Претседателот на Комисијата за утврдување на фактите,  врз основа на тие наводи да отвори повторна постапка за лустрација над судијата. Постапката за лустрација била отворена и четвртообвинетиот заедно со деветмина исто така обвинети – членови на Комисијата за утврдување на фактите, како службени лица, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, со умисла, иако знаеле дека не се исполнети критериумите за лустрација донеле одлука за лустрација на оштетениот кој бил времено оддалечен од вршење на функцијата судија во Основен суд Кичево, а потоа со одлука на истиот орган е утврден и престанок на вршење на судиската функција на оштетениот, со што потешко му ги повредиле неговите права.

Македонија | пред 5 години

zname

Петок, 28 август е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ“ бр.21/98 и 18/07), 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

Damjan-Mancevski1

Манчевски: Најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт

Досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски, верува дека денеска или утре ќе биде поднесен предлогот за влада и брзо ќе биде изгласана новата влада, така што најдоцна следната недела ќе имаме функционална извршна власт.Во однос на изборот на собраниските комисии и тела, Манчевски, рече дека очекува веќе на следната собраниска седница тие работи да бидат завршени.– Можеме да кажеме дека во септември ќе имаме целосно функционален систем, и од извршна и од законодавна власт и таму ќе се соочуваме со предизвикот за онлајн работење, онлајн одлучување, дигитализација и слично. Во Собранието веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Работат службите на ова и верувам не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено, изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП.Манчевски изрази надеж дека влегуваме во еден посмирен период за нашата политика, каде се решени поголемите проблеми и прашања кои предизвикуваа поделби меѓу граѓаните и дека сега сите сме насочени кон секојдневните прашања каде не гледа многу простор за жестока дебата.Извор: МИА

Македонија | пред 5 години

nina

ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност за „Еуростандард банка“ и имала предност да носи одлуки за своите пари

Државната комисија за спречување на корупција не утврдува кривична одговорност кај министерката за финансии Нина Ангеловска.Претседател на ДКСК,Билјана Ивановска  по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на „Еуростандард банка“ и депозитот на министерката за финансии Нина Ангеловска, истакна дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.„Со стапување на функцијата, министерката за финансии по службена должност располагала со информации и податоци за движењата на банкарскиот и на финансиските пазари и имала можност да ги дознае податоците поврзани со банката, каде таа е клиент, а не биле достапни на другите штедачи во таа банка. Овие инфорации податоци можеле да имаат влијанеи врз донесувањето на нејзината одлука поврзана со депозитот во таа банка, со што таа имала предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.Ивановска информира дека за ДКСК ќе биде приоритет донесување Закон за потекло на имотот.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Иницијативниот одбор за свикување и одржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Мицковски

Иницијативниот одбор за свикување и одржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од актуелниот претседател Христијан Мицкоски, а одговорот од партиската централа укажува дека на повидок е уште еден раскол во партијата. Иницијативата за свикување конгрес, од пред партиското седиште објави поранешната пратеничка Весна Дамчевска-Илиевска.– ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски како претседател и кандидат за премиер на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници што не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицкоски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица што на граѓаните ќе им покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени. Вината може да се префрла, но вистината е една. Вистината е дека е најодговорен тој што го состави тимот, а тоа е Христијан Мицкоски – рече Дамчевска-Илиевска.Преку статус на социјалните мрежи слично барање до Мицкоски објави и Марина Кавракова, актуелна претседателката на градскиот комитет на Унијата на жени во Скопје и членка на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа потсети што кажал и ветил Мицкоски на конгресот кога беше избран за претседател и каква е реалноста денеска.Текстот во целост на: novamakedonija.com.mk.  

Македонија | пред 5 години

motor

Девојка прегазена со мопед во Прилеп, возачот избегал

Млада прилепчанка е тешко повредена во несреќата што се случила вчера околу 18.10 часот на ул.„Димо Наредникот“ во Прилeп.Како што соопшти МВР, мопед управуван од засега непознат возач удрил во пешакот А.А.(18) од Прилеп и го напуштил местото.Од ударот А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 5 години

tepacka-4

Обвинение за разбојничка кражба во угостителски објект​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице на возраст од 35 години, жител на Скопје, коe го товари за сторено кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот кривичното дело го извршил на 29 јули,  во угостителски објект на улица „С. Георг – Шнајдерот“, кога затечен во кражба употребил сила и нападнал врз телото на двајца оштетени – татко и ќерка.Тој преку прозорецот влегол во угостителскиот објект  и одзел три телевизори во вкупна вредност од 105.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција. Во тој момент, обвинетиот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри нејзиниот татко, кој го одбил ударот со рака. Обвинетиот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и  случаен минувач успеале да го задржат. За тоа време, оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица.Заедно со поднесеното обвинение, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице , со оглед на тоа што постои опасност од бегство на обвинетиот, како и  опасност да го повтори делото.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања