Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

gordana-1

Димитриеска Кочоска: Во секоја друга држава кога министерката за финансии ќе извлече пари од банка која пропаѓа е скандал, кај нас антикорупциска со небулозна одлука

Небулозна, контрадикторна и обременета со политички мотиви е констатацијата на државната комисија за спречување на корупција за улогата на министерката за финансии Нина Ангелоска во врска со скандалот со Еуростандард банката вреден 200 милиони евра, истакна на денешната прес конференција, Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.Констатацијата дека имало повреда на етичките норми, дека таа би можела да знае за пропаѓањето на банката, ама нема кривична одговорност преставува потценување и поигрување на здравиот разум со јавноста и граѓаните. Правото почива на етички норми, и самата констатација дека има повреда на етичките норми ама нема кривична одговорност е контрадикторно. Оттука реалната ситуација налага дека денес ние имаме сериозен крах во економијата тежок 200 милиони евра, сто илјади сметки кои се блокирани, 40-тина илјади пензионери кои останаа без своите пензии, измамени штедачи, над 50-тина милиони евра дадени во лоши кредити без покритие, меѓу кои и на компании од Струмица блиски до власта, државни институции кои затаиле во алармот и делувањето банката да не пропадне, а за државната комисија за спречување на корупција нема кривична одговорност. Се добива впечаток дека исто како што молчеше НБРМ и гувернерката, исто како што молчеше агенцијата за финансиско разузнавање и министерството за финансии сега државната комисија за спречување на корупција се впушта во одбрана на ваквиот скандал тежок 200 милиони евра. Несомнено се констатира дека министерката за финансии Нина Ангелоска знаела за пропаѓањето на банката бидејќи знаел и премиерот за тоа, и министерката ги извлекла своите пари од Еуростандард банка на само месец ипол пред прогласувањето на стечајот. Во секоја друга држава во светот кога министер за финансии ќе извлече пари од банка која пропаѓа и има скандал од 200 милиони евра е огромна афера во кој се бара кривична одговорност и се поднесуваат оставки.Како тоа никој во државата не се заинтересира да истражи кои се тие кредити кои се давани без покритие поради кои банката пропаѓа, какво е учеството на власта во сето тоа и како пропаѓа банка, а никој нема кривична одговорност.Потребно е обвинителството да ја истражи улогата на премиерот во тоа време Зоран Заев, на министерката за финансии Нина Ангелоска, на финансиските институции кои сериозно затаиле во својата работа.Кога државата молчи а ни се случува скандал од 200 милиони евра и стотина илјади граѓани и компании со блокирани сметки, или нема институции или тие се силно криминализирани, истакна Димитриеска Кочоска.

Македонија | пред 5 години

mijalkov

(ВИДЕО) Мијалков им кажа здраво, а по прашањата ги одмина новинарите

Сашо Мијалков денеска одби да коментира за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ.„Тука сум за други работи. Ќе коментирам другпат кога ќе дојде време“, рече кусо Мијалков.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/983952755384830/„Тука сум за други работи. Ќе коментирам другпат кога ќе дојде време“, рече кусо Мијалков.

Македонија | пред 5 години

prisluskuvanje

Нови детали за тоа како се прислушкувало во Македонија, откри сведок во постапката

Денеска во Кривичниот суд продолжи процесот за случајот “Таргет тврдина” во кој обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.Сведок во постапката вработен во “Ериксон телекомуникации” Момир Малетиќ, изјави дека во период од 2008 до 2015 година ги одржувал “Ериксон” серверите кои биле во УБК.„Во октомври 2016 година, по барање на СЈО дојде експерт на “Ериксон” кој по проверка на системот констатира дека било направено архивирање на податоците на системот. Тоа значи дека сите податоци од базата се префрлаат во текстуален фајл. Странскиот експерт во серверите тој фајл не го најде, каде е не знам“, истакна  сведокот.Според обвинението за “Таргет-Тврдина” преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени телефонски броеви без да бидат издадени судски наредби.

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци ги заплеска уште непочнати: На уште неформирана Влада - покачена струја која ќе ве изгори на локални и 5 потпретседатели

„Ние ги чекаме да почнат даботат за нас, они си задоволуваат коалициски желби и ќе си бирале 5 собраниски потпретседатели на Џафери⁉️ Кои претпоставувам ќе земаат екстра кеш за тие функции. Многу лош почеток, дечки, на уште неформирана Влада - покачена струја и 5 потпретседатели. Ова со струјава, на следни Локални, ќе ве изгори. А, денот по утрото се познава. Вие си знаете, односно гледам ништо не знаете. И таа последна поддршка, во име на демократијата наспроти груевизмот, лесно ќе ја изгубите. Не сте толку добри како власт, колку што луѓето, вклучително и јас - гласавме против враќање на режим, груевизам и ве наградивме за НАТО и ЕУ напредокот“, напиша Јорданка Ивановска-Јоци на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10223113233759153

Коментари | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Само што дојде, замина: Собранието ја прифати оставката на пратеникот од ДУИ

Собранието на денешната седница ја констатираше оставката на пратеникот Флорин Бесими, пратеникот од ДУИ од новиот парламентарен состав кој предходно си поднесе оставка. Оваа оставка тој ја образложи дека била донесена од морални принципи, за да се избегне можен конфликт на интереси при гласањето во Собранието на новата Влада во која за министер за финансии е предложен неговиот брат Фатмир Бесими.Флорин Бесими неколку години е директор на Клиничката болница во Тетово, а на последните парламентарни избори на листата на ДУИ во Шестата изборна единица беше на второто место, веднаш по лидерот Али Ахмети. Се очекува денеска да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Средношколците ќе се изборат за своите права, најголем дел од барањата им се исполнети

Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Република Северна Македонија.На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. Она што беше пред сѐ предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епдидемиолошката состојба во земјата.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите.На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите чинителии, заедничката комуникација продолжува и понатаму.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_5-1

Членови на еден од бастионите на ВМРО-ДПМНЕ бараат избор на нов претседател, сметаат дека партијата е во очајна состојба

„Денес, поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром, одлучивме да ја поддржиме идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата.Меѓу нас има членови на општинскиот комитет, претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема“, рече Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.„Партијата е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата. Раководството е целосно дистанцирано од комитетите и членството, како да се затворени во стаклено звоно.Сметаме дека одржувањето на вонреден конгрес е единствениот начин да ја спасиме партијата која е тргната кон амбис. Доколку не се превземат брзи чекори за крупни реформи и преиспитување на правецот во кој се движи партијата сметаме дека постои реална опасност партијата да западне во уште потешка криза.Се надеваме дека оваа наша порака ќе стигне до претседателот на партијата и ке ја прифати идејата за оддржување вонреден конгрес“, изјави Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром

Скопје | пред 5 години

Gol

Вандали уништија гол, исекле кабел за струја и ја искршиле урбана опрема во Паркот на езерата во Аеродром

Уништен еден од головите на спортското игралиште во новоизградениот парк во Мичурин. Исто така, бил исечен и кабел за струја со што сторителите директно се изложиле себеси, но и другите граѓани на голема опасност. Случајот е пријавен во полиција и се надевам дека вандалите во најбрзо време ќе бидат пронајдени и соодветно казнети, велат од Општина Аеродром. Тие додаваат дека синоќа урбана опрема била уништена и во Паркот на езерата, како и на спортското игралиште во близина на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што претходно биле исклучени рефлекторите.Би сакал да посочам дека граѓаните не смеат да ги отвораат орманите за струја што се наоѓаат на спортските игралишта затоа што со тоа го доведуваат својот живот во опасност. Постои посебна служба што се грижи за јавното осветлување и доколку имате забелешка пријавете во Општината.Уште еднаш апелирам за повисока граѓанска свест и одговорност при зачувување на заедничкиот имот, затоа што сето она што се гради припаѓа на секој од нас.

Скопје | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Турски државјанин уапсен на аеродромот во Скопје

На 24.08.2020 во 18.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром- Скопје“, полициски службеници го привеле Т.Е.(56) од Р.Турција бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓал на листата со мерка „апси“ по барање на СВР Куманово. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР ТКуманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

Turisti-hrvatska

Околу 120 милиони работни места во туризмот во светот се загрозени поради пандемијата

Околу 120 милиони работни места во туризмот во светот се загрозени поради пандемијата на Ковид-19, изјави главниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.„ Во првите пет месеци од годината меѓународните туристички доаѓања се намалија за повеќе од педесет отсто и загубени се околу 320 милијарди долари од извоз преку туризмот“ изјави тој.„Вкупно загрозени се околу 120 милиони директни работни места во туризмот“ додаде Гутереш.Гутереш наведе пет клучни области, вклучително и ублажување на социо-економските ефекти на пандемијата и поддршка на зелениот раст како начини за унапредување на закрепнувањето на секторот.

Македонија | пред 5 години

klima-ured

Прекин на јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување - Инвертер клима

Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување -инвертер клима уред за 2020 година.Јавниот повик беше објавен на 21-ви август 2020 година, согласно Програмата за заштита на животната средина и природата.

Македонија | пред 5 години

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-4

Град Скопје плаќа над милион евра за уништување на комарците, а комарци има се повеќе?

Град Скопје на 8 мај годинава склучи договор со две фирми за прскање против комарци во вкупен износ од 67.291.140 денари, но резултатите во најмала рака се дискутабилни. Дека има проблем потврдија и од Град Скопје, но се правдаат дека дошло до поголемо размножување на комарците поради „изразената влага во вегетацијата“, па во консултација со надлежните здравствени служби, донеле одлука да се спроведе вонредно прскање против комарци, објави САКАМДАКАЖАМ.МК .Град Скопје годинава прскаше против комарци четири пари. Само една недела од последното авионско прскање, спроведено предминатиот викенд, низ сите населби во градот има наезда на комарци.На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК со какво средство се врши прскањето против комарци и дали некој од Град Скопје ги контролира фирмите задолжени за прскање, од Град Скопје завчера одговорија дека се прска со најдобриот светски препарат, производство на германската фирма „Бајер“.Текстот во целост на:САКАМДАКАЖАМ.МК 

Скопје | пред 5 години

Trajko_Veljanoski-golema

Велјаноски: Нема економска оправданост и причина Собранието да има пет потпретседатели

Нема економска оправданост и причина Собранието да има пет потпретседатели, смета поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.Во време на претходната власт:2006-2008 година - 3 потпретседатели2008-2011 година - 3 потпретседатели2011-2014 година - 3 потпретседатели2014-2016 година - 3 потпретседателиЗа време на сегашнава власт:2016-2020 година - 5 потпретседатели2020-2024 година - 5 потпретседателиПримери во други држави:- САД - 435 пратеници - 1 потпретседател- Велика Британија - 650 пратеници - 3 потпретседатели- Словенија - 90 пратеници - 3 потпретседатели- Италија - 630 пратеници - 4 потпретседатели- Германија - 709 пратеници - 5 потпретседателиДемократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија !!!!!!!!!Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието, напиша на својот ФБ профил Трајко Велјаноски.

Македонија | пред 5 години

133474234-105843-207971

Сообраќајот од Гостивар кон Чегране се пренасочува по алтернативни патишта

Од 9 часот поради поставување на канализациона мрежа во с.Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-с.Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 5 години

jove-kekenovski

Фродем: Алчната ,,Мериот -Коалиција” креатор, столб и реставратор на Груевизмот

Зарем беа потребни пет години и неколку порази по ред некој да се сети дека се потребни персонални промени во ВМРО ДПСМНЕ. И тоа не било кој, туку на тоа сега се сетија ,,главешините” на ,,Мериот коалицијата” во која најгласни се старите подданици, креатори и верни поддржувачи на режимот на Груeвски. Се работи за бивши министри со мандат од десетина години (како на пр. Д-р Смрт и ,,врвен” експерт за образование), бивши градоначалници со два, три, па и четири мандати (Коневски, Стамнов, Латиновски и др.), бивши директори на служби (Мијалков и др), бивши и амнестирани пр(л)атеници и кој сé уште нé. Заеднички именител на сите нив не е тоа што се бивши, туку тоа што подолго време го немаат тоа што го имаа цврсто во раце додека му служеа на бегалецот од Будимпешта. Пари, власт, моќ и неодговорност, се вели во соопштението од Фронт за демократска Македонија - ФРОДЕМ.Заедничко им е и тоа што ниту еден од ,,главешините” на наменската коалиција досега не е осуден за сторениот криминал и злосторство врз граѓаните за време на режимот благодарение на кокетирањето и пазараењето со најголемиот политички конкурент кој сега е на власт. За жал најголем дел од нив бесрамно само заради лични и лукративни интереси дадоа поддршка на Преспанскиот договор и на промената на уставно име на државата.ФРОДЕМ како прва партиска фракција уште од 2015 година, додека со партијата раководеше бегалецот од Будимпешта со сéсрдна поддршка од сегашниве главешини на ,,Мериот коалицијата”, бараше персонални промени и демократизација на партијата. Заради искрените и чесни барања фродемци неосновано беа етикетирани како предавници и беа исклучувани од партијата и тоа од страна на докажаните криминално-кодошки структури кои долги години беа во врвот на партијата и кои сега бараат промени. За среќа времето покажа кој е кодош, предавник, арамија, лицемер, лажен патриот, пресметлив политичар, дрзок крадец, а кој држи до себе и до своите чесни патриотски и национални цврсти заложби и ставови.ФРОДЕМ постојано бараше неслективно расчистување со криминалните партиски структури, кариеристи, прислужници, бандити, непринципиелни и дезидеологизирани персони желни за власт по секоја цена. Баравме да се стави крај и да им се каже довидување на сите оние кои живееа и профитираа од државата и партијата. Но, за жал сето ова беше игнорирано. Заради сопствениот комодитет се молчеше. Сакаме да веруваме дека времето на молчење помина и дека сега е време за конечно расчистување на работите.Во име на членовите на ФРОДЕМ по којзнае кој пат повторуваме дека ВМРО не заслужува да ја рушат, а најмалку да ја водат кадри кои зад себе имаат еден куп кривични пријави, ниту вмровци по професија и потреба, а најмалку партиски профитери и слугувачи на режимот. ВМРО не смее и понатаму да остане прибежиште и дувло на обвинети и осомничени криминални структури, одродници, платеници и политичари незаситни од желбата за власт, крадење и лично богатење. Партијата не треба повторно да биде отскочна даска за персони кои имаат нескриени амбиции преку грбот на членството повторно да дојдат до власт, да крадат, да се богатат и притоа да не одговараат. Не смее да се дозволи поделба и разнебитување на партијата само заради тоа што така си замислило лицето З.З во договор со верните поддржувачи и креатори на режимот кои имаат само една и единствена цел, спас и амнестија за сторениот криминал и повторно грабеж на народните пари.Секој обид за игнорирање на овие по којзнае кој пат јавно кажани ставови ќе биде уште подлабоко навлегување во ,,чизмите” на поранешниот претседател на партијата и враќање на незаситните и алчни поддржувачи и блиски на бегалецот од Будимпешта. Не смее да се дозволи реализација на тајниот договор за поделба и разнебитување на ВМРО. Само кристално прочистена и сплотена партија кој доследно ке ги спроведе сите демократски процеси и процедури (вклучувајки го и изборот на претседател на партијата) може да ги победи мрачните партиско криминални сили кои до гола кожа го соголеа граѓанинот, а притоа не одговараа за ништо, се вели во соопштението од ФРОДЕМ. 

Македонија | пред 5 години

MEGA5960

„Охридско лето“ и македонските уметници со постхумен концерт му оддадоа почит на композиторот Томе Манчев

Фестивалот „Охридско лето“  синоќа организира концерт со кој му оддаде почит на истакнатиот македонски композитор Томе Манчев.Ова е првиот постхумен концерт што ќе остане запаметен и како прво јавно обраќање кон публиката по неговата ненадејна смрт во април годинава која се случи за време на пандемијата и здравствените рестрикции поради што неговите блиски, колеги, пријатели и почитувачи на делото, не можеа достојно  да го испратат и да му се заблагодарат за сѐ што направи за македонската музичка култура.-За жал, нашиот професор и композитор на македонската класична сцена, нѐ напушти годинава и не го дочека неговиот 70-ти јубилеен роденден, рече селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Даница Стојанова која најавувајќи го концертот во предворјето на духовниот храм „Света Софија“  ја повика публиката со едноминутно молчење да му оддаде почит на Манчев.Модератори на Вечерта посветена на композиторот Манчев беа обоистката Маја Чанаќевиќ, негова внука,  како и композиторката Валентина  Велковска Трајановска, и двете негови студентки.Како што истакна Чанаќевиќ, оние кои го познаваа  нејзиниот вујко Томе Манчев, знаат дека тој навистина ја живееше музиката како ретко кој друг.  До крајот на својот живот, додаде таа, Манчев се држеше до постулатот дека потребата да се твори е основниот мотив на неговото живеење.-Да се зборува за една личност којашто беше толку сестрана во животот, а особено во полето на музичката уметност, истакнувајќи  се, но и оставајќи трага, не само како композитор, туку и како музички педагог, истражувач и публицист е навистина тешка  задача. Во текот на  својот музички плоден живот, напишал огромен  опус на композиции кои верувам ќе останат да живеат во рацете на бројните генерации музичари. Голем е бројот на студенти и композитори кои ја имаа привилегијата да го учат музичкиот и композиторскиот занает од него. Зад себе остави и голем број на публикации и истражувачка работа, во кои секогаш со огромен жар пишуваше за музиката, рече Чанаќевиќ.Според неа, Томе Манчев бил строг, но праведен професор, а знаењата што им ги пренесувал на студентите се бесценети.-Како личност беше бескомпромисен во секоја смисла на зборот, и кон себе и кон својата работа, но и кон сите оние кои се обидуваше да ги научи на вистинските  вредности за музиката и професијата. Специфичен дух, интелигентен, бескрајно музикален, чесен, педантен до совршенство во работата, но и во животот. Беше перфекционист и за него сѐ мораше да биде  доведено до совршенство, звукот, изведбата, творењето, работата, секојдневието....Имаше огромна почит кон неговите учители, кон татковината, родната Македонија, кажа Чанаќевиќ.Осврнувајќи се на обемното творештво на Манчев, композиторката Валентина Велковска Трајановска рече дека тој беше и ќе остане истакнат композитор со маркантно творештво,  педагог што целосно и несебично им се посвети на студентите до последниот момент од животот, музички писател и истражувач што поставуваше параметри каков треба да биде ликот на стручно и квалитетно изработен труд и општестествен деец кој поаѓаше од парадигмата дека секој треба да ја сака татковината повеќе од себеси и да биде добар и искрен човек.-Композиторот Томе Манчев беше голем човек со исклучителна професионалност, со целосна посветеност и неисцрпна инспиративност, ментор што несебично ги споделуваше своите идеи, искуства и огромно знаење. Композитор и професор што приоѓаше кон секој проблем со перфекционизам, со стремеж, тоа што ќе се изработи и создаде да биде совршено и беспрекорно, а во неговите дела совршенството го исполнуваше со длабока емотивност, со силни чувства и јасна национална определба која произлегуваше од неговата бескрајна почит кон музичкото наследство на македонското поднебје и мислата водилка да се осмисли нешто  ново што не е досега создадено. Кон сите прашања, дела, трудови, композиторот Манчев приоѓаше  на единствен, за него препознатлив и непопустлив начин, секој збор, секоја мисла, секоја нота да бидат избрани откако најмалку дваесет пати ќе осмислат, проверат, прегледаат, сѐ дури не го добијат своето идеално значење, рече Велковска Трајановска.Во рамките на постхумниот концерт истакнатите македонски уметници баритонот Горан Начевски, Марјан Милошевски на фагот,  пијанистките Весна Ангеловска-Христов, Елена Атанасовска –Ивановска и Маја Шутевска –Кировска, виолинистот Љубиша Кировски и Антоние Весковски на ударни инструменти, изведоа композиции од различни периоди во творештвото на композиторот Томе Манчев. 

Македонија | пред 5 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Влада во среда, Ахмети се договорил со своите

Каков и да е внатрепартискиот дил во ДУИ, според изворот на „360 степени“, тој ги обезбедува гласовите на тројцата пратеници бунтовници, меѓу кои и потпретседателот Изет Меџити и поранешниот директор на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен ЗибериДеловникот за работа на Собранието нормира дека претресот за предлогот на мандатарот трае најмногу два дена. Гласањето е на крајот на дебатата или најдоцна на полноќ на истектот на вториот денНадминати се недоразбирањата во ДУИ со што е отворен патот за скорешен избор на новата влада во Собранието. Извор од декларираното мнозинство вели дека Али Ахмети го уверил Зоран Заев дека може да смета на сите 15 гласа од пратеничката група на ДУИ за кандидатите за министри со кои веќе беше запознаена јавноста: Артан Груби за вицепремиер (и министер за политички систем) и Бујар Османи за министер за ндаворешни работи. За другите кандидати немаше внатрепартиски негодувања во ДУИ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Маж избоден со нож во трговски центар во Скопје

На 24.8.2020 во 3:24 часот во СВР Скопје, Н.Т.(30) од Скопје пријавил дека во трговски центар во Скопје три лица физички го нападнале и му нанеле убодна рана, а физички ја нападнале и Р.Ц.П.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Скопје | пред 5 години

50251202706_7548b02781_c

Нема патни трошоци: Пратениците ќе гласаат од дома

Поради кризата со ковид-19, пленарните седници на Собранието се „преселени“ во салата со куполи, каде што полесно се одржува физичка дистанца меѓу пратениците, додека техничката влада во последните неколку месеци постојано заседаваше онлајнВо Собранието се подготвува платформа за и пратениците да може да работат и да одлучуваат од дома или од нивните канцеларии, соопшти новоизбраниот пратеник на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Мнечевски.„Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и да одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Службите работата на ова и верувам дека не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено“,изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на Деловникот се донесени одамна.Во однос на новото парламентарно мнозинство, Муцунски, по средбата, изјави дека практично станува збор за истата коалиција што владееше во последните три години и дека е неблагодарно да се дава предвидување за тоа колку ќе трае.„Едноставно, граѓаните треба да видат дали таа коалиција ги реализирала очекувањата од претходниот тригодишен мандат и тоа самото по себе ќе им даде одговор какви очекувања треба да имаат за истата влада. Јас мислам дека нема да има висока реализација на очекувањата. Нестабилното парламентарно мнозинство ќе значи дека на многу повисок степен ќе биде дневната политизација, отколку решавањето на тековните проблеми“, изјави Муцунски

Македонија | пред 5 години

jorgo

ДЕМОКРАТИ ја повикуваат министерката за финанси Нина Ангеловска итно да си поднесе оставка

Додека на повеќе од 100.000 штедачите на пропаднатата Еуростандард банка парите им се заглавени, а секој што има повеќе од 30.000 евра во банката има можност да ги изгуби сите пари, МИНИСТЕРКАТА си ја искористи позицијата и на време си ги извади парите пред да пропадне банката, стои во објавата на Демократи. Тие додаваат:Доста ни е од лажни народни министри!https://www.facebook.com/demokratimk/posts/732461667541530

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Без амин на ДУИ нема ништо да се одлучува, рече Тасевски

Со т.н. „дувло на криминалот” нема наскоро да видиме благосостојба во државата, истакна актерот Сашо Тасевски во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.Иако нема практично да се бараат дупли потписи, потенцираше Тасевски, без амин на ДУИ нема ништо да се одлучува.-Заради тие политички пазари во последните 30 години, најмногу трпат националните интереси, најмногу трпи благостостојбата на народот. Треба објективно да се погледне на работите во Македонија има една партија од албанскиот блок која владее од 2001 година и која што никој не може да ја смени, тоа е најмоќната партија, помоќна од двете македонски. Што и да се случи македонските може да ротираат ама таа партија гледаме дека е фикс во било која власт. Очигледно дека ДУИ се недопирливи за многу работи, не е точно дека ги нема на ниту едни снимки, меѓутоа тие снимки заради икс причини никој не ги објавува или не смее да ги објавува или тие што беа објавени беа многу брзо тргнати од мрежите, рече Тасевски.

Коментари | пред 5 години

C2E84B2C-6A46-437A-9054-5AFA91269DA4

(ФОТО) Лом на Партизанска, искшрени неколку возила и повредени повеќе лица во соовраќајка

Тешка сообраќајна незгода се случила пред 15 минути на булеварот Партизански одреди во близина на Градската болница „8 Септември.Очевидци на настанот сведочат за тешка сообраќајна незгода во која се искршени неколку возила, а има и повредени, јави “Слободенпечат.мк”.– Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР.Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза”, а еден во болницата „Свети Наум Охридски”.Фото: Слободенпечат.мк

Скопје | пред 5 години

Vodno

Возач на џип тепа велосипедистина Водно: Ме фати за вратот и почна да ме удира

Скопјанецот Владо Ѓуровски, кој е велосипедист со десетина освоени медали и подиуми, синоќа на асфалтниот патот кон Средно Водно без причина бил физички нападнат од нервозен возач на џип. Како што раскажува Ѓуровски за Плусинфо, додека го управувал својот велосипед низ парк-шумата на Водно, патот одеднаш му бил пресечен од црн џип, а како што вели, возачот видно нервозен излегол од возилото и почнал да го удира и да го пцуе.– Со години наназад, скоро секој ден возам велосипед до Средно Водно. Тоа ми е рутина. Но, вчера ми се случи нешто страшно. Одеднаш патот ми го пресече црн џип, а од него излезе крупен човек и ме нападна без причина. Покрај пцовките што ми ги упати, тој рече дека му пречеле велосипедистите кои постојано возат на тој пат. Ме фати за вратот и почна да ме удира. Ми ги искрши и очилата, a на телото имам видливи повреди и црвенило. Јас не му возвратив, туку го зедов мобилниот телефон и направив неколку фотографии од насилникот и од неговиот џип. Секако, го пријавив случајот во полиција и направен е записник – раскажува Ѓуровски за Плусинфо.На социјалните мрежи, пак, викендов постојано се споделуваат фотографии и сведоштва на велосипедисти кои се жалат од истиот тој насилник што го нападнал Ѓуровски. Како што може да се прочита во дел од коментарите, возачот се обидел да прегази група велосипедисти на Водно, но за среќа, никој не е повреден.

Скопје | пред 5 години

ivceska-Latinoski

ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел се оградува од Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел преку соопштение до јавноста ја известува јавноста дека тие целосно се оградуваат од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Петре Латиновски поранешен Градоначалник и Весна Дамчевска Илиевска поранешен пратеник двајцата членови на ОК Бутел.  Во соопштението се вели:Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел,Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел целосно се оградува од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Петре Латиновски поранешен Градоначалник и Весна Дамчевска Илиевска поранешен пратеник двајцата членови на ОК Бутел, имено оградувањето е посочено кон овие луѓе бидејки беа дел од неодамнешната иницијатива за свикување на вондреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ со цел промена на раководството на партијата.Сите сме свесни дека оваа неодамнешна иницијатива е под диретна насока на луѓе кои го уништија имиџот на ВМРО-ДПМНЕ и токму тие луѓе се вистинскиот товар на нашата партија затоа што енормно се збогатија на грбот на сите чесни членови кои макотрпно работат кога се во прашање сите изборни кампањи.Секако дека Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска не изостануваат од гореспоменатите штетници за партијата, и двајцата имаат неворајтно негативен углед кај граѓаните на Бутел, оние наши членови кои за време на кампања одат на терен знаат дека овие ликови се најомразените ликови од нашите редови, заради тоа со часови се убедуваме со нашите граѓани дека ваквиот тип на кадри се веќе минато во нашата партија, личниот интерес веќе не е приоритет на ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ а камоли функционер.Исто така сакаме да посочиме дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел во изминатиот период имаше доберливи информации дека Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска сите изборни циклуси од 2017 година па навака суптилно но понекогаш и директно работеа против интересите на ВМРО-ДПМНЕ и секако Македонија.Овие двајца луѓе се можеби функционери кои највеќе имаат добиено во минатото од партијата, постои големо сомнение дека функциите кои ги вршеле во одреден период ги злоупотребиле па одтаму можеби сега се само уценети глави за туѓи интереси.ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел покрај последната голема победа сонразлика од 1500 гласови на предвремените парламентарни избори, во следниот период уште позасилено ќе продолжи со својата работа за две суштински цели, горда и просперитетна Општина Бутел, унитарна и богата Македонија.Ова соопштение е со подршка од сите раководни структури на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел:-Најтесното раководство на ОК Бутел-Претседателите на Месните Комитети-Раководството ма Унијата на Жени и соте претседателки на Месни Комитети-Раководството на УМС и претседателите на сите Месни Комитети-Унијата на ветерани-Ким тимовитеСо почит,ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел, стои во нивниот пост на Фејсбук.https://www.facebook.com/vmrookbutel/posts/1713512752146616

Слајдер | пред 5 години

apasiev

Сопругата на Димитар Апасиев ја нуди „Алфата“ на продажба, објави цена и причина

Деновиве неочекувано многу се зборуваше и пишуваше за тоа што вози лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој утрово на оваа тема даде инересен коментар:Само АЛФА мажјак вози Алфа Ромео на жена му – напиша Апасиев на својот профил на фејсбук.И неговата сопруга, Тамара Јованов не остана имуна на овие случувања, па и таа на својот профил на фејсбук објави:„Ако сакате да ви ја продадеме Алфата, зашто гледам дека се’ неа ја зборите. Ќе ви ја дадеме за 2000е, оти се подрасипува чат-пат, ама инаку е коска. Па ние ќе си купиме друга (евентуално пак за 3000е), за да има за што да си правите муабет и за некое време, а и ние со што да се возиме, кога не не’ собира на точак сите четворица. Пс. За морализатори има посебен круг во пеколот“.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања