Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ahmeti

Ахмети: Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, па макар и за 100 дена

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на телевизија „21“ изјави дека дури и ако новата Влада трае само една година, последните 100 дена на чело на Владата ќе биде премиер Албанец, кој ќе биде предложен од страна на ДУИ.-И една година да трае партнеството со Заев, последните 100 дена ќе имаме премиер Албанец предложен од ДУИ. Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, па макар и за 100 дена, а сите мислеа дека не можеме да го направиме тоа – изјави Ахмети

Македонија | пред 5 години

MEGA6117

„Охридско лето“ донесе уникатна програма на четири пијана и гудачки камерен оркестар со чешки уметници

Вечер што долго ќе се памети приредија синоќа врвни уметници од Република Чешка кои во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Света Софија“ го одржаа концертот „Бах за Вас“.Концертот го најави амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, кој порача, дека во ова тешко време, не смееме да се фокусираме само на епидемиите, туку, како што рече, мора да продолжиме да живееме.-Во ова незгодно време многу е важно сите да се држиме заедно. Драго ми е  и горд сум што Република Чешка успеа да ги поддржи своите пријатели вклучително и Република Северна Македонија во борбата против ковид-19. Сепак, не смееме да фокусираме само на епидемиите. Мора да живееме и затоа мислам дека е многу важно да се поддржи културната соработка дури и во сегашните тешки околности. Среќен сум што и покрај сѐ, успеавме да го организираме овој исклучителен концерт. Најдобар доказ за тоа дека не дозволивме да се откажеме, е токму нашето присуство на „Охридско лето“, рече амабасадорот Томан.Чешкиот амбасадор во земјава упати огромна благодарност до организаторот на концертот, фестивалот „Охридско лето“ и директорката Наташа Поповиќ, со која како што кажа, ги договарале сите детали за настапот на чешките уметници кои свиреа на чешки пијана од производителот „Петроф“.-Чешката компанија „Петроф“ е една од најистакнатите производители на пијана во светот и една од ретките кои сѐ уште работат во Европа. Во текот на своите 156 години историја, оваа семејна компанија произвела повеќе  од 632 илјади парчиња и многу од нив биле извезени во поранешна Југославија, а особено во Македонија.Четирите пијана на сцената беа изработени специјално за оваа пригода, а по концертот ќе се пренесат во „Пијано центарот“ во Скопје каде можат да се видат или купат, додаде амбасадорот Томан.Вистински симбол на македонско-чешкото пријателство е пијанистката Ема Једличка Гогова која вчеравечер во предворјето на „Света Софија“ настапи заедно со своите колеги, солистите Хелена Вајзер, Сара Медкова и Лукаш Клански и со 11-члениот гудачки камерен оркестар „Чешки виртуози“.-Во името на сите чешки уметници кои синоќа настапија на реномираниот и светски познатиот фестивал „Охридско лето“, сакам да изразам голема благодарност за организацијата. Концертот „Бах за Вас“ беше посветен на еден од најголемите светски композитори  Јохан Себастијан Бах којшто годинава слави 335 години од раѓањето и 270 години од неговата смрт што се вклопува со јубилејната година на фестивалот„Охридско лето“. Затоа се трудевме преку сите пречки да ги споиме јубилеите на еден од најголемите светски музичари и композитори заедно со големиот и прочуен фестивал, рече Једличка-Гогова.Четворицата исклучително вируозни чешки пијанисти одржаа четири концерти за клавир со оркестар. Самата концепција беше поставена така што публиката имаше можност да ужива во концерт со едно пијано и гудачки оркестар, со две пијана и гудачки оркестар, за три пијана и гудачки оркестар, и на крајот, концерт за четири пијана со оркестарот.-Овие концерти се од многу големо значење затоа што во историјата на музичката и пијанистичката литература, тоа се први солистички концерти напишани за пијано односно во тоа време чембало и оркестарска придружба, појасни пијанистката со интернационална музичка кариера Једличка-Гогова која е родена во Штип, а  живее во Република Чешка.Чешката вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржа со поддршка од Амбасадата на Република Чешка во Скопје.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Ќе има ли ново пролонгирање на ратите за кредит?

Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните. Се прават анализи во кои се земаат предвид состојбите со пандемијата од Ковид 19 и како таа економски ги погоди граѓаните, но и компаниите, објави 24.mk.Конечната одлука се очекува да ја донесе Народната банка следната недела, откако деновиве ќе се консултираат и деловните банки. Мораториумот истекува на први октомври, што значи дека доколку не се продолжи оваа мерка, граѓаните кои ги одложија плаќањата на кредитите ќе почнат повторно да ги плаќаат.„Подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем“, е ставот на НБМ.И од Банкарската асоцијација велат дека се подготвени да излезат во пресрет на граѓаните доколку е потребно иако засега нема одлука за ново пролонгирање.Текстот во целост на: 24.mk.

Македонија | пред 5 години

Skolo

Филипче: Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други одделенија

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на почетокот на учебната година истакна дека приоритет е заштитата на најмладите. Почетокот на учебната година е сериозен ризик да се влоши епидемиолошката ситуација затоа што голем број деца би биле во една или повеќе затворени простории со можност да комуницираат многу интензивно во текот на денот, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе.„Протоколите кои ги изготвивме се базираат на истите универзални принципи за заштита од болеста и спречување на ширење на вирусот. Тоа е носење на маска, одржувањето на дистанца и задолжителното често миење и дезинфекција на рацете. Нашата препорака да има физички присутни деца од првите три одделенија е со цел да се намали бројот на деца што би присуствувале во училиштето, во училниците. Бидејќи децата сигурно ќе се среќаваат на влезот, на почетокот и на крајот на денот и за време на одморите, препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите, а овие три одделенија да почнуваат во различно време со временска разлика од 10 минути. Сакаме да ги избегнеме лошите сценарија коишто ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата. Децата се преносители на вирусот, а нашата анализа покажа дека најлесна форма и најмалку процентуално, под 4%, заболуваат најмалите деца до 9 години“, изјави министерот Филипче.Тој потенцираше дека дадена е препорака за онлајн настава со неколку исклучоци. Целта е децата да имаат комбинирана настава, но сето тоа постепено да се воведе.„На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација. Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија.“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

sela-gasi

Села и Гаши пропуштиле шанса да влезат во Владата, според намерите на Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 изјави дека сакал да им понуди на Зијадин Села и Африм Гаши да станат дел од владата.-Сакав да им понудам на Села и Гаши да станат дел од Владата, но не дојдоа на состанок – рече лидерот на интегративците, алудирајќи на повикот што им го упати за средба за годишнината на Рамковниот договор.Ахмети посочи дека никој не верувал во идејата дека ќе има премиер Албанец, но, како што истакна, тоа ќе стане реалност.

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Заев не се израдува со победата на ДУИ, но се извини, тврди Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21 рече дека лидерот на СДСМ и негов коалициски партнер Зоран Заев не бил среќен за победата на ДУИ.-Сигурно лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се израдува со победата на ДУИ на последните предвремени парламентарни избори – рече Ахмети.Тој додаде дека Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори вели дека Албанците не вредат пет пари.-Зоран Заев се извини за тоа што ги нарече Албанците дека не вредат 5 пари – посочи Ахмети.Сепак, лидерот на ДУИ порача дека двете партии заедно направиле многу и затоа нивното партнерство треба да продолжи.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Бачев: Тој што го подржува Мијалков да ја преземе ВМРО-ДПМНЕ или е криминалец или идиот

Тој што го подржува Мијалков да ја преземе ВМРО-ДПМНЕ или е криминалец или идиот. Па, Мијалков ја опљачка половина Македонија крадејќи милијарди евра, напиша на својот ФБ профил, претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.Бачев додава:Да потсетам што рече Заев пред четири години: „Им ветувам на граѓаните, дека после промените што ќе се случат на 11 декември 2016, новата Влада на СДСМ ќе донесе закон за конфискација/одземање на криминално стекнат имот и пари од оваа владеачка гарнитура. Сите пари ќе се вратат назад кај народот. До денар!“И што му конфискува Заев на Мијалков во изминатите четири години!? Ништо, или како беше она народната, од трите нај*олгото. Се роди ново пријателство на македонската сцена.https://www.facebook.com/JankoBachev66/posts/732561893988390

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Децата од првите три одделенија за време на одморите да не се излегува од училниците

Нашата препорака е само децата од првите три одделенија физички да присуствуваат во училиштата во новата учебна година, за време на одморите да не се излегува од училниците, а со настава да почнуваат со временска дистанца од 10 минути, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, на Сител.-Приоритет ќе биде заштита на здравјето на граѓаните, така како што беше досега во однос на сите воведени и имплементирани мерки, а сега во однос на заштита на здравјето на најмладите, почетокот на школската година како еден сериозен ризик да се влоши епидемилошката ситуација, заради тоа што огромен број деца би биле во една затворена или повеќе затворени простории со шанса и можност да комуницираат многу интензивно, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе – рече Филипче. 

Македонија | пред 5 години

gaza

28 годишна мајка на две дечиња боледува од Кронова болест и има и страшна рана, министерот Филипче вети помош

Браќа и сестри!!! Само што се слушнавме со министерот Венко Филипче кој реагираше навистина многу брзо. Драгана ќе биде сместена на Клинички центар се до нејзиното целосно опоравување. Поаѓаме за Куманово да ја однесеме оваа Мајка во лечилиштетo, стои во објавата на групата хуманитарна организација „Св Спас“Тие додаваат:Министре ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, мој поклон за вас!!! Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие со здравје, радост и успех!!!Благодарност до СИСТИНА кои исто така ја понуди својата помош!!!Благодарност и поклон до земја и до секој од вас за безрезервната поддршка!!! Бог да ве благослови и награди сите!!!Драгана е 28 годишна мајка на две дечиња кои имаат 5 и 2 години... Боледува од Кронова болест, но и страшна рана (не сум лекар, но мислам дека е гангрена) на левата нога. Живее со огромни болки и се лекува во домашни услови затоа што (замислете!!!) нема доволно капацитети да биде примена на болничко лекување. Таа е целосно изнемоштен од болките и не е во состојба да станува од кревет... Нашата хуманитарна организација вчера ја посети Драгана и благодарение на наш поддржувач од Германија купи преврски за три дена, но...Лекувањето во домашни услови е невозможно финансиски (за три преврски дневно се потребни над 1600 денари), но и од практични причини (преголем болка, дури и при најнежен допир). Оваа мајка не може да си ги прегрне децата од болки... А нашата држава не е во состојба да помогне!!!Простете, но вие сте ДОЛЖНИ веднаш да реагирате и да и помогнете на оваа наша сестра!!!Венко Филипче, дали ќе дозволите да продолжи агонијата на оваа жена? Дали ќе преземете нешто за таа да може да го продолжи својот живот и да ги израсне своите деца? Или ќе ја игнорирате и ќе ја оставите со нејзините болки?Покажете и докажете дека навистина ја почитувате Хипократовата заклетва и реагирајте веднаш!!!Ве молам, споделувајте и означувајте ги сите кои можат да помогнат!!!Видеото е со вознемирувачка содржина!!!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3341631699191466&set=pcb.1261590430865859&type=3&theater&ifg=1

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Левица: Нашите пратеници нема да учествуваат во шверцувањето нови пратеници

Денес, во Собранието на Република Македонија, владејачката коалиција на СДС+ДУИ, на очиглед на јавноста, прави противделовнички обид за верификација на мандатот на нови пратеници - спротивно на чл. 17 од Деловникот, стои во објавата од Левица.Тие додаваат:Според овој член, за да има верификација на нови мандати мора кумулативно да постојат два акта: 1. Извештај од ДИК; и 2. Предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања (која не постои, односно сè уште не е основана)!?Оваа „дива“ верификација која се случува во теков на денешниов ден се врши без вториот потребен документ, а врз основа на т.н. „Извештај“ од непостоечката Верификациона комисија на чело со Јагода Шахпаска, која има истечен мандат, односно престана да постои по истекот на Конститутивната седница!Бидејќи и покрај процедуралното укажување од страна на нашиот пратеник Димитар Апасиев - дека е правно невозможно без Комисија и без предлог да се продолжи со верификацијата - парламентарното мнозинство продолжи со овој илегален начин на работа, пратениците на Левица нема да учествуваат на фингираните седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред овие мандати.https://www.facebook.com/PartijaLevica/photos/a.642965336629978/642965356629976/?type=3

Македонија | пред 5 години

grob-cveka

(ВИДЕО) Штипјанец поставил камера на гробот на синот за да открие кој му ги краде цвеќињата

Ожалостен штипјанец на гробот на својот син инсталирал камера за да види кој во претходните 4 години на болката му додава нова болка. Имено, за целиот период  од смртта на неговиот  рано починат син,  некој упорно му ги крадел свежо поставените саксиски цвеќиња кои неговата сопруга грижливо ги носела  на  гробот  на застаната младост…https://www.facebook.com/televizijastar/videos/635986853998943/?v=635986853998943 

Македонија | пред 5 години

alista

Во Општина Ѓорче Петров, забрането е сушење алишта во двор и на тераса

Oпштина Ѓорче Петров наметнува нови правила. Во дворовите што се со поглед кон улица или плоштад, повеќе нема да биде дозволено сушење на алишта, а и тревата не смее да биде повисока од 10 сантиметри. Освен тоа, нема да биде дозволено да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, а гранчињата на украсните и жбунести растенија не смеат да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.Ова се само дел од измените и дополнувањата во новата Одлука за комунален ред и мерките за нејзино спроведување на подрачјето на општината која е донесена на седница на Советот на Општина Ѓорче Петров.По членот 36 се додава нов член 36-а кој гласи: движење, запирање или паркирање на возила на јавна зелена површина, зелена површина околу јавните објекти и зелена површина околу деловни и колективни станбени објекти; -движење на запрежни возила; -оставање на нерегистрирани, хаварисани или напуштени возила, -оставање на приклучни возила, камп приколки, чамци, камп возила, земјоделски машини и сл.“ „Дворните места на колективни и индивидуални станбени објекти, како и местата / површините што се наоѓаат внатре или меѓу станбен или деловен блок или меѓу објекти мораат да се одржуваат во уредна и чиста состојба. За уредност и одржување на чистотата на местата од ставот (1) на овој член се грижи сопственикот односно корисникот на дворот, односно сите сопственици и корисници на заедничкиот двор или места.Во дворните места се забранува оставање, складирањеодносно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено: - сушење на алишта, - тревата да биде повисока од 10 см, - да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, - гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето. Лицата од став (2) на овој член се должни редовно да ја чистат површината, да ја косат тревата, кастрат живата ограда и другите растенија, да не дозволат растенијата да ја оштетуваат или валкаат јавната површина, објектите и инсталациите, да го отстрануваат плевелот, да ги одржуваат бетонските површини.Од Општината Ѓорче Петров велат дека со измените и дополнувањата се додефинираат надлежностите и се уредуваат односите и начинот на вршење комуналните дејности меѓу давателите и корисниците на услугите на подрачјето на Општина Ѓорче Петров и мерките за нејзино спроведување.– Одлуката на Општина Ѓорче Петров е во согласност со одлуката на за комунален ред на Град Скопје, донесена во 2014 година. Согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Ѓорче Петров комуналните инспектори и комуналните редари ќе вршат контроли  со цел доследно спроведување на прописите. Целта е најпрво да се превенира, пред да се казнува – потенцираат општинските власти.

Скопје | пред 5 години

nbrm-narodna-banka

Народна банка до Костовски: Нашите надлежности престанаа на денот кога беше укината дозволата

Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка, се вели во соопштението од Народна банка по  јавен повик кој во медиумите испрати Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка.Во продолжение на соопштението од Народна банка додаваат: Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка. Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

avtobus-2

Маж починал во автобус во Скопје

Во попладневните часови на 24 август во скопската полиција било пријавено дека во автобус на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов има починато лице.Полицијата излегла на местото и било констатирано дека се работи за 59-годишник од кумановското село Биљановце.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Скопје | пред 5 години

disko

Епидемиологот Стојанов од Скопје разочаран: Не може вака, залудно зборуваме!

Бројот на заразени со коронавирус ќе беше преполовен ако немаше журки и свадби, а воедно се почитуваа мерките за кои зборуваме шест месеци, тврди директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Александар Стојанов. Тој вели дека никој не може да оди против народот, што значи дека секој треба да се свести за последиците од вирусот поради кој е прогласена пандемија на светско ниво.„Да не беа журките, бројките ќе беа преполовени, се шири кај ќе стигне. Ако нема последици од вирусот, немаше да забрануваме. Не само ние, туку и целиот свет. Во источна Македонија има журки, а во западна има свадби. Не може ние да казнуваме, епидемиолозите не можат да одат по кафани и да бркаат гости. Не може вака, залудно зборуваме, залудно правиме. Додека некој не осети како ќе му се испразни џебот поради непочитување на мерките, ова ќе продолжи. Епидемиолозите не се тие кои треба да казнуваат, но и не можат да казнуваат. “, вели Стојанов за „А1он“.Заразените, пак, и натаму ги кријат контактите, даваат лажни податоци, телефони за контакт.

Скопје | пред 5 години

zaev

Заев си поднесе оставка од функцијата пратеник

Мандатарот за состав на новата Влада Зоран Заев си поднесе оставка од пратеничката функција. Тоа треба да го сторат исите избрани пратеници кои ќе бидат дел од новата Влада односно се предложени за идни министри.Кој ќе дојде на местото на Заев и на другите пратеници од СДСМ утврдува ДИК.

Македонија | пред 5 години

trifun

Трифун Костовски преку јавен повик бара помош и поддршка Народна банка да ја повлече одлуката за стечај

Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, преку допис во медиумите испрати јавен повик. Во повикот на Костовски се вели:-Јас, Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, јавно ги повикувам сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните.Потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор.Ваквиот чин бара висока доблест и ќе спречи сериозни последици по граѓаните на Република Македонија.Доколку сакаме мир во земјава и спокој на граѓаните, мора да ги имате предвид последиците кои ќе се појават во периодот кој следи, а кои таксативно ќе ги наведам.Клиентите на Еуростандард банка, кои се оштетени со оваа одлука ќе бидат целосно вознемирени со преземање активности да си го вратат своето.Поради софтверскиот систем за исплата на пензии, неколку илјади пензионери ќе се соочат со не можноста редовно да ги добиваат своите пензии, а тоа е најранливиот слој на граѓани во Македонија.Масовни отпуштања и зголемување на невработеноста, како на вработените во Еуростандард банка, така и на вработените во Македонски пошти, поради неможноста да остварат приход и да ги заработат чесно своите примања.Ќе се врати довербата во банкарскиот систем на граѓаните кој за жал, сведочиме дека има многу нарушен кредибилитет и создава општа несигурност.За ваквиот потег се бара доблест и акција за стабилизирање на севкупната ситуација за граѓаните во Република Македонија и посебно на банкарскиот сектор. 

Македонија | пред 5 години

Slobodan-Poposki

Собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Апелот за помош на Слободан Попов-Цобе стигна до голем број на хумани луѓе. Хуманоста и човечноста повторно победија и во оваа битка. Собрани се потребните средства за операција на Слободан Попов-Цобе.Утрово, семејството и блиските на Слободан Попов-Цобе ја соопштија веста дека се собрани 50.000 евра за операцијата која треба да биде направена на 15ти август 2020та година во Солун и за чие лекување е веќе постигнат договор за спроведување на третман со онко-хипертермиска и хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, кој е овластен дистрибутер на Onco-Hyperthermia Group, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција. Исто така, семејството на Цобе, информираше дека при процесот на собирање на хуманитарните средства биле собрани дополнителни 13.500 евра од кои дел ќе бидат наменети за постоперативно лекување на Цобе, а дел од овие хуманитарни средства семејството на Слободан одлучи да ги пренасочи за лекување на Христијан Јованов, тринаесет годишното дете од Кавадарци кое боледува од Leucemia acuta lumphoblastica и чиешто лекување е започнато на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, Словенија.

Македонија | пред 5 години

Screenshot_5-2

(ВИДЕО) Запрепастувачка снимка: Скопје тоне во ѓубре, а Комунална хигиена го бутка под контејнерите наместо да го собере

Комумалните проблеми во Скопје тлеат со години, а изгледаат нерешливи со оглед дека секоја наредна власт не успеа да се справи со нив. Од отпадоци по улици, до депонирање на ѓубрето во депонии. Видеото направено од граѓани на главниот град говори за ниската свест на луѓето, но и за јавното претпријатие „Комунална хигиена“.Од видеото се гледа како вработен во претпријатието, наместо да го собере ѓубрето кое е исфрлено од неосвесни, неодговорни и луѓе без свест, тој го потклоцнува под контејнерите и си заминува. Видеото наиде на многу реакции од корисници на социјалните мрежи. Инаку, снимката е направена Капиштец. Од неа се гледа и дека дел од контејнерите за депонирање отпад се полни, но вработениот во претпријатието ладнокрвно си заминува.

Скопје | пред 5 години

korona6

Пет починати од пет градови, повторно дупло повеќе заразени од оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-23, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-2, Велес-5, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-12, Струмица-1, Пробиштип-3, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-1, Битола-3, Кавадарци-11, Гостивар-22, Демир Хисар-1, Кичево-2, Неготино-1.Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799,  бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5733, активни 892• Куманово 1401, активни 362• Дебар 242, активни 77• Штип 1111, активни 261• Прилеп 414, активни 78• Тетово 1197, активни 181• Струга 547, активни 142• Велес 264, активни 38• Битола 197, активни 53• Охрид 326, активни 60• Кавадарци 170, активни 90• Гостивар 752, активни 300• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 58, активни 23• Крива Паланка 37, активни 11• Радовиш 40, активни 11• Крушево 16, активни 0• Кочани 134, активни 30• Пробиштип 79, активни 24• Демир Хисар 60, активни 26• Македонски Брод 69, активни 36• Пехчево 12, активни 6• Берово 42, активни 33• Валандово 7, активни 0• Виница 64, активни 42• Делчево 38, активни 33 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 16, активни 2• Свети Николе 278, активни 68• Кичево 263, активни 98• Ресен 146, активни 1• Неготино 44, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1768 теста се преку: ИЈЗ-510, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-132,  Биотек-268, МАНУ -117, Жан Митрев (Филип Втори)-217, Систина со PCR метода -342, лабораторија Лаор –56, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-19, ГАК-21, лаборатории од странство-0 . Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 14 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациент, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3  позитивни, една мајка и две деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 54 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 117• Гази Баба – 108• Аеродром - 104• Карпош – 95• Центар – 94• Кисела Вода – 94• Ѓорче Петров – 67• Бутел - 68• Шуто Оризари – 38• Студеничани – 20• Сарај – 23• Арачиново – 18• Илинден – 13• Сопиште – 7• Чучер Сандево – 7• Петровец – 8• Зелениково - 4• Странец – 4• Нераспределен – 3

Македонија | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

Од денеска во функција новиот алгоритам за оздравување на пациенти заболени со КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека од денеска, во системот на МојТермин, е во функција новиот алгоритам за оздравување на пациенти заболени со КОВИД-19. Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти.За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест.За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни тестови во 24-48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11тиот ден.Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста - истиот ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста.Процесот на оздравување сега е во целост поврзан со Дневните извештаи кои ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и Регистарот за позитивни КОВИД-19 пациенти.Во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин се проверува дали за секој нареден ден има пополнет дневен извештај од матичен лекар или негова замена. Доколку во 10 последнователни дена има дневни извештаи и истите се одговорени со не/нема: истоштеност, болки во зглобови и/или мијалгија, кашлица, искашлок, отежнато дишење, дијареа, а температурата на пациентот е помала од 37.5 тогаш добива статус - Предлог за оздравен.Доколку во 10 последнователни дена има барем еден извештај каде на било кое прашање од погореспоменатите е одговорено со да/има, пациентот добива статус - Предлог за оздравен со истекот на минумум 20 дена (односно 21 ден) само во случај ако последните 3 дена се асимптоматски.Доколку по истекот на 20 дена пациентот нема три последователни асимптоматски дена, предлогот за оздравен ќе биде после три последователни асимптоматски дена. Се додека пациентот не добие статус „Предлог оздравен“ истиот има статус „Болест во тек“.Пристап до статусот на пациентите во Мој Термин ќе имаат епидемиолозите во Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ). Секој Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) ги гледа само пациентите на кои матичниот лекар на пациентот се наоѓа на подрачје кое го покрива конкретното ЦЈЗ, а за пациентите кои немаат избрано матичен лекар (домашни или странски) пристап до статусот имаат сите Центри за јавно здравје. За пациентите кои немаат избрано матичен лекар пополнувањето на дневните извештаи за состојба на пациентот го прави епидемиолошка служба од надлежниот центар за јавно здравје кој ја направил епидемиолошката анкета.За потсетување, минатата недела Комисијата за заразни болести го усвои новиот протокол за ослободување на пациентите од изолација. Откако кон крајот на мај, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести дадоа нови насоки/препораки за ослободување на пациентите од изолација, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и утврди дека кај пациенти кај коишто е дијагностициран SARSCoV-2 вирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, не е присутен виабилен - репликативно компетентен, односно вирус којшто може да е доволно силен за да предизвика зараза.

Македонија | пред 5 години

bazen-lezalki

(ВИДЕО) Тепачка за лежалки во Охрид

Со трчање и гласно викање, туристи се обидуваат да стигнат до лежалка на базен, лоциран во еден охридски хотел. Моментот бил снимен од страна на инстаграмџијата именуван како Роберто Навали, кој видеото го сподели јавно.Тој под видеото пишал: „Олимписки игри, категорија: Фаќање лежалки“.Инаку, базенот во охридскиот хотел наутро е затворен, а за да се фати лежалка, постителите ја прекокнувале и оградата.Погледнете го моментот:https://www.facebook.com/mkmediaset/videos/1679627845545936/?v=1679627845545936

Македонија | пред 5 години

ohrid-velosiped

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година, согласно член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година (Одлука на Советот на општина Охрид бр.08-6482/17 од 30.07.2020 год.) општина Охрид објавува Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјетоза купување велосипеди во 2020 годОпштина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.1.2. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.1.3. Доделувањето на средствата ќе се врши по принцип “прв купен велосипед“ во периодот од 13.05.2020 год. (од датумот на објавувањето на првиот повик) па се до денот на завршување на повикот. Право на учество на Јавниот повикПраво на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Охрид, кои ќе купат нов велосипед од било кој продажен салон во нашата држава, од денот на објавување на јавниот повик, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 10 работни дена од објавување на повикот.Услови што треба да ги исполни барателотБарателот треба да ги исполни следниве услови:да е жител на општина Охриддосега да нема искористено субвенција за купување на велосипедновиот велосипед да е купен во Рапублика Северна Македонија со датум од 13.05.2020 год. односно од денот на објавата на првиот повик па се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик за тековната година, но не подоцна од 10 работни дена од објавување на вториот повик Начин на пријавување на Јавниот повик4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Охрид треба да достави:–  Барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општина Охрид:  (www.ohrid.gov.mk),–  Доказ за жителство во општина Охрид, со доставување фотокопија на важечка лична карта на барателот,–  Копија од трансакциска сметка на барателот,–  Изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед,–  Оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 13.05.2020  год. односно од денот на објавата на првиот повик па се до исцрпувањe на буџетот наменет за Јавниот повик за тековната година, но не подоцна од 10 работни дена од објавување на вториот повик.4.2.Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.4.3. Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.4.4. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди“.4.5. Архивата на општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.Начин на спроведување на Јавниот повик5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година.5.2. Комисијата е должна да ги разгледа сите барања за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди кои се доставени во периодот на времетраењето на објавениот повик.5.3. Доделувањето на средствата ќе се врши по принцип “прв купен велосипед” во периодот од 13.05.2020 год. па се до денот на завршувањето на вториот јавен повик за оваа намена.5.4. Рангирањето на прифатените барања ќе се врши според датумот на купување на велосипед (датум на фискална сметка) се до исцрпување на предвидениот буџет за оваа намена.Начин на остварување на правото на надоместок(1) Градоначалникот на општина Охрид врз основа на Предлогот на комисијата носи решение за одобрување на Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед.(2) Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно Јавниот повик за одбивање на барањето.  

Македонија | пред 5 години

kancelarija

Јавен повик за пројавување интерес за користење на деловни простории сопственост на општината без надоместок

Врз одснова на член 34 од Статутот на општина  Охрид и член 50 од Законот за Локална самоуправа а со цел подобрување на условите за работа на Здружението на граѓани , фондациии другите невладини  организаци,и градоначалникот на Општина Охрид објавува:ЈАВЕН ПОВИКЗА ПРОЈАВУВАЊЕИНТЕРЕС ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА БЕЗ НАДОМЕСТОКПредмет и цел на повикотОпштина Охрид, со цел подобрување на работата на невладините органнизации , здруженијата на ѓраѓани  и фондации има намера, без надоместок да им отстапи користење на деловни простории како придонес за подобрување на квалитетот на работење на истите.За та цел се повикуваат сите правни субјекти основани согласно Законот за здружениа на граѓани  со регистрирана дејност, вршење на опшествени и хуманитарни активности а кои не асполагаат со сопствен или регулиран статус на работни простории да се пријават на наведениот повик.Право на учество на повикотПраво на пријавување на повикот имаат сите заинтересирани правни субјекти од ваков вид со седиште на подрачјето на Општина Охрид.Потребни документиВо прилог на својата пријав се должни да достават уредна докумнтација за регистрирана дејност (ДРД образец) со соодветен опис на своите ативности и реализирани проекти во изминатите три години.Рок на пријавувањеПовикот трае до 15.09.2020 година. Процес на постапувањеОпштина Охрид по утврдување на интересот во утврдена законска постапка ќе изврши согледување на  потребите и доделување на просториите кои во моментов не се во функција на вршење на редовната дејност на општината.

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски се покаја за се што кажал за Груевски: Ако можеш прости, што јадев толку гомна против тебе

Актерот Саше Тасевски на својот ФБ профил предмалку објави статус кој го наслови : ПИСМО ДО ГРУЕВСКИ. Тој во својата објава пишува:Груевски друже,Многу сум ти кабает. Кога владееше пишував против тебе нон стоп, ти се намерачив некако. Ти пишав и едно писмо колумна, имаше 70 илјади прегледи колумната. Од гомно подоле те направив, сега гомна со две раце да јадам. Како рука не ми се исуши тогаш.Требаше друже да си останеш на власт уште 50 години. Ни лук јал, ни ќебапи. Вака те сменија и си замина. Будаливе веруваат во багажник си избегал, ама ти со авион си отиде ко господин.Што да ти кажам?Како да те погледнам однапред? Како да те погледнам одзади.? Срам ми е.Овие што те сменија, за срамно влакно на магаре не ги бидува. Се спроведоа ко што им рече. Сменија име, презиме, продадоа историја, идентитет, народ, малцинството наше кај соседите, децата и внуците ги продадоа и нивната идна челад. И Тиранската платформа најзгора ја спроведоа. На вакви квислинзи и оној вистинскиот Квислинг Норвежанецотби им позавидел.Ама сврши песната. Бидна. Македонија роди копилиња кои ја раскрчмуваат секоја секунда, илјадници секунди во денот.И ништо не успеаа да докажат против тебе. Ниту едно кривично дело врзано за оние тешки милијарди кои наводно си ги украл. Така се колнеа, гавран јазик да им исколва. Мозокот одамна им е исколван.Ти како си? Како е времето во Пешта? Овде е темно, секој ден е ноќ да му ебеш матер.Ти поседи си таму уште некое време, па врати се, ко ќе ти здосади. Ќе те пречекаме со георгини или вртипоп, зависи колку пари ќе ни останат до твоето враќање. А како тргнало, изгледа голи и боси ќе те пречекаме.Тоа е друже. И ако можеш прости, што јадев толку гомна против тебе.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10158578971667180

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања