Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

karpos-vmro

ОК Карпош на ВМРО-ДПМНЕ се огради од изјавата Сашо Лазаровски

ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош одржа седница на Општинскиот комитет во проширен состав на која беа присутни и Претседателите на МК, Претседателот на УМС, Претседателката на УЖ, Претседателите на комисиите при ОК Карпош како и членовите на Централниот Комитет кои произлегуваат од ОК Карпош.Се дискутираше и за иницијативата за вонреден конгрес за која дознавме од медиумите.Иако на поширокото членство уште пред изборите им е јасно за целите и мотивите на нивните настапи, како промотори на разно разни концепти, а освоија само 200 гласа, денес се претставници и содружници на МК Мериот и хотелската коалиција.Скришната изјава, без покана за медиумите, на кумот на Нино Тодоров, Сашо Лазаровски говорат за фингирано сценарио за свесно слабеење на ВМРО-ДПМНЕ што единствено е од помош за криминалната и неспособна Влада на СДСМ и Зоран Заев. Нашиот фокус единствено е насочен кон смена на оваа транзициска и истрошена Влада. Во извесна мера ваквите изјави како вчерашната претставуваат помош да се направи катарза и да се одвојат оние кои се уценети од Заев и ние кои работиме за негова смена. Сите почитувачи на нашата цел се добредојдени.Затоа на седницата се заклучи дека е потребно и официјално, јасно и недвосмислено да се оградиме од нив и нивните барања. Исто така го осудуваме и обидот за правење забуна и измама во јавноста од лица кои се претставуваат како членови, а не се. Речиси сите позади говорникот или никогаш не биле или не се членови откако ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.Треба да им е јасно дека штабовите се полни бидејќи членовите се тука за да ја одржат жива идејата на предците, да ги споделат и надградат своите морални и вредносни критериуми, а не само и само за власт.Со нив или без нив продолжуваме напред неоптоварени од багажот на минатото!ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош е со целосна поддршка за Претседателот Христијан Мицкоски, органите на партијата и Статутот на ВМРО-ДПМНЕ.Да живее идејата и ВМРО-ДПМНЕ!Да живее борбата за Македонија! Стои во фејсбук статусот на ОК Карпо на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

jorgo

Демократи: До кога „народните пратениците“ ќе ја празнат народната каса и ќе се богатат на сметка на осиромашениот и ограбениот народ

ДЕМОКРАТИ се против Собранието да има 5 потпретседатели затоа што не само што сметаме дека тоа е преголем број и непотребен, но исто така пратениците го празнат буџетот на државата во нивна корис. Секој потпретседател зема од 15 до 20 000 денари повеќе од останатите народни избраници за да го менуваат спикерот Џафери кога ќе биде отсутен, стои во објавата од Демократи.  Тие во продолжение додаваат:ДЕМОКРАТИ ги прашуваат „народните пратеници“ до кога ќе ја празнат народната каса и ќе се богатат на сметка на осиромашениот и ограбениот народ на МакедонијаДЕМОКРАТИ предлагаат Собранието да има 2 потпретседатели, што сметаме се повеќе него доволно.https://www.facebook.com/demokratimk/posts/733816264072737

Македонија | пред 5 години

skolo

Владата го објави протоколите за настава во училиштата

Наставниот процес во училиштето да се одвива во период од 07:00 часот до 20, е една од точките во протоколите за одвивање на наставната програма со физичко присуство во училиштата, кои денес ги објави Владата, откако одлучи учебната година да почне на 1 октомври, наместо на 1 септември.Од 1 октомври во школо ќе одат само учениците од прво до трето одделение, а ќе има задолжителна онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение и за средношколците од прва до четврта година. За исклучоците од четврто основно до четврта средно кои би оделе во школо, Владата денеска одлучи да формира работна група со претставници од Министерствата за здравство и за образование и од Канцеларијата на премиерот, која ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на ковид-19 по поднесени барања од основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство.Како што објави Владата денеска, моделот за организирање и спроведување на наставата за учебната 2020/2021 година во услови на пандемијата со КОВИД-19 предвидува комбинирана настава со одредени исклучоци. Задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана онлајн настава.Вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во протоколите.Според протоколите, ако во училиштето се појави заболен од ковид-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од ковид-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до Општината, а Општината до Министерството за образование и наука.Ако ученик развие симптоми на ковид-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.Ако  се потврди дека ученик е заболен од ковид – 19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје кој итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.Ова се дел од наведените протоколи:Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и го истакнува на видни места во училиштето.Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните аистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство.Вработените во училиштето и учениците за при влегување во училиште и време на престојот во училиште задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца. Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете.На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37°) вработениот се упатува кај матичен лекар.Родителот/старателот е должен, секој ден пред поаѓање на училиште, да му мери телесна температура на детето, а во случај на покачена телесна температура (над 37°) не смее да го донесат детето во училиште, туку да се јават на телефон на наставникот/одделенскиот раководител на паралелката. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците.За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре).Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта и соблекувални и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.Учениците доаѓаат и одат сами на училиште, во придружба на родител/старател/образовен/личен асистент, со организиран или јавен превоз. Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците.Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.Учениците оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница.Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.Во протоколот за настава во средните училишта плус е наведено дека ќе има организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.

Македонија | пред 5 години

ilija-dimovski

Илија Димовски до ВМРО-ДПМНЕ: Доколку сме сериозна партија која има намера да опстои, треба да се откажеме од потпретседателското место во Собрание

“ВМРО-ДПМНЕ не треба да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието...Доколку сме сериозна партија која има намера да опстои на своите принципиелни критики,  ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката на јавноста за непотребно големиот број на потпретседатели,  сама треба да се откаже од тоа место кое и следува и дополнително,да ги повика сите партии кои си направиле пазар за овие функции да го сторат истото...”, пишува поранешниот пратеник Илија Димивски.

Македонија | пред 5 години

28082020_PVRSM_Spasovski_sredba-2

Во Владата средби на родителите кои се залагаат за онлајн настава и родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката-министерка задолжена за координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство д-р Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, во одделни средби денеска ги примија претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.На средбите претставниците на двете групи родители имаа прилика да ги соопштат своите ставови и аргументи, како и да бидат детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.Претставниците на родителите на двете групи беа запознаени дека моделот за организирање и спроведување на наставата за учебната 2020/2021 година во услови на пандемијата со КОВИД-19 предвидува комбинирана настава со одредени исклучоци кои одат во прилог и на застапниците на онлајн наставата и на оние кои се залагаат за настава со физичко присуство.Задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн.Вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите.За овие исклучоци ќе одлучува работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за здравство и на Канцеларијата на претседателот на Владата, по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.Овој комбиниран модел, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и истовремено обезбедува спроведување на наставно-образовните програми.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 119 нови случаи на ковид 19, повторно починати 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-9, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-4, Струга-2, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-6, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пехчево-2, Берово-5, Делчево-6, Свети Николе-3, Кичево-3, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-9, Штип-37, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-85, Велес-13, Битола-6, Охрид-34, Гостивар-20, Струмица-3, Крива Паланка-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Виница-1, Кратово-1, Кичево-15.Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13914,  бројката на оздравени пациенти е 10507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2829. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5783, активни 884• Куманово 1410, активни 361• Дебар 242, активни 77• Штип 1115, активни 228• Прилеп 427, активни 87• Тетово 1201, активни 180• Струга 550, активни 60• Велес 265, активни 26• Битола 198, активни 48• Охрид 326, активни 26• Кавадарци 170, активни 90• Гостивар 758, активни 286• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 58, активни 20• Крива Паланка 38, активни 10• Радовиш 41, активни 12• Крушево 16, активни 0• Кочани 137, активни 33• Пробиштип 78, активни 20• Демир Хисар 60, активни 25• Македонски Брод 69, активни 32• Пехчево 14, активни 8• Берово 47, активни 38• Валандово 7, активни 0• Виница 64, активни 41• Делчево 44, активни 39 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 16, активни 1• Свети Николе 281, активни 71• Кичево 266, активни 86• Ресен 146, активни 1• Неготино 45, активни 15 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2065 теста се преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-296,  Биотек-305, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-246, Систина со PCR метода -248, лабораторија Лаор –55, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-114, Инфективна клиника-12, ГАК-24, лаборатории од странство-0 . Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6  позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 117• Гази Баба – 112• Аеродром - 104• Карпош – 91• Центар – 91• Кисела Вода – 98• Ѓорче Петров – 58• Бутел - 68• Шуто Оризари – 37• Студеничани – 22• Сарај – 26• Арачиново – 15• Илинден – 12• Сопиште – 8• Чучер Сандево – 7• Петровец – 8• Зелениково - 4• Странец – 5• Нераспределен – 1

Македонија | пред 5 години

svadba

Останува на сила забраната за организирање свечености и свадби

На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот.

Македонија | пред 5 години

Pocetok-na-rekosntrukcija

(ВИДЕО) Почна реконструкцијата на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот „Видое Смилевски Бато“, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата „Февруарски поход“.Како што информираат градските власти, со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри.Вредноста на проектот изнесува околу 27,3 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.Градоначалникот Шилегов посочи дека очекува овој булевар да биде завршен и порано од предвидениот рок и упати апел до граѓаните да покажат трпение додека трае реконструкцијата и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.

Скопје | пред 5 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Цената на парното останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на град Скопје во просек незначително се намалува.„Со овие одлуки, со кои има незначително намалување на цената на топлинската енергија, сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ‘ЕЛЕМ енергетика’ и ‘Скопје Север’ практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме предизвикана од пандемијата на Ковид-19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки најоправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергент“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.На централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје приклучени се речиси 58.000 потрошувачи.

Скопје | пред 5 години

Ohrid_TrcaT

Охрид подготвен за четвртото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“

Професионални атлетичари, рекреативци и љубители на спортот од нашата држава и од регионот, ќе бидат дел од четвртото издание на спортскиот атлетски настан „Охрид Трчат”, кој викендов ќе се одржува во Охрид.Организатор на оваа тридневна спортска манифестација е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“ со поддршка на Општина Охрид. Целокупната програма, условите и прописите на трките ќе бидат во согласност со сите утврдени мерки и протоколи за превенција од вирусот „КОВИД 19“.Според програмата, предвидени се две трки, кои ќе се одржат во недела на 30-ти август. Покрај трката од 5 километри, оваа година за прв пат ќе биде органиизран и полумаратон од 21 километар.Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од настанот и е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари, а трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која има за цел да го афирмира трчањето и да го промовира здравиот начин на живот.За време на атлетската манифестацијата, на 30-ти август во периодот од 07:00 до 10:30 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во градот и ќе бидат затворени за сообраќај дел од уиците во централното градско подрачје. Ораганизаторите упатуваат апел до граѓаните на Охрид и туристите кои престојуваат во градот да покажат разбирање и да го поддржат одржувањето на настанот. 

Македонија | пред 5 години

Kliment_osvetluvanje

(ФОТО) Ново осветлување доби ОУ„Св. Климент Охридски“

Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични  светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид.Претходно во училиштето беше замената  старата и дотраена дограма со нова и енергетско ефикасна, а дополнително  беше поставен под од ламинат. Во подрачното училиште во населба Даљан, деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подот со поставување на нов ламинат, а во наредниот период се планира и промена на дограмата. 

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Соопштение за физичките и правните лица коишто биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај

Се известуваат сите физички и правни лица дека согласно Законот за банките, побарувањата по основ на депозит кои ги имаат од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, без оглед на износот, се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката и тие немаат обврска за нивно пријавување до стечајниот управник, согласно член 162  од Законот за банките,  се вели во соопштението од  Стечаен управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје, Душко Тодевски. Во продолжение на истото се додава: Под побарување по основ на депозит се подразбираат: денарските и девизните депозити, сертификатите за депозит, парични средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизни приливи на физичките лица, како и паричните средства на жиро-сметка за правни лица. При обесштетување на депозитите на физичките лица, поединечните депозити на едно лице се сметаат за единствен депозит. Согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот кои што се предмет на обесштетување како единствен депозит се намалува за износот на неговите обврски кон банката (пр. кредити, искористен лимит од картичка, даден залог на депозит, провизии, и сл.). Истовремено, се известуваат сите физички и правни лица кои имаат побарувања од Банката, кои што не се по основ на депозит, дека истите треба да ги пријават како побарувања од стечајната маса, по писмен пат до стечајниот управник, согласно објавата во Службен весник бр. 203/2020, односно до 7-ми септември. Вакви побарувања се: побарувања по основ на извршени усуги или доставени производи до банката, платени аванси по различни основи, фактури, повеќе платени надоместоци за услуги кои не се искористени или се користени помал период од оној наведен во договорот (пр. платен надоместок за користење сеф во текот на една година, а сефот се користел пократок период и други побарувања кои произлегуваат од облигационо правен однос со Банката ). За да ги пријават побарувањата, потребно е најдоцна до датумот определен во објавата, да се достави писмена пријава по пошта до стечајниот управник на следната адреса : ул. Владимир Комаров бр. 40/8, Скопје , објавена во огласот. Кон пријавата потребно е да се достават писмени докази за побарувањето.Во пријавата, доверителите се должни да наведат:1) назив, седиште, единствен матичен број и единствен даночен број на правните лица, име и презиме, адреса и единствен матичен број за физичките лица;2) назив на носителот на платен промет кај кој доверителот има сметка и број на сметката;3) правниот основ на побарувањето;4) износ на побарувањето и тоа посебно износ на главното побарување со пресметана камата до денот на отворање на стечајната постапка и5) одредено барање на доверителот согласно со одредбите од Законот за парнична постапка за содржина на тужба. Во однос на начинот на измирување на обврските  кои физичките и правните лица  ги имааат спрема Банката по било кој основ, клиентите во наредниот период ќе бидат контактирани од овластено лице од Банката.  Во врска со примопредавањето на предметите / стварите коишто се во граѓанските сефови на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, клиентите ќе бидат контактирани во текот на следните дваесет дена од овластено лице од Банката, за терминот кога имателот на сеф ќе биде потребно да дојде во просториите на Банката за отворање на сефот и подигнување на предметите. Притоа, имателот на сеф ќе биде потребно да дојде лично, да се идендификува со важечки документ за лична идентификација и клуч од сефот. Сефот не може да се отвори без присуство на клиентот кој го користел.  

Македонија | пред 5 години

frosina

Судот не дозволи јавноста да ја види спалната соба на Фросина Ременски

Јавноста беше исклучена во дел од денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во делот кога требаше да се прикаже претресот во домот на поранешната пратеничка Фросина Ременски. Судот тоа го стори на нејзино барање со образложение дека на фотографиите се гледаат просториите на нејзниот дом, вкучително и спалната соба и оти на тој начин се прави заштита на приватноста.Претходно Ременски рече дека сака да го види најпрво видео материјалот од претресот за да може да утвдри дали има или нема совпаѓње со материјалот од нејзните домашни безбедносни камери. Полицијата кога влегла ги исклучила нејзните камери.Според неа, претресот е извршен незаконски бидејќи при претресот немало никој дома а ниту биле законските услови за вреше на претрес по исклучок.

Македонија | пред 5 години

117641820_2457436734563345_8801119166294909569_o-1

Илче од Охрид е опкружен со љубов: Сака да јаде благо, наутро стаува пеејќи

Патешествието од подот во охридската куќа каде во фетус позиција на едно чергиче и со една чаша млеко дневно преживуваше единаесетгодишниот Илче, до малиот групен дом во атарот на демиркапиското село Корешница каде што сега тој се наоѓа, за ова дете со ретка болест беше трновито. Но, сликата што не дочека кога го посетивме во неговиот нов траен дом близу Демир Капија, покажува дека со мајчинска љубов, лекарска грижа и посветеност, се случуваат големи чуда.– Станува во 7 часот наутро, си појадува, најмногу сака да јаде благо. Има две омилени, меки играчки и си игра со нив. Задолжително го поминува времето надвор во дворот кога е топло и сончево. Музика има постојано, некогаш станува со песна, пее наутро, ни раскажа една од жените кои се грижат за Илче.На клиниката неговата состојба била загрижувачка – имал екстремна потхранетост, што беше видливо и од фотографиите на социјалните мрежи, со контрактури, затоа што со месеци неподвижен и беспомошен лежел на чергиче на подот од собата. Меѓутоа, кога пристигнал на Детската клиника, целиот персонал, сесрдно се ангажирал околу Илче, му биле извршени сите медицински прегледи, а работел и со психолози, дефектолози и многу посветени медицински сестри.Повеќе на Слободенпечат.мк

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Вработените во МВР се жртви на политички пресметки, одмаздувања и реваншизам

На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни работи е заложник на политички игри, напиша на „Фејсбук“ доскорешниот технички министер, Наќе Чулев.„Вработените во оваа институција се жртви на политички пресметки, одмаздувања и реваншизам. Денес Министерството за внатрешни работи е политички заробена институцијата, повеќе од било кога. Ниту една реформа која се спроведе во минатото за жал не успеа да ја отргне политиката од оваа важна и значајна институција, која треба да биде гарант и заштитник на безбедноста на државата и граѓаните“, смета Чулев.Тој вели дека е во комуникацијата со колеги од МВР кој често го информираат дека трпат сериозни политички притисоци, а слични информации добил и од членовите на неколкуте полициски синдикати.„Сведок сум на неколку десетици примери каде вработени во Министерството за внатрешни работи тенденциозно и злонамерно се деградирани и распоредени на работни места кои што не се соодветни со нивната стручна и физичка подготвеност, а има и случаи каде вработените се упатувани на работни места кои се повеќе од 50 километри одалачени од местото на живеење“, појаснува Чулев.Тој ги повикува засегнатите од сите овие случаи да ги информираат преставниците на меѓународната заедница во нашата држава.„Апелирам до полициските синдикати да ги осудат сите постапки кои се спротивни на законот за полиција и законот за внатрешни работи и цврсто да застанат во одбрана на правата на вработените“, нагласува Чулев.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/186688832857919

Македонија | пред 5 години

maja

Исчезна 36-годишната Маја од Кратово, мајка на две малолетни деца - семејството бара помош

На ден 16.08.20 околу 16:30 часот во с. Филиповци, Кратово исчезна 36-годишната Маја Гичева мајка на две малолетни деца.Маја Гичева излегла од дома додека нејзиниот сопруг бил на работа, а двете деца останале сами. Од тогаш и се губи секаква трага. Носела тренерки и влечки.Семејството бара помош доколку некаде ја видите или имате било каква информациија да се јавите на 070564147 или во најблиската полициска станица.

Слајдер | пред 5 години

Screenshot_6

Бројчаникот ќе ги сврти парите од Сеад Кочан, најави Заев и соопшти за уште една заплена на имот

Од правосилните судски пресуди, а не од извршната власт, зависи колку ќе заврти бројчаникот на Триумфалната капија, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, според кого, како што ќе се инкасираат парите во буџетот, така ќе се испишува на уредот. Тој одговарајќи на новинарско прашање посочи дека бројчаникот треба веќе за заврти 18 милиони евра од судската постапка за „Трансмет“ за Сеад Кочан, а дополнително, ако Обвинителството докаже вина пред судовите, нови 11 милиони од запленетите пари од дијализите.„Бројчаникот е поставен, го платив приватно. Тој зависи од правосилни судски пресуди и заплена на имот. Овој бројчаник овој треба да заврти 18 милиони евра од заплената на имотот на ‘Трансмет’, кој е завршена постапка. Се завршуваат правните процедури за да инкасира буџетот на државата со продажба на самиот имот. 1 милион евра од Финансовата полиција се веќе завртени. Со сите пресуди, каде ќе се утврди одговорност, се носат и пресудите за материјалното плаќање за обештетување на државата. Бројчаниот зависи од судските пресуди, не од извршната власт. Од извршната власт, значи, оставање на процесот на правосудството на независен начин да ги утврдува сите овие постапки, со конечните права на жалба на секој граѓанин кои ги има со Устав. Знаете дека имаме постапка на заплена на пари од дијализите, кои се 3 милиони евра запленети во наши банки, 8 милиони евра во италијански банки, не знам каде се. Ако Обвинителството докаже дека е тоа така, преку судски постапки и тие ќе завршат 11 милиони евра на бројчаникот“, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

Veslame-za-retkite

„Весламе за ретките“

Во услови на пандемија  со COVID-19 кога скоро сите јавни настани се откажани поради безбедносни причини со почитување на препораки и мерки на Владата на РСМ, Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ и хотел „Боград Apartments and lounge station“ од Струга со поддршка на Ретки болести Охрид,  во недела 30.08.2020 година организираат веслачка тура со кајаци под мотото „Весламе за ретките“. Со овој несекојдневен настан  се дава поддршка на најголемата заедница  вo светот  претставувана од  300.000.000 пациенти со ретки болести  во нивната борба за навремена, точна и бесплатна дијагноза, пристапност и достапност на лековите кои значат ЖИВОТ.Поддршката за ретките пациенти значи многу ако се земе во предвид дека само за 5% од нив има некава терапија за која процедурите за набавка се премногу комплексни.Кајакарската тура започнува со впловување на излез од Струга, пред селото Враништа кај т.н „Шумски мост“, се весла покрај селата Враништа, Ложани, Дабовјани, Ташмаруништа, продолжува во близина на селото Прискупштина и на крај се стигнува до новата викенд населба Глобочица, веслајќи над истоименото потопено село.Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ од Струга, основан во 2009 година како Здружение на граѓани со цел промоција на физичката активност како важен контрибутор во општото здравје на луѓето, има организирано многубројни спортски настани и манифестации преку кои се промовираат хуманите вредности.Овој пат турата „Весламе за ретките“ се организира на иницијатива и со безрезервна поддршка на хотел „Боград“, кој се наоѓа во срцето на струшката чаршија, дизајниран и опремен за максимално уживање и одлична почетна точка за прошетка и истражување на прекрасната Струга.Организаторите најавуваат уште повеќе и поголеми настани во иднина преку кои ќе се даде поддршка на пациентите со ретки болести и порака до нивните семејства дека не се сами во нивниот живот со предизвици.Најважни карактеристикина ретките болести:80% од ретките болести се од генетско потекло, останатите се последица на инфекција, алергија, фактори од животната средина или се дегенеративни и пролиферативни.Кај 50% од лицата со ретки болести, првите симптоми се јавуваат веднаш по раѓањето или во раното детство30% од децата со ретки болести живеат помалку од 5 годинни  (globalgenes.org)За повеќе од 95% од ретките болести не постои никаква регистрирана терапија  (Kakkis EveryLife foundation)Најчеста последица од ретките болести е траен инвалидитет (менатлен или физички или и двете)

Македонија | пред 5 години

nefi

Браќата Усеини во притвор

Советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро, сами се пријавиле во полициска станица од каде беа барани за да бидат спроведени во притвор, поради физичкиот напад на сограѓанинот Спиро Топалоски, дознава „Скопје1.мк“.Сега, двајцата ќе бидат спроведени во истражен затвор, каде според барањето на судот, треба да останат осум дена. Тие неколку дена беа недостапни за органите на прогонот и полицијата, а за нив имаше и локален распис по сите полициски станици. Инаку, браќата Усеини се бараа поради нападот на охриѓанецот Спире Топалоски, а откако, Обвинителството ги одзеде снимките каде се случил инцидентот, но и по претресите во нивните домови. Подоцна, Топалоски преку неговиот адвокат демантираше дека бил нападнат и порача дека Нефи Усеини е негов пријател.Притворот на браќата Усеини е одреден поради можност за бегање, влијание на сведоци и повторување на делото.

Македонија | пред 5 години

zaev-vlada-1

Учебната година ќе почне на 1 октомври, Заев кажа и детали

Тенденцијата на новата Влада ќе биде учебната година да започне на први октомври, рече мандаторот Зоран Заев, според кого, тоа е опција за да се спроведат протоколите, промена на законите, како и комплетна подготовка на онлајн-платформите за учење.„Владата ќе ги донесе сите одлуки навремено, каде веќе се изградени политиките врз основа на здравствената комисија, проценките на образовните профили во државата и имаме од прилика чиста ситуација. На првата седница ќе ги донесеме сите конкретни одлуки. Почетокот на школската година ќе биде први октомври, дека ќе почне со селекција на еден дел на децата кои што треба да ги описмениме, а тоа се првите одделенија, а онлајн наставата ќе биде концепт за сите, со проценки на самите општини и слично. Имаме конкретен план, со сите анализи, за да може образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје, како и здравјето на нивните семејства“, рече Заев.Одлуката ќе биде донесена на првата седница на Владата.

Македонија | пред 5 години

zaev-predlog-vlada

(ВИДЕО) Влада ќе има следната недела, рече Заев презентирајќи 19 министри

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во Собранието го достави предлог-составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.„Очекувам претседателот Талат Џафери да даде доволно време, пратениците да се запознаат со програмата, но исто така и со биографиите на предложените кандидати. Очекуваме квалитетна дебата во Собранието и дека овие предлози ќе го добијат потребното мнозинство, по што веќе, следната недела, Северна Македонија ќе ја добие новата Влада посветена на реализација на програмските определби. Денеска како мандатор до Собранието доставуваме предлог за Влада која е подготвена да сработи во полн четири годишен мандат. Со мене денес се 19 министри и министерки, сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден, секој час, дека ќе работиме уште подобро и уште повеќе. Сите заедно да ги удвоивме нашите напори и да го направиме секое населено место за подобра средина за живеење“, истакна предмалку Заев на прес конференцијата.  https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/317589859581529/?v=589154808444569&notif_id=1598432868700952&notif_t=live_video

Македонија | пред 5 години

lazarevski

(ВИДЕО) Делегат и советник на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Мицкоски поради изборниот пораз

Сашо Лазаревски, делегат на Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош денеска на прес-конфренција истакна дека незадоволството од партијата и од претседателот Мицкоски е големо. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Лазаревски, се повеќе се охрабруваат да излезат и тоа јавно да го кажат, гледајќи дека Мицкоски нема намера да понесе одговорност.„Денес, голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Карпош, одлучивме да ја подржиже иницијативата поведена од иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес“, информира Лазаревски.„Можевме и ние понатаму да молчиме и да глумиме дека се е во ред. Можеме и понатаму да се преправаме дека нема никаков проблем и цветаат рози во партијата. Можеме да глумиме дека сме победиле и да ловиме вештерки и предавници само за да го амнестираме раководството и Мицкоски, како најодговорни за поразите. Но во Карпош тоа не се прави така. Вистината е дека во Карпош освоивме мал број на гласови скоро 5000 гласа помалку од минатите парламентарни избори. Вистината е дека Мицкоски загуби во неговиот матичен општински комитет. Вистината е дека Мицкоски загуби и во неговиот месен комитет и на неговото избирачко место. Мицкоски загуби меѓу граѓаните кои најдобро го познаваат. За овие порази вината не треба и не смее да се бара во членовите, активистите и месните комитети, како што слушаме повторно дека се обидуваат да манипулираат. Вината за изборниот пораз има точно име, презиме и адреса. Тоа е Христијан Мицкоски и неговото тесно раководството. ВМРО-ДПМНЕ не го заслужува ова. Повторното префрлување на вината кон месните комитети е сигурен рецепт за пропаст и нов пораз на наредните локални избори. Одговорност мора да има. Христијан Мицкоски, покажи доблест, достоинство и макар минумум демократски капацитет и понуди ја својата оставка пред делегатите на Конгресот кој те избра. Тоа воопшто не е кукавички чин, напротив бегањето од одговорност и криењето на проблемите под тепих е ништо друго освен кукавичлук. ВМРО ДПМНЕ секогаш ги исполнувало ветувањата кои ги дала пред избори, а ти јавно вети оставка ако не победиме, вети и дека ќе одиш подалеку и ќе се ја преземеш одговорноста ако победиме а не составиме влада“, изјави Сашо Лазаревски, делегат на Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.

Македонија | пред 5 години

merko

Рамиз Мерко хоспитализиран на инфективната клиника

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко синоќа бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, потврдија од ДУИ за Плусинфо.Мерко е позитивен на коронавирусот и засега, како што велат од партијата, тој се наоѓа во стабилна состојба.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Истрага за силувањето на три деца во тетовско​

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 43-годишен жител на тетовско село, кој сторил три кривични дела  – Силување од член 186 став 2 во врска со став 5 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот во текот на 2019 и 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршил други полови дејствија врз три деца кои  наполниле 14 години. Тој упатувал закани, уцени и сила кон децата, по што ги принудувал повеќе пати на полови дејствија. Се заканувал со пиштол и нож, како и со објава на компромитирачки фотографии кои ги направил, па го искористил стравот кај децата за да го врши делото.По донесување на  Наредба за спроведување истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвиниелството  и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

korona-test

ИЈЗ: Од 17-23 август има намалување на бројот на новопотврдени и процентот на позитивни на КОВИД 19 од тестирани

Извештај на ИЈЗ од 17 до 23 август, 2020: Намалување на бројот на новопотврдени и процентот на позитивни од тестирани - најголем дел од регистрираните се од СкопјеМинистерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5%).  Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 града во земјата.Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5 %, што претставува намалување од 0,3% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6% и 7.8%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, и во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4%) позитивни. Голем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=151; 18,0%), 40-49 (n=142; 16,9%) и 20-29 (n=140; 16,7%) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=20; 2,4%) и 10-19 години (n=49; 5,8%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=807; 96,2%), регистрирани се 119 (14,7%) хоспитализирани, а кај 239 (29,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 307 (38,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последни 14 дена.Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 513 помалку во однос на претходната недела.Пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија – 17-23.08.2020, како и кумулативна состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања