Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

13627182_1320807067947794_4940848805891465854_n

„Криво ни е посаден системот другари кој нема да го смени тоа 'колку пари-толку музика'“'

„Да, има привилегирани културни работници кои чекаат плата на први, има за жал непривилегирани кои работат од проект на проект, а има и онакви кои воопшто не работат. За сопствената позиција не се виновни ниту една од наведените групи. Иако постои привидна солидарност и поддршка, не се сеќавам дека првиве на почетокот на кризата рекоа ,,дајте да ги поделиме платите со овие кои немаат редовни примања.” Криво ни е посаден системот другари, а тој систем ниту една гарнитура нема да се обиде да го смени зашто тоа за нас би значело ,,колку пари -толку музика”, односно колку работа- толкави примања, а за власта помалку гласови, бидејќи од овој систем ќе има повеќе незадоволни од задоволни. Така што, да, не’ возат зашто сме лажно солидарни солидарност е делење на лебот, а не споделување статуси“, напиша актерката Симона Спировска.https://www.facebook.com/simona.spirovska.9/posts/3779293348765808

Коментари | пред 5 години

DSC06493-1

Филипче: Потребен е координиран пристап за границите

 Министерот за здравство Доц.д-р. Венко Филипче присуствуваше на видео конференција на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“.На конференцијата учествуваа министрите за здравство на Албанија, Огерта Манастарлиу; на Грција, д-р. Василеиос Кикилиас; на Република Српска, д-р. Ален Шераниќ и на Косово, Арменд Земај, како и заменик министерот за здравство на Босна и Херцеговина, д-р. Горан Черкез, д-р. Данијела Урошевиќ, Асистент на министер за интернационална соработка и европски интеграции и д-р. Верица Јовановиќ директор на Институтот за јавно здравје од Србија и д-р. Ангел Кунчев од Бугарија– директор на здравствениот иснпекторат.На видео конференцијата која ја иницираше Министерот Филипче, учесниците информираа за состојбата со коронавирусот во своите земји, предизвиците со почетокот на учебната година, подготовките на системот за есен и процесот за набавка на вакцината.Во контекст на темите, Министерот Филипче информираше дека во моментов, земајќи ги во предвид главните индикатори за евалуација на епидемијата, состојбата во нашата земја е стабилна. Појасни за препораката на Комисијата за заразни болести и условите под кои на 1 октомври ќе започне учебната година кај нас, како и за подготовките и зајакнување на здравствениот систем за есенскиот период со 16-те монтажни болници низ државата со кредит од Светската Банка. Во однос на вакцината, Филипче рече дека како земја сме заинтересирани за набавка на вакцина и дека, освен што сме дел од Ковакс програмата на СЗО, добивме понуда од полскиот амбасадор во нашата земја да купиме количина од Полска од вакцината на Астра Зеника.Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од регионот, Филипче посочи дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот, на што се сложија и останатите учесници на конференцијата.Врз основа на ова, на видео состанокот е договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видео конференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи, најдоцна, за две недели од денес.

Македонија | пред 5 години

Jorgo

Демократи: Повеќе починати него родени во Македонија

Последните статистички податоци за периодот од Март до Јуни 2020 година покажуваат дека имаме повеќе умрени него родени. Повеќе од 468 лица се починати него што се родени, стои во објавата од Демократи.Ова е последица на масовното иселување на младите како последица на три децениското владеење на политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициони приврзоци кои ја уништуваа Македонија народот во нивна корист.ДЕМОКРАТИ веруваат ако не ги запреме УНИШТУВАЧИТЕ на нашите животи, а со тоа и масовното иселување на младите Македонија нема иднина.ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите чесни граѓани да ни се придружат во борбата против владејачките партии и нивните манипуланти, профитери и криминалци. Да им кажеме ДОСТА Е и ЗАЕДНИЧКИ да изградиме функционална држава за доброто на сите граѓани на Македонија.Македонија вечна!!!https://www.facebook.com/demokratimk/posts/734417634012600

Македонија | пред 5 години

brak-stop

Одбила брачна понуда, па и се заканил дека ќе објави снимки со компромитирачка содржина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“. Пријавениот, во временски период од 2019 до 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената во кој период без нејзино знаење направил снимки со компромитирачка содржина, по што во април 2020 година, откако ја одбила неговата брачна понуда, истиот и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи и притоа две снимки, заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 години

trifun

Трифун Костовски бара истрага околу случајот за стечајот на Еуростандард банка

Трифун Костовски, еден од акционерите на Еуростандард банка, преку допис во медиумите испрати јавен повик до Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Талат Џафери, Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциска комисија на Република Северна Македонија и Министерството за Внатрешни работи.Во повикот се вели:Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука.Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас. 

Македонија | пред 5 години

janko

Единствена Македонија до родители на средношколци: Не наседнувајте на т.н Сојуз на средношколци кој е сомнителна организација

Во врска со засиленото форсирање во јавноста на т.н. Сојуз на средношколци кој речиси секојдневно остварува средби со владини министри околу почетокот на учебната година, Единствена Македонија ја информира јавноста дека станува збор за сомнителна организација која во основа делува спротивно на Уставот и законите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие додаваат:Овој т.н Сојуз на средношколци во никој случај не може да биде претставник на средношколците во Македонија најмалку од четири причини:Прво, овој т.н Сојуз е формиран во Тетово пред повеќе од две години на строго етничка основа од припадници на само едно малцинство во државата.Второ, овој т.н. Сојуз не е регистриран као легален субект во правниот промет.Трето, овој т.н Сојуз презема иницијативи кои не кореспондираат со проблемите на средношколците. На пример, има офцијални барања до општина Тетово за промена на имиња, односно, училиштата во Тетово да добијат назив со албански личности.Четврто, овој т.н. Сојуз речиси две години како јазици за комуникација ги користи албанскиот и англискиот јазик а од неодамна како трет јазик го користи и македонскиот. Замислете, македонскиот јазик во македонската држава е трет јазик за овој т.н Сојуз откако пред извесно време етаблира и неколку припадници на друга националност со цел замаглување на вистината за неговиот сомнителен карактер.Единствена Македонија апелира до родителите на средношколци да не наседнуваат на овие финти со т.н. Сојуз на средношколци кој во основа делува на антимакедонска основа. Единствена Македонија ги повикува македонските средношколци на македонско однесување во својата македонска држава, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 5 години

pendarovski

Пендаровски од новата Влада очекува целосно спроведување на ЕУ агендата

Македонскиот претседател Стево Пендаровски преку својот официјален фејсбук профил порача дека очекува новиот владин состав да има чисто антикорупциско досие.Според шефот на државата, новата влада треба целосно да ја спроведе агендата за приближување кон членството во Европската Унија во клучните области.„Регионот има потреба од европска перспектива и соработка за клучните прашања за неговата стабилност и безбедност. во време на лажни вести, хибридни кампањи, добра вест е што станавме членка на НАТО, со здружени капацитети да можеме да се справуваме со дезинформациите. Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи“, напиша Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

w_56083030

89 нови случаи на ковид 19 во земјава - починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од: Скопје-72, Штип-18, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-4, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-3, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-8, Македонски Брод-13, Виница-5, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-12, Ресен-1, Неготино-2.Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004,  бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697. Денес се евидентира еден контролен од вчерашната статистика, а  според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5821, активни 847• Куманово 1420, активни 371• Дебар 243, активни 78• Штип 1119, активни 214• Прилеп 435, активни 92• Тетово 1202, активни 179• Струга 553, активни 59• Велес 265, активни 26• Битола 199, активни 41• Охрид 331, активни 30• Кавадарци 173, активни 71• Гостивар 761, активни 269• Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 59, активни 21• Крива Паланка 39, активни 11• Радовиш 41, активни 12• Крушево 16, активни 0• Кочани 138, активни 25• Пробиштип 78, активни 19• Демир Хисар 60, активни 17• Македонски Брод 70, активни 20• Пехчево 15, активни 9• Берово 50, активни 41• Валандово 8, активни 1• Виница 64, активни 36• Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 16, активни 1• Свети Николе 281, активни 58• Кичево 268, активни 75• Ресен 146, активни 0• Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1529 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205,  Биотек-249, МАНУ -81, Жан Митрев (Филип Втори)-258, Систина со PCR метода -287, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-9, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7  позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 110• Гази Баба – 107• Аеродром - 101• Карпош – 86• Центар – 90• Кисела Вода – 96• Ѓорче Петров – 55• Бутел - 65• Шуто Оризари – 32• Студеничани – 19• Сарај – 28• Арачиново – 16• Илинден – 11• Сопиште – 6• Чучер Сандево – 6• Петровец – 9• Зелениково - 4• Странец – 5• Нераспределен – 1

Македонија | пред 5 години

izvod

Блокирано издавањето изводи од матичните книги во целева земја - Проблем во компјутерскиот систем

Веќе втора недела во цела држава е блокирано издавањето изводи од матичните книги на родени, венчани или умрени. На шалтерите во сите градови каде се издаваат изводи од матичните книги стојат огласните табли дека има проблем со компјутерскиот систем, објави sdk.mk.Подрачните единици, се жалат на малиот број вработени. Во Штип на пример, сега во летниот период кога се и годишните одмори работат само тројца матичари, затоа што неколку вработени заминале во пензија или во странство. Биле ангажирани млади работници кои уште се без решение и сите се надеваат дека одделението не само во Штип , туку и во останатите градови ќе бидат пополнети со потребниот број на кадар за да може, кога системот ќе се деблокира, граѓаните експресно да добиваат изводи без многу чекање.Текстот во целост на: sdk.mk.

Македонија | пред 5 години

lisici

Албански државјанин баран со потерница на Интерпол уапсен на „Блаце“

Полицијата на преминот „Долно Блаце“ уапси албански државјанин кој бил баран со Интерпол од Швајцарија.Според информациите на МВР, вчера во 12,35 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ за влез во земјава по извршените проверки на С.Т.(49) од Албанија било утврдено дека евидирал во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Швајцарија.Тој бил предаден на полициски службеници од СВР-Скопје за понатамошна постапка.извор: Makfax

Македонија | пред 5 години

penzija

Ќе има ли промена во законот- Во пензија пет години порано?

Можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, планира да овозможи Владата во следниот мандат. Мерката стои во владината програма за работа од 2020 до 2024 гоидна но поради тоа што таму не се наведени рокови, не е прецизирано кога ќе бидат донесени овие законски измени, објави faktor.mk. Владата се обврзува да обезбеди нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија.Текстот во целост на:  faktor.mk. 

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Мигранти од палестинските територии без документи затекнати во тетовско

Утринава околу 05,00 часот во атарот на тетовско Старо село полицајци од граничната полиција при редовните активности откриле двајца мигранти од палестинските територии кои се движеле на подрачјето. Двајца се задржани за понатамошна постапка.-Вршејќи редовни активности, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Рогачево затекнале и привеле две лица, според нивното кажување од палестинските територии, кои не поседувале никакви документи за идентификација. Двете лица донесени се и задржани во полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираат од СВР Тетово.На 13 август на царински терминал во Тетово во приколка од камион беа најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, на возраст од 15 до 49 години возачот и мигрантите беа приведени за соодветната постапка

Македонија | пред 5 години

culev

Ќе се проверува што правел Чулев во МВР, поради деградирањата и смените на полицајци

Техничкиот премиер во актуелната Влада, предложен повторно за министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, давајќи отчет за деветмесечно работење на техничката Влада, најави преиспитување на работата на Наќе Чулев, кој беше технички министер за внатрешни работи. Одговарајќи на новинарско прашање за смени и деградирања на полицајци, Спасовски рече дека решенија ќе ги носи преку дијалог.„Не требаше да се случуваат ако сакаме полиција како што сакаме да имаме. Од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа владата ќе видам што е направено во овие 9 месеци. Како што водев дијалог и претходно, ќе седнеме и со вработените и синдикатите на разговори. Врвен приоритет е професионална полиција, полиција која ќе служи на граѓаните“, рече техничкиот премиер Спасовски.

Македонија | пред 5 години

prskanje-komarci

Од понеделник против комарци ќе се прска од земја

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.08.2020 година (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 04.09.2020 година (петок), а ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 5 години

penzioneri

Четврт сет мерки: Пензионерите со кои земале плата под 15 илјади денари ќе добијат домашни платежни картички

Пензионерите со најмали пензии, невработените лица и самохраните родители ќе добијат домашни платежни картички кои се предвидени со четвртиот сет економски мерки кои ги најави претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на денешната прес конференција.Тој во своето излагање се осврна на работата на преодната Влада во минатите девет месеци.„Преодната Влада во заминување во овој скоро деветмесечен мандат успешно одговори на специфичните предизвици и направи пат за новата Влада која со полн мандат ќе продолжи да ги води државата и граѓаните напред“, рече Спасовски.Тој одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека од моментот на доаѓање на министер од опозицијата во МВР, таму се случувале многу чудни работи.„Не би сакал да зборувам предвремено, од моментот кога Парламентот ќе ја изгласа Владата, ќе видам што е направено во овој период од девет месеци“, најави Спасовски.Тој ја повика опозицијата да се реформира и да се вклучи во промените кои и носат добро на граѓаните и државата.

Македонија | пред 5 години

MEGA7150

Гостиварскиот театар на „Долни Сарај“ ја донесе премиерата „Полковникот птица“ на Охридско лето

Гостиварскиот театар вчеравечер на сцената „Долни Сарај“  премиерно ја изведе театарската претстава „Полковникот птица“ на текст од Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски.Актерите Марија Кондовска, Бехреда Решит, Дритон Љазами, Кујтиме Ахмети, Марко Дојоски, Ајше Усеини, Берат Махмути, Ариан Ејупи, Елизабета Клинчаревска Младеновска и Ѓорѓи Нешкоски доловија човечки судбини  на една група ментално болни луѓе коишто живеат заборавени во лудница. Таму по грешка им стигнува хуманитарна помош и тие добиваат нова надеж, нова мотивација во животот. Пораката е како луѓето да станат подобри, исто како што и ликовите во претставата стануваат добри.Првиот човек на НУ Гостиварски театар, Висар Вишка вели дека театарската претстава започнала да се подготвува по заедничката одлука на актерите и режисерот и по олабавувањето на мерките кои ги наметна пандемијата. Како што појаснува, за пробите на целата екипа биле набавени маски и визири кои актерите ги извадија пред премиерната игра вчеравечер на „Охридско лето“.-Знаевме уште од почеток дека оваа здравствена криза ќе трае долго и дека ние како уметници мора да најдеме начин како да се прилагодиме на новонастанатата ситуација, како да работиме и како да ѝ вратиме на публиката, зашто сепак, ние трошиме буџетски пари.  Држејќи се до протоколите, првото нешто што го направив, ги прашав режисерот и актерите дали се сложуваат да го прифатиме предизвикот  и да направиме претстава. Што поголеми предизвици и пречки во уметноста-толку поголеми, подобри и поиновативни работи, вели директорот на НУ Гостиварски театар, Висар Вишка.Според режисерот на претставата „Полковникот птица“ , Андреј Цветановски,  предизвик е да се работи со релативно нова театарска екипа, а текстот на Бојчев отсекогаш бил негова желба да го сработи.-Во мојата кратка но богата кариера, сум имал честопати можност да работам со помали и нови ансамбли. Тие се секогаш интересни за работа затоа што носат една доза на ентузијазам што не ја носат театрите, условно да кажам, со побогата традиција. Овој текст е доста интересен и многу ми се допаѓа. Отсекогаш сум сакал да го работам, и еве, конечно имам прилика за тоа со актерите од Гостиварскиот театар. Особено комплицирано, или некаков нов предизвик ми беше  затоа што работевме во период во којшто пандемијата ни зададе нови околности, но театарот се создава овде и сега, и таа околност се обидовме да ја претвориме во квалитет, вели Цветановски.Гостиварскиот театар е најновата театарска национална установа во Република Северна Македонија формирана кон крајот на 2018 година. За овој период актерите од овој театар направија три премиери. „Полковникот птица“  е последната премиера, а воедно и прва на македонски јазик.-Мојата идеја е гостиварскиот театар да звучи на многу јазици, албански, турски, македонски, а зошто да не и на други јазици, само да произведуваме убави претстави за сите.Драмската програма на годинешното 60-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде затворена в недела, на 30 август, со театарската претстава „Бог на масакрот“  во изведба на НУ Турски театар –Скопје. 

Македонија | пред 5 години

MEGA7053

Возбудливо музичко патување на „Охридско лето“ со моќниот глас на мецосопранистката Каменица

Моќниот глас на мецосопранистката Викена Каменица од Република Албанија и звуците на пијаното произведени под вештите раце на познатата албанска пијанистка Мерита Реџа Тершана, вчеравечер ја исполнија внатрешноста на црквата „Света Софија“ .Концертот на албанските уметници се одржа во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.Оперската дива Викена Каменица ја воодушеви публиката со својот импресивен глас, но и со сценскиот настап на подиумот во катедралната црква со што уште еднаш го потврди епитетот што го носи, оперска дива со глас што ги воодушевува слушателите.-Почестена сум што бев гостин на јубилејот на овој прекрасен фестивал. Ми беше  чест што гостував заедно со мојата пријателка бидејќи заедно работиме веќе 20 години, и се знаеме многу добро. Токму затоа ни е многу лесно кога сме дует и кога работиме заедно. Публиката на концертот беше одлична. Мило ми е што го прифатија и уживаа во нашиот репертоар кој беше разнобоен со многу различни композитори, изјави мецосопранот Каменица.Пијанистката Мерита Реџа -Тершана која критиката, публиката и медиумите ја сметаат за една од најактивните уметници на албанската територија, и минатата година ја почести публиката со својот настап одржувајќи концерт заедно со флејтистката Јонела Големи.-Не сум гостин првпат, имам гостувано на фестивалот и порано, но секојпат е возбудливо да се настапи овде. Охрид има прекрасен фестивал и одлична публика, така што ми беше чест да настапам повторно. Во ова време е многу тешко да се прави музика и да се реализираат концерти поради вирусот ковид-19, но вашата организација е одлична и е за голема пофалба, така како што наликува на јубилејните 60 години постоење, рече Реџа Тершана.Возбудливото музичко патување започна со „Матината“ од Леонкавало, продолжи со  Шубертовите композиции „Крај потокот“ од циклусот „Зимско патување“ и „Липа“, а продолжи со ариите „Ханабера“ и Сегедеија“ од операта Кармен на Бизе. На репертоарот беа и дела од Албениц, Сен-Санс, Гранадос, Барбиери, Чапи, Дебиси, Вајл и Гершвин.Извонредната интерпретација на Каменица во пријано придружба на Реџа –Тершана беше заокружено со  албанските композиции „Мој убав цвету“ од Мула и „Маргело“ од композиторот Јакова.Публиката која, како и сите претходни фестивалски вечери максимално ги испочитува протоколите за посета на настани од ваков тип,  уживаше час и половина во прекрасниот концерт и ги награди двете уметници со бурни и долги овации.До крајот на годинешното 60-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ , на програмата ќе се одржат уште три музички настани. Вечерва концерт ќе одржат италијанските уметници Масимо Мерчели на флејта и Лоренцо Бавај на пијано. Утревечер  ќе настапи машкиот вокален ансамбл „Ноктурно“ од Србија, а годинешната музичка програма ќе ја затвори познатата македонска обоистка Гордана Јосифова-Неделковска со концертот насловен „Музички пријателства“ и нејзините гости на вечерта, гитаристот Влатко Стефановски, флејтистот Страшо Темков, како и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска.

Македонија | пред 5 години

lazarov

Го искрадовте народов, лекови не можат да си купат кај ќе ви иде таа душа, ако ја имате, прашува доктор од Скопје

„Го искрадовте народов, сиромашен и без грам достоинство, 30 години, гадови едни! Лекови не можат да си купат, неопходни, кај ќе ви иде таа душа, ако ја имате?“, пишува докторот Ненад Лазаров.https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10219610289347007„Не можам да дадам амоксицилин со клавулонска на пациент со флебит на ногата, зошто некој бирократ од ФЗО решил дека тој антибиотик не го плаќаат за таа дијагноза“, додава Лазаров.https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10219610300827294

Коментари | пред 5 години

Untitled-design

ИРЛ во потрага по градителот кај Мавровка, од луѓе од институциите ги советувале: „Не се занимавајте со ова“

Истражување на Истражувачка репортерска лабораторија МакедонијаПотрагата по Мевлудин АлитиНа сегашната локација каде што се прави нелегалниот објект еден човек ја поседува и фирмата која што го оперира кафулето “Фонтана” – ТП со угостителска дејност бифе АМ Фонтана Алити Бајрам Мевлудин Скопје  и  имотниот лист за објектот. Објектот каде што се наоѓаше кафулето „Фонтана“ имотен лист добил  пред нешто повеќе од половина година откако Мевлудин Алити поднесува барање за легализација.Сите институции на Мевлјдин Алити му доставуваат покана за разговор во врска со информациите за градењето на неговата парцела служејќи се со адресата во Чаир. Од општина Чаир вели дека без доказ кој е вистинскиот инвеститор, се што можат тие да сторат е да одат на лице место на локацијата каде што се гради за да му врачат решение за инспекциски надзор за рушење на дивоградбата, но велат дека немало кој да го прими. Инспекторите оделе напати, но велат дека не затекнале никој на лице место. Од општината велат дека го исконтактирале сопственикот на „Фонтана“, но тој им кажал дека не го гради новиот објект, па од таа причина решението за рушење се води на непознат сторител. Во меѓувреме од општина Чаир се уште чекаат да заврши вториот тендер за компанија за рушење, за да можат самите да ја отстранат дивоградбата кај Мавровка.Премислениот инвеститорИРЛ телефонски разговараше со сопственикот на некогашното кафуле „Фонтана“ Мевлјудин Алити на кого се води и имотниот лист за објектот.„Не сакам да зборувам за тоа“  брзо се претвори во „Грешка сте“, за на крај да ни спушти тврдејќи дека не е во Македонија и не може да разговара.„Не се занимавајте со ова“За изработката на оваа сторија ИРЛ се користеше со официјални информации и документи од Републичкиот Катастар и Централниот регистар, други документи и брифинзи од надлежните општини и институции, а разговаравме со најмалку 15 лица од институциите и други лица кои што го познаваат инвеститорот. Никој од нив не сакаше да говори јавно и во детали за овој случај поради страв од притисоци и последици по нивните животи и кариери. Репортерите на ИРЛ добија идентични совети од сите луѓе со кои што разговарававме: „Не се занимавајте со ова“.Прочитајте го целото истражување на ИРЛ.Фото: ИРЛ.МКПишуваат: Сашка Цветковска и Александра ДенковскаГрафика: Лука БлажевДополнително известување: Лила Караташева

Скопје | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски за владата на Заев: Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности

Од новата Влада очекувам целосно спроведување на ЕУ агендата во клучните области, рекол претседателот Стево Пендаровски кој денеска учествуваше и се обрати на Вебинар на тема „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде Корона криза; Евроатлантска перспектива“ организиран од Алумни асоцијацијата Маршал Центар на Република Северна Македонија, во партнерство со Маршал Центарот од Гармиш и Секторот за јавна дипломатија на НАТО.„Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи“, рекол Пендаровски.Тој оценил дека недостатокот на ЕУ перспектива секогаш ги поттикнува алтернативните политички агенди и дека за време на пандемијата видовме многу вакви примери.Пендаровски рекол и дека пандемијата од Ковид-19 фундаментално го промени целиот свет и предизвика огромен негативен ефект.„Го посочи и притисокот врз нашиот здравствен систем, за кој рече дека беше исто така огромен, но за среќа ние не допревме до горните граници на неговите капацитети и успеавме да избегнеме колапс на националниот систем“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.Претседателот се осврнал на дезинформациите и хибридните кампањи поврзани со Ковид-19 и нивното искористување и злоупотреба.„Во ‘океанот од лоши вести’ добра вест беше што станавме членка на НАТО во март, што без сомнение е клучен стратешки чекор напред што го направи Северна Македонија во целата своја пост-комунистичка историја“, рекол Пендаровски.„Тоа ни овозможи да ги искористиме механизмите за координација на НАТО и официјалните билатерални врски со другите земји-членки, со цел подобро да се подготвиме за кампањата на дезинформации која беше засилена кога влегувавме во предизборниот период“, истакнал тој.Говорејќи за предизвиците со кои се соочува регионот, како и ЕУ во услови на корона-кризата, Пендаровски порачал дека регионот има потреба да има европска перспектива. Претседателот  изразил очекување дека оваа есен ќе се постигне напредок во процесот на пристапување во ЕУ.

Македонија | пред 5 години

11170295_646187062178487_3506413957551131951_o

ЈСП ќе пушти повеќе автобуси за Матка, поради празникот Успение на Пресвета Богородица

ЈСП информира дека денеска, 27 август, во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок, 28 август, од 7 до 18 часот.Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.Утре, 28 август, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.Дежурни ќе бидат три билетарници:Транспортен центар 7-19.30 часотЗелено пазарче 7-19.30 часотЃорче Петров 7-13 часот

Скопје | пред 5 години

mickoski

Ексградоначалникот на Бутел: Само Мицкоски верува дека победил на изборите, сакаме да ја спасиме ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет е со истечен мандат, а поголем дел од членовите на Централниот комитет исто така се без мандат. Партијата е во лоша состојба и членството на терен се мобилизира за да се смени тоа. Сигурен сум дека ќе се собере неопходниот број на делегати за да се свика конгресот. Сите сме заинтересирани за спас на ВМРО-ДПМНЕ, вели Петре Латиновски во интервју за Слободен печат.По поразот на парламентарните избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, секојдневно се соочува со повици од членството во партијата, да поднесе оставка од претседателската позиција и да организира нов, вонреден конгрес на кој ќе се избере ново партиско раководство. Зад оваа иницијатива застанаа голем дел од членовите во општинските комитети, но и стари партиски членови и поранешни функционери од времето на Никола Груевски.Деновиве се поактуелни и погласни се повиците од ваши членови, меѓу кои и Вие, за оставка на Христијан Мицкоски и свикување вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто токму сега оваа Иницијатива?– Затоа што може да биде предоцна доколку чекаме да надвладее разумот и партиските над личните интереси. Доколку чекаме ова раководство да загуби уште едни избори, на ВМРО-ДПМНЕ може да му се случи хаварија. Партијата дополнително ќе се дефакторизира, а може да ги замислите последиците по Македонија. Видовме како СДСМ владее овие три години и не е тешко да се претпостави како ќе нагазат без силен опонент од другата страна. Иницијативата е неопходна и за партијата и за Македонија, бидејќи гледаме дека актуелното раководство, и покрај поразите во низа, и покрај тоа што на секој член му е јасно дека нешто не е во ред со ова раководство, упорно одбива да се соочи со одговорноста. Реално, претседателот Мицкоски имаше три години да остави печат во партијата и државата, но не повлече ниту еден чекор по кој ќе биде запаметен. Ниту политички, ниту кадровски. Време за губење веќе нема. Потребна е нова сила и енергија, потребно е повторно силно ВМРО-ДПМНЕ.Целото интервју на Слободенпечат.мк

Македонија | пред 5 години

09022020_VRSM_8_Sednica_na_Vlada1

Ќе се воведува данок за луксуз

Данокот на добивка останува на ниво од 10 проценти во целиот период од 2020 до 2024 година, а предвидено е ослободување од овој данок при реинвестирање на добивката во 2021 како одговор на влијанието на ефектот од ковид пандемијата. Ова стои во програмата за работа на Владата што денеска во Собранието ја достави мандатарот Зоран Заев. Во програмата се предвидува персоналниот данок на доход да се намали на 0 проценти во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто - 5 проценти во 2021, 3 проценти во 2022 и 0 проценти во 2023. Данокот на личен доход останува на 10 отсто, но во програмата пишува дека Владата нема да се откаже од воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот.„Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална анализа и јавна дебата, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз, стои во програматаВладата предвидува реконфигурација на ДДВ преку воведување на нов Закон за данок на додадена вредност преку кој ќе се овозможат даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани на тој начин што при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз. На тој начин тие ќе бидат поконкуретни и ќе располагаат со значително повисоки парични средства;- Ќе се воведе единствена стапка од 10 отсто ДДВ за сите ресторантски услуги;- Ревидирање на стапките на данок на додадена вредност за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании- Намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги;- Подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.

Македонија | пред 5 години

95732E0F-E6B2-499B-BAE6-81FF5F1491D3

ФОТО: Горат четири камиони во Бутел, спречена поголема катастрофа

“Интервенција на паркинг за камиони во н.Бутел. Запалени 4 товарни возила марка Волво. Брза и навремена интервенција спречи палење на повеќе паркирани камиони и прилолки. Пожарот е под контрола се работи на негово догасување”, велат од Противпожарната бригада во Скопје.Security Check Requirednull

Скопје | пред 5 години

apasiev2

Левица бара итна собраниска седница за пратенички прашања на која ќе бидат повикани Министерката за финансии и Гувернерката на НБРМ

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, бараат утре да се одржи седница за пратенички прашања на која ќе присуствуваат министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народна bанка, Анита Ангеловска-Бежовска, за да одговорат за пропаѓањето на Еуростандард банка.Од Левица информираат дека денеска до претседателот Талат Џафери упатиле официјално писмено iзвестување со барање за свикување итна седница за поставување пратенички прашања, која согласно Деловникот е предвидена да се одржува секој последен четврток во месецот.„Бидејќи планираме на оваа седница да го отвориме контроверзното прашање за пропаста на Еуростандард банка во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интерес, пратениците на Левица, 24 часа пред седницата, писмено побараа на неа да се обезбеди задолжително присуство на министерката за финансии Нина Ангеловска и на гувернерката на Народна банка на  Анита Ангеловска-Бежовска, согласно чл. 38 од Деловникот“, велат од Левица.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања