Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ziberi

Насер Зибери ќе биде новиот Народен правобранител?

Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, ќе биде назначен за Народен правобранител, објави ТВ21. Телевизијата не добила официјална потврда од Зибери, но извори на ТВ21 посочиле дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември годинава.Според Уставот, народен правобранител се бира од Собранието со 8 годишен мандат. 

Македонија | пред 5 години

filipce

(ВИДЕО) Филипче: На пуст остров би понел пераи, харпун и маска но и средство за дезинфекција

Министерот за здравство Венко Филипче за 90 секунди со ... серијал кој го подготвува steffonator откри повеќе детали за себе.Тој на прашањето во колку му звони алармот науто открива:„Ако јас не му звонам во пет, тогаш во 6:40“.Вели дека тој не е Венко без синот Иво, дека најдолгата операција која ја извршил била 7 часа под микроскоп и дека идеалниот летен одмор го замислува во Грција.Во продолжение слушнете на кои прашања одговараше министерот и што одовори. 

Магазин | пред 5 години

lav-caka

Лавот Чака спречи провала во зоолошката градина

Четири провалници ноќеска околу 2 часот биле откриени од страна на лицата за обезбедување во скопската зоолошка градина благодарени на лавот Чака кој се возбудил и започнал да рика на неканетите „гости“.Во зоолошката градина не е причинета материјална штета, ниту пак  е украдено нешто, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се истражува.Золошката градина мината година беше ограбена кога беа изнесени алати за одржување.Инаку во Зоо Скопје во наредниот период ќе пристигне уште една бела лавица од Унгарија која ќе им прави друштво на Чака и Бела.Белите лавови се многу редок и загрозен вид во светот, а зоолошката градина во Скопје се приклучува во продолжувањето и заштита на видот, велат од зоолошката градина.

Скопје | пред 5 години

zaev-2

Распределбата на директорските места во новата Влада ќе бидат познати во септември

Рано е да се разговара за распределба за директорските места со ДУИ затоа што не е битен кој ќе раководи, туку дали кадрите одговараат за тие места, истакна мандатарот Зоран Заев одоговарајки на новинарско прашање кога најдоцна ќе бидат познати имињата на новите директори на поважните институции во новата Влада.- Во претходната Влада јас станав премиер на 1 јуни 2017, а тоа го одлучувавме некаде во август, зошто, заради тоа што не се прави груба распределба кој каде ќе има одговорност туку кадрите кои се нудат на маса како потенцијал кој што ги имаме. Секако не само политичките партии, туку и експертите и професионалците во државата и така ќе ги утврдуваме, рече Заев.Тој додаде дека најрано тоа би се случило во септември, кога ќе се носат тие одлуки, за до почетокот на октомври овие прашања да бидат решени.

Македонија | пред 5 години

DSC_1824

Заев: Почнува реконструкција на клучниот пат кој го спојува градот со најголемиот економски двигател - Рудник Саса

Претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија - Зоран Заев, денес имаше повеќе теренски активности во Македонска Каменица.Меѓудругото Заев присуствуваше на отпочнувањето на целосна реконструкција на R1210 од Македонска Каменица кон рудникот Саса во должина од 10 километри.Проектот е вреден 2,27 милиони евра кои се обезбедени преку ЕБДР. Минатата година е завршена комплетната проектна документација а од денес се пристапува кон комплетно санирање на патот кој не е реконструиран повеќе од 40 години. Дополнително ќе се работи и на изградба на придружни елементи (банкини, одводни канали и слично).Ова е еден од капиталните проекти во источна Македонија, кои заедно со реконструкцијата на делот Крупиште, Узем-рудник Тораница и овој пат ја комплетираат главната патна инфраструктура во овој регион.

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Еуростандард е трајно обезвреднета, Нина си ги повлече парите, но никој не знае дали ќе има и за граѓаните

Власта свесно дозволи Еуростандард банка да пропадне, и создаде афера тешка 200 милиони евра, а со тоа е и свесен причинител на хаосот и неизвесноста кој им се случува на стотина илјади граѓани во Република Македонија, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Покрај Нина Ангеловска виновен е и Зоран Заев, кој за случајот Еуростандард знаел цела година и не преземал ништо е директно виновен за штета која им се случила на сите граѓаните штедачи во банката, примателите на пензија и социјална помош од истата, но и оние кои од таму земале плата, но вклучително и  врз акционерите кои што имале акции во истата банка.Дополнително ако се додаде и фактот дека струмички фирми се дел од фирмите кои со над 50 милиони евра непокриени кредити, поради кои банката пропадна се дел од цела оваа конструкција се поставува прашањето дали некој свесно ја однел банката во пропаст?!Струмичките компании преку кои се изнесувале парите во форма на кредити од банката се сомневаме дека се блиски директно до Зоран Заев. Тоа се истите компании кои се партнери во бизнисите на семејството Заеви.Со самото не преземање и носење во стечај на банката трајно е обезвредната нејзината вредност и секој потенцијален инвеститор кој би сакал да ја спаси ќе има стотина илјади корисници помалку, кои веќе направија сметки во други банки и се исплашени да бидат во иста. Така единствено нешто кое останува е имотот на банката кој во овој случај, како и во сите случаи кога се продава стечајна маса може да оди и под паритет, односно да се продаде по цени далеку пониски од неговата реална вредност, и на тој начин да се оневозможи целосно покривање на клиентите на банката.Целиот однос на власта кон случајот Еуростандард покажува дека не им е гајле за граѓаните, туку единствено само за својот личен и бизнис интерес, тоа го гледаме и од случајот со Нина Ангеловска, која ја искористи својата положба и си ги повлече своите 250.000 евра од банката, додека стотици илјади граѓани останаа со заглавени пари депозити и сметки.Доколку власта мислеше на граѓаните немаше да ги користат своите позиции за спас на своето богатство, додека од друга страна граѓаните тонат и пропаѓаат во сиромаштија.Доколку имавме правна држава Нина Ангеловска веќе ќе се соочеше со кривична одговорност, но тоа во Македонија не е случај, затоа што тука судството е под контрола на Зоран Заев и никој кој има конекции со власта за ништо не одговара, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Денеска ги празнуваме почитувањето и меѓусебното помагање, вредности кои водат напред

Честитка на претседателот на СДСМ и мандатар Зоран Заев до верниците за  големиот празник Успение на Пресвета Богородица.Во честитката се вели:-На сите христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица.Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на почитувањето, на разбирањето и сакањето на блиските, на човекот.Нека денеска, но и сите денови, ги слевиме овие човечки универзални вредности, затоа што делејќи разбирање, помагање, почит, љубов, кон луѓето, кон блиските, навистина нашиот живот го прави вреден за живеење.Овој голем празник го славиме сите христијани, затоа што е симбол на нашата вера. Успението на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници.Нека е честит и вековит големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Филипче: Навремено ќе имаме пристап до вакцините за ковид-19 тогаш кога ќе бидат достапни

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во интервјуто за телевизија Клан истакна дека набавката за вакцината против ковид-19 ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација.„Ковакс механизмот е механизам на СЗО којшто ќе обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини согласно популацијата во одредени земји се додека не се достигне 20 проценти од населението да биде вакцинирано. Во однос на активноста на ЕУ, тие потпишаа билатерален договор со компанијата АСТРА ЗЕНИКА за земјите членки на ЕУ и ние добивме писмо со понуда од Полска преку полскиот амбасадор во нашата земја. Сакам да му изразам благодарност дека може да купиме соодветна количина од нивната, предвидена за нивната земја.“, потенцираше министерот Филипче.Тој изјави дека сѐ уште не се познати ниту количините, ниту каква ќе биде таа распределба по земји. Но, навремено ќе има пристап тогаш кога вакцините ќе бидат достапни.„20 проценти е нешто што засега се смета дека за разумен процент да се вакцинира населението согласно сегашните сознанија. Во таа група од 20 проценти влегуваат постарите, хронично болните, децата итн. Има ризични групи коишто се први за вакцинирање секако ги следиме и новите сознанија и препораки“, рече министерот Филипче.Во однос на вакцината против сезонски грип, Филипче посочи дека оваа година ќе бидат обезбедени двојно поголеми количини. Во некои земји се препорачува за поширок дел од населението, со цел да се одбегнат потешки компликации доколку дојде до вкрстување на болеста и со коронавирусот. Вакцина против сезонски грип за лицата над 65 години и за други ризични групи веќе извесно време е бесплатна.„Оваа година од вообичаената бројка од 28 илјади вакцини, ние набавуваме 40 илјади и плус 20 илјади добиваме преку донација. Значи ќе имаме 60 илјади вакцини, двојно повеќе од тоа што сме имале претходните години. Со оваа вакцина ќе бидат опфатени повеќе ризични групи кои што сметаме дека треба да се вакцинираат, меѓу другото и здравствените работници кои ќе одлучат да ја примат, со оглед на тоа што не е задолжителна вакцина. Дали ќе има вкрстен имунитет со кој оваа вакцина ќе штити и од Ковид-19 тоа не го знаеме со сигурност. Вакцината штити сигурно, со оглед на тоа што е четиривалентна, од претпоставените вируси на сезонски грип или може да се јави сосема лесна форма на болеста, но апсолутно е препорачлива за луѓе кои веќе имаат хронични болести. Освен ризичните групи за кои вакцината за сезонски грип ќе ја добијат бесплатно, ќе има одредени колични и за комерцијална продажба“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

117638891_740192380105689_2592648699367904109_n

Трчаме за лицата со ретки болести на Охрид трчаТ за кои не постои терапија во светот

На 30 авгУст, во недела, на Охрид ТрчаТ повторно трчаме на нов настан но со стара цел!И оваа година ќе трчаме за лицата со ретки болести за кои не постои терапија во светот. Од 8000 ретки болести во светот, само за 5% постои некаква терапија која ќе им го подобри квалитетот на живот.Додека се истражуваат лекови единствен начин да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со дијагнози за кои нема лекови е да се обезбедат социјални услуги и вклучување во сите сфери на животот.Трчаме за подобри услови за рехабилитација (физичка и психичка), за психолошка помош и поддршка, за навремени и точни информации, за физиотерапија во соодветни услови во сите градови, за дневни центри во кои децата може да се дружат, за воведување на подобри услови за клинички студии, за compassionate use на лекови..За тимбидингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ  ќе трчаат учесници мегу кои и сами пациенти со ретки болести и нивни семесјства но и нивни поддржувачи.Охрид трчаТ викенд претставува спортски промотивен настан при што главна цел ни е да направиме спој помеѓу трчањето, движењето, спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот. Главните трки кои ќе се одржат на 30-ти август 2020 година се:Градска трка 21.000 метриРекреативна трка 5.000 метриВо услови на пандемија  со КОВИД 19 кога скоро сите јавни настани се откажани поради безбедносни причини организаторите на настанот ги дефинираа протоколите и мерките согласно уредбите на Владата со комисијата за заразни болести и за истите има инфо на веб страната на Охрид трчат.За тимбилдингот на ретки болести обезбедени се маички и заштитни маски со логото на ретките болести.Трчаме и почитуваме мерки!

Македонија | пред 5 години

MEGA7418

Амбасадорот Ромео на „Охридско лето“: Само културата и музиката можат да понудат подобра иднина за сите

Италијанскиот флејтист Масимо Мерчели кој има изградено впечатлива интернационална уметничка кариера и  неговиот колега, пијанистот Лоренцо Бавај вчеравечер имаа маестрален настап во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.Долгите и бурни овации кои одекнуваа под акустичните сводови на катедралната црква„Света Софија“ беа доказ дека „Охридско лето“ донесе уште еден музички настан со исклучително висок квалитет, како што и прилега на фестивал со шестдецениска традиција.Концертот на италијанските уметници го отвори неговата екселенција, амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Карло Ромео кој истакна дека е почестен што присуствува на Италијанската вечер на „Охридско лето“  и како што кажа, е воодушевен од прекрасната црква „Света Софија“.-Вечерва ја имаме можноста да уживаме во перформансот на двајца исклучително талентирани италијански музичари, Масимо Марчели и Лоренцо Бавај .Сигурен сум дека со моќта на музиката ќе ја осветлат публиката во овие тешки времиња предизвикани од пандемијата на Ковид -19. Сакам да ѝ ја искажам мојата најголема благодарност на директорката Наташа Поповиќ за успешната организација на целиот фестивал и покрај неповолните услови поради пандемијата.  Овие настани ја претставуваат надежта дека само културата и музиката  можат  да  понудат подобра иднина за сите. Таа е надежта која токму сега нам ни е повеќе од потребна. Како амбасадор на Италија, ве уверувам дека ќе продолжиме да ги градиме и да ги зацврстиме нашите веќе одлични културни врски помеѓу Италија и Македонија на секое возможно поле на културна ксоработка , особено со овој прекрасен бисер, Охрид, рече амбасадорот Ромео, упатувајќи честитки по повод јубилејот, 60-годишнината од постоењето на „Охридско лето“.Амбасадорот Ромео потсети дека низ годините наназад, и уметниците од Италија со своите настапи се вткаени во фестивалската историја.-Со неговото 60-то издание што е одлично доживување, овој фестивал е еден од значајните културни настани не само во Македонија, туку и во цел регион, на кој гостувале бројни значајни уметници во текот на годините, помеѓу кои и многу италијански уметници. Секако, сакам да споменам дека пред 11 години на Античкиот театар, македонската публика имаше уникатна можност  да го слушне спектакуларниот концерт на маестро Енио Мориконе во придружба на Македонската филхармонија. Тој беше еден од  генијалците кои ја запечатија историјата на музиката од 20 век , но за жал, почина пред помалку од два месеца, оставајќи ни го неговото ценето музичко богатство, додаде амбасадорот на Италија во нашата земја, Карло Ромео.Прекрасното музичко доживување со мешан репертоар,  синоќа започна со Соната во g-moll  од Јохан Себастијан Бах, еден од омилените композитори на флејтистот Мерчели, како и од неговиот син Карл Филип Емануел Бах.-Не можам, да одржам концерт без да свирам дело од Бах бидејќи тој е мојот омилен композитор. Секогаш е чест да се свири во оваа прекрасна црква, иако сум бил тука повеќе пати во последните 20 години, некогаш како флејтист, некогаш како член на Европската асоцијација на фестивали. Пресреќен сум бидејќи се наоѓам на прекрасно место каде има одлична организација. Дојдов повторно овде со голем ентузијазам, изјави по концертот Мерчели.Во првиот дел од синоќешниот репертоар беше изведена една од најубавите сонати за флејта од Франсис Пуланк, „Унгарската пасторална фантазија“ од Доплер како и Соната од Доницети.Масимо Мерчели е еден од ретките флејтисти во светот кому му се посветени бројни дела од некои од најпознатите композитори на денешнината како: Пендерецки, Губајдулина, Глас, Ниман, Бакалов, Мориконе, Галијано, Солима кои покрај тоа што пишувале за него, често и настапувале покрај него на концертните сцени.  Затоа, во вториот дел од концертот, беа доловени Двете пиеси за соло флејта од Ниман посветени токму на Мерчели, композиција од Мориконе, Три пиеси од „Шиндлеровата листа“ на Вилијамс, како и делото „Историја на тангото“ од Пјацола, која иако е пишувана за гитара и флејта, беше адаптирана за пијано и флејта.Пијанистот Лоренцо Бавај кој се образувал на најпрестижните концерваториуми, е добитник на бројни награди и признанија за неговата работа, а од 1989 година е редовен концертен партнер на големиот светски тенор Хозе Карерас.„Охридско лето“ ги спои двајцата италијански уметници, Мерчело и Бавај, по 40 години од нивниот последен заеднички концерт. 

Македонија | пред 5 години

avtomobil-gori

(ФОТО) Автомобил гори во близина на патарината кај Петровец

Автомобил се запалил на излезот на Скопје веднаш по патарината кај Петровец. Станува збор за возило марка „алфа“ .Фото: press24.mk 

Скопје | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Денес е денот кога секој човек дома, треба да се присети на традицијата на меѓусебно разбирање и истрајност

Честитка од  Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и денот на Рударите. Во честитката се вели:-Дозволете ми во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани да им го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.Покрај желбите за добро здравје и радост, дозволете ми во духот на празникот да посакам добрината и заедништвото да бидат водилката низ животот на секој човек, затоа што тие се христијански и цивилизациски вредности кои го водат светот кон подобро утре.Секое време носи свои премрежија и тешки мигови, но љубовта кон ближниот, кон својот народ и својата татковина нека бидат темелот на кој секој човек, врз кои ќе ги гради своите постапки и своите дела.Денес е денот кога секој човек дома, во својот дом празнувајќи ги миговите со своето семејство треба да се присети на традицијата на меѓусебно разбирање и истрајност, длабоко вкоренети во кодот на нашиот народ, кои се основата на секоја индивидуална, но и колективна борба за подобра иднина.Секоја борба е трнлив пат, со неправди, несигурност и предизвици, но истрајноста и посветеноста на тој пат секогаш води до успех. Да научиме борбата за подобра иднина да ја водиме со сплотеност и истрајност, затоа што тоа е единствениот правилен пат.Воедно дозволете да го честитам и денот на македонските рудари оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.Посакувам во овие тешки мигови за нашата држава да имате работа, да ве следи добро здравје и да сте задоволни од сработеното и заработеното. Знам дека многумина од вас чувствуваат несигурност во услови кога за 5 месеци останаа 40 илјади работници без работа.Тоа е голема болка и страдање за многу семејства кои изгубија егзистенција. Посакувам секој еден од вас да си го сочува своето работно место и започнеме да градиме иднина.Македонија е нашиот заеднички дом кој сите без разлика на етничката и верска определба мораме да го чуваме и да го градиме, спротивставувајќи се на модерните предизвици како криминалот и корупцијата кои го разјадуваат и уништуваат.Домот и семејството се светост, а Македонија и македонската нација се тоа и затоа вреди секој да се посвети во чување на нашите светости.Нека е за многу години празникот.Нека е жива Македонија. 

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери: Верата овозможува полесно да се пребродат тешките моменти, учејќи на сила и личен раст

Честитка од претседателот на собранието Талат Џафери за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Во честитката се вели:Драги граѓани верници на православното христијанство,Ми претставува задоволство да Ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Би сакал да Ви испратам искрени честитки за добро здравје пред сѐ, за душевен спокој и радости во домовите и мир меѓу вас и вашите блиски. Во изминатите месеци, соочени сме со сите предизвици кои ги носи пандемијата на вирус кои можат да имаат фатални последици и затоа, сите ние мораме да посегнеме кон поголема внатрешна сила и издржливост за да го прифатиме и живееме новото нормално. Верата овозможува полесно да се пребродат тешките моменти, учејќи на сила и личен раст. Да ги негуваме сите позитивни вредности на кои не учат сите вери и верските празници како овој празник, кој ја носи пораката на човечноста и разбирањето.На сите православни христијани, граѓани на Република Северна Македонија, им посакувам убав празничен ден поминат во чествување на празникот Голема Богородица.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО – ДПМНЕ: За пет месеци, 40 илјади нови невработени

Власта на Заев ја турка Македонија кон економски амбис. Тие со денови молчат за пропаѓањето на Еуростандард банка афера тешка 200 милиони евра, затоа што струмички фирми блиски до Заев се директно вмешани во новиот ТАТ. Кога е направена ревизија на банката и се активирани хипотеките тие компании свесно се однесени во стечај што создава голема криза кај банката, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Очигледно дека не само министерката Нина Ангеловска, туку и овие фирми пред време ги извадиле парите од банката или правеле зделки со што го загрозиле работењето на банката. Поради ваквиот однос на луѓе од власта и фирми блиски до неа денес имаме 100 илјади блокирани сметки, дваесетина илјади неисплатени пензии, и стотина нови невработени.Но ова не е единствениот лош показател на економските политики на власта. За само три месеци државата е задолжена за нова милијарда евра. За 5 месеци имаме скоро 40 илјади нови невработени лица. Во периодот јануари-јули ние имаме намалување на приходите за 8% во однос на минатата година. Потрошен е буџетскиот дефицит од 520 милиони евра, а патем реализацијата на капитални инвестиции е пак исклучително ниска, што покажува дека парите се трошени на непродуктивни трошоци и изборен поткуп.Експертите велат дека и покрај ваквото галопирачко задолжување, државата до крајот на годината ќе нема доволно средства за сервисирање на основните обврски. Поскапувањето на струјата за 7,5% и поголемите давачки на горивата имаат за цел да го покријат неспособното и неодговорното работење на власта, но за жал тие ќе предизвикаат инфлаторни движења кои уште повеќе ќе ја влошат состојбата.Сето тоа е доказ дека кримитендерашката власт на Заев е посветена на своето лично богатење и максимално организирање на криминалот, додека економијата тоне , а стандардот на народот е во слободен пад, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Итната медицинска помош со девет медицински екипи за празникот - граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки

По повод празникот Успение на пресвета Богородица, кога се очекува зголемен број верници да ги посетат верските храмови, Министерството за здравство апелира да се почитуваат превентивните мерки и препораки за носење заштитна опрема (маска или марама), одржување дистанца од најмалку еден ипол до два метра, често миење и дезинфекција на рацете, како и избегнување на поголеми групирања.Службата за итна медицинска помош по повод празникот има ангажирано девет медицински екипи за подрачјето на град Скопје, а во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот.Во услови кога Итната медицинска помош регистрира од 80 до 100 интервенции дневно, а зголемување е забележано кај бројот на транспорти, кои изнесуваат и до 30 во тек на денот,  и од оваа служба апелираат на строго придржување до превентивните  мерки како единствен начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот.

Македонија | пред 5 години

Bogorodica

Денеска се слави Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.Ова е празник на мајката на живототОд повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Македонија | пред 5 години

3B5328C1-54A3-4E81-957B-7D14C3E89B65

ФОТО: Гужвите од грчката, се преселија на албанската граница каде се чека по половина час

Километарски колони на граничниот премин “Ќафасан” во пресрет на продолжениот викенд. Граѓаните чекаат и по половина час за влез во Албанија, а ги има од сите градови. Колоните на преминот се од рано утринава.Поради долгото време на чекање, голем дел од оние кои решиле да патуваат чекаат и надвор од автомобилите.Растот на туристи од Македонија во Албанија е резултат на затворените граници со останатите соседи, кои забранија влез, а дел бараат ПЦР тест кој чини околу 100 евра и е скап за граѓаните. Па така, гужвите од “Евзони” со Грција, сега се на “Ќафасан”.Се очекува вакви колони да има и во недела, но и понеделник кога нашите граѓани ќе се враќаат од Албанија.

Македонија | пред 5 години

janusev-1

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието, нема потреба од 5 потпретседатели тоа е само дополнителен трошок

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во гостување во централниот дневник на Сител, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните.„Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави“, истакна Јанушев, додавајќи:„Впрочем  ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче“.На прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата во која ќе се дискутира за новиот состав на владата, Јанушев изјави дека ќе се спротивстават на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, додавајќи дека кадрите кои што се понудени се стари и истрошени кадри односно како што рече тој сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата.„Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ  да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со кои што располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со кои што раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата, и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму“, додаде Јанушев.

Македонија | пред 5 години

skopjanec-ubien

Скопјанец осомничен за убиството на две лица уапсен на Малта

Виктор Драгомански, вработен како обезбедување во угостителски објект на Малта е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во островската држава, објави TVM од Малта, пренесува Телма.„Ние сме во многу деликатна фаза на истрагата, има настани, но сè уште немаме никого уапсено. Работиме напорно на овој случај“, изјавија од полицијата по убиството.Драгомански според првичните податоци е македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така е осомничен 25 годишниот албански државјанин Даниел Мука. Мука, веќе бил на полициско сослушување, но во изјавата што ја дал пред органите, тој не бил организатор на убиството.Првично полицијата се сомневаше на грабеж кој тргнал на лошо, но истрагата покажа дека се работи за добро смислено и нарачан убиство, што отоа го потврдил и Мука во изјавата. На снимките од надзорните камери, се гледаа двајца како со орује бегаат од куќата во кја се случило убиството. На самото место, биле пронајдени шест чаури, а обдукцијата покажала дека Пандолфино бил застрелкан со четири куршуми, а Мациејовски е усмртен со еден истрел во главата.На јутуб е објавена снимка од акцијата за приведувањето на Мука, каде целиот кварт бил опколен.Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, др Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Пред да бидат откриени убиените се слушнале истрели во куќата.Жртвите биле во врска 4 години, Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански.

Македонија | пред 5 години

mkd-329127

Ограбена банка во Скопје

На 26.08.2020 во 13,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул. „Јане Сандански“, во банка едно лице со закана од вработените одзело пари.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

baza-MVR

Како изгледа паралелниот центар на МВР за заштита на податоците при терористички напади и природни катастрофи?

Голема бетонска сфера, објект во облик на круг кој може да се најде и на мапите на гугл, до крајот на годината ќе биде наполнет со опрема и ќе стане паралелен односно дополнителен центар за потребите на МВР. Во него ќе се чуваат податоци од информативните бази на МВР, се вика центар за продолжување на активностите и за обнова после катастрофи. Бетонскиот прстен е во средина на објектот кој е заштитен со бодликава жица и се наоѓа во предградието на Прилеп, веднаш до армиската касарна. За овој објект кој е дел од македонските обврски за придружување на Европската Унија, платени се преку ИПА фондовите и државниот буџет околу 3,4 милиони евра, објави Телма. Но за тоа како ќе изгледа внатре, македонската полиција ги криеше информациите од сензитивни безбедносни причини, затоа што таму ќе се наоѓа база на податоци и скапа софистицирана опрема која пополека се вградува внатре во објектот. И покрај тајноста, на српскиот веб сајт „градња“ излезе напис на оваа тема, но и фотографии од внатрешноста на бетонскиот прстен кој од високо наликува и на вселенска база. Надлежните од МВР ги известиле финансиерите од ИПА дека се објавени фотографиите преку архитектот на бетонскиот прстен кој е од Белград. Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 5 години

ljupco-zlatev

Златев: На 29 ти ми е закажано рочиште, уште од сега имам информација дека било нарачано да добијам условна казна

На 29.09, во 09:30 часот ми е закажано рочиштето во кое ќе ме судат за оддавање на службена тајна. "Службената тајна" која јас ја објавив во мојот медиум е дека еден вработен во УБК бил отстранет од работа само затоа што неговиот татко присуствувал на протестите против промеена на името, напиша на својот ФБ профил новинарот Љупчо Златев.Златев во својата објава додава:Она што јас го објавив е класичен јавен интерес и злоупотреба од страна на службите. Она за што јас пишував е класично кршење на човековите права и правото на протест!Уште од сега имам информација дека од судот било нарачано да добијам условна казна, за да се плашам да објавувам вакви злоупотреби од страна на службите.Но, драги мои, кај мене тие методи не палат. Јас не само што не се плашам, туку по ваков притисок сум уште похрабар.Злоупотребите, злоделата и криминалот не може да бидат "Службена тајна", свои во објавата на Златев.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3597677966932307&set=pcb.3597678226932281&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

policija-22

Гостиварски полицаец извршил напад, па лажно пријавил дека бил нападнат

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 41-годишниот Р.Р., полицаец од нејзините редови, поради сомнение за сторени кривични дела насилство и лажно пријавување на кривично дело.Како што информираат од МВР, на 15 месецов во полициската станица Гостивар, Р.Р. лажно пријавил дека врз него било извршено насилство од страна на 34-годишник од селото Беловиште, иако всушност било спротивно, односно полицаецот го нападнал 34-годишникот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Предвреме родениот Максим си замина дома

Од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство информираат дека предвреме роденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гестациска недела, денеска си замина дома од оваа установа. Максим се роди со родилна маса од само 820 грама, а од Клиниката за гинекологија замина со 2.400 грама. Неговата мајка, Роза Апостоловска од Скопје се породи со царски рез и Максим и нејзино прво дете.Новороденчето помина 40 дена на Одделот за интензивна нега и терапија и беше на механичка вентилација. Од Клиниката замина во добра општа состојба и со пораст на телесната маса, по два и пол месечната грижа на педијатрите и целокупниот медицински персонал.„Благодарение на добрата организација и на постојаното доопремување со најсовремена апаратура за предвремено родени бебиња на Одделот за интензивна нега и терапија добивме уште една битка за живот. Го испративме Максим дома со радост и желби за среќно и безгрижно детство“ – истакнуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Македонија | пред 5 години

nefi-useini-660x330-1

Нефи нуди илјадници евра од притвор

Охридскиот советник Нефи Усеини и неговиот брат понудиле по 10 илјади евра во кеш како гаранција за да излезат од охридскиот затвор каде влегоа вчера по 6-дневна недостапност за полицијата.Адвокатот на осомничените браќа Усеини за Телма потврди дека е понудена гаранција за да им се укине мерката притвор или да им се замени затворскиот со домашен притвор или друга поблага мерка.Во охридскиот суд за Телма не открија детали кога ќе одлучат само потврдија дека законските рокови ќе бидат испочитувани. Обвинителството пак не се согласува браќата Усеини да излезат од притвор. Според нашите информации од таму дале негативно мислење за предлогот на одбраната.Нефи Усеини и неговиот брат се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски и добија 8 дневен притвор. Обвинителството води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Според првичниот исказ на нападнатиот тој бил тепан со пиштол по глава, но потоа со изјава преку својот адвокат, Топалоски тврдеше дека не видел оружје и недоразбирањата со неговиот пријател се надминати.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања