Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

nikoloski

Николоски: Ова е влада на лаги и континуитет на криминал и корупција

Оваа влада  во суштина е влада на лагата. СДСМ ветуваше коалиција без ДУИ, а ДУИ ветуваше премиер. Заради коалиција без ДУИ дел од гласачите гласаа за СДСМ, а заради премиер дел од гласачите гласаа за ДУИ. Денеска гледаме дека ветувања не важат, гледаме дека ветувањата важат до завршување на изборната кампања и дека после тоа на сцена стапуваат интересите. И затоа е ова коалиција на лагата, изјави на денешната собраниска седница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.- Ова е исто така коалиција на континуитет на криминалот и корупцијата којшто го гледавме во изминатите три и нешто години, кој што стигна до врвот во претходната, а е ве и нова влада. Ова е коалиција на изборни измами затоа што се вршеше поткуп, притисоци, немаше соодветен мониторинг на изборите, а корона кризата на најнизок можен начин се злоупотреби преку поделба на т.н. картички кои што селективно се делеа онаму каде што се очекуваа изборни гласови. Ова е коалиција на стари кадри кои што немаат што ново да понудат на македонската политичка сцена. Ова е коалиција на поларизацијата затоа што има само еден пратеник повеќе  од она што е потребно за гласање во ова собрание и ќе е влада со најмало мнозинство во историјата на независна Македонија, истакна Николоски.Тој додаде дека ова е влада на стари добро познати кадри кои најбрутално ја злоупотребија корона кризата прво за одлагање на изборите, а потоа за нивно распишување кога им одговараше и сето тоа со закани дека ќе одат сами на избори и затоа имаше ниска излезност, заради стравот кој се створи кај граѓаните, што дополнително го руши легитимитетот на избраните пратеници.- Како никогаш во историјата на Македонија имаме пратеници кои не тежат ни 4.500 гласа споредено со изборни циклуси кога еден пратеник тежел и 10.000 гласа. Во однос на економијата многу ветувања слушнавме за жал, најголем дел од нив не  се реализираа затоа што народот не живее подобро. Гледаме буџетска дупка само за оваа година  од една милијарда евра. Некој ќе рече дека тоа е заради корона кризата, но не е само заради тоа, туку и заради недомаќинското работење. Граѓаните прашуваат каде се парите затоа што три години камен не се стави во Македонија, автопатите, болниците и железницата до каде беа, таму застанаа, а нови проекти не видовме, потенцираше Николоски.Тој посочи дека се ветуваа 100 000 работни места, таква работа не гледаме, а сите читаме деновиве дека 40.000 работни места се изгубени во изминатиот период, се ветуваа покачени плати, таква работа нема, а има одредени сектори, пред се културата каде плати и не се делат.- Во делот на земјоделието зелената мафија царува во Македонија, на ред е сега откупот на грозјето имаме  историски најнизок откуп на грозје, а најголемиот дел ќе остане по нивите.   Се ветуваа автопати, а Охрид- Кичево скоро и да не се гради, Штип - Радовиш не е ни до пола, Прилеп - Градско нема никој на терен и не работи. Новинари како никогаш претходно се во судови и се пред пресуди, затоа што изнесуваат вистини за работата на владата, како никогаш досега новинари се или предмет на судски процеси, истраги, а дел и осудени за т.н. издавање на службена тајна која се однесува на неправилностите на работењето на претходната  и идна влада, вели Николоски.Тој нагласи дека имаме стар нов предлог за министер за здравство кој освен личен пи ар и злоупотреба на кризата ништо не направи за борба со короната, Македонија има околу 600 жртви, и се соочуваме со есен каде бројките ќе станат пострашни затоа што ништо не се презема.- Се надевам дека конечно Македонија конечно ќе почне преговори со ЕУ, се ветува датумот три години, а датумот никој не го знае, сакам да поставам прашање. Никој не спомнува ништо за можното вето од Бугарија кое се најавува, и ништо во однос на условот на Бугарија за македонскиот јазик и клучните херои. Неспомнувањето на овие две работи дали значи откажување од македонскиот јазик и прифаќање на флоскулата официјален јазик и дали топа значи ќе се преговара околу Гоце Делчев и останатите личности од македонската историја, вели НиколоскиНа крај тој се обрати до граѓаните и истакна дека ќе се гледаме по градовите и селата затоа што оваа коалиција е на лагата која ќе биде срушена на масовни демонстрации кои ќе почнат од оваа есен затоа што капацитет за реализација на ветувањата нема, а народот е излажан.

Македонија | пред 5 години

117716316_10158941134712932_7925944148486856837_o

Заев во своето обраќање вети реформи во правосудниот систем но и раст на платите

Мандатарот Зоран Заев на денешната пленарна седница во Собранието за избор на новата влада своето обраќање го започна со тоа што увери дека се обврзува како премиер заедно со министрите, но и со граѓаните, дека ќе покажат и во наредниот мандат дека можат уште повеќе и уште подобро.-Ова е мала Влада, посочи Заев, што ќе ја предводам и во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата. Државата и целиот свет, посочи тој, се наоѓа во ситуација што се заканува на сите сегменти на живеење и со изборот на оваа влада го комплетираме системот што ќе работи за справување со последиците од корона кризата.– На овие избори имавме историска можност со Беса да ја формираме коалицијата Можеме. Денеска таа програма усогласена и дополнета со нашите коалициони партнери ДУИ и ДПА е преточена во програма за работата на владата 2021 – 2024 година. Нова енергија во остварување економски раст, модерно образование и справување со пандемијата, изјави Заев. Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е 20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да оствариме раст од 4 посто, изјави Заев. Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.Заев се осврна и на новонастанатата состојба со пандемијата.– Пандемијата покажа дека дигиталните услуги и дигитализацијата, не само што се потребни, туку се и неопходни. Токму во таа насока и ќе продолжиме. Ќе разгледаме неколку модели за реформи на администрацијата и намалување за 20 проценти со реорганизација, пензионирање и трансфер во приватниот сектор, изјави Заев. Најави дека следува целосно прочистување на судството и градење правна држава.Тој вети реформи во правосудниот систем:– Судиите за кои ќе се докаже дека свесно и намерно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите на СЈО ќе мора да добијат разрешница. Воспоставуваме систем за проверка на имот на сите функциониер. Силната заложба во борбата против корупцијата е и новиот министер за борба против корупцијата, изјави Заев. Откако влеговме во НАТО, нагласи Заев, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ.Мандаторот кажа дека новата Влада ќе продолжиме посветено да работи на добрососедските односи:– Новата Влада е посветена на договорите од Преспа и со Бугарија, кои го овозможија тоа. Ќе продолжиме посветено да работиме на добрососедските односи. Ќе продолжиме и со Охридскиот рамковен договор, кој е основа на меѓуетничкиот соживот. Пред нас е период во кој како држава ќе добиме многу повеќе отколку што ќе дадеме. Се обврзуваме во следните четири години да отвориме 80 проценти од преговарачките поглавја, изјави Заев. Принципите и вредностите, посочи тој, на кои се заснова оваа програме се европските вредности.– Се обврзуваме на силна и бескомпромисна борба за чист воздух и животна средина. Ќе вложуваме во обновливи извори на енергија. Ќе ги зајакнеме инспекциските служби и ќе ги зголемиме казните. Најважно од се, ќе спроведеме акции во кои секој ќе треба да се вклучи, изјави Заев.

Македонија | пред 5 години

B993923C-9234-4E95-AF1E-861513E8D14B

Пронајдено телото и на мажот, што ја спасувал девојката од водите на Вардар

Од водите на Вардар е извлечено и телото на 45-годишен маж кој утринава скокнал во реката кај Гостивар за да спаси 19-годишна девојка.Претходно околу 3 часот изутринава спасувачите успеале да го извлечат телото на 19 годишна девојка од водите на реката Вардар.Ноќеска неколку минути по полноќ повеќе граѓани од Гостивар во СВР Тетово пријавиле дека од малиот метален мост во близина на гостиварскиот голем пазар во водите на Вардар скокнала жена и дека веднаш по неа, најверојатно со намера да и помогне и да ја извлече од водите,скокнал и еден маж. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Иницијаторите за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до ЕУ – се жалат на политичко и физичко насилство

Иницијативата за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ испрати писмо до Делегација на ЕУ во Скопје и дипломатските претставништва во Скопје, како што се наведува во соопштението, „во врска со политичкото и физичко насилство врз членовите на Иницијативниот одбор“.„Дозволете да Ве информирам дека повеќе членови на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се здружија во Иницијативен одбор и бараат политичка одговорност за лошиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот активизам е во потполна согласност со демократските вредности за кои се залага нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Имаме еднинство барање за свикување заседание на највисокиот политички орган на партијата – Конгресот.Се бориме за запазување на веќе воспоставениот стандард за оставки. Долгогодишна пракса во западните демократии е после пораз на избори лидерот на партијата да поднесе или во најмала рака да понуди оставка од позицијата. Не бараме ништо повеќе од ова. Бараме да се свика Конгресот на партијата и да дискутира за овој демократски стандард. Во име на Иницијативата за свикување вонреден Конгре, сакам да ја изразам нашата загриженост од се поголемото вербалното и физичко, политички мотивирано насилство со кое се соочуваат членовите на Иницијативниот одбор, кои јавно побараа оставка од Христијан Мицкоски“, се вели во писмото.„Изминатите неколку дена откатко Иницијативната се официјализира, сите членови сме мета на вакви напади. Личната дискредитација и говорот на омраза стана најмало очекувано зло. Кај некои од нас, освен вербално, насилници се дрзнаа и физички да малтретираат. Во текот на вчерашниот ден, поранешниот пратеник и сегашен поддржувач на идејата за вонреден конгрес, Весна Дамчевска Илиевска пријави во полиција закани и тормозење со цел заплашување и повлекување од иницијативата.Ние како иницијатива за демократски дијалог во рамки на една политичка партија, најостро го осудуваме и се оградуваме од насилство. Уште повеќе, ако тоа се прави врз жена.Во изминатиов период додека сме активни, во ниту еден момент не применивме говор на омраза или на каков било начин сме мотивирале негова примена. За жал, во текот на вчерашниот ден, во изјава за медиумите, раководството на нашата партија ниту се огради, ниту го осуди физичкото насилство. Напротив, го оценија како „монтажа и конструкција која што е дел од новопромовираната коалиција помеѓу иницијаторите и Зоран Заев. Со оваа изјава, раководството на Христијан Мицкоски не само што не се огради, туку индиректно мотивира политичко насилство со испраќање порака до насилниците дека партијата стои зад нив“, се додава во писмото.Според Иницијативниот одбор за свикување вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, „друг елемент на загриженост е фактот што иако полицијата ги лоцира насилниците и има изјави од нив, раководството на Христијан Мицкоски испрати порака дека не верува во институциите во врска со овој случај, дека ние сме во некаква спрега со власта и полицијата монтира случаи“.„Стравуваме дека сето ова свесно го прават со цел обесхрабрување на поддржувачите на иницијативата јавно да говорат. Ве повикуваме да се заложите за осуда на политички мотивираното, вербално и физичко насилство, кое стана стандард на македонската политичка сцена кога членови на партии искажуваат став различен од оној на раководството“, се додава во писмото.

Слајдер | пред 5 години

janusev-1

Јанушев: Во собранието има 8 пратеници кои што немаат легитимитет да бидат овде, повторно ги кршите процедурите

Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница  посочи дека во моментот во македонското собранието се присутни 8 пратеници од мнозинството на коалицијата на СДСМ а кои се избрани на нелегитимен и нелегален начин, укажувајќи дека со ова го кршат Деловникот на собранието и фрлаат црна дамка врз демократијата.Во духот на транспарентноста, демократијата, почитувањето на правото како што љубат да кажат Заев и останатите тука седнати во првите редови, морам да укажам во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека во моментот во оваа сала во собранието на Република Македонија има 8 пратеници кои немаат ниту легитимитет ниту пак на легален начин му се верификуваше мандатот и за тоа на минатата седница ви укажавме, вели Јанушев.Јасно и прецизно е пропишано во членот 17 кој на собранието му предлага верификација на мандатите по конституирањето на собранието. Имено во членот 17 е наведено дека верификацијата на мандат на пратеници кои што станале пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на Извештај од ДИК, а по предлог на комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања.Овие извештаи кои што ги добивме како што може да види целокупната македонска јавност од верификационата комисија и впрочем од позади стои потписот на претседателот на верификационата комисија која што согласно овој Деловник на ова собрание престана да работи, односно не постои со завршувањето на конституирањето седница. И денес де факто во ова собрание имаме 8 луѓе на кои што местото на овој начин  не им е тука, и за тоа сте виновни вие кои што дозволивте ова овде да се прави, како и ова овде таканаречено мнозинство, додаде Јанушев.Јанушев го обвини мнозинството на СДСМ дека со ваков однос и закажување на седницата за избор на нова влада дополнително се фрла сенка на нелегалноста и нелегитимноста, додавајќи дека веќе ништо не може да ги изненади бидејќи како што им порача тој цела македонска јавност изминатите три години знае дека сте криминалци, рекетар, неспособни сега покажавте и дека сте неписмени.И на овој начин продолжувањето со работа на ова собрание и на начинот на која што ја закажавте седницата за избор на влада, ќе фрли уште една огромна сенка на нелегалност и нелегитимитет. Но, тоа е нешто што не не изненадува бидејќи во изминатите три години освен незаконие, прекршување на Уставот и законите не видовме друго. Покрај тоа што целата македонска јавност знае дека сте криминалци, рекетар, неспособни сега покажавте и дека сте неписмени, изјави Јанушев.

Македонија | пред 5 години

MEGA7739

Синоќа на Охридско лето настапи машкиот вокален ансамбл „Ноктурно“ од  Белград, Србија

Прекрасна духовна атмосфера владееше вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапи  машкиот вокален ансамбл „Ноктурно“ од  Белград, Србија.На големиот православен празник „Успение на Пресвета Богородица“, овој вокален ансамбл под диригентското раководство на Ѓорѓе Станковиќ изведе познати духовни композиции од православието.-Задоволен сум од настапот, но некако сите сме во грч заради пандемијата. Пејачите беа надвор од редовниот режим веќе шест месеци и требаше да се вратат во пејачка, а и јас во диригентска кондиција.  Но сметам дека го оправдавме нашето присуство. Владееше пријатна духовна атмосфера на овој голем светол ден. Да не звучам претенциозно, но на некој начин ја имавме и заштитата на Пресвета Богородица за време на концертот. Сигурен сум дека секој што беше присутен беше допрен од она што ние го избравме како репертоар. Тоа се почувствува и во поздравот на публиката преку бурните овации, изјаво маестро Станковиќ.Според Станковиќ, уметниците во моментов се соочуваат со опстанокот на нивната професија, но како што рече, не само ним, туку и на секој човек му е неопходна духовна храна што се негува токму преку уметноста.-Навистина се радувавме што повторно доаѓаме во Охрид. Бевме во неизвесност дали ќе се одржи фестивалот, но пријатно се изнанедивме кога ни јавија дека сепак организаторите ќе го реализираат. Тоа е навистина за пофалба, зашто колку што гледам спроведени се сите безбедносни мерки кои се препорачани, но и задолжителни.Не штедевме време и труд, само за да дојдеме во едни вакви необични околности. Во моментов се бориме  за опстанокот на нашата професија зашто таа е многу експонирана и деликатна за одржување во ваков животен тек. Ние живееме од тоа, тоа е уметност. Сите треба да сфатат дека треба да живееме од уметноста. Не само што нас ни е потребна, туку на секој човек му треба духовна храна што се негува преку уметноста, додаде диригентот Станковиќ.Машкиот вокален ансамбл „Ноктурно“  постои веќе 15 години и е составен од професионални уметници кои ја негуваат традиционалната и духовната музика.  Синоќешниот настап беше втор нивни концерт во Охрид. Во април, минатата година, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, вокалниот ансамбл „Ноктурно“ одржа голем велигденски концерт како дел од дополнителната програма на „Охридско лето“ што беше организирана надвор од стандардниот фестивалски термин.  Тогашниот репертоар беше составен според значењето на Великата Седмица во која се наоѓаше православниот христијански свет, со духовна музика од српски и руски композитори.

Македонија | пред 5 години

Krvodariteli

За празникот пресвета Богородица одржани две крводарителни акции - собрани 233 крвни единици

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во текот на вчерашниот ден, по повод големиот празник Успение на пресвета Богородица се одржаа две крводарителни акции.Крводарителите даруваа крв во Домот на АРМ и во манастирот во Матка. Крводарителските акции беа успешно спроведени согласно протоколот за заштита при пандемија. Вчера вкупно се собрани 233 крвни единици, а од почетокот на 2020 година досега собрани се повеќе од 20.000 единици крв.Изминатиот период се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да се чувствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Да бидеме хумани, да даруваме крв. Тоа е највисокиот чин на алтруизам.

Македонија | пред 5 години

lisici

Албански државјанин по кој трага Интерпол е приведен на Блаце

Албански државјанин е приведен во земјава на барање на Интерпол. Како што соопшти МВР, станува збор за 33-годишниот Г.А. од Република Албанија кој бил приведен синоќа во 21,40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при обид да влезе во земјава.Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

naum

Стоилковски: Дали ова зад мене е зградата каде Ангеловска има стан за кои пред време ги извади парите од Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра?

Граѓаните не знаат како да си ги вратат заработените пари од Еуростаднард банка, која пропадна и е дел крими афера во која е вмешан врвот на власта тешка 200 милиони  евра. Нина Ангеловска, како министерката за финансии наместо да се грижи за народот и економијата, на време си ги извади парите од Еуростандард за да си купи стан, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.Илјадници пензионери се во неизвесност како и дали ќе земат пензии, илјадници граѓани се туркаат по банки за да отворат сметки е малтретираат оние кои што можат да отвораат нови сметки среде лето и во ек на смртоносна епидемија. Сето ова можеше да се спречи доколку Нина Ангеловска наместо за својот повеќе се грижеше за интересот на граѓаните.Но што е тоа важен интересот на граѓаните?! Важно е да се извадат парите на време од банка која што пропаѓа. Наместо за граѓаните на Ангеловска поважно и било, како вели да си го реши станбеното прашање, со луксузен апартман проценет на над сто илјади евра.Нина Ангеловска мора да одговори дали ова зад мене е  зградата каде има стан за кој што ги извади парите на време од Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра?! Дали ова е зградата каде што купи стан и ги потроши парите кои што ги извади од Еуростандард, додека илјадници луѓе беа оставени да им пропаднат влоговите?Ако тоа е точно, тоа е безочен безобразлук. Наместо за граѓаните министрите на Заев мислат само за себе. Да се трча да се обезбеди имотот на почетокот на јуни, период кога според Заев веќе имало информации за судбината на банката.Да биде уште потрагично промените на состојбите на сметката во Еуростандард, Ангеловска ги пријавува во Антикорупциска два дена откако го обелоденивме случајот. И повторно институциите играат со зборови дека тоа било само- внимавајте - неетично, но без барање одговорност!Јас од тука ќе прашам и дали Ангеловска ја имала информацијата за да ја сподели со други блиски кои имале сметки во банката пред пропаѓање, но и следното:Ако Ангеловска ги чувала парите кои и биле за бизнис кој што наводно го ставила во мирување за време на министерувањето, зошто станбеното прашање не го решила во август лани, кога станува министер, туку во јуни годинава кога власта според Зоран Заев имале информација за состојбата и веројатната судбина на Еуростандард банката?Не казнивоста на кадрите на Заев ги минува границите на секаква пристојност и рамки на функционирање во насока на грижа за државата и граѓаните. Доколку Ангеловска не одговори на прашањата, а институциите продолжат со своето поданичко однесување, Македонија ќе продолжи да тоне по сите параметри што значат правда и владеење на правото, Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Damjan-Mancevski1

Модернизиран ДМС системот, подобра организација на институциите и побрзи административни процеси

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција истакна дека во функција е национален систем за управување со документи.– Новиот национален систем за управување со документи е вистинското решение за организација на работата во време кога не знаеме како ќе се развива општеството со Ковид 19. Дигитализацијата на работните процеси и можноста секој да работи каде и да е локациски поврзан на интернет, преку својот мобилен, таблет или компјутер овозможува навремено и квалитетно завршување на работните задачи што доведува до уште подобри услуги за граѓаните – рече на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација во заминување Дамјан Манчевски.МИОА, како што рече, во последните неколку месеци активно се посветиле на модернизација и адаптирање на Националниот систем за управување со документи ДМС.Манчевски појанси дека ДМС системот овозможува заедничко работење на административните службеници, од различни сектори и одделенија. Заедничкото работење и координација доведува до поквалитетни услуги за граѓаните.– Новиот ДМС систем е SMART систем кој го олеснува работењето. За секој предмет кој ќе биде заверен во архива и електронски разменет со некоја институција, тоа ќе значи дека одговорот за тој предмет ќе биде автоматски заверен и распределен до лицата кои учествувале во неговата подготовка, независно од местото од каде што работат. Со националниот ДМС се прави унифицирање на архивското и деловодно работење на институциите во соработка со Државниот архив и Државниот управен инспекторат. Дополнително, ДМС овозможува електронски решавање на предметите односно барањата за услуги, поднесени од преку порталот uslugi.gov.mk кој денеска го користат повеќе од 25.000 граѓани, информира Манчевски.Одговарајќи на новинарско прашање во однос на ангажманот на административните работници што не беа распоредени на работни места, најави дека согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање. 

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Сообраќајна несреќа во Скопје, повредени три лица

Синоќа во 20,15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(32) од Демир Хисар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Д.Е.(20) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Е., а со телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило Љ.Е.(45) и возачот И.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во соопштението.

Скопје | пред 5 години

trpejca

Од сабајле плажата Трпејца наредена со пешкири, со лактови и боксови, сведочи Лазаров

“У 9 сабајле веќе цела плажа Трпејца ја наредија со пешкири "за резервација", со лактови, со боксови.Ќе почне народ у 6 саат сабајле да доаѓа, Бардовци“, напиша докторот Ненад Лазаров.Security Check Requirednull

Македонија | пред 5 години

izgled-na-spanskite-skali

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“. Со ова останува на сила решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, за чија изградба имаше многу негативни реакции во јавноста.Општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, на инвеститорот Амадеус Девелопмент, затоа што истиот не започнал со градежни активности во законски предвидениот рок од 2 години.Инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ, незадоволен од решението на Општина Центар, изјавил жалба до второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, како орган надлежен за решавање на спорови.Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски на 20.8.2020, донел решение со кое што жалбата на инвеститорот изјавена против решението издадено од општината од 12.5.2020 се одбива како неоснована.Второстепениот орган, откако детално го разгледал обжаленото решение и наводите во жалбата, констатирал дека Општина Центар детално го образложила и пресметала рокот од 2 години од денот кога одобрението за градење станало правосилно, а со тоа изминал и рокот за отпочнување на градба.Со ова, второстепениот орган укажал дека Општина Центар правилно ги проценила и увидела дека се исполнети условите за огласување на ништовно одобрение за градење.Оттука, Општина Центар постапила правилно и не го повредила законот како на нејзина штета, така на штета на граѓаните, а најмалку на штета на жалителот во постапката.Општина Центар, во согласност со законите, секогаш ќе води сметка за зачувување на секој дел од јавниот простор, како јавно добро кое не треба и не смее да се приватизира и е достапно за користење од страна на сите граѓани.

Скопје | пред 5 години

vikend-na-gordosta

Викенд на гордоста Скопје од 2 до 8 септември

Осмиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржува во периодот од 2 до 8 септември, во Музејот на современа уметност, Кoмитет и кафе барот Шортбас.Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување.Основната кураторска тема на овогодишното издание на фестивалот е Суров оптимизам, со што му се оддава почит на делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011).– Суровиот оптимизам ги означува приврзаностите и афектниот влог во објекти, места, идеали, норми, институции, светови и форми на живот како грст ветувања и извори на истрајност, кои наместо да ги прават подостижни ветените нешта и фантазијата за добар живот, напротив, го трошат и подриваат нашиот индивидуален и колективен процут и добросостојба – се вели во најавата за фестивалот.Викендот на гордоста Скопје ќе биде отворен со групна изложба „Скршено“ на 2 септември во МСУ, а во рамки на која ќе учествуваат повеќе уметници, меѓу кои и Феликс Гонзалез-Торес, уметник чиешто дело ја испиша и измести светската историја на уметноста во 80-тите и 90-ти години, а кој за првпат го изложуваме во рамки на Балканот, како и меѓународно реномираните уметници Полин Бодри и Ренате Лоренц, Карин Мичалски, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, и Хермес Питакос и Федерика Даури.Во рамки на целокупната програма публиката ќе може да проследи перформанси од Кијун Томас и танц триото STEAM ROOM, самостојна изложба на Јован Јосифовски, промоција на најновиот роман на Петар Андоновски, онлајн дрег шоу и Диџеј сетови. Онлајн предавање ќе одржи Лорен Берлан, една од најзначајните современи критички теоретичарки во светски рамки.Фестивалот е во организација на Коалицијата Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира со поддршка на  Фондацијата отворено општество Македонија, Европската унија во рамки на меѓународниот проект Времето е сега, и ИЛГА-Европа.

Скопје | пред 5 години

skolo-4

Само 8 отсто од испитаните основни и 7 отсто од испитаните средни училишта се изјасниле дека онлајн наставата има предности

Само 8 отсто од испитаните основни и 7 отсто од испитаните средни училишта се изјасниле дека онлајн наставата има предности, во истражувањето на тим на Народниот правобранител за ефикасноста на онлајн наставата од март до јуни. Останатите се изјасниле дека децата треба да се вратат на физичка настава, објави СДК.МК.Во однос на прашањето: „Какви одговори добивте од учениците и нивните родители за ефектот од онлајн наставата?“ се известува за позитивни и негативни споделени мислења, но дека општо мислење на учениците/родителите е дека подобри ефекти има наставата која се реализира со физичко присуство во училиште.Одговорите се дека онлајн наставата го нема истиот ефект како класичната, дека онлајн наставата делумно ги задоволува потребите на учениците, дека било напорно и создавало отпор кај учениците, дека учениците биле преоптеретени од премногу зададени задачи и дека како проблем се јавило усогласување на распоредот на часови со работното време на родителите.Резултатите во извештајот на Омбудсманот покажуваат катастрофален со обидот од март до јуни да се одржува наставата електронски од далечина, што од неспремност на Бирото за развој на образованието кое постои за вакви случаи, што од немање технолошки ресурси, неможност на родителите да им помагаат на децата да учат од дома, како и од други фактори.Почетокот на учебната година, со одлука на Владата, одложен за 1 октомври.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

filipce-venko

Филипче: Вирусот е непредвидлив, есента носи ризици

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во видео обраќање истакна дека светската здравствена криза предизвиката од ковид-19 е најголемата во последните 100 години. Оваа криза донесе тага за оние кои ги загубија своите блиски, економска неизвесност за сите нас и огромна промена во нашите животи.Шест месеци откога се регистрира првиот случај во нашата земја, тој се заблагодари за силата и поддршката која граѓаните ја даваат во борбата со вирусот.„Со почитување на мерките за заштита на сопственото здравје, освен што се штитите себеси и своите блиски, давате личен придонес во напорите на здравствените работници кои секојдневно се борат за секој еден човечки живот. Знам дека животот со вирусот изморува и разбирам колку е тешко што можеби работите не се онакви какви што би сакале да бидат. Но, ова нема да трае вечно. Од ден во ден, сме се поблиску до надминување на кризата.“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека треба да бидеме свесни дека ни претстои уште еден период во кој мора да се штитиме уште повеќе и уште подисциплинирано да ги почитуваме мерките.Филипче изјави дека есента носи многу ризици, а вирусот докажа дека е исклучително непредвидлив. Затоа, тој упати апел сите да бидеме максимално претпазливи.„Мерките за лична заштита се јасни и веќе многу добро познати. И не се тешки за почитување, во тоа сум сигурен. Потребно е само прифаќање на реалноста и верба дека, доколку доследно се придржуваме кон нив, ова ќе помине. Дека ќе успееме, а успехот ќе биде наш, заеднички. Сакам да ве уверам дека како министер правам се што е потребно да се подготвиме за есенскиот период. Ги зајакнуваме болничките капацитети и кадарот. Новата Влада максимално ќе ги насочи ресурсите кон здравството со цел поддршка на здравствените работници и обезбедување на добри здравствени услуги за сите граѓани. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на моите колеги - здравствените работници и сите кои неуморно работат во надминување на кризата. Вашиот труд и посветеност нема да бидат заборавени“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 години

B993923C-9234-4E95-AF1E-861513E8D14B

(ВИДЕО: Трагедија: Девојка се удави во Вардар, се трага по човекот што се обидел да ја спаси

Телото на девојка која вчеравечер се удавила во водите на реката Вардар во Гостивар, е пронајдено рано утринава, додека сè уште се трага по човек кој според информациите скокнал во реката и се обидел да ја спаси девојката, но не успеал, јавува локалната телевизија Глоби.Двете лица синоќа исчезнале во водите на реката, а полицајци, пожарникари и граѓани цела ноќ трагале по нив. Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ, помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата во градот.Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и и тој бил повлечен од брзаците на реката. Набргу потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на брзата помош, полиција и пожарникари.Security Check Requirednull

Македонија | пред 5 години

sela-2

Села: Зибери не може да биде правобранител, таа функција е за опозицијата

По веста дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител, со свој коментар излезе  лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. Тој во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е можно Зибери да биде народен правобранител бидејќи таа позиција е наменета за опозицијата.Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет Мемети, на кого мандатот му истекува во декември.

Македонија | пред 5 години

Kursum

Заталкан куршум оштети возило во тетовско

Жител на Тетово пријавил ноќеска во полицијата дека е оштетено возило од заталкан куршум на негов пријател кој паркирал во дворот во населбата Дреновец, по што е утврдено дека истрелот е во соседството каде имало веселба.-Било оштетено патничко моторновозило “голф 4“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Р.А. (41). Во дворното место од куќата на пријавителот имало неколку лица, кои слушнале истрели од огнено оружје, по што забележиле дека возилото било оштетено на хаубата, информира СВР Тетово.Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Тетово.-Во близина на возилото било пронајдено едно зрно од оружје, кое било подигнато за понатамошна постапка. Со лицата кои биле присутни извршен е разговор, кои изјавиле дека истрелите од огнено оружје се слушале од кај куќата на Л.Н. кој имал семејна веселба, соопштуваат од полицијаЗа настанот бил известен Јавен обвинител и сега сепреземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

mavrovka-objekt

Заев најави дека еден од првите чекори на новата Влада ќе биде паѓањето на дивоградбата пред „Мавровка“

Mандатарот Зоран Заев од Македонска Каменица, истакна дека меѓу првите работи на новата Влада ќе биде паѓањето на дивоградбата пред „Мавровка“.-Прво треба да се зафатиме со новите чекори во врска со ковид-кризата, тоа значи прво образованието и детските градинки, развојот на четвртиот пакет на мерки кои верувам со новиот министер за финансии и со другите економски ресори, синдикатите, работодавците ќе ги развиеме. Една од првите работи е и да падне објектот пред „Мавровка“ затоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, да разработивме идеи и верувам дека ќе ги утврдиме заедно со правните прописи, изјави Заев.

Слајдер | пред 5 години

janko

Бачев: Нека е честит и за многу години празникот -Да ни е вечна Македонија

Во мое лично име и во име на Единствена Македонија, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и радост исполнети со љубов и со хармонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на „Единствена Македонија Јанко Бачев.Тој додава:Покрај желбата за добро здравје и радост, дозволете ми да посакам љубовта кон блиските и татковината да бидат водилка низ животот.Денес татковината преживува најтешки моменти од кога било досега и затоа ние имаме света должност да си ја вратиме државата назад.Да ја продолжиме битката сплотени и единствени за нашата земја, нашата татковина, во која, денеска, во доминантно македонска и православна Македонија ние Македонците станавме странци и граѓани од втор ред,Посакувам во овие тешки мигови за татковината да имате добро здравје иако чуствувате голема болка поради несигурната егзистенција, грабежот, безаконието криминалот и корупцијата што ви ги дава власта.Посакувам да бидете на првата линија во одбрана на националните интереси, во битката за поништување на капитулантските и предавнички антимакедонски договори, Република Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право, службен јазик македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, грижа за иселениците од Македонија и за положбата и правата на македонскиот народ во соседните земји, Македонија унитарна држава со само една државна власт на нејзината територија.Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови да се бориме и за Македонија. Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност!Нека е честит и за многу години празникот. Да ни е вечна Македонија, напиша Бачев на ФБ.https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/pcb.734559333788646/734557437122169/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ljube-boskovski-2

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски - државата треба да му исплати парична отштета но и исплата на затезни камати

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски. Како што се вели во пресудата, одлуката се базира врз фактите за неправедност при водење на судската постапка и неоправдано исклучување на јавноста од целиот процес како и прекршување на Законот при сослушување на заштитетниот сведок.Судот ја задолжи државата да му исплати на Љубе Бошкоски парична отштета но и исплата на затезни камати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката односно пресудата.Коментар за пресудата на Судот во Стразбур, даде претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски:„Ова е за мене лично голема победа и предупредување – ниедна друга власт во иднина, посебно не извршната така брутално како во режимот на Никола Груевски да се меша во судската власт. Сите средства кои ќе ги добијам како отштета за неправедната робија во Идризoво ќе ги дадам во цели поврзани со правдата.Очекувам оваа пресуда од Стразбур да ги иницира надлежните македонски тела кои според договорот со Стразбур мора да спроведат постапка во Македонија каде ќе бидат вклучени највисоките претставници на судската власт кои треба да му дадат одговор на Стразбур што е следниот чекор во однос на оваа пресуда.Очекувам да иницираат овој монтиран судски процес да биде обновен во една праведна постапка со ослободителна пресуда.Оваа пресуда на Судот за човекови права дефинитивно потврдува дека постоеше режим раководен од Никола Груевски кој ги жигосуваше политичките неистимисленици, во еден разработен систем во кој беа вклучени и учествуваа сите сегменти од општеството.Почнуваше со медиумски напади и црна кампања, за да се создаде основа и оправданост кај јавноста за подоцнежната политичка и монтирана пресуда.Јас ја иницирав оваа постапка во Стразбур со цел да се дојде до вистината, да се тргнат сите невистини од моето име, сите лаги кои беа изнакажани, а немав можност од затвор никогаш да реагирам и да ја кажам вистината.Моите години во затвор од една деценија никаква пресуда не може да ми ги врати, ниту годините, ниту моментите без моето семејство.Тоа никакви пари веќе не можат да го надополнат. Hо, мојата жртва нека биде само моја, во мене нема никаков порив за реваншизам и освета, но имам желба ова да не се повторува.Јас нека бидам пример како не треба да функционира една правна држава.” – напиша Бошковски.

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска се регистрирани 159 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-26, Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-42, Штип-49, Прилеп-3, Тетово-10, Струга-2, Битола-4, Охрид-1, Гостивар-45, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-6, Македонски Брод -3, Свети Николе-1, Кичево-2.Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (61г), двајца пациенти од Дебар (43 и 86г), пациент од Кичево (62г) и пациент од Демир Хисар (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14163,  бројката на оздравени пациенти е 10933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2640. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5864, активни 854• Куманово 1447, активни 356• Дебар 252, активни 85• Штип 1129, активни 175• Прилеп 447, активни 101• Тетово 1208, активни 175• Струга 557, активни 61• Велес 269, активни 30• Битола 201, активни 39• Охрид 333, активни 31• Кавадарци 180, активни 78• Гостивар 767, активни 230• Гевгелија 45, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 63, активни 24• Крива Паланка 45, активни 16• Радовиш 41, активни 6• Крушево 16, активни 0• Кочани 140, активни 27• Пробиштип 80, активни 15• Демир Хисар 60, активни 16• Македонски Брод 70, активни 17• Пехчево 18, активни 12• Берово 51, активни 42• Валандово 8, активни 1• Виница 64, активни 36• Делчево 49, активни 43 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 17, активни 2• Свети Николе 282, активни 58• Кичево 269, активни 73• Ресен 146, активни 0• Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2018 теста се преку: ИЈЗ-866 ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-255,  Биотек-271, МАНУ -99, Жан Митрев (Филип Втори)-231, Систина со PCR метода -163, лабораторија Лаор –44, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-4, ГАК-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 145.705 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 41, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8  позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 117• Гази Баба – 102• Аеродром - 105• Карпош – 86• Центар – 85• Кисела Вода – 100• Ѓорче Петров – 55• Бутел - 65• Шуто Оризари – 32• Студеничани – 20• Сарај – 26• Арачиново – 16• Илинден – 12• Сопиште – 6• Чучер Сандево – 5• Петровец – 10• Зелениково - 3• Странец – 5• Нераспределен – 4

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(Видео) Заев: Ако ВМРО – ДПМНЕ се откаже од потпретседател на Собранието, и СДСМ ќе го направи тоа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го повтори ставот дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од свој кандидат за потпретседател на Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ и дека Собранието ќе има тројца потпретседатели.„Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече од кандидат за потпретседател, тогаш и СДСМ ќе се повлече и ќе оставиме простор на помалите, за и бројката на потпретседатели да биде помала. Јас ја следев нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, ама може ќе се повлечеме, ќе видиме, како ќе постапат, така ќе се однесуваме затоа што на крајот тука е и одговорноста“, кажа Заев.

Слајдер | пред 5 години

kameri-kamioni

Безбедносните камери ги снимиле потпалувачите на камиони

Три лица биле снимени од безбедносните камери како тајно се приближувале кон четирите камиони и намерно ги запалиле, трага која ја испитува полицијата, дознава „Алсат М“.Сопственикот пред полицијата рекол дека се сомнева дека пожарот е подметнат. Тој вели дека има оштета од 90 илјади евра.Сопственикот на соседната компанија ме извести за часот. Имав два пропуштени повици во 22:23 и 22:28 часот. Ги повикав околу 22:31 часот. Веднаш дојдов тука и во тој момент имаше пожарникари и полиција и не можев да влезам со автомобил затоа што пожарот беше многу голем, изјави сопственикот Дуплек Насер за телевизијата.Од МВР потврдија дека биле запалени камиони со приколки во населбата Бутел. Изгорела и приколка без камион, а пожарот делумно оштетил уште шест камионски приколки.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања