Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров за својата мајка: Беше полна со љубов, грижа и чиста енергија, Ратка, моторот на Димитрови

Беше полна со љубов, грижа и чиста енергија, Ратка, моторот на Димитрови. Ведрина, радост и бодрење, поткрепа даваше широкоградо, на толку многу луѓе, напиша напиша Никола Димитров на својот Фејсбук профил. Тој во продолжение на својата објава додава:Македонските маки ги доживуваше како да се нејзини лични. Го береше гајлето на нацијата. Блескаше што и да фатеше, од фамилијата, па животниот повик - музиката, до општото, каде имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност, толку многу потребна во политиката денес. Синоќа, во последниот повик до татко ми, на крајот го прашала каков бил денот во Собрание.Со чувство на бескрајна благодарност, исконска љубов и огромна тага, да ти биде светол патот мајко моја јунак! Се гордеам што сум твој син.https://www.facebook.com/dimitrovnikola/posts/10164136704930451

Македонија | пред 5 години

ratka-dimitrova

Говор на омраза кон починатата Ратка Димитрова и нејзиното семејство

Говор на омраза кон починатата пратеничка од првиот состав на македонскиот Парламент, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, мајка на политичарот и досегашен шеф на дипломатијата Никола Димитров.Ова се дел од постовите на Фејсбук страницата „Бојкотирам“:„Нек повлече нога и за нејзиниот „втор син“, е еден од коментарите.Во друг пак коментар пишува: „Тешка и земја македонска… и немојте да ми зборите за вера, за овие гнаси предавнички бугарашки, прошка никогаш, па ни тогаш“!Во следна објава стои: „Аир да не видат цела фамилија! Сите до еден да испоцркаат м…е предавничко“.

Македонија | пред 5 години

davkova

Силјановска Давкова: Вицепремиер за борба со корупција е незамислив, државата има Антикорупциска комисија

Гордана Силјановска Давкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за избор на влада изјави дека СДСМ само ја повтори програмата од 2016 затоа што тоа што го вети тогаш не го исполни, додека пак сега наградува партиски функционери за министри и измислува министерства кои не постојат.- Најболно беше прашањето за името, неодвоиво од прашањето на идентитетот, дека се работи за армиран бетон, а слушнавме од личност која е важна за НАТО, господинот, Роб Бауер, командант на вооружените сили на Холандија, чија дикција беше нагризување на бетонот, тој употребува Северномакедонци. Тој е тој нов концепт и понатаму во иднина може да очекуваме тоа име да се одразува на идентификацијата на нацијата, рече Силјановска Давкова.Таа истакна дека програмата на владата нема карактер на програма, нема стратегија во секое министерство, цели, актери, временска рамка, проекти, а нема ниту стратегија како би оделе во ЕУ, а се вели дека сме на прагот.- Што со договорот со Бугарија? Дали ќе не попречува? Што понатаму со Преспанскиот договор? Дали сега ние имаме концепт што ќе правиме? Во 26 амбасади немаме човек, како во мултилатерала и билатерала ќе бидеме активни?, вели Силјановска Давкова.- Владата е машка, а тука имаше феминистки кои маршираа, а како само 4 се, наспроти 16 мажи, против сум вечното менување од пратеник во градоначалник и во министер, тоа е опасно. Ги гледам колегите за внатрешни и за одбрана, а најопасно е да бидете на таа функција повеќе пати од познати причини и не постои министерство за политички системи и односи меѓу заедници, тоа е измислена категорија, а оној предлог за министер кој ќе управува за справување со корупцијата апсолутно е незамислив, затоа што министрите се потенцијални клиенти во корупцијата и тоа мора да биде тело надвор, имаме Антикорупциска комисија, нагласи Силјановска Давкова.

Македонија | пред 5 години

pavle-trajanov-web

Трајанов предлага затворска казна за злоупотреба на власта за влијание при вработување

Демократскиот сојуз предлага кривична одговорност и затворска казна од три години за тие што ќе ја злоупотребат власта за влијание при вработување.Претседателот на партијата, Павле Трајанов, на денешната собраниска седница кажа и дека  се неопходни уставни промени со цел да се јакне одговорноста на извршната власт, посебно на претседателот на Владата и министрите и да се зајакне самостојноста на институциите, надлежни за откривање и спречување на тешките облици на криминал.Тој кажа дека се потребни системски промени заради департизација на сите институции.„Нема правда без кредибилно судство, затоа треба да се создадат уставни претпоставки за ревизија и разрешување на судии и јавни обвинители, како и нивна кривична одговорност, доколку ги кршат законите. Во услови на парализа на Парламентот, треба да има можност претседателот на државата да го распушти Парламентот. Треба да се преиспита и примената на правилото на Бадентер, кое во некои сегменти се јавува како кочница за функционирање на правната држава (избор на јавен обвинител, судии и сл,.). Во уставот точно е наведено кога е потребно двојно мнозинство и треба до тоа да се држиме, а не креативно да ги толкуваме уставните одредби“, рече Трајанов.Тој, исто така, предлага намалување на бројот на пратениците од 120 на 90, намалување за 30% на министерствата и укинување на бројните паралелни агенции, дирекции, регулаторни тела и сл,.Трајанов предлага и една изборна единица.„Со овие промени, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе се демонтира “еднопартискиот систем” на владеење. Треба да се направат промени во Изборниот законик за да сите учесници во изборниот процес имаат исти стартни основи и шанси“, кажа Трајанов.Тој, исто така, предлага да се формира Совет за национална безбедност со кој ќе раководи претседателот на државата, да поминат низ, како што кажа, “сито” сите припадници на службите за безбедност и вработените во другите институции кои работат на откривање на криминалот.Според Трајанов, неопходно е кадровско прочистување на службите за безбедност.

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери: Во кој парламент има лупање на маса и викање? Ако не, да се степаме сите тука!

Собранискиот спикер Талат Џафери видно нервозен, ги искара пратениците и Игор Јанушев поради речникот употребен на говорницата и навредливите зборови кои си ги упатуваат пратениците.  Пратеникот Игор Јанушев во своето завршно обраќање, удираше врз говорницата во собраниската сала, за што заработи силен аплауз од сопартијците, но и опомена од спикерот Талат Џафери.„Во кој парламент има лупање на маса и викање? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене. Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам, Игоре, остро му се обрати Џафери на Јанушев. Треба да знаете дека сте во собрание, а не на партиска конференција. Не сте веќе во кампања и таму тоа не се прави“, му се обрати Џафери на Јанушев.Реакциите на пратениците следа по говорот на пратеникот Игор Јанушев кој го нарече Заев топ-шоп мандатар зошто тој секогаш велел и ветувал дека може повеќе.

Македонија | пред 5 години

soobrakajna-nesreka

Кумановец загина во сообраќајка, со автомобил удрил во паркиран камион

Педесет и петгодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Куманово-Крива Паланка.Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 18.40 часот  кај селото Младо Нагоричане кога „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З.Д.(55) од Куманово удрил во паркиран камион „ивеко-тракер“ со скопски регистарски ознаки паркирано од В.Р.(39) од Скопје.Со повреди се здобил З.Д. кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош, каде починал.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев кон Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ без став и без храброст, ги преспа сите важни прашања за иднината на државата

Веројатно е тешка помислата дека уште четири години треба да бидете опозиција, посочи претседателот на СДСМ и мандатар Зоран Заев во реплика кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.- Сите крупни одлуки, сите важни прашања ги преспавте, немавте  став, немавте храброст кога требаше без разлика на политичка партија и кариера да се носат одлуки за перспективата на државата, немавте храброст ниту како власт, ниту како опозиција, рече Заев.Во обраќањето, Заев нагласи дека доаѓа време како членка на НАТО, со добиена одлука за почеток на преговори, низ поглавјата и преговорите, да се отворат сериозни економски перспективи за сите граѓани.- Денес сме 30 земја членка на НАТО, има одлука за почеток на преговорите, на таа одлука 15 години чекавме. Невработеноста ја намаливме од 24,5 на 16,2 отсто. За 5.500 денари се покачени просечните плати, посочи Заев додавајќи дека сето тоа заслуга конкретно на Владата предводена од СДСМ за само три години.Претседателот Заев на крајот им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го променат односот, да бидат конструктивна опозиција, да престанат со заканите, затоа што со такви закани изгубија на изборите.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Убава вест: Нови позитивни 39 случаи, а оздравени 48 пациенти од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4.Починати се 4 лица, двајца  пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330,  бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5901, активни 854• Куманово 1471, активни 378• Дебар 252, активни 84• Штип 1134, активни 148• Прилеп 463, активни 115• Тетово 1210, активни 163• Струга 562, активни 60• Велес 270, активни 31• Битола 203, активни 39• Охрид 337, активни 34• Кавадарци 182, активни 80• Гостивар 789, активни 237• Гевгелија 51, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 65, активни 21• Крива Паланка 46, активни 17• Радовиш 42, активни 6• Крушево 16, активни 0• Кочани 145, активни 29• Пробиштип 80, активни 14• Демир Хисар 60, активни 16• Македонски Брод 71, активни 18• Пехчево 18, активни 12• Берово 57, активни 48• Валандово 9, активни 2• Виница 70, активни 36• Делчево 59, активни 50 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 19, активни 4• Свети Николе 288, активни 64• Кичево 269, активни 66• Ресен 146, активни 0• Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 817 теста се преку: ИЈЗ- 196, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-148,  Биотек-178, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –92, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-0,  ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6  позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 108• Гази Баба – 102• Аеродром - 107• Карпош – 88• Центар – 81• Кисела Вода – 100• Ѓорче Петров – 55• Бутел - 66• Шуто Оризари – 32• Студеничани – 25• Сарај – 25• Арачиново – 15• Илинден – 14• Сопиште – 6• Чучер Сандево – 4• Петровец – 10• Зелениково - 3• Странец – 9• Нераспределен – 1

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: ДУИ ги внесе во владината програма Монструм и Дива Населба, бараме храбар пратеник кој ќе ги предложи Карпалак, Вејце и Љуботенски Пат

Зоран Заев во новата владина програма за која два дена се расправа во Собранието, предвиде и вети испитување на случаите за кои се заинтересирани од ДУИ, како што се Монструм, Дива Населба и други,  се вели во соопштението од Единствена Македонија.Единствена Македонија повикува било кој од 120 - те пратеници како овластен предлагач според Уставот и Деловникот на Собранието, на денешната собраниска седница да побара проширување на владината програма и со испитувањето на случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце  и Љуботенски Пат.Единствена Македонија верува дека ќе се најде пратеник во македонскиот парламент со силна национална и патриотска определба кој ќе предложи во Собранието во владината програма да влезе и расчистувањето на случаите во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.За Единствена Македонија нема дилема. Загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја, мора да се расчисти.Дотолку повеќе, испитувањето на случаите со македонските бранители може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција знаат што се случи, односно, постојат оперативни документи во кои детално се опишани учесниците од терористичката ОНА а сега камуфлирани во политичката партија ДУИ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 5 години

janusev

Јанушев: Заев повторно ги ветува истите лаги за подобар живот, а имаме нов ТАТ и 40.000 невработени

Ветуваа 30.000 денари плата и тоа не е се, овие избори таа плата е зголемена на 34.000 денари, тоа ќе беше одлично ако првичниве 30.000 денари успеаја да ги постигнат, но како за се останато лага до лага, изјави Игор Јанушев, пратеник и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.- Ги слушаме повторно по не знам кој пат ветуваат нов Клинички, клиничката болница во Штип и дополнително не се застанува, можат уште повеќе, арно ама нема ни нов Клинички центар, клиничката болница во Штип како ја затекнавте, сега е полоша ситуација. Ветуваа едноцифрена стапка на невработени, но небулозата е толку поголема што го ветува во моментот кога во Република Македонија има 40.000 нови невработени. Навистина се една Топ Шоп влада, истакна Јанушев.Тој додаде дека Заев ветуваше намалување на долгот, а тој ист долг изнесуваше 4,8 милијарди евра, а денес ја надминува цифрата од 6 милијарди евра. Ја донесоа овие Топ Шоп политичари државата во ризична зона и тоа според Мастришките критериуми на ЕУ, истата за која добивавме 5-6 парти датуми, се сликаше половина од оваа екипа во авион и славеше.- Ветуваше и стабилна економска политика, тоа го ветуваше и вчера, ветува истовремено кога го имаме новиот ТАТ, среќна нова 1996, Еуростандард банка пропаѓа, а нашиот Топ Шоп премиер ветува економски политики. Тоа што видовме од изјава од самиот Топ Шоп мандатар дека знаел за проблемите на банката и не презел ништо , затоа што може повеќе и подобро. Тоа што 2.500 вработени од Македонски пошти се оставени на милост и немилост, тоа не е важно за нив, поминаа изборите. Слушнавме вложување во култура во истиот момент кога за културните работници нема плата, изјави Јанушев.Тој посочи дека се ветуваа чесни кадри, докажани, ама гледаме тука такви, ниту еден нема таков, затоа што до вас е Шекеринска синоним за транзиционен и неуспешен политичар, кој во своето CV има афери, бонбона бизнис како продажбата на ЕСМ, аферите со становите, потенцијална вмешаност во афера Рекет и спорните набавки, тендери во министерството за одбрана.- Или можеби кадарен е господинот Николовски, човекот кој ја измисли корупцијата во земјоделието ќе биде вицепремиер за антикорупција. Најнеуспешниот министер на кој му го криеја факсимилот и печатот додека бил министер. Човекот кој за само една година стана милионер како што се слуша по медиумите. Или Филипче кој нема еден тендер да не биде пропратен со скандал. Македонската јавност не заборави на Диамед, за сплетките со Ден Дончев, ќе дојде време кога ќе понесете одговорност. Ако вашиот советник го нарекувавте министер за смрт, како треба вас да ве нарекуваме со 600 починати луѓе? Си диригираат во судството како сакаат, преку „трас трас“ Русковска, Димишкови, а концептот за демократија го разбираат со апсење на новинари, и ги лажеше семејствата на децата од Смилковско езеро, го ослободи убиецот на Мартин Нешковски, нагласи Јанушев.

Македонија | пред 5 години

Komunalna

Акција за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните, еве ги деталите ...

Жителите на градот Скопје коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт со специјалните возила на ЈП Комунална хигиена, стои во објавата на Фб од ЈП. Тие додаваат:Со воведените измени на услугата, граѓаните ќе имаат можност да ја одберат опцијата нивниот кабаст отпад да биде преземен директно од внатрешноста на домот, без разлика дали станува збор за индивидуални или за колективни домаќинства.Услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните се наплатува согласно ценовникот на ЈП „Комунална хигиена“.Бесплатен телефонски број 0800 222 33https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/a.219627424750144/3404446676268187/?type=3&theater

Слајдер | пред 5 години

20200830_081236

(ФОТО) Охрид и Струга обединети за поддршка на пациентите со ретки болести

Успешен спортски ден во Охрид и во Струга. Спортисти, пријатели, роднини и поддржувачи на лицата со ретки болести во Охрид на Охрид трчаТ денес повторно подадоа рака за подигање на јавната свест за потребите на пациентите со со ретки болести.Во Струга пак кајакарите од , Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ и хотел „Боград Apartments and lounge station“ од Струга со поддршка на Ретки болести Охрид,  прв пат годинава веслаа и пратија порака за пациентите со ретки болести дека не се невидливи и не се сами!Тимбилдингот на ретките на Охрид трчаТ беше поддржан и од вработените во Министерство за здравство.„ И оваа година трчаме но и за прв пат веславме за лицата со ретки болести за кои не постои терапија во светот. Од 8000 ретки болести во светот, само за 5% постои некаква терапија која ќе им го подобри квалитетот на живот.Додека се истражуваат лекови единствен начин да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со дијагнози за кои нема лекови е да се обезбедат социјални услуги и вклучување во сите сфери на животот.Трчавме и веславме за подобри услови за рехабилитација (физичка и психичка), за психолошка помош и поддршка, за навремени и точни информации, за физиотерапија во соодветни услови во сите градови, за дневни центри во кои децата може да се дружат, за воведување на подобри услови за клинички студии, за compassionate use на лекови.. Трчаме, весламе и почитуваме мерки, истакна Лолеска Гордана .

Македонија | пред 5 години

ratka-dimitrova

Почина Ратка Димитрова виолинистка и пратеничка во првиот парламентарен состав

На 80 годишна возраст , ненадејно почина Ратка Димитрова, долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и пратеничка од првиот парламентарен состав во независна Македонија. Димитрова беше и координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, од 1991 до 1994 година.По повод смртта на Димитрова, сочувство испратија од нејзината матична партија.-ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за смртта на г-ѓа Ратка Димитрова која беше пратеник и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во првото плурално повеќепартиско Собрание.Димитрова со својот ангажман има придонесено во развојот на демократските процеси и е сведок и учесник на трансформацијата на македонскиот повеќепартиски систем.Како дел од почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во парламентарниот живот е активен сведок и придонесува за осамостојувањето на институциите на државата.Оттука ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство по повод тажната вест за нејзината смрт“.

Македонија | пред 5 години

MEGA7994

Врвни македонски уметници ја затворија музичката програма на годинешното „Охридско лето“

Музичката програма на 60-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер беше затворена со премиерна изведба на извонредниот концерт „Музички пријателства“ на врвната македонска обоистка Гордана Јосифова-Неделковска.Во предворјето на црквата „Света Софија“ пред бројната публика,  поетесата на обоа како што ја нарекува стручната критика, настапи заедно со познатиот македонски флејтист Страшо Темков, виртуозот на гитара Влатко Стефановски и младата пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска.-Програмата беше нестандардна, конципирана во три блока, премиерна изведба. Гости беа моите најблиски соработници, музички пријатели, доцент Елена Атанасовска-Ивановска со која имам реализирано бројни концерти во странство и е вистинско уживање да се настапува со ваков врвен пијанист, професор Страшо Темков со кого другарувам и музицирам од најрано детство, музичката легенда Влатко Стефановски со кого одамна веќе ни се вкрстија патиштата и имаме реализирано одлична соработка. Привилегија е да се соработува со вакви уметници со големо срце и богата душа со кои сум толку духовно поврзана, така што во заедникото свирење, немаме потреба за никаков вербален договор, изјави Јосифова-Неделковска.Музичката вечер започна со прекрасната изведба на Арија од Свитата бр.3 од Јохан Себастијан Бах, на флејта и обоа, која само го наговести совршено одбраниот репертоар, а потоа следуваа композиции од Веруст, Пјацола, како и познати дела на светскиот композитор и диригент Енио Мориконе.Виртуозите на обоа и гитара, Јосифова-Неделковска и Влатко Стефановски изведоа обработки на македонските народни песни „Си заљубив едно моме“ во аранжман на Сашо Ливрински, „Јовано, Јованке“, „Касапско оро“ и „Gipsy song“ аранжирани од Васко Атанасовски, како и „Не си го продавај Кољо чифликот“ заедно со флејтистот Темков.-Беше вистинско уживање и голема инспирација изведбата на овие прекрасни традиционални нумери од изворната македонска музика, особено што беа во изведба на виртуозот Влатко Стефановски. Најавувам дека ќе продолжам со ваквите проекти, рече обоистката.За прекрасно поминатата вечер, публиката постојано ги наградуваше македонските уметници со долги, бурни и стоечки овации.-Оваа премиерна програма публиката ја прими одлично. Стоечките овации, големите аплаузи, солзите во очите на публиката се потврда дека реализиравме еден успешен проект којшто набрзо ќе го реализираме во Скопје, а и надвор од државата. Голема благодарност до менаџментот на „Охридско лето“ за поканата да бидам дел од  ова фестивалско издание. Честитки за целиот тим на фестивалот којшто во ова време-невреме кога многу европски фестивали не успеаја да ја кренат завесата, „Охридско лето“ во целост ја реализира предвидената програма.Како никогаш досега, ни е потребно силно да ја доживуваме музиката, да дозволиме да ни ја оплемени душата и да не направи подобри луѓе, додаде Јосифова-Неделковска.Крајот на магичната ноќ даде дополнителен белег на програмата со изведбата на композицијата „Обоата на Габриел“ од Мориконе.-Темата „Обоата на Габриел“ на Енио Мориконе од филмот „Мисија“, Гордана ја имаше честа и беше благословена да ја свири со маестро Енио Мориконе. Јас бев на концертот и се разбира, горки солзи ронев додека ја слушав.Секогаш кога ја слушам или свирам оваа тема влегувам во друга состојба на духот, рече на синоќениот концерт гитаристот Стефановски.На покана на легендарниот Енио Мориконе, Гордана Јосифова-Неделковска настапи заедно со него на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ во 2009 година.Врвната обоистка покрај долгогодишната работа како селектор на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ во периодот од 2007-2016 е носител и на повеќе функции во музички организации, во два мандата е продекан на ФМУ- Скопје, а од 2009 година е избрана за декан на овој факултет кој го води во два последователни мандати.Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија меѓу кои „13 Ноември“,„Виртуози“ во категоријата меѓународна афирмација, а одликувана е и со престижниот орден на Република Франција – „Витез од Редот на уметности и книжевност“ што се вбројува во четирите најважни одликувања во Франција. Успешноста на нејзиното делување е потврдена и со едно светско признание – во 2004 година од Уредничкиот одбор на Американскиот биографски институт таа е номинирана во категоријата „Успешни жени на 21 век“.

Македонија | пред 5 години

nina-angelovska-010-960x540

ВМРО ДПМНЕ: Нина Ангеловска на својата фирма исплатила државна помош

Министерката на Зоран Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија, обвинија на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај. Фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии, Нина Ангеловска во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма „ВебСпот“, фирма регистрирана за интернет трговија, рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.Тој покажа документи од Владата на Република Македонија, како што кажа, на тие што доделиле помош, а фирмата „ВебСпот“ помош добила на 8.јули на 12.јуни и на 19.мај годинава.Постојат сериозни сомневања дека Нина Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој што беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата, рече Стоилковски откривајќи дека на 8 јули годинава Ангеловска земала 210.909 денари, на 12 јуни земала 224.750 денари државна помош и на 19 мај 224.750 денари од помош од антикризните мерки за време на епидемијата со ковид, или вкупно, 600 илјади денари.Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа државната антикорупција да отвори предмет по овој случај. Стоилковски порача антикорупционерите да покажат храброст без разлика дали постои или не притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има!, рече тој.Стоилковски додаде дека ова е втора злоупотреба на позицијата во низа на Нина Ангеловска откако јавноста дозна дека навреме ги извадила нејзините 250 илјади евра од пропаднатата Еуростандард банка.

Македонија | пред 5 години

118666164_735494663695113_567175837052912278_o

Бачев: Знаел ли некој дека госпоѓата некогаш била пратеничка ?

Јанко Бачев12 ч.  · Госпоѓава била пратеничка од 2014 до 2020. Ако медиумите не ја претставија како поранешна пратеничка, прашање е почитувани пријатели дали го знаете нејзиното име и дека била пратеничка. Со ова се потврдуваат моите пишувања низ годините дека најголем дел од кандидатите за пратениците ги бираат по послушност и да знаат во Собранието да го разликуваат црвеното од зеленото копче при гласањето. И толку!А на госпоѓава баш и е гајле за идеологија и реформи во ВМРО-ДПМНЕ, туку е налутена што не ја ставија на листа и на овие избори како што се налутени и останатите топтан со Мијалков кои се исшутирани од партијата.Кога само ќе ми текне колку нас не обвинува пред изборите дека сме одработувале за Заев оти не сме настапиле на изборите заедно со ВМРО-ДПМНЕ, па што да се каже за овие на кои ВМРО-ДПМНЕ има даде се во животот – кариери, богатства, функции, егзистенција… а сега забиваат нож во грб во интерес на најголемиот бандит Мијалков!

Слајдер | пред 5 години

118620303_1393857417479384_7182812928490756477_n

Можна отштета за чистење на „легалните“ дивоградби во Охрид

Во Општина Охрид велат дека станува збор за наследени проблеми коишто се обидуваат постепено да ги решаваат. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека уривање на сите бесправно изградени објекти е невозможно. Тој укажува дека промените на законската регулатива со која се овозможи легализација на бесправно изградените објекти создала аномалии. Според него, државата во некои случаи би била принудена да плати отштета доколку реши да отстрани одредени дивоизградени објекти.„По законот за бесправно изградени објекти и нивна легализација, во 50 метри може да се легализира само А1, значи домување, меѓутоа и тој бесправен објект не се вклопува во урбанистичкиот план. И тоа е еден, да речам меѓу-простор, значи тој објект ќе е легален но нема да биде во урбанистички план, за утре државата ако реши тој потег да го чисти, ќе треба да го отстрани и ќе треба да му плати отштета на сопственикот на тој објект којшто претходно по закон го легализирал. Сѐ друго ќе биде предмет на отстранување и тоа е една процедура којашто ќе продолжи цела година, ќе продолжи и наредната година, може јас нема да сум градоначалник, друг градоначалник ќе треба да продолжи“. - изјави Георгиевски за samoprasaj.mkОд Општината признаваат дека за сегашната состојба вина треба да се бара и во бавното урбанистичко планирање. Но, загрижувачки е што оттаму најавуваат дека во иднина ќе евалуираат дали одредени дивоградби можат да се вклопат во новите урбанистички планови, што остава простор за сомнеж дека при планирањето главна водилка може да биде желбата да не се урне нечија дивоградба. И покрај сите слабости, во Охрид и понатаму се гради. Општината продолжува да издава одобренија за градба иако една од препораките на УНЕСКО беше да се прогласи мораториум на каква било урбана и крајбрежна трансформација во рамките на светското наследство.Мораториумот требаше да важи додека не се донесат сите релевантни плански документи (план за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, план за крајбрежјето што е заснован врз исклучителната универзална вредност итн.), да се усвојат сите правни акти што се неопходни за ефективна заштита на доброто и да се воспостават соодветни контролни механизми.Од сите наведени работи, донесен е само Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион. Од Општината велат дека одобренија за градба за издаваат само за објекти коишто се усогласени со овој план.Целиот текст со клик на SAMOPRASAJ.MK

Македонија | пред 5 години

korona-1

Скопје на пиедесталот во заразени со ковид-19, бројката на заболени се искачува

Со последните регистрирани случаи на заразени со корона вирусот, 131, вкупната бројка на активно заболени во земјава се искачи на 2.683, од кои најмногу 856 се во Скопје и 377 во Куманово, додека без регистрирани активни случаи се градовите Ресен и Крушево.Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 14.293.Додека Дебар и Кичево се без новозаразени во последните 24 часа, Делчево со десет нови случаи е меѓу градовите со најмногу заразени.Во Кичево вчера не се регистрирани нови заразени, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 остана на 269 лица, од кои 70 се активни, 187 се излекувани и 12 лица се починати.Со денешната бројка, активни на коронавирус во моментот во Пијанечко-малешевскиот регион се 110 пациенти од кои 48 во Берово, 39 во Делчево, 12 во Пехчево и 11 во М.Каменица.Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрира 81 оздравен пациент и шест починати, со што бројката на оздравени пациенти е 11.014 и 596 починати.

Скопје | пред 5 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Секој ден се повеќе казнети бидејќи не се носат маски

Мерката за носење на заштитна маска, во изминатите 24 часа, ја прекршиле 415 граѓани, односно толку прекршоци регистрирало Министерството за внатрешни работи.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

0EFA8A79-71ED-4688-B0F9-F9E148842853

Патриотски протест со владика во Скопје: Со песна ќе го искажеме револтот

Протест наречен „Семакедонски народен собор“ е најавен на социјалните мрежи за попладнево пред седиштето на Европската унија во Скопје, против, како што велат организаторите, „омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.“Протестот треба да почне во 17:00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски“, а планирано е учесниците потоа да се движат кон Собранието.Пред една недела, собирот преку видеопорака го поддржа митрополитот на МПЦ-ОА Агатангел, кој рече дека тој е инициран од „група млади поттикнати од љубовта кон земјата, а разочарани од немањето македонска национална политичка партија“.„На овој семакедонски собор групно со песна ќе се појде до македонскиот парламент да се искаже незадоволство прво кон промената на светото македонско име, промената и непризнавањето на македонскиот јазик, непризнавањето на МПЦ, која е столб и тврдина на оваа света македонска држава. На демократски начин да се избориме за нашите права“, вели во пораката владиката Агатангел, кој ги повикува присутните на протестот да ги почитуваат сите заштитни мерки против ширењето на коронавирусот.

Скопје | пред 5 години

skopje-7

140 илјади станови се под хипотека, а најбарани во Аеродром

Под хипотека во државава се 12,8 проценти од становите. Од вкупно впишани 1.095.579 хипотека има на 140.571, покажуваат податоци од Регистарот на цени и закупнини од почетокот на април до крајот на јуни годинава.Во вториот квартал, споредено со првиот квартал кога настапи пандемијата со Ковид-19, има намалување на купопродажбите со недвижности, односно регистрирани се 562 трансакции помалку, а кај закупите намалувањето е за 1.347.Најголем број станови под хипотека има во Скопје, каде од вкупно 321.430, заложени се 69.668 станови или 21,67 проценти. По главниот град следат Неготино со 2.413 станови или 18,6 проценти, Гевгелија со 16,5, Кавадарци со 14 проценти, Битола со 13 проценти и Штип и Кочани со по 12 проценти, Струмица со 11,9 проценти…. Кратово, пак, е општината со најмалку станови под хипотека, само 1,34 проценти, како и Македонски Брод и Крива Паланка, со по 1,71 и 2,4 проценти.Споредено со првиот квартал, во вториот квартал во главниот град има 1.259 повеќе впишани хипотеки, односно нивниот број се зголемил од 68.409 на 69.668.Податоците од Регистарот на цени и закупнини покажуваат и дека во вториот квартал годинава се намалени купопродажбите на недвижности за 562 трансакции во однос на истиот квартал од минатата година. Најголемиот број продажби припаѓаат на становите, односно 42 проценти. Споредено со првиот квартал, во второто тримесечие годинава има зголемување на продажба на становите за девет проценти. За исто толку проценти пак се намалил бројот на трансакции со земјоделско земјиште, односно од 36 проценти во првиот квартал на 27 проценти во вториот. Градежното земјиште во овој квартал учествува на пазарот на недвижности со 14 проценти, куќите со девет проценти, деловните простори со четири проценти, останатите недвижности со 3 проценти и индустријата со еден процент од пазарот на недвижности.Најголема активност на пазарот е забележана во јуни, кога имало 1.381 продажба, а најмала активност во мај, односно 873 продажби. Во април се регистрирани 943 продажби на недвижности.Анализата од Регистарот покажува и дека најголем број продадени станови има во општина Аеродром, односно во овој период се продадени 343 станови, додека пак најголем број продадени куќи, 31, има на територијата на општина Битола.Во Општина Центар, пак, се забележани најмногу продажби на деловен простор, 18, а најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општините Куманово, Битола и Чешиново и Облешево со по 30 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Сарај со 76 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 13 индустриски објекти и тоа во поголем број општини.

Македонија | пред 5 години

3A2876AB-51DB-4ADF-9569-5D341B82554C

На Ќафасан и натаму гужви, најмногу се чека за излез

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути, информира АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата Пресека – с. Врбјани, помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути, поради минирање.Поради поставување на канализациона мрежа во с. Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Протести во Скопје, повеќе улици ќе бидат затворени

Поради протест, кој е најавен за денеска во 17 часот, во центарот на Скопје ќе има изменет сообраќаeн режим, соопшти МВР.Протестот ќе почне пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски“ и ќе продолжи по бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“ до пред Собрание на Република Северна Македонија.Затворени за сообраќај од 15 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул.„Кирил и Методиј“, бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„11-ти Октомври“, ул.„Македонија“ и ул.„Даме Груев“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин“, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бул.„Партизански Одреди“, ул.„Павел Шатев“, ул.„Антон Попов“ и други околни сообраќајници.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.Минатата недела повеќе македонски здруженија најавија дека ќе учествуваат на протест против, како што велат, омаловажување на македонскиот национален идентитет и достоинство. Повик за семакедонски собир пред канцеларијата на Европската Унија испрати и владиката Агатангел.

Скопје | пред 5 години

jorgo-1

ДЕМОКРАТИ: Единствен критериум за вработување да биде стручноста, а не партиска или етничка припадност

За жал во нашата држава има повеќе критериуми за вработување во јавната администрација, но два критериуми се најштетни, по основа на партиска или национална припадност, се вели во соопштението од Демократи.Тие додаваат:Не е ни чуди дека јавната администрација брои повеќе од 130.000 вработени и повеќето од овие вработувања се креирани на политичка и национална основа. Иронијата и штетата да биде уште поголема има луѓе кои седат дома и земаат плата од времето на Рамковниот договор, потпишан на 13 август, 2001 година.ДЕМОКРАТИ крајно го осудуваат ваквиот начина на вработовање од страна на политичките партии СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ, кои не само што не е фер и демократски, исто така е крајно штетен за економијата и моралот на граѓаните кога бараат работа.ДЕМОКРАТИ бараат итно да им се укинат работните места на сите „вработени“ по етничка основа (лажни вработувања), кои седат дома и земааат плата со години.Надлежните кои ги креираа овие лажни работни места да бидат кривично прогонувани и да ја надокнадат финансиската штета на државниот-народниот буџет на Македонија!ДЕМОКРАТИ предлагаат итно да се донесе закон за вработување во јавната администрација, во кој закон единствен критериум за вработувањето ќе биде квалитетот, стручноста, работното искуство, а не политичката и етничката припадност.

Македонија | пред 5 години

Lukarevska

Лукаревска: Новата Влада е Влада на континуитет и најдобрата опција за сегашноста и иднината на државата

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во денешното обраќање во Собранието посочи дека сите треба да сме горди затоа што ова е  прва собраниска дебата за избор на нова Влада во која нашата држава е полноправна членка на НАТО и започнува преговори со Европската унија.- До денес сите изборни соочувања биле историски и раскрсници, како и последниве. Граѓаните одлучуваа дали ќе дадат поддршка на прогресивните сили или ќе не вратат назад во мрачното време кога се трагаше по античките корени и хунзите, истакна Лукаревска.Таа посочи дека победата на СДСМ и коалицијата Можеме е потврда дека граѓаните се определија  за членството во НАТО, за почеток на пристапни преговори со ЕУ, за длабоки внатрешни реформи чија круна е прочистување на судството, испорака на правда и владење на правото, а тоа ќе донесе економски развој и подобар животен стандард.Обраќајќи се кон пратениците од опозицијата, Лукаревска подвлече дека на државата и е потребна модерна опозиција која наместо да ги опструира процесите, ќе стане партнер во градењето на Европска Македонија.Таа пред собраниската говорница зборуваше за предизвиците со кои се соочи Владата предводена од СДСМ изминатиот перод од три години, како и соочувањето и справувањето со најголемата здравствена и економска криза предизвикана од корона вирусот.- Ова е Влада на континуитет и нова надеж и Влада која излезе со програмска понуда за следните 4 години, каде се  детектирани сите претходни слабости  и земени се предвид пораките на граѓаните и тоа што од нас бараат да го испорачаме, рече Лукаревска.Таа истакна дека предложените министри се чесни, искусни, одговорни и работливи луѓе, а пред нив се нови стратешки цели и носење одлуки за и во интерес на граѓаните.- Искрено верувам дека е ова најдобрата опција за сегашноста и иднината на Република Северна Македонија и затоа ќе го дадам мојот глас, заврши Лукаревска.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања