Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

tepacka-zeni

37 годишна жена физички нападнала две девојки на 23 и 24 години

Две девојки на 23 и 24 години пријавиле дека 37 годишна жена физички ги нападнала откако претходно се расправрале со нејзиниот сопруг.Причина за расправијата била сообраќајна незгода. Полицијата бележи физичка пресметка во угостителски објект, како и закани по живот за жена од сопругот.-Во СВР Тетово вчера Б.О.(24) од тетовско Нераште и А.С.(23) од тетовско Слатино во СВР Тетово пријавиле дека околу 15 часот во Нераште физички биле нападнати од 37-годишната В.Т. од ова село, откако претходно вербално се расправале со нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.Тетовската полиција вчера бележи физички пресметка околу 20 часот помеѓу сопственик на угостителски објект и гостин.-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на улица „121“ во Тетово, со физичка пресметка помеѓу С.С.(24), сопственик на објектот и Ќ.Ц.(38), кој престојувал во објектот, двајцата од Тетово. На пресметката и претходела нивна меѓусебна вербална расправија во угостителскиот објект. Двајцата инволвирани во тепачката приведени се во Полициската станица Тетово и се расчистува случајот, соопшти СВР Тетово. 

Македонија | пред 5 години

JSP

Од утре повторно ќе важи бесплатниот превоз за средношколци

Од ЈСП Скопје информираат дека од утре, вторник (1.09.2020 год) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз.Тие потсетуваат дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

Скопје | пред 5 години

korona-test

Убава вест, од 450 тестирања 11 позитивни случаи во земјава

Во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 3-Куманово 1-Тетово 1-Гостивар 1-Гевгелија 1-Крива Паланка 1-Берово 1-Виница 1-Делчево 1Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г).Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од:-Скопје 44-Штип 16-Прилеп 3-Велес 2-Кавадарци 4-Гостивар 2-Гевгелија 1-Струмица 2-Кочани 2-Пробиштип 1-Македонски Брод 2-Виница 3-Свети Николе 11-Кичево 1-Неготино 1Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2479030225737329/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica-6

Пратеникот Зибери: Не се чувствував добро, затоа решив да гласам согласно протоколите - сам во кабината

Пратеникот Арбен Зибери, откако синоќа гласаше за новата влада од посебна просторија во Собранието, изолиран од другите пратеници, денеска се огласи во јавноста. Тој појаснува дека не се чувствувал добро, но се уште не знае дали е заразен со корона вирусот.-Би сакал да ве известам за дилемите што се шират вчера во моментот кога требаше да присуствувам на Собранието на Северна Македонија на состанокот предвиден да гласам за формирање на Влада.Од утрото не се чувствував добро и за да не го загрозувам здравјето на другите, во соработка со претседателот на Собранието како и со колегите, решив да гласам согласно протоколите или сам во кабината, без никаков контакт со другите, напиша Зибери на својот ФБ профил.Тој додава дека се уште не направил тест за да знае дали е заразен со корона вирусот.-Јас не го направив тестот за да разберам дали сум ПОЗИТИВЕН на „Ковид-19“, затоа ги молам медиумите и порталите не манипулираат.Здравје на сите!, напиша Зибери.https://www.facebook.com/arben.ziberi.3/posts/3356540034385349 

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: Нема да поднесам оставка, ќе се борам против сите кои служат на Заев!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.Причината зошто до сега се воздржував од јавни настапи беше со цел да оставам простор јавноста многу прецизно да го види целото она препелкање на власта, немањето на капацитет и нивната желба по секоја цена да ги задржи позициите и функциите кои им се извор за лично богатење, тендери и скандали, како и нивните инсталации, оние кои по сопствена волја им помагаат и одлучија да биде фокус ВМРО во овој период кога државата ја мачи СДСМ и се она што денес преставува Заев. Така денес имаме нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри.Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние кои не ги исполнија. Ништо ново, ветуваат просечна плата од 600 евра кога неисполнија ветување од 500 евра. Па во меѓувреме, од митинзите пред избори до вчерашната собраниска седница си го намалија сопственото ветување па ветуваат 570 евра просечна плата, која исто така најверојатно нема да ја исполнат, истакна Мицкоски.Првата работа која ќе ја направеле ќе била уривањето на дивоградбата во Мавровка, откако се запали објектот и се градеше 4 месеци во мандатот на владата водена од СДСМ. Самите дозволија да се изгради и сега ќе ја уривале. Какво лицемерие. И најголемото е она кога Заев ветува дека ќе се борел за правда, човекот кој едно исто со криминалот во земјава. Тоа е владата со истите луѓе кои го правеа рекет, кои направија шума од стеблата со непотизам, тендери во 4 очи, луј витон чанти, градоначалници шверцери.Влада водена од истите луѓе кои земјава ја вброија со Боцвана и Сенегал како хибриден режим, кои според Економист сме најкорумпирана држава во Европа, на листата на Транспаренси сме на 106то место последни во Европа, а во друштво со Сомалија, Брегот на слонова коска.Ова е истата влада која допринесе државава да нема ниту еден универзитет во 1000најдобри според Шангајската листа и влада во чие време се тепаат новинари, атакуваат медиуми, и постои селективен и медиумски атак врз опозицијата истурајќи гомила лаги за да се покријат скандалите на власта, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ.Тој додаде:Сериозноста со ковидот укажува дека имаме 600 починати до сега и ова е најголем број починати во Македонија предизвикани од некакво влијание и фактор по Втората Светска војна до сега. И луѓе секаде се заразуваат низ светот но според сите параметри земјава се справува убедливо најлошо во цела Европа. И не е само до менталитетот и недисциплинираното однесување на дел од граѓаните туку пред се поради немањето на систем и стратегија. А одговорен за тоа е Зоран Заев.Кризата ќе биде уште поголема и ако не се превземе итен активизам, сериозни мерки и протоколи последиците ќе бидат уште поголеми.Во економијата, имаме зголемување на долгот на една милијарда евра за 6 месеци, буџетски дефицит од 520 милиони евра за само 7 месеци. Во сериозна опасност ќе се доведе и редовната исплата на платите и тековните обврски. Следуваат потешки времиња, истакна Мицкоски.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ се осфрна и на изборниот процес:Ова е истата таа влада која го изведе најнечовечкиот, најбруталниот поткуп на избори на Балканот спроведен било кога. Имавме вонредни избори, а тие дојдоа затоа што Македонија не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Ако се прашувате зошто? Се виде пред изборите. Потрошија милијарда за еднократен поткуп а не за проекти. За пакети, за купување гласови. Ја газеа волјата на народот. А ние водејќи се од интересите на државата и водејќи сметка за европските приоритети и интереси не сакавме изборите да се претворат во тоа што беа, изборна кланица.Сакам и да се обратам на членовите на партијата. Не затекнавме партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и се уште е замрзнат, незаконски ќе потсетам. Со луѓе по затвори додека вистинските криминалци на слобода. И беше тешко. Многу внатрешни удари кои ги лепевме, правевме компромиси. Стигнавме до овде. Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. А ова денес е почеток на крајот на СДСМ.Ако ме прашувате каква иднина не чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина.Затоа што Македонија нема европска иднина со мафијашка коалиција, затоа што земјоделците кои сега не ги ни спомнуваат нема да го добијат потребното, затоа што сиромаштијата ќе се зголемува, затоа што младите ќе продолжат да си одат од земјата, затоа што квалитетот не се цени.Што се однесува до ВМРО ДПМНЕ Мицкоски најви жестоки протести есенва:Со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓани протести, бидејќи ова не е само моја битка туку на народот против неодговорната и криминална влада, истакна Мицкоски.И сосема на крај да одговорам на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, збор два за оние иницијативи кои одат во користсамо на СДСМ и Зоран Заев. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме.И додека сум жив а доколку тоа не сум има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему на Зоран Зае за да си го заштитат својот криминал.Зборат за вонреден конгрес но таква иницијатива нема стигнато ниту поднесено во архивата на партијата. Што значи тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев.Оние кои толку многу пати се огрешиле кон ВМРО-ДПМНЕ и кон народот не се никакво решение, туку завршена приказна. Товар кој мора да отпадне за да ВМРО-ДПМНЕ и народот победи. Тие не зборат за криминалот на власта, ама се со полна уста за опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Тој пакт на криминалот и политиката кој е мафија во државата ќе биде поразен. Таа мафија, тој политички брак на власта и дел од тоа политичко криминално подземје кое се нуди за опозиција на опозицијата за да ја спаси власта, кое направи милиони за себе, со чиновничка плата, ќе биде поразено.Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија. Или тие, или Македонија! ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на народот, и на Македонија и нема да биде заробено од оние чиј капитал го направија на тие свети букви.Македонија има јасна закана, и јасна цел, да ја собориме најпрво владата и мафијата која ја оддржува таа влада а потоа да си ја обновиме државата, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

Шест лица повредени, меѓу кои и дете, на патот Штип – Скопје

Синоќа во 20:45 часот било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, по клучката „Преод“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(46) од Скопје и „хонда џез“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Г.Ј.(34) од Скопје.Во несреќата со тешки повреди се здобиле сопатниците од возилото „хонда џез“, М.Ј.(32) и четиригодишно дете, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и возачот И.И. и сопатниците В.И. и З.А. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери се правда за пратеникот кој гласал од кабина: Не знаеме дали е заразен, дезинфициравме се

По реакциите во јаноста синоќа во Собранието беа прекршени сите безбедносни протоколи за заштита на јавното здравје и, преку противправно внесување на суспектен или заразен пратеник, беше ставено под огромен ризик здравјето на сите пратеници, објаснување од кабинетот на претседателот на собранието Талат Џафери.Тие велат дека пратеникот не бил воопшто на седница, затоа што не се чувствувал добро и дека истиот не е ни изолиран нити тестиран за КОВИД 19. Според нив од колегијален аспект Зибери го информирал претседателот на Собранието дека не се чувствува добро , по што Џафери по протоколот на здравствената комисија овозможил пратеникот да гласа на горниот кат во посебен простор определен за таа немена.Од кабинетот уште додаваат дека пратеникот дошол само во моментот на гласањето, по што по гласањето веднаш се вратил во лифтот и немал контакт со никого. По заминувањето на пратеникот се било дезинфицирано.Од кабинетот уште додаваат дека Претседателот на Собранието целосно и доследно ги почитува препораките дадени од комисијата за заразни болести. 

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov

Борисов му го честиташе реизборот за премиер на Заев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов му честиташе на Зоран Заев за изборната победа и за реизборот за премиер на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба во Софија.– Бугарија неуморно се залага за правото на граѓаните на Република Северна Македонија да бидат дел од европското семејство, рече премиерот Бојко Борисов во честитката до својот колега, пренесува Бгнес.Борисов истакна дека Бугарија останува доследна во поддршката за европската иднина на својот најблизок сосед, поттикнат од верувањето дека процесот на пристапување во ЕУ ќе биде клучен двигател за реформите и стабилноста.Бугарскиот премиер посочува дека кога тој и Заев лично го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, тие не само што отворија ново поглавје во историјата на билатералните односи, туку и му покажаа на светот дека земјите од регионот се доволно зрели, способни и амбициозни сами да ги решаваат своите проблеми.– Со тој чин, нашите две земји се обврзаа да работат на зајакнување на економската соработка, врските во образованието и културата, меѓу бизнисот и луѓето од двете страни на границата, му напиша Борисов на Заев. Борисов изразува уверување дека како и пред три години така и денес водечки фактор за политичарите е желбата да се обезбеди подобра иднина за граѓаните, бидејќи односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се развиваат на нивото на кое треба да бидат секогаш – на најблиски соседи и пријатели.Во честитката до Заев, Борисов додава дека двете земји треба да останат одговорни и посветени на исполнување на целите поставени во 2017 година со потпишаниот договор.– Во тој дух, искрено се надевам дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања наскоро ќе ги продолжи своите активности и дека членовите на Република Северна Македонија ќе покажат конструктивен став и јасна посветеност да се постигне согласност за прашањата што се дискутираат, додава Борисов

Македонија | пред 5 години

ohrid-kej-lugje-turisti-guzva

Македонија на второ место по смртност од ковид-19, на прво место Словенија, а потоа Косово

Македонија е на второ место во регионот по стапката на смртност од Ковид-19, објави црногорската агенција МИНА, која објавува официјални податоци од здравствените власти во државите.Најголема стапка на смртност има во Словенија, а на трето место е Косово.Стапката на смртност во Словенија е 4,69 проценти, во Македонија 3,99 проценти, на Косово 3,84 проценти, во Албанија 2,96 проценти, во БиХ 2,95 проценти и во Србија 2,27 проценти.Стапката на смртност во Црна Гора е 1,97 проценти, а во Хрватска 1,86 проценти.Македонија е на трето место од земјите во регионот по бројот на активни случаи на коронавирус на милион жители. На прво место е Црна Гора, а на второ е Косово, објави црногорската агенција МИНА.Во Црна Гора има 7.503 заразени на милион жители, 7.342 во Косово и 7.175 во Македонија.На четврто место е Босна и Херцеговина со 5.578, следат Србија со 4.480, Албанија со 3.222, Хрватска 2.417 и Словенија со 1.369 заразени на милион жители.Најголем број хоспитализирани на 100 илјади жители се регистрирани во Косово, по што следат Црна Гора и Македонија.Во Косово се регистрирани 20 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Црна Гора 18, во Северна Македонија 15, а во Србија девет хоспитализирани на 100 илјади жители.Најмногу тестирани на еден милион жители има во Србија, 131.889 на милион жители, на второ место е Црна Гора со 77.992, а на трето место е Словенија со 76.267.На четврто место е Македонија со 70.674 тестирани на милион жители, по што следат БиХ со 51.669, Хрватска со 40.617 и Албанија со 21.255 тестирани на милион жители.

Македонија | пред 5 години

zaev-zbogar

Жбогар: Честитки до Зоран Заев и членовите на владата

Амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар испрати честитки за изборот до премиерот Зоран Заев и членовите на новата влада.– Честитки до Зоран Заев и членовите на владата. Им посакувам успех во испораката на амбициозната програма за реформи, во интерес на граѓаните и во корист на патот на МК во Европската Унија. Потребно е единство на сите засегнати страни во општеството за брзо напредување на агендата на ЕУ, напиша амбасадорото Жбогар на Твитер.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пораки од Вархеји и Хан за новата македонска влада

Европската Комисија сѐ уште не реагирала официјално на формирањето на новата влада во Северна Македонија, но еврокомесарите на своите Твитер налози упатија свои пораки, јави дописничката на МИА од Брисел.Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, порача дека „со нетрпение“ очекува да соработува со новата влада на премиерот Зоран Заев на потребните реформи за ЕУ интеграција.-Важно е сите сили во општеството да работат заедно кон оваа цел на остварување напредок на патот кон ЕУ, напиша Вархеји.Поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, кој беше посебно инволвиран во процесот на отпочнување преговори за членство со ЕУ во минатиот мандат на Европската Комисија, изрази задоволство со новиот владин состав.-Добро е што повторно гледаме влада со јасна европска агенда на функција! На премиерот Зоран Заев и неговиот тим им посакувам сѐ најдобро. Во интерес на земјата, на граѓаните и повторно како модел за целиот регион, важно е да се создаде конструктивна атмосфера помеѓу политичките чинители кога станува збор за исполнување на заедничките европски цели, напиша Хан на својот Твитер налог.

Македонија | пред 5 години

motor

Три лица повредени при судир на возило и мопед во Скопје

Вчера во 16.10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и сервисна улица која води кон објект на град Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(46) од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Џ.(27) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Б.М.(30) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и сопатничка од возилото Ц.С.(43) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

MEGA8600

Спуштена завесата на 60-тото јубилејно „Охридско лето“

Со театарската претстава „Бог на масакрот“ во изведба на НУ Турски театар Скопје, вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ беше спуштена завесата на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“.Директорката на НУ „Охридско лето“ , Наташа Поповиќ, истакна дека ова јубилејно „Охридско лето“ поради ситуацијата со коронавирусот се одржа во термин различен од традиционалниот,  пред строго ограничен број гледачи кои во текот на изминатите 27 фестивалски денови можеа да уживаат во 26 музички концерти и шест театарски претстави прилагодени според протоколите за здравствена заштита.-Уметноста,  естетското доживување на врвните концерти и театарски претстави на автентичните локалитети, Античкиот театар, црквата „Св.Софија“, предворјето на „Св. Софија“, „Долни Сарај“, кои ги понудивме на 60-то фестивалско издание се сведоштво дека силата на музиката и театарот се храна за човечкиот дух и во кризни времиња како ова – времето на короната. Бевме пример дека може да се реализира врвна манифестација и покрај сите протоколи што ги предвиде Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. Покажавме дека културата е таа која може да го промени светот, да го преобрази, да ја победи и болеста, и за миг да внесе убавина во нашето секојдневие. Музиката и театарот нѐ обедини сите, станавме посилни и барем за миг, ги оттргнавме мислите од статистичките бројки на оваа страшна пандемија, рече Поповиќ.Директорката Поповиќ упати огромна благодарност до сите изведувачи кои, како што кажа, имаа храброст да дојдат во време на  најголемата здравствена криза предизвикана од ковид-19 и да настапат пред фестивалската публика.-Огромна почит и благодарност и до сите кои придонесоа да славиме уште едно возвишено издание на „Охридско лето“, до Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот,  со што „Охридско лето“ низ годините ја гради својата величина и го оджува приматот на најзначајна културна сцена со богата традиција која ги негува вистинските вредности на уметноста, до Владата на Република Северна Македонија  и Министерство за култура за вложувањата во развојот и унапредувањето на културата во државава. Нивната поддршка претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. Благодарност и до Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески за заложбите да ја доближиме културата и туристичката понуда до сите гости, посетители, уметници. Упатувам благодарност и до нашите спонзори, помагатели, пријатели, љубители на уметноста, поддржувачи на културните вредности ... посебно до нашиот генерален спонзор, Македонски Телеком, како наш најголемиот партнер на патот кон успесите. Тука се и Амбасадите на Италија, Чешка, Франција и Делегацијата на Европската Унија во земјава со чија помош се реализираа дел од годинешните концерти, рече Поповиќ, потсетувајќи дека приказната „Охридско лето“ започна пред шест децении со оперската певица Ана Липша Тофовиќ, чие семејство добива плакета по повод јубилејот, а во знак на неизмерна почит и благодарност кон певицата која го одржа првиот концерт на фестивалот. Годинешното јубилејно издание, според Поповиќ, немаше да биде беспрекорно организирано без  тимот на фестивалот кој професионално, посветено и неуморно работеше на реализацијата на фестивалските вечери, без селекторите на музичката и драмската програма, Даница Стојанова и Александар Поповски, како и без Управниот одбор на фестивалот. Од „Охридско лето“, синоќа беше врачена плакета и до екипата на документарецот „Медена земја“ за промоција на македонската култура.Затворајќи го годинешното „Охридско лето“, и Турскиот театар од Скопје одбележа 7 децении од постоењето.-Последната претставата ја одигравме на 28 февруари годинава, и оттогаш сцената во нашата национална установа се затвори. Но, ние направивме напор, и од сѐ што досега има сработено Турски театар, од сите претстави, пробавме да направиме видео-записи. Се надеваме дека од  септември  ќе се изнајде протокол, ако ништо повеќе, барем да ги подготвиме проектите што ни ги одобри Министерството за култура, а тоа се четири претстави, сите наменети за јубилејот, изјави директорката на Турски театар-Скопје, Несрин Таир.Претставата со која беше спуштена завесата на „Охридско лето“ ја режираше Билге Емин, на текст од Јасмина Реза. Актерите Сузан Акбелге, Филиз Ахмет, Џенап Самет и Селпин Керим на сцената покажаа дека насилството  постои во луѓето, дивјаштвото што демне во секој од нас.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На „Деве Баир“ приведен албански државјанин, во пасошот му недостасувале страници

На 30.08.2020 во 15.35 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена контрола на патна исправа на Л.П.(43) од Р.Албанија, кој патувал со автобус, било констатирано дека недостасуваат страници. Поради постоење основи на сомнение за обид за извршено кривично дело „фалсификување на патна исправа“ тој бил лишен од слобода и бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

31102019_PVRSM_Zaev_sredba_Palmer_Brnz_3

Брнз: Како пријатели и партнери, очекуваме соработка со владата за натамошен континуиран напредок

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз го поздрави формирањето на новата влада и  упати честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство.– Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето на новата влада. Како пријатели и партнери, очекуваме соработка со владата за натамошен континуиран напредок во однос на реформските цели за ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.

Македонија | пред 5 години

naum-1

Стоилковски: Приватните компании на Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додела стотици компании редат клуч на врата

Владата на Зоран Заев должи одговор пред јавноста за сите сомневања за незаконитости врзани со довчерашната министерка за финансии Нина Ангеловска. Приватните компании на Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Заев треба да одговори на кој начин неговата довчерашна министерка искористила над пола милион денари државна помош за нејзината приватна фирма додека стотици други имаат клуч на врата.И фирмата на Заеви, Еленица доби државна помош од над 800 илјади денари.Дали парите за државна антикризна помош се наменети за полнење на приватните џебови за политичари на власта.Нина Ангеловска ја нема во составот на владата, но тоа не значи дека може да избега од одговорност. Зад Нина Ангеловска и Зоран Заев како нејзин шеф остануваат една пропадната банка и афера од 200 милиони евра, зголемен долг од 1 милијарда евра и 40 илјади невработени. Тоа е наследство на Зоран Заев.Илјадници пензионери ќе останат без пензии, илјадници други без своите заштеди во Еуростандард банка, а Нина Ангеловска од позиција министер за финансии си ги извлече своите 250.000 евра пред да пропадне банката! Огромен скандал, огромна афера. Пропаѓа банка на која должник и се струмички фирми блиски до Заев, министер, односно Ангеловска си ги вади стотиците илјади евра, среде афера тешка 200 милиони евра!И додека економијата тоне  селективноста на власта за делење помош го предизвикува тоа, министер за финансии Нина Ангеловска три месеци од државната каса си дели плати на своја фирма!Бесрамно си додели државна помош на својата фирма од буџетот со кој треба да управува.Среде епидемија луѓе трпат, енергенсите поскапуваат, економијата тоне, ама министерот за финансии си ги спаси парите од банка во пропаст и зема пари од буџет за својата фирма!Дали владата на Зоран Заев ќе побара истрага од институциите за кривична одговорност за Нина Ангеловска за можни злоупотреби својата положба во два наврати? или ќе премолчи и ќе го крие скандалот чекајќи да помине, заради струмичките фирми кои влечеле кредити без покритие од банката но и заради помошта за плати земена за фирмите на фамилијата Заеви?!Почитувани, министрите на Заев се негова слика и прилика- криминал, лаги и злоупотреби! Тоа мора да застане, државата тоне во долгови заради нивните злоупотреби. Одговорност мора да има,истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

vlada-filipce

Филипче: Останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани

Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствените политики во интерес и за доброто на сите граѓани, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.Како институција, пишува Филипче, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да создаваме здравствен систем каде што пациентите се на прво место.„Наша цел се задоволни пациенти, вреднувани и мотивирани здравствени работници. Продолжувам неуморно и посветено да работам на ова, граѓаните го заслужуваат најдоброто, граѓаните заслужуваат квалитетно јавно здравство достапно за сите!“, напиша на Фејсбук Венко Филипче, кој и во новата влада ќе ја извршува функцијата министер за здравство.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2478862245754127/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

2-2

(ВИДЕО) Оливер Спасовски ја презеде министерската функција во МВР

Денеска во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер д-р Агим Нухиу ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор г-дин Оливер Спасовски. Министерот Спасовски му се заблагодари на г-динот Нухиу за неговиот досегашен ангажман во министерството и најави продолжување на реформите кои почнаа во неговиоот претходен мандат како министер за внатрешни работи, како и продолжување на опремувањето на полицијата, се со цел подобрување на работењето на полицијата во служба на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев и Крмов: Владејачкото мнозинство донесе болен пратеник во Собранието само за да гласа

Во Собранието на РМ, беа прекршени сите безбедносни протоколи за заштита на јавното здравје и, преку противправно внесување на суспектен или заразен пратеник, беше ставено под огромен ризик здравјето на сите пратеници! За ова некој треба и мора да одговара, напиша во текот на ноќта Димитар Апасиев од Левица на социјалните мрежи.Тој го сподели и статусот на неговиот сопартиец Борислав Крмов кој вели дека владејачкото мнозинство внело пратеник во Собранието болен или сомнителен на Ковид-19, само неколку минути пред полноќ, во непозната просторија само за да гласа.-Бевме известени буквално 2 минути пред гласањето за избор на Влада. Ако и болен со треска може да влезе во Собранието зошто тогаш на влез на сите ни мерат температура? Дали службите мене или било кого од опозицијата ќе не пуштеа внатре во Собрание, ако имавме температура или било какви симптоми исто како него? Ако не, тогаш како е тој пратеник над другите 119 пратеници? Дали ако во иднина 2, 5, или 10 пратеника од владејачкото мнозинство заболат од Ковид-19 планираат да ни ги носат во Собранието по непознати простории да гласаат, само да се одржат на власт?Владата му диригира на Собранието што сака и е спремна здравјето на сите пратеници и собранискиот персонал да го стави на ризик само за да продолжи да владее. Се соголивте уште првиот ден, вели Крмов.

Македонија | пред 5 години

matka

(ФОТО) Матка се дави во ѓубре!

Матка е затрупана во ѓубре. Низ патеките кои водат во кањонот Матка стојат расфрлени ќеси, шишиња, хартија и други отпадоци. Корпите за отпадоци се преполни, а ќесите полни отпад стојат околу нив.  За оваа состојба граѓаните постпјано објавуваат фотограии на соцојалните мрежи, но надлежните од Град Скопје и Општина Сарај со години се трудат да најдат решение за овој проблем.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2806308816282072&set=pcb.2806308982948722&type=3&theater

Скопје | пред 5 години

brza-pomos

Зет на сосетката ја турнал и тешко ја повредил

Вчера во 10,45 часот било пријавено дека на 28.08.2020 околу 17,00 часот во Скопје додека З.З.(88) од Скопје била со нејзината сосетка А.В.(62), зет на сосетката ја турнал и таа се здобила со тешка телесна повреда констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот, информира полицијата.

Скопје | пред 5 години

dete-siluvanje

Побаран притвор заради обид за силување на 76-годишна кумановка

Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против кумановец, на возраст од 38 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело– Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик.Кривично правниот настан се случил на 27.08.2020 година, околу 12,00 часот во Куманово, кога осомничениот со употреба на сила се обидел да ја присили на обљуба оштетената 76-годишна кумановка. Откако осомничениот забележал дека оштетената живее сама, влегол во нејзината куќа, по што се обидел да го изврши делото. Откако не успеала физички да го оттурне од себе, оштетената го спречила во обидот велејќи дека доаѓа нејзината ќерка, па осомничениот се оддалечил кон излезот.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово по донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, за осомничениот до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерката притвор поради опасност од бегство и довршување на кривичното дело. Судијата на претходна постапка изврши распит на осомничениот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

31082020_PVRSM_predavanjemandat-3

Заев ја презеде функцијата претседател на Владата: Продолжуваме со соработката на меѓународен план и мерките за подобрување на економијата

Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата официјално ја презеде функцијата од досегашниот технички премиер Оливер Спасовски.Претседателот на Владата Зоран Заев заблагодарувајќи се на досегашниот премиер Оливер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, истакна дека оваа Влада храбро и успешно се справи со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.Во такви сложени услови, успешно беа организирани и спроведени фер и демократски избори и избрана новата Влада.Заев подвлече дека државата продолжи со реформските процеси и следствено на тоа сега е горда членка на НАТО Алијансата и ја остварува зацртаната ЕУ перспектива по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со Европската Унија.Посакувајќи му успешна работа на функцијата министер за внатрешни работи, премиерот Заев на Спасовски му посака плодна соработка и продолжување на совладување на предизвиците во ресорот, како и активно учество во работата на Владата во донесување на политики од интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

marihuana

Притвор за кумановец - пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.Осомничениот на 27.08.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога- марихуана. Тој прeвезувајќи се во возило марка „Фолксваген Шаран“ ја пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба, до акумулаторот. Дрогата – марихуана спакувана во едно пакување со тежина од 205,37 грама, при извршената контрола  од страна на службените лица, на локалниот пат Куманово-с.Арачиново, во с.Умин Дол, е пронајдена и одземена.Надлежен јавен обвинител поради опасност од бегство на осомничениот, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата

Македонија доби влада за продолжување на криминалот, корупцијата и агонијата. Македонија доби влада која зад себе до сега остави скоро 3 милијарди евра нов долг, пропадната банка, најголемата рекетарска афера во модерна Европа, 40.000 нови невработени и на сето тоа уште еднаш доби аболиран премиер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните, и сака да потроши уште толку. На Заев не му е грижа за народот, на Заев му е грижа за профитот.Илјадници секојдневно се соочуваат со немаштија, додека владата ги троши нивните пари на тендери, кои се напумпани и преку кои фамилијата на власт го празни буџетот.Додека државата е во криза струмичка агенција за обезбедување испумпува пари преку универзалниот снабдувач на електрична енергија, а други струмички фирми блиски до Заеви извлекоа 20 милиони евра од пропадната банка Еуростандард, кои го причинија нејзиниот пад и заглавија илјадници граѓани во сред пандемија по шалтери и без пари.Македонија доби профитерска влада, со топ шоп премиер, кој единствено се грижи за својот личен профит.Македонија со Заев се вивна на листата на земји со висока стапка корупција на сите светски мерења како на Економист и Транспаренси. А во исто време падна на листата на Дуинг бизнис, затоа што наместо помош за бизнисот, Заев се пушти во негово уништување, преку рекетот кој подолг период се одидвивал во државата, од кој парите, како што рече лицето кое ја носеше торбата со изрекетираните милиони завршиле кај него лично.Премиер и Влада кои не доведоа до ова дереџе како држава, не можат да не извлечат од хаосот, криминалот и корупцијата, затоа што тие се причината, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања