Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

nikola-poposki

Попоски: Иницијативата на Мијалков нема да даде резултат

Не успеавме да ги убедиме гласачите дека можеме подобро од Власта на домашните теми. Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи во последната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, кој спротивно од заклучоците на партиските тела, по изборите напиша дека партијата е поразена и не е победник на изборите, во интервју за Прес24 вели дека е можно и во иднина партијата да бележи поразни, наместо победи.-Проценка од 2017 беше дека против ваква власт, опозиција лесно ќе победува. Од оние гласачи кои не ни дадоа доверба, повеќето мислам дека не ги убедивме дека можеме подобро на домашните теми, вели Никола Попоски во интервју за Прес24.Иако поврзуван со групацијата на Сашо Мијалоков, сепак Попоски смета дека иницијативата за вонреден Конгрес нема да даде резултат.-Реално не сум експерт, но од тоа што видов, статутот не дава самоиницијативност. Можеби е така токму за да може да се тера вака до 101 година и назад. И да си губиме. Можеби токму такви финти ги иритираат добар дел од членовите. Можеби не е логично Конгрес, како врвен орган на партија, да е де факто врзан во трло. Некој ќе рече, целта ги оправдува средствата. Можеби сум само кусоглед, но не гледам како тоа ќе не доведе на арно. Јас не сум доволно убеден дека е тоа во интерес на членовите и земјата, вели Никола Попоски во интервју за Прес24.Тој додава дека планира да остане активен во политиката .

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев и честиташе на американската амбасадорка Брнс за повторниот избор на марионетска влада во Скопје на фалсификувани избори

Драга амбасадорке,Ја видов вашата огромна радост од повторното инсталирање на марионетска влада во Скопје од страна на „Калето“. Токму затоа, дозволете ми во свое лино име и во име на Единствена Македонија да ви честитам на повторниот избор на марионетска влада во Скопје добиена на фалсификувани избори, вели претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.Тој додава:Единствена Македонија и поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, драга амбасадорке, никогаш нема да ги признае фалификуваните избори и инсталирана влада која не е израз на вољата на народот.Во меѓувреме, имам задоволство да ви ја доставувам на вашата екселенција волјата на Единствена Македонија и македонскиот народ дека никогаш нема да ги прифатат антимакедонските договори под менторство на „Калето“ со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Ваша екселенцијо, предупредете ме за секакви пречки кои гледате дека стојат на патот за убеденоста на Единствена Македонија и македонскиот народ дека со учество на „Калето“ во антимакедонските договори е извршено злосторство врз македонскиот народ со бришењето од светската мапа на нации.Истовремено, загрижен сум од вашето непочитување на претседателот Доналд Трамп кој на отворена сцена во Обединетите нации порача дека иднината не им припаѓа на странски измеќари и марионети кои се инсталирани да владеат и во Македонија, туку на патриотите кои си ги сакаат своите суверени и национални држави.Верувам ќе се согласите дека светот се менува и доаѓаат нови геополитички околности кои ќе ни овозможат на сите нас ова национално злосторство врз македонскиот народ и 30-годишната практика на бирање на македонска влада и претседатели на партии од страна на „Калето“, да го сметаме за проблем на минатото со што и Република Македонија ќе се развива како сите современи европски држави како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.Ви го пишувам ова, драга амбасадорке, не само како претседател на Единствена Македонија туку и како Македонец, кој добро ја познава историјата и проблемите на мојот македонски народ кој во изминатите векови ги преживеал болните авнтури и несреќни интервенции на вонбалканските фактори.Знам колку се овие прашања важни за вас и длабоко го ценам времето што ќе го употребите да ги согледате моите размислувања, вели Бачев.                                                              

Македонија | пред 5 години

ohrid-3

Туристичките работници бараат итно решавање на проблемите од Владата

Туристичките работници испраќаат честитки до новата Влада, која вети дека по формирањето веднаш ќе ги стави на дневен ред барањата кои чекаат да бидат разгледани повеќе од три месеци.„Честитки за новата Влада. Очекуваме дека Министерството за економија и Владата веднаш ќе превземат мерки за нашиот сектор туризам, кој дефинитивно е најзагрозениот и најпогодениот во оваа Ковид 19 криза. Нашите барања се веќе доставени до Министерот за економија, Кресник Бектеши, кој е запознаен со огромните проблеми со кои се соочивме со затворањето на границите и неможноста да продолжиме да работиме и да егзистираме. Се надеваме на слух и разбирање од нивна страна, бидејќи помошта ни е неопходна за да можеме да опстоиме“, велат туристичките работници.Тие напоменуваат дека доаѓаат есенските и зимските денови, кои секако се мртов период, а со неможноста да се реализираат летните аранжмани, уште повеќе им се отежнува ситуацијата.„Голем дел од агенциите, превозниците и водичите со престанувањето на финансиската поддршка за плата не исплатија плати за јули и август, а веќе ни пристигнуваат опомени. Не сме во можност да ги покриеме ниту основните трошоци за плата, кирија, сметки и останатите тековни трошоци. Бараме конечна разврска на нашите проблеми, бидејќи се грижиме за работните места на вработените и нашата иднина. Подготвени сме да ги прикажеме извештаите од нашите приливи во изминатите шест месеци, за да докажеме дека состојбата е сериозна и не бараме да профитираме, едноставно да опстоиме додека да дојдат подобри времиња“, додаваат тие.Сметаат дека институциите се веќе доволно запознаени со проблематиката и затоа под итно треба да се донесе одлука за помош.„Најавивме втор протест, кој го одложивме до формирањето на Владата. Сега очекуваме позитивен одговор од нивна страна, или ќе бидеме приморани повторно да излеземе на улиците, секојдневно додека не добиеме каков било одговор“, велат туристичките работници.Во секторот туризам работат повеќе од 5000 лица, а им се заканува затворање на повеќе од 300 агенции. Тука секако спаѓаат и превозниците и туристичките водичи. Агенциите повеќе од шест месеци се спречени да ја работат својата дејност. Доколку продолжи овој тренд, ќе згасне една цела гранка на економијата, која придонесува во буџетот на државата.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Народна банка: Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитните обврски

Имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризатa, Народната банка одржа неколку состаноци со претставници на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со втор период на одложена отплата на обврските на клиентите по основ на кредит. По завршување на анализите и по неколку одржани состаноци со претставници на МБА, ја известуваме јавноста: ·         Со регулаторните измени коишто ги донесе Советот на Народната банка, предвидено е дека банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. Целта е да се помогне на оние клиенти кои се негативно погодени од пандемијата на ковид-19. ·         Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје. ·         Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година. Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата. Народната банка постојано ги следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и доколку биде потребно, подготвена е соодветно да ги приспособува политиките и навремено да реагира со натамошни мерки, во согласност со своите надлежности.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Рекордно зголемен бројот на зелени површини во Скопје

До крајот на август оваа година урнат е годишниот рекорд од 100.000  квадратни метри  уредени зелени површини  поставен  во 2018 година.-Во пресрет на есенското садење и зголемување на зелените површини, сакам да споделам една убава вест, а тоа дека годинава  веќе е срушен рекордот на ЈП Паркови и зеленило за подигање и обновување на зелени површини во нашиот град и тоа преку 117. 000 квадратни метри, а јас очекувам дека оваа квадратура до крајот на годината ќе се зголеми. Станува збор  за новоподигнати и обновени зелени површини  како овој парк на бул. Партизански одреди, каде што се наоѓаме денеска, со површина од  3.775 квадратни метри,  паркот во Железара на  ул .Коце Металец  со површина 4.460 квадратни метри,  зелениот коридор на бул. Никола Карев на  потегот  од Касарна Илинден до клучката Детелинка  со површина од 7.279 квадратни метри,  зелениот  коридор кај клучка Детелинка  со површина од 11.638 квадратни метри, ново зеленило на булевар   АСНОМ  со површина од 13.498 квадратни метри,  кај бул. Х.Т.Карпош со површина од  5.917 квадратни метри,  зелениот  плоштад помеѓу бул. Х.Т.Карпош и ул. Крсте Асенов со површина од  6.608 квадратни метри, паркот  кај ул. Цетинска  со површина од 2000 квадратни метри, како и  паркот во Сарај со површина од  1.500 квадратни метри – изјави Шилегов.Тој додаде дека не треба да се заборават подигнатите паркови на местото на некогашните диви депонии во Кисела Вода  со површина од околу на површина од околу 18.000 квадратни метри и во Аеродром на површина од 8.000 квадратни метри.Проект на кој активно се работи заедно со Општина Карпош е паркот на местото на дивата депонија во Карпош 4 што ќе се протега на површина од околу 60.000 квадратни метри. Сакам јавно да им се заблагодарам на вработените во ЈП Паркови и зеленило за посветеноста и пожртвуваноста, и во  извонредно тешки услови тие подигнаа и возобновија 47.000 квадратни метри зелени површини. Кога бевме во кампања зборувавме со нашите сограѓани за ново зелено Скопје и од ден на ден секој ден зеленилото се зголемува  и добива на квалитет каков што заслужуваат нашите граѓани - кажа  Шилегов на денешната прес-конференција.

Скопје | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

Повторно висока бројка - Денеска се регистрирани 115 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: Скопје-64, Куманово-74, Дебар-28, Штип-30, Прилеп-5, Тетово-48, Струга-9, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-20, Гостивар-36, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-6, Радовиш-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-12, Неготино-1.Во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455,  бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5936, активни 781• Куманово 1482, активни 315• Дебар 252, активни 56• Штип 1148, активни 116• Прилеп 478, активни 121• Тетово 1214, активни 119• Струга 575, активни 64• Велес 270, активни 29• Битола 207, активни 37• Охрид 341, активни 35• Кавадарци 182, активни 56• Гостивар 793, активни 201• Гевгелија 52, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 65, активни 15• Крива Паланка 48, активни 13• Радовиш 43, активни 6• Крушево 17, активни 1• Кочани 146, активни 24• Пробиштип 82, активни 14• Демир Хисар 60, активни 14• Македонски Брод 72, активни 14• Пехчево 19, активни 13• Берово 60, активни 51• Валандово 9, активни 2• Виница 74, активни 36• Делчево 61, активни 52 (14 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 19, активни 3• Свети Николе 290, активни 46• Кичево 269, активни 53• Ресен 146, активни 0• Неготино 45, активни 11 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1665 теста се преку: ИЈЗ-243, ЦЈЗ Скопје-1, Авицена-162,  Биотек-253, МАНУ -185, Жан Митрев (Филип Втори)-294, Систина со PCR метода -349, лабораторија Лаор –79, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-62, Инфективна клиника-11,  ГАК-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 149.934 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 46, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5  позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 , позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 98• Гази Баба – 93• Аеродром - 98• Карпош – 81• Центар – 80• Кисела Вода – 95• Ѓорче Петров – 47• Бутел - 56• Шуто Оризари – 31• Студеничани – 26• Сарај – 22• Арачиново – 13• Илинден – 13• Сопиште – 4• Чучер Сандево – 4• Петровец – 8• Зелениково - 2• Странец – 8• Нераспределен-2

Македонија | пред 5 години

Cart-na-TG

Триесетдневен притвор за тројцата членови на терористичаката група, нивни цели биле витални објекти во земјава

Триесет дена притвор е одредени за тричлената терористичка група, која дејстувала на територијата на земјава, а која организирала набавка на поголема количина оружје и експлозивни материјали, информираа за МИА извори од истрагата.Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски денеска на прес-конференција, на која се одбележа една година од работењето на Агенцијата, во врска со оперативно-тактичките мерки и активности, кои биле извршени вчера во соработка со МВР и ОЈО за за гонење на организиран криминал и корупција против групата, истакна дека целта на нејзините членови била искористување на оружјето и екслозивите против витални објекти во земјава.Димовски посочи дека истрагата е во тек и оти за дополнително сознанија јавноста навремено ќе биде информирана.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Б.А. (28) од Куманово, а кој престојува во Скопје, за сторено кривично дело „терористичка организација" и „тероризам". Кривична пријава е поднесена и против В. А. (22) и Е. Љ. (25), двајцата од Куманово, за сторени кривични дела „терористичка организација" и „тероризам".– Б.А., В.А. и Е.Љ. се рецидивисти, односно повратници, лица кои претходно за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации" од чл. 322-а од КЗ се правосилно осудени и издржале казна затвор, соопшти денеска МВР.На почетокот на 2019 година, А.Б. создал терористичка/злосторничка организација во која членуваат В.А., Е.Љ. и уште неколку лица и заедно формирале злосторничка организација „ќелија" со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера на изведување на терористички акт на цели на територија на Република Македонија.Членовите на групата, како што се наведува, обезбедувале финансиски средства и набавиле поголема количина на оружје, муниција и воена опрема, која ја сокриле-складирале во близина на локалниот пат с. Биљановце/с.Пчиња на месноста викана „Менкова Колиба". Како резултат на добиени оперативни сознанија и примена на оперативно-тактички мерки на споменатата локација пронајдени се: пет автоматски пушки, пушкомитралез, 18 рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми, рамка со 15 куршуми, три дрвени кундаци, дрвен кундак со механизам за испалување, три гранати за рачен фрлач со напис RD 40мм, пет запалки за гранати за рачен фрлач со осигурачи, две маскирни капи, две поткапи црна и сива боја, два пара маскирни ракавици, два тактички елеци, четири тактички елеци со маскирна боја, знаме со испишани арапски букви (ИСИС), марама со испишани арапски букви.Како што соопшти МВР, врз основа на издадени наредби од Основен Кривичен суд Скопје вчера од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал со подршка на Одделот за специјални полициски операции извршени се претреси во дом и други простории кај лицата Б. А., В. А. и Е. Љ. на вкупно четири локации, од кои три на подрачјето на Куманово и една на подрачјето на Скопје и притоа лицата се лишени од слобода.Од извршените претреси пронајдени и одземени се: два појаси рачно изработени исполнети со прашкаста материја (експлозив), метални кугли (лагери) монтирани на картонска подлога и две запалки од рачна бомба за активирање на појасите, две направи со жици од разна дебелина, две радиостаници, осигурач за експлозивна направа, лап-топ компјутер, девет мобилни телефони, пет СИМ картички, електронски уред со објектив, две USB-а, футрола за пиштол, маскирна облека, два ножа, две футроли за ножеви, возило „Ауди А-3" и др. извор: МИА 

Македонија | пред 5 години

01092020_PVRSM_Zaev_ANB-1

Заев: Завршени се владините реформи на системите на безбедносните служби, имаме агенција која и доликува на земја членка на НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска беше гостин на првата годишнина на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).По тој повод премиерот Заев се обрати пред присутните гости, а потоа даде и изјава за медиумите која ви ја пренесуваме во целост во продолжение на ова соопштение:„Денеска, заедно со вработените на Агенцијата за национална безбедност, ја одбележавме првата годишнина од основањето на Агенцијата за национална безбедност. Им посакав секој 1-ви септември во иднина да го одбележуваме во име на успешното натамошното извршување на сложените безбедносни задачи.Со отпочнувањето со работа на Агенцијата, точно пред една година, беше направен последниот чекор во реформата на безбедносниот сектор во нашата земја со кој Управата за безбедност и контраразузнавање, која во изминатиот период беше злоупотребена за поединечни лични и групни интереси, конечно замина во историјата.Со владините реформи во системот на безбедносните служби, претходно ја формиравме Оперативно техничката агенција (ОТА) со што го разбивме монополот односно концентрацијата на моќта која поранешната УБК ја имаше на системот за следење на комуникациите со кој беа направени тешки злоупотреби и сериозни упади во приватноста на граѓаните.Реформскиот процес на безбедносно-разузнавачкиот систем се надополни со формирање на Телото за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со точно утврден делокруг на работа, состав, начин на работа и донесување на одлуки, како и конкретни аспекти во врска со неговата работа во функција на спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Сега имаме агенција која работи целосно во согласност со Уставот, законските и подзаконски акти, како што впрочем и доликува на безбедносна служба на земја членка на НАТО. Служба со развоен концепт за постојано унапредување на капацитетите на безбедносниот систем, за да може со успех да се носи и справува со современите закани и ризици по националната и меѓународната безбедност.Во оваа насока Агенцијата ќе има постојано силна поддршка од Владата, но и од останатите институции во државата. Во таа насока, заедно со честитките за годишнината, на сите во Агенцијата за национална безбедност им посакав храбро да продолжат уште помотивирано и поистрајно да работат на изградбата на современа, модерна безбедносна служба која целосно ќе биде во функција на заштита на безбедносните интереси на Република Северна Македонија и на сите нејзини граѓани“.

Македонија | пред 5 години

Foto-3

Пендаровски се сретна со менаџментот на Рудникот САСА и Звонко Стоименовски, Најдобар рудар за 2020 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Рудникот САСА од Македонска Каменица, предводена од генералниот директор Олег Телној. Покрај менаџментот на компанијата, на средбата беше присутен и Звонко Стоименовски, Најдобар рудар за 2020 година во Рудникот САСА.На средбата претседателот Пендаровски му упати честитки на Звонко Стоименовски за признанието Најдобар рудар за 2020 година, оценувајќи дека во рударството, како една од најтешките професии, клучна алка за успех, покрај технологијата, е трудот и храброста на рударите. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупниот труд на рударите и резултатите што ги постигнуваат, како влог во македонската економија.На средбата менаџментот на Рудникот САСА го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на компанијата, во услови на пандемија, планираните инвестициски активности, како и вложувањата во заедницата. Според менаџментот на компанијата, и покрај сите предизвици што ги наметна актуелната пандемија, рудникот САСА продолжи безбедно да произведува олово и цинк, во согласност со плановите за производство, притоа задржувајќи го фокусот на инвестициите во современа технологија, во безбедноста и благосостојба на вработените и заштитата на животната средина.Претседателот Пендаровски оддаде признание за постигнатите резултати на компанијата и им посака успех во понатамошната работа. 

Македонија | пред 5 години

nina-angelovska-010-960x540

Антикорупциска истражува дали законски е доделена помошта на групер.мк

Антикорупциската комисија работи врз предмет на владините прв сет мерки како помош за компаниите погодени од корона кризата, меѓу кои е и онаа што ја доби компанијата во која како ко - сопственик се јавува сега веќе екс министерката за финансии Нина Ангеловска. Клучно е по кои критериуми се доделувала помошта, велат од Антикорупциската комисија за РСЕ.Вкупно 11 илјади евра за три месеци државата и исплатила помош за исплата на плати на фирмата Вебспот ДОО, покажуваат податоците од алатката за транспарентност „Отворени финансии“. Но, вниманието на јавноста кон оваа фирма го привлече податокот дека еден од сопствениците на оваа компанија е довчерашната министерка за финансии во владата на СДСМ Нина Ангелевска која се грижеше за распределбата на државниот буџет.Според податоците од Централниот регистар, Ангеловска во оваа компанија фигурира како еден од тројцата сопственици и основачи на платформата за он лајн трговија - групер.мк со учество во основачкиот влог од 2600 евра. Како управител на компанијата во документот од Централниот регистар е заведен еден од нејзините партнери Мартин Китановски.Текстот во целост на:  РСЕ.

Македонија | пред 5 години

01092020_PVRSM_Zaev_priem_UNamb-1

Средба Заев и координаторка на Обединетите нации во земјата Дуџак: Продолжува интензивната соработка со ОН

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во својот кабинет ја прими Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации (ОН) во Република Северна Македонија, која му го честиташе почетокот на вториот мандат со желби за плодна работа изразувајќи поддршка и продолжување на интензивната соработка со органите и телата на ОН и во наредниот период.Истакнувајќи дека вториот мандат во 2020 година започнува во поинаков и многу подобар политички контекст отколку во 2017 година, премиерот Заев оцени дека во услови на обновена демократија и унапредување пријателски односи со соседите, Владата останува посветена на имплементација на договорите со Република Грција и Република Бугарија, на зајакнување на независните институции, политичкиот дијалог и подобрување на економскиот и социјалниот стандард на граѓаните.Премиерот Заев изрази задоволство и се заблагодари за огромната поддршка која ја има нашата земја од Обединетите нации во значајни области за граѓаните и која е од исклучително значење во остварувањето на напорите за унапредување на стратешките цели на земјата, како што се оствареното членство во НАТО и одлуката за почнување преговори за влез во Европската унија.Постојаната координаторка на ОН, во разговорот со премиерот Заев посочи дека Програмата на Владата веќе содржи многу од приоритетите на Обединетите нации во земјата, како економска трансформација, грижа за сите („никој да не заостане“), родова еднаквост, одржлива животна средина и отчетно владеење, подвлекувајќи дека семејството на ОН е подготвено да поддржи широк процес на консултација за да се формулира Национален развоен план преку широк општествен консензус.На средбата беше потенцирано дека партнерската соработка меѓу Владата, институциите во нашата држава и ОН за прашањата значајни за граѓаните и државата, како и за активностите за реализација на глобалните цели за одржлив развој, утврдени од Обединетите нации продолжуваат со ист интензитет, особено во справувањето со последиците од пандемијата од вирусот КОВИД-19 и преземањето мерки за стабилизирање на економијата во земјата.

Македонија | пред 5 години

mavrovka

Кривична пријава за бесправно градење пред ДТЦ Мавровка

Денеска СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење" по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на бул.Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка. Од страна на СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а ,, Бесправно градење" од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО- Скопје е поднесена соодветна кривична пријава. 

Скопје | пред 5 години

naum

Стоилковски: ЈО да се стави над партискиот интерес на Заев и Ангеловска, веднаш да се вратат парите кои што ги земале за семејните компании

ЈО мора да се охрабри и да се стави над партискиот интерес на Зоран Заев. Зоран Заев, од позиција на премиер, и Нина Ангеловска од позиција на министер за финансии исплатиле антикризна помош за своите компании, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено Зоран Заев дал над 800 илјади денари државна антикризна помош за семејната компанија која врти милиони - Еленица, додека Нина Ангеловска си дала парична помош за својата фирма за интернет трговија Вебспот во висина од над половина милион денари.И двајцата од позиција на функционери во владата, дале на свои приватни фирми пари од државниот Буџет.Зоран Заев е повторно премиер, а Нина Ангеловска не се најде на листата на министри, но тоа не ја аболицира од одговорност за сторените неправилности за време на вршењето на функцијата.Имаме основано сомнение дека во случајот е извршено кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик со што е сторена штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, што се казнува со казна затвор од најмалку 4 години.Го повикуваме ЈО да го истражи случајот и во најбрз можен рок да изврши дејствија во насока на враќање на парите кај граѓаните.Недозволиво е да се мешаат јавниот и приватниот интерес и премиерот и министерот за финансии да си делат пари од буџетот со кој треба да управуваат, во интерес на целата држава и народ.Ниту Зоран Заев, ниту Нина Ангеловска не смеат да ги користат парите на граѓаните за помагање на фирмите во кои тие или членови на нивното потесно семејство се сопственици.Оттука ги повикуваме Зоран Заев и Нина Ангеловска во најбрз можен рок да ги вратат парите, и да не чекаат евентуална судска постапка, со што штета врз буџетот би била уште поголема, а ЈО го повикуваме да отвори постапка со цел казнување на ова недозволиво работење на штета на народот.Почитувани, бидејќи ЈО и досега не реагираше по допрен глас по сите оние пресови и изјави дадени пред зградата на ЈО затоа сега по оваа прес конференција, овој текст што го прочитав ќе го доставам до Јавниот обвинител ако не слуша барем може да прочита за што се работи и да има допрен глас за да поведе постапка, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

osmani-i-dimitrov

Османи и Димитров уверени дека Бугарија нема да го попречува европскиот пат на земјава

Бујар Османи и Никола Димитров, кои денеска ги примопредоадоа функциите на вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.Новозбраниот вицепремиер за евроинтеграции Димитров истакна дека Бугарија не може да добие од комплицирање на европската иднина на Републи Северна Македонија.„Во тоа сум убеден бидејќи има голема улога кога беа претседавачи со Европската Унија, со Самитот во Софија токму во отворањето на Европа и враќањето на проширувањето високо на агендата на ЕУ. Во однос на ова прашање ќе имаме комплементарност со Бујар бидејќи од една страна ги тангира меѓусоседските односи, а од друга страна европската иднина на државата“, рече Димитров.Новиот шеф на дипломатија Османи рече дека иако Бугарија имала унилатерална забелешка на состанокот на Европскиот Совет, тие сепак дале согласност за одлуката за отпочнување преговори со ЕУ и оти не гледа интерес на ниту една земја во регионот, па и на Бугарија, да го попречат европскот пат на Северна Македонија.„Во однос на преговарачката рамка и односите со Бугарија сметам дека стабилна и перспективна Северна Македонија е предуслов за стабилен и перспективен европски регион и тоа е во интерес на сите земји во регионот вклучувајќи ја и Бугарија. Тие тоа го поажаа на самитот на Советот во март, кога покрај унилатералната забелешка сепак дадаоа пас за одлуката за започнување преговори. Мислам дека двете земји имаа доволно апсирациски капацитет да решаваат дневни амплитуди на разлики и во прашањата кои ги има спорот, меѓутоа во однос на стратешките линии дека не смее да се закочи европскиот пат на државата, тука имаме согласност“, рече Османи.Новиот министер за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе се забрза процесот за пополнување на испразнетите амбасадорски места, особено таму каде што е фокусот на нашите надворешно политички приоритети, а тоа се Брисел и државите членки на ЕУ. 

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Османи тврди: Ахмети е повикан во Хаг како сведок

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е повикан во Хаг како сведок, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, по размената на ресорите.„Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок“, истакна Османи.Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.

Македонија | пред 5 години

motor

Две лица тешко повредени во судир на мотор и камион на патот Радовиш-Штип

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај клучка Радовиш, помеѓу мотоцикл и камион.Во незгодата, тешко се повредени возачот на мотоциклот и неговиот сопатник. Тие веднаш биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде им биле констатирани тешки повреди.Увид местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 5 години

Ohridski_biseri_08312020002

Заврши 19- от меѓународен натпревар „Охридски бисери“

Советникот  во  Советот на Општина Охрид, Мишел Силјановски во црквата Св. Софија присуствуваше на концертот со којшто се означи крај на годинешниот интернационален музички натпревар „Охридски бисери“.Силјановски  ја додели „Златната маска“  што општина Охрид секоја година ја подарува на најдобриот музичар во натпреварувачкиот дел со уверување дека и во иднина локалната власт ќе поддржува вакви музички случувања.– Огромно е задоволството да се присуствува на вечерашниот концерт со кој се крунисуваат најдобрите музички таленти  на интернационалниот натпревар  „Охридски Бисери“ што изминативе неколку дена се одржуваше во Охрид.   Културното  наследство изразено преку музиката  претставува импозантна лична карта на секоја земја во Светот.  Токму затоа  вакви средби се особено значајни за сите нас,  затоа што преку нив се промовира и негува културното богатство и традиции кои се пренесуваат од генерација на генерација. Иднина имаат само државите кои во континуитет се придржуваат кон историското наследство во сите облици. Токму затоа овие културни случувања имаат особено значење за сите нас. Високите  професионални стандарди кои се пропишани  за учесниците на овој меѓународен натпревар  влијаат на сериозноста на меѓународните натпревари  како  и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито .  Натпреварувајќи се во дисциплините, виолина, пијано и  камерна музика младите учесници   ја потврдија моќта на музиката која ги руши сите бариери. Сите тие беа многу добри во своите настапи, а на првиот меѓу најдобрите  ќе му ја подарам оваа „Златна Маска “ во знак на внимание од Општина Охрид која и понатака ќе продолжи да ги  подржува ваквите културни случувања кои ја збогатуваат туристичката разгледница на Охрид – рече Силјановски .„Охридски бисери“  годинава се одржува по 19-ти  пат и е единствен меѓународен натпревар, член на меѓународната асоцијација ЕМСИ -Европска асоцијација на музички натпревари, од 2005 година, во која членуваат педесетина други натпревари од 30 европски земји. Токму членувањето во ова здружение го издвојува натпреварот  „Охридски бисери“ во однос на бројни други натпревари кои се одржуваат во нашата земја и во регионот. Идејата на асоцијацијата ЕМСИ уште од основањето, 1970 во Брисел, е афирмација на посебно надарени млади уметници и нивна промоција на професионалните концертни подиуми во Европа и во светот. Таа се остварува и преку организирање на семинари и мастеркласи со еминентни педагози и репродуктивни уметници, концертни турнеи, настапи со оркестри и вредни стипендии од универзитети во Европа и САД. 

Македонија | пред 5 години

pozarna

Поведена постапка за предизвикан пожар во обложувалница во Прилеп​

По поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за  спроведување на истражна постапка против прилепчанец на возраст од 26 години, за коj постои основано сомнение дека го сторил  кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 31.08.2020 година околу 01,00 часот, со пожар предизвикал поголема имотна штета во висина од 1.000.000 денари во обложувалница  во Прилеп. Тој купил 1,5 литaр бензин од бензиска станица, ставајќи го во  во пластично шише , па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал околу 01,00 часот, се доближил  на растојание од 3-4 метри, пронашол два поголеми камења и со истите скршил едно од стаклата покрај влезната врата. Осомничениот влегол во внатрешноста на обложувалницата и започнал бензинот  да го истура во внатрешноста, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата. Додека  бил во внатрешноста, со кибритот кој што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар.  Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси возило  отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот.Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, кој предлог беше пригфатен од Судот и со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ со кадровски промени и доекипирање

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутирало на повеќе теми, со акцент на актуелната политичка состојба.На седницата донесени биле и повеќе одлуки во однос на кадровските решенија во партијата.Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, за координатор на пратеничката група е избран Никола Мицевски, а за негови заменици се именувани пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова.На седницата на Извршниот комитет била донесена и одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.– Иван Живковски – ОК Кисела Вода– Дејан Митески – ОК Аеродром– Тони Јаревски – ОК Карпош– Гане Петров – ОК Центар– Жарко Ристески – ОК Македонски Брод– Јане Мицевски – ОК Сопиште– Кенан Абди – ОК Студеничани– Мартин Стојановски – ОК Сарај– Бобан Стефковски – ОК Гази Баба– Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров– Ѓоко Велковски – ОК Чаир– Дарко Костовски – ОК Бутел– Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево– Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари– Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден– Марија Петрушевска – ОК Петровец– Коста Маневски – ОК Зелениково– Зоран Здравевски – ОК Чашка– Дејан Владев – ОК Свети Николе– Иван Јорданов – ОК Штип– Виктор Паунов – ОК Карбинци– Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево– Борчо Коцев – ОК Зрновци– Митко Костадиновски – ОК Виница– Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица– Бошко Цветковски ОК Лозово– Киро Нацков ОК ГрадскоИзвршниот комитет го избрал Сергеј Попов за нов претседател на Унијата на млади сили (УМС). Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ.Донесена е одлука и за распишување оглас за избор на претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели.Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески.Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период, информираат од партијата.

Македонија | пред 5 години

crven-krst

Пронајденото тело во Вардар е на Спасе Димовски, велешанецот кој им помагаше на екипата на ЕВН

На 30.08.2020 околу 10.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на починато лице.-Полициски службеници од СВР Велес и припадници од противпожарната единица од Велес, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување излегле на местото на настанот и по преземените мерки во 13.20 часот на место каде реката Бабуна се влева во реката Вардар било извадено телото за кое било утврдено дека е на С.Д.(51) од с.Рлевци, велешко, а за кој било пријавено дека исчезнал на 06.08.2020 во 14.45 часот во водите на река Вардар, атар на с.Белештевица, информира МВР.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.За настанот бил известен јавен обвинител по чија наредба ќе се изврши обдукција.

Македонија | пред 5 години

Krvna-palzma

Со крвна плазма третирани се околу 70 пациенти, расте бројот на пријавени донори за конвалесцентна плазма

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека досега се обезбедени 88 единици конвалесцентна плазма, од вкупно 53 донори. Со крвна плазма се третирани околу 70 пациенти. Во моментов, установата располага со 16 единици конвалесцентна плазма спремна доколку се појави потреба за третман на пациент.„Секојдневно расте бројот на пријавени донори на конвалесцентна плазма од лица кои се излечени од коронавирус. Нивниот висок алтруизам е да помогнат на пациенти со изразена клиничка слика на COVID-19 болест. Апелирам до сите излекувани пациенти да даруваат крвна плазма за да им помогнат на пациентите кои во моментов се борат со вирусот“, изјави директорот на Установата, д-р Седула Усеини.Само излекувани пациенти од коронавирусот можат да даруваат. Тие треба се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина. Да бидеме хумани, да спасиме човечки животи.

Македонија | пред 5 години

teroristi-1

(ВИДЕО) Во полициска акција во Куманово и Скопје разбиена терористичка ќелија под влијание на ИСИС

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за истрага против три лица осомничени дека сториле кривично дело – „терористичка организација“ и „тероризам“.Осомничените лица се на возраст од 22 до 28 години, претходно издржале казна затвор поради учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.Првоосомничениот во текот на минатата година создал терористичка организација со основи на идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС, на која подоцна се приклучиле други лица меѓу кои и двајцата осомничени. Обезбедувајќи финансиски средства организаторот купувал оружје, муниција и воена опрема, а припадниците биле во улога на логистичка поддршка.Како резултат на добиени оперативни сознанија, по неколку месечна меѓусебна соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал со подршка на Одделот за специјални полициски операции при МВР, во текот на вчерашниот ден спроведоа полициска акција на четири локации во Куманово и Скопје.При извршените претреси во дом и други простории кај осомничените е запленето поголемо количество на оружје, а тројцата осомничени се уаспесни.Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување на притвор за трите осомничени лица.Обвинителството издаде наредби за вештачење на пронајдените предмети, а се преземаат и други дејствија во насока на расветлување на случајот.

Македонија | пред 5 години

karticki

Пандемијата ги промени и навиките, граѓаните се повеќе плаќаат со картички

Со цел навремено согледување на движењата кај плаќањата, во услови кога навиките за начинот на извршување на плаќањата се менуваат заради влијанието на пандемијата на КОВИД-19, Народната банка ги обработи податоците од платежната статистика за вториот квартал од 2020 година и ги објавува пред вообичаениот рок за известување на јавноста утврден во календарот за објавување податоци од платежната статистика.Во услови на пандемија, плаќањето со платежните картички во трговијата во земјата забележа годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 7,4% и 17,6%, соодветно. Притоа, евидентен е високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на местата на продажба на интернет, кој во вториот квартал од оваа година изнесуваше 169,6% и е петкратно повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатaта година (32%). Во однос на користењето на платежните картички на физички места на продажба во вториот квартал од 2020 година беше остварен годишен раст од 4,9%, кој е значително понизок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година (19,1%). Негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, кои забележаа годишен пад од 13,3% во однос на бројот и 17,4% во однос на вредноста на трансакциите. Сепак, од започнувањето на корона-кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери извршени од страна на граѓаните во вториот квартал се зголемил за значителни 42,2% на годишна основа, што е двојно повеќе споредено со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (20,9%). Граѓаните ги извршувале плаќањата најчесто преку компјутер. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во вториот квартал од 2020 година се забележува висок годишен раст од 32,9%, кој е скоро двојно повисок од годишниот раст во вториот квартал од минатaта година, кој изнесуваше 14,7%. Исто така, и во вториот квартал од годинава продолжува трендот на зголемена употреба на мобилните телефони за извршување плаќања во земјата. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон пораснал за значителни 75,1% на годишна основа. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин исто така е повисок од годишниот раст остварен во вториот квартал од минатата година, кој изнесуваше 49,1%. Од друга страна, условите коишто ги наметна пандемијата на КОВИД-19 придонесоа за забрзано менување на навиките на граѓаните во однос на извршувањето кредитни трансфери на хартија, пришто бројот на кредитните трансфери извршени на овој начин забележа голем годишен пад од 24,6% во вториот квартал оваа година, наспроти годишниот раст од 4,1% во истиот квартал во минатата година.Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6%, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2%, во текот на првото полугодие од 2020 година.

Македонија | пред 5 години

krivolak-2

На Криволак вежбовни активности на припадниците на Вооружените сили на САД од составот на КФОР На Криволак вежбовни активности на припадниците на Вооружените сили на САД од составот на КФОР

Од денеска до 15 септември на Армискиот полигон Криволак ќе се одржуваат вежбовни активности на припадниците на Вооружените сили (ВС) на САД од составот на мисијата КФОР. Тие, по систем на ротација заедно со припадници од составот на Армијата на Република Северна Македонија и вклучување на припадници од полските вооружени сили од составот на КФОР ќе изведуваат повеќе видови на гаѓања, соопшти Генералштабот на Армијата на РСМ.Припадници од 162-от пешадиски полк на ВС на САД кои извршуваат задачи во состав на мисијата КФОР ќе реализираат гаѓања со користење на пешадиско вооружување, при што ќе се врши и меѓусебна фамилијаризација, односно извежбување на гаѓања со формациското вооружување од составот на двете армии. Помеѓу останатото ќе бидат извежбувани и изведени и заеднички тактички вежби со боеви гаѓања.За време на втората ротација на која ќе учествуваат и припадници од воените сили на полскиот контингент од составот на КФОР на 9 септември ќе се реализира и Ден за високи гости на кој ќе бидат прикажани дел од активностите.Во тек на извежбувањата ќе бидат спроведени повеќе активности од цивилно воена соработка каде од страна на ВС на САД ќе се спроведат донации од заштитни средства за справување со „Ковид 19“.АП Криволак врз основа на одличната воена соработка и поддршка од ВС на САД, претходно беше сертифициран од страна на 7-мата Команда за обука на копнените сили на САД, по што веќе трета година по ред е домаќин на контингентот од ВС на САД во мисијата КФОР со што се докажува како полигон кој овозможува одлични можности за изведување на разни видови воени активности на НАТО сојузниците.Армијата на Република Северна Македонија покрај овозможување на непречено користење на полигоните и стрелиштата на АП Криволак, за време на активностите овозможува и потребна воено полициска придружба за време на транспортот на ВС на САД и доколку е потребно обезбедува соодветна логистичка поддршка на активностите.Од Генералштабот потенцираат дека со изведување на овој вид на активности се потврдува поддршката од нашиот најголем сојузник и стратешки партнер, САД при што се промовираат и можностите на нашиот најголем воен капацитет за изведување вежбовни активности од страна на Вооружени сили на странски држави.Во процесот на планирање вежби веќе е планирано за следната година АП Кривола да биде домаќин на најголемата воени вежба досега „Одлучен удар 2021” на која вежба ќе учествуваат повеќе од 4.000 припадници на Копнените сили на Вооружените сили на САД за Европа, Армијата на Република Северна Македонија и од други НАТО армии.

Македонија | пред 5 години

stranski-investicii

ВМРО ДПМНЕ: Владата на Заев нема министер за привлекување на инвестиции, статистиката покажува одлив на странски капитал

Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е криминална и затоа што нема ниту еден министер за привлекување на инвестиции. Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупнуите директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9.3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Од почетокот на годината до денес немаме ниту една нива инвестиција во државата, и капиталот што влегува во државата е реинвестиција на постоечките капацитети, кои се дојдени и инвестирале во државата благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.Епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста.За само 5 месеци во државата има 40.000 невработени лица повеќе. Тоа е резултат на неспособноста на Зоран Заев и желбата да се задоволи личниот и партискиот интерес пред државниот.Бројот на работните места уште сега опаѓа, а тоа го покажуваат и релевантни институции.Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари - јули оваа година во споредба со лани е намален за 4.6 %.Македонија има влада која нема да создава инвестиции и нема да генерира нови работни места, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања