Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

marihuana

Претреси во Арачиново, пронајдена дрога

Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера при претреси во Арачиново пронајде и одзеде марихуана. По претходно добиени оперативни информации и добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории на Б.А. (33) од с. Арачиново. Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 145 нови случаи на ковид 19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-15, Дебар-5, Штип-8, Прилеп-8, Тетово-9, Струга-4, Велес-2, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Пехчево-5, Берово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-4, Кичево-6 и Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациент од: Скопје-55, Куманово-31, Дебар-4, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-14, Струга-10, Велес-2, Битола-5, Кавадарци-6, Гостивар-39, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-3, Делчево-3, Свети Николе-4, Кичево-10.Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600,  бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5967, активни 757• Куманово 1498, активни 300• Дебар 257, активни 56• Штип 1156, активни 114• Прилеп 486, активни 125• Тетово 1223, активни 114• Струга 579, активни 57• Велес 272, активни 29• Битола 211, активни 36• Охрид 345, активни 39• Кавадарци 184, активни 52• Гостивар 805, активни 174• Гевгелија 53, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 70, активни 19• Крива Паланка 50, активни 14• Радовиш 43, активни 6• Крушево 17, активни 1• Кочани 149, активни 23• Пробиштип 84, активни 15• Демир Хисар 60, активни 10• Македонски Брод 72, активни 12• Пехчево 24, активни 18• Берово 61, активни 50• Валандово 9, активни 2• Виница 76, активни 35• Делчево 69, активни 57 (16 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 19, активни 3• Свети Николе 294, активни 46• Кичево 275, активни 49• Ресен 146, активни 0• Неготино 46, активни 12 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1772 теста се преку: ИЈЗ-506, ЦЈЗ Скопје-17, Авицена-287,  Биотек-203, МАНУ -74, Жан Митрев (Филип Втори)-272, Систина со PCR метода -245, лабораторија Лаор –59, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-94, Инфективна клиника-4, ГАК-11, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4  позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 94• Гази Баба – 87• Аеродром - 94• Карпош – 81• Центар – 83• Кисела Вода – 91• Ѓорче Петров – 44• Бутел - 53• Шуто Оризари – 29• Студеничани – 26• Сарај – 22• Арачиново – 13• Илинден – 12• Сопиште – 6• Чучер Сандево – 3• Петровец – 8• Зелениково - 2• Странец – 9

Македонија | пред 5 години

nefi

ОЈО поднесе обвинение против Нефи Усеини и неговиот брат за насилство

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, по претходен договор извршиле грубо насилство врз едно лице при што во јавноста, кај присутни гости и вработени во хотелот Јуник во Охрид, предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Обвинетите го повикале оштетениот на средба во хотелот, па откако тој пристигнал со возило, на совозачкото седиште седнал еден од обвинетите. Веднаш започнале расправија, излегле од возилото кај паркингот пред хотелот, каде во меѓувреме пристигнал и вториот обвинет.  Во тој момент, двајцата обвинети физички го нападнале оштетениот. При тоа, на еден од обвинетите од пантолоните му испаднал  тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите  во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол.  По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот.Јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата обвинети, поради постоење опасност од нивно бегство.

Македонија | пред 5 години

mavrovka-1

Поведена истрага за бесправно градење објект пред ТЦ „Мавровка“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар  „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.Со цел обезбедување на  присуството на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​.

Македонија | пред 5 години

14BA0EA2-05A3-4C10-AE80-583CFFCAAE9F

(ВИДЕО) Багери на Нефи копаат песок за неговата база од крајбрежјето

Граѓанската иницијатива „Охрид -СОС“ на нивата фејсбук-страница објави видео на кое се гледа како багери на охридскиот советник Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на езерото за неговата бетонската база. Од граѓанската инцијатива посочуваат дека локацијата каде што се копа песок е во близина на базата, а видеото објавено на нивниот профил е од граѓанин кој го снимал ископот, при што во моментот кога се обидел да се доближи до механизацијата добил вербални закани од вработените со зборовите „ знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме у езеро!“.-Викендов се формализираше новата владина коалиција на Guns N' Roses, или попрецизно, надградената и проширена верзија на претходната, со неколку рокади. Додека мандатарот најавуваше чесни и способни кадри, справување со проблемите и корупцијата, конечно воспоставување правна држава, на брегот на Охридското Езеро, механизацијата во сопственост на Нефи Усеини копа песок од литоралот (односно крајбрежјето) за потребите на бетонската база. Локацијата каде се копа е во права линија со базата . Нашиот сограѓанин кој го сподели видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, за подобро да види што се случува, но добил вербални закани: „знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме в езеро!“. На механизацијата немало никакви обележја од фирма.До кога Zoran Zaev како претседател на Влада на Република Северна Македонија и Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид ќе го толерираат нивниот коалиционен партнер Bashkimi Demokratik për Integrim - BDI и нивниот локален експонент Усеини, кој моментално е во притвор откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за кривичните дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“ и со денови беше во бегство? Како може советник во Општина Охрид да биде лице на кое е поднесена кривична пријава за сериозни прекршоци и кое ѝ бегало на правдата и службите на прогонот? Зарем бетонската база не се демонтираше и рушеше? Дали Oliver Spasovski и Министерство за внатрешни работи ќе се одважат и ќе ги запрат овие активности на брегот и вистински, до крај, ќе ја спроведат акцијата за прекин на работата на нелегалната бетонска база? Што е приоритет - јавниот интерес, заштита на животната средина и почитување на правдата и законите или еден надмен поединец кој изминативе години е неприкосновен и оставен да прави што сака во општината?Ако тврдевте дека сега ќе делуваат чесни и способни кадри, тогаш уште денес ќе започнете со брза и бескрупулозна акција и ќе го запрете дивото копање езерски песок од крајбрежјето, ќе ги казните физичките или правните лица кои го вршеле тоа, ќе ја затворите бетонската база и ќе наложите нејзино демонтирање и рушење! Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма која ќе го стори тоа. Не чекајте, ако Makedonijapat ќе ја руши дивоградбата во Скопје, нека дојдат после тоа и во Охрид, да се продолжи низата. Во спротивно од старт ќе покажете дека новата влада е само лицемерие и неспособност завиткано во убава хартија. Само вистинска и решителна акција ќе покаже дека сите тие зборови не се само празни фрази во етерот.Ги повикуваме и охрабруваме сите наши сограѓани, сонародници, нека го следат примерот на овој совесен млад човек и да снимат, да фотографираат, да реагираат до институции, медиуми, да бидат активно вклучени, да ги следиме сите девијации и пропусти кои се случуваат, повикуваат од Охрид ЅОЅ. Видеото може да го погледнете на овој линк ...

Македонија | пред 5 години

covek-mavrovka

(ВИДЕО) Маж влезе меѓу разурнатите столбови за време на уривањето на објектот кај Мавровка

Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред Мавровка за време на уривањето. Тој успеа да влезе во карабината, зеде парче од урнатиот столб, кога полицијата го фати и го истурка надвор.Човекот пружаше отпор, им викаше на полицајците, не сакаше да излезе и тие на сила го извлекоа. „Човекот не е ментално добар“, рече еден од работниците на „Македонијапат“ кои го следат уривањето.Полицијата е распоредена секаде околу објектот којшто се урива и не дозволува никој да помине.извор: Макфакс

Скопје | пред 5 години

naum-za-raskovski

Стоилковски: Помина цела година од аферата Леонардо тешка 7 милиони евра во која беше вклучен Драги Рашковски, а епилог нема

"Leonardo will win“. Леонардо ќе победи и очигледно- победи! Случајот се забошоти, за Рашковски уште нема процес!Драги Рашковски, генерален секретар на влада,  јасен и гласен на снимката објавена во домашните и странските медиуми и вели: „Leonardo will win“ односно Леонардо ќе победи. Апла местење кој треба да добие тендерот, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:И цела година помина откако излезе аферата Леонардо тешка 7 милиони евра, а нема епилог!Драги Рашковски му заврши секретарувањето во Владата без правен епилог за местење тендер!Лани на 4 јули постапка отвори ДКСК, а на 19 септември постапка отвори ЈО!И нема епилог, мандатот му заврши, случајот се забошоти, а Драги Рашковски може да се врати пред студентите на Правниот факултет Јустинијан први! Каква фарса, каков дебакл на правниот систем, каков апсурд за сите студенти на право!Од аудиото кое предизвика и потрес во Италија, јасно е дека Рашковски преговарал задолжен од Зоран Заев кој што стои зад нарачката на скандалозниот тендер.ЈО на Јовески и Рускоска остана на содржински празно соопштение дека е почната постапка, внимавајте „по реакциите во јавноста”!“ И толку!Во оваа правната фарса, фактите се овие:Рашковски не беше и не е приведен, ниту притворен,До крај остана Генерален секретар на влада,До сега имаше над позиција да влијае врз сведоци и докази,Скандалот е меѓународен,Му се остави простор тој да се заканува и гони медиуми, новинари и опозициски функционери. И тоа се случи!Му се остави до крај можности за повторување на делото, особено што беше задолжен и за решавање на спорните моменти со дел од ваучерите- изборниот поткуп среде епидемијата!И со сето тоа се сокри кој му дал наредба да го мести тендерот?ДКСК го сокри Рашковски зад некакви ревизорски извештаи, како што ја сокри и Ангеловска со некакви изговори за неетичност, а ЈО е главниот кочничар на правдата во овој случај!Да потсетам:-Според информациите Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со воздушен простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, тоа е спротивно на заклучок на влада, како и спротивно на одредени законски решенија, за кои како што вели во снимките треба да бидат сменети. Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кој се предвидува затворска казна од најмалку 5 години.И тоа и овој предмет се уште стои во место. Џабе што предвидува, кога никој не смее да спроведува, ако се работи за луѓе блиски и кадри на Зоран Заев!Јовески и Рускоска требаше до сега да имаат барем одговорено:1.Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?2.Како и дали Рашковски го повлекол заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ укажува дека е спорен?3.Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требало да се смени за да можат да го доделат тендерот на договорената фирма?4.Што вели наодот од Бирото за судски вештачења кој што се крие од компаниите учеснички на тендерот?Зошто Рашковски беше оставен во позиција со простор да го повтори делото и да влијае врз сведоци и докази? Правната фарсата од Обвинителството и водењето на истрагата за Леонардо се доказ за постоење на можно криминално здружување на власта и сиот правнообвинителски систем, за уцени, рекет и неказнивост за криминал и висока корупција.Со ваква иста власт сега, Македонија само повеќе и повеќе ќе тоне. Каква борба со корупција, каков министер за борба со корупција- се е тоа фарса, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Miladinovci

Демократи: Македонија во последните три децении ја водат луѓе кои не ги интересира македонската држава

Музејот и родната куќа на браќата Димитрија и Константин Миладинови претворени во депонија, се вели во објавата на Демократи на социјалната мрежа ФБ . Тие додаваат:За жал Македонија во последните три децении ја водат луѓе кои не ги интересира ни' македонската држава, ни' македонската нација, ни' култура, ни' историја. Единствено што ги интересира е личниот интерес за подобра функција и да си ги полнат џеповите на сметка на народот.https://www.facebook.com/demokratimk/photos/a.194471641340538/738874200233610/?type=3&theater https://www.facebook.com/demokratimk/photos/a.194471641340538/738874200233610/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Ова се граѓаните што ќе може да го одложат плаќањето на кредитот уште 6 месеци

Вториот период на одложена отплата на кредитите нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, информираа од Банкарската асоцијација.– Банките  ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл, велат од Асоцијацијата.Како што наведуваат од Македонската банкарска асоцијација, граѓаните ќе може да добијат детални информации кај банките кои постапката и методологијата ќе ги објават на своите интернет-страници во најкус можен рок.Од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.Притоа, граѓаните ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука.– Со оваа активност, граѓаните ќе бидат во можност да користат до 6 месеци продолжување на рокот на отплата на своите кредитни обврски, за сите или за дел од кредитните производи кои ги користат, во зависност од пристапот и понудата на секоја банка, појаснуваат од Асоцијацијата.Доколку им се променат и подобрат условите, граѓаните ќе может да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Во сообраќајна несреќа кај Сарај, повредени три лица

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат село Сарај – село Рашче, помеѓу два автомобила.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и еден сопатник. Возачот и сопатникот од едното возило биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а возачот на другото возило во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

mavrovka-1

Сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“: Не градев нов објект туку го обновував изгорениот објект

„Не градев нов објект туку го обновував изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција, имав одобрение за обнова на објектот, рече сопственикот на објектот пред ТЦ „Мавровка“ кој денеска се урива, Мевљудин Алити.Според него во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, само да не излегува од постоечката површина.– Нека руши државата како што е научена да руши. Ми ги остави вработените без плата, семејството без леб – додава Алити.Сопственикот вели дека на суд ќе ја бара правдата, а ако треба ќе се жали и во Стразбур.На прес-конференцијата, еден од неговите адвокати праша по кој основ премиерот може да ѝ даде помош на Општина Чаир без да биде побарана.„Во груево време имаше рушење на ‘Космос’ по телефон со бомби. По кој основ премиерот може да даде помош на општината без да биде побарана. Зошто Општина Охрид кога бара помош за рушење на дивоградбите никој не им ја дава. Ова нека биде позитивен пример, нека оваа влада си ја заврши работата во сите општини. А за оваа општина и овој објект си има институции, си има документација, ќе одиме на суд, ќе си бараме оштета. Он си има легално право да си го обнови објектот“, кажа адвокатот.  

Скопје | пред 5 години

nova-kola-2

Истражување: Државните институции потрошиле осум милиони евра за нови возила за две години

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во 2018, 2019 и 2020 година. Истражувањето открива дека во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра.Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра.Меѓу марките возила убедливо водат „Шкода“ и „Фолксваген“ од кои се купени 100, односно 88 нови возила, односно речиси половина од сите новонабавени возила се од овие две марки. Кај „Фолксваген“ води моделот „пасат“ со 53 возила, додека половина од набавените возила од марката „Шкода“ се од моделот „октавија“.Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со 3 милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра.Како што покажува истражувањето, конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и не постоела. Дури на 71% од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова, како што се наведува, го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале.Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.извор: Makfax

Македонија | пред 5 години

9E43C3F0-ED14-4B8A-B9AC-EB3869938FFA

Локалот во ТЦ Бисер каде синоќа се забавуваа младите бил нерегистриран, ќе има забрана за работа до 30 дена

Со синоќешниот случај, во кој млади се забавуваа во локал во ТЦ Бисер во скопската општина Аеродром, е запознаен Пазарниот инспекторат и локалот ќе добие забрана за работење до 30 дена, пренесува „360 степени“.Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември (освен во петок и сабота кога е до 1 часот) е до полноќ.

Скопје | пред 5 години

02092020_PVRSM-Zaev_sredba_ambasadorka-na-SAD-Brnz_1

Заев и Брнз најавија директни инвестиции од САД и во сферата на енергетиката, дигиталната економија и сајбер безбедноста согласно стандардите на НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера ја прими во прва посета во новиот мандат амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, која му честиташе на премиерот Заев за повторниот избор на оваа позиција и ѝ посака успешна работа на новата Влада во реализацијата на програмата со очекување за континуитет и продлабочување на соработката меѓу двете земји.Премиерот Заев на средбата истакна дека овој мандат започнува во сосема поинаков, многу подобар политички контекст, отколку во 2017, со обновена демократија, со решени спорови со соседите во година во која Северна Македонија стана членка на НАТО, и ги очекува преговорите со ЕУ.Соочени со здравствените и економски предизвици од КОВИД-19, кои остануваат во врвот на приоритетите, истакна на средбата со амбасадорката Брнз премиерот Заев, убедени сме дека справувањето со пандемијата ќе заврши со успех, особено имајќи ја предвид досегашната соработка со САД, и на останатите сојузници од НАТО за целата поддршка во хуманитарна помош и други материјали за време на кризата.„Владата останува силно посветена на стратешкото партнерство со САД кое ќе продолжиме да го негуваме со нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции за борба против корупцијата“, истакна премиерот Заев на средбата.Амбасадорката Кејт Брнз во разговорот со претседателот на Владата Зоран Заев истакна дека ова е прва нивна средба како НАТО сојузници и додаде дека нејзината земја е подготвена односите меѓу двете земји да ги подигнат на следно ниво со поддршка за директни инвестиции од САД, како и во соработката во сферата на енергетиката, дигиталната економија и сајбер безбедноста согласно безбедносните стандарди на НАТО.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопотврдени со Ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани случаи

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020г. направени се 9.944 тестирања на вирусот SARS-CoV-2, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи што претставува намалување од 20,6% во однос на претходната недела.Новорегистрирани случаи има во 29 градови во државата, а најголем дел се од Скопје - 31,4%. Во истиот период, во 23 града, или 7 повеќе во однос на претходната недела, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7% што претставува намалување од 0,8% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува континуиран тренд на намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6%, 7.8%, и 7.5%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7%) позитивни.Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=138; 20,7%), 50-59 (n=122; 18,3%) и 20-29 (n=113; 17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=12; 1,8%) и 10-19 години (n=31; 4,7%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=657; 98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување во последни 14 дена.Во споменатиот период, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 558 лица или 100% повеќе во однос на претходната недела.Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови, зголемување од 84,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 29 од случаите.Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 24-30.08.2020, како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

Micevski

Градоначалникот на Крива Паланка позитивен на ковид-19

Првиот човек на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека се заразил од корона вирусот. Како што порача тој, општината ќе работи само за итни и неодложни потреби и тој се повлекува во домашна изолација.Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на COVID 19, од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен.За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк.Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство, напиша Мицевски на ФБ.https://www.facebook.com/borjancho.micevski/posts/10157509138147196 

Македонија | пред 5 години

mavrovka-1

(ВО ЖИВО) Се руши кај Мавровка од утрово

Започна уривањето на дивоградбата кај Мавровка.Инаку вчера Владата на својата прва седница која се одржа вчера даде насоки за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“.Како што посочи премиерот, во рамките на оваа одлука, Владата им препорача на Општина Чаир и на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.За градителот на дивоградбата, МВР денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство.https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/320821329168313/?v=320821329168313 https://www.facebook.com/360stepeni/videos/336055130931075/?v=336055130931075

Скопје | пред 5 години

ivica-konevski

Коневски до Мицкоски: Зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено?

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски упати отворено писмо до актуелниот лидер на опозициската партија, Христијан Мицкоски. Писмото го пренесуваме во целост.„Сѐ уште актуелен претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено? Зошто упорно продолжуваш да се срамиш себеси упатувајќи навреди и клевети кон луѓето кои бараат твоја оставка?Зошто се криеш зад партијата и постојано повторуваш дека е тоа напад врз ВМРО-ДПМНЕ?Немаш право бесрамно да користиш ниски навреди и вулгарни зборови за луѓе кои животот го посветиле на ВМРО-ДПМНЕ, кои создале толку многу работејќи за државата и кои немаат ни најмала црна дамка во кариерите.Ти не си ВМРО-ДПМНЕ и едноставно не можеш да се поистоветуваш со партијата. Погледни го својот рејтинг, тој е дупло понизок од оној на самата партија.Сѐ уште актуелен претседателе, барањето вонреден конгрес за избор на нов лидер е нормална работа во секоја демократска партија.После сите изречени навреди, падна маската на универзитетскиот професор и се појави еден неморален човек кој некогаш повторно ќе застане пред своите студенти. Но, со кое лице? Повеќе од очигледно е дека твојата титула си ја добил преку непотизам, токму она против кое се бореше Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ и донесе Закон за во иднина да не се случуваат вакви грешки, како што, за жал, си ти.Биди сигурен дека вонреден конгрес ќе има и тоа со огромна поддршка од делегатите кои во 2017 година тебе те направија претседател на партијата.Имај барем за крај доблест и свикај го сам вонредниот конгрес за да се поштеди партијата од поделби, застани пред делегатите со крената глава, заблагодари им се за довербата што ти ја укажаа и обиди се да го подобриш впечатокот за тебе во нивните очи.Тие се ВМРО-ДПМНЕ, а не ти“, пишува Конески.https://www.facebook.com/IvicaKonevski/posts/3147982661985969

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Ахмети вчера дaл исказ во Хаг?

Иако беше најавено дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на 2-ри и 3-ти септември е повикан да даде исказ пред Специјализираното обвинителство на Косово (СОК) лоцирано во Хаг, според ТВ „Клан Косово“, тој веќе дал исказ вчера (вторник), а денеска (среда) ќе следи вториот ден од неговото испрашување. Според оваа телевизија, тој е испрашуван исклучиво во својство на сведок, објави dw.com.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во август беше повикан да се појави пред ова Обвинителство, откако СОК минатиот месец објави дека на 24 -ти јуни до Специјализираните совети на Косово (ССК) поднело обвинение од десет точки со кое претседателот на Косово, Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, и неколку други поранешни водачи на ОВК се товарат за воени и други низа злосторства против човештвото. Обвинението го разгледува судија на ССК за претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе го потврди или ќе го отфрли.Од Специјалното обвинителство на Косово минатиот месец не коментираа во кое својство е повика Ахмети, со образложение дека и Обвинителството и судот се до конечно одобрување на обвинителниот акт во јавноста не споделуваат детали, ниту се знае кој е обвинет, а кој сведок.Текстот во целост на: dw.com.

Македонија | пред 5 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Филипче: Состојбата со болниците е стабилна - ГОБ „8 Септември“ и болницата Козле постепено се враќаат на редовно хоспитализирање

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче осврнувајќи се на епидемиолошкиот аспект, истакна дека состојбата со КОВИД 19 е стабилна, вклучително и состојбата со болниците каде практично секаде има слободни болнички капацитети.Во однос на состојбата со коронавирусот согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од случаите во изминатата недела, Филипче информираше дека хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените што е намалување од 40,3% во однос со претходната недела.„Овој тренд го пратиме во сите интитуции, каде се лекуваат ковид пациенти, што е многу важно во однос на менаџирање на целокупниот болнички капацитет. Во болницата Козле останати се уште неколку возрасни пациенти. Верувам од крајот на неделата понатаму ќе биде повторно наменета само за лекување на деца. Слободни кревети има на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, околу 70 окупирани. Значајно намалување на бројот на хоспитализирани пациенти има и во Градската општа болница „8 Септември“ - денеска околу триесетина, што дозволува постепено да се врати нормалното хоспитализирање, посебно на болницата „8 Септември“ преку системот Мој Термин“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

nefi

Браќата Усеини остануваат во притвор, предметот е вратен во Охрид

Битолскиот Апелациски суд го поништи решението на Охридскиот суд да ја прифати понудената парична гаранција од 30.000 на градскиот советник на ДУИ во Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини, и на неговиот брат за да бидат пуштени од притвор.Бидејќи Обвинителството се жалеше на оваа одлука, последниот збор да го имаше битолската Апелација. Тоа значи дека браќата Усеини остануваат и натаму во притвор.Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува утре. Откако неколку дена браќата беа недостапни за полицијата, на 26 август сами се пријавија и беа притворени.Против браќата се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако тоа го утврди полицијата.

Македонија | пред 5 години

9E43C3F0-ED14-4B8A-B9AC-EB3869938FFA

ВИДЕО: Куп млади на забава во Аеродром со српска музика, наместо во училишта

Видео од трговскиот центар Бисер во Аеродром е споделено на социјалните мрежи, а на него се гледаат куп млади лица кои се забавуваат играјќи на српска музика.“1 септември. Еве кај ви се средношколците, мизерија”, пишува под видеото.https://www.facebook.com/1309721200/posts/10218497248045024/?extid=z1LaYvLL4jKQIDeF

Скопје | пред 5 години

vladimir-neloski-2

Каевски: Владата е посветена на неселективна борба против криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лаги и популизам

Уште на самиот почеток, кога ја формиравме новата влада, предводена од СДСМ се посветуваме на борба против криминалот и неселективна правда, како еден од главните постулати на работењето на новата Влада во наредните четири години, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5Тој истакна дека еден од главните принципи ќе биде со чесни и одговорни кадри да се спроведат реформите кои ќе ги вратат сјајот на правдата и тоа ќе го направиме во наредните четири години.Смешно и невкусно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за криминал за корупција и неселективно постапување, рече Каевски, додавајќи дека граѓаните на изборите на ВМРО-ДПМНЕ му дадоа сериозен црвен картон и лекција, која не ја научиле и продолжуваат со деструктивност, популизам и лаги.Претседателот на СДММ Дарко Каевски истакна дека оваа влада ќе покаже дека државата е сервис на граѓаните и го најави четвриот пакет антикризни мерки, кој ќе им помогне на пензионерите и граѓани од социјален ризик да го поминат овој тежок период.Сите, а пред се младите очекуваат да работиме силно на воспоставување на правда, како и економски мерки, граѓаните сакаат сигурна иднина во нашата земја, тука е НАТО и ЕУ, ќе се отворат фондови, сакаат да ја доживеат Европа во нашата држава, а тоа ќе го постигнеме и со зголемување на платите и со намалување на невработеноста, порача Каевски.Тој порача ВМРО-ДПМНЕ да и погледне на реалноста во очи и да сфати дека загуби на изборите на 15 јули, а ги замачкува очите на македонската јавност, со најавување на протести само за да ги задржат своите партиски функции, зашто дел од членството бара оставка од раководството на партијата.Немојте внатрепартиските проблеми да ги манфестирате со нешто што ќе ја закочи нашата држава, немаме луксуз за поделби доаѓа светло време на преговори за членство во Европската унија, на државата и на граѓаните им е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која лобира против членството во НАТО, не гласа за покачување на минималната плата, повика пратеникот на СДСМ и претседател на СДММ Дарко Каевски 

Македонија | пред 5 години

Vladimir-i-darlp

Нелоски: Незадоволството кај граѓаните од политиките на СДСМ многу брзо ќе стане видливо

Вечерва во емисијата „Само вистина“ гостуваше Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. При своето гостување посочи дека граѓаните осиромашуваат,а СДСМ не прави ништо.„Во тоа дека СДСМ може подобро и повеќе видовме дека можат уште повеќе со тоа кога еден функционер доби „голема“ казна за шверц со цигари и потоа член на негово семејство доби дозвола за одгледување на марихуана. Ова е правдата на СДСМ, но тоа не е правда“, посочи Нелоски.Според Нелоски СДСМ прави само работи за кои не зборуваше во предизборието како што беше со покачување на цената на струјата.„Граѓаните ќе бидат нервозни кога ќе им стигнат сметки за парно повисоки за 7,5 проценти, а тоа не беше никаде кажано. Тоа е така поради фактот што СДСМ прави непродуктивни трошоци, има договори со универзалниот снабдувач, и преку фирмите за енергетика СДСМ со фирми блиски до нив испумпува средства“, истакна Нелоски.„Има 40 илјади луѓе кои останале без работа, без леб кои не знаат како да купат прибор за училиште за своите деца. За ова треба решение и одговор од Владата“, вели Нелоски.„Оваа лепенка влада како што ја нареков кратко ќе издржи. Следната година има локални избори, не верувам дека ќе издржи и многу повеќе од по локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе биде помеѓу граѓаните, како и до сега. Јас ќе бидам на протестите“, рече Нелоски.„Многу набрзо револтот на граѓаните кој тлее поради лошите политики во здравството, во образованието ќе експлодира на некој начин“, кажа Нелоски. 

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Градинките ги отвораат вратите на 9 ти септември

Владата денеска на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки/центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано од 9 септември 2020 година.- Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат  потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопшти владината прес-служба.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања