Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

opel

Поранешен началник во МВР за „Монструм“: Опелот го зедовме за проверка, немавме никакви сознанија дека бегале убијци со него

Ивица Вучевски, сега виш инспектор во Бирото за јавна безбедност, а за време на петкратното убиство на 12.04.2012 кај Смиљковско езеро началник на единица за насилен криминал на СВР-Скопје, надлежна за ваков вид криминал на денешното судење за случајот „Монструм” беше испрашуван од обвинителите и од обвинетите околу клучниот проблем, најдениот “Опел омега”, главен доказ за наоѓање на сторителите, објави sdk.mk.Додека за обвинителството трагите и доказите потврдени со ДНК, земени од возилото се клучниот доказ за лицата кои ги убија четирите деца и рибарот, одбраната и во повтореното судење сака да докаже дека возилото и доказите во него го подметнале безбедносните служби.Ова е последна серија на сведоци на обвинителството, со која треба да се расчисти главниот проблем – како се случило толку брзо да го најдат возилото кога уште МВР немало ни осомничени, кој го видел прв, кој и каде дојавил, кој отишол првин во Вражји вир да го види возилото, да го товари, земе, однесе во МВР, зошто токму тоа возило, дали крим-техника испитувала и други сомнителни возила…„Ние не сме знаеле дали е тоа возило со кое бегал некој по сторено кривично дело или не. Ние го земавме на испитување зашто било паркирано и напуштено”, кажа Вучевски.Текстот во целост на: sdk.mk.фото:  sdk.mk. 

Македонија | пред 5 години

pesok-od-ezero

Братот на Нефи Усеини тврди: Компанијата „Нефи ИК” никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро

Компанијата „Нефи ИК” никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро, тврди Кујтим Усеини, брат на Нефи Усеини, советникот од редовите на ДУИ во општина Охрид и сопственик на нелегалната бетонска база изградена на излезот од Охрид, во близина на езерото.Според изјавата на Усеини, невистинити се информациите објавени од страна на активисти на Охрид SOS, дека багер на компанијата „Нефи ИК” црпел песок од езерото што, како што нагласува, било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на Охрид SOS, јави МИА.– Багерот снимен како копа во езерото не е наш. „Нефи ИК” ниту некогаш црпела, ниту црпи, ниту некогаш ќе црпи езерска песок за бетонска база. Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме, вели Кујтим Усеини.Компанијата „Нефи ИК” бара извинување од организацијата Охрид SOS и нејзините активисти за изнесување невистини преку социјалните мрежи, а истовремено апелира до медиумите да не пренесуваат непроверени информации.Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина Охрид SOS вчера на својот Facebook профил објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Бачев: Потрчковците на Мијалков паднаа на дереџе што велат Мицкоски по ходниците во ВМРО-ДПМНЕ ширел негативни коментари за Меркел и Помпео

На кое дереџе падна оваа мала групировка командувана од еден од најголемите бандити во поновата македонска историја Сашо Мијалков. Мора да се во очај штом почнаа да се служат и со маалско кодошење, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија јанко Бачев. Тој во објавата додава:Денеска, замислете, во нивното сопштение велат дека Мицкоски по ходниците во зградата на ВМРО-ДПМНЕ ширел негативни коментари за Анѓела Меркел и американскот државен секретар Мајк Помпео и со тоа доведувал како што велат во конфликт со нашите стратешки партнери. Што да се каже, освен бедно издание на овие потрчковци на Мијалков!https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/a.211092309468687/739057936672119/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 166 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-17, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-11, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-6, Берово-4, Виница-3, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациент од: Скопје-59, Куманово-34, Дебар-28, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-6, Гостивар-17, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-6, Берово-2, Виница-7, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Неготино-5.Нема починати пациенти.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762,  бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191.Денеска се регистрираат четири контролни теста од вчерашната евиденција, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6013, активни 744• Куманово 1513, активни 281• Дебар 259, активни 30• Штип 1169, активни 112• Прилеп 498, активни 131• Тетово 1234, активни 119• Струга 583, активни 55• Велес 275, активни 28• Битола 215, активни 39• Охрид 347, активни 35• Кавадарци 186, активни 48• Гостивар 805, активни 157• Гевгелија 55, активни 30 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 73, активни 22• Крива Паланка 52, активни 16• Радовиш 45, активни 7• Крушево 17, активни 1• Кочани 155, активни 28• Пробиштип 85, активни 15• Демир Хисар 60, активни 3• Македонски Брод 74, активни 8• Пехчево 30, активни 24• Берово 65, активни 52• Валандово 9, активни 2• Виница 79, активни 31• Делчево 81, активни 68 (20 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 21, активни 5• Свети Николе 297, активни 48• Кичево 275, активни 45• Ресен 146, активни 0• Неготино 46, активни 7 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1756 теста се преку: ИЈЗ-517, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-245,  Биотек-314, МАНУ -99, Жан Митрев (Филип Втори)-194, Систина со PCR метода -189, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-22, ЦЈЗ Битола-63, Инфективна клиника-27, ГАК-22, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 153.462 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 44, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 22 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107 , позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 90• Гази Баба – 78• Аеродром - 103• Карпош – 80• Центар – 78• Кисела Вода – 85• Ѓорче Петров – 40• Бутел - 52• Шуто Оризари – 29• Студеничани – 28• Сарај – 22• Арачиново – 14• Илинден – 13• Сопиште – 7• Чучер Сандево – 3• Петровец – 8• Зелениково - 2• Странец – 8• Нераспределен-4

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Заев до министрите: Им служиме на граѓаните, да го слушаме нивниот глас

Премиерот Зоран Заев на свечен чин како прва точка од денешната владина седница им ги предаде мандатните писма на министрите во Владата. Во истите има утврдена мисија и задачи за новиот мандат како новина која Владата сака да ја воведе."Мора да им служиме на сите граѓани и во наредните 4 години ќе работиме целосно професионално. Агендатата која ја ветивме пред граѓаните мора да ја исполниме. Со цел да бидам уште поотворен премиер ве задолжувам и вас за редовна комуникација со граѓаните и соработка со медиумите. Секој глас даден за нас е глас за справување со здравствената криза, за нова економија и влез во Европската унија, порача Заев пред министрите.Заев истакна дека оваа Влада е мала, но секој од министрите ќе се посвети на успешно и ефикасно работење и тоа:-справување со светската пандемија со коронавирусот и надминување на здравствено– економската криза, ќе даде нова енергија во создавањето на подинамичен економски раст, одржлив развој, силни институции кои почитуваат ред и владеење на правото,-ќе обезбеди услови за помодерно, европско образование,-ќе остане активна членка во НАТО и со силна волја ќе продолжи во напорите за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавјето за членство во Европската унија.Сето ова ќе го оствариме заеднички, но, секој од нас ќе даде свој придонес во областа за која е избран. Да не заборавиме дека сме менливи, и таа менливост да ни биде мисла водилка да им служиме подобро, поефикасно на граѓаните, истакна Заев.-Затоа што граѓаните имаат очекувања, а вие сте на оваа позиција за да направите сѐ што е потребно за оваа Влада да ги исполни очекувањата.Придржувајте се до Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и ширете ги етичките вредности, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

03092020_MZ-Filipche_MTSP-Shahpaska_pres-konferencija_1

Филипче ги претстави протоколите за работа на градинките: Мерење температура на секое дете, ако има и најмали симптоми ...

Министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа дека донесена е одлука на 9 септември да се отворат установите за згрижување и воспитување на деца – детски градинки/центри за ран детски развој.Министерот Филипче го образложи Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца кој опфаќа план на активности и делувања кои се однесуваат на самата установа, на воспитно-згрижувачкиот кадар и на родителите на децата кои ќе посетуваат градинка.Филипче потенцираше дека пред отворањето на установите потребно е да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките, да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, целата опрема и инвентарот од страна на општината или центрите за јавно здравје, постапка која веќе е во тек и задолжително да се постават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места.„Секоја установа треба да обезбеди доволна количина на лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените, како и средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот и задолжително треба да има бесконтактен термометар на влез на установата. Дезинфекција на просториите, подовите и предметите е задолжителна на секои два часа во текот на денот. Задолжително е проветрувањето на просториите во согласност со временските услови и не се користи вештачка вентилација. Престојот на децата треба да се организира на начин на кој ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено и во мали групи“, изјави министерот Филипче.Приемот на децата по воспитна група треба да биде со 10 минути временска разлика на влез, на кој задолжително е обележано растојание од 2 метри, а детето го спроведува еден родител кој секогаш носи заштитна маска.Во однос на дистрибуцијата на храната, задолжително треба да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, а лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици. Храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите и рацете.„На сите вработени при влегување во установа задолжително ќе им се мери температура. Доколку некој вработен има било какви симптоми на болест истиот треба веднаш да биде отстранет од работа. Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории. Вработените во установата имаат обврска да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата и во целост да се придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19, на работното место и вон него“, информираше Филипче.Во однос на приемот и престојот на децата во установата, тој појасни дека при прием, на секое дете му се мери температура со бесконтактен термометар, а детето по влез во градинката задолжително ги мие рацете, како и повеќе пати во текот на денот.„Растојанието помеѓу масите за седење на децата треба да биде од 1,5 - 2м, спиењето е организирано така што децата треба да бидат поставени на креветите според принципот „нозе - глава“ повторно на растојание од 1,5 - 2м, во единечни кревети и постелнина за секое дете, обележени со име на детето. За време на работа, вработените задолжително треба да носат заштитни маски. Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена. Воспитните групи за деца над 2 години да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена. Секој родител треба да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете. Установата да обезбеди потврда од родителот/ите дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома“, истакна Филипче.Во установата не смее да се користат играчки што не се перат и дезинфицираат. Играчките не се мешаат помеѓу групите и воспитувачите се задолжени за детална хигиена и одвојување на чисти и „валкани“ играчки. Воспитувачите и негувателките се грижат за задолжително миење на рацете на деца при прием и во тек на денот, особено после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет и тоа под надзор.Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени за воспитувачот и детето, како и дезинфекција на површините.„Протоколот предвидува засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и создавање навики кај децата за лична хигиена. Воспитувачот ги  контролира причините за отсуство на деца, контактира со родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје“, додаде Филипче.Во однос на здравствената состојба на децата, доколку родителот забележи појава на симптоми на болест кај детето, да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар. Родителите при првото и пред повторно да го вклучи детето во градинката доколку било болно, потребно е да достават лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на детето.Филипче го образложи и алгоритамот за постапување на градинките во случај на дете со симптоми, сомнително или позитивно на КОВИД-19, а со цел да се минимизира можноста за понатамошно ширење на вирусот. Најнапред, потребно е секоја градинка да има назначено одговорно лице, по можност медицинско лице, доколку има, за контакт со надлежниот центар за јавно здравје.„Доколку дете, за време на престој во градинка, развие покачена телесна температура веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во градинката, каде за него се грижи негувателката од неговата група, а назначеното одговорно лице од градинката веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во градинката. Истото лице стапува во контакт и со епидемиолошката служба во надлежниот центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на детето. Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на детето. Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во групата или целата градинка, со тоа што децата, учителката и негувателката од воспитната група во кое престојувало позитивното дете, како блиски контакти задолжително одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во градинката и преземените мерки го известува  Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ. Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во градинката“, рече Филипче.Детето позитивно на SARS-CoV-2, заедно со родителите/старателите продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.Детето кое било сомнително на КОВИД-19, а за кое е докажано со PCR тестирање дека е негативно на SARS-CoV-2, продолжува да ја посетува градинката со приложена потврда од матичниот лекар дека детето е во добра здравствена состојба и може да посетува градинка.Министерот Филипче истакна дека исклучително е важно да направиме сé за да го зачуваме здравјето на најмладите и да не дозволиме ширење на вирусот во рамки на градинките и нивните семејства.„Клучно е да се почитуваат протоколите од страна на сите чинители, од страна на градинките како институции, воспитувачите и родителите. Неопходно е да им се пристапи на најмалите, децата на начин на кој тие ќе разберат дека се штитат себе си, своите другарчиња и своите семејства. Апелирам до родителите и воспитувачите да дадат свој личен пример за почитување на мерките на децата, со цел и тие да разберат дека ова е нашиот нов начин на живот и функционирање. Да ги едуцираат, поттикнат и охрабрат да ги почитуваат мерките и на оваа возраст. Особено е важно уште еднаш да повикам на максимална одговорност. Доколку детето има симптоми, тие да се препознаат рано, да не се носи детето во градинка и да се изолира соодветно, да се информира установата и да се преземат чекорите за заштита. Им посакувам на воспитувачите и негувателките успешна работа, а на децата безбеден престој во градинките“, рече Филипче.Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека Владата на предлог на Министерството за труд и социјална политика и во координација со Министерството за здравство – Комисија за заразни болести, донесе одлука на 9 септември да се отворат установите за згрижување и воспитување на деца – детски градинки/центри за ран детски развој.„Градинките ќе работат согласно утврдениот Протокол за активностите во установите за згрижување и воспитување на деца по укинување на вонредната состојба, што Владата го усвои на 29 мај оваа година и е доставен до сите установи за згрижување деца. Анализата на податоците од градинките покажува дека тие се подготвени наредната среда, на 9 септември, да почнат со работа и да ги примат и згрижат децата во согласност со предвидените Протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести“, изјави министерката Шахпаска.Приоритет за посетување на градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца родители кои се вработени и ќе донесат потврда од работодавачот дека работните задачи не може да ги извршуваат од дома.Изминатиот период вработените во градинките ги контактираа родителите на децата, по што се утврди дека согласно Протоколот, градинките имаат капацитет да згрижат 19.000 деца, но интерес за згрижување пријавиле родители на 14.555.„Доколку градинките имаат повеќе слободни места, односно согласно критериумите од Протоколот можат да згрижат повеќе деца од приоритетните, во тој случај можат да прифатат други деца што се запишани во градинката. Согласно Протоколот, групите за деца до две годишна возраст треба да имаат најмногу шест деца, за кои ќе се грижат двајца вработени, додека групите од 3 до 10 годишна возраст треба да имаат најмногу 15 деца и двајца вработени. Од тие причини, односно поради намалениот капацитет на градинките, беше неопходно да се дефинираат овие приоритети“, рече Шахпаска.Владата веќе им препорача на единиците на локална самоуправа кои се основачи на јавните установи за згрижување и воспитување на деца, да обезбедат или адаптираат дополнителен соодветен простор, доколку за тоа има потреба.„Истовремено на општините како основачи на градинките им препорачуваме да обезбедат потребен соодветен кадар за временскиот период до траењето на пандемијата КОВИД-19, доколку градинката има потреба за тоа, со цел да обезбеди непречено функционирање. Како Министерство за труд и социјална политика изминатиот период интензивно контактираме со сите градинки во државата. Уверени сме дека процесот ќе се одвива без проблем, децата ќе бидат згрижени на безбеден начин, а нивните родители ќе можат да се вратат на своите работни места. Сепак, сакам да апелирам до родителите дека капацитетот на градинките, поради посебните протоколи е значајно намален, поради што сите кои имаат можност да ги згрижат своите деца на друг начин, да не го зафаќаат местото во градинките на оние семејства, на кои тоа им е реално попотребно“, потенцираше Шахпаска.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Губитникот Мицкоски се лаже ако мисли дека со протести ќе го загрози преговарачкиот процес со ЕУ

Очајот и фрустрациите по поразот на изборите кај Христијан Мицкоски од ден на ден се зголемуваат, а последен доказ за тоа се неговите најави за наводни протести наесен иако државата доби нова европска Влада пред само неколку денови, се вели во соопштението од СДСМ.Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата.Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, со Зоран Заев на чело на Владата којашто ја предводи, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

IMG-4b05eac65bd948436d36d5de1f1049b2-V

Општина Кисела Вода изврши дезинфекција на сите автобуски постојки

Во насока на зачувување на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид-19, Општина Кисела Вода на својата територија, вчера изврши дезинфекција на сите автобуски постојки.Во периодот што следува, Општината, ќе продолжи да дава придонес за побрзо надминување на кризата со вирусот, ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на урбаната опрема во парковите, детските и спортските игралишта.Покрај извршената дезинфекција во градинките и училиштата, во истите повторно ќе биде извршена дезинфекција.Вирусот Ковид -19, ќе биде победен, доколку во целост се почитуваат препораките кои ги даваат Владата и Министерството за здравство

Скопје | пред 5 години

posta

Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Премиерот најдоцна до истекот на наредната недела

Стечајот на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, сериозно го наруши работењето на АД „Пошта на Северна Македонија“, која повеќе од 20 дена на дневна основа генерира големи финаниски загуби со оневозможувањето на вршење на услугата платен промет во повеќе од 330 филијали на цела територија на РСМ, имајќи ги во предвид и загубите од прекинувањето на услугите во меѓународниот сообраќај, како и  намалените приходи во внатрешниот сообраќај во изминатите 6 месеци предизвикани од пандемијата од коронавирусот, се вели во соопштението од Синдикатот на Македонска пошта.Кај 2300 вработени во Македонска пошта влева страв за иднината на компанијата и загриженост за  редовна исплата на плати и зачувување на нивните работни места .Неработењето на 330 филијали на Македонска пошта  и статус кво состојбата со неработењето на  платниот промет, претставува директна закана и загрозување на  егзистенцијата на 2300 вработени и нивните  семејства.Воедно, со неработење на филијалите на Македонска пошта има големи последици и врз  граѓаните во сите населени места низ Македонија кои традиционално ги користат услугите на Македонска пошта, нивното незадоволство од ден на ден е се поизразено во спреченоста да ги извршуваат нивните граѓански обврски преку филјалите на Македонска пошта., особено последиците се огромни за категоријата на над сто илјади граѓани на кои им се вршеше услугата исплата на пензии и социјална помош преку Македонска пошта.Македонска пошта има суштинско значење за нашето општество и претставува повеќе децениска традиција во поштенското работење  како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата.И затоа, Владата како целосен сопственик на Македонска пошта со оглед на сериозноста на изнесените состојби,  има обврска Македонска пошта да ја постави како приоритет и најитно да донесе одлука за склучување на договор со друга банка за да може да ја врши услугата Платен промет, како и  да се заземе за стабилизација на компанијата со финансиска помош за  покривање на финансиските загуби кои од ден на ден се сѐ поголеми.Синдикатот на Македонска пошта нема да дозволи никакви репресивни мерки врз вработените од направените финансиски загуби и во таа насока за заштита на работничките права и интереси ќе ги превземе сите законски средства за заштита на иднината на компанијата и нивните работни места .Затоа, во име на вработените, Синдикатот на Македонска пошта со оглед на исклучително сериозноста на состојбите во која е доведена  Македонска пошта,  а кои можат многу брзо да преминат во голема финансиска криза и непосакувани ефекти и последици,   бара ИТНА средба со Премиерот на Владата на РСМ најдоцна до истекот на наредната недела, се со цел итно решавање на состојбите за повторно овозможување на услугата платен промет во 330 филијали на Македонска пошта, а со тоа  делумна стабилизација на компанијата и непречено функционирање во давање услуги како главен сервис на граѓаните на цела територија на земјата, се вели во соопштението од Синдикатот на Македонска пошта.

Македонија | пред 5 години

filipce-2

Филипче: Моето дете ќе следи онлајн настава

Запрашан за тоа дали неговото дете ќе го пушти во училиште, министерот Филипче истакна дека засега тоа ќе следи онлајн настава.„Сите ние го посакуваме најдоброто за нашите деца. Заштитата на здравјето е приоритет. Моето дете е 9-то одделение, но јас ги почитувам сите препораки. Тогаш ќе има услови за физичко присуство, тоа ќе оди во училиште“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

03092020_PVRSM_Sredba_EU_Ambasadori02

Заев на брифинг со амбасадорите од ЕУ: Приоритетите на нашата Влада се процесите за приклучување кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев придружуван од Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Бујар Османи министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ министер за правда и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи, денеска одржаа утринска брифинг средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во нашата држава.На брифингот премиерот Заев во име на Владата ги презентираше стратешките приоритети во следниот четиригодишен мандат со посебен осврт на евроатланските интеграции на земјата.Во своето обраќање Заев рече дека изминатиот мандат на Владата направи комплетен пресврт во надворешната политика на земјата, отворање и решавање на децениските спорови со соседите, членство во НАТО и го отпочна трансформацискиот процес за приклучување кон ЕУ.„Овој мандат ќе биде посветен кон темелни реформи на целото општество. Свесни сме за предизвиците кои корона кризата ги носи, но сепак ќе останеме целосно фокусирани на реформите во правосудството, градење на нова трансформирана економија, заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард на сите категории на граѓани во нашата земја“, изјави Заев.„Имаме план за отворање на 80% поглавја до 2024, да доизградиме силна преговарачка структура со учество на сите чинители, креирање на буџетски програми за преговори со ЕУ. Ја зајакнуваме кадровска екипираност и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка за капацитети за имплементација на ИПА 3“, додаде Заев.Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски пред амбасадорите ги презентираше приоритетите на неговиот кабинет.„Во овој мандат, ја воспоставивме оваа позиција затоа што сметавме дека е потребно да имаме директен линк помеѓу Комисијата за спречување на корупција со извршната власт според препораките на ГРЕКО од март 2019 година. Дополнително приоритет на мојот кабинет ќе биде одржлив развој и човечките ресурси. Мора да направиме чекор напред кон подобрување на образованието, животната средина, здравството но и бизнис климата за сите граѓани на нашата држава“, рече Николовски.Новиот министер за надворешни работи, Бујар Османи ги претстави трите клучни приоритети на надворешната политика на земјата кои соодветствуваат со стратешките амбиции за засилена европска и евроатланска интеграција.„Првиот фокус ни е секако почетокот на преговорите со ЕУ, како клучен чекор во остварувањето на нашата стратешка амбиција, полноправно членство во Унијата. Во овој дел секако очекуваме континуитет на поддршката и од нашиот стратешки партнер, САД и на останатите НАТО сојузници, кои се и наши долгогодишни поддржувачи од секој аспект. Секако, во сличен контекст очекувам да оствариме не само континуитет, туку и засилена активност во продлабочување и унапредување на добрососедските односи, засилување на мултилатерализмот и придонес во имплементацијата на сите регионални иницијативи“, посочи Османи.Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека одлуката за почеток на преговорите најмногу говори за нашата посветеност за правда и европеизација.„Заедно со нашите партнери ќе утврдиме модел кој ќе обезбеди ефикасно и објективно прочистување на судството. Потребен е ефикасен правосуден систем кој ќе обезбеди брза борба против корупцијата со целосно почитување на човековите права. Со поддршка на нашите европски партнери ќе обезбедиме и мониторинг на судските процеси,“ рече Маричиќ.Евроамбасадорот Самуел Жбогар во име на Европската Унија ги пренесе очекувањата за брзи и квалитетни реформи но и посочи дека европските партнери на Северна Македонија остануваат доследно посветени на помош за земјата во пребродување на последиците кои настанаа од корона кризата и реформските зафати на новата Влада.Амбасадорите ги пренесоа и честитките на нивните влади, како и очекувањата за понатамошна интензивна соработка како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Македонија | пред 5 години

mapa

Авицена Женска трка ќе се трча на 6-ти септември

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје, во недела, на 6-ти септември, ќе се трча долгоочекуваната Авицена Женска трка. Поради вирусот Ковид-19, трката ќе се одржи според специјален протокол одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.Подигнувањето на стартните броеви на учесничките ќе биде во петок, 4-ти септември, пред А1 куглана во СЦ „Борис Трајковски од 12:00 до 18:00 часот и во сабота, 5-ти септември од 10:00 до 18:00 часот. Ограничениот број на учеснички ќе мораат да го почитуваат специјалниот протокол и правилата во него. На секоја учесничка ќе и биде направен термален скрининг, а носењето на маска е задолжително. Исто така, задолжително е држење на дистанца од 1,5 метри, без групирања додека се одржува трката, а на повеќе места ќе има поставени и задолжителни средства за дезинфекција на раце.Зоната на стартот на трката ќе биде пред главниот влез на А1 Арена -СЦ Борис Трајковски, со старт во периодот од 8.30 до 9.45 во интервали според стартниот број. Учесничките ќе трчаат патека од вкупно 3.000 метри. На стартната линија ќе се редат 5 учеснички кои што ќе чекаат знак за старт од судиите. Веднаш по стартот на трката се трча лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде што се врти десно и се влегува во Градскиот Парк каде што патеката ќе биде означена со конуси, траки и на одредени места ќе има волонтери коишто ќе ги насочуваат учесничките за правецот на трчање. Целта ќе биде во Градскиот Парк зад Ботаничката Градина. Патеката за трчање ќе биде обезбедена и обележана, а на 1,5 км ќе има поставено и контролна точка за чиповите.Прогласувањето на победничките ќе биде онлајн по одржувањето на трката. Трите најдобро пласирани учеснички на Авицена Женска трка во генералниот пласман ќе добијат награди, а исто така награди ќе има и за најдобрите три учеснички по возрасни категории, според ChipTime. Од партнерите на Авицена Женска трка ќе бидат обезбедени награди за најсреќните учеснички по пат на лотарија со извлекување на стартни броеви од сите учеснички по завршувањето на трката.Сојуз на Спортови на Скопје и Град Скопје повикуваат на максимално почитување на протоколот и правилата, вклучувајќи ги и задолжителното носење на маска, дезинфекција на раце и одржување на дистанца за безбедно здравје на сите учеснички во трката.

Скопје | пред 5 години

Filipce-2

Филипче: Зголемувањето на платите на здравствените работници е една од најголемите придобивки

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче истакна дека зголемувањето на платите на здравствените работници е една од најголемите придобивки во период од повеќе децении наназад.-Оваа значајна сума, што ја инвестиравме во платите на лекарите, медицинските сестри за две ипол години изнесува околу 2 милијарда денари во платите и во дежурствата. Ова е нешто што дури и ни помогна полесно да се справиме со кризата. Не ги зголемивме само основните плати на лекарите специјалисти за 40%, медицинските сестри до 23%, помошно-техничкиот персонал, туку и надоместокот за дежурства. Сега има разлика од практично 100%. во плата на лекар специјалист, споредено со периодот од пред две ипол години. Платите кои беа 60 до 70 илјади денари заедно со дежурства, сега се меѓу 85 и 165 илјади денари. Дежурствата коишто порано беа 1.200, односно 3.000 илјади денари, сега се меѓу 3.500 и 10.000 денари. Можете да замислите колкава разлика сме направиле. И тоа го гледаме, потенцираше министерот Филипче.Тој информираше дека има огромен интерес за лекари од приватното здравство да преминат во јавното здравство. Има огромен интерес и кај младите лекари.-Сите коишто добија лиценца за работа покажаа интерес да работат во јавното здравство, огромен процент дури и со пациентите со ковид. Мислам дека направивме една одлична финансиска стимулација, нешто што ќе ги задржи младите дома. Но, не се само парите и платите тоа што младите ги држи тука во државата. И системот на едукација е и можноста за напредување, рече министерот Филипче и најави дека за оваа недела се закажани состаноци со директорите на повеќе клиники, на кои ќе се разговара за промена на начинот на едукација, по примерот на европските клиники за едукација на младите лекари. Тој најави дека моделот ќе биде промовиран на почеток на наредната недела.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје прави нов зелен сквер во Карпош 2

На булеварот Илинден, до гимназијата „Орце Николов“, екипи на Град Скопје од денеска уредуваат нов зелен сквер. Во едниот дел од овој зелен простор наскоро ќе се оформи детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел ќе се формираат патеки, ќе се постават клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и осветлување. Просторот ќе биде облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници.Уредувањето на ова ново катче е дел од проектот за редизајнирање на јавните зелени површини на 4 локации во Скопје, според кој, зелени скверови ќе се формираат и на булеварот Јане Сандански - кај „Палма“, на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров и кај поликлиниката „Идадија“ во Центар.Станува збор за иницијатива на Град Скопје и Центарот за иновации „Скопје Лаб“, како резултат на долгогодишната соработка со УНДП, во чии рамки ќе редизајнираме постојни зелени површини согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација и за дружење. На оваа локација каде што сме денеска, беше предвидена изградба на катна гаража, но ние успеавме да го зачуваме зеленилото. За околу еден месец овој простор ќе биде полн со содржини кои граѓаните ги одбраа за оваа локација. За нас како Град е императив да ги зачуваме зелените површини, но и да ги облагородиме - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.Иницијативата за редизајнирање на јавните зелени површини почна во 2018 година, во две фази - во првата фаза од граѓаните беа идентификувани 7 локации од кои сега почнува редизајнирањето на првите 4. Во втората фаза идентификувани се вкупно 9 локации што треба да се редизајнираат.Инклузивноста во овој процес подразбираше директно вклучување на граѓаните не само во изборот на локациите, туку и во идентификување на нивните потреби на секоја од овие локации поединечно. Вклучени беа различни возрасни групи на граѓани во процесот преку користење квалитативни и квантитативни методи - онлајн прашалници, теренски интервјуа, опсервација, фотодокументација. Се идентификуваа потребите на граѓаните кои живеат на локациите, гравитираат или поминуваат низ нив.Дополнително се мапираа дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст.Како резултат на процесот, „Скопје Лаб“ изработи 7 концепт дизајни, подоцна разработени во елаборати за изведба, кои се водилка за нивното понатамошно уредување од Градот Скопје и од општините.Веќе знаете дека со 115.000 квадратни метри нови и обновени зелени површини во 2020 година Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ го урнаа годишниот рекорд. Овој процес се одвива паралелно со градежната офанзива на градските улици за да обезбедиме квалитетна инфраструктура и подобри услови за живеење во урбаната средина – нагласи Шилегов.На почетокот на активностите за уредување на новиот зелен сквер во Карпош 2 присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Скопје | пред 5 години

hasis

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со хашиш во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 45- годишно лице од Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село Никуштак – Куманово, во атарот на селото Никуштак, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хашиш. Тој на наведената локација застанал и излегол од својот автомобил, при што во неговата десна рака држел две најлонски пакувања во кои имало хашиш со вкупно нето маса од 306,24 грама. Во тој момент бил затекнат од полициски службеници кои извршиле личен преглед и ја пронашле и ја заплениле дрогата.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го уважи предлогот и му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски за ДВ: Нема да дозволиме мафија да ни ги потроши и следните 4 години

По изборот на новата Влада, јавно им одговори на иницијаторите за нов Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и за избор на ново партиско раководство: соопшти дека нема намера да поднесе оставка, бидејќи тоа им оди во прилог токму на оние против кои партијата се бори. Најави жестока битка за поразување на пактот меѓу власта и политичко-криминалното подземје кое се нуди како опозиција на опозицијата за да се спаси власта. Во разговор за ДВ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, говори за претстојните активности на партијата со кои планира да ги реализира најавените цели.ДВ: Почнавте со кадровски освежувања на раководни позиции во општинските комитети, Унијата на млади сили, следат промени и во Унијата на жени. Од друга страна, иницијаторите кои се залагаат да заминете од лидерската позиција, предвидуваат дека без таа промена партијата ќе изгуби на локалните избори. Дали овие освежувања ќе ви помогнат да ги демантирате опонентите во следниот изборен циклус?- ВМРО-ДПМНЕ има несомнено најголем демократски капацитет споредено со другите партии од власта. Донесовме убедливо најдемократски статут кој овозможува голема децентрализација во носењето на одлуките во партијата, а тоа беше поздравено и од нашите европски партнери и партии. Имавме доблест да се извинимеза оној дел од политиките кои биле грешка во минатото, затоа што ние имаме искрен и доблесен однос за разлика од нашиот политички противник. Спроведуваме кадровско доекипирање, своевидна катарза која дава шанса на нови лица што се желни да работат за справување со актуелната власт и со сето она што таа го претставува. Јас и ВМРО-ДПМНЕ имаме еден противник: тоа не се самонаречените иницијатори од хотелската коалиција, кои патем немаат поднесено иницијатива за Конгрес за кој толку многу говорат и го најавуваат, туку за противник го имаме изворот на лошиот живот во државата, а тоа е СДСМ и Зоран Заев кои во државата создадоа поларизираност и една елитизирана каста која ја обединува криминалот. Во таа каста, што јас ја нарекувам мафија, обединувањето не е по партиска припадност, туку по интересот за пари и власт, бидејќи таму гледаме дека ликови од различни провиниенции се едно исто. Е јас, заедно со народот се бориме токму против тоа. И навистина морам да потенцирам дека во општествениот дискурс наметнаа една шизофрена состојба, која е мотивирана и потхранувана од власта, а тоа е создавање на чувство и перцепеција дека за сите неправди, криминали, поларизирања, сиромаштија и економска стагнација не се виновни оние кои се извор на тоа, а тоа е СДСМ и целокупната власт, туку дека е виновна ВМРО-ДПМНЕ која тоа не го спречува, иако ние како партија со сите наши сили се бориме против тоа зло.Замислете - ние имаме состојба која се гради низ медиумите дека треба да се прослави, на пример, спроведување на законот со рушење на дивоградбата во ‘Мавровка’ кои сами дозволија да се изгради, и сега тоа е вест, а всушност треба да биде рутинска работа на државните органи кои пропуштиле да си ја завршат работатата. Но народот е целосно свесен со што си има работа и допрва нѐ чека напорна работа и многу труд за рушење на овој хибриден режим. Освежувањата кои ги правиме ќе бидат нова енергија во таа борба против власта и верувам во успех. Во државава има огромно опозициско расположение.ДВ: Веќе најавивте жестоки протести на есен. Што очекувате да постигнете со нив?-Оваа власт, оваа количина на омраза и поделби креирани од власта, толкава количина на зло, не се руши со еден потег. Тоа е долга борба и оваа власт ќе падне на рати. Изборите кои поминаа беа почетокот на крајот на падот на власта на Заев. Нема нова енергија со старите и истрошени кадри во Владата, која не понуди ништо ново. Воедно тие ги понудија старите ветувања, а нови се само долговите. Оваа власт ќе падне на граѓански протести, а опозицијата ќе се окрупнува. Следува широк опозициски фронт кој ќе биде израз на револт за сиромаштијата, за долговите кои ни ги оставаат и за неправдите кои ни ги причинуваат. Што се изгради за овие четири години? Ние немаме уште нови четири години за да и ги дадеме на мафијата да ни ги потроши. И морам да прокоментирам еден дел од таа шизофрена и нереална ситуација која се наметнува поради медиумското окупирање на власта, а тоа е чувството дека ВМРО-ДПМНЕ не правело протести. Ќе ве потсетам на протесните маршови ширум државата, на протестите по градовите и марширањето што таму се случуваше. Сега следува одново граѓанско здружување. Бранот на промени веќе почнува во државите во регионот, а Заев нема да биде исклучок. Ќе повторам, има огромно опозициско расположение. Бројките покажуваат дека повеќе луѓе на последните избори гласаа за опозициските партии откоку за власта.ДВ: ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја  критуваше програмата на Владата, во сите сегменти. Постои ли барем една точка во која се согласувате со мерките што ги предлага вашиот политички опонент?-Мерките кои ги спроведе во изминатите месеци беа мерки за изборен поткуп. Тие потрошија една милијарда евра, а немаме никаков капитален проект или нешто видливо што изградија. Ако правилно се искористија тие мерки, ќе имавме финансиска стабилност која фактички ја немаме. Времето ги демантираше. Фактот што за пет месеци имаме четириесетина илјади невработени говори за тоа дека Владата има целосно фијаско во економијата. Значи 40 илјади семејства се борат со помислата како да го преживеат денот. Над 100 илјади семејства живеат со помалку од 50 денари дневно. Тоа е поразително. Што направи Владата? Големо ништо. Ние смее уникатен пример што во време на корона- криза пропадна банка, скандал тежок 200 милиони евра. Притоа целосно се заборави на кој начин министерката предвреме ги извлекла парите од банката, или на кои фирми од Струмица се давани тие неповолни кредити поради кои пропадна банката. Втората уникатност е по тоа што во време кога сите влади им помагаат на граѓаните, македонската ја поскапи струјата. Екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија и милионски тендери за агенција за обезбедување, која е исто од Струмица. И во тој поглед навистина не се остава простор било што да се пофали. Во нивно време се одлеваат инвестиции, наместо да се привлекуваат. Поентата не е да се фалат дека ќе имаат 600 евра просечна плата, или поголеми пензии. Јас би сакал тоа да е помножено со два, но проблемот е во реализацијата и во отсуството на стратегија. Не постои простор за фалење, кризата со Ковид-19 трае од март, а тие во септември немаат план за почеток на училишната година. Тоа кажува дека не се знае каде тераат.ДВ: Во еден период предупредувавте дека има непристојни обиди за преземање на ваши пратеници од страна на мнозинството. Такво нешто досега не се случи. Стравувате ли сѐ уште дека може да биде загрозена компактноста на вашата пратеничка група?-Такви обиди постоеја, и јас за тоа говорев. Но пратеничката група остана компактна и покажа дигнитет и почит, пред се, кон граѓаните кои гласаа. И точно знам со каков противник си имаме работа и со каков пазарџиски менталитет, па затоа и не верувам дека ќе престанат обидите за придобивање на некој пратеник, или пак за уцени. Тоа покажува дека Владата е на стаклени нозе и подготвена на секаква подла игра. Но тоа граѓаните ќе знаат да го казнат доколку се случи. извор: dw.com

Македонија | пред 5 години

filipce-venko

Филипче: Граѓаните добиваат нов модерен Клинички центар во четири блока - првиот ќе биде завршен во следните четири години

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија најави дека во новиот четиригодишен мандат ќе почне да се гради новиот Клинички центар. Тој истакна дека иако се подобрени условите и се направи реорганизација за подобрување на комуникацијата, сега, при третманот на пациенти со Ковид-19 се видоа недостатоците на поставеноста на клиниките, болниците, посебно во клиничкиот центар, кои физички се оддалечени, што претставува пречка за интегриран тип здравствена услуга и брза размена на стручни лица.-Брзо се реорганизиравме и во рамки на тоа дури и сообраќајните проблеми се решија во Клиничкиот центар за да се олесни комуникацијата меѓу клиниките. Но, тоа не е трајно решение. Нам ни треба модерна болница. Клинички центар којшто на граѓаните ќе им служи во следните 60-70 години. Ние преземаме и други активности. Реновиравме огромен број одделенија и клиники за да ги подобриме условите. Но, дефинитивно иднината е во нов Клинички центар, изјави Филипче.Тој посочи дека е почната постапка за изградба на нов Клинички центар, која беше прекината поради изборниот процес и пандемијата со Ковид-19, но сега со стабилизација на ситуацијата, изградбата на Клиничкиот центар ќе почне постапно. Филипче изјави дека планира првиот од четирите блока на новиот Клинички центар да биде завршен во наредните четири години.-Постапката практично започна. Ние ја прекинавме поради изборниот процес, коронакризата и сега треба да продолжи. Предлогот и концептот се Клиничкиот центар да биде во четири блока. Верувам дека првиот блок дефинитивно ќе биде завршен во следните четири години. Тоа ќе овозможи дел од сегашните клиники да се преселат и да почнат со работа. Како ќе бидат завршени следните блокови ќе се празнат и клиниките според стратегијата, потенцираше министерот Филипче, и дополни дека едни од најкритичните и тие на кои им треба многу внимание се клиниките каде има операциони сали и интензивна нега. Што значи дека први би се преселиле хируршките клиники и операционите сали, и сè што е поврзано со хируршка интервенција.Во однос на финансирањето, Филипче посочи дека сè уште се работи на финансискиот модел и проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра.-Проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра, нешто што сметам дека ќе биде одлична финансиска инјекција и за севкупната економија. Веќе се почнати проектите, дел се и завршени во општината Ѓорче Петров за локалната инфраструктура, локален пат, струја, водовод итн. Така што, сметам дека ќе биде навистина значајна инвестиција генерално за нашата економија, истакна Филипче.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Владата предводена од СДСМ ги остварува заложбите за правда и владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкција и популизам

Уште во првите денови од новиот мандат Владата предводена од СДСМ на дело покажува дека е посветена на градење правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните - правда во оваа држава има и ќе има, се вели во соопштението од СДСМ.Законот важи за сите подеднакво и секој што се огрешил пред него одговара.Од друга страна, само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, денес ѝ пречи правната држава и негативно реагира кога во државата се спроведуваат законите.Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да се помират со поразот на изборите и продолжуваат со старите пракси на деструктивност, популизам и лаги, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

nefi-useini-660x330-1

Определен притвор за Нефи Усеини од 30 дена

Продолжен приворот на Нефи Усеини за 30 дена.Поради опасноста дека ќе избегаат, обвинителството претходно побара охридскиот советник од редовите на ДУИ и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат Ибро да останат во притвор. Полицијата претходно поднесе кривична пријава против Усеини и за насилство и недозволено држење оружје, но во обвинението се гонат само за првото кривично дело за физичкиот напад на охриѓанецот Спирко Топаловски.Според обвинението, браќата го повикале оштетениот на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топаловски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.-На еден од обвинетите од пантолоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол. По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот, соопштија од ОЈО Охрид.На овој начин извршиле грубо насилство врз жртвата а кај присутните гости и вработени во хотелот предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството.Иако жртвата Топаловски првично тврдеше дека Усеини го удрил со пиштол потоа со писмена изјава го смени ставот и тврдеше дека пиштол не видел, туку добил удар од позади. Погрешниот впечаток дека имало оружје го оправда со стресот и паниката.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Премиерот Зоран Заев ќе им ги врачи мандатните писма на новите министри

Премиерот Зоран Заев денеска на седница ќе им ги врачи мандатните писма на новите министри. Седницата ќе почне во 13 часот.„На седницата, претседателот на Владата Зоран Заев на министрите ќе им ги предаде мандатните писма со утврдената мисија и задачи во нивниот мандат“, соопштија од Владата.Новата Влада беше изгласана на собраниска седница на 30 август, а дел од неа се:Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв вицепремиер на ВладатаЉупчо Николовски –  вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурсФатмир Битиќи –  вицепремиер за економски прашања;Никола Димитров –  вицепремиер за европски прашања;Радмила Шекеринска – министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;Оливер Спасовски – министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работиБојан Маричиќ –  министер која ќе раководи со Министерството за правда;Бујар Османи –  министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;Фатмир Бесими –  министер кој ќе раководи со Министерството за финансии;Крешник Бектеши –  министер кој ќе раководи со Министерството за економија;Аријанит Хоџа –  министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;Венко Филипче –  министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;Мила Царовска – министерка која ќе раководи со Министерството за образование и наука;Јагода Шахпаска –  министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;Горан Милевски –  министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;Ирена Стефоска –  министерка кој ќе раководи со Министерството за култура,Јетон Шаќири –  министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;Благој Бочварски –  министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, иНасер Нуредини – министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Македонија | пред 5 години

budzet-1

ВМРО ДПМНЕ: Приходите во буџетот помали за 14% од лани, економијата колабира, вртоглаво паѓа стандардот, а власта се богати

Крими тендерашката власт на Заев со организирање спектакли со уривање на една дивоградба сака да го прикрие економски колапс кој се случува во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Дивоградбата кај Мавровка не требаше ниту воопшто да се изгради ако беа ажурни институциите под контрола на Заев, а не пак сега сензационалистички да се руши со народни пари. Јасно дека овој театар им беше потребен за да прикријат дека приходите во буџетот во месец август се помали за 13,9% во однос на лани поради погубните економски политики.Наплатата на ДДВ е помала за 14,3%, акцизите се за 25%, данокот на добивка е за 28,9% и приходот од персоналниот данок е помал за 10,4%. Сето тоа говори дека економијата крахира, се намалува економската активност, вртоглаво паѓа стандардот на граѓаните и тие помалку трошат.Дополнително 40 илјади лица за само 5 месеци ја изгубиле својата работа, а 30 илјади лица од месец април навака не земаат редовно плата.Власта на Заев освен за криминали за друго не ја бива. Создадоа нов долг од 1 Милијарда евра за само три месеци, а патем ги поскапеа акцизите за горивата за 3 денари и ја покачија струјата за 7,5% за да ја префрлат на грбот на граѓаните својата неодговорност и неспособност.Со власт на Заев едно е јасно, државата ќе тоне , а тие ќе се богатат. Економијата ја клекнаа на колена затоа што се посветени само на некој тендер повеќе за себе, неколку милиони повеќе во нивниот клан, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

vreme

Времето денеска сончево со мала умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информира УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Македонија | пред 5 години

spasovski-portret

Спасовски сам си го платил портретот во премиерската галерија

Од Владата за „360 степени“ велат дека тој самиот го нарачал и лично платил за својот портрет, а од буџетските средства биле потрошени 8 673 денари за негово врамување.Практиката со која ликовите на поранешните премиери се овековечуваат на ѕидот пред влезот во кабинетот кој е резервиран за таа намена е воспоставена по последното реновирање на Владата, кога таа ја доби барокната обвивка.Сите портрети, вклучувајќи го и последниот, се вертикални, освен оној на експремиерот Груевски, кој е во хоризонтална позиција.Интересен е фактот дека, следејќи го редоследот (може да се забележи на видеото од примопредавањето на функцијата), во низата премиерски портрети недостига оној со ликот на Зоран Заев, иако тој беше на таа позиција по Емил Димитриев, а пред Оливер Спасовски.Текстот во целост на: „360 степени“

Македонија | пред 5 години

jorgo-1

ДЕМОКРАТИ: Цела Македонија се дигна на нозе за дивоградбата кај Мавровка, што е останатите 700 на крајбрежјет во Охрид и Струга

ФБ статус на ДЕМОКРАТИ:-Цела Македонија се дигна на нозе за да се отстрани дивоградбата кај Мавровка во Скопје, а зошто досега тоа не го направивме да се отстранат дивоградбите (повеќе од 700 дивоградби изградени на крајбрежјето) во Охрид и Струга кои повеќе години се изградени, нови се градат и кои за жал го уништуваат охридското езеро, прашуваат Демократи.https://www.facebook.com/demokratimk/posts/739095623544801 

Македонија | пред 5 години

02092020_PVRSM_Zaev_sredba-2

ВМРО ДПМНЕ: Не може Заев да е решение за скандалот со Еуростандард Банка, зошто тој е причината за проблемот

Не може Заев да е решение за скандалот со Еуростандард Банка, зошто тој е причината за проблемот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тие додаваат:Еуростандард Банка е 200 милиони евра тежок скандал, а Заев човекот кој не спречи пропаѓање на банка  кој сега не може да биде дел од решението. Јавноста очекува одговори која е таа струмичка компанија блиска до власта која добивала кредити без покритие од банката? Како се користени тие пари? Каде завршувале и зошто нема одговорност за министерката на Заев Нина Ангеловска која пред време си ги извлекла парите?Потребна е кривична одговорност за  министрите и раководителите на институции директно одговорни за аферата? Потребна е одговорност што стотици луѓе остануваат без работа и над 100 илјади луѓе со блокирани сметки, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања