Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

„Пред еден час ќе бев мртва пред молот кај Рамстор“, скопска судијка раскажа за хорор случката

Познатата скопска судијка, Наташа Дамјановска – Габер пред околу еден час сподели крајно непријатно искуство кое го имала вечерва во Скопје, кај молот Рамстор.Таа како граѓанин вели дека се уште е во шок од она што за малку ќе и се случело и апелираше на време да им се стави крај на овие работи, затоа што истите ќе завршат фатално.„Драги ФБ пријатели, морам да ви соопштам дека пред еден час ќе бев мртва!!!! Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој ПРЕТЕКНУВАШЕ други возила со огромна брзина на самиот пешачки пред молот Рамстор.Возилата доаѓаа од страната на Макпетрол, првите од нив подуспорија пред пешачкиот премин, а овој, спорниот, нестрплив, ги претекнуваше како да се наоѓа на авто трки.Да не изреагирав брзо да избегам ќе беше фатално, за влакно го доптретрчав преминот и се спасив, шинувајќи си ја ногата. Црвено возило, ново, скопска регистрација со бројот четири на регистрацијата и можеби тројка.Толку бев во шок (и сеуште сум) што не успеав да видам добро други карактеристики.АПЕЛИРАМ НА ВАКВОТО ВОЗЕЊЕ НИЗ ГРАДОТ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ! КАКО ГРАЃАНИН БАРАМ НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ. ДА СЕ ПОСТАВАТ КАМЕРИ И БЕЗ ПАРДОН КАЗНИТЕ ДА СЕ ИЗВРШУВААТ!Денес јас преживеав, друг ден, друго лице можеби не. Доста со неизживеани и примитивни“, напиша таа на социјалните мрежи.

Скопје | пред 5 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

За една недела: Охрид-21, во Струга-30 и осум лица од Дебар позитивни на коронавирус

Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесува на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажуваат дека во периодот од 29 август до 4 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 21 лица од општина Охрид, кај 30 лица од општина Струга и кај осум лица од општина Дебар.Во односниот период за тестирање се земени вкупно 80 примероци, од кои 27 по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 53 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар – Мој термин.Според податоците во Охрид моментално има има 42, во Струга 59, а во Дебар 29 активни случаи на заболени со коронавирус. Во истиот период се починати три лица по едно од Охрид, Струга и Дебар.Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 354 лица во општина Охрид и Дебрца, 587 лице во општина Струга и Вевчани и 260 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 301 пациент од Охрид, 479 од Струга., а од Дебар и Центар Жупа 219 пациенти. Црниот биланс досега се 11 починати лица од Охрид и Дебарца, 49 од Општина Струга и 12 од Дебар и Центар Жупа.

Македонија | пред 5 години

jorgo-1

Демократи: Пензискиот Фонд е во голема опасност од банкротирање

Според податоците на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување во Македонија има 325 илјади пензионери. За нив минатата година се исплатени скоро милијарда евра, односно 915 милиони евра, се вели во објавата на Демократи. Тие додаваат:Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека ако во иднина не се креираат стотици илјади нови работни места во стопанството, Пензискиот Фонд ќе банкротира и пензиите ќе се намалат драстично, на место да се зголемат.Добро е познато дека на еден пензионер потребно е да има 4 до 5 вработени да го полнат Пензискиот фондот за да може да опстане. Ако сметаме дека во Македонија има 325 илјади пензионери тогаш треба најмалце да има 1.3 милиони вработени за да го полнат фондот.ДЕМОКРАТИ веруваат дека во државата нема толкав број вработени, напротив, ние не сме сигурни дали има толкав број граѓани кои живеат во Македонија.ДЕМОКРАТИ бараат одговор од властите да ни кажат колку вработени има во Македонија на еден пензионер, каква е финансиската состојба во Пензискиот Фонд и колкава сума на пари се уплаќа во истиот годишно?https://www.facebook.com/demokratimk/photos/a.194471641340538/740829230038107/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

turnir

Ревијален турнир во ватерполо

По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, од 5ти до 6ти септември, на малото пристаниште пред хотел „Палас“ ќе се одржи ревијален турнир во ватерполо. Турнирот е во организација на здружението за спортови на вода „Охридски бранови“, а учество ќе земат повеќе екипи од Република Србија и Република Северна Македонија.Настанот се одржува под покровителство на општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Филипче: На Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест кој за 40 минути ќе покаже дали пациентот има ковид-19 или друг вирус

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска на новинарско прашање истакна дека и на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус.„Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за пулмологија, како и на Клиниката за инфективни болести. За 40 минути ќе може да се детектира дали е пациентот позитивен на овој вирус или на некој од палетата останати вируси коишто вообичаено се јавуваат во есенските месеци“, потенцираше министерот Филипче.Денеска, министерот Филипче и директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, д-р Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска се регистрирани 109 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од: Скопје-29, Куманово-13, Дебар-2, Штип-4, Тетово-4, Велес-1, Битола-2, Гостивар-13, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-4, Кичево-6.Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871,  бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6054, активни 755• Куманово 1522, активни 277• Дебар 259, активни 28• Штип 1172, активни 111• Прилеп 510, активни 143• Тетово 1240, активни 121• Струга 587, активни 59• Велес 275, активни 27• Битола 221, активни 43• Охрид 354, активни 42• Кавадарци 189, активни 51• Гостивар 807, активни 146• Гевгелија 55, активни 30 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 75, активни 23• Крива Паланка 54, активни 18• Радовиш 45, активни 6• Крушево 17, активни 1• Кочани 155, активни 28• Пробиштип 86, активни 16• Демир Хисар 60, активни 3• Македонски Брод 74, активни 7• Пехчево 32, активни 25• Берово 64, активни 51• Валандово 9, активни 2• Виница 81, активни 31• Делчево 82, активни 63 (20 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 21, активни 5• Свети Николе 298, активни 45• Кичево 279, активни 42• Ресен 147, активни 1• Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1486 теста се преку: ИЈЗ-359, ЦЈЗ Скопје-14, Авицена-262,  Биотек-219, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-216, Систина со PCR метода -174, лабораторија Лаор –25, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-83, Инфективна клиника-14, ГАК-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 88• Гази Баба – 78• Аеродром - 110• Карпош – 78• Центар – 81• Кисела Вода – 87• Ѓорче Петров – 42• Бутел - 52• Шуто Оризари – 29• Студеничани – 30• Сарај – 22• Арачиново – 13• Илинден – 13• Сопиште – 7• Чучер Сандево – 3• Петровец – 8• Зелениково - 2• Странец – 8• Нераспределен-4

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Полицајците ќе имаат на себе камера која ќе снима видео и аудио - ова е начин да се намалат службените злоупотреби

Полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово овозможија медиумските екипи да проследат како се извршува снимање на постапката на терен со новите камери што се поставуваат на рамото на службеникот.Полицискиот службеник ја вклучува камерата, по што ја започнува постапката за сопирање на возило и извршување на идентификација и контрола на возачот околу доследното почитување на сообраќајните правила и прописи. При првиот контакт полицаецот го запознава возачот треба постапката за контрола се снима.– Снимањето на видео и аудио во постапката за контрола на сообраќајот може да помоггне понатаму во постапка на МВР или пред суд може да послужи како доказ се со цел да се превенира злоупотреби од страна на полицајци како и за претставки на граѓаните за да се види дали истите се основани. Овој начин на снимање со „бодикам“ веќе се работи од страна на мобилните единици за сообраќај во Скопје и нивнито искуство вели дека доста се намалени злоупотребите од полицајците и неосновани постапки за непрофесионално постапување и дека воедно е е доста позитивно искуство, изјави Зоран Талев, командир на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово.Според Талев, мобилниот систам за снимање е напреден технолошки капацитет што има можност за непрекинато снимање од 72 часа. 

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Од Фондот за осигурување на депозити со соопштение до депонентите во Еуростандард банка

Од Фондот за осигурување на депозити, се јавија со соопштение до депонентите во Еуростандард банка, дека осигурениот износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и ќе биде достапвен за исплата од денот на почетокот на исплатата на обесштетувањето.„Ги информираме физичките лица-депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и ќе биде достапен за исплата од денот на почеток на исплатата на обесштетувањето.Поконкретно, во врска со вчерашната објава на Фондот за осигурување на депозити, појаснуваме дека секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.Но, правото на исплата на обесштетување не застарува. По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките-исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Од денеска се реконструира и втората делница од улицата Лазар Личеноски

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Лазар Личеноски, на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.Откако минатата година ја завршивме првата фаза од обновата на оваа улица, од булеварот Гоце Делчев до СРЦ „Кале“, со завршувањето на оваа фаза од реконструкцијата може да кажеме дека целосно е обновена една од двете улици кои околу скопското Кале ги поврзуваат булеварите Гоце Делчев и Никола Карев како едни од најфреквентните во градот. Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици е во полн ек. Само за две недели почнавме реконструкција на 6 постојни и изградба на една нова улица, во неколку општини на територијата на Скопје. Затоа, однапред замолувам за разбирање за сообраќајниот метеж кој се создава како последица на неколкуте активни привремени режими на сообраќај што се воведени заради градежните активности – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.За реализација на проектот за обнова на улицата Лазар Личеноски – втора фаза ќе се одвојат околу 17,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 45 дена.Шилегов додаде дека реконструкциите на градските сообраќајници ќе бидат завршени во рекордно кратки рокови.На почетокот на градежните работи на втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Скопје | пред 5 години

IMG-a6df13a0405d9562f0704297224a23f1-V

Прилепчанец осомничен дека одгледувал канабис во дворот на својата викендица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 52 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1  од Кривичниот законик.Постои основано сомнение дека осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. На неговата парцела во местото викано Кишовица, во близина на Прилеп, тој засадил растенија од видот канабис, за кои секојдневно се грижел и ги одгледувал, наводнувајќи ги стеблата. Откако пораснале, осомничениот ги собирал, ги сушел и ги ситнел деловите од растението. При извршениот претрес на 2 септември, во викенд куќата на остата парцела, полициските службеници пронашле 3 искорнати стебла и 4 гранки од растението канабис кои се сушеле, како и 21,99 грама наркотична дрога марихуана во различни пакувања. Во дворното место на викенд куќата од левата страна биле пронајдени 3 саксии со стебла од канабис, покрај оградниот ѕид уште 3 средно развиени стебла, покрај ѕидот од вињарникот 14 добро развиени стебла од растението, позади оградата од задниот ѕид на викендицата 26  добро развиени стебла, а од десната надворешна страна на викенд куќата покрај оградата биле пронајдени уште 10 добро развиени стебла.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и да се обиде да ги прикрие доказите, како и можност тој да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

avtobus

(ВИДЕО) Автобус изгоре на патот кон Штип

Се запали Мини автобус на патот Миладиновци - Штип, за среќа без патници. Пожарна само што пристигна.https://www.facebook.com/irina.nakov/videos/10158220813798005/

Македонија | пред 5 години

naum-1

Стоилковски: Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите на своја рака со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивоизградените објекти-платформи во езерото. Велам на своја рака затоа што ниту ги имаат превземено ингеренциите од локалната самоуправа на пример во Чаир за Мавровка, ниту пак за таму имаат елаборат за рушење, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Фарса и евтин крими театар!Доколку Заев и ДУИ решиле дека со евтин крими театар се лаже државата дека се спроведува закон и дека има правна држава, нека го покажат тоа на дело и тука.Зад мене се објектите на Матка изградени пред година или две, и кои што градоначалникот Блерим Беџети ете не ги руши, и се закани со распишување референдум доколку му се одземат ингеренциите.Чудно е што градоначалникот на Скопје Шилегов велеше дека нема ингеренции за рушење на дивоградби, па откако се изградија и настапи фарсата во Мавровка се појави за собирање на политички поени.Почитувани, заради овие платформи зад мене на Матка се сеќавате, Заев дозволи Антикорупциска да побара Обвинителски предмет од антикорупционерите за градоначалникот на Сарај. Градоначалникот потоа јавно проговори за барањата на Заев од него да влијае во судството, па Обвинителство потоа ја одби кривичната пријава од антикорупционерите.Крими театар, ама платформите се уште стојат!Оттука и прашањето, дали Заев стои зад оставањето на раат и на овие дивоградби, или сеќавањата на градоначалникот нема да го спречат Заев, ниту пак Ахмети, да ги пушти багерите и на Матка, прашува Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

trifun

Трифун Костовски: Гувернерката Бежовска уште пред една година планирала да ја ликвидира „Еуростандард“, а не натера да вложиме 11 милиони евра

Бизнисменот Трифун Костовски упати јавен повик до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој им пишува дека гувернерката Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Фокус“ признала дека нејзината намера за ликвидација на Еуростандард банка била донесена уште пред една година.-Овој повик до вас, како највисоки државни претставници на Република Северна Mакедонија, е поврзан со стечајот на Еуростандард банка, а е поттикнат и се заснова на вчерашното интервју (во неделникот Фокус, од 03 Септември 2020), на гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија, Ангеловска-Бежоска, во кое таа недвосмислено укажува на фактот дека нејзината намера за ликвидација на Еуростандард банка била донесена, повеќе од една година наназад, користејќи го дискреционото право во сопствено име како гувернер, криејќи се зад институцијата Народна банка.Фактот што вели дека нe поттикнала да вложиме нови 11 милиони евра во банката, прво како субординиран кредит, а на почетокот на годинава како докапитализација на банката, ние акционерите сметавме дека е во интерес за стабилизација на банката, а додека госпоѓата Гувернер тој притисок кој го изврши врз нас акционерите, не бил за стабилизација на банката, туку свесна дека ќе ја однесе банката во стечај имала за цел, да ги заштити интересите на клиентите на Еуростандард банка, тоа говори дека нејзините намери биле нечесни.Гувернерката на Народна банка, не покажа волја во ниту еден миг да го удостои потенцијалниот купувач ниту со една средба за негово интервенирање во стабилизирањето на банката.Недвосмислено се потврди фактот дека вонредната ситуација со пандемијата Ковид-19,која го зафати целиот свет за Еуростандард банка и нас акционерите не важеше.Ве повикувам, како најсилни институции во земјава, да помогнете во справувањето со оваа неправда, со која најоштетени се армија граѓани во Република Северна Македонија, пишува Костовски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Финални подготовки за отворањето на градинките

Општина Кисела Вода заедно со менаџментот на двете јавни детски градинки кои функционираат на нејзината територија ги привршува подготовките за повторно отворање на јавните установи кои згрижуваат деца од предшколска возраст.Во текот на изминатите денови, вработените во градинките извршија целосно генерално чистење на објектите, на целата опрема и инвентарот во занималните, кујната, магацините, пералните, собите за изолација, административните и други простории во објектите, а во следните денови ќе се изврши и целосна дезинфекција на сите објекти кои ќе ги отворат вратите за нашите најмали сограѓани. Обезбедени се и доволни средства за одржување на општата и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.Истовремено, во двете градинки е обезбедено и доволно лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените, а во следниот период општина Кисела Вода ќе обезбеди и донација во вид на заштитни визири за целиот персонал во јавните детски градинки.Занималните и инвентарот се подготвуваат во согласност со Протоколите за згрижување на деца во детските градинки во време на Корона кризата, а престојот на децата ќе се организира на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделени простории).

Скопје | пред 5 години

patarina1

Покренато обвинение за поранешна пратеничка за незаконски патни трошоци

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот законик. Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“ за кој истражната постапка ја водеше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.Обвинетата во периодот од 01.01.2011 до 16.12.2015 година, како службено лице – пратеник во Собранието на Република Македонија, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос и прилики. Имено, таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари.Од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието на релација од Струмица до Скопје и обратно, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале. Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.​​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нова ограда во дворот на ОМУ „Методи Патче“

Екипи на ЈП Градски Пазар  по налог на   локалната самоуправа деновиве работат на  реконструкција на постоечката  и дооградување со нова ограда во дворот на ОМУ ,, Методиј Патчев“.Проектот се реализира непосредно пред почетокот на школската година, а неговата вредност е 376.326,00 средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

Igraliste_kasarna

(ФОТО) Привршува изградбата на баскет игралиштето во населба „Црногорци“

Во завршна фаза е изградбата на  Баскет игралиштето   што го градат  општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. Игралиштето е сместено во делот за млади и спорт и е   со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него е поставена  специјална подлога за играње кошарка,  рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.Игралиштето е  наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“. Општина Охрид  во иднина планира  овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.

Македонија | пред 5 години

15-Korpus_09042020005

(ФОТО) Се уредуваат тротоарите на улица „15ти Корпус“

Деновиве започнаа активности за уредување на тротоарите од улицата „15ти Корпус“.  Во тек е уредувањето на левата страна од улицата, а по завршување ќе се продолжи со уредување и на другата страна.Активностите се во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15ти Корпус“ во прва фаза која се заокружува со изведувањето на активностите за уредување на тротоарите. Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација, асфалтирање и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.Втората фаза од реконструкцијата е веќе започната, со изградбата на три потпорни ѕидови. Според проектот следни зафати се поставувањето на атмосферска канализација на потегот до влезот од село Лескоец.Буџетот предвиден за овој проект е 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“. Вкупната должина на улицата „15-ти Корпус“ е 1900 метри.

Македонија | пред 5 години

ilinden-brod

Единаесет години од потонувањето на „Илинден“ во кој загинаа 15 туристи од Бугарија

Утре се навршуваат единаесет години од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.Предвидено е на утрешната комеморација на самиот ден на несреќата да присуствуваат делегации на Општина Охрид, на бугарските козуларни и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа и на Здружението на граѓани „5 септември“ како и граѓани на Охрид. Овојпат поменот на загинатите ќе се одржи пред новиот споменик, поставен во паркот пред каналот Студенчишта, поставен неодамна. Околу споменикот ќе биде новиот парк на розите.Градежните активности ги изведува ЈП Градски гробишта.За потсетување несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот.   Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.Животот го загубија 15 бугарски туристи од вкупно  57 кои се возеа од Охрид кон Манастирот Свети Наум.Кормилото на бродот го управуваше тогаш 23-годишниот капетан од Охрид.Тој се соочи со мерка притвор веднаш по несреќата, а на 5 јули 2011 беше  осуден на една година затвор.Висината на казната на Филески му ја олесни застапникот на бугарските државјани кои ја преживеаја несреќата. Тогаш беше образложено дека капетанот направил се што можел да спаси поголем број на патици жртвувајќи го сопствениот живот.Потонатиот брод од мистериозните Охридски води беше извлечен на 19 септември, а и ден денес стои непоместен во близина на каналот Студенчишта и немо сведочи за трагедијата која потресе две земји соседи Македонија и Бугарија.Инаку во Охрид има Спомен парк, во чест на 15-те бугарски туристи, кои загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро. Иницијативата за изградба на овој парк беше на здружението „5-ти Септември“, а е финансирана од охридската локална самоуправа и Ротари клубовите од Охрид и бугарскиот град Пирдоп, од каде што потекнуваа  најголем дел од жртвите во несреќата.   

Македонија | пред 5 години

9E43C3F0-ED14-4B8A-B9AC-EB3869938FFA

Печат на вратата на кафулето во Бисер, по средношколската журка

Пазарната инспекција го затвори кафулето кое организираше првосептемвриска забава со средношколци во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. За забавата се појавија снимки на социјалните мрежи на втори септември.Локалот во Аеродром во кој се организираше првосептемвриска журка без маски и дистанца, освен тоа што има забрана за работа од еден месец, добил и прекршочна пријава и од судот зависи колкава парична казна ќе му биде одредена.

Скопје | пред 5 години

rudar-operacija

Рударот Санде Цековски нема пари да се оперира од тумурот на ‘рбетниот столб

Со солзи во очите 56 годишниот Санде Цековски од селото Косевица од Македонска Каменица ја чека втората операција во приватната клиника Систина на 1 септември. Тумурот на р’ бентниот столб веќе 20 години му прави проблеми, бил во многу полоша состојба, првата операција го вратила во живот, сега ја чека и втората. Но, недостжни се уште околу половина милион денари. За операцијата се потребни 2. 100.000 денари, досега се собрани три четвртини од парите. Предвреме пензионираниот рудар поради болеста, зема само 10.000 денари пензија, а во него има силна желба за живот, објави Телма. Голема помош му даваат неговите браќа. По операцијата очекува дека самиот ќе може да се грижи за куќата или неа, сега со помош на ортопедските помагала одвај се движи, по секој 10 до 15 метра мора да застане.Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 5 години

trajko-2

Велјановски немал можност да го исклучи микрофонот кога пратеникот Ибраими на говорница пееше албанска химна

Обвинителот во случајот ” 27 април” го праша пратеникот Никола Мицевски за текот на конститутивната седница. Таа посебно се интересираше дали тогашниот претседавач Трајко Вељаноски можел да го исклучи пратеникот од Беса кој на говорница ја пееше албанската химна.Мицевски одговори дека тоа не е можно.- Претседавачот Вељановски немаше можност да го исклучи микрофонот на пратеникот. Тоа можеше да го направат собраниските служби од друго место. Таквата можност претседател на Собранието да исклучи микрофон на пратеник беше овозможена неколку години подоцна- објасни Мицевски.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Со работна машина удрил во бетонски ѕид и ограда од куќа, повреден малолетен сопатник

На 03.09.2020 во 15.40 часот било пријавено дека на ул.„Панде Илковски“ во Битола, Е.К.(19) од Битола управувајќи работна машина „аран“удрил во бетонски ѕид и ограда од куќа. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 16 годишник од Битола, кој бил сопатник во работната машина, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот одувидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 5 години

bolnica-tetovo

Двајца браќа приведени поради агресивност во тетовската болница

Двајца браќа биле приведени ноќеска во тетовската полиција откако претходно агресивно се однесувале во клиничката болница и кон полицајци кои дошле за да интервенираат. Браќата дошле во болницата за да му се укаже помош на помладиот од нив. -Околу 2.25 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(47) од Тетово, кој се однесувал агресивно и се обидел со остар предмет да ги нападне полицајците. Потоа удрил и еден од нив, откако дошол во тетовската клиничка болница, каде на Хируршкото одделение му се укажувала помош на неговиот брат Ј.А.(42).  Н.А. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Нешто подоцна, околу 3.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле и Ј.А.(42), кој се однесувал агресивно, а претходно скршил и стакло од врата во тетовската болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Во „Еуростандард банка“ имало депозити поврзани со перење пари, со привилегирани камати, и на членови на одбори - тие нема да добијат ни денар обесштетување

Фондот за осигурување депозити конечно вчера во попладневните часови го доби од стечајниот управник Душко Тодевски списокот со штедачи од Еуростандард банка кои треба да бидат обесштетени. Веќе од денеска ќе се прави распоред на штедачите по четирите банки кои се одредени за преку нив да оди обесштетувањето. Денеска интензивно ќе се работи на распоредувањето на штедачите, за веќе во понеделник списоците да бидат доставени поединечно до четирите банки, објави faktor.mk. На банките ќе им бидат потребни четири дена за процесуирање на списоците во нивните системи.Инаку, како што и веќе беше објавено, преку Фондот ќе се обесштетуваат околу 139 илјади штедачи.Според сознанијата на Фактор, соред последниот список што Фондот го добил од стечајниот управник, намалена е сумата на обесштетување, во споредба со онаа што првично се планираше според тогаш достапните податоци.Односно, ако првично се најавуваше дека за обесштетувањето треба да се потрошат 4,4 милијарди денари од Фондот, или 71,5 милиони евра, сега, според последниот прочистен список од стечајниот управник, ќе треба да се испалти помала сума, односно 4,2 милијарди денари, што значи дека таа се свела на 68,2 милиони евра. Односно, сумата на обесштетување е намалена за 3,3 милиони евра, пишува faktor.mk. Порталот објаснува и како дојде до топење на сумата за обесштетување за 3,3 милиони евра?но и Кој шделед со приватни каматни стапки.Текстот во целост на:  faktor.mk. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања