Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Со СДСМ на власт следува време кога судски пресуди ќе се носат онака како што му одговараат на Заев

Со СДСМ на власт имаме време на криминал, мафија и корупција.  Со СДСМ на власт судиите носат селективни одлуки во корист на власта.   Власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе си го амнестира криминалот, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.Зоран Заев и СДСМ во наредното нивно стерилно соопштение нека одговорат кој одговараше за криминал во државата додека тие се на власт. Тие што треба да одговараат се најблиску во скутот на Зоран Заев.ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ која заврши  со смртни последици. Ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство едноставно да добие правда на своја страна.Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега.Но за жал ова не е прв случај на неправда, има повеќе. Неодамна беше и пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда.Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната која единствено носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и мафијата на власт, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

118764349_631121084473651_4415936894074307767_n

За една недела 190 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 190 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 31.08. до 06.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.   

Скопје | пред 5 години

sudstvo-2

СДСМ: Следува ред, правда и дисциплина на сите нивоа, судиите што застаруваат предмети ќе бидат разрешени

Приоритет на Владата предводена од СДСМ е целта која ја зацрта заедно со граѓаните – градење на силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата, држава која гарантира независен правосуден систем, се вели во соопштението од СДСМ.Ред, правда и дисциплина мора да има во Република Северна Македонија. Сега следува процес на целосно и темелно прочистување на правосудството.Судиите кои намерно застаруваат предмети по автоматизам ќе бидат разрешувани, предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал со цел да застари предметот, тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам.Ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции, отчетност и транспарентност на службите,се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и судската власт.Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат правда и конечно да почне да се применува законот за сите подеднакво. Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница.Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ и во следниот период остануваат посветени на реформите кои обезбедуваат силна, независна и ефикасна правна држава и правда за сите, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

zurka

Нови снимки од млади кои се журкаат во Скопје без почитување на протоколите

Нова викенд забава со прекршување на здравствените протоколи. На снимките кои беа испратени до Сител се гледа дека во кафе бар во скопската населба Тафталиџе. Поголем број млади се забавуваат без маски, ниту држат соодветно растојание. Настанот синоќа бил пријавен и во Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите по направениот вонреден надзор најавија кривична пријава за угостителскиот објект, објави Сител.-При една дојава телефонска извршен е инспекциски надзор на кафе барот 101 на улуцата Митрополит Теодосие Гологанови притоа беше контатирано дека има организирано забава со диџеј поголема група на млади луѓе собрано со гласна музика и тие повеќето беа на нозе. И колегите наши согласно протоколите на Владата контатираа прекршување на протоколот за што ќе биде поднесена кривична пријава, изјави за Сител Џелал Максути, од Државниот пазарен инспекторат. Текстот во целост на: Сител.

Скопје | пред 5 години

migranti

Во камион на патот Радовиш-Штип пронајдени 36 мигранти, возачот избегал

На магистралниот пат Радовиш-Штип, во близина на клучка за Неготино, вчера утрото полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „мерцедес“, кое не застанало и продолжило уште околу еден километар.Потоа возачот го запрел возилото и го напуштил местото на настанот. При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти (11 од Пакистан, 9 од Авганистан, 7 од Сирија, 5 од Бангладеш, 2 од Иран и по еден од Ирак и Турција).Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

stoilkovski

Стоилковски: Дивоградбата „Мавровка“ е исто што и „Цареви Кули“ на Заев, ако се сериозни во борбата тогаш „Цареви Кули“ да добие правна разрешница

Власта се уште ги крие вистинските одговори за случајот „Мавровка“.  Не се знае ниту како дојде до тоа неколку бетонски катови да бидат изградени среде Скопје, на неполн километар од објектот на Владата на Република Македонија, уште помалку од централниот плоштад и директно спроти судската палата, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Она пак што Заев и Ахмети го кријат како змија нозе е како до вчера нарекуван „непознат“ и „мистериозен“ инвеститор одеднаш стана познат и тоа со документи во рака за легализација и со сметка за платени давачки, згора на тоа со издадени документи од Град Скопје на Петре Шилегов? И никој тоа не го демантираше!Криминалната власт се обидува да го сокрие тоа што сите го знаат - дека има спрега, и дека зборовите влада на Заев и мафија се синоними и означуваат едно те исто.Зоран Заев е татко на криминално легализирање на дивоградби!Зоран Заев, е аболициран за случајот „Глобал“, објект, трговски центар во Струмица,афера тешка осум милиони евра, која што беше ДИВОГРАДБА, легализирана отпосле, на штета на неколкумина сопственици на земјиштето каде што е изградено! Наместо реконструкција на градскиот пазар во Струмица, изгради трговски центар на неколку спратови, а потоа истиот се легализираше!Зоран Заев е човекот кој што воведе пракса за криминално легализирање на дивоградби!И не е само „Глобал“, јавно приватно партнерство за „Глобал“ со човек чиј што содружник во бизнисот му е кој друг ако не Вице Заев! Зоран Заев, е човекот кој што од позиција на градоначалник, има легализирано дивоградби во Струмица на нему добро познати лица!Над Струмица се протега импозантен комплекс наречен „Цареви Кули“, објект изграден многу покасно по истекот на рокот зададен во законот за легализација на дивоградбите. Законот за легализација беше прецизен, услов за нешто да биде предмет за легализација, беше да биде изградено заклучно со 3 март 2011 година.Но, сателитските снимки од 10 март 2011 година, цела недела по истекот на зададениот рок, покажуваат дека од комплексот нема ништо!На документот за легализација, почитувани, стои потписот на Зоран Заев!Дивоградбата „Мавровка“ е исто како и дивоградбата „Цареви кули“.Заев, менторот на нелегалната легализација на дивоградби, легализира дивоизграден хотелски комплекс од над 600 квадратни метри на државна парцела – пасиште од околу 1.000.000 метри квадратни - парцела колку што изнесува околу половина Струмица!И да нема изненадувања, на документите за сопственост на комплексот „Цареви Кули“, стои име на човек чија што фирма речиси редовно добивала тендери од општина Струмица раководена од Зоран Заев!И да е работата уште почиста, судот пред две години ја одби тужбата од сопственикот на „Цареви кули“ против медиумите кои што пишуваа за оваа нелегална приватизација, во насока дека документацијата го докажува делото!Е па почитувани, законот е јасен:Во познатиот член 353 од Кривичниот Законик, во третиот параграф е наведено „...со пречекорување или неисполнување на службената дејност, со што за себе или за друг ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, ќе биде казнет со затвор од една до 10 години“.Доколку власта е сериозна за справувањето со дивоградбите, нека се почне со ред - согласно членот 353 од Кривичниот Законик, легализацијата на „Цареви Кули“ да добие правна разрешница со апсење и судење за злоупотреба на службената положба на тогашниот градоначалник Зоран Заев, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

dimce-arsovski

ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на пресудата за сообраќајката кај „Млечен“

Правосудниот систем во Република Македонија е уништен.   Зоран Заев и неговите партиски послушници кои управуваат со правосудните органи наместо да носат правда, носат неправда врз обичниот граѓанин,истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Наместо слепа правда, гледаме слепи правосудни инстанци во Република Македонија кои не сакаат да ги гледаат фактите при носење на пресуди и одлуки, се прават слепи. Очигледно не е слепа правдата, туку слепи се институциите и власта.Граѓаните се сведоци дека со државата управува мафија, а на мафијата им се потребни послушни институции и правосудни органи.Правдата за сообраќајната несреќа кај млечен ресторан не е задоволена. Задоволена е неправдата и задоволена желбата на обвинетиот за убиство при сообраќајна несреќа на еден млад човек, загрозена животна опасност на бремена жена и убиство на едно неродено дете.Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана, а ќе биде спроведувана неправдата?Бараме, целосна ревизија на судската пресуда за оваа сообраќајна несреќа со смртни последици. Ревизијата е нешто што најмалку може да се спроведе во моментов и да се истера правдата на виделина, а ожалостеното семејство едноставно да добие на некој начин правда на своја страна. Иако имаат огромна загуба.Ваква нефункционалност и политичка инструираност на судски инстанци и институции не е видена до сега.Ова не е прв случај на неправда, има повеќе да потсетиме неодамна беше  пресудата за убиството на млад кошаркар и тинејџер во Ново Лисиче од пред извесно време, каде исто така и таму не беше задоволена правдата и јавноста бурно реагираше на истата пресуда.Ниту Маричиќ, ниту Зоран Заев, ниту па било кој од СДСМ нема ниакво право, ниту пак кредибилитет да говори за прочистување на судството, од едноставна причина затоа што во правосудните инстанци во моментов владеат корупција, непотизам и тотална контрола од страна на СДСМ, власта и Зоран Заев.Маричиќ, кој во правосудните институции наназад со години има свој семеен претставник на највисоките функции, дали тоа било неговата сопруга како шеф на кабинет, дали неговиот родител, тој самиот исто така сега на позицијата министер, немаат никакво право да говорат за прочистување.Зошто? Од едноставна причина, за тоа што прочистувањето и ветингот треба да почне токму од нив.Оваа Влада на СДСМ е најкорумпираната Влада која носи судски пресуди само онака како што им одговара на Зоран Заев и нив, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

angelkovski

Сузбиена криминална група за препродажба на кокаин, приведени пет лица од Арачиново и Неготино

На 05.09.2020 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Одделот за специјални полициски операции и СВР-Скопје, во координација со ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, лишија од слобода  пет лица- припадници на криминална група за набавка и дистрибуција на кокаин на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против Х.А. (49), Ф.А. (22), Ф.А. (24) сите од општина Арачиново, Р.Г. (27) и П.С. (29), двајцата од Неготино, за сторени кривични дела - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на РСМ.  Од досега спроведената истрага утврдено е дека Ф.А. и Ф. А. (браќа) и нивниот татко Х.А. подолг временски период вршеле набавка и продажба на наркотична дрога кокаин по цена од 3000-5000 денари за еден грам на лица во повеќе градови низ државата и тоа во Скопје, Куманово, Тетово, Кавадарци и Велес, преку организирана мрежа на препродавачи и посредници“, рече Ангеловски.Криминалната група по извршената набавка, во својот дом вршела препакување на кокаинот за понатамошна продажба, а била координирана од Х. А..„За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се материјални докази и документирани се претходни купопродажби на кокаин. По претходно изготвен план и по Наредба од судија на претходна постапка, на 05.09.2020 преземени се повеке оперативно тактички мерки и активности и петте лица се лишени од слобода, а извршени се и претреси при што се пронајдени предмети поврзани со истрагата. Лицата лишени од слобода денеска ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, соопшти Ангеловски.Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал.

Македонија | пред 5 години

marihuana

Притвор за тројца прилепчани кои пренесувале дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против три лица, сите од село Дебреште, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првоосомничениот неовластено заради продажба организирал пренесување, а второ и третоосомничениот неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога хашиш во количина од 14.472,8 грама спакувана во една најлонска вреќа и наркотична дрога марихуана во количина од 31.147,4 грама спакувана во три најлонски вреќи. Откако претходно првоосомничениот ја набавил наркотичната дрога од непознато лице, му кажал на второосомничениот од каде да ја подигне за да ја пренесе до м.в.Песјо Брдце-Прилеп, каде што требало да се изврши купопродажбата на наркотичната дрога. На  4.09.2020 година второосомничениот заедно со третоосомничениот ја подигнале дрогата и ја ставиле во возило во сопственост на третоосомничениот, по што околу 20,30 часот пристигнале на договореното место. Третоосомничениот ги извадил четирите вреќи со наркотичната дрога и ги ставил покрај патот, а второосомничениот се упатил кон комбе кое претходно било паркирано  во кое сметал дека се наоѓа купувачот на дрогата, при што бил пресретнат и фатен од страна на овластени полициски службеници.Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп  до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 92 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент од: Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3.Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41г) и пациент од Дебар (63г) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35г) почината вон болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15090,  бројката на оздравени пациенти е 12235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6114, активни 754• Куманово 1539, активни 262• Дебар 260, активни 28• Штип 1182, активни 106• Прилеп 520, активни 152• Тетово 1251, активни 124• Струга 595, активни 65• Велес 278, активни 26• Битола 225, активни 42• Охрид 360, активни 45• Кавадарци 190, активни 51• Гостивар 822, активни 136• Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 82, активни 30• Крива Паланка 60, активни 20• Радовиш 45, активни 6• Крушево 17, активни 1• Кочани 160, активни 33• Пробиштип 89, активни 17• Демир Хисар 60, активни 2• Македонски Брод 77, активни 10• Пехчево 38, активни 31• Берово 68, активни 46• Валандово 9, активни 2• Виница 81, активни 28• Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 22, активни 6• Свети Николе 302, активни 46• Кичево 286, активни 47• Ресен 147, активни 0• Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 997 теста се преку: ИЈЗ-396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-236,  Биотек-137, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-6, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани  се  2 деца и 1  мајка позитивни на ковид-19, 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 85• Гази Баба – 82• Аеродром - 112• Карпош – 82• Центар – 76• Кисела Вода – 80• Ѓорче Петров – 43• Бутел - 52• Шуто Оризари – 31• Студеничани – 24• Сарај – 20• Арачиново – 14• Илинден – 12• Сопиште – 7• Чучер Сандево – 3• Петровец – 7• Зелениково - 2• Странец – 8• Нераспределен-14

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Користете ги алтернативните рути за влез во Скопје додека се реконструира бул. Александар Македонски

Во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа Град Скопје ги известува граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров.Реконструкцијата на бул. Александар Македонски е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат 3 од вкупно 4 фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов.Град Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на булеварот каде ќе се работи деноноќно.

Скопје | пред 5 години

Avicena-Zenska-Trka-3

Со „Авицена“ женската трка, освен победничките победија и дисциплината и почитувањето на мерките против КОВИД 19

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје, денеска се одржа Авицена Женска трка. Трката се трчаше според специјалниот протокол кој што беше одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење на маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Тие ја стартуваа трката пред главниот влез на А1 Арена - СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, потоа трчаа лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде што свртеа десно во Градскиот Парк каде што патеката беше уредно означена со конуси и траки. Волонтерите ги насочуваа учесничките до самата цел во Градскиот Парк зад Ботаничката Градина.

Скопје | пред 5 години

odzak-zapalen

Аплицирајте за субвенционирање за чистење на оџаците

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување  субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.Оваа година Град Скопје има предвидено 2 милиони денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1660 субвенции.Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.  Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/4997/javen-povik-cistenje-odzaci-2020.pdf .Целта на овој проект што Град Скопје го реализира континурано е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции. 

Скопје | пред 5 години

brza-pomos

Тешка сообраќајка на патот Берово – Виница

Две лица, од кои едното потешко, едното полесно, се повредени во сообраќајката  што се случила синоќа на регионалниот пат Берово-Виница на местото викано „Скараница“, соопшти МВР.Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Н.(70) од с.Истибања, и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) од с.Арачиново, скопско. Во незгодата со повреди здобил М.Н. кој бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош, а А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Виница.

Македонија | пред 5 години

besimi

Бесими уверува: Ќе има доволно пари во буџетот и за евентуален втор шок од кризата

Новиот министер за финансии Фатмир Бесими во неговото прво интервју за МИА по преземање на оваа функција вели дека има средства за буџетот да се извршува непречено, односно редовно да се исплаќаат платите, пензиите, социјалната помош, обврските кон стопанството, кредиторите, како и средства за антикризни мерки за помош на економијата и забрзување на ревитализирањето. Четвртиот сет антикризни мерки ќе биде насочен кон економско заздравување – стимулирање на приватната потрошувачка, но и поттикнување на инвестициите во стопанството.„Ќе обезбедиме доволно средства за финансирање на следните пакети на економски мерки за ублажување на ефектите од кризата, како и економска обнова во пост-кризниот период кон „новото нормално“. Приоритетно ќе биде да се согледа каде се можностите во рамките на буџетот со оглед тоа кои програми или проекти се знае со голема веројатност дека нема да можат целосно да се реализираат до крајот на годината, потоа привлекување финансии во нашата економија од надворешни извори на финансирање, како и разгледување на можности за мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар а со тоа во координација со НБРМ со цел задржување на финансиската и монетарната стабилност во економијата“, вели министерот.Тој вели дека ќе бидат обезбедени средства за евентуални нови шокови од епидемијата. Додава дека приходите и расходите на буџетот се следат на дневна основа и доколку се појави потреба, навремено ќе се реагира, а бизнис секторот и граѓаните ќе бидат навремено информирани за следните економски политики.

Македонија | пред 5 години

03092020_MZ-Filipche_MTSP-Shahpaska_pres-konferencija_1

Филипче за РСЕ - Скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.Се уште има мини кластери што се јавуваат од настани на кои луѓето не ги почитуваат превентивните мерки. Повторно се собираат, еве ги гледаме младите луѓе во угостителските објекти, на јавните површини, повторно семејни забавни, но има и еден процент од заболените кои кажуваат дека не знаат каде се заразиле. 

Македонија | пред 5 години

karadzoski

Караџоски: Не лудувајте по свадби, родендени, крштевки и журки, оставете нека се стабилизира состојбата - и до година ќе бидете млади

Вирусот е тука, бројот на смртни случаи е намален, но тој е тука, вели шефот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за „360 степени“.Караџоски особено ги критикува собирите и јавните настани на кои се прекршуваат мерките за заштита.-Колку свадби се имаат направено во тајност? Колку венчавки, матурски, родендени? Ова нека е поука за младите – вирусот не ги напаѓа само старите лица, тие лица ги носи на респиратор, меѓутоа младите исто така заболуваат со тешка симптоматологија, имавме немили сцени од деца и млади луѓе што починаа од 22 до 40 години, вели тој.Караџовски  потенцира дека за здравствениот систем да го издржи ударот, особено во есенските и зимските месеци кога се очекува зголемен број на респираторни заболувања, секој поединец мора да се однесува одговорно.-Затоа, не лудувајте по свадби, родендени, крштевки и журки. Оставете годинава нека помине, нека се стабилизира состојбата. И до година ќе бидете млади. Внимавајте на своето здравје и не дозволувајте вирусот да влезе во вашата фамилија. Немојте да бидете себични и да размислувате само за вас, порачува Караџовски.

Македонија | пред 5 години

120190520_080018

Денеска, но и следниве денови сончево време со посвежи утра

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утрото ќе биде свежо и минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 18 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени.Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.

Македонија | пред 5 години

silegov

(ФОТО) Реконструиран паркингот во Градски парк

Завршуваме со реконструкцијата на паркингот во Градски парк кај Институтот за сточарство, напиша на својот ФБ профил градоначлникот на Скопје Петре Шилегов.https://www.facebook.com/p.shilegov/photos/pcb.2605021583160701/2605020883160771/?type=3&theater

Скопје | пред 5 години

BFB92F3C-413B-47A3-9C79-F2B84403DC65

Судијката што го ослободи шоферот кој усмрти човек и бебе е истата што не му го одзеде пасошот на Мијалков

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која досуди условна казна за шоферот кој усмрти човек и неродено бебе, својата популарност ја стекна во времето на владеењето на Никола Груевски, кога во јавноста важеше за една од „Сваровски“ судијките.Таа во јавноста стана позната кога го одби барањето на СЈО за одземање на пасошот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.За неа се велеше дека е Сваровски судијка која му прави сопки на Специјалното јавно обвинителство.Во 2017 година, СЈО поднесе претставка до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, која се однесуваше на Елена Илиевска Јосифовиќ.Од СЈО тогаш бараа да се испита нејзината работа од аспект на нестручното и несовесно вршење на судиската функција.Освен тоа, работата на СЈО беше отежната поради нејзиното одбивање на барањата за претрес на функционери.„Сваровски“ судиите го добија својот прекар откако во еден од објавените телефонски разговори, беше споменато меѓусебното дарување со популарните кристали меѓу судијките за стекнување на меѓусебни симпатии и влијание во одлучувањето.Целата сторија на А1он.мк

Македонија | пред 5 години

118890719_670583253547281_2428850688331015334_n

7 дена за Охрид

ДЕНА ЗА ОХРИДСедмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа и општинските јавни претпријатијаЗавршни активности за изградба на кошаркарско игралиште во населба „Црногорци“; Уредување на тротоарите на улица „15 Корпус“; Тековни градежни активности за реконструкција на улиците „Абас Емин“ и улицата во поранешна касарна. ЈП „Водовод“Активности за санирање на дефекти на улиците „Гоце Делчев“, „Абас Емин“, „Бекир Алириза“, „Егејска“ и во населбата „Елешец“; ЈП „Охридски Комуналец“Реализирани активности за расчистување на градското пристаниште, градскиот кеј и малото пристаниште од наноси на окрек, реса и друг отпад од Охридското Езеро;Реализирани активности за расчистување на крајбрежјето во село Трпејца.ЈП „Нискоградба“ Тековни активности за изведба на атмосферска канализација улица „15 Корпус“;Поставување на атмосферска канализација на улица „Сатеска“;Чистење на фекална и атмосферска канализација на улиците „Коста Абраш“ и „Радојца Новичиќ“ и во населбите „Канео“ и „Рача“.ЈП „Градски пазар“Тековни активности за реконструкција на постоечката и поставување на нова ограда во дворот на ОМУ ,,Методи Патче“.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Вирусот не стивнува: 124 новозаразени, 27 хоспитализирани!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кичево-2 и еден во Кратово.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.235.Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката на активни случаи по градови е следна:• Скопје 6.097, активни 761• Куманово 1.533, активни 287• Дебар 260, активни 29• Штип 1.176, активни 108• Прилеп 518, активни 150• Тетово 1.244, активни 120• Струга 592, активни 62• Велес 276, активни 24• Битола 222, активни 39• Охрид 358, активни 43• Кавадарци 189, активни 50• Гостивар 817, активни 140• Гевгелија 58, активни 33 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)• Струмица 80, активни 28• Крива Паланка 59, активни 19• Радовиш 45, активни 6• Крушево 17, активни 1• Кочани 157, активни 30• Пробиштип 89, активни 18• Демир Хисар 60, активни 2• Македонски Брод 75, активни 8• Пехчево 35, активни 28• Берово 67, активни 51• Валандово 9, активни 2• Виница 81, активни 30• Делчево 89, активни 67 (24 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 22, активни 6• Свети Николе 298, активни 42• Кичево 281, активни 42• Ресен 147, активни 1• Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89, а на кислородна поддршка се 47 пациенти.Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 лица.Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Статистиката на активни случаи по скопските општини, врз основа на денешните податоци е следна:• Чаир – 88• Гази Баба – 82• Аеродром – 109• Карпош – 81• Центар – 77• Кисела Вода – 83• Ѓорче Петров – 44• Бутел – 50• Шуто Оризари – 31• Студеничани – 26• Сарај – 22• Арачиново – 15• Илинден – 13• Сопиште – 7• Чучер Сандево – 3• Петровец – 7• Зелениково – 2• Странец – 8• Нераспределен-13

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Без партиципација на факултет, бесплатни градинки и оброк во училиштата бара ВМРО-ДПМНЕ

Веќе очигледно е дека Владата нема стратегија за почетокот на образованието и на образовниот процес во основното, средното и високото образование, ниту пак план за работата на градинките. На удар е здравјето на младите и нервите на родителите кои се загрижени поради тоталниот хаос во факултетите, училиштата и градинките, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, Министерството за образование нема соодветен план за он лајн настава ниту пак обезбедени доволно добри просторни услови за децата кои физички ќе посетуваат настава, а градинките се со исполнети капацитети со што постои реална опасност дека голем дел од родителите нема да имаат можност да ги згрижат своите деца во градинки.„ Имајќи во предвид дека згора на овој хаос се става и тешкиот финансиски товар на родителите и младите во едни вакви економски услови и сиромаштија, како опозиција предлагаме план и мерки со кои владата мора да настапи веднаш. Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, предлагаме:1.Владата веднаш да донесе одлука со која ќе се ослободат од партиципација сите редовни студенти запишани во државните универзитети за учебната 2020/2021 година, без разлика во која година од студирањето се наоѓаат. Со оваа мерка се опфаќаат околу 20 илјади студенти. Што значи дека на околу 20 илјади семејства ќе им се помогне да не трпат егзистенцијални штети и да можат нивните деца да го продолжат образованието.2.Втората мерка е предлог за донесување одлука за обезбедување на бесплатна храна во училиштата и за сите ученици. Со оваа мерка ќе се опфатат сите ученици кои посетуваат настава во училиштата, а станува збор повторно за неколку десетици илјади.3.Третата мерка се однесува на децата кои посетуваат градинка, бројка од околу 30 илјади дечиња, чии родители немаат услови да ги чуваат дома, а од таа причина е потребно да ги пратат во градинка. Со цел да се помогне на голем број на семејства, во кои имаме и голем број на родители кои го изгубиле своето работно место, бараме бесплатно згрижување на децата во градинките.Ја повикуваме власта да ја надмине суетата и да пристапи кон итна реализација на овие предложени мерки, кои ќе значат помош за околу 100.000 семејства во Македонија. Владата, криминалот и мафијата кои за жал во овој момент се исто во Македонија, не смеат да ја водат во пропаст целата држава“ порачаа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

shilegov

(ВИДЕО) Реконструкција на „Александар Македонски“: Ќе работиме деноноќно и ги замолувам граѓаните да имаат трпение

Екипите на Град Скопје денеска почнаа градежни активности за реконструкција на булеварот Александар Македонски во Гази Баба, на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот.Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат 3 од вкупно 4 фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов.„ Градот Скопје почнува со голема реконструкција на булеварот Александар Македонски, односно источниот влез во нашиот град. Во текот на минатата година го завршивме западниот дел, сега ќе го средиме источниот дел, и тоа од крстосницата кај Хиподром до поранешен саем во Автокоманда. Ова е потег поголем од 5 километри, ќе работиме деноноќно и ги замолувам граѓаните да имаат трпение во однос на сообраќајните гужви бидејќи во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и ќе го пречекаме зимото со целосно обновена инфраструктура во изминативе 2 години. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години“ – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат 3 различни градежни компании, а вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации.Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици се одвива со забрзана динамика. Шилегов упати апел до граѓаните да ги почитуваат воведените привремени сообраќајни режими во повеќе делови во Скопје. .На почетокот на градежните работи за реконструкцијата на булеварот Александар Македонски, присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

И натаму се палат автомобили низ земјава, овојпат во Куманово

Изминатата ноќ горел автомобил на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово. Настанот во кумановската полиција во 3 часот по полноќ го пријавил 61-годишниот сопственик на возилото.– В.С.(61) од Куманово пријавил дека околу 3 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, се наведува во соопштението на СВР Куманово.Пожарот го изгасиле пожарникари од ТППЕ Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила и екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања