Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

8-septemvri

Љуљзим Вренези ја доби наградата за животно дело „8 Септември“

Поранешниот натпреварувач во борење, а сега тренер Љуљзим Вранези ја доби наградата за животно дело „8 септември“ во развој и афирмација на спортот во Македонија.„Најголема награда во кариерата за мене е оваа. Сакам да им се заблагодарам на семејството и колегите кои се главни виновници за наградата. Се надевам дека ќе ве израдуваме со медал од ЛОИ во Токио“, изјави Вранези.Покрај наградата за животно дело беа доделени уште четири признанија за развој и афирмација на спортот во Македонија. Бесник Мурати (карате), Сократ Ефтимовски (борење), Ванчо Јовановски (ракомет) и Ѓорги Вучков (атлетика).

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Се реконструира улицата Македонско -Косовска бригада во Чаир

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Македонско-косовска бригада во општина Чаир, на потегот од крстосницата со булеварот Никола Карев (Пластичарска) до крстосницата со Втора македонска бригада. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција  на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација.- Оваа фаза всушност е изведбата на едниот крак од идниот булевар Македонска-косовска бригада. Во текот на наредната година очекувам дека ќе почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да го изведеме и вториот крак., со што овој дел ќе се спои со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. Оваа е осма улица која Град Скопје почна да ја реконструира. Ги замолувам граѓаните за трпение и да ги почитуваат сообраќајните знаци. Исто така, ги замолувам граѓаните да ги користат алтернативните влезови на Скопје, преку обиколница поради градежните работи на булеварот Александар Македонски. Од друга страна пак големо е задоволството на граѓаните дека во градот се реконструираат улици и се отвораат нови коридори, а квалитетот на изведба ќе го подобри урбаното живеење во Скопје – рече денеска Градоначалникот Шилегов.За реализација на реконструкцијата на Македонско-косовска бригада ќе се одвојат околу 56 милиони денари, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 4 месеци.   

Скопје | пред 5 години

Foto-5

Претседателот Пендаровски присуствуваше на прославата по повод 8 Септември, Денот на независноста

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Централната прослава по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија.Чествувањето започна со чинот на менување на знамињата пред платото на Владата, по што беше интонирана државната химна. Потоа беше прикажано видео со пораки по повод 29 години од независноста.Претходно, делегација од Кабинетот на Претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, а во која беа и заменик генералниот секретар Тоше Зафиров и аѓутантот на Претседателот,  полковник Билјана Блажеска,  оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Момче и девојка - средношколци, фатени со кокаин и марихуана во Скопје

Во одделни акции, полицијата приведе девојка на 16-годишна возраст и 17-годишно момче кај кои при преглед биле пронајдени дроги.Како што информираат од полицијата, 16-годишната скопјанка била приведена и со неа бил извршен разговор во присуство на родител. Затекната била со прашкаста материја доцна синоќа на улицата „Пелинце“ во Скопје,Истата ноќ, на улицата „Венјамин Манчуковски“ во Скопје, полициски службеници привеле 17-годишник од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана.И со него бил извршен разговор, во присуство на родител.По целосно документирање на случаите, против двајцата малолетници ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 5 години

mecka-2

Овчар нападнат од мечка, реакцијата на кучињата го спасила од смрт

Жител на шарпланинското село Лисец во тетовската полиција пријавил дека бил нападнат од мечка, а се спасил од смрт со тоа што, според него, реагирале неколкуте кучиња со кои чувал овци на бачило. Невобичаениот настан се случил вчера во текот утрото, а кај 52-годишникот нема поголеми повреди.–Вчера 13:20 часот во полициската станица Тетово Г.Ј (52 ) од Лисец  пријавил дека околу 10 часот на бачило во месноста Рах каде напасувал свое стадо овци бил нападнат и повреден од мечка. Според неговите кажувања тој бил застанат на височина и кога забележал дека има мечка која се упатила кон него почнал да бега кон нагорнината. Мечката го стигнал и го оборила, со што го повредила но при тоа реагирале неколкуте кучиња и мечката избегала.  Во болница му констатирале полесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Потоа дошол и во полициска станица да го пријави случајот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Македонија | пред 5 години

silos-1

(ФОТО) Срушен и последниот силос од бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини

Полека но сигурно власта става ред со дивоградбитеГо снема и последниот силос од добро познатата бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини.Полека но сигурно, со многу тешкотии , пречки и опструкции државата почна да става ред во хаосот со дивоградбите и денес ја гледаме сликата која до пред некој месец беше незамислива, посебно ако се има предвид дека политичарите со децении во Македонија важеа ( и повеќето сеуште важат ) за недопирлива категорија на граѓани кога е во прашање спроведувањето на законите.Клучна улога во борбата за справување со дивоградбите и спас на Охрид и езерото имаа дел од медиумите од Скопје и Охрид кои скоро две години непрекинато алармираат и укажуваат дека состојбата со дивоградбите  во Охрид е алармантна и неодржлива и едноставно мора да биде променета. ЕКОЛОГИСТИТЕ СТАНАА ПРОДУКЦИЈА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИСекако дека не треба да се занемари и придонесот на еколошките организации, пред се на оние кои официјално постојат и се регистрирани како субјекти, но неодминливо останува горкиот впечаток дека поедини организации преминаа во пропагандни Фејсбук гласила кои почнаа дури и да шират лажни вести.Таков е случајот со Охрид СОС кои објавија лажна вест за советникот Нефи Усеини, постирајќи на Фејсбук булдожер и тврдејќи дека тоа е механизацијата на Нефи која вадела песок од езерото за потребите на бетонската база, што се покажа како неточно, беше демантирано од семејството Усеини , а Охрид СОС не се извини за ова ширење лажни вести.Со ова не само што го поткопаа процесот на обелоденување на вистината за проблемите со екологијата и дивоградбите туку ја доведоа во прашање и досегашната релевантност на тоа што го објавувала оваа непостоечка организација која дејствува на Фејсбук, а не се знае кој се лицата кои во име на Охрид СОС постираат, напаѓаат и обвинуваат во јавноста.Акција за отстранување на  бесправно поставена урбана опрема, шанкови и објекти од плажите, хотели и објекти  на самото крајбрежје, започна во месец јуни. Акцијата ја спроведува Општина Охрид со полициска асистенција. Акцијата продолжува есенва, а Општина Охрид е категорична дека во спроведување на истата нема селективност.

Македонија | пред 5 години

delegacija

Владина делегација оддаде почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев по повод Денот на независноста оддаде почит со положување цвеќе на вечните почивалишта на починатите претседатели Киро Глигоров и Борис ТрајковскиПремиерот Заев на положувањето цвеќе на Градските гробишта во Бутел, беше придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Мила Царовска, министерка за образование и наука и Јагода Шахпаска министерка за труд и социјална политика.Венци со цвеќе положија и официјалните делегации на Претседателот на државата, на Собранието, на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, Сојузот на борци, претставници на политичките партии, дипломатскиот кор и на Град Скопје.По повод 8 Септември, годинава во организација на Владата се одржува централна свеченост на платото пред зградата на Владата согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ги потврди 14 те претседатели на Општински комитети

Во текот на вчерашниот ден, доцна вечерта заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разгледуваше политичката состојба и се донесоа повеќе одлуки поврзани со делувањето на партијата.Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од историски најлошиот пад на БДП од речиси 13 проценти, како и од негативните трендови во економијата кои покажуваат дека Заев ја втурна земјава во рецесија.Извршниот комитет ја потврди одлуката за протестен собир поради поскапувањето на цената на струјата и осиромашувањето на граѓаните. Заев и неговата мафија на власт донесе за граѓаните живот на вересија во исто време кога власта се богати на грбот на народот. ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на старата пониска цена на струја и преиспитување на работењето на Регулаторната комисија.Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе и повеќе кадровски одлуки како дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски.Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го именуваше Александар Пандов за претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведува согласно новиот демократски статут кој стапи во сила од неодамна. Пандов е долгогодишен член на партијата и поранешен вршител на повеќе партиски функции.Извршниот комитет донесе одлука за именување и потврдување на мандатите на нови 14 претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и тоа:ОК Конче Ацо МитовОК Валандово Дејан БошковОК Демир Капија Александар ГалапчевОК Росоман Тихомир НиколовОК Могила Драган СаботковскиОК Кривогаштани Виктор ДеспотовскиОК Долнени Дејан ЗмејкоскиОК Демир Хисар Никола НајдовскиОК Охрид Сашо ДоневОК Дебарца Саше СилјановскиОК Вевчани Ѓорѓи ВлајкиноскиОК Пласница Луме АдемоглуОК Јегуновце Димитар КостадиновскиОК Тетово Ангел КарапетровБеа именувани и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.Кадровските освежувања продолжуваат и во периодот што следи. 

Македонија | пред 5 години

zname

Македонија го слави 8 ми септември: 29 години независност и самостојност на државата

Денеска Македонија одбележува 29 години од независноста. На 8-ми септември 1991 година на успешно спроведениот референдум македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата ќе се одржи во посебни услови согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание. Централната прослава ќе биде на отворено во дворот на Владата каде ќе се обрати премиерот Зоран Заев.А како беше пред 29 години на 8 ми септември...Собранието со акламација донесе одлука за распишување референдум. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“На референдумот на тој 8 септември 1991 година излегоа 71,85 отсто од регистрираните избирачи, а 95,32 отсто од нив гласаа за создавање суверена и самостојна Македонија.По затворањето на избирачките места, граѓаните се упатија кон плоштадот Македонија, кој дотогаш го носеше името Маршал Тито, во центарот на Скопје, каде Македонското радио организираше свеченост насловена „Глас за Македонија“ со настап на стотина музички ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читаа извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.По објавувањето на резултатите на насобраните граѓани им се обрати првиот претседател Киро Глигоров:„Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.“На референдумот, граѓаните ја потврдија одлуката на Собранието кое на 25 јануари 1991 година ја донесе декларацијата за независност.

Македонија | пред 5 години

mazlum-hasan

Од компликации од коронавирус почина Мазлум Хасан, поранешен градоначалник на Центар Жупа

Мазлум Хасан, поранешниот градоначалник на Општина Центар Жупа, почина како последица од компликации од Ковид-19. Хасан почина на 52-годишна возраст. Веста за смртта на Хасан ја потврди и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.-Денес ја примивме тажната вест за смртта на поранешниот градоначалник на ц. Жупа, Мазлум Хасан. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и Бог да им даде сабур. Го молиме Господ на Мазлум да го награди со Џенет ин ша Алах, напиша на својот Фејсбук, Дука. 

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Приведен полицаец кој се однесувал агресивно и одбил да се идентификува

Рано утрово, околу три часот на улицата Александар Урдаревски во Скопје, полицајци го уапсиле М.Д., инаку и самиот полициски службеник, затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ одбивал да даде документи за идентификација и почнал да се однесува агресивно.Тој бил приведен во полициското одделение Шуто Оризари, а Одделот за внатрешна контрола е известен со цел да се спроведе натамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: И натаму најризичните категории остануваат заштитени

На денешниот настан во ГОБ „8ми септември“, Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање ја појасни и аргументираше препораката на Комисијата за заразни болести хронично болните да се вратат на работа, која нема да важи за лицата кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста.„Разгледувавме повеќе аспекти кога го дискутиравме ова прашање. Не е ад хок одлука, туку е резултат на дискусија којашто ја водиме на повеќе состаноци веќе изминатите повеќе од три недели. Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по коишто се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе коишто имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места. Во таа смисла е донесена одлуката да се даде препорака пациентите коишто имаат дијагноза хронична болест и оние коишто имаат малигни болести, практично се вратат на своите работни места. Не одат на работа само тие кај коишто лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба која што се вика егзацербација, односно влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман. Притоа и е дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Тоа е препораката, оставаме на стручноста, експертизата на лекарите специјалисти да направат соодветна проценка.“ – објасни Филипче и додаде дека и натаму најризичните категории остануваат заштитени.Во однос на препораката трудниците да бидат ослободени од работа, Филипче посочи дека трудниците се категорија за која се уште нема доволно стручни сознанија како и дали вирусот можеби влијае на развојот на плодот и од претпазливост за нив се продолжува оваа мерка.„Сметаме дека кај родилките е доволен ризик фактор пуштањето на останатите возрасни групи во градинките и за оваа категорија може да се почека, може да се обезбедат и средства преку МТСП коишто ќе се трансферираат во ФЗО за исплата. Ова е категорија којашто и понатаму ќе ја мониторираме до нова година, па ќе видиме како ќе биде состојбата.“ – изјави Филипче и додаде дека дополнително ќе се дискутира во наредните денови и ќе се донесе одлука се родителите на децата до 10 години коишто се сега ослободени од работа.

Македонија | пред 5 години

filipce-8-septemvri

Филипче: ГОБ „8 Септември“ е најголема болничка установа, со врвни експерти и посебно место во нашиот здравствен систем

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска, присуствуваше на настанот со кој се одбележаа 10 години од именувањето на Градска општа болница „8 Септември“ по националниот празник, Денот на независноста.-ГОБ „8 Септември“ има посебно место во нашиот здравствен систем, со оглед на тоа што е најголема болничка установа за обезбедување здравствени услуги. Тука работат врвни експерти од многу области: интерна медицина, хирургија, ортопедија, многу пациенти се лекуваат тука и за слична комплексност на проблематиката, исто како што се лекуваат и на клиниките. Оваа институција соработува со сите здравствени установи во државата, приватни и јавни, на примарно ниво и сите други болници, со Фондот за здравствено осигурување, Институтот за трансфузиологија, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје во Скопје, на тој начин олеснувајќи го пристапот до здравствени услуги, и секако давајќи соодветен квалитет. Оваа болница врвно одговори на кризата со сообраќајната несреќа во Ласкарци, кога за многу кратко време се престрои севкупниот персонал, пред се од хируршките области, практично сите пациенти беа донесени во оваа болница, а многу малку во останатите болнички установи за лекување во Скопје, потенцираше министерот Филипче.Во март, годинава, болницата презеде голема улога и голема одговорност, стана КОВИД Центар. Тука беа сместени најтешките пациенти, исто како на Инфективната клиника. Болницата докажа дека има инфраструктурен капацитет, но пред се човечки, лекари и експерти од многу области, кои пожртвувано 24 часа на ден многупати со чести дежурства во текот на неделата работеа со најтешките пациенти.„После разговори со претставници од болницата, директорот д-р Костов, претставници од Синдиктот ние работиме и сме при крај на измена на посебниот колективен договор, којшто оваа установа го има, со кој ќе се зголемат процентите за дежурства на сите вработени во оваа болница. Сакам да им порачам да бидат горди на својата работа, да се горди на иституцијата во којашто работат, а секогаш ќе ја имаат поддршката од Министерството за здравство и Владата“, изјави министерот Филипче.Директорот на ГОБ „8 Септември“ д-р Христијан Костов информираше дека по назначувањето на установата како Ковид центар имале отворена соработка и консултации со врвни специјалисти ширум Европа и светот преку бројни онлајн работилници. „Успеавме да излекуваме голем број на пациенти кои беа на асистирана механичка инванзивна вентилација. Будно ги следевме сите промени во протоколите за лекување на ковид-19 и се стремевме веднаш да ги спроведеме. Први во државата воведовме и нови третмани како што се озон-терапија, која даде солидни резултати во лекувањето пациенти заболени од Ковид-19“, рече д-р Костов.Во периодот од почетокот на епидемијата со коронавирусот, во болницата се извршени 10.765 амбулантски прегледи, 1768 пациенти се примени на болничко лекување со симптоматологија на Ковид-19.„Остануваме посветени и силно подготвени во борбата со вирусот, како и со сите останати болести и состојби кои го нарушуваат човечкото здравје. На сите вработени во болницата им го честитам патронатот, а воедно на сите граѓани им го честитам 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија. Од декември 2019 година, во ГОБ „8 Септември“, функционира новата лабораторија за микробиологија, во која се вршат сите потребни бактериолошки и вирусолошки испитувања. Лабораторијата е сместена во просториите на претходната галенска лабораторија, просториите се реновирани и функционално опремени со нова опрема. Со ова, се овозможи соодветно функционирање на оваа микробиолошка лабораторија. Финализирана е инсталацијата на новиот линеарен акцелератор, како врвна технологија за третман на малигните заболувања и во најкоро време ќе биде пуштен во употреба. Во план оваа година е да се отвори и оддел за инвазивна радиологија, во рамки на радиологијата, посочи директорот Костов.

Македонија | пред 5 години

levica

Левица: Единственото злодело на Асанж е откривањето на империјалистичките злодела на САД и НАТО

Севкупната состојба со правдата и слободата – како и односот на граѓанскиот политички естаблишмент кон овие две историски категории – е сумиран во ужасниот третман на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж. Случајот Асанж покажува дека владеење на правото е обична фарса и лага во империјалистичкиот поредок, а законот пак обичен изговор за извршување неправда и ограничување на слободата, се вели во соопштението од Левица.Асанж, пластично ја откри вистината и мотивот кој го имаа западните империјалистички сили, на чело со САД и НАТО, при нивните воени походи и насилства во име на „човековите права и демократијата“ спроведени ширум светот. „Викиликс“ на обичниот човек му ја покажа непобитната вистина за „хуманитаристичките“ акции на неговата држава/влада, спроведувани на сила и без легитимитет низ другите земји во светот. Поради ова, Асанж можеби е најважниот новинар на нашето време. Иако е гонет за т.н шпиунажа, всушност тој е обвинет за откривање воени злосторства.За прогонувачите, злоделото на Асанж е тоа што тој на мегдан на правдата и пред очите на светската јавност, ги изложи американските воени злосторства што чинеа десетици илјади животи во Ирак и Авганистан, како и дипломатските интриги што доведоа до масовни страдања низ целиот свет. Наместо да се судат воени злосторници како Блер, Буш и Чејни, му се суди на Асанж кој ги обелодени токму нивните злосторства.„Викиликс“ и Асанж ни обезбедија оклоп на вистината за војните, како и за политиката и целите на насилната и неодговорна моќ. Застануваќи во нивна одбрана, ние ја браниме храброста да се спротивставиме на повеќегодишната империјалистичка пракса на насилство и манипулација за прикривање на вистината. Токму политичкиот прогон на Асанж ја покажува усогласеноста и складноста на двете, условно спротивставени, политички проминенции од владеачкиот естаблишмент во САД – Демократската и Републиканската Партија. За нив, империјалистичките интереси на Владата на САД, не само што се над законот, меѓународниот поредок, правдата и слободата – туку и се спроведуваат на директна штета на други земји и региони и се со ужасни последици кон секојдневниот живот на народите кои живеат таму.Поради ваквиот негов грев, Асанж сега е политички прогонуван и соочен со затворска казна од 175 години.Левица се приклучува кон глобалниот протест против прогонот на Асанж и во таа насока упатуваме повик до сите опресирани народи да застанат во негова одбрана и да извршат притисок за негово ослободување. Борбата на Асанж е борба против капиталистичките опресори кои народите ги втурнуваат во војна од која профитира само владеачката класа. Ваквата борба не може да се одвои од борбата за националното ослободување на народите ширум светот кои постојано се под империјалистичката чизма на САД и воената алијанса НАТО, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

4

Мицкоски до Жбогар: Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес (07 септември 2020 година) оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија. Владата предводена од СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му се заблагодари на ангажманот на шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар за неговите придонеси за европската агенда, и се надева дека соработката со европските пријатели и во иднина ќе продолжи. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов одржа работен состанок со директорите на скопските средни училишта

Градоначалникот Шилегов, секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ и раководителката на Секторот за образование, Даниела Адамова  денеска имаа состанок со директорите на сите 23 средни училишта на Градот. На состанокот се дискутираше за мерките што треба да се преземат во време на коранавирусот за да се обезбедат технички услови за непречено одвивање на  онлајн настава  која треба да започне на 1 октомври.Директорите на средните училишта  го информираа градоначалникот Шилегов  како течат подготовките за почетокот на новата учебна година, а дел од нив и за проблемите со коишто се соочуваат како нестабилен интернет и мрежа, недостиг на  компјутери и друга информатичка опрема.Во најкраток можен рок треба да проверите со какви капацитети располагате, односно човечки ресурси за да ви ја одржуваат мрежата и какви ви се интернет мрежите. Ви препорачувам да си помогнете со размена на обучен кадар, се со цел да обезбедиме квалитетна онлајн настава. Исто така, сметам дека треба да се подготвите за сите три можни сценарија, односно за онлајн настава, настава со физичко присуство  и комбинирана настава - рече Шилегов на состанокот со директорите на СУГС.Тој додаде и дека работат  со луѓето од  Министерството за образование и наука, но  во овие нови услови на живеење  не може да се најде совршено решение  и дека сите треба да се обидат решенијата да ги бараат во од за да се заштити  здравјето на децата.По конструктивната дискусија се донесе заклучок  да се одржи уште една средба  пред почетокот на  учебната година.   

Скопје | пред 5 години

Foto-1-1

Путин: Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка би им одговарало на интересите на нашите народи

Претседателот Стево Пендаровски  денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.На средбата двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во сферите од заемен интерес.Претседателот Пендаровски и амбасадорот Баздникин разменија информации за состојбите во двете земји во контекст на пандемијата од КОВИД-19, како и за справувањето со последиците на здравстен, економски и на социјален план.Амбасадорот Баздникин, во пресрет на Денот на независноста 8-ми Септември на претседателот Пендаровски  му предаде честитка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на честитката од рускиот претседател:„ Почитуван господине Претседател,Примете честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на независноста.Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија би им одговарало на интересите на нашите народи, би придонесувало за зацврстување на безбедноста и стабилноста на Балканот.Искрено Ви посакувам добро здравје и успеси, а на сите Ваши сограѓани мир и добробит.                                                                                                                                                                    Со почит,                                                                                                                                                                    В. Путин“

Македонија | пред 5 години

kuzeska

Кузеска: Протестите што денеска ги најави, се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец

Протестите што денеска ги најави, се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец, истакна портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.„Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно по секој пораз“, нагласи таа додавајќи дека загриженост за струјата глуми оној кој ја поскапил 100% и ја укинал евтината тарифа.Кузеска посочи и дека Мицкоски ќе протестира против правдата која доаѓа и европскиот пат на земјата.„Но тој пат го избраа граѓаните, поразениот од народот, не може да се повикува на народот“, рече партиската портпаролка која додаде и дека Мицкоски нема поддршка од граѓаните и затоа нема да успее во своите намери.Според Кузеска, кога веќе ги најавува протестите, Мицкоски треба да каже и кој ја платил логистиката за нивно одржување.„Орце Камчев или Никола Груевски? Или математички прецизно, ќе го сторат тоа по принципот 50-50“, запраша таа.

Македонија | пред 5 години

korona-test

12 полицајци од Чешка заразени со Ковид 19 на македонско-грчката граница

Речиси една третина од чешкиот полициски контингент во рамки на граничната контрола на границата кон Грција е заразен од корона вирус, објави телевизија Телма.Поточно од 40 припадници на чешката полиција, кои оваа недела требало да биде заменета со нов контингент и поради тоа барале тестирање, 12 излегле позитивни.Заразените полицајци веднаш се ставени во изолација по што ќе биде одлучено дали ќе се враќаат во Чешка или во Македонија ќе останат до излекувањето.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На Месечината се појавила ‘рѓа

Месечината 'рѓосува, пишува Си-Ен-Ен. Имено, 'рѓата на Месечината не би требало да биде можна бидејќи таму нема кислород, што е еден од двата основни фактори што ја предизвикуваат. Другиот е водата.Но, постојат докази за тоа. Индиското лунарно летало „Чандрајан-1“ кружеше околу Месечината во 2008 година и собра податоци што до денес придонеле за многу откритија, вклучувајќи го и постоењето на молекули на вода на нејзината површина. Сондата исто така беше опремена со инструмент произведен од НАСА со цел да се анализира минералниот состав на Месечината.Истражувачите и научниците од НАСА од Хавајскиот институт за геофизика и планетарни науки неодамна анализирале уште некои податоци и се изненадиле кога откриле траги од хематит, форма на железен оксид или 'рѓа, тврдат извори за „Си-Ен-Ен“. На Месечината има многу карпи богати со железо, но 'рѓа се формира само кога железото е изложено на кислород и вода.Извор: n1.rs 

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Дeвојка која помогнала во сообраќајка: Градов не е средина за живеење -и сите ние сме зомбиња што само негде брзаат, а нигде не стигаат.

ФБ статус:Утрово се слушна силен тресок, па силен вресок и лелеци. Пак се судрија на раскрсницата каде се сечат улиците Никола Тесла и Бранислав Нушиќ. На 50 метри пред полицијата во Карпош. Без да размислувам грабнав шише вода, хидроген и бетадине и трчам надоле по скали. Гледам две коли, отворени air bags, полициајци дотрчуваат, луѓе се собрале веќе во круг и прашувам: има ли некој повреден?? Еве го тука ела, ми велат. Дечко, не повеќе од 30 години, лежи на асфалтот, сите стојат и го гледаат. На десната потколеница отворена рана со дијаметар од 15 cm, искината патика и очигледно сол сторено десно стапало. Му ја дезинфицирав раната, немам видено никогаш претходно таква повреда. Му дадов вода и шеќер. Дечкото вика гневно: "Партал ме напраивте! Втор пат ме удираат, само стоев на тротоар, ни крив, ни должен." Некој од терасите фрли перниче, му ја ставив под глава. Дотрча Пајо, донесе уште една перница за да ја потпреме ногата, завој и прибор за имобилизација на стапалото. Во меѓувреме, чекаме "брза помош". Нема да ја коментирам брзината на помошта, ни стручната помош што ја пружија. Нема да ги коментирам ни сите сеирџии што се собраа, ни полицајците што не му пружија професионална прва помош, за која сум сигурна дека поминале обука. Бојан ќе биде добро, сигурна сум. Ќе има последици, но важно е жив.Градов не е средина за живеење. И сите ние сме зомбиња што само негде брзаат. А нигде не стигаат.https://www.facebook.com/denica.bojarovska/posts/10164355079645247

Скопје | пред 5 години

recikliranje

Жителите на Центар за рециклирање на пластични шишиња ќе добиваат по 1.000 денари

Од октомври жителите на Општина Центар ќе рециклираат пластични шишиња и лименки и за тоа ќе добиваат пари. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ деновиве ја постави првата од деветте машини за рециклирање пред бараките на Општина Центар. Граѓаните ќе добиваат од 0,5 до 1,5 денари за рециклирано шише на платежната картичка „Грин пеј кард“, објави СДК.МК.„Оваа мерка за рециклирање ќе важи само за жителите на Центар, односно пари ќе се враќаат само на картичката ‚Грин пеј кард‘. Месечно максималната цена која ќе може да ја добие еден граѓанин е 1.000 денари. Овие пари ќе можат да се употребат за пазарење во маркети, продавници, за плаќање во кафулиња и кафеани, како и за услугите на претпријатието“, вели Васко Кичевски директор на ЈП “Паркинзи Општина Центар“.Текстот во целост на: СДК.МК. 

Скопје | пред 5 години

Mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски повика на протест в среда

Лидерот на ВМРО ДМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест в среда, на 9 септември, кој ќе почне од пред Министерството за правда во 18 часот, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“, рече Мицкоски и додаде дека овој протест е прв во низата на протести кои ќе следуваат во следниот период.Мицкоски на денешната прес-конференција посочи дека пари има, ама тие не одат кај народот.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/783930155766009/?v=783930155766009„Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо“, рече Мицкоски.Додаде дека мафија не се руши со една битка, туку со многу битки и труд, а ова, како што рече, е почетокот на нивниот крај.

Македонија | пред 5 години

janusev

Јанушев: Денес поднесовме во Управниот суд тужби во однос на начинот на кој што се изврши верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници

Само што ги поднесовме тужбите во Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот односно верификација на мандатите на останатите односно на дополнителните осум пратеници во Собранието на Република Македонија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Имено, знаете дека и покрај нашите реакции како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија каде што укажавме дека е тотално погрешен, нелигитимен и пред се нелегален начинот на тоа на кој што владејачкото мнозинство го направи. Преку предлог на Комисијата за верификациони работи која што впрочем е создадена, е формирана и функционира само за првата конститутивна седница. Иако во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно, недвосмислено е пропишано дека единствено може по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници.Сепак владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада.Значи буквално она што ќе се почне со дивоградба понатаму продолжува да функционира на еден ист и таков начин. Што впрочем и на почетокот на седницата за избор на Влада го укажавме дека тие осум луѓе не се верификувани и не станале пратеници на начинот на кој што е пропишано со Деловникот. И впрочем дава еден огромен нелигитимитет и нелегалност на изборот на целата Влада.Очекувам од Управниот суд што е можно побрзо да ги разгледа тужбите кои што денеска ги доставивме и да одлучи врз основа на словото на Законот, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска се регистрирани 37 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127,  бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6123, активни 591• Куманово 1540, активни 248• Дебар 261, активни 29• Штип 1182, активни 96• Прилеп 525, активни 142• Тетово 1254, активни 125• Струга 595, активни 64• Велес 278, активни 20• Битола 225, активни 40• Охрид 360, активни 45• Кавадарци 190, активни 47• Гостивар 823, активни 134• Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 83, активни 31• Крива Паланка 60, активни 19• Радовиш 46, активни 7• Крушево 17, активни 1• Кочани 160, активни 33• Пробиштип 90, активни 15• Демир Хисар 60, активни 2• Македонски Брод 77, активни 10• Пехчево 38, активни 28• Берово 68, активни 41• Валандово 9, активни 2• Виница 82, активни 28• Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 23, активни 7• Свети Николе 301, активни 37• Кичево 286, активни 45• Ресен 147, активни 0• Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 484 теста се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0,  Биотек-57, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -146, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-7, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани  се  2 деца и 1  мајка позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 55• Гази Баба – 70• Аеродром - 102• Карпош – 65• Центар – 58• Кисела Вода – 70• Ѓорче Петров – 35• Бутел - 37• Шуто Оризари – 24• Студеничани – 16• Сарај – 15• Арачиново – 10• Илинден – 11• Сопиште – 6• Чучер Сандево – 2• Петровец – 5• Зелениково - 2• Странец – 6• Нераспределен-2

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања