Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

viber_image_2020-09-09_11-21-48

Градинките во општина Кисела Вода се целосно подготвени по сите протоколи и ги отворија повторно вратите за најмалите сограѓани

Приемот и целокупниот процес на згрижување на децата од предшколска возраст се одвива со целосно почитување на здравствените протоколи, со утрински распоред на прием по групи, одржување на дистанца, како од страна на родителите, и децата, така и од страна на вработените.Се вршеше мерење на телесната температура на персоналот и на децата кои се згрижуваат со бесконтактен термометар, а првата активност која се спроведе со најмалите беше запознавање со начинот на функционирање, здравствените протоколи и одржувањето на личната хигиена во услови на Корона криза.Во текот на изминатите денови, вработените во градинките извршија целосно генерално чистење на објектите, на целата опрема и инвентарот во занималните, кујната, магацините, пералните, собите за изолација, административните и други простории во објектите, како и целосна дезинфекција на сите објекти. Обезбедени се и доволни средства за одржување на општата и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.Истовремено, во двете градинки е обезбедено и доволно лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените, а во следниот период општина Кисела Вода ќе обезбеди и донација во вид на заштитни визири за целиот персонал во јавните детски градинки.

Скопје | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

ИЈЗ: Намалување од 42.9% на смртни случаи во однос на претходната недела

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 31 август до 6 септември 2020г, тестирани се вкупно 9.734 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 2,1% помалку во однос на минатата недела.Регистрирани сe вкупно 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата и зголемување од 18,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=221; 28,0%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.1% што претставува зголемување од 1.4% во однос на претходната недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39 и над 60 години со 174 (22,0%) и 172 (21,8%) позитивни, соодветно. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (n=134; 17,0%), 50-59 (n=129; 16,3%) и 20-29 (n=118; 14,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=22;2,8%) и 10-19 години (n=40; 5,1%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=756; 95,7%), регистрирани се 132 (16,7%) хоспитализирани (зголемување од 85,9% во споредба со минатата недела), а кај 219 (29%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување (во последни 14 дена).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија 31/08 – 06/09/ 2020 како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

policija-1

Во сообраќајка во тетовско загина пешак

Шеесет и едногодишен пешак од Тетовско загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на регионалниот пат Тетово- село Теново.Според информациите на МВР, автомобил „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од село Милетино удрило во Г.М.(61) од село Радиовце.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје, каде им подлегнал на повредите.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Професор обвинет за силување се самоубил во затвор

Професор кој беше под истрага за обид за силување малолетничка, си го одзел животот, дознава Алсат.Според извори на Алсат, професорот се обесил со чаршав, за време на прошетката на останатите затвореници во кругот на КПУ, затвор Скопје.Лицето С.М. беше под истрага за обид за силување на малолетно лице на возраст од 8 години.Настанот се случи во почетокот на годинава, а во полиција го пријавила мајката на девојчето.

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Во возило во Куманово пронајдени мигранти, возачот е приведен

Дваесет и еден мигрант биле пронајдени во возило во Куманово. Возачот, 70-годишен штипјанец, е приведен.Според информациите на МВР, ноќеска околу 1 часот полициски службеници дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон село Отла.По кратко време на ул. 11 Ноември во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип.Во возилото се превезувале 21 мигрант од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица.Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

med-odzak

Од оџак во Лисиче извадени 10 килограми мед

Изминатиов викенд во скопско Лисиче се случувала вистинска борба за да се спаси и на сигурно да се дислоцира едно големо семејство пчели. Се започнало кога пчеларот Марјан Станковски добива повик од пријател кој бара од него да даде совет како да се извади еден рој пчели кои се населиле во новоизградена куќа во населбата Лисиче, пишува Скопје Инфо.– Јас сум искусен пчелар но прв пат добивам вакво барање: Да извадам пчелно семејство од оџак. Навистина беше голем поредизвик за мене, но, веднаш се нафатив да го направам тоа, пред се поради пчелите оти знам дека ако останат тука во текот на зимото ќе изгинат. Едноставно знаев дека морам да ги спасам. До сега сум видел многу чудни места каде матицата по роење, делење од матичниот рој, решава да го направи својот дом. Некогаш тоа го прави на гранки од дрвја, на камења, меѓу карпи и пукнатини, во ѕидови, под стреи или на кровови, но никогаш не сум видел да се вдоми во оџак – раскажува за Скопје Инфо Станковски.Текстот во целост на: Скопје Инфо

Скопје | пред 5 години

20200909_092509

Градинки на територијата на Општина Аеродром целосно подготвени ги отворија вратите за безбеден прием на децата

„Од утрово сите градинки на територијата на Општина Аеродром целосно подготвени ги отворија вратите за безбеден прием на децата“, изјави градоначалникот Златко Марин на денешниот прв ден од отворањето на градинките, на кој присуствуваше и министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Како што информира и директорката Елена Устамитова, при влезот во објектот се запазени сите протоколи за заштита од КОВИД-19, а исто така, предвиден е посебен режим на исхрана, регулирани се одморот, спиењето и играњето на децата.Во објектите е извршена целосна дезинфекција, скрининг, односно тестирање на вработените за КОВИД-19, така што сè е подготвено за безбедно и сигурно згрижување на децата во установите.Градоначалникот Златко Марин ја истакна неодамнешната одлука на Советот на Општина Аеродром со која се ослободуваат одредени категории граѓани од плаќање месечен надоместок за престој на нивните деца, а целта е да им се помогне на најранливите семејства.

Скопје | пред 5 години

pozar-MIA

Електричната инсталација е веројатна причина за пожарот во Инспекторатот за животна средина

Електричната инсталација е најверојатно причината за пожарот во канцелариите на Инспекторатот за животна средина, смета Владимир Симоновски, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарот во просториите е изгасен за два часа, соопшти Симоновски. Според првичната проценка опожарени шест простории.„Пожарот е пријавен во 6:50 минути, во канцеларии на СЕП, така е дојавен пожарот од страна на чуварот. Тука е пристигнато во 6:55, при  пристигнувањето со првите две возила, побарани се дополнителни две возила. За вереме на интервенцијата имавме девет противпожарни возила и 24 пожарникари. Можевте и сами да видите дека станува збор за сложена интервенција, внатрешниот дел не се канцеларии на Секретаријатот за европски прашања туку на Инспекторатот за животна средина. Станува збор за стара Комерцијална банка, која внатре е преградена со ходници,  гипс-картони и стаклени врати. Во моментот внатре не работи ниту еден хидрант, ниту една хидрантска мрежа. Тоа претставуваше поголем проблем, бидејќи не можевме да го затвориме пожарот од внатрешна страна, моравме да кршиме прозорци за да влеземе внатре. Пожарот е локализиран околу 8:50 минути“, рече Симоновски.Во просториите каде што избувнал пожарот немало вработени, потврди командантот на Противпожарната бригада. 

Скопје | пред 5 години

09092020_PVRSM-Zaev_sredba_ambasador-Koja_1

Заев се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ Клеменс Која: Остануваме посветени на меѓусебната соработка во насока на унапредување на реформските процеси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.Премиерот Заев со амбасадорот Која разговараше за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада.Заев изрази уверување и посочи дека вториот мандат е одлична можност, Владата во наредниот четиригодишен мандат да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и Европската Унија како и унапредување на добрососедските односи, посветеноста за ефикасно владеење на правото и продолжување на севкупните реформи во земјата за подобрување на стандардот на граѓаните.Соговорниците се согласија дека долгогодишната соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжува во повеќе различни области и програми во насока на унапредување на меѓуетничките односи, реформата на полицијата и безбедносните структури, медиумските слободи, изборните реформи, интегрирано образование, во областа на човековите права и антидискриминацијата.Соговорниците, исто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: Ја поскапеа струјата а продолжуваат безмислосно да трошат на партиски вработувања и непродуктивни трошења

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија Алфа зборуваше за протестите кои денеска ВМРО-ДПМНЕ ги организира против поскапувањето на цената на струјата.-Старо-новата власт, владата на лагата помеѓу СДСМ и ДУИ  продолжува со истите практики од пред изборите. Прво не е нова влада, ова е стара влада затоа што се работи за истите партнери и уште полоши се работи за истите министри на клучните позиции. Во првите недели од формирањето на старо-новата Влада ја поскапа цената на струјата со што директно удира  врз џебот на секој граѓанин во Македонија имајќи предвид дека ситуацијата е исклучително тешка заради економската криза предизвикана од корона кризата како и лошите економски политики кои што ги води оваа старо-нова коалиција, коалиција на лагата. Имајќи предвид дека БДП падна за рекордни скоро 13%, највисоко во целиот регион поскапувањето на струјата е директен удар  врз граѓаните особено е директен удар врз оние 40 000 луѓе кои што останаа без работа во овој период и некаде околу 30 000 до 50 000 луѓе кои што им се заканува останување без работа, истакна Николоски во своето гостување.Тој посочи дека поскапувањето на струјата е директен удар врз земјоделците односно врз лозарите кои не можат да си го предадат својот род, а оние кои што имаат среќа да го предадат го предаваат по исклучително рекордно ниска цена во Македонија.-Поскапувањето на струјата е удар врз оние кои што преживуваат од први до први и затоа решивме да излеземе денес од пред Министерството за правда и ќе маршираме до Регулаторната комисија за енергетика  која што е комисија под владата и од која ќе побараме да се укине ова зголемување на цената на струјата, истакна Николоски.Николоски порача дека очекуваат гласот на илјадници граѓани кои ќе приклучат  денес да биде слушнат и да биде укинато поскапувањето на цената да на струјата затоа што тоа не соодветствува на економските прилики во државата.-Во исто време поскапувањето на струјата создава огромен профит на универзалниот снабдувач односно на компанијата ЕВН која што го врши снабдувањето, а исто така гледаме дека имаме непродуктивни вработувања и во МЕПСО и во ЕЛЕМ кој се дел од креаторите на цената на струјата така што кога ќе се спојат ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ гледаме еден спој кој што точни води кон зголемување на цената на струјата , но тоа не е реално зголемување на цената на струјата, тоа е зголемување за екстра профит и за нови непотребни партиски вработувања во институциите, додаде Николоски.

Македонија | пред 5 години

boki

Адвокатот на Јовановски откри детали за неговата здравствена состобја, Боки 13 спасен од сепса!

Само што бил донесен од затвор во старата градска болница, Бојан Јовановски веднаш бил ставен на програм за операција, вели неговиот адвокат Сашо Дуковски за „А1он“, кој вели дека неговиот клиент бил донесен со страшни болки.Јовановски сега е на интензивна нега. Дуковски вели дека не е точна информација дека Јовановски имал запаление на желудникот, а операцијата му била направена бидејќи имал дупка во желудникот, па му била испумпувана течност од стомачната шуплина.„Мене ми јавија дека тој бил донесен во старата градска болница, а мојата канцеларија е преку улица. Отидов да видам што се случува, а Бојан викаше во чекална, урлаше. Имаше страшни болки. Сега е опериран. Јас не можам да ви кажам детални информации, но ќе ви пренесам што лекарот им кажал на семејството. Констатирано е дека има дупка во желудник, а дали му прснал чир или нешто, не знам. Од прснатиот желудник, течноста му се слевала во стомакот. Да не бил вчера опериран, ќе настанела сепса. Лекарот рекол дека ако не се оперира, вака може да живее уште осум саати“, вели Дуковски. Во затворот пак, пред да биде пренесен во болница, двапати била повикана Брза помош.извор: А1 ОН 

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Раскинат договорот за тунелите под кале

Град Скопје го раскина договорот за проектирање на тунелите под Кале со турската фирма „Мега инженеринг консалтинг АД“ бидејќи не ги испочитувале роковите за изработка на проектот. Град Скопје на 12 јуни лани склучи договор со турската фирма која заедно со Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии од Скопје, за 6 месеци требаше да ја проектира сообраќајницата, мостот преку Вардар и тунелите под Кале. Поради сложеноста на проектот и пандемијата на ковид-19, рокот беше продолжен за плус 6 месеци, но ниту тој рок не е испочитуван, па договорот е раскинат, објави СДК.МК.Шилегов вели дека не се откажува од овој капитален проект за Скопје, најавува нов тендер за проектант и верува дека до крајот на својот мандат ќе ја почне реализацијата на долго најавуваната идеја за тунели под Кале, сообраќајница која е зацртана во Генералниот урбанистички план уште во 1964 година.Текстот во целост на:СДК.МК.

Скопје | пред 5 години

pozar-MIA

Локализиран пожарот во Инспекторатот за животна средина

Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.Во гаснење на пожарот интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.Причина за пожарот, според првичните проценки е електрична инсталација.извор: Алсат

Скопје | пред 5 години

Mickoski

ВМРО ДПМНЕ од вечерва излегува на улица против поскапувањето на струјата

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 18 часот ќе го одржи првиот од серијата граѓански протести, кои ги најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Протестот вечерва е против зголемувањето на цената на струјата.Мицкоски ги повика сите оние кои не се согласуваат со мерките и политиките на власта да излезат на протестот.Излегувањето на протести покажува дека Мицкоски е решен да не дозволи нов 4 годишен мандат на владата предводена од СДСМ и ДУИ, од кој не само што не ги спроведоа дадените ветувања за подобар живот, правда и еднаквост, туку лошо се справуваат со корона кризата која остава илјадници граѓани на улица и без основен приход.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Градинките од денеска почнуваат со работа

Градинките од денеска почнуваат со работа, со посебни протоколи со цел заштита на децата и вработените. Во градинките се запишани 29.000 деца, а согласно протоколите прием може да се направи на околу 19.000 деца. Досега пријавени од страна на родителите дека ќе посетуваат градинка се околу 14.500 деца.При тоа приоритет ќе имаат самохраните родители и родителите кои не можат работните обврски да ги вршат од дома и ќе приложат соодветна потврда.Приемот на деца по воспитна група треба да биде со десет минути временска разлика на влез на кој задолжително е растојание од два метри, а детето го спроведува еден родител и секогаш носи заштитна маска.Потребно е да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, лицата кои доставуваат храна задолжително треба да носат маски и ракавици, храната за децата треба да се остава пред занималната, а децата треба да јадат во неа со претходна дезинфекција на рацете и на масите.На сите вработени при влегување во установата задолжително ќе им се мери температура.Сите вработени во установата мора да носат заштитни маски.Во групите на деца на возраст до две години треба да има максимум по шест деца, а на возраст над две години по максимум 15 деца.

Македонија | пред 5 години

pozar-MIA

Пожар во зградата каде е сместена МИА и Државниот инспекторат за животна средина

Изутринава избувна пожар во зградата во близина на македонската Филхармонија, во која се сместени повеќе јавни и државни институции.  Во објектот во центарот на Скопје, познат и како поранешен објект на Комерцијална банка, се сместени Македонската информативна агенција и Државниот инспекторат за животна средина.Противпожарната служба интервенира на првиот кат од зградата, а од таму велат дека сите вработени од смената се излезени на терен.  

Македонија | пред 5 години

Mila

Царовска: Онлајн платформата што ја правиме сега, ќе значи унапредување на образованието и ќе се користи и наредните години

Единствената национална платформа за онлајн настава нема наставниците и учениците совршено да ја знаат од првиот ден на училишната година, но таа ќе стане алатка што ќе се користи не само во услови на пандемија, туку и наредните години и ќе значи унапредување на образованието, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, објаснувајќи како ќе се одвива учебната 2020/2021 година.– Се што правиме сега го унапредува образованието воопшто. Не е ова само состојба којашто сакаме да ја надминеме, па по секоја цена правиме платформа. Оваа платформа ја градиме сега, ништо нема да биде совршено оваа година, тоа морам искрено да го кажам, но градиме чекор плус во нашиот образовен систем со тоа што поставуваме една алатка којашто ќе им служи на сите наставници. Верувам дека во наредните неколку месеци сите ќе сакаат да работат на неа. Посебно децата, затоа што ќе биде едноставна, ќе имаат распоред, ќе можат да имаат двонасочна комуникација со наставникот, ќе имаат линкови, презентации и сето тоа полека ќе се усовршува и полека ќе се доградува – посочи министерската Царовска.Секаде каде условите го дозволуваат тоа, ќе се реализира настава од училница. Преку платформата ќе има можност да се следи кој од наставниците се вклучил на платформата и на кој начин го одржал часот.– Пристап до платформата ќе имаат и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образование, како две институции што треба да го следат квалитетот на образованието. И за разлика од претходната година, исто така воведуваме можност за валидација на знаење со физичко присуство, за да ги мотивираме и наставниците и учениците, коишто следат онлајн настава, да научат повеќе, да се стекнат со повеќе знаење, коешто натаму ќе биде оценето – укажа Царовска.Единствената национална платформа за онлајн настава веќе е во драфт верзија и министерката рече дека јавноста многу скоро ќе ја види. Таа ќе биде едноставна за употреба и ќе значи дигитализација на образовниот процес. Во моментов се подготвуваат наставници кои ќе бидат мастер-тренери кон другите наставници во нивните училишта.

Македонија | пред 5 години

Boki-13-1

Боки 13 на итна операција на желудникот во старата Градска болница

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 утринава итно е пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, или поранешна Градска болница во Скопје, дознава Фактор.Од болнички извори, Боки 13 имал силно воспаление на желудецот, заради што му се прави операција.И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 чесо се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми. На јавноста и е добро познат по случајот „Рекет“ во кој е осуден на 9 години затворска казна. 

Македонија | пред 5 години

nerezi

(ВИДЕО)Снимка од која ќе се наежете, видете како млади од Скопје го слават денот на независноста!

Погледнете како младите во Нерези и го честитаа роденденот на нашата земја.„Жива си сеуште мајчице“... https://www.facebook.com/PrikazniOdBulevarot/videos/2487561188207868/?v=2487561188207868

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

СВЕДОШТВО: Бидејќи се бранел при напад добил шест месеци затвор, а човекот виновен за сообраќајкат кај Млечен доби условна

ФБ статус:Сите се потпираме на праведноста во нашата држава, но знаеме дека не ни остана ниту закон, а камоли правдина. Јас, лице од 24 години, досега никогаш осудуван, ниту пак се води друго досие против мене, осуден сум на 6 месеци затворска казна. Зошто? Како и сите други и јас верував во законот, но судиката Невена Перица докажа дека праведноста во судот одамна не постои со самото тоа што ме осуди поради тоа што се потпрев на праведноста на државата и одбив да дадам голема сума на пари која беше побарана од мене, исто како и на многу други луѓе од Штип, кои страдаат од оваа корумпирана банда на адвокат/ки, обвинителка и судика. Пресудата беше донесена уште пред да започне случајот! Осуден сум поради еден така наречен адвокат Тоше Берков, кој е дел од горенаведената банда. Во 2018 година бев нападнат од страна на 10-15 години постарото лице Тоше Берков под причина дека сум го турнал со рамото во еден штипски кафич. Бидејќи после случката во кафичот повторно се сретнавме, ме нападна поради предходната причина( демек намерно сум го турнал) нормално јас успеав да се одбранам, се здобив со лесни телесни повреди од истото лице, за кои имам лекарски извештај. Но, бидејќи целата ситуација ја виде извежбаниот адвокат, тој покрена постапка во судот и после 10 дена кај него во извештајот од доктор Сашо Ценов изненадно се појавија тешки телесни повреди на напукнатина на долен дел на левото капаче на коленото и повреда на главата на малиот прст на стапалото, кои секако не постојат. Покрај тоа, судењето беше наместено кај судиката Невена Перица со која се уиграни и со која е скоро секој ден. На првото рочиште кога влегов во судницата, првите зборови на судиката Невена Перица беа дали ќе го прифатам делото или таа знаела што ќе ми суди. Истата судика ми го отфрли моето лекарско уверение, кое за неа исто како да не постоеше. Врз основа на неговите лекарски уверенија, истите беа доставени до доктор специјалист за колена од Скопје, кој утврди дека таму нема никаква тешка телесна повреда, но овој наод се разбира беше одбиен од страна на (другарката) Невена Перица на Тоше Берков. И покрај тоа што веќе некои работи беа повеќе од јасни јас побарав од судиката ова да оди на супервештачење со мој надоместок, но и тоа не беше прифатено. За жал, нејзините единствени зборови беа да завршиме побрзо, бидејќи знаела која пресуда ќе ја донесе. Невена Перица ме осуди мене на 6 месеци затворска казна без ниту еден валиден доказ, без ниту еден сведок на местото на настанот. Иако мои три сведоци сведочеа кој ја започнал расправијата, а тој имаше двајца сведоци кои не беа пристутни на настанот и дојдоа со делумно различни изјави, сепак таа ги прифати тие изјави. Ете луѓе, ова се случува во нашата држава, некои луѓе без никаква вина ќе бидат осудувани на затворска казна, а луѓе кои одговараат за човечки живот и живот на неродено бебе ќе бидат ставени на 2 години условна казна. До кога ова корумпирано судство и оваа корумпирана држава ќе си играат со овој народ? Само затоа што е адвокат и судија можат да донесат одлука каква сакаат, бидејќи оштетената страна не е дел од корумпираното друштво? И потоа се чудиме зошто секој млад македонец сака да се исели од оваа држава? Токму ова е една од причините.. Мора да се стави крај на ова!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213837446929317&set=pcb.10213837447169323&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

bosko-iliev

Лекар од Кавадарци за Денот на независноста ја преплива браната Турија, Струмичко

Бошко Илиев (55), доктор специјалист по спортска медицина од Кавадарци, денеска ја преплива акумулацијата „Турија” кај Струмица во должина од шест километри за време од два часа и 36 минути. Станува збор за негова 91 трка на кој пливал и дел е од неговите потфати за промоција на езерата и природните убавини во земјава.Минатата година тој ја преплива акумулацијата Водоча кај Струмица, а пливал во Кавадарци, на Крушевското езеро, на Свети Наум на Охридско, а следна негова дестинација е Дебарското Езеро. Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион“ од Струмица.Настанот го подржаа општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а го помогнаа и членови на ЗСР „Шампион” од Струмица.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica

Пратеникот Јахоски негира дека ја напуштил ДУИ

Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, демантира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и дека станал независен пратеник.„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ. Фактот што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во најскора прилика“, стои во изјавата на Јахоски.

Македонија | пред 5 години

zaev

Пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Заев во Собрание?!

Премиерот Зоран Заев тврди дека во парламентот во моментов за носење на одредени одлуки има дури 65 народни избраника, што е за тројца пратеници повеќе од оние првични 62 од колицијата СДСМ – ДУИ. Сепак, Заев не открива за кои тројца дополнителни пратеници станува збор.„Со ДУИ заедно верувам дека имаме поддршка за потребни работи, најмалку 65 пратеници. За владата гласаа 62 пратеници каде што Шахпаска после гласањето за владата и престанува функцијата. Верувам во следните неколку дена парламентот ќе направи верификација на мандатот на следниот пратеник од листата за да вака оформената коалиција од 62 ја потврдиме комплетно. Имам намера на дел од пратеници да им понудам одредени раководни места во државата, од моја и од страна на Владата и министерствата коишто ги именуваат“.Прашањето за парламентарното мнозинство се отвори откако од 62 народни избраници со кои располагаше власта двајца веќе се спорни, а 60 пратеници се недволни за функцинална власт во Собранието. Имено, Шахпаска стана министер за труд и социјална политика, но нејзин наследник нема бидејки таа беше претседателка на верификационата комисија, а со нејзиното заминување од Собранието таквата комисија престана да постои. Мандатно-имунитетната комисија која во парламентот ја има надлежноста за нови мандати не е формирана.

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

63 мигранти пронајдени при преглед на возило кај Штип

При преглед на возило кое се движело од Штип кон селото Кадрифаково биле пронајдени 63 мигранти.Од МВР велат дека полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки. Во еден момент возачот го запрел возилото и го напуштил местото.Полициските службеници извршиле преглед на возилото, при што во просторот определен за товар биле затекнати 63 мигранти од кои 18 малолетни лица (62 лица биле од Авганистан и едно од Сомалија).Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Тепачка во Кичево – албански државјани фрлале со камења кон гостилница

Во полициската станица Кичево во пет минути по полноќ на 7 септември билa пријавена тепачка пред угостителски објект на улицата „Маршал Тито“.Според пријавата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу кичевците М.П.(19) и Г.И.(22), од една страна и албанските државјани M.K.(26) и A.K.(28), од друга.Било пријавено и дека лицата од Албанија фрлале со предмети и кон другите гости во објектот.Тие биле приведени во полициска станица за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања