Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

kabast-otpad

Општина Кисела Вода на 15 септември ќе почне да собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода на 15 септември ќе започне да спроведува акција за собирање кабаст отпад, стар мебел и електронски уреди.Општината услугата за собирање и транспорт на отпадот, ќе ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните.  Со цел за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид 19, работниците кои ќе бидат вклучени во активностите, истите ќе ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.Жителите на Кисела Вода, секој работен ден, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, услугата за собирање на отпад  можат да ја побараат на телефонскиот број 072/313-331.Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат за чисти паркови и чисти зелени површини.

Скопје | пред 5 години

filipce-11

Филипче: Нема простор за паника- мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти, а притоа да не се злоупотребува системот

Утрово, Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче се сретна со претставниците на здруженијата на пациенти. На средбата, тие ги изнесоа своите предлози за доследно спроведување на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот.„Станува збор за широка категорија и идеата е да ја сведеме на поткатегории со цел да не се злоупотребува системот и да биде фер за сите, односно оние кои треба да се дома и кои се навистина во ризик, да останат дома. Реален проблем е тоа што бевме сведоци на злоупотреби.“ – истакнува Филипче.Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.„Иницијално идеата беше да се спреми системот, да се направат промени во правилникот, да им се дозволи на пациентите да може да направат преглед согласно оваа нова стратегија, за тој што треба навистина да седи дома, заради комплексноста на одредена хронична болест, или заради тоа што во  даден момент има влошување на сотојбата. Меѓутоа тоа да го утврди лекар специјалист, а не согласно претходно поставена дијагноза за хронична болест. Пациентот може да извади соодветна потврда или уверение од специјлист и на тој начин да биде ослободен од работа.“ – појаснува Филипче.Филипче нагласува дека нема простор за паника бидејќи мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти.„Дозволете јасно да кажам за да се расчистат дилемите, и секако да спласне паниката, затоа што нема простор за паника, ниту за незадоволство. Оваа мерка е димензионирана, така да го заштити здравјето на оваа критична ризична категорија на граѓани. Најпрво со измена на правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување ќе се дозволи лекарот специјалист да даде потврда и за отсуство од работа на неопределено време или за одредено време, многу подолго, отколку што досега беше дозволено, без притоа да има контролни прегледи, праќање на комисии, дополнителни испитувања. Значи, со цел да се олесни комуникацијата, пристапот на пациентите, оваа одлука за враќање на работа на сите останати хронично болни, коишто нема потреба да ја вадат оваа потврда ќе биде од 23 септември, значи останува доволно време во следниот период, а ќе има и доволни термини за закажување прегледи преку системот МојТермин и дополнителни термини за Е-амбуланта.“ – истакнува Филипче.

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

Врховниот суд на РСМ ја уважи жалбата во предметот за сообраќајната незгода кај Универзална сала

Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи во делот на кривичната санкција. Со ова Врховниот суд ја преиначи пресудата на Апелациониот суд Скопје и обвинетиот го осуди на казна затвор во траење од 4 години, додека во останатиот дел второстепената пресуда ја потврди.Претходно, Апелационот суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 3 години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година.Овој предмет се однесува на сообраќајната незгода која се случи на 03.04.2015 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на Универзална сала, кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило Хонда прелуде, под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во телото на оштетената Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.Направените сообраќајни пропусти кои се причина за сообраќајната незгода опфатија умисленост во дејствијата на обвинетиот, односно беше утврдено присуство на алкохол во крв и пречекорување на дозволената брзина за управување со возилото, па  согласно тие пропусти обвинителството ја определи и правната квалификација  за кривичното дело.На пресудата на Апелациониот суд во конкретниот предмет, претходеше пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која обвинетиот за наведеното кривично дело беше огласен виновен и казнет со казна затвор во траење од 4 години и му беше изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година.​

Македонија | пред 5 години

SEMM-22

СЕММ го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО - ДПМНЕ.Новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ се нападнати додека ги извршувале своите професионални обврски, што е незамисливо во една демократија. Толеранцијата на вакви напади и спречувањето на медиумските работници да си ја вршат својата работа носи ризик тие да се повторат и да се засилат, со што не се загрозува само безбедноста на колегите, туку и елементарното право на граѓаните да бидат вистински информирани.Затоа бараме од институциите итно расветлување на инцидентот и одговорност за напаѓачите, а од партиите поголема одговорност во спречувањето на говорот на омраза и делата што произлегуваат од него.

Македонија | пред 5 години

filipce

51 од младите лекари ќе почнат платена пракса во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа средба со младите лекари, од кои 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, ќе бидат ангажирани на инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19. Новите лекари ќе бидат ангажирани со договор на дело со 30.000 денари месечно  платена пракса.“Поголем дел од младите лекари, односно 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, веќе се пријавени за вработување во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19, а паралелно со тоа веќе е обезбеден буџет за нивно ангажирање во здравствените установи. Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи, како што се здравствени домови и општи болници со проширена дејност, што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа“ - истакнува министерот Филипче.На средбата беше посочено дека младите лекари веќе ја гледаат својата иднина во јавното здравство во нашата земја и активно учествуваат во креирањето на здравствените политики.„Со овие одлуки ги охрабруваме младите самите да преземат одговорност.  Се стремиме да го подобриме системот заедно со сите предизвици со кои се соочуваме во моментов, а паралелно со тоа продолжуваме и со вработувањата.  Во тек се и други активности кои ќе ја подобрат работата со пациенти, следење на новините во медицината и практичните искуства. Се разгледува и можноста за воведување тест со теоретско знаење, пракса и евалуација на личност, што во моментов го нема кај нас, а е потребно. Сето ова ќе придонесе за натамошно унапредување на статусот и условите за работа на младите доктори“ нагласува министерот Филипче.Со законската измена на законот за здравствена заштита, донесен во јануари, минатата година, за првпат се овозможи секој млад доктор, по стекнувањето лиценца, веднаш да влезе во системот на примарна здравствена заштита за работа со пациенти во рок од шест месеци со месечен надомест од 30.000 денари.

Македонија | пред 5 години

koronasvadba

Свадби се прават и покрај забраната, со фискални сметки на секоја маса

Свадби, крштевки и други веселби со жива музика секој викенд се организираат и покрај забраната донесена со Уредба на Владата поради коронавирусот.  По препорака на Комисијата за заразни болести, на владината седница одржана на 26 август не се прифатија барањата за измени на протоколот за работата на угостителските објекти, односно остана забраната за организирање свечености со музика.Од Државниот пазарен инспекторат за САКАМДАКАЖАМ.МК кажуваат дека младенците и угостителите на секој можен начин се обидуваат да ја изиграат Уредбата и да прикријат дека организираат свадба. За да не добијат казна од инспекторите, велат дека не се одржува никаква прослава, туку кафеаната е полна со гости кои се веселат бидејќи долго време биле во карантин поради ковид-19. На масите седат по 5-6 гости, нема невестинска маса, а се издаваат посебни фискални сметки за сите маси. Од рестораните на невестите им велат да не носат венчаници туку бел фустан, а на гостите да не се чекираат на социјалните мрежи во кој ресторан се наоѓаат.Текстот во целост на:  САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

fatime-fetai

Фатиме Фетаи пред апелација бара повисоки затворски казни за Алими и Гури од ДУИ

Обвинителката во „Титаник 3“ за изборни нерегуларности Фатиме Фетаи во поднесената жалба до Апелациониот суд се противи на ниските казни од по три ипол години затвор против поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и сопартиецот Исмет Гури, кога за делото за кое првостепено се осудени, пропишана е минимална казна од пет години.Иако законот дава можност при олеснителни околности минимумот да се намали за некој месец, година, таа се жали на причините за одењето длабоко под минимумот: возраста на осудените и семејниот статус, што според неа немаат никаква врска и не се олеснителна околност во делењето правда, објави САКАМ ДА КАЖАМ.Во жалбата, Фетаи наведува дека првостепениот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и ги казнил обвинетите, но се противи на неоправдано смалените казни.„Во образложението на пресудата се наведува дека Гури имал 56 години и 3 полнолетни деца, а Алими 40 години и три малолетни деца и тоа е сè што е наведено како олеснителна околност“, потенцира Фетаи во жалбата.Текстот во целост на: САКАМ ДА КАЖАМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Гостивар: Маж со секира ја заклал сопругата во спалната соба

Шеесет и седумгодишен жител на Гостивар е осомничен за убиство на неговата сопруга. Според информациите на Обвинителството, тој со нож и секира ѝ нанел повеќе убодни рани на жената од кои починала. Осомничениот е во бегство.Настанот бил пријавен утринава околу 7 часот од синот на жртвата, гостиварка на возраст од 60 години. Осомничен за стореното кривично дело е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого жртвата подолго време имала нарушени односи.„Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место, кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата“, соопштија од Обвинителството.Осомничениот е во бегство.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Бачев: Кодошењето како да станува национален слорт на Македонците

Кодошењето како да станува национален слорт на Македонците, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.Бачев во објавата додава:Вечерва, Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вели дека ќе го пријави/искодоши Мицкоски во Секретаријатот на Европската заедница и Делегацијата на Европската унија во Скопје бидејќи протестот на ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата бил политички притисок.А бре изроди едни нели ви здосади 30 години да се кодошите по ходниците во Брисел каде европските бирократи ви го гледат сеирот како ја рушите македонската држава и македонскиот народ.https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/a.454331201811462/743670469544199/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

protest

ВМРО ДПМНЕ: Осудуваме секаков вид на насилство и повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест

ВМРО ДПМНЕ  осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум, се вели во дописот од ВМРО ДПМНЕ, откако беше објавена снимка дека на денешниот протест против поскапувањето на струјата, беше напрадната новинарската екипа на „Ал Џезеира Балкан“.Во продолжение на дописот од ВМРО ДПМНЕ додаваат:-Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих. Воедно ВМРО ДПМНЕ ги осудува и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми, велат од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

protest

ВИДЕО: На протестот на ВМРО-ДПМНЕ, нападнати новинсри од Ал Џезира

Новинарката од „Ал Џезира“, Милка Смилеска, објави дека за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, таа и нејзиниот колега-снимател биле нападнати.„Дечкото од првото видео што го пријавив на полицаецот, не нападна мене и колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава. Претходно ме праша дали сум од 'Ал Џезира' и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе, полицаецот, не сакаше да се легитимира“, пишува новинарката.Таа пишува дека нема потреба од агресија, а борбата треба да е со аргументи и дела.https://www.facebook.com/milkanov/posts/10158557848479105

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Од вторник почнува исплатата за штедачите во Еуростандард банка

Во вторник, 15 септември 2020 година, ќе почне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на депозитот на депонентите на Еуростандард банка АД во стечај до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари, информираат од Фондот за осигурување депозити.Исплатата ќе се извршува преку четири деловни банки, и тоа на следниот начин:Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите А, Б, В, Г и Д ќе се исплаќаат во експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје на целата територија на државата.Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ ќе се исплаќаат во експозитурите на НЛБ банка АД Скопје на целата територија на државата.Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка АД Скопје на целата територија на државата.Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на Халкбанк АД Скопје на целата територија на државата.Депонентите – самостојни вршители на дејност со личен труд, кои во Еуростандард банка АД Скопје во стечај биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или Адвокат – име и презиме или Извршител – име и презиме или со назив на дејноста, на пример, месарница, своето обесштетување ќе го подигнат според првата буква од називот.Тие, покрај документ за идентификација (лична карта, пасош), потребно е да приложат доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба).Пример: Адвокат Петар Петровски се смета за депонент чиј назив почнува со буквата А.Пример: ТП Петар Петров се смета за депонент чиј назив почнува со буквата Т.Потврдите за сопственост на депозитот ќе се издаваат директно во банките исплатувачи кога депонентот ќе дојде во банката да го оствари правото на обесштетување. За да се оствари правото на исплата на обесштетувањето, депонентот мора да ја подигне и потпише потврдата на шалтер во банката исплатувач каде што е распределен за подигнување на средствата.Банките исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во потврдата, со приложување важечки документи за идентификација.Полномоштвата/овластувањата, кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во Еуростандард банка АД Скопје, ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување банките исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на полномоштво заверено од нотар.Во случај кога сопственикот на депозитот е починато лице, неговите наследници треба да се обратат во Фондот за осигурување депозити и да приложат документи за идентификација и наследно решение со цел да се спроведе исплатата на обесштетувањето.Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот, што се предмет на обесштетување, се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.Во случај депонентот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциските сметки, банката исплатувач независно од износот на обесштетување нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на која ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.Секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките исплатувачи.По истекот на овој временски период (3 години), депонентите, односно нивните наследници, кои од разни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување депозити, кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.

Македонија | пред 5 години

krzalovski

Кржаловски за РСЕ: Доста е чудно и бесмислено што ВМРО-ДПМНЕ прават протести веднаш по изборите

Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, смета дека доста е чудно, па вели и бесмислено да се прават вакви протести веднаш по изборите бидејќи граѓаните го кажале своето мислење со гласањето, пишува „Радио слободна Европа“.Потсетувајќи на големата загуба на гласови на изборите кои ја доживеаа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, освојувајќи вкупно околу 250 000 гласови помалку од претходните избори, Кржаловски вели дека периодот од сто дена требало да се искористи на поинаков начин.„Токму затоа треба интроспекција, односно поглед внатре, а не само да се повикува на нови протести колку да се капитализира на евидентното незадоволство на граѓаните. Но се уште повеќето граѓани сметаат дека тоа е подобро отколку вакво ВМРО-ДПМНЕ и наместо самите да се преиспитаат сега се оди на очекуваното зголемено незадоволство на граѓаните, пандемијата која се очекува да удри силно и врз економијата есенва“, вели Кржаловски.Од друга страна, пак ВМРО-ДПМНЕ се соочува со незадоволство кај сопственото членство по поразот на изборите што се одржаа на 15 јули. На нив партијата што ја предводи Христијан Мицкоски освои 44 пратеници, за два помалку од СДСМ и нивната коалиција која доби 46 пратенички места. Во првите денови по изборите и Мицкоски тврдеше дека преговара за составување на владино мнозинство од 61 пратеник, но без да каже детали со кого преговара, ниту за можните комбинации, пренесува РСЕ.

Македонија | пред 5 години

mickoski-3

Мицкоски од протестот упати три барања до власта, еве кои се ...

Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ од пред Министерство за правда почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата. Откако пристигнаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, учесниците на протестот се упатија кон Регулаторната комисија која беше и крајна дестинација.„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“. Протести кои треба да го докажат гневот на народот за она што се случуваше изминатите месеци и поткупените протести. Ова ќе бид еден од серијата протести против мафијата на Илинденска 2. За нив се има цена. За нас честа моралот и достоинството се најважни. Кога неправдата станува закон отпорот и протестите ќе продолжат и понатаму, изјави Мицкоски пред Регулаторната комисија за енергетика.Овде во оваа зграда, овде предводени од човекот кој е гласноговорник на Зоран Заев во енергетиката, кога зборува Зоран Заев зборува овој човек кој е тој? Еве го!, рече Мицкоски покажувајќи слика од претседателот Беслимовски.Овој човек е независниот регулатор. Ова е човекот кој прославува во седиштето на СДСМ, а потоа ја кодоши државата, ја кодоши опозицијата, го кодоши сопствениот народ! Овој е човекот кој потпиша зголемување на цената на електрична енергија на 7,5%. Ова е човекот кој брцна во џебот на овој осиромашен народ. Ова е слугата на мафијата. Овој човек има има и презиме и се вика Марко Беслимовски, запаметете го убаво! рече Мицкоски. Мицкоски упати три барања до власта на протестот против поскапувањето на струјата„Прво барање – враќање на старата цена на стујатата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач;Второ барање – викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите;Tрето барање – професионализација на регулаторната комисија за енергетика со надпартиски кадри“, посочи Мицкоски.Граѓаните за време на протестот извикуваа „Мафија“ и „Оставка“,  на протестот беше истакнат транспарент на кој пишува „Скапа струја, сиромашен народ“.

Македонија | пред 5 години

gruevski

Груевски: Не сум се сретнал со Силјан Мицевски, ниту сум побарал нешто да финансира!

Во врска со натписите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ-Силјан Мицевски во предметот под работен наслов Талир 1, укажувам за злонамерите на дел од медиумите и истите ги демантирам во целост како невестини, објави екс премиерот Никола Груевски на својот ФБ профил.При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да престават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски.Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него, напиша Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158774298987716

Македонија | пред 5 години

protest

(ЖИВО) “Ајдуци, Мафија на робија”, извикуваат вмровците на протестот против поскапувањето на струјата

“Оставка”, “Мафија на робија”, “Ајдуци” се само дел од паролите кои поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ ги скандираа додека минуваа покрај седиштето на партијата, марширајќи на протестот против поскапување на струјата.Поддржувачите го поздравија лидерот Христијан Мицкоски со аплауз пред Министерството за правда, а потоа, заедно тргнаа да маршираат.Пред Мицкоски, има транспарент “скапа струја, сиромашен народ”.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/3524031480954480/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Албански државјани на струшките бензински, за да купат некој литар повеќе гориво го креваат задниот дел од автомобилот

За да купат некој литар повеќе гориво, жители на Албанија на струшките бензински го креваат задниот дел од автомобилот, објави А1 ОН. На бензинските покрај пумпите за гориво има опрема за едно тркало да се поткрене, за да може бензинот да навлезе во цевките, па покрај резервоарот и тој простор да се наполни со бензин.Опремата е всушност дрвен подметнувач кој бензинарите го доближуваат до едното тркало и автомобилот се качува по него. Има две димензии подметнувачи – еден помал, за автомобили и еден поголем за погабаритни возила. Според објаснувањето на вработените на бензинската, еден поткренат автомобил собирал пет до седум литри повеќе бензин.Литар бензин во Албанија е за околу 20 денари поскап отколку кај нас.извор: А1ОН

Македонија | пред 5 години

SMK_1836

Фрчкоски: Продолжуваме со инвестиции во подобрување на инфраструктурата во Центар

Локалната и градската власт предводени од СДСМ и Коалицијата продолжуваат со сериозни инвестиции во современата инфраструктура на територија на општина Центар, истакна  Јон Фрчкоски, советник во Советот на општина Центар.Градежната офанзива за изградба и реконструкција на центарските улици е во полн ек. Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.Досега на територија на Општина Центар комплетно се реконструирани 25 сервисни улици и 6 паркиралишта, а во периодот што следи ќе се направи целосна реконструкција на улиците „Орце Николов“, „Козара“, „Народен Фронт“, „Аминта Трети“ и „Елисие Поповски“.Водени од интересот на граѓаните, со забрзана динамика продолжуваме и понатаму да градиме по план и да инвестираме во развојот и иднината на Центар, истакна Фрчкоски.

Скопје | пред 5 години

zanaetcii

Битиќи и Бектеши по средбата со занаетчискиот еснаф: Обезбедивме поддршка за занаетчиите

Вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи заедно со министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со претставници на занаетчискиот еснаф, каде што се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите во перидот на социо-економската криза предизвикана од Ковид-19 и нивните видувања за начините на поддршка за опстојување и развој на занаетчиството во нашата земја.Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши истакнаа дека со претходните три пакета на мерки, Владата обезбеди поддршка на голем број граѓани и компании, а главна водилка беше да се помогне на сите кои бележат загуби поради пандемијата и на тој начин да се одржи ликвидноста на компаниите и да се зачуваат работни места.Занаетчиите беа опфатени со мерките за поддршка, а голем број самостојни вршители на дејност ја искористија можноста за користење на мерката за субвенционирање на минималната плата во висина од 14.500 денари, со кои се помогна за зачувување на занаетчиската дејност.Претставниците на еснафот се заблагодарија на досегашната поддршка од страна на Владата, која била неопходна за нивно опстојување, а додадоа дека очекуваат да се одржува добрата комуникација со Владата и другите надлежни органи и да продолжат да бидат вклучени во креирањето на економските политики и мерки.

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски нема да поддржи еднострано укинување на техничката влада

Претседателот Стево Пендаровски нема да поддржи еднострано укинување на техничката влада, без согласност на опозицијата. Според него, за да се промени моделот по кој се одржуваат парламентарните избори во последните два циклуса, мора да има општ политички консензус, во духот на европските практики, а тој не би се осмелил на унилатерално бришење на техничката влада.Како што пишува „Слободен печат“, оваа тема се наметна по договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за владина коалиција, кога лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети се договориле да се укине пржинската влада.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш се изјасни дека е против, затоа што нема доверба дека СДСМ е подготвена да организира фер избори и затоа што тоа не смее да се менува без консултација со опозицијата и со меѓународниот фактор, кој беше гарант на тој модел.-Во духот на европските практики, претседателот Пендаровски се залага за постоење консензус меѓу власта и опозицијата за измени на изборното законодавство, како и одредбите за т.н. техничка влада. Долгорочна препорака на ОБСЕ/ОДИХР е каква било измена на изборното законодавство да се врши најмалку шест месеци пред изборите и да биде донесена со консензус помеѓу власта и опозицијата, со цел сите учесници да имаат доверба во изборниот процес.Специјалната изборна оценувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, која ги набљудуваше предвремените парламентарни избори на 15 јули, ја наведе оваа препорака во својот прелиминарен извештај. Истата препорака беше потврдена и на средбата што претседателот Пендаровски ја имаше со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која – одговораат од Кабинетот на Пендаровски, за „Слободен печат“.

Македонија | пред 5 години

krava-vo-skopje

ВИДЕО: Крави шетаат низ улиците на Скопје, сопствениците не можат да ги фатат

На социјалните мрежи објавено е видео на кое се гледа како од Бит пазар кон Чаир се шета крава. На видеото се гледа како четворица мажи се обидуваат да ја фатат крават но таа им бега.  

Скопје | пред 5 години

isaku

Се стокми ли вториот владин ешалон? СДСМ отстапува целосно од МНР ?

ДПА, веројатно, го добива заменик-министерското место во надворешни работи, при распределбата на функциите во т.н. втор ешалон на власта.ТВ 21, повикувајќи се на информации од партијата, објави дека заменик-министерка ќе биде Фатмире Исаку, професорка по англиски јазик на Тетовскиот универзитет, која беше кандидирана за пратеничка во шестата изборна единица, каде што носител на листата на ДПА беше партискиот лидер Мендух Тачи. Тој е и единствениот од оваа партија кој обезбеди влез во парламентот, по што стана дел од владејачкото мнозинство, објави 360stepeni.mk.Од СДСМ велат дека во тек се разговорите со коалициските партнери за пополнување и на заменик-министерските позиции, по изборот на новата Владата на Зоран Заев, на 31 август. Не е исклучено дел од заменички места да добијат и други помали партии кои се дел од колаицијата „Можеме“, а чии кадри не се дел од „првата постава“ на „Илинденска“ бр.2, како што се НСДП или ДОМ.Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

bozinovski

Чинговски како сведок во „Талир“: Во сефот на Кирил Болиновски во ВМРО-ДПМНЕ видов пари во пачки

По бизнисменот Силјан Мицевски кој сведочеше во случајот “Талир” за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење 5 милиони евра, на пултот во судницата во Основниот кривичен суд застана поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски.Мицевски го спомна дека и тој му давал фактури за плаќање и за донации за потребите на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, објави СДК.МК. На прашање на обвинителката Ленче Ристоска како член на Извршниот комитет дали знае како се финансирала ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека го знаел само официјалното: партијата се финансира преку членарини. Како висок партиски функционер тој имал траен налог во банка, зашто функционерите плаќале повисока членарина.Но, на прашање на обвинителката тој опиша шема како периодично имал задача да му предава на Божиновски лично на рака доброзапакувани пратки со селотејп, за чија содржина не знаел. Му било кажано дека предава документација од компаниите наменета за Божиновски.Можете ли да ја опишете канцеларијата на генералниот секретар во ВМРО-ДПМНЕ?, праша Ристоска.„Канцеларијата му беше во еден многу ужасен неред. Расфрлани материјали, рекламен материјал, постери, предизборни програми”, опиша сведокот.„Дали сте го виделе некогаш отворен сефот во неговата канцеларија?”, продолжи Ристоска.„Сефот секогаш беше затворен, само еднаш го видов подотворен. Тогаш видов нешто што изгледаше како финансиски средства, беа во пачки”, одговори Чинговски.Текстот во целост на: СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

Маж загина откако паднал во отвор за лифт во Кисела Вода

Триесетгодишен жител на Сарај загина денеска откако паднал во канал за лифт во зграда во скопската населба Кисела Вода.Станува збор за човек на возраст од 30 години, кој од засега непознати причини паднал во делот каде што се движи лифтот.

Скопје | пред 5 години

siljan

Сиљан Мицевски сведочеше во „Талир“: На Груевски му дадов 10.000 евра на рака

На денешното рочиште за случајот „Талир“, за незаконско финансирање и перење пари, на ВМРО-ДПМНЕ, сведочеше бизнисменот Силјан Мицевски од Битола.Мицевски се појави во судот како сведок на обвинителката Ленче Ристоска. Тој зборувал за рекетирањето од власта кога неговата компанија ќе добиела одреден тендер и како од него било барано како подизведувачи да земе одредени фирми.– По наредба на премиерот или на генералниот секретар на владата се случувало да ми кажат: Земете го тој и тој подизведувач. Кирил Божиновски ми дал таква сугестија. Ми кажал, на пример, да го вклучам „Трансмет“ за ископ во Битола. Лично сум однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски. Одамна беше тоа. Сме донирале за ВМРО-ДПМНЕ и индиректно, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме, не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата – рече Мицевски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања