Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во центарот на Скопје.

Дваесет и деветгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во центарот на Скопје.Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 21:45 часот  на крстосница од ул. 11 Октомври, ул. Даме Груев и ул. Филип Втори Македонски.Во несреќата учествувале мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и автомобил „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

kuka

BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 за куќа на „Ателје Ајвар“

Семејната куќа на улица „Дрезденска“ во населбата Тафталиџе, Скопје на проектантското биро „Ателје Ајвар“ е добитник на наградата BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 од Словенија во  категоријата станбена архитектура.Повеќе за ова во наредниот број на Порта 3.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар поведе судска постапка за утврдување на раскинување на договорите со Графички центар ДОО Скопје

Во месец јуни оваа година,  Општина Центар, преку Државното правобранителство на Република Северна Македонија, поведе судска постапка за утврдување на раскинување на Договори за отуѓување на градежно земјиште со јавно наддавање со бр. 20-11743 и 20-11744, склучени на 10.12.2013 година.Се работи за склучени договори помеѓу Министерството за транспорт и врски, како отуѓувач и Трговското друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство – Графички центар Доо Скопје, како купувач.По преземање на предметите од Министерството за транспорт и врски, од страна на  Општина Центар утврдено е дека е отворена стечајна постапка над купувачот Графички центар Доо Скопје и следствено на тоа, поведена е судска постапка за утврдување на раскинување на договорите, кадешто по едниот и другиот договор, требало да биде изграден објект со намена В3 – култура во Општина Центар,  согласно извод од ДУП Тетовска трошарина, донесен со одлука 07-8460/4 на 13.11.2012 година.„Како Општина Центар предлагаме и јас како нејзин градоначалник, апелирам прекин на извршната постапка, односно не преземање на извршни дејствија од страна на надлежниот извршител, до целосно завршување на судските постапки, како не би ги загрозиле имотните права и интереси на Република Северна Македонија“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ. Согласно последните проверки во судот, Општина Центар е известена дека тужбата е проследена до тужениот и се чека да се закаже рочиште по наведениот предмет.„Очекувам позитивен исход од постапките, кои ќе бидат во интерес на жителите на Општина Центар и граѓаните во Македонија“ – изјави Богдановиќ.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Користете ги алтернативните рути за влез во Скопје додек се реконструира бул. Александар Македонски

Градот Скопје апелира граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров.Во Скопје деновиве се одвива голема градежна офанзива за изградба и обнова на градските улици – се пробива улицата Есенинова, а се реконструираат улиците Македонско – косовска бригада, Лазар Личеноски, Џон Кенеди, Боца Иванова, Благоја Стефковски и Востаничка, како и булеварот Видое Смилевски Бато. 

Скопје | пред 5 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Мафијашот Заев, а зине лаже

Нека ги тргне Заев розевите очила и договорените интервјуа, и нека одговори на вистинските теми, како покачувањето на струјата од која спонзорот на Заев зема 6.4 милиони евра преку тендери во ЕЛЕМ, спонзор на СДСМ кој не е регистриран. Тендерите кои ги добива струмичка агенција за обезбедување преку универзалниот снабдувач и камионите со струмички таблици кои вртат во РЕК, се вели во Соопштение до јавноста, кое што е реакција на интервјуто на Зоран Заевдадено за Македонската радио телевизија.Отчетот на Заев во овој месец дена би бил: бизнис за анти НАТО и анти ЕУ бизнисмен Дака, за добивка од 200 милиони евра, пропадната банка и измамени штедачи, поскапа струја, и хаос со градинките и школите.Со СДСМ и Заев имаме историски најголем пад на БДП од 12.9%. Одлив наместо прилив на инвестиции, помала наплата на даноци и 40.000 работници на улица.Со Заев имаме пропадната банка. Испумпани пари преку струмички фирми со кредити без покритие од Еуростандард банка. Стотици штедачи оставени без своите пари и илјадници граѓани пред банките во страв и паника.Заев не се бори против криминалот, тој го прави!Народот не може да очекува ништо добро од Заев, туку само штета, тој не почека ни една недела од новата влада, за да каже дека ќе ги покачи даноците и повторно ќе удри врз народот.Заев е човек на кој не може да му се верува. Заев лажеше пред избори дека нема да ги зголемува давачките сега го прави спротивното.Заев најави ново задолжување, иако тврдеше дека државата има пари. Заев практично призна дека 1 милијарда ја потроши на изборен поткуп. А сега ќе се задолжува за да ги покрива истите тие долгови.Заев призна дека во Европа го сметаат за "варварин" кој ги краде нивните пари. И додека Заев е заглавен во распродажба на историјата, Македонија е надвор од ЕУВечерва народот можеше да види дека со Заев Македонија само ќе тоне. Затоа владата, мафијата и криминалот, кои се едно исто во Македонија мора да паднат. Или мафија, или Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев на НТВ: Четвртиот пакет мерки ќе ја зголеми потрошувачката и ќе ги помогне компаниите, следува силна реализација на капитални инвестиции

Во гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на Националната телевизија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, најави дека наскоро започнува реализација на четвртиот пакет мерки кои имаат за цел побрзо надминување на последиците од корона кризата врз економијата.„Се видовме со коморите, со организации на работодавачи, со синдикати, правиме средби и со универзитетски професори, со луѓе од праксата. Следниот пакет ќе биде директна помош кон економијата и кон граѓаните. Тука ги опфаќаме најсиромашните, за да ја зголемиме потрошувачката моќ на граѓаните, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе има стимулативни мерки и за враќање на отпуштени работници во време на кризата затоа што сакаме тие што се отпуштени да се вратат на работа, особено кога има недостиг на квалификувана работна сила. Она што е јасно, е дека платежни картички ќе добијат, пензионерите со пензии под 15.000 денари, голем дел од пасивните баратели на работа, самохраните родители, а се прават проценки со стручните служби, стечајните работници кои денес добиваат надоместок од 8.000 денари, да добијат уште еден вид на помош“, порача премиерот Заев, додавајќи дека ќе продолжи и помошта за платите во најпогодените сектори.Премиерот Заев посочи дека освен помошта за граѓаните и стопанството, важно е државата да го искористи периодот за засилено финансирање на капитални инвестиции кои носат придобивки и за економијата и за државата.„Сега е моментот кога треба да почнеме уште повеќе и уште позасилено да вложуваме во реализација на капиталните инвестиции. Активно работиме на тоа, се реализира процесот на гасификација, се заокружува примарниот прстен на гасоводна мрежа во државата и наскоро ќе бараме концесионер кој ќе доставува гас до домаќинствата и фабриките. Во следниот период започнува и проектот „Чебрен“, во вредност меѓу 600 и 800 милиони евра. Треба да започне и реализацијата на Клиничкиот центар во Скопје во вредност од над 500 милиони евра. Тоа се проекти каде ќе бидат ангажирани наши домашни компании, наши работници. Немам проблем како претседател на Влада ако Владата и Парламентот ме поддржат да  повлечеме кредити сега во време на ковид криза за важни капитални проекти како Клинички центар, патишта и детски градинки. Денеска со менаџментот на ТАВ заокруживме 49,7 милиони што треба да одат на аеродромот Штип, да се искористат за финансирање на проекти за канализации. водоводи, детски градинки, школи, спортски сали и две општински згради, Оттаму, 14,7 милиони евра ќе се искористат за реконструкција на двата аеродроми комплетно веројатно, а останатите 35 милиони за инфраструктурни проекти во општините“, порача Заев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Платформата за следење на наставниот процес ќе биде подготвена навреме

Институциите ги следат сите околности со пандемијата со коронавирусот и се носат одлуки каде што здравјето на граѓаните е на прво место, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто во емисијата „Отворено студио“ на Националната телевизија.„Платформата за следење на наставниот процес ќе биде подготвена навреме. На неа работат факултетот ФИНКИ, коморите како што е МАСИТ и сите други коишто се вклучени во процесот, точно знаат кои сè чекорите за се да биде навремено подготвено, знаат кој е периодот на тестирање, на издржливоста. Мора да ги предвидиме сите околности за физичкото присуство на учениците но и теоретски ако најголем дел не исполнат услови и бидат на онлајн платформата таа да биде функционална. Највисок приоритет останува здравјето на граѓаните, во овој случај здравјето на дечињата. Треба да ги земеме сите аспекти како капацитети на државата за справување во најлесни и најтешки околности. Кога се работи за децата никако не смееме да дозволиме да бидеме во состојба да бираме кои 20 кои 30 деца ќе бидат примени во болница или не, подалеку од тоа, не смееме никако да дозволиме ниту едно дете да заврши во болница“, порача премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: До крај максимилизација на санкциите на сите што не ги почитуваат мерките

Премиерот Зоран Заев, во интервју за Македонкста радиотелевизија, каде што прашања му поставуваа уредници и новинари од повеќе медиуми порача дека санкциите ќе продолжат и дека никој нема да биде амнестиран.-Јавно апелирам до сите, тоа е наредба и на Владата, дека секоја казна мора да има конечна ефектива, да биде платена. Повторувањето на казните повлекува кривична одговорност, бидејќи тоа може да биде со последици за околината. До крај максимилизација на санкциите на сите што не ги почитуваат мерките.Колку помалку почитуваме мерки толку повеќе ќе има рестриктивни мерки и во делот на движењето – социјалниот живот и во делот на економијата и во делот на се што значи нормален живот на граѓаните. Колку толку со маските имаме поприлично нормален живот – истакна  Заев.Одговарајќи на прашање за евентуални нови рестриктивни мерки во есенскиот период, претседателот на Владата, Заев искажа уверување дека тоа нема да се случи, затоа што верува во свесноста на граѓаните, но и во ефикасноста на инспекциските служби задолжени за спроведување на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.„Надежта ми е кај граѓаните дека ќе ги почитуваме мерките, колку помалку почитуваме мерки толку повеќе ќе има рестриктивни мерки и во делот на движењето. Доминантниот фокус е на личните средства за заштита, носење маска, редовна дезинфекција, држење дистанца. Нашата надеж како држава, како извршна власт е прво ние, а после сите други да ги почитуваме експертите и професионалците што ќе го кажат. На крајот, личната заштита е тоа што дава најголеми ефекти“, порача Заев.Премиерот Заев најави дека следува процес на доекипирање на инспекторатите за нивна уште поголема ефикасност, додавајќи дека нема да има амнестија за ниту еден граѓанин кој ги прекршил мерките и задолженијата.„Покрај самоодговорноста и санкционирањето секаде во светот функционира и треба да функционира и кај нас. Затоа инспекциските служби почнуваат во постапки за нивно доекипирање и дооформување. Верувам дека ќе се најдат луѓе дури државата размислува како да ги мотивира со плати. Санкциите ќе продолжат, никој нема да биде амнестиран. Јавно апелирам до сите, тоа е наредба и на Владата секоја казна којашто е изречена мора да има конечна ефектива односно да биде платена“, посочи премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

janusev-1

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го блокира сообраќајот пред Регулаторната комисија за енергетика

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протест и утре пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот.Како што најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, еден час со автомобили ќе ги блокираат раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.„Протестот ќе почне пред ‘Палома бјанка’. Овој протест е насочен кон Владата и мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ“, изјави Јанушев.Тој на прес-конференција истакна дека бизнисменот Силјан Мицески јавно кажал оти бил финансиер на СДСМ, а тоа никаде го нема во финансискиот извештај на владејачката партија.„Ова е договор за коп на јаглен со РЕК ‘Битола’ вреден 6 милиони и 250 илјади евра. Значи, финансиерот на СДСМ, кој сам си кажува дека ги финансирал, а притоа никаде го нема тоа во извештајот на партијата, си добил работа од 6 милиони и 250 илјади евра од РЕК ‘Битола’ за ископ на јаглен. Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси“, рече Јанушев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Средба на премиерот Заев со претставници на Грчката бизнис асоцијација во Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, се сретна со Арис Влахос, претседател на Грчката бизнис асоцијација во Скопје и со претставници од Асоцијацијата, во којашто членуваат големите грчки компании, коишто работат во државава.На средбата се изразени честитки за изборот на премиерот Заев и на новата Влада во земјава, на којашто се гледа како на двигател на евроатланските процеси на нашата држава и на билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.На состанокот е разговарано за проширување на соработката помеѓу двете земји преку значително и ефикасно унапредување на економската соработка. Целта е отворање можности за развој на компаниите и на економиите на двете држави, за што постојат реални услови и во што може да даде свој придонес Грчката бизнис асоцијација во Скопје. Во таа насока разгледани се и некои конкретни иницијативи, како што е реафирмација на иницијативата за избегнувањето двојно оданочување, како можност за придобивки за двете страни.„Претстои период во којшто граѓаните од нашите две држави ќе почувствуваат бенефити од зацврстените пријателски односи. Тоа е возможно преку економијата и активно ќе соработуваме со нашиот стратешки партнер Грција“, рече премиерот Заев.Заеднички е ставот дека е дојдено време кога граѓаните на Република Северна Македонија и на Република Грција ќе почувствуваат и економски бенефити, по Договорот од Преспа, низ ефикасна соработка помеѓу компаниите и бизнис заедниците од државите, како на билатерално, така и на регионално ниво.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска се регистрирани 121 нови случаи на ковид 19, починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-6, Струга-6, Велес-3, Битола-6, Охрид-11, Кавадарци-4, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-3, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Македонски Брод-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-2 и Кичево-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациент од: Скопје-50, Куманово-32, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-4, Струга-4, Велес-2, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-2, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6210, активни 571• Куманово 1562, активни 206• Дебар 264, активни 31• Штип 1197, активни 89• Прилеп 534, активни 129• Тетово 1266, активни 107• Струга 610, активни 61• Велес 284, активни 22• Битола 237, активни 46• Охрид 388, активни 62• Кавадарци 195, активни 28• Гостивар 829, активни 95• Гевгелија 80, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 86, активни 31• Крива Паланка 71, активни 27• Радовиш 49, активни 8• Крушево 18, активни 2• Кочани 174, активни 43• Пробиштип 91, активни 16• Демир Хисар 60, активни 2• Македонски Брод 81, активни 13• Пехчево 38, активни 26• Берово 70, активни 34• Валандово 11, активни 3• Виница 85, активни 26• Делчево 115, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 23, активни 4• Свети Николе 304, активни 26• Кичево 287, активни 39• Ресен 147, активни 0• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1410 теста се преку: ИЈЗ-310, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-212, Биотек-248, МАНУ -177, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-6, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 51• Гази Баба – 71• Аеродром - 94• Карпош – 68• Центар – 61• Кисела Вода – 54• Ѓорче Петров – 33• Бутел - 43• Шуто Оризари – 20• Студеничани – 16• Сарај – 16• Арачиново – 9• Илинден – 12• Сопиште – 4• Чучер Сандево – 1• Петровец – 4• Зелениково - 1• Странец – 4• Нераспределен-9

Македонија | пред 5 години

dui

Што се случува во ДУИ во Тетово, има ли повторно незадоволства?

Формирањето на владата не го смири огранокот на ДУИ во Тетово. Како што известуваат партиски извори за Газета Лајм, сега, откако министерските места се поделени, крвта во тетовскиот огранок се вжешти за поделба на местата од вториот и третиот ешалон. Исто така, почна и процесот на „избор“ на најсериозните кандидати за градоначалници на локалните избори следната година, кога се очекува актуелната градоначалничка Теута Арифи да се повлече и да не се трка за нов кандидат.Извори на Газета Лајм велат дека на еден дел од огранокот не му се допаѓа растот на рејтингот на претседателот на огранокот, Флорин Бесими. Но, и кај него има незадоволство поради тоа што морал да биде „жртвуван“ поради неговиот брат, Фатмир Бесими така што мораше да го врати својот пратенички мандат. 

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

Угостителите: Комисијата за заразни болести носи одлуки и протоколи што треба да ги имплементираме, а истите не сме во можност да ги спроведеме

Независната угостителска комора бара преку дијалог со надлежните институции да се носат одлуки и решенија кои ќе бидат применливи за да може да работат и да ги намалат загубите предизвикани од пандемијата. Проценките на Комората се дека годината ќе ја завршат едвај со третина од приходите, поради што ќе неминовна ќе биде и рационализација на вработените.– Проблемот со кој се соочуваме е дека Комисијата за заразни болести носи одлуки и протоколи што треба да ги имплементираме, а истите не сме во можност да ги спроведеме, бидејќи не се примениливи во пракса. Од друга страна носат протоколи со кои се прават настани од големи размери со неколку илјади луѓе каде што не можат да се почитуваат протоколи, а истовремено немаме протоколи кои можеби ги засегаат угостителските објекти, како што се оние за правење свадби и оние кои работат како ноќни клубови, изјави Златко Јосифовски, претседател на Комората која денеска го организира форумот „На иста страна“,објави Фокус.мк.Според Јосифовски, угостителите не ќе можат да ги покријат ниту основните трошоци со приходите што ќе ги остварат годинава, а доколку не се изнајде начин како тоа да се надмине, поголем дел од нив нема да ја преживеат зимата.Текстот во целост на:Фокус.мк.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Тв 24: ВМРО-ДПМНЕ ги распредели претседателите на собраниските комисии

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги одреди претседателите на собраниските Комисии. Според информациите до кои дојде ТВ 24, распределбата изгледа вака:Комисијата за транспорт и врски ќе ја предводи Владо Мисајловски, со Комисијата за финансии ќе раководи Тимчо Муцунски.Претседател на Комисијата за еднакви можности ќе биде Благица Ласовска, а за надворешни работи - Антонио Милошоски.Со Комисијата за труд и социјала ќе раководи Рашела Мизрахи, додека Комисијата за следење на комуникации и надзор на работата на Агенција за надворешна безбедност и Агенција за разузнавање ќе бидат раководени од Игор Јанушев и Љупчо Пренџов.Комисијата за земјоделство ќе ја раководи Љупчо Димовски, додека со Националниот совет за евроинтеграции ќе раководи Александар Николоски.

пред 5 години

gaber-damjanovska-2

Габер Дамјановска: Голема благодарност и пофалба за МВР во пронаоѓањето на лицето кое сериозно ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот

Уставната судијка, Наташа Габер Дамјановска објави на социјалните мрежи дека правдата го стигнала возачот кој за малку ќе ја прегазел на пешачки премин.„Голема благодарност и пофалба за професионализмот и ефикасноста на МВР во пронаоѓањето на лицето кое сериозно ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот. Ја истакнувам и желбата да се помогне на хумано, а не само на професионално ниво“, вели Дамјановска.Нејзиниот јавен апел како граѓанин на оваа држава, со најдобра намера и за доброто на сите нас, цели кон заложба за јакнење на превенцијата на вакви состојби и кон построга и поефикасна казнена политика во сообраќајот против крајно неодговорното однесување на некои учесници во сообраќајот.„Постојат бројни соодветни искуства во постарите демократии кои можат да се применат и состојбата да се подобри. Можна е и дополнителна законска регулатива која би воспоставила построги рамки за сторителите, посебно кога се во прашање дејствија кои доведуваат до непосредна животна опасност по другите, а актуелно се третираат само како прекршоци. Време е за позитивни промени и воведување ред, со тоа се постигнува и владеење на правото“, стои во објавата на Дамјановска.

Македонија | пред 5 години

zemjodelstvo

Нема одлука по повикот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство сеуште не донело одлука по јавниот повик за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари број 01/2020 објавен на ден 23.12.2019 година. Рокот за аплицирање на повикот беше до 22.01.2020 година. Оттогаш до денес апликантите по овој повик немаат добиено никакво официјално известување за текот и фазите во кои се наоѓаат апликациите.Владата во време во екот на корона вирусот во нашата држава заседаваше по однос на ова прашање и донесе одлука дека роковите за донесување на одлуки кои произлегуваат од законот за земјоделско земјиште престануваат да течат за времетраење на вонредната сосотојба и продолжуваат да течат по завршување на вонредната состојба. Тоа е наведено во уредбата со законска сила за примена на законот за земјоделско земјиште за време на вонредна состојба број 44-2567/1 од 26.03.2020 година. Сега нема пречки одлуката да биде донесена. Дополнително со формирањето на новата влада се завршени и изборите и сега се очекува одлуката.Анонимен земјоделец кој аплицирал на огласот за нашата редакција вели: „Навистина е несериозно што Министерството сеуште нема донесено одлука по однос на повикот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Трошоците за аплицирање се навистина големи, треба да се изработи елаборат со нумерички податоци за земјиштето, програма за користење која треба да ја изработи стручно лице како и многу документи кои се заверуваат на нотар. Најголемиот проблем е што ако наскоро не се донесе одлука ќе се пропушти сезоната за садење што за една година ќе го наруши нашиот план. Дополнително доколку се завршеше повикот на време ќе имавме можност да аплицираме за средства од ИПАРД програмата и многу други придобивки. Затоа го молиме новиот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство веднаш да ги заврши овие огласи и да донесе одлуки.”Информациите до кои ние дојдовме а се од самото Министерство се дека апликациите се разгледани, внесени се сите податоци во нивниот систем и може да се донесе одлука доколку се сака. Најнепопуларно е доколку се донесе одлука за поништување на овие повици што секако ќе делува демотивирачки за земјоделците и нема да се јавуваат на другите повици.Веруваме дека ќе биде донесена одлука во најкраток можен рок што секако ќе им овозможи на земјоделците да ја искористат престојната зимска сезона за подигнување на насади.           

Македонија | пред 5 години

natasa

Димитриевска за „Млечен“: Обвинителката ми го доуништи животот

Сопругата на Гоце Димитриевски, кој загина во сообраќајката кај „Млечен“ за која судот неодамна пресуди условна казна, денеска до Советот на јавни обвинители поднесе претставка против надлежната обвинителка во случајот.Наташа Димитриевска вели во целиот случај има низа пропусти од страна на обвинителството.„Обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска сторила тешка дисциплинска повреда со оглед дека намерно и неоправдано направила крупна професионална грешка со тоа што не ги набавила медицинските документи за загубата на мојот плод како резултат од случената сообраќајна незгода и него внела во диспозитивот на обвинението; Наредбите за вештачење не се целосни за утврдување на видот и карактерот на повредите; Не го товари обвинетиот за кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода; Обвинетиот го товари дека делото го сторил од небрежност, а делото е сторено од умисла со оглед дека на местото на незгодата умислено презел дејствие на вртење во лево иако е забрането, има знак и две дупли линии“, истакна Димитриевск, која презентираше  дел од забелешките  во нејзиниот допис до Советот на јавни обвинители.

Македонија | пред 5 години

zdruzenie

Пациентите со хронични болести кои се со најголем ризик на смртност од КОВИД 19 и влошена здравствена состојба ќе останат ослободени од работа

Утрово, Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче се сретна со претставниците на здруженијата на пациенти. На средбата, тие ги изнесоа своите предлози за доследно спроведување на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот.По средбата преку допис до медиумите се огласија и од здруженијата на пациенти. Тие ги пренесуваат  заклучоците од состанокот.Претставниците на здруженијата и Министерот за здравство присутни на состаонокот се сложија за следните точки:1. Пациентите со хронични болести кои се со најголем ризик на смртност од КОВИД 19 и влошена здравствена состојба ќе останат ослободени од работа со тоа што ќе треба да извадат боледување од докторот специјалист кој ги следи (разговаравме да бидат вклучени и докторите специјалисти кои се на приватни болници и водат пациенти со хронични заболувања).2. Родителите на деца кои имаат високоризични хронични заболувања да останат ослободени од работа со тоа што ќе треба да извадат боледување од докторот специјалист кој ги следи.3. За боледувањето дополнително ќе се одлучи во однос на висината на платата која се добива при боледување.4. За специјалистите да може да вршат соодветно контролни прегледи за да издадат потврда, да се обезбедат посебно термини на клиниките (пример втора смена на работа и е-амбуланти за да не патуваат пациенти кои се со влошена здравствена состојба).5. ФЗО да направи промена на правилникот за боледување за докторите специјалисти да може да даваат месец дена боледување и автоматски да се продлжува додека е потребно.6. Почетокот на работа на пациентите со хронични заболувања се одложува до 23 септември и доколку е потребно ќе се направи дополнително одложување за сите пациенти да обезбедат соодветно боледување доколку им е потребно.7. Понатамшно здруженијата на пациенти да имаат редовни состаноци со Министерство за здравство, ФЗО и други институции со цел да се носат соодветни одлуки за засегнатите граѓани.Присутни здруженија на состанокот: БОРКА, ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, НЕФРОН, ХЕПАР центар, ПЕПЕРУТКА, Алијанса на Пациентски Организации - АПО. https://www.facebook.com/APO.org.mk/photos/pcb.3290861484365779/3290858157699445/?type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

aleksandar

Велјановски: ЈО да отвори истрага, кај кого завршиле ветените 4 милиони евра поткуп кои Дака му ги вети на Кичеец за ШИК Јелак!?

300.000 евра, гратис 2.000 квадрати, 2 милиони евра откако работата ќе биде завршена и уште два милиони евра за друг, ова е поткупот за бетонската џунгла која овде зад нас ќе никне, а која завршила во џебовите на некој од власта. Дака за оваа работа се видел и со Заев. Ова не се зборови на ВМРО-ДПМНЕ, ова го говори бизнисменот Миодраг Давидовиќ - Дака, познат по своите анти ЕУ и анти НАТО ставови од снимката која цела јавност ја слушна, а која ние заедно со текст од оваа изјава ќе ја поднесеме до ЈО, истакна Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.Според снимката која беше објавено во медиумите Дака дал 300.000 евра на Зоран Милески - Кичеец, 2.000 квадрати простор на непознато лице и ветување дека откако ќе го добие ветеното ќе плати уште 4 милиони евра.Заев преку Дака отвора врата за анти НАТО и анти ЕУ политики во државата.СДСМ и ДУИ побрзаа она што сите слушнавме дека Кичеец го вети во снимката да го реализираат. Останува непознато кај кого точно завршиле 4 милиони евра?!Кој политичар од власта за 4 милиони евра дозволи Тетово да биде претворено во бетонска градежна џунгла?!ЈО не смее да го премолчува очигледниот криминал. Се што слушнавме дека Зоран Милески - Кичеец вети, сега е реализирано. За истата работа, како што слушнавме од снимките, Кичеец му организирал средби на Дака со Драги Рашковски, тогашен генерален секретар на владата и Зоран Заев лично.Постапката за добивање согласност е истуркана во рекорден рок од 7 дена. Во услови кога остатокот од граѓаните и фирмите чекаат со месеци. Сето ова индицира на криминал.ЈО мора да го испита случајот и да покрене постапка против Зоран Милески - Кичеец, Драги Рашковски и Зоран Заев.ЈО мора да отвори случај за злоупотреба на службената положба и овластување против Драги Рашковски и Зоран Заев согласно чл.353 ст.5 од КЗ.Обвинителството да не спие и да го расветли скандалот.Одговорност мора да има. ЈО мора да отпочне постапка. Никој не смее да премолчува очигледен криминал. Законите мора да се почитуваат и спроведуваат, а сегашното премолчување на криминалот, ќе значи одговорност за сите утре, истакна Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

IMG_1514

Милевски: Вложувањето во паркови за најмладите е еден од нашите приоритети за регионален развој на туризмот

Авантуристичкиот детски парк е поставен на атрактивна локација на Голема Ливада во националниот парк Пелистер Битола кој е во завршна фаза и се очекува да го унапреди туризмот преку проектот "Иновациите во функција на регионален развој на туризмот – Пелагонија создадена за авантура".Носител на проектот е Центар за развој на Пелагонискиот плански регион поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.„Со овој авантуристички детски парк конечно ќе се збогати туристичката понуда во регионот со воведување на нови содржини за најмладите, поточно поставени се седум реквизити за детска игра и забава кои ги исполнуваат безбедносните стандарди. Токму тука ќе се овозможуваат можност за еднодневни посети и екскурзии, како и за рекреативни активности во пролет, лето и есен со што се збогатува  и туристичката понуда на регионот. Проектот изнесува околу 2 милиони денари и наскоро ќе биде пуштен во употреба.“ вели Горан Милевски, министер за локална самоуправа.Милевски потоа го посети паркот за деца и лица со посебни потреби како и лица со оштетен вид кој е пуштен во употреба и содржи патека од павер елементи, партер од амортизационен синтетички под, релакс зона, реквизити за игра на деца и урбана опрема. Паркот е наменет за социјална инклузија на лицата со посебни потреби и со оштетен вид во Пелагониски регион. Изградбата чинеше 4.911.125 денари во рамките на проектот "Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој", имплементиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.„Среќни сме што за Пелагонискиот регион го има првиот регионален јавен простор, поточно парк за социјална инклузија на лицата со посебни потреби и со оштетен вид токму овде во Битола. Министерството за локална самоуправа потребата од ваков парк го увиде на регионалните форуми одржани за потребите на граѓаните. Апелирам и понатаму до сите да се грижиме за овој јавен простор кој пред се е наменет да другаруваат децата“ додава Милевски.Во работната посета со министерот Милевски беа градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која истакна дека ваквите проекти се важни за градот Битола и тие се дискутираат на форумите на заедниците, додека директорот на Центар за развој на Пелагониски плански регион Гого Видимче рече дека и понатаму ќе работат напорно да реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните, а со нив беа и претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Македонија | пред 5 години

oruzje

Истрага против жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 21-годишен жител на Арачиново, во својот автомобил Ауди 4 неовластено држел оружје и муниција – полуавтоматски пиштол Токарев ТТ-33 со калибар 7,62Х25 мм, како и пет куршуми од тој калибар. Оружјето било пронајдено на 8 септември, кога овластени полициски службеници го пресретнале осомничениот на клучката Арачиново во правец кон населба Ченто.Со цел обезбедување присуство на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска осомничениот да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.​

Скопје | пред 5 години

Ograda

Поставена нова ограда на дворот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид

Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа работни активности за поставување на нова ограда во дворот од  СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.На местото на отстранетата ограда од зеленило, изведен е бетонски ѕид на кој е поставена соодветна метална ограда. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 450.000 денари.Во текот на наредниот период во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ планирано е да биде извршена промена на дограмата во целиот училишен објект.

Македонија | пред 5 години

pod

Реконтрукција на подовите во подраќното училиште во Коњско и во дел од ОУ „Григор Прличев“

Во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите во три училници и една канцеларија.Поставувањето на новиот ламинатен под е овозможено преку донацијата која Општина Охрид ја обезбеди од една локална компанија за трговија со градежни материјали.Како дел од истата донација деновиве беше извршена и реконструкција на подовите во неколку училишни простории во ОУ „Григор Прличев“.Во текот на наредниот период со средства од буџетот на Општина Охрид планирана е комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, во ОУ„Христо Узунов“ и подрачниот објект на ОУ„Кочо Рацин“ во село Лакочереј.

Македонија | пред 5 години

tableti

Доделени 50 таблет компјутери на ученици од социјално -ранливи семејства во Охрид СЕМЕЈСТВА

Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски денеска ги додели таблет компјутерите кои компанијата „Еколог Интернешнл“ ги донираше за учениците од социјално-ранливите семејства од Охрид.Вакви електронски уреди добија 41 ученик од основните и 9 ученици од средните училишта во општината, кои се соочуваа со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и користење на„онлајн“ апликации.Оваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, согласно утврдените протоколи за заштита од вирусот „КОВИД 19“ и правилата кои ги утврди Министерството за образование и наука за одвивање на наставата во текот на претстојната учебна година.Инаку, компанијата „Еколог Интернешнл“ донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија.  

Македонија | пред 5 години

ruskovska-skopje1

Русковска: Доколку ја добијам тужбата од ВМРО ДПМНЕ, парите ќе ги донирам во СОС Детското село

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска преку тужба за клевета бара 10 000 евра отштета од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ги користеше нејзиното име и лик во предизборната кампања.Русковска денеска истакна дека доколку ја добие тужбата, ќе ги донира парите во СОС Детското село.„Јас прво побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната кампања. Тоа не се случи и од тие причини преку адвокат ја поднесов тужбата. Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село затоа што сметам дека во оваа пандемија може малку и се заборави на оваа институција, а знам дека тие опстануваат од донации“,изјави Русковска.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања