Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ace3

Велковски: Во моментов на нашата хероина Атиџе не и загрозен животот од страна на Хусеин , ќе се стабилизира ситуацијата

Фејсбук статус на Ацо Велковски – Градоначалник на Општина Лозово По добиените информации од страна на медиумите за помошта која ја побара Атиџе нашата хероина од Медена земја , а која живее во с.Бекирлија општина Лозово која пријави проблем за нарушени меѓучовечки односи со комшијата Хусеин и дека животот и бил загрозен , веднаш ја побарав на телефон но не беше достапна.Добив информација дека е во село Бекирлија.За да помогнам како Градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии.Во моментов на нашата хероина Атиџе не и загрозен животот од страна на Хусеин , ќе се стабилизира ситуацијата и ќе се надмине проблемот со нарушените човечки односи.Исто така добив информација дека кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата со кој обавиле разговор и се упатиле спрема село Бекирлија кај што моментално престојува Атиџе, напиша Велковски на ФБ. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Беслимовски се крие од народните избраници

Слугата на мафијата, Марко Беслимоски не ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија за енергетика. Ваквиот потег на Беслимоски е невиден преседан, да народни избраници кои се избрани преку волјата на народот не бидат примени во државна институција и да поднесат барање, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Иако ВМРО-ДПМНЕ има уредни барања до регулаторна комисија, сепак наиде на затворени врати и не се дозволи истите да бидат примени во институцијата.Првото  барање е враќање на старата цена на струјата, што значи поевтина струја за народот и второто е професионализација на комисијата односно оставка на претседателот на Комисијата Марко Беслимоски и членовите кои функционираат како продолжена рака на владата.ВМРО-ДПМНЕ бара поевтина струја затоа што во Македонија владее голема сиромаштија, а над 100.000 граѓани живеат со 50 денари дневно.Беслимовски наместо да му служи на народот, тој му слугува на Заев, а го кодоши сопствениот народ. Заев и Беслимовски во штабот на СДСМ ја креираат цената на струјата со која го осиромашуваат народот и го газат неговото достоинство. Партиска инсталација како Беслимовски не може да раководи тело кое треба да биде независно и затоа мора да биде сменет.ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите намери, ова не е битка само на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на сите граѓани на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нов дебакл на губитникот Мицкоски и очајното ВМРО-ДПМНЕ, нивното лицемерие е препознаено и казнето од граѓаните

Нов дебакл на очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски. Откако видоа дека граѓаните не им даваат поддршка на нивните лицемерни протести, денеска срамот од слабата поддршка се обидоа да го сокријат со наводен протест, и тоа со нивните луксузни автомобили, се вели во соопштението од СДСМ. Тие додаваат:Скапите автомобили кои денеска граѓаните ги видоа се уште една потврда за вистинското, лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ и поразениот Мицкоски.Не постои поголем показател за нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Организира таканаречени протести за цената на електричната енергија, кога токму оваа партија во своето владеење ја зголеми за 100 отсто цената на електричната енергија и ја укина евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.Тоа го покажуваат и официјалните податоци за цената на киловат електрична енергија. Таа во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта изнесувала 2.62 денари по киловат час во скапа и 1,31 денари по киловат час во евтина тарифа. Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 5,54 денари и не постои евтина тарифа.Со доаѓањето на СДСМ, со одговорно работење, просечно македонско домаќинство има помали сметки односно заштедува над 300 денари месечно само со враќање на евтината тарифа.Мицкоски не разбира ниту математика, ниту енергетика и не му се воопшто важни граѓаните, тој мисли само да си ја зачува партиската фотелја.Затоа беше три пати по ред казнуван на фер, слободни и демократски избори и затоа уште долго останува во опозиција.

Македонија | пред 5 години

Slika-2-1

Мисајловски: Бараме поевтина струја за народот и оставка на Бислимоски

Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно е на улица. Како што најавивме пред неколку дена бараме од власта, од оваа мафијашка власт да ги слушне барањата на граѓаните. Ние денеска дојдовме до Регулаторната комисија, јас подоцна ќе ви дадам и едно видео да видите како не пречекаа со затворени врати, никој не ни ја отвори вратата за да го поднесеме ова барање до нив. Се разбира ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да дојдат и да ни се придружат бидејќи ние сакаме да го слушнеме гласот на народот. Гласот на народот е да се намали оваа цена на струјата, бараме да се врати цената, но исто така бараме да си поднесат оставка сите членови на Регулаторната комисија се разбира на чело со претседателот, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Нивниот претседател кој е недемократски претседател не ни отвори врата денеска да доставиме само едно барање. Тоа е ова барање каде што ние ги доставуваме главните причини, она што граѓаните го бараат, а тоа е да се врати цената на струјата и се разбира овие партиски членови да си заминат и да дојдат квалитетни луѓе кои навистина ќе се грижат за сите граѓани во Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде на улица. Затоа го повикуваме целиот народ, ги повикуваме сите здруженија, сите граѓани да ни се придружат. Оваа битка не е само наша битка, ова е битка на секој еден граѓанин. Мора да го чујат нашиот глас бидејќи само така сите сме посилни. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да престане, туку ќе се здружува, заедно ќе се сплотува со многу невладини организации, граѓански асоцијации, здруженија и сите оние граѓани што сакаат да победи правдата.Затоа ние денеска тука ги блокиравме овие раскрсници, токму тука пред Регулаторната комисија, но сакам исто така и да им се извинам и на граѓаните поради оваа блокада. Знам дека можеби направивме гужва во сообраќајот но тоа го правиме за сите граѓани, го правиме за да победиме сите заеднички бидејќи оваа мафијашка власт единствено може да слушне нешто само ако сме гласни. Затоа уште еднаш благодарност до сите што дојдоа. Ние ќе продолжиме со сите демократски алатки, со сите оние работи што ни се на располагање да го чујат нашиот глас, истакна Мисајловски.

Македонија | пред 5 години

20.09maserati

Петмина грабнале едно лице со намера да го присилат сопствениот автомобил Масерати да го префрли на име на еден од осомничените

Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на едно лице со намера да го присилат сопствениот автомобил Масерати да го префрли на име на еден од осомничените.На 8 септември околу 22 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, по насоки на првоосомничениот и петтоосомничената, останатите тројца осомничени лица му го пресекле патот на оштетениот со возило Ауди А3 и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци по целото тело. Насилно го внеле оштетениот во неговиот автомобил и го однеле на автоплац во селото Кондово во сопственост на првоосомничениот. Кога стигнале на плацот четворицата, во присуство на петтата осомничена, продолжиле физички да го малтретираат оштетениот, удирајќи го со тупаници, клоци и со каиш. Поради наводен долг од 20.000 евра тие го натерале оштетениот да влезе на совозачко седиште во автомобил БМВ Х5 и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово каде го присилиле да направи договор со кој неговиот автомобил Масерати го префрлил на име на првоосомничениот.Двајца од осомничените се лишени од слобода и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор поради постоење на законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повторат делото. По останатите тројца осомничени се уште се трага и по нивното лишување од слобода надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави соодветни предлози за мерки со кои ќе се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.​

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Денеска се регистрирани 142 нови случаи на ковид 19 и починати 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-18, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-13, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје-20, Куманово-10, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-11, Велес-4, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-1, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-3 и Кичево-5.Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555,  бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6247, активни 588• Куманово 1580, активни 214• Дебар 265, активни 32• Штип 1200, активни 81• Прилеп 542, активни 132• Тетово 1279, активни 117• Струга 613, активни 53• Велес 283, активни 17• Битола 241, активни 47• Охрид 388, активни 59• Кавадарци 195, активни 24• Гостивар 838, активни 97• Гевгелија 80, активни 46 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 90, активни 34• Крива Паланка 79, активни 35• Радовиш 50, активни 9• Крушево 18, активни 2• Кочани 179, активни 47• Пробиштип 94, активни 19• Демир Хисар 60, активни 2• Македонски Брод 83, активни 14• Пехчево 42, активни 28• Берово 72, активни 33• Валандово 12, активни 4• Виница 88, активни 28• Делчево 122, активни 85 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 5• Свети Николе 304, активни 23• Кичево 289, активни 36• Ресен 149, активни 2• Неготино 49, активни 6 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1542 теста се преку: ИЈЗ-439, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-364,  Биотек-160, МАНУ -101, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-28, Инфективна клиника-9, ГАК-7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 163.132 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 55• Гази Баба – 71• Аеродром - 94• Карпош – 71• Центар – 68• Кисела Вода – 53• Ѓорче Петров – 35• Бутел - 41• Шуто Оризари – 19• Студеничани – 13• Сарај – 17• Арачиново – 9• Илинден – 12• Сопиште – 4• Чучер Сандево – 2• Петровец – 4• Зелениково - 1• Странец – 3• Нераспределен-16

Македонија | пред 5 години

podgotovki

Координирани подготовки пред почетокот на новата учебна година во Охрид

Како дел од координираните активности за навремено спроведување на сите потребни подготовки во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески заедно со надлежните општински служби денеска одржа состанок со директорите на основните и средните училишта од подрачјето на општината.На состанокот се разговараше за сите тековни инвестиции и реконструкции кои се реализираат во училишните објекти, како и за идните проекти кои Општина Охрид ги планира во насока на подобрување на условите во образовните институции.Освен за одредбите од Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, на состанoкот се разговараше и за сите интервенции кои треба да се преземат за осовременување на постоечката интернет инсталација во училишните објекти и за набавка на дополнителна компјутерска опрема согласно потребите.Инаку, Општина Охрид веќе подготви Преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на пандемија и врз основа на барањата од училиштата за настава со физичко присуство, за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците од средните училишта. Овој преглед со барања, општината го достави до Комисијата фoрмирана од Владата на Република Северна Македонија, која треба да донесе одлука во кое училиште ќе може да се организира наставата со физичко присуство. Барањата за организирање на настава со физичко присуство, охридските училишта ги имаат направено врз основа на просторните услови, бројот на ученици и анкетите на родителите, кои биле спроведени во текот на изминатиот период.Следејќи ги протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“, Општина Охрид веќе започна постапка за набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а пред почетокот на учебната година планирано е да биде извршена целосна дезинфекција на сите училишни објекти. 

Македонија | пред 5 години

SPOMENIK_GRIGOR_1109-1-e1599822383677

Започнаа активностите за преместување на на спомен - обележјето на Григор Прличев во Охрид

Во тек се работни активности за преместување на спомен обележјето на Григор Прличев на нова локација, во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.Овие активности се реализираат согласно одлуката бр.08- 815/4 од 31.01.2020 година за преместување на спомен- обележјето на Григор Прличев и одлуката за утврдување локација за поставување на истото бр.08-5333/11 од 29.06.2020 година кои ги усвои Советот на Општина Охрид.Покрај поставувањето на споменикот, на новата локација (КП 15443/1 во КО Охрид 3) со површина од 25м2 е предвидено партерно и хортикултурно уредување, без нарушување на автентичноста на просторот. Спомен- обележјето се преместува поради тоа што во близина на претходната локација се наоѓаат подземни контејнери.Градежните активности за преместување на споменикот ќе ги изведува ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Битиќи: Сѐ уште траат консултациите за содржината на четвртиот сет мерки

Сè уште е во процес на консултации како ќе изгледа и што ќе содржи четвриот сет економски мерки за помош на граѓаните погодени од корона-кризата, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој е задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.Четвртиот сет мерки е наш приоритет од првиот ден на формирање на Владата и веќе имаме консултации со сите чинители. Да се помогне и во секторите во коишто претходно немаме дадено помош, а тоа е директно поврзано со образовните процеси, згрижување на децата во претшколска возраст“, рече Битиќи.Тој на неговата прва прес-конференција како вицепремиер изјави дека во следните четири години ќе се заложи да го направи подобар животот на граѓаните.„Овие четири години заедно ќе градиме држава и ќе се бориме да покажеме колку си ја сакаме оваа држава“, рече Битиќи.Тој рече дека во процесот за справување со економските последици од коронавирусот ќе цели кон креирање  работни места бидејќи тоа не се бројки туку човечки животи и судбини.„Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Заедно да креираме платформа за економски развој на државата“, рече Битиќи.Одговарајќи на новинарско прашање, Битиќи изјави дека Македонија за борбата против коронавирусот има издвоено вкупно околу 550 милиони евра.

Македонија | пред 5 години

turska_pasos_epa

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 10 септември, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена замена на оригиналната надворешна корица и на страницата со податоци.Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд му предложи да определи притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се реконструира улицата Никола Карев кај Железничка

На улицата Никола Карев од денеска се изведуваат градежни работи за реконструкција на нејзиниот коловоз. Екипите на Град Скопје во наредниот месец ќе работат на потегот од крстосницата со улицата Трета македонска бригада до булеварот Кузман Јосифовски Питу, на должина од 510 метри. Освен обнова на коловозот, градежните работи ќе опфатат и реконструкција на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници.По изградбата на улицата Есенинова која ја започнавме минатата недела и со реконструкцијата на улицата Никола Карев жителите на општините Центар, Аеродром, Кисела вода и Гази Баба побрзо и полесно ќе стигнуваат до саканата дестинација. На тој начин, движењето од Кисела Вода до Гази Баба ќе биде скратено за нешто повеќе од 10 - на минути – рече денеска градоначалникот Шилегов.Дополнително, на улицата Никола Карев се предвидени и велосипедски патеки од двете страни, со што ќе се поврзат двете главни велосипедски рути на булеварот Кузман Јосифовски Питу и булеварот Трета македонска бригада, кои ги поврзуваат општините Центар и Аеродром.За реконструкција на улицата Никола Карев ќе се вложат околу 15 милиони денари, а рокот на изведба е 30 дена.Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат реконструкциите и целосно да го почитуваат привремениот сообраќаен режим кој гарантира максимална безбедност на сите учесници во сообраќајот. Тој изрази уверување дека оваа улица, како и другите, ќе биде завршена и порано од предвидениот рок. 

Скопје | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери: Доколку се укинат патните трошоци, ќе предложам укинување на службените возила, па нека се возат со тротинет

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите изјави дека ако Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците, ќе предложи сите во Владата да се откажат од службените возила и секаде да одат со тротинет.„Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот. Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет. Па, ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени“, истакна Џафери.

Македонија | пред 5 години

strumica

(ФОТО) Фонтаната во центарот на Струмица осамна со пена која се излеваше на булеварот

Утрово фонтаната на булеварот ,,Маршал Тито” во Струмица осамна со пена, што ги изненади струмичани имајки во предвид дека до синоќа истата беше полна со вода. Сликата  ,,фонтана со пена”  ги пречека струмичани кои денеска одбележуваат годишнина од ослободувањето на градот, објави drnka.mk. Од струмички ,,Комуналец” информираа дека најверојатно во фонтаната е ставен одредено средство за перење што предизвикува пена. Тврдат дека тоа е дело на несовесни граѓани и во текот на денешниот ден ќе биде исчистена истата.извор:drnka.mk. 

Македонија | пред 5 години

naum-2

Стоилковски: Гради ли Наумовски кружен тек дивоградба во Волково, ќе проработат ли институциите против мафијата?

Мафијата на власт водена од Зоран Заев не само што не се справува со анархијата со дивоградбите, туку и ја стимулира и учествува во неа. Крими театарот со „Мавровка“ застана, ама не застанаа дивоградбите. Чист евтин крими театар, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Мафијата која што гради на диво и потоа криминално легализира не застанува.Откако Зоран Заев како градоначалник на Струмица го воведе принципот на криминално градење и уште покриминално легализирање на дивоградбите, градоначалниците на мафијата намигнуваат и практикуваат диви градби.Градоначалникот на мафијата во Ѓорче Петров гради кружен тек во Волково, тука зад мене, среде Волковска улица, со општински пари и пари од платежната агенција. Јавно повикуваме градоначалникот Наумовски, да го покаже и обзнани инфраструктурниот проект за овој проект, за овој кружен тек, односно дозволата за градежни работи.За да се гради сообраќајница, или кружен тек среде сообраќајница, мора да се има дозвола за градење. За да се добие таа дозвола за градење, мора да се има одобрен режим за сообраќај издаден од Град Скопје и од МВР. Без тие документи, дозвола, одобрение за градба нема, и градбата е на диво. Односно се гради дивоградба.Градоначалникот Александар Наумовски мора да каже дали има инфраструктурен проект, дали има сообраќајно решение, дали има меѓуопштинска соработка  за да можат да градат на градска улица?Градоначалникот на мафијата Александар Наумовски има градежен проект од Општина Ѓорче Петров кој што всушност не важи никаде и со него не може да се гради тука. Со него е невозможно да се извади траен сообраќаен режим, не може да се постави сообраќајна сигнализација, не може да се направи ништо легално!За градба на сите улици, па и кружните текови мора да важи истото, прво сообраќаен проект одобрен од МВР и од Град Скопје, потоа се прави инфраструктурен проект, а дури потоа се гради!Оттука го повикувам градоначалникот на мафијата на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, веднаш да го приложи во јавност на увид одобрувањето, односно, документот за одобрен сообраќаен режим од Град Скопје и од МВР. Доколку го има, а во спротивно би ги потврдил сомнежите дека го нема и дека се гради на диво.Ако го нема, гради дивоградба и тоа со општински пари, со пари од платежната агенција! Ова зад мене не е подготовка за градење, како што ќе сака да прикаже Наумовски, ова е веќе отпочната градба која веќе е до половина завршена. Наумовски мора да каже дали гради див кружен сообраќаен тек, без одобрение, што упатува на тоа дека не се гради ниту по стандарди?Наумовски наместо да се фали со дивоградби, треба да почне да ги почитува законите.Наумовски кој што треба да се грижи против дивоградбите, прави довоградби!Тоа е чиста анархија и ништо повеќе од следење на примерот на творецот на нелегалната легализација на дивоградби на Зоран Заев!Обвинителството и институциите мора да почнат да работат против проектите на мафијата!Или мафија или Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија: Заев да не се плаши да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии

Единствена Македонија ја поздравува агилноста на Зоран Заев да ги прикажува во јавноста состојбите во земјата според свое наоѓање преку исцрпно одговарање на пратенички прашања во Собранието, а синоќа на Македонската телевизија и преку одговарање на прашања од уредници на медиуми во земјата, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.Затоа, Единствена Македонија силно го охрабрува Заев сега да определи термин да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии.Веруваме Заев ќе се сложи дека сето ова е во функција на натамошно усовршување на демократијата дотолку повеќе што и вонпарламентарните партии се активни чинители во политичкиот живот и носат одговорност за состојбите во земјатам заради што е потребно пренесување на барањата и на гласачите на вонпарламентарните партии преку поставување на прашања до Заев.Зоран Заев нема зошто да се плаши и вонпарламентарните партии да му поставуваат прашања, се разбира, доколку навистина е определен да работи чесно и искрено во интерес на народот, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.

Македонија | пред 5 години

administracija

Заев: Замеруваат луѓето, ни кажуваат администрацијата ви шета, не работи

Премиерот Зоран Заев вели дека огромен процент од државната администрација не си изработува платата која ја зема, во синоќешното гостување во емисијата „Отворено студио“ на националниот сервис МРТВ.„Не може сабајле од 8 саат, или 8 и пол, одиме кафето да го испиеме, муабет, весник да прочитаме, да искоментираме и надвор. Замеруваат луѓето, ни кажуваат администрацијата ви шета, не работи, а најголем дел од парите од буџетот одат за администрација. 8 саата е работно време, значи и да не е добар работник, ако седи 8 саата работно време, па ќе смисли, ќе сработи некој предмет повеќе“, кажа Заев. 

Македонија | пред 5 години

bezoska-1

Ангеловска-Бежоска на гувернерски состанок на БИС: Потребно е да се работи на натамошно јакнење на сајбер-безбедноста на финансискиот сектор

Во изминативе години, централните банки и другите финансиски регулатори  значајно ги интензивираа напорите за  унапредување на сајбер-безбедноста  во финансискиот сектор. Но, контекстот што го наметнува ковид-кризата, создава простор за зголемување на нападите од безбедносниот простор, заради што на глобално ниво е потребно да се работи на натамошно јакнење на механизмите за заштита на финансискиот сектор од овој ризик. Ова беше повод и тема на е-состанокот на гувернери на централни банки организиран од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на којшто активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Како што беше нагласено на состанокот, условите за работа по избувнување на пандемијата на ковид-19, вклучително и работењето од дома, резултираат со поголем број на сајбер-напади  во финансискиот сектор. Согласно спроведената анкета (FS-ISAC), во глобални рамки, овие напади биле помалку од 5.000 неделно во февруари, но се зголемиле на 200.000 неделно кон крајот на април оваа година, а и дополнително пораснале за една третина во периодот мај-јуни споредено со периодот март-април. Учеството на сајбер-инцидентите кај банките, како вид на оперативен ризик,  сепак е релативно мало во споредба со вкупниот оперативен ризик, но се зголемува. Во напорите за држење на овие ризици под контрола клучна е супервизорската рамка. Состојбата во нашата земја во поглед на сајбер-нападите постојано се унапредува во изминативе години, при што се донесе и посебна подзаконска регулатива со којашто се бара од банките да ги унапредат сигурносните стандарди. Притоа, од банките се бара да обезбедат соодветно ниво на подготвеност од заканите од дигиталниот простор, како за меѓубанкарските плаќања, туку за сите други финансиски активности што ги извршуваат. Во тој контекст исклучително важно е што нашиот банкарски систем е усогласен со сигурносните стандарди за СВИФТ. Истовремено, во изминатите години се презедоа и низа активности за заштита од сајбер-напади на другите сегменти на финансискиот сектор. Финансиските регулатори во глобални рамки, веќе ја констатираат неопходноста од преземање координирани меѓународни активности со коишто ќе се постигне уште повисок степен на отпорност на финансискиот сектор од нападите на информативните системи. Клучна улога  за остварување на оваа иницијатива ќе има неодамна воспоставениот Центар за координација на сајбер-отпорност при БИС, во којшто се вклучи и учествува и Народната банка. Истовремено, неопходно е да се интензивира и комуникацијата и соработката меѓу релевантните институции на национално ниво, како и меѓу централните банки и институциите коишто ги сочинуваат финансиските системи. Нашата централна банка ќе биде активен учесник во димензионирањето и остварувањето на следните глобални чекори за натамошно јакнење на сајбер-безбедноста во финансискиот сектор. Со учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на овој состанок во организација на БИС се потврдува подготвеноста и решеноста на Народната банка не само да даде придонес во согледување на глобалните трендови, туку и за заложби за имплементација на натамошните меѓународни стандарди и релевантни препораки во работењето на нашиот финансиски систем. 

Македонија | пред 5 години

Krstosnici

Се уредува нов зелен појас на крстосниците на „Туристичка“ во Охрид

Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве започнаа работни активности за партерно уредување на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“ каде што ќе биде засаден нов зелен појас.Според планираното, на местото на постоечката метална ограда на сите четири заоблени тротоарски рабови, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе засадат соодветен зелен појас и ќе биде поставен наменски систем за наводнување.Ваква ограда од зеленило ќе биде засадена и на тротоарските рабови од останатите кружни крстосници на булеварот „Туристичка“.  

Македонија | пред 5 години

IMG_1911

Милевски: Бесплатен превоз за учениците од Новаци, инвестиција за достапно образование за сите деца

Преку проектотот "Унапредување на квалитетот на социјални услуги на регионално нив"  обезбеден е минибус со 30 и комбе со 10 седишта за превоз на ученици во Новаци. Носител на проектот е Центар за развој на Пелагониски плански регион, поддржан од Министерство за локална самоуправа, додека вредноста на набавките е околу 6 милиони 500 илјади денари.„Учениците на општина Новаци конечно ќе имаат превоз и ќе имаат можност бесплатно да се возат во новите минибус и комбе. Драго ми е дека со тоа ќе има подобрување на пристапот до образовните институции за учениците од основните и средните училишта во Пелагониските општини поточно Новаци, Битола и Могила. Преку проектот ќе се намалат трошоците за извршување на овие надлежности со што ќе се подобри функционалноста на процесот од кој бенефит ќе имаат и општините. Во иднина сакам да општините поднесуваат конкурентни проекти со кои ќе бидат дел од Програмата за рамномерен регионален развој и ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните“ рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.„Со овие возила ние ќе ги пренесуваме учениците до централното основно училиште во Новаци кои доаѓаат од петто до деветто одделение и следат настава во Новаци. Ова ќе се исплати и финансиски и ќе немаат проблем со превозот затоа што често се случуваше по неколку часа да чекаат превоз учениците заради зафатеност на приватните превозници или дефект но и од други причини. Минибусот кој го набавивме ќе вози на релација Новаци – Добромири – Агларци – Далбеговци, едното комбе ќе вози на релација Рапеш – Арматуш – Новаци, другото комбе Живојно – Бач – Гермијан.“ вели градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.„Денес сме тука во Новаци каде што како што кажа и министерот и градоначалникот веќе се имплементира проект за зајакнување на социјалните услуги на оваа општина со тоа што ќе се реши еден голем горчлив проблем околу превозот на овие ученици што гравитираат во Општина Новаци, како што спомна градоначалникот ќе се работи на решавање на еден покрупен регионален проблем од оваа област.Минибусот е веќе пристигнат кој што е со 30 седишта, а за најкратко време се очекува да пристигне и комбето кое е со сума од околу 1.600.000 денари за што е потпишано договор за испорака.“ додаде Гого Видимче, директор за Центар за развој на Пелагониски плански регион.

Македонија | пред 5 години

atidze

Хероината на „Медена земја“: Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот

Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон ни рече хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, која со години има проблем со соседот, кој со семејството исто така се појавува во документарецот.Неколку пати до сега низ разговор Атиџе раскажала дека има проблеми со него, но поради неговите деца не сакала конкретно ништо да превземе. Но, овој пат, како што вели за mms.mk, веќе не може да издржи бидејки се плаши за сопствениот живот и мора да ја каже маката сега, додека не е предоцна.Мене тој човек животот ми го упропасти, неговото куче ме искасапи. Ме уништи, пчелите тој ми ги украде, и сега секој ден провоцира со нешто ново. Сега дојде до момент да ми ги руши ѕидовите. Ако не ми помогне полицијата бидејки ме сметаат за Турчинка да се обратам ли во турска амбасада. Што да направам?  Навистина ми е многу тешко.Текстот во целост на:  mms.mk,

Македонија | пред 5 години

brnz-krv

Медицинските сестри во фокусот на одбележувањето на 11 септември, Брнз даруваше крв

Медицинските сестри оваа година се во фокусот на одбележувањето на 19 годишнината од трагичните настани на 11 септември во САД, во кои животот го загубија над три илјади лица. Со тоа, како што, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз им се оддава почит на медицинските сестри, кои во 2020 година храбро се справуваат со пандемијата од Ковид-19.Амбасадорката Брнз денеска даруваше крв, во рамки на заедничката иницијатива на Црвениот крст на град Скопје и Амбасадата на САД, а во соработка со Инстиутот за трансфузилогија, за дарување крв и донација на храна, која традиционално се одржува веќе 12 години.-Овој ден го посветуваме на медицинските сестри, за нивната служба во 2020 година. Медицинските сестри играат клучна улога не само во терористички напади, во воени и кризни подрачја, подрачја погодени од природни непогоди, туку пред се оваа година и во справувањето со пандемијата со Ковид-19. Тие прават многу повеќе од пружање на медицинска помош, тие се вклучени во сите институции и медицински установи, обезбедувајќи безбедни протоколи, образование и скрининг, мониторинг и следење на текот на болеста, истакна Брнз.Таа нагласи дека за таа цел следните денови на Фејсбук страницата на Амбасадата на САД секојдневно ќе бидат објавувани стории за медицински сестри во Скопје и во целата земја, за нивните искуства со пандемијата и за нивната служба во справувањето со неа.

Македонија | пред 5 години

Grabez-pistol

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво - со оружје се заканил „Дај ги парите, ќе те убијам“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со употреба на огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“. Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и започнале физичка пресметка. Оштетената му ја тргнала медицинската маска која осомничениот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Скопје | пред 5 години

belisimoski

Бислимоски: Граѓанските протести се легитимни, но опозициската партија врши притисок врз РКЕ

Го разбирам незадоволството од донесената одлука и сметам дека се легитимни граѓанските протести против поскапувањето на електричната енергија, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ со за денеска најавениот партиски протест врши притисок врз регулаторното тело, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.-Граѓанските протести против поскапувањето на електричната енергија се легитимни и го разбирам незадоволството. Затоа инициравме средба со синдикатот на која се ставивме во целост на располагање да им помогнеме кога ќе учествуваат на економско-социјалниот совет со стручни анализи и поддршка за решение во насока на помош на најранливите категории, а посебно за оние кои директно ги чувствуваат последиците од здравствената криза. Разочаран сум што во 2020 година, во време на пандемија, најголемата опозициска партија, наместо да нуди институционални и визионерски решенија, води агресивна политичката агенда со притисок врз регулаторно тело, изјави Бислимоски за Дојче веле.Како претседател на РКЕ, посочи, уште повеќе сум разочаран што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се претставува како енергетичар, не знае дека одлуката се носи врз основа на доставени пресметки од енергетските компании.-Неверојатно е како Мицкоски ги нема прочитано извештаите на Енергетска заедница во кои две години по ред не рангираат за најдобри регулатори од сите регулаторни тела што ги покрива Секретаријатот, потенцира Бислимоски.Одлуката за поскапувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4 отсто беше донесена на 31 јули годинава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во вторник истекува рокот за парична помош за првачиња

Заклучно со 15 септември (вторник) завршува рокот за поднесување барања за еднократна парична помош за првачиња што ја доделува Општина Аеродром.Паричната помош е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвои 2 750 000 денари.Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2020/2021 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.Во прилог на барањето е потребно да се достават на увид следниве документи, во оригинал, а не копија:- Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;- Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид;- Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид;- Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.Барањата можат да се поднесат заклучно до 15 септември 2020 година во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19. 

Скопје | пред 5 години

lisici

Приведени тројца скопјани за „тешка кражба“

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Б.(26), А.Ј.(23) и И.Г.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари.Врз основа на информациите на А.Б., кој пред две години работел во маркетот како обезбедување и ја знаел целосната поставеност на просториите во маркетот и на камерите од видео надзорот, на 17.04.2020 околу 23.00 часот, преку имот кој што граничи со маркетот, влегле во задниот дел од објектот, по што А.Ј. ја скршил камерата за видео надзор и го деактивирал сензорот за аларм во маркетот. Откако А.Б. и А.Ј. влегле внатре во маркетот, ги скршиле сите камери за надзор, го одзеле сефот со пари од дневен промет, како и поголема количина на цигари, парфеми, кремови, лосиони и алкохолни пијалоци. После тоа, во возило на третопријавениот И.Г. го товариле предметите и заминале.По преземени мерки од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров-Одделението за криминалистички работи, по насоки и во содејство со ОЈО Скопје, било утврдено дека А.Б., А.Ј. и И.Г. го испланирале и го извршиле кривичното дело.. 

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања