Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ФОТО) Еко дрон патрола на Град Скопје и Ергос во потрага по загадувачи на животната средина

Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии.Во рамките на оваа соработка, ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на градот и не е забележано ниту едно палење на стрниште или создавање на нова дива депонија.  Следното прелетување со дрон ќе се направи во текот на следната недела и дел од прелетите ќе се емитуваат во живо на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје.Еко дрон патролите ќе вршат прелети во текот на месеците септември, октомври и ноември со цел во текот на овие три месеци кога завршуваат земјоделските активности во атарите на градот да ги откријат и евидентираат загадувачите во Скопје.По извршените прелети со дрон над околината на градот, снимките и фотографиите се предадат како материјали на инспекторите во Град Скопје за тие да можат веднаш да реагираат на терен, да поднесат пријава и да ги гонат потенцијалните загадувачи.Овој проект е дел од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2020 година. Целта на еко дрон патролата е се подобри животната средина со зголемување на мотивацијата, но и активно вклучување на локалното население, пред се земјоделците од околината на Скопје, во процесот на унапредување на животната средина и спречување во загадување на воздухот, водите, почвата и јавни зелени површини.

Скопје | пред 5 години

IMG-e2f606baee42dfe64b04d1c3ef145935-V-new

(ФОТО) Санкционирани 10 „диви тркачи“ на скопската обиколница

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 12.09.2020 спроведе акциска контрола против возачи на моторцикли кои учествуваат во т.н. “диви трки“ на подрачјето на град Скопје поточно на скопската обиколница. Притоа санкционирани се 10 возачи на моторцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец, а моторциклите ќе бидат упатени во Станица за технички преглед за понатамошна постапка.

Скопје | пред 5 години

pistol

Приведен арачиновец, пронајден пиштол кај него

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ. Имено, на 08.09.2020 околу 17,30 часот, од полициски службеници на клучка с.Арачиново кон населбата Ченто, извршен бил преглед на моторно возило “ауди А4“, сопственост и управувано од пријавениот. При прегледот на возилото под предното седиште пронајдени се еден пиштол „Tokarev TT-33“ калибар 7,62х25мм со рамка со 5 куршуми.Пронајдените предмети со потврда се одземени од Н.Ј., а тој бил лишен од слобода во Полициската станица Гази Баба по што бил извршен разговор, а воедно бил известен и Јавен обвинител.Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршени се проверки при што е констатирано дека пронајдениот пиштол не еевидира во службените евиденции на регистрирани оружја, односно истиот бил без дозвола. 

Македонија | пред 5 години

struja

ВМРО ДПМНЕ: Скапата струја која ја донесе Бислимовски на Заев му носи пари, нови мотори, мајбах возила и удобства, а на народот сиромаштија

Скапата струја која ја донесе Бислимовски на Заев му носи пари, нови мотори, мајбах возила и удобства, а на народот сиромаштија. Заев го постави Бислимовски да ја покачи струјата, и за да Ковачевски му даде 6.4 милиони евра на спонзорот на СДСМ, Силјан Мицевски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Марко Бислимовски е слуга на мафијата на Заев, прашањето е со што толку е задолжен Заев за да му удоволува на Бислимовски. Тој е долгогодишен функционер на СДСМ кој работи за бизнис интересите на Заеви, а не за народот.Марко Бислимовски е партиски функционер на СДСМ од 2011 година кога бил избран за член на Економско-социјалниот Совет на СДСМ. Бислимовски не го интересираат потребите и интересите на граѓаните. Него му е важно само неговите партиски шефови да бидат задоволни од неговата работа.Регулаторната комисија за енергетика мора да биде независен орган.Марко Бислимовски е партиски функционер и мора да биде сменет од таа функција и заедно со неговиот предлагач да одговара за кpшење на Законот за енергетика. Тоа е предвидено во Законот за енергетика и член. 17 ст. 5, каде е нагласено дека претседателот не смее да биде функционер во политичка партија. Член 19 ст.6 т.2 од Законот за енергетика вели дека претседателот на РКЕ може да биде рaзрешен доколку извршил повpeда на обврските за нeпристрасност и нeзависност.Во Регулаторната комисија за енергетика членува и Панче Орце по предлог на СДСМ. Тој е поранешен пратеник на СДСМ и директор на ЈПКД Комуналец Струмица. Орцев како директор на ЈПКД Комуналец доделувал јавни набавки на фирмите од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци. Во тој период склучил договори за јавни набавки со фирмата Еленица тогаш во сопственост на братот и братучедот на Зоран Заев, со фирмата Тргопродукт која била во сопственост на братучетката и стрината на Зоран Заев, како и со фирмата Јавор Шпед која била во сопственост на бизнис ортакот на братот на Зоран Заев.Регулаторната комисија за енергетика се злоупотребува од страна на инсталираните членови на СДСМ за теснопартиски и бизнис интереси на врвот на СДСМ.Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемите, Заев е проблемот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

karticki

СДСМ: Четвртиот сет на антикризнини мерки се платежни картички за пензионери, невработени и самохрани родители

Владата предводена од СДСМ и во новиот мандат продолжува со креирање и реализација на мерки, со кои им помага на граѓаните и на компаниите полесно да го поминат овој тежок период на пандемија со коронавирусот, се вели во соопштенито од СДСМ.Четвртиот сет на антикризнини мерки, кој ќе биде презентиран наскоро, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните и дополнително ќе ја раздвижи економијата.За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.Пакетот предвидува и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.Владата со првите три сета мерки успеа значително да ги ублажи негативните ефекти врз економијата, преку обезбедување на ликвидност на компаниите и борба за зачувување на секое работно место, а истовремено со платежните картички и ваучерите за туризам ја поттикна домашната потрошувачка и економија.Во новиот мандат, Владата предводена од СДСМ, ќе покаже дека државата е сервис на граѓаните и сите сили ќе ги насочи во градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици, се вели во соопштенито од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Информирање во стилот „Синот на ... обвинет за тероризам е нарушување на на правото на приватност на таткото

Ослободена од товарот на министерската функција, сега кога искажаните ставови се само мои и кога можам да зборувам и пишувам само во свое име, чувствувам потреба да се осврнам на последните написи за познат сопственик на клиника и неговиот син кој се соочува со судски процес во Германија. Веста одекна како “бомба” во јавноста, ги шокираше читателите, ја заинтересира публиката. Но, во исто време објавувањето на веста значи груба повреда на правото на приватност на таткото, напиша на својот ФБ профил Рената Дескоска.Таа додава:-Свесна сум дека за малограѓанската јавност чии “ниски страсти” се распалени моето пишување нема да е прифатливо и од нив одобрено. Свесна сум дека и реномирани медиуми ја објавија веста и токму затоа уште повеќе сум убедена дека треба да се потсетиме на човековите права кои ни се загарантирани со уставот и со Европската конвенција за човекови права, треба да го шириме “учењето за човековите права” за тие да се почитуваат и заштитуваат на највиско можно ниво.Кај нас правото на приватност беше актуелизирано кога се објавуваа прислушкувани материјали за што има пракса во Стразбур која вели дека снимени телефонски разговори меѓу високи функционери не се приватни по својата природа, туку оценката дали се приватни или не зависи од контекстот и содржината на разговорите. После таа дебата, како да замре јавниот интерес за правото на приватност, што очигледно остава тешки последици по животите на поединци кај нас.Европската конвенција за човекови права во членот 8 го регулира правото на приватност, кое претставува едно од најкомплексните права, бидејќи опфаќа многу аспекти кои уживаат заштита. Судот во Стразбур има развиено богата пракса преку која се гради сликата за тоа што преставува приватноста. Од тие случаи се добива впечаток дека ова право е налик на виножиото, со спектар на бои и нијанси, кои се вклопени меѓу себе, се прелеваат, но и навлегуваат и се надѕираат во другите права надвор од членот 8. Тоа “мешање” на членот 8 и правото на приватност е особено видливо во однос на членот 10 од Европската конвенција кој ја регулира слободата на изразување.Европскиот суд за човекови права во Стразбур смета дека постои зона на приватност на која секој има право, па дури и оние кои своите животи ги живеат изложени на очите на јавноста. Со тоа, објавување на информации кои се однесуваат на лични работи може да претставува непочитување на приватниот живот.Сепак Судот во Стразбур нагласил дека јавноста има право да биде информирана дури и за аспекти на личните животи на јавните личности, но тие приватни аспекти треба да бидат во врска со јавната функција за да се оправда нивното откривање. При оценувањето на таа врска и оправдувањето на објавувањето на информациите се води сметка за: влијанието кое може да го има тоа објавување; јавното знаење за информациите ако тие се веќе откриени на друг начин и степенот на повреда на личните чувства на семејството или на засегнатите поединци.Значи, прво, Судот во Стразбур прави разлика меѓу јавни и приватни лица. Јавни лица се несомнено политичари, функциониери додека вршат јавна функција. Кога ќе ја напуштат функцијата тие според Судот во Стразбур треба да бидат заштитени од интрузивен медиумски интерес за нивниот приватен живот. Во случајот Тамер против Естонија Судот оценил дека сопругата на висок политичар кој ја напуштил функцијата пред 6 месеци, која била позната речиси на сите во Естонија и која имала намера да објави мемоари, требала да добие заштита како приватно лице и дека објавувањето на приватни детали од нејзиниот живот не е во јавен интерес. Значи, тоа што некој е познат во јавноста, не го прави автоматски јавна личност за која постои поголема толеранција во “упадот” во приватноста.Во конкретниот случај кој ја бранува македонската јавност, според критериумите на Стразбур, сопственикот на клиниката не е јавна личност, туку #приватно #лице кое треба да ужива поголема заштита на својата приватност.Следното прашање е околу постоењето на јавен интерес за објавување на информацијата. Несомен е јавниот интерес дека наш државјанин се соочува со судски процес заради тероризам во Германија. Но, #не #постои никаков #јавен #интерес во објавувањето на #името на неговиот #татко, за кој не постои никакво сомневање дека истиот не е поврзан или вмешан во делото за кое се товари синот.Дека целта е сензационализам, будење на ниски страсти, воајеризам и слично, а не јавен интерес се гледа и од насловите во кои акцентот е ставен на таткото преку формулациите “Синот на ........... обвинет за тероризам”. Ваквото информирање како да има за цел #повреда на #репутацијата на таткото, а не информирање за лицето кое се соочува со судски процес. И од таму несомнено е дека со ваквиот начин на информирање сериозно се повредуваат личните чувства на таткото и неговата приватност.Во овој случај повеќе од јасно е дека доколку таткото покрене постапка за нарушување на приватноста истата ќе ја добие. Но, често пати “спружувањето на насловни страни” не завршува со судски епилог, бидејќи жртвите се до толку повредени што судските постапки им наликуваат како “долевање сол на раната” и не ги ни почнуваат. Но затоа на слободарската јавност, на професионалното новинарство останува обврската да потсетуваат на правилата на Европската конвенција и на #новинарската #етика.  #ЧовековитеПраваПредСе, напиша Дескоска на ФБ.https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2808389782773457

Македонија | пред 5 години

sela-2

Сопартијците не ја прифатија оставката на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села

Сопартијците не ја прифатија оставката на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, која тој ја понуди на Централното собрание.Села рече дека оставката е морален чин по резултатот на изборите. Сепак највисокото раководството оцени дека Села и понатаму останува партиски лидер.Состанокот работеше во однос на шест точки. Со одлука на највисокото партско тело, отстранети се претседателите на ограноците од Тетово и Долнени.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Осомничениот за убиството на сопругата во Гостивар во притвор

Осомничениот за убиството кое се случи пред два дена во Гостивар е приведен и определен му е притвор од 30 дена.Тој бил лишен од слобода вчера напладне, откако полицијата повеќе од еден ден трагаше по него.Шеесет и седумгодишниот гостиварец И.Б. е осомничен дека ја убил својата сопруга во семејната куќа. Според информациите на Обвинителството, тој со нож и секира на жената ѝ нанел повеќе убодни рани, од кои починала.Двајцата подолго време имале нарушени односи.

Македонија | пред 5 години

skopjanec

ВИДЕО: Скопјанец ѕвони во Брза помош за да се шегува со вработените, бура од реакции поради снимката

Дали е можно. Додека кај некого секунди се во прашање за да се спаси живот, скопјанец ѕвони во Брза помош за да се шегува. Видеото е објавено на соцојалните мрежи и истото има многу негативни комнтари.https://twitter.com/zmicenamice/status/1304828103471104000?s=21&fbclid=IwAR1vY1EbcLaWThkeYyTlNYtZ715GfEYsUzpp3wuwHqqunj224IBZh1ThyXY

Македонија | пред 5 години

filan

Жан Митрев по апсењето на синот: Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста

Сакав да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот и дека тој пат е добар - вака пред судот во Франкфурт 25-годишниот германски државјанин со македонско потекло Филан Митрев, објаснил зошто тргнал по погрешен пат. Судењето кое е во тек ја привлече македонскта јавност откако германските власти објавија дека татко на момчето кое подготвувало самоубиствен напад е сопственик на кардиохирургија во Македонија, објави Сител. Неговиот татко, кардиохирургот Жан Митрев, за Сител вели дека Филан живеел во Германија и до пред неколку години одржувал контакт со него. Смета дека избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, вели Митрев.Филан Митрев е обвинет за тероризам.

Македонија | пред 5 години

bregalnica-reka

14-годишно дете се удави во Брегалница

14-годишно дете од Виница се удави во водите на Брегалница.Тој со уште неколку други деца вчера напладне заминале кон мост во селото Истибања и влегле во реката за да се капат.Момчето кое го одвела водата било барано околу пет часа од страна на полициски службеници од Виница и Територијалната противпожарна единица кои дошле на местото на несреќата.Од полицијата информираат дека лекар констатирал смрт, а телото на починатиот е дадено на семејството.

Македонија | пред 5 години

BITIKI0

Битиќи за ТВ 21: Таргет ни е за 4 години просечната плата да стане 34 500, а минималната 20 000 денари

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи вели дека таргетот на новата Влада е просечната плата да стане 34 500 денари.„Во проекциите што ги направивме, таргет ни е просечната плата да биде 34 500 денари, зборуваме за нето плата, не зборуваме за бруто плата. Од друга страна, кажавме дека ќе продолжи покачувањето на пензиите, по надминување на кризата, од околу 20% за 4 години, плус, за прв пат ќе одредиме минимална пензија. Ќе имаме за цел минималната плата да ја покачиме за 20-30%, тоа го кажувам за време на 4 годишниот мандат. Го кажувам во проценти или апсолутна вредност од 20 илјади денари“, истакна  Битиќи во емисијата „ЕУ клик“ на ТВ 21. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Лицемерието на Заев е што го краде народот со поскапа струја во исто време кога Заеви имаат Мајбах и Порше

Заеви преку ноќ се стекнаа со возен парк од неколку стотици илјади евра. СДСМ прави евтин театар кој не поминува кај граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ секој ден покажува дека не го интересираат проблемите на граѓаните. Врвот на СДСМ го интересира само максимизирање на профитот на грбот на граѓаните. СДСМ безобзирно посегнува во џебовите на граѓаните и безуспешно се обидува да го сврти вниманието од реалните проблеми.Власта ја покачи струјата за да може мафијата и Заев да ги полнат џебовите со парите на народот.СДСМ има апсолутна власт во последните години и наместо да ги разгледуваат забелешките на граѓаните тие неуспешно се обидуваат вината да ја префрлат кон опозицијата.Лицемерието на СДСМ нема граници. Семејството на премиерот ги поседува  најскапите и најексклузивните автомобили во Македонија. Тие не зборуваат ништо за Мајбахот на Трајче Заев од 300.000 евра. Заеви поседуваат Порше Тајкан за 200.000 евра. Зоран Заев си развозува со мотор БМВ од 35.000 евра.Заев не се бори против криминалот, Заев го прави криминалот. Заев не е решение на проблемите, Заев е проблемот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

nikoloski

(ФОТО) Николоски: Крими коалицијата СДСМ-ДУИ донесе ДУП од 200 милиони евра за ОФ ШОР фирма на Панама, сопственост на контроверзен бизнисмен

Помина една недела откако објавив за усвојувањето на ДУП за “ШИК Јелак” Тетово со кој се предвидува урбана џунгла во градот со нови 2 000 станови за 8 000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра, напиша на својот ФБ профил потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Тој во објавата додава:Помина едена недела откако објавив дека зад овој проект стои контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Една недела нема одговор од надлежните институции, а нема ни одговори од Заев и Ахмети за поличката позадина на овој случај.Затоа продолжувам со изнесување нови сознанија кои ќе фрлат дополнително светло на целиот случај.Сопственик на поранешниот гигант ”ШИК Јелак” е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата “Јелак Градба” . На просторот на “ШИК Јелак” крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе детален урбанистички план еден ден по изборот на Владата кој му носи потенцијален профит од 200 мил евра на инвеститорот.Во “Јелак Градба” управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата “Адастра груп Корп” која е регистрирана во даночниот и оф шор рај Панама!Преку јавно достапните податоци кои лесно може да се најдат со мало пребарување на интернет може да се види дека сопственик на оф шор компанијата “Адастра груп Корп” во Панама е Миодраг Дака Давидовиќ! За овие сознанија приложувам документи.Во јавноста е познато дека овие оф шор компании се користат за сомнителни трансакции, за внесување на капитал од сомнително потекло, како и за нагло изнесување капитал на непознати дестинации. Исто така е познато после големата афера “Панама Пејперс” дека оф шор дестинацијата во Панама била омилено место на бизнисмени со сомнителен капитал најчесто стекнуван на просторите на поранешниот источен блок.Панама е омилено место на бизнисмени кои не мислат дека иднината на регионот на Балканот е во европската и евроатланската интеграција, а еден од нив е и Дака Давидовиќ на кого двоецот Заев и Ахмети му подарија вака вносен бизнис.https://www.facebook.com/NikoloskiA/posts/1670050066493043Се отвара прашањето дали надлежните институции во Македонија го провериле изворот на средства кои влегуваат во фирмата на Дака Давидовиќ преку неговата оф шор фирма во Панама, кој е изворот на тие средства, како се стекнати?Исто така легитимно прашање е како и за што ќе се користат средствата кои ќе се заработат од ДУПот во Тетово? Дали ќе бидат испумпувани кон Панама и каде потоа ќе завршат?Поставувам прашање дали надлежните институции во Македонија го провериле работењето и може да гарантираат за работотата на фирмата “Јелак Градба” чии сопственик е “Адастра груп Корп” од Панама?

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска 140 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1.Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694,  бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6292, активни 566• Куманово 1589, активни 215• Дебар 268, активни 35• Штип 1204, активни 76• Прилеп 551, активни 133• Тетово 1291, активни 120• Струга 620, активни 60• Велес 285, активни 16• Битола 244, активни 47• Охрид 389, активни 59• Кавадарци 198, активни 27• Гостивар 847, активни 97• Гевгелија 82, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 101, активни 44• Крива Паланка 80, активни 36• Радовиш 52, активни 11• Крушево 18, активни 2• Кочани 184, активни 50• Пробиштип 94, активни 17• Демир Хисар 60, активни 2• Македонски Брод 84, активни 12• Пехчево 42, активни 27• Берово 72, активни 33• Валандово 11, активни 3• Виница 91, активни 31• Делчево 124, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 5• Свети Николе 307, активни 21• Кичево 290, активни 37• Ресен 151, активни 4• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-257,  Биотек-179 , МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –68, Судска медицина-22, ЦЈЗ Битола-26, Инфективна клиника-31, ГАК-23, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 145, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 52• Гази Баба – 71• Аеродром - 99• Карпош – 66• Центар – 72• Кисела Вода – 53• Ѓорче Петров – 33• Бутел - 36• Шуто Оризари – 12• Студеничани – 11• Сарај – 17• Арачиново – 8• Илинден – 11• Сопиште – 4• Чучер Сандево – 2• Петровец – 4• Зелениково - 1• Странец – 3• Нераспределен-11

Македонија | пред 5 години

gjorce-petrov

Жителите на Ѓорче Петров излегоа на протест, велат СТОП за изградбата на 17-катница

Стотина жители на општината Ѓорче Петров денеска излегоа на протест против изградбата на седумнаесеткатница во местото Јурија. Според нив тука треба да никне бетонски ѕид од 58 метри во кој ќе се населат 3000 нови жители.Тие ја блокираа главната сообраќајница во општината улицата Ѓорче Петров точно напладне со барање  да се ревидира детелниот урбанистички план СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината и габаритот на планираните згради.Велат дека се незадоволни зашто одговорните во општоината две недели не им одговориле на нивните барања. Граѓаните јавно го прашаа градоначалникот на општината александар Наумовски дали и кога ги консултирал граѓаните за промена на ДУП-от. 

Скопје | пред 5 години

jorgo-1

ДЕМОКРАТИ: Дваесет и девет години окупација и геноцид врз Македонија и македонските граѓани

Ова година славевме дваесет и девет години на окупација и геноцид врз Македонија и македонските граѓани од страна на политичките манипуланти, профитери и криминалци од страна на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициски приврзоци кои креираа невиден геноцид во секоја сфера од општественото живеење, се вели во соопштението од Демократи.  Тие додаваат:На криминален начин ги приватизираа народните фирми, го смениа името, ја продаваат историјата, ја уништија економијата, образованието, науката, иновациите, културата, здравството, животната средина, инфраструктурата, спортот, ги оставија на милост и немилост социјалните ранливи групи како што се старите, болните, луѓето со посебни потреби, самохраните мајки, сиромашните.Ги протераа од државата младите работоспособни кадри кои треба да останат во Македонија и да учествуваат во градење на правна и економски моќна држава, а исто така да се борат против овие УНИШТУВАЧИ.Што е уште пострашно ја окупира државата и сите државни институции, а во исто време креираа армија на потчинети, заплашени и потценети граѓани кои им служат за гласање за да дојдат и останат што подолго на власт, за да можат да си ги полнат џеповите на сметка на сите македонски граѓани.ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат овај геноцид врз македонските граѓани и Македонија.ДОСТА Е!!! Ги повикува сите чесни граѓани да ни се придружат во БОРБАТА против УНИШТУВАЧИТЕ на нашите животи и Македонија и заеднички да креираме функционална држава!

Македонија | пред 5 години

koli-VMRO

СДСМ: Скапите автомобили го покажаа сето лицемерие на лажното ВМРО-ДПМНЕ и очајниот Мицкоски

Скапите автомобили што вчера граѓаните ги видоа се уште една потврда за вистинското, лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ и поразениот Христијан Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.Не постои поголем показател за нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Организираат таканаречени протести за цената на електричната енергија, кога токму оваа партија во своето владеење ја зголеми за 100 отсто цената на електричната енергија и ја укина евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.Граѓаните одамна го препознаа нечесниот и неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа не им даваат поддршка на лажните и лицемерни протести кои служат само за зачувување на фотелјата на Мицкоски во Белиот дворец.Уште еднаш се покажа дека Мицкоски знае само да брани криминал и лични интереси и дека потребите на граѓаните не го интересираат. Со таков однос тој и неговата нереформирана ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Битолчанец нападнал жена на улица и ѝ го украл златниот ланец

Полицијата поднесе кривична пријава против О.Е.(22) од Битола поради разбојништво.„Пријавениот на 9 септември околу 18,45 часот на улицата Филип Втори Македонски во Битола, извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец“, информираат од МВР.По превземените мерки и активности О.Е. бил пронајден и приведен.

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Во извештајот на Стејт департментот, главен проблем се корупцијата и лошата економија

Во извештајот на Стејт департментот, главен проблем се корупцијата и лошата економија, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека пред два дена сосема штуро била објавена на дел од медиумите информација за извештај за Македонија напишан од американскиот Стејт департмент, посочувајќи дека дел од медиумите блиски до власта нашле поблаги форми со кои се дефинираат состојбите, а со кои сакале да ја потврдат розевата слика која ја гради власта.„Она што на истите тие медиуми задолжени за розева слика нема да можете да прочитате е тоа што американскиот Стејт департмент укажува на, цитирам “бизнисите отпуштаа вработени”, “државата назадува 31 место на Дуинг бизнис”, “корупцијата останува проблем”, “спроведувањето на законите за борба против корупцијата е слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори, “многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството”“, наведува Мицкоски за забелешките изнесени во извештајот на Стејт департментот.Понатаму во статус на социјалните мрежи, Мицкоски ги изнесува забелешките.„-Социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на државата и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Додека се ажурираше извештајот за оваа година, бизнисите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година и понатаму.-Извештајот за деловно работење (Doing business) на Светска банка во 2020 година ја стави државата на 78-то место во светот за започнување бизнис, за 31 место подоле од 2019 година.-Бизнисмените се жалат дека долгите и скапи трговски спорови преку судскиот систем создаваат правна несигурност. Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик, посочувајќи ја несоодветната извршна контрола врз судството и лошото финансирање на административните судови како големи пречки.Деловната заедница често се жали дека Државниот завод за индустриска сопственост не регистрира патенти или не презема мерки за спроведување патенти навремено.Додека државата има воспоставено многу закони за заштита на интелектуалната сопственост, прекршувањето е чест пример и судскиот систем треба да се подобри. Владата користеше нелиценцирани софтверски производи на „Мајкрософт“ и, на почетокот на 2018 година, владата започна разговори за решавање на проблемот. Од март 2020 година, владата продолжи да користи нелиценциран софтвер низ нејзините институции.Во минатото, владата не успеа целосно да ги спроведе законите поврзани со работничките права, заштитата на потрошувачите, заштитата на животната средина и другите закони и регулативи наменети за заштита на поединците од неповолни деловни влијанија.Спроведувањето на законите за борба против корупцијата се слаби и селективно насочени кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1660258757482910Специјалното обвинителство (СЈО) е основано во 2015 година за да ги испита случаите поврзани со скандалот со прислушувањето, кој откри голема злоупотреба на службената положба од јавни службеници, вклучително и наводна корупција при јавни тендери. Откако Главниот специјален обвинител беше обвинет за корупциски скандал во ноември 2019 година, сите случаи беа пренесени во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство.Транспаренси Интернешнл ја рангираше држават на 106-то место од вкупно 180 земји на Индексот за перцепција на корупцијата во 2019 година, што претставува пад од 13 места, по скандалот со корупцијата во СЈО.Многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството“, стои во извештајот на Стејт департментот, пишува Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

lazarov

Лазаров: Жан Митрев не заслужува ваков третман и зборови од јавноста, срам ми е што читам

Жан Митрев не заслужува ваков третман и зборови од јавноста, срам ми е што читам, напиша на својот ФБ профил доктор Ненад Лазаров. Во продолжение на својата објава докторот додава:-И од кога татковците на деца со очигледни психички проблеми ги ставаме на некаков си "ѕид на срамот" и хајка од медиуми?Затоа што е лекар добар, зошто тука се врати а не мораше, или ова е прв и задњи случај на екстремизам и психички проблеми?Да не си помагал Д-р толку немаше ни да те зборат,ова племе е само за крв желно.Извини док!https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10219724835330585

Македонија | пред 5 години

nina-spirova

Почина легендарната Нина Спирова

На 82-годишна возраст денеска почина Нина Спирова, една од највпечатливите фигури во современата македонска музика.Позната најпрво како извонреден интерпретатор на староградска и народна музика, Спирова во 60-те години на минатиот век израснува во една од најголемите ѕвезди на тогашната забавна естрада и ги изведува некои од најпознатите македонски евергрини: „Молчи, молчи љубов моја“, „Езеро мое“, „Еден бакнеж“, „На овој ден“ и многу други.Спирова, родена во Прилеп во 1938 година, ќе остане запаметена како врвен уметник, ненаметлива и скромна личност. Од естрадата целосно се повлече пред повеќе од 35 години, но и со релативно кусата кариера, си обезбеди важно место во македонската музичка историја.

Македонија | пред 5 години

sindrom-na-policistichni-jajnici

Септември посветен на кревање на свесноста за синдромот на полицистични јајници

Полицистичниот оваријален синдром (ПЦОС) е комплексно сериозно репродуктивно, генетско, хормонално и метаболно заболување кое се јавува кај девојчиња и жени. Воедно и водечка причина за женска неплодност и причинител за други заболувања, како што се дијабетес тип 2, обезитет, кардиоваскуларни заболувања, анксиозност, депресија и ендометријален карцином, посочуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство по повод одбележувањето на месец септември како меѓународен месец за кревање на свесноста за синдромот на полицистични јајници.-Потребна е добра информираност до целата женска популација во однос на ПЦОС, да бидат едуцирани за овој проблем, да знаат дека постојат специјалисти кои работат со оваа проблематика, заради навремено откривање и можност за лекување и избегнување други придружни заболувања, со максимална поддршка за подобрување на квалитетот на репродуктивниот и севкупно, животот на секоја жена, посочуваат од ГАК.Овој синдром се јавува кај 10-15 процентиод општата женска популација, а во 50 проценти од тие случаи останува неоткриен и недијагностициран. Половина од жените со ПЦОС пред 40-годишна возраст развиваат шеќерна болест (дијабетес тип 2 или предијабетес), а кај сите жени со ПЦОС, ризикот за добивање ендометријален карцином се зголемува за трипати, во однос на здравата женска популација. Основите на ова заболување се јавуваат уште во детската возраст преку зголемната телесна тежина и лошите хигиено-диететски навики.Симптомите на ПЦОС се: нередовни, ретки или отсутни менструации, овулаторна дисфункција-ановулација, инфертилитет (неполодност), ултразвучно детектирани полицистични јајници, пелвична болка, хирзутизам, губење коса, инсулинска резистенција, зголемена телесна тежина, главоболка, анксиозност, депресија и проблеми со спиењето.Дијагностицирањето и третманот на ПЦОС е полно со предизвици кои се дефинираат според специфични критериуми и мултидисцилинарен пристап (гинеколог, ендокринолог, педијатар, дерматолог, психолог/психијатар и други специјалности).На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство работи тим од гинеколози, кои на одделот за инфертилитет и асистирана репродукција и на одделот за репродуктивна ендокринологија со детска и адолесцентна ендокринологија, дијагностицираат и третираат пациентки со ПЦОС од најмлада возраст. Искуството на тимот во специјалноста на инфертилитетот и репродуктивната ендокринологија е со најсовремени сознанија во однос на откривањето и лекувањето, како на примарните, така и на секундарните заболувања.Жените со овој вид на проблеми потребно е да се јават кај своите матични гинеколози, кои понатаму ги упатуваат до тимот специјалисти гинеколози-акушери на ГАК: проф. д-р Глигор Тофоски, асс. д-р Даниела Иванова-Панова, доц. д-р Анета Сима, асс. д-р Искра Крстевска-Дукова, асс. д-р Роса Спасова, асс. д-р Димитар Калчовски, преку националниот електронски систем МојТермин за натамошни иследувања и анализи.

Слајдер | пред 5 години

mickoski-4

ВМРО ДПМНЕ: Бислимовски бил член на партиските тела, Заев кршејќи закон го ставил на чело на Регулаторна да поскапува струја

Марко Бислимовски не е независен и професионален, тој е партиски функционер на СДСМ, кој ги исполнува барањата и желбите на Зоран Заев. Марко Бислимовски во 2011 година бил избран за член на Економско - Социјалниот Совет на СДСМ, партиски орган и комисија. Бислимовски е партиско лице, и од таму не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, туку партиски функционер кој се грижи за бизнис интересите на Заеви, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Марко Бислимовски го крши законот за енергетика и чл. 17 ст. 5 од истиот, кој е дециден дека Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика не смее да биде функционер во политичка партија. Марко Бислимовски е функционер во политичка партија.Самото именување на Марко Бислимовски за Претседател на РКЕ е кршење на Законот за енергетика. И тука одговорност сноси предлагачот.Марко Бислимовски е незаконски претседател на РКЕ. Според чл.19 ст.6 т.2 од Законот за енергетика кој вели дека на Претседателот на РКЕ може да биде разрешен доколку извршил повреда на обврските за непристрасност и независност. Бислимовски тоа го направил, со самиот факт што е член на партиски орган и со тоа партиски функционер.Бислимовски е старото лице на СДСМ. Партиски функционери кои се продаваат за независни експерти, а работат исклучиво за свој џеб на штета на народот.Заев и СДСМ не се решение за проблемот тие се проблемот. Заев и СДСМ мора да паднат,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

zan-Mitrev

Жан Митрев се оградува: Тоа не е мој син! Случајно има исто презиме како моето“

Тој не е мојот син“, вели Жан Митрев, сопственикот на истоимената клиника, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев, лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.Од изјавата што сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ ја даде за „А1он“ останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност за лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.„Тоа не е мој син! Случајно има исто презиме како моето“, ни изјави вчера Митрев. Денеска, кога прашавме да ни објасни подетално, каква е неговата поврзаност со Филан Митрев, тој одговори: „Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син!“, за подоцна да каже дека станува збор за „лажни вести“.извор: А1 ОН

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања