Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

deponija-aleksandar-palas

Повторно гори депонијата кај салата „Борис Трајковски“

Повторно гори депонијата зад кејот на реката Вардар Скопје, во близина на салата „Борис Трајковски“. Гори шут и отпад, а зафатено е и зеленилото и дрвјата наоколу.Пожарникарите од Скопската бригада за САКАМ ДА КАЖАМ велат дека пожарот не може да се изгасни лесно затоа што о оти има голема количина шут и отпад и потребна им е и градежна механизација.фото: СДК.МК 

Скопје | пред 5 години

grubi

Артан Груби до „комитите“: За такво однесување нема место во нашето ново општество

Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада, вчера им порача на навивачите на Вардар дека за нивното однесување, како што вели тој, нема место во новото општество.Ваквата реакција на министерот за политички систем следи откако Вардар вчера во македонското фудбалско првенство го совлада најлутиот градски ривал Шкупи со 1-0, а стотина „комити“ кои поради мерките против коронавирусот не можеа да присуствуваат на натпреварот, навиваа пред јужната трибина од националната арена за време на натпреварот во Скопје.„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, напиша Груби на Фејсбук по некое време откако заврши мечот.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica1

Собранието ќе гласа за составот на работните тела

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека денеска напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на парламентот, а потоа верификацијата на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.Составот на работните тела помина и на седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која беше потенцирано дека бил постигнат консензус меѓу сите пратенички групи во Собранието. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Ќе протестираме додека не ја симнеме мафијата од власт

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата по повод поскапувањето на цената на електричната енергија од страна на владата на СДСМ и порача дека ќе извршат притисок врз власта да го укине поскапувањето на струјата и политиките кои што не им одат во прилог на граѓаните.- ВМРО-ДПМНЕ и коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е народна коалиција и практично сите оние неправди кои се нанесуваат на народот ние ќе го артикулираме заедно со народот и ќе го поддржиме народот на улиците, а паралелно со тоа ќе се бориме во институциите заедно со сите останати опозициони партии кои што исто така сакаат да рефлектираат и артикулираат опозициони ставови кои што мислат дека сето ова што го прави оваа мафија на власт е погрешно и дека е спротивно на интересите на граѓаните. Така што ќе треба да се навикнат да го гледаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи партијата на улиците заедно со народот, истакна Мицкоски.Тој кажа и дека упатиле повик до сите оние поединци, невладини организации без разлика на етничката припадност кои што ценат дека имаат антивладини ставови.-Ова кое што ние цениме дека го прави оваа Влада, оваа мафија на власт е погрешно на интересите на граѓаните да ни се придружат да се обединиме затоа што само така можеме заедно сите обединети и посилни да го бутнеме ова што денеска ни се случува во државата, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во парламентот ќе продолжи намалување на данокот на добивка од 10 на 9 проценти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Бизнис поенти на ТВ Алфа, вели дека веднаш по формирање на комисиите до собранието ќе поднесат Предлог закон за намалување на данокот на добивка од 10 на 9 проценти, односно како што рече тој ако има доволно желба кај власта еве начин да се помогне на компаниите да ги задржат работните местаЌе продолжиме да ги артикулираме нашите позиции и мислам дека тоа е легитимен начин да ги презентираме нашите ставови на еден мирен начин, но и истовремено како што кажам тоа ќе го правиме и во рамките на парламентот. Еве ќе најавам дека пратеничката група ан ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето ан комисиите ќе достави до парламентот Предлог закон за намалување на рамниот данок од 10 на 9 проценти. Така што ако има доволно желба кај владата да практично му помогне на бизнисот, да се сочуваат работните места еве начин, наместо да имаме богата мафијашка влада и мафијаши во владата да имаме солидни компании кои што ќе успеат да ги задржат работните места, а да не ни се случува да сме рекордери во Европа по падот на БДП од речиси 13 проценти, рече Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е нервозна поради окрупнувањето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е нервозна поради окрупнувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Не очекувавме дека СДСМ ќе го поздрави чекорот на соединување на ИНТЕГРА со ВМРО-ДПМНЕ затоа од ден на ден се поголем станува блокот кој жестоко ќе го порази Зоран Заев и неговата мафија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев гледа дека се повеќе луѓе гледаат дека тој е проблемот на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ решението.ИНТЕГРА и сите други општествени чинители кои се приклонуваат кон ВМРО- ДПМНЕ во борбата против СДСМ го препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како единствена политичка сила која што ќе се спротистави на деструктивните политики на СДСМ.Криминалот, мафијата и владата во Македонија се едно исто и мора да паднат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

sela

АА: Продолжува старата традиција на демонстрирање сила од коалицијата СДСМ-ДУИ!

Денес ја слушнавме прес-конференцијата на вицепремиерот Артан Груби, на која тој откри неколку точки што Владата ќе ги ангажира во следниот мандат, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците. Тие додаваат:Интересно е што кога ќе ги споредите овие негови изјави со говорот на премиерот во парламентот, тешко дека ќе најдете заеднички јазик. Освен најпопуларниот тривијален јазик за меѓународно партнерство, овие две клучни фигури на партнери во новата влада немаат ништо заедничко во нивниот вокабулар. Тие продолжуваат да фрлаат пепел во очите на јавноста и даваат демагошки изјави, секој за дел од своето мислење и се подразбира дека заедничката работа за која ќе бидат ангажирани се тендерите, бизнисите и нивните партиски придобивки.И тој е контрадикторен на самиот себе.  Тој вели дека ќе се залага за систематизација на администрацијата, за признавање на нивните дипломи, вели дека ќе започнат да ја следат реализацијата на целосната еднаквост, ќе бидат посветени на спроведувањето на законот на албански јазик итн.Овие изјави докажуваат дека досега ништо не е сторено во врска со ова.  Ако сега планирате да започнете да ги спроведувате, тоа значи дека не сте започнале во последните 18 години и никој не верува дека сте сериозни.Исто така, тој вели дека не може да има правда за едниот и различно за другиот, различен за политичарите и различен за граѓаните и правдата нарачана по телефон.  Парадоксална изјава, бидејќи тој самиот признава дека правдата била селективна и дека досега таа била нарачана по телефон.Никој повеќе не му верува на Артан Груб, па дури ни на владата.  Во оваа прилика, ве потсетуваме на времето кога Артан Груби беше партнер на Груевски.  По случајот во Кале Скопје, тој изјави дека СДСМ му понудил да создаде етнички проблеми, но тој одбил.  СДСМ категорично ја демантираше оваа изјава.  До денес не е познато кој изневерил, Артан или СДСМ.  Истото денес по оваа конференција, не знаеме кој е во право? Артан со она што го изјави денес, или Заев со она што го рече на неговото експозе..Значи, со еден збор, продолжува дежаву-то на оваа влада, со празни изјави и паушални суми од типот на изјави за албанскиот премиер, додека оние кои ја доживуваат штетата на сопствената кожа, се самите граѓаните, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Ќе ви тежи цел живот предавството и криминалот што го правите, Македонија и Македонците не забораваат

Гоце Делчев е идеолог и водач на македонската револуционерна организација и се бори за ослободување на Македонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој додава:Македонија која вие ја засрамивте, пониживте, опљачкавте и разочаравте. Жалам што, наместо да промовирате вистински европски вредности, се одлучивте да продолжите да распродавате од нашето достоинство и не заборавивте да крадете.Ќе ви тежи цел живот предавството и криминалот што го правите. Македонија и Македонците не забораваат. Жалам за поразот во Делчево, ќе бидеме подобри следниот пат кога ќе има демократски избори, а се радувам на победата во повеќе од 40 општини, вклучувајќи го и Скопје.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1661448134030639

Македонија | пред 5 години

levica

Левица објави повик за акција и донација

Драги соборци...Во приказната на Животот, или дозволуваш да ти се случуваат работите или ТИ самиот правиш да се случуваат. Со Левица покажавме дека сме од вториот ков – троскот кој не можат да го искорнат! Покажавме дека стравот и безнадежноста се ништо во споредба со Храброста – оти таа е заразна и, кога еднаш ќе се појави, како незапирлива фурија, доаѓа по своето, напишаа на своојот ФБ профил од Левица. Тие додаваат:Иднината зависи од она што го правиме сега. А она што доаѓа, е многу подобро од она што е поминато, бидејќи наместо да го предвидуваме – НИЕ заедно ќе го создадеме.Во Левица сме обединети сите БОРЦИ против нефункционалниот и корумпиран систем, оти знаеме дека она што го погодува еден од нас, ги погодува сите. Како луѓе од народот, знаеме дека сѐ додека стравуваме за дом, прехрана, работа, здравје – сѐ додека сме желни за правда, ние не сме слободни и Борбата мора да продолжи.Заедно дојдовме дотука. Им го пробивме системот. ЗАЕДНО продолжуваме уште посилно! Затоа, воскликот и ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираните пари на Левица во пропаднатата Еуростандард банка, без кои не можеме нормално да функционираме, за нас се само инспирација за акција.Уште пред повеќе од една деценија, почнавме да градиме автентично политичко движење буквално од НУЛА, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата. Нам никогаш не ни е страв, пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина.Левица никогаш нема да стане Партија која одработува за лоби групи кои ја купиле со нивните валкани пари. Затоа, Левица, консолидирана и посилна од било кога, се обраќа за политички ДОНАЦИИ кон сите наши стари и нови членови, симпатизери и сограѓани, нашите гласачи и поддржувачи – кон луѓето од кои црпи легитимитет и на кои им припаѓа.Некои можеби ќе мислат дека ова е наивно, но не е! Туку доблесно. А ДОБЛЕСТА е клучот кој го менува светот. Ние не бараме луѓето да прават нешто што не можат, туку она што сакаат и што можат да го направат. Во Левица луѓето делуваат со љубов, посветеност и ентузијазам, поради тоа што веруваат дека подобар свет е можен. Поради тоа што сакаат да се дел од Движење во кое е ОК да бидеш добар, чесен и неподмитлив; повеќе да даваш, одошто да земаш; да бидеш искрен и пркослив, наместо поразен и апатичен.Ние ги спасивме идеалите и принципите, со тоа што не се шитнавме. А ако се спасени ПРИНЦИПИТЕ – сè е спасено!Ако го имаш чесниот народ со тебе – имаш сè, оти борбата не се само проблемите кои ги имаме, туку, првенствено, луѓето со кои ги решаваме.Ако веруваш дека така треба, приклучи се и Ти кон нашата АКЦИЈА и биди дел од долгиот пат на Борбата која ни претстои.https://www.facebook.com/PartijaLevica/photos/a.257980395128476/657630215163490/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Mladi-skopje

(ФОТО) Толпа малолетници упатувале вулгарни пцости и закани на скопскиот плоштад, тврди скопјанец кој е очевидец

ФБ статус:Анатомија на грдотоСкопје.Плоштад Македонија.Неделно попладне.14 часот.13 Септември.Тишина и мир.Празни кафулиња.Понекој намерник.Во моето кафуле со другар ми Тони муабет за неверите меѓу луѓето.Две маси од нас госпоѓа ви црн фустан твитка на мобил во својата осама.Нејзината црна шапка и отмена елеганција ни привлекуваат поглед.Гласот на Леонард Коен.Алелуја.Смирува.Наеднаш гром од ведро небо.Крик.Се задава темен облак.Толпа од 30-тина момчиња на околу 15 години со невидена агресија и со факли.Облечени во црно.Вулгарни пцости и смртни закани за нашите сонародници.Седиме во кафуле чиј сооственик е муслиман.Две маси од нас три девојчиња со шамии си пијат кафе.Забележувам нелагодност.Ретките гости им се извинуваме на сопственикот и на девојчињата.Ќе помине велат.Нема полиција.Толпата одминува.Завладува тишина и молк.Стивна и Коен.Налет и кафе.Па тие се деца!?Од каде излегоа пцостите и заканите!?Па тие за љубов треба да крикаат!Ова некој им го нарачал или ги подучил да мразат!?Родителите!?Останува горчливиот вкус.Заминуваме во тишина.Кабаетот не е во децава.На друго место е.По ѓаволите!Па Скопје е град на солидарноста,на мултикултурата,на љубовта,на Нусе и на Марија,на Никола и на Мемо...На каури и на арнаути и на сите други.Нашето Скопје...Градот убав...Пак ќе никне...Скопје младост ти ќе будеш...Скопје ти си возвратена љубов!Некој треба да стави прст на чело...Ова беше само лош миг...Простете, драги скопјани муслимани!Скопје сепак е љубов и ние се сакаме! Нели! https://www.facebook.com/nikolatt.kalajdiski/posts/118923063277760

Скопје | пред 5 години

01092020_PVRSM_Zaev_ANB-1

Заев: Делчев се борел за правда, а Мицкоски за неправда

Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на протест во вторник за Гоце Делчев.„Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно. Тоа на Мицкоски му го порачаа и граѓаните на Делчево каде ВМРО-ДПМНЕ изгуби со повеќе од 1000 гласови разлика на последните избори“, напиша Заев на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159024199962932

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

Полицијата растури семејна веселба во Гази Баба, има приведени

Синоќа по полноќ, при интервенција на улицата „Димче Милошевски“ во Гази Баба, полицијата упаднала на семејна веселба по поплака за гласна музика.„А.К.(25) од Битола нападнал полициски службеник. Потоа во вршењето на службени дејствија полициските службеници биле спречувани од Т.П.(26) од Скопје и бил приведен во полициска станица“, информираат од МВР.Приведен бил и Б.П.(56) од Скопје бидејќи ја организирал семејната веселба, спротивно од препораките од Владата.

Скопје | пред 5 години

13092020_ZPVRSM_Press_1

Груби: 1.300 рамковни административци во најкус можен рок ќе бидат распределени во државните институции

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби најави дека во соработка со Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции. Станува збор за 1.300 вработени во неговото министерство, претходно секретаријат за политички систем, кои земаат плата, а не одат на работа.„Приоритет ќе ни биде систематизацијата на 1.300 вработени во ова министерство на кои треба да им најдеме место во државните институции низ целата држава. Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледаат да ја градат во нашата земја“, кажа Груби на денешната прес-конференција во Владата.

Македонија | пред 5 години

skopje

Скопје урбанистички ќе се самоубие во новата населба во Кисела Вода

Последниот предлог ДУП за градска четврт Ј14 – Расадник, претставува  кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија.  План кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90-тите години на XX век. Значи заокружуваме 30 години, одење наназад, особено за Кисела Вода, која нема друг простор за дефинирање на својот локален центар, објави plusinfo.mk.– Планот нуди загушување, губење на сите термини кои по лекциите од часовите по Урбанизам  ги слушавме постојано ( во текот на студирањето), како на пример: градежна линија, габарит, висина, осончување, проветрување, организирање на функции, проектирање визури, зеленило, паркирање, сообраќајници… Сите овие точки  кои го дефинираат урбанизмот се применети во својата негативна конотација – стои во статијата објавена од Македонска АРХитектура (МАРХ).Текстот во целост на:  plusinfo.mk.

Скопје | пред 5 години

prespansko-ezeo

(ФОТО) Димовски: Преспанско е пред катастрофа...

Во едно минато време имаше држава која решаваше проблеми со исчезнување на езера...Сега има држава без училишта и редовен образовен систем, напиша на својот ФБ профил Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Тој во објавата додава:Преспанско е пред катастрофа...П.С. Ако власта не гледа и нема идеја, опозицијата да проба да состави тим на лик како оној кој го спасуваше Дојранско и да настапи со план и притисок врз власта..https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10223787727784865&set=pcb.10223787736425081&type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

dupka-1

(ВИДЕО) При градежни активности на булеварот Александар Македонски, работниците наишле на дупка длабока 4 метри

Работните кои работат на булеварот Александар Македонски, на источниот влез во Скопје, за време на градежните зафати наишле на дупка длабока 4 метри. Видео и фотографии од состојбата на терен сподели градоначалникот Петре Шилегов велејќи дека е среќа што досега улицата не продаднала.„Кога некоја инфраструктура не се одржувала повеќе од 40 години, тогаш изгледа за жал дека е многу нормално при реконструкција да наидете на дупка длабока 4 метри. Само среќа ги чувала сите кои поминувале по булеварот Александар Македонски, а патот не пропаднал. Веќе започнавме со санација и нема да доцниме со реконструкцијата“, напиша Шилегов на неговиот фејсбук профил.https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3371937376364170/3371933993031175/?type=3&theater

Скопје | пред 5 години

dete-vardar

9-годишно дете падна во Вардар- полициски службеници го спасија

Околу 14 часот, во близина на Камен мост во Скопје во реката Вардар девет годишно дете падна во реката.Како што соопшти МВР, веднаш интервенирале полициски службеници од Полициската станица – Центар и од Интервентната полиција по што детето било извлечено и спасено.

Скопје | пред 5 години

dui

ДУИ ќе раководи со БЈБ, Финансова полиција, Фондот за здравство...

Според договорот Заев - Ахмети, ДУИ ги превзема од СДСМ и Бирото за јавна безбедност во МВР, како и Финансовата полиција.Исто така и Фондот за здравство, како една од клучните институции, ќе биде раководен од кадар на ДУИ.Ова се персоналните решенија, до чии имиња, дојде Вечер.мк од извори во ДУИ:Директор на Бирото за јавна безбедност, Шефик Бајрами, вработен како началник во МВРДиректор на Финансова полиција, Ширет Елези, досегашен замeник министер за финансииИнспекторат за труд, Хади ФетишиФонд за здравство, Фатон АхметиМЕПСО Мукадес ХајдариАЕК Арианит ЏафериДиректорат за заштита и спасување, Арсим НурединиАгенција за лекови, Лирим ШабаниДржавни патишта, Ејуп РустемиБиро за метрологија, Фестим Халили.Центар за управување со кризи, Бајрам НасуфиДржавен Катастар, Башким АхметиЖелезници, Фатон ПоложаниМЕР (националните енергетски ресурси) - Бајрам Реџепи Текстот во целост на: Вечер.мк 

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Губитникот Мицкоски прави сѐ само да не го исполни ветувањето за оставка по поразот на изборите

Очајот и фрустрациите од третиот последователен пораз кај Христијан Мицкоски не стивнуваат.Пред само два месеци, на фер, слободни и демократски избори, Мицкоски и нереформираното ВМРО-ДПМНЕ добија јасна порака од граѓаните кои ги поразија нивните деструктивни политики, се вели во соопштението од СДСМ.Денес, Мицкоски врши упади во други политички партии само за да го прикрие фактот што не го исполни ветувањето дека ќе поднесе оставка ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.Наместо оставки и реформи, Мицкоски организира лицемерни протести на кои неговите приврзаници со скапи автомобили глумат загриженост за цената на струјата, а се со цел, да ја задржи фотелјата во Белиот дворец,Најавата за формирање таканаречен опозициски блок е само уште еден во низата блефови на Мицкоски, тој одамна ја нема поддршката од граѓаните, заради неговото незрело, неодговорно и деструктивно однесување.Граѓаните јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште догло ќе бидат опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

(ВИДЕО) Раководните структури на Интегра преминуваат во ВМРО ДПМНЕ, ова го официјализираа Мицкоски и Зафировски

Членовите кои преминаа во ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека партијата „Интегра“ работела во интерес на СДСМ.Дел од раководството и членството на Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ. Трансферот на заедничка средба го официјализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.Зафировски рече дека лидерот Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себе си за пророк.-Поголемиот дел од членовите на претседателството вклучувајќи ме мене како потпретседател и меѓународниот секретар на ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, потоа носителот на петтата Изборна единица,  координаторот на ИЕ 6, како и бројни носител на различни функции во рамките на претседателството но и во лидерските тимови на ИНТЕГРА одлучивме од денес да поминаме, да се интегрираме во ВМРО-ДПМНЕ.Покрај членовите од претседателството, во ВМРО-ДПМНЕ поминуваат поголемиот број претседатели и членови од ОК на ИНТЕГРА од Карпош, Центар, Битола, Штип, Велес, Демир Хисар, Ресен, Новаци, Могила а таква најава има и од поголем број други ОК.Причината е многу едноставна. Сите ние сме со десничарска политичка ориентација, ние до сега ги застапувавме и ги застапуваме либертаријанските принципи кои подразбираат слобода на мислата, слобода на иницијативноста, владеење на правото подеднакво за сите и се разбира бескомпромисна борба против криминалот во сите негови појавни форми.Деспотскиот однос на лидерот на ИНТЕГРА Љупчо Ристовски и неговата фикција дека тој е пророк и месија испратен од Бога и неговата фикција дека ќе ја спасува Македонија на еден волшебен начин, ги сруши сите либертаријански принципи за кои заеднички се боревме и настапувавме. Едноставно партијата ја претвори во трговско друштво каде што тој е трговец поединец, ја претвори партијата во некаква секта каде што тој самиот е партијата.Простете, меѓутоа во такви околности, во такви услови ние одбиваме да работиме и да се декларираме како дел од таа ИНТЕГРА. Затоа сакам да нагласам дека сите се определивме да преминеме во ВМРО-ДПМНЕ и оттука испраќаме повик до сите оние десно ориентирани политички партии, па и оние кои не се десно ориентирани да ни се придружат да направиме блок кој ќе ја реализира онаа идеја која беше присутна уште пред изборите. А таа идеја беше да се сруши оваа власт која ја обезличи и обесчести Република Македонија, истакна Зафировски.Мицкоски рече дека во периодот кој следи ќе почне процесот на окрупнување на опозицијата во кој повеќе партии и организации ќе се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.-Јас сум задоволен затоа што од овој момент практично и во деновите кои што следат ќе биде процес на окрупнување на опозицискиот фронт. Јас би рекол така групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии се оние структури кои што ќе го окрупнат и омасоват опозицискиот блок против оваа мафија која што денеска се наоѓа во Владата.Еве започнуваме од денеска, но во деновите кои што следат ќе видите и други примери и други случаи  на окрупнување на разни структури во рамките на опозицискиот блок, истакна Мицкоски. https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/661811368037191/

Македонија | пред 5 години

13092020_ZPVRSM_Press_1

(Видео) Груби: ДУИ ќе има 5 заменици министри и 5 државни секретари

Заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на прес-конференција во Владата најави дека ДУИ ќе има 5 заменици министри и петмина државни секретари.„ДУИ ќе има заменици министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за правда. Ќе има и пет државни секретари“, изјави Груби.Тој очекува деновиве да бидат заокружени и објавени нивните имиња.Како што рече, со СДСМ договорена е и замена на некои од директорските места.„Всушност тоа не е поделба, туку станува збор за замена на ресорите. На пример, АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни“, изјави Груби одговарајќи на новинарски прашања.Како што рече, со СДСМ договорена е и замена на некои од директорските места.„Всушност тоа не е поделба, туку станува збор за замена на ресорите. На пример, АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни“, изјави Груби одговарајќи на новинарски прашања.Тој истакна и дека кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери,  нема да се вработи во министерството, но ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти.Тој истакна и дека кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери,  нема да се вработи во министерството, но ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска нови 98 лица позитивни на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит од: Скопје-19, Куманово-7, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Берово-3, Делчево-3, Свети Николе-2.Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15791,  бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6309, активни 564• Куманово 1602, активни 221• Дебар 268, активни 35• Штип 1204, активни 76• Прилеп 562, активни 139• Тетово 1301, активни 127• Струга 625, активни 62• Велес 287, активни 18• Битола 245, активни 47• Охрид 392, активни 60• Кавадарци 202, активни 31• Гостивар 854, активни 97• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 103, активни 46• Крива Паланка 82, активни 37• Радовиш 52, активни 9• Крушево 18, активни 2• Кочани 186, активни 52• Пробиштип 95, активни 18• Демир Хисар 60, активни 2• Македонски Брод 84, активни 12• Пехчево 42, активни 27• Берово 73, активни 31• Валандово 11, активни 3• Виница 94, активни 34• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 5• Свети Николе 309, активни 21• Кичево 290, активни 37• Ресен 153, активни 6• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1253 теста се преку: ИЈЗ-377, ЦЈЗ Скопје-43, Авицена-274,  Биотек-90 , МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -154, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-156, Инфективна клиника-2, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 165.892 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  5 деца и 5  мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 52• Гази Баба – 76• Аеродром - 97• Карпош – 68• Центар – 75• Кисела Вода – 55• Ѓорче Петров – 27• Бутел - 35• Шуто Оризари – 12• Студеничани – 10• Сарај – 17• Арачиново – 8• Илинден – 12• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 2• Петровец – 4• Зелениково - 1• Странец – 4• Нераспределен-6

Македонија | пред 5 години

ljupco-zlatev

Златев: И сеа. Ќе има ли магнетни трамваи, вселенски опсерватории ....

ФБ статус на Љупчо Златев:-И сеа. Ќе има ли магнетни трамваи, вселенски опсерватории и безгравитациски капсули? https://www.facebook.com/lzlatev/posts/3654646154568821

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Раководни структури на Интегра преминуваат во наши редови

Досегашни раководни структури на партијата Интегра преминуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од најголемата опозициска партија во соопштение до јавноста.Од таму најавија дека на пладне лидерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со претставници на Интегра во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, по што се најавени изјави за медиумите.Состанокот велат, е во насока на најавеното окрупнување на опозицијата.

Македонија | пред 5 години

kniga-1

Доделени наградите на ЗИКМ на годинешниот саен на книгата во Скопје

Во рамки на XXXII Меѓународен саем на книгата во Скопје, во сабота, 12.09.2020, со почеток од 19 часот, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите поделени во 5 категории, за изданија издадени меѓу двата саеми. Одлуката ја донесе тричлена стручна комисија во состав проф. д-р Наташа Аврамовска претседател, новинарката Весна Дамчевска, член, и академскиот ликовен уметник Златко Глигоров, член. Право на учество имаа сите изложувачи на саемот.Добитници на наградитe се следниве книги и реализатори: I КАТЕГОРИЈА: Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми I. НАГРАДАЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„ЛИНГВИСТИЧКИ АТЛАС НА МАКЕДОНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ“уредник: Марјан Марковиќ, издавач: МАНУ, Скопје II. НАГРАДАЗА НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО ИЗДАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЛИТЕРАТУРАТА, НАУКАТА, КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„222 АНТИУПАТСТВА ЗА ЛИЧНА УПОТРЕБА (1978-2018)“автор: Александар Прокопиев, издавач: АВАНТ ПРЕС, СкопјеII КАТЕГОРИЈА: Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми I. НАГРАДАЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„ЖИВОПИСОТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА XI-XVII ВЕК“автор: Цветан Грозданов, издавач: МАНУ и МАТИЦА МАКЕДОНСКА, Скопје II. НАГРАДАЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„МУРАЛНОТО СЛИКАРСТВО ВО ИСЛАМСКИТЕ САКРАЛНИ ГРАДБИ ВО МАКЕДОНИЈА“автор: Дита Старова - Ќерими, издавач: ЛОГОС-А, Скопје III. НАГРАДАЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ И ДИЗАЈН НА КНИГА-ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„ВИДЕНО ПОД НОЌНА СВЕТИЛКА (ЗАПИСИ НА СТРАЖАРОТ)“автор на текст и дизајн: Филип Клетников, издавач: АВАНТ ПРЕС, Скопје III КАТЕГОРИЈА: Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми I. НАГРАДАЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„КАКО ГИ ДРЕСИРАМЕ МАМА И ТАТО“автор: Владимир Петрушевски - Фили, илустрации: Наташа Костовска, издавач: МАГОР, Скопје II. НАГРАДАЗА НАЈДОБРО ИЛУСТРИРАНА КНИГА ИЛИ СЛИКОВНИЦА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„ПРИНЦЕЗАТА НА КНИГИТЕ“автор: Ана Стојанов, илустрации: Ева Шабанова, издавач: ЕДУКА МАК, СкопјеIV КАТЕГОРИЈА: Награда „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми: I. НАГРАДА„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА, ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„ANALIZA E FORMËS SË MUZIKËS KLASIKE“Автор: William E. Caplin, Издавач ЛОГОС-А II. НАГРАДА„ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ЗА НАЈДОБРА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА, ПЕЧАТ И ИЗРАБОТКА НА КНИГА ИЛИ ЕДИЦИЈА МЕЃУ ДВАТА САЕМИ„ЕВРОПСКИ КНИЖЕВЕН МОЗАИК“издавач: МАГОР, СкопјеV КАТЕГОРИЈА: Најдобар книжар меѓу двата саеми. Во оваа категорија, по тесната трка, комисијата одлучи да ја додели наградата на двајца конкуренти:-НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР КНИЖАР МЕЃУ ДВАТА САЕМИХАДИС ЧАКОЗДРУЖЕНИЕ ЗА НАУКА И КУЛТУРА „ВАРДАР“, Ско

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања