Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

sudstvo-2

СДСМ: Уште во првите 100 дена од мандатот ќе се донесе модел за прочистување на судството

Ред, правда и дисциплина, градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото ве врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ во новиот мандат.Уште во првите 100 дена од мандатот ќе биде подготвен модел за прочистување на судството, кое меѓу другото подразбира и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција, се вели во соопштението од СДСМ.Истовремено, Судскиот совет, согласно новите закони, треба да направи детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање.На почетокот на следната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил, на околу 50 предмети годишно. Во овој процес ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ како спроведувачи.Следува и ревизија по случаен избор на 5% од предметите од висок профил, на случаи кои застариле, за да се увидат причините за нивно застарување.Министерството за правда и Владата ќе подготват и нов модел за спречување на злоупотребите на системот на судии-поротници преку промена на начинот на избор, одредби за конфликт на интереси, зајакнување на одговорноста на поротниците и посебни процедури за гласање при донесување на одлуки.За поефикасна и посилна борба против криминалот и корупцијата, следува и кадровско зајакнување на судовите и обвинителствата преку зголемување на бројот на стручни соработници.СДСМ останува посветена на градење силна и ефикасна правна држава, доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Владата на Заев денес се задолжува за нови 42 милиони евра за враќање на долгови, додека спрема нови картички за поткуп на гласови

Денес преку закажана аукција на државни записи Владата на Заев ќе ги задолжи граѓаните за нови 42 милиони евра наменети за враќање на стари долгови, додека во исто време за непродуктивни трошења и набавка на нови службени возила троши над 8 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Владата безмилосно и душмански ги задолжува граѓаните и наместо парите да одат за помош на невработените и бизнисот тие се наменети за картички кои се дел од заложбата на Заев за купи ден помини политика.Нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а впрочем нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на денПлатежната картичка која Заев ја ветува е замачкување очи на граѓаните, кои за само еден месец добија поскапа струја и пропадната банка, каде има илјадници оштетени, и десетина илјади не можеа да добијат навреме пензија и социјална помош.Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Во Македонија денес имаме над 40 илјади невработени, историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Иако се потрошија 1 милијарда евра раст нема, нема ниту ефект за амортизација, напротив тоне државата.И додека се оди во надолен тренд сметките за струја растат.Заев, СДСМ и мафијата на власт не се решение за проблемот, тие се проблемот.Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

goce

ВМРО-ДПМНЕ повика на протестен марш за Гоце Делчев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук за енеска во 18.30 часот најави протестен марш кој ќе почне од Министерството за правда, ќе продолжи по мостот „Гоце Делчев” и ќе заврши пред Министерството за надворешни работи.„Ова е протест на народот, целта е за ЕУ, за Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме!“, порача Мицкоски.Минатата недела партијата протестираше пред Регулаторната комисија за енергетика со барање да се врати старата цена на струјата.

Македонија | пред 5 години

struja

Ковачевски за ТВ 24: Со евтината тарифа денес, сметките за струја се пониски од оние во 2017 година

Цената на електричната енергија не се формира пред или постизборно, тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ, цената на електричната енергија, според услови и критериуми, ја формира Регулаторната комисија за енергетика, која во сите  сегменти на оценување беше  прогласена за најдобра од страна на Европската енергетска заедница, порача вечерва Васко Ковачевски, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.Ковачевски, низ конкретен пример посочи дека сега, за разлика од годините на владеење на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаат пониски сметки за струја, благодарение на дневната евтина тарифа што ја донесе токму СДСМ.- Просечно домаќинство, ако троши околу 250 киловат часови во тоа време, во 2006 година, имало сметка од 822 денари. Во 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ си оди од власт,  нема евтина тарифа и просечната цена за истите 250 киловат часови е 1634 денари, што е речиси двојно повисокo. Со доаѓање на СДСМ на власт и реализација на нашето ветување за враќање на евтината тарифа, ако семејството што троши 250 киловат часови пример 150 во скапа тарифа, а 100 киловат часови се евтина тарифа, новата сметка за струја изнесува 1309 денари, односно заштеда од 326 денари. Со новата цена на електричната енергија сметката за истото семејство и истите киловати ќе биде повисока за 97 денари и ќе изнесува 1406 денари, односно повторно има заштеда за разлика од претходно, порача Ковачевски.Тој порача дека иако ЕСМ немала законска обврска да учествува во двата ЛОТ-а за јавната  набавка, сепак АД ЕСМ учствувала и во двата ЛОТ-а, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.Ковачевски истакна дека денес државата води одговорни енергетски политики кои се признаени од Европската енергетска заедница и кои во разлноста даваат видливи резултати во развојот и унапредувањето на енергетскиот сектор.

Македонија | пред 5 години

dete-pomos

Измама за помош, објавена фотографија од 10 год дете на кое наводно му треба помош за лекување

До МВР не стигнала пријава за случај за злоупотреба на фотографија на 10 годишниот Олти. ТВ21 пред неколку дена контактираше со семејството на Олти кое стана жртва на злоупотреба на социјалните мрежи. На отографијата на Олти беше напишано лажно име – Алтон од Куманово боледува од болест на бубрезите и му се потребни 4 илјади евра за лекување. Неговиот татко, Арѓенд Паќаризи рече дека случајот ќе го пријави во Шведска, каде што живее.Во замка падна и лице од Куманово кое поверувало дека детето е болно и дека мајката е самохран родител и дека навистина има потреба од операција.Текстот во целост на:ТВ21

Македонија | пред 5 години

abaz1

Градежните активности од втората фаза на ул.”Абас Емин” влегуваат во финиш

Финишираат градежните активности од втората фаза за реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата „Абас Емин“, на потегот од крстосницата со улица „Македонски Просветители“ до крстосницата со улицата „Охридска Бригада“.Претходно се работеше на реконструкцијата на подземната инфраструктура на потегот од булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.Во текот на наредниот период, согласно проектот за реконструкција на улицата, на овој потег ќе биде извршено асфалтирање на коловозната лента и уредување на тротоарите. За оваа намена, Општина Охрид веќе започна соодветна тендерска постапка.

Македонија | пред 5 години

sala

Цело семејство ќе вежба онлајн физичко?

Одложениот старт на новата учебна година, поради пандемијата со ковид-19, се очекува да започне за нешто повеќе од две недели, а освен за најмалите, за повеќето ученици наставата ќе се одвива онлајн. Иако сѐ уште не е познато како точно ќе се одвива онлајн наставата, особено за некои предмети, како што е физичкото воспитување, Плусинфо побара одговор од деканката на Факултетот за физичка култура, проф. д-р Ленче Алексовска Величковска.– Ние како факултет, веќе подолго време имаме одлична соработка со Министерството и со Бирото за развој на образование, и може да се каже дека нашите професори се подготвени на новиот предизвик. До Бирото беа доставени наставни единици, како би течеле часовите по физичко, дали онлајн, дали со присуство, па сега треба одделот за физичко образование да ја одобри наставната програма и таа да биде доставена од директорите на училиштата – рече Алексовска Величковска.Таа додава дека овој начин на работа покажал добри резултати затоа што за време на карантинот, онлајн настава имале студентите од УКИМ, па покрај нив, вежбало и целото семејство и сите биле задоволни.Текстот во целост на: Плусинфо

Македонија | пред 5 години

napadnato-kuce

Бездомно куче нападнато со секира во Карпош

На само дваесети метри од полицискта станица Карпош , сцена како од хорор филм. Среде бел ден Карпошани ги вознемирил гласен крик од маалското куче кое една деценија е нивен миленик, објави Телма.Маалскиот миленик , веднаш го однеле на ветеринар – за среќа, велат успеале да го спасат,а лекарот им кажал дека длабоката рана веројатно е направена од удар со секира или сатар.Случајот бил пријавен и во полиција, а од МВР за Телма велат дека се работи на расчистување на случајот.Од здруженијата за заштита на животни “Шепасти Ентузијасти” велат дека случаите на малтретирање на бездомни животни , кои неретко завршуваат и со убиство, се се почести .Текстот во целост на: Телма.мк

Скопје | пред 5 години

dimce

Арсовски: Отворените листи преставува основа за разговори за промена на Изборниот законик

Оние кои буквално го разораа судството, не може да ја вратат довербата во судството кај граѓаните.  После 4 години власт ниту еден случај за кои тие самите велеа дека е криминален има правна разрешница, но затоа имама десетици други нови случаеви каде криминалот на власта е толериран, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Нема да зборуваме за претходните 4 години колку што е на власт Заев и СДСМ, туку ќе зборуваме за месец и половина колку што е новиот мандат на старата криминална влада на Заев.За само месец и половина се случи, да пропадне Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра, а парите да отидат во џебот на струмички фирми блиски до Заеви, се случи афера со панамски пари за бизнис зделки помеѓу Зоран Заев и бизнисменот Дака Давидовиќ за нови 2.000 станови во Тетово, се случија нови седумнаесет катници за развој на урбаната мафија во скопската населба Ѓорче Петров, се случи поскапата струја чиј профит се одлева во една струмичка компанија за обезбедување, или фактот што партиската маша на Зоран Заев, Марко Бислимоски спротивно на закон е првиот човек на Регулаторната комисија.Во однос на предлозите на Маричиќ за една изборна единица и отворени листи треба и официјално да соопштат дали тоа е нивниот конечен став со оглед на тоа што во минатото повеќе работи беа договорени во таа насока, па потоа се предомислија и го променија мислењето. Таквата тргни - застани политика говори за нивниот пазарџиски менталитет.Воедно сметаме дека отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик како и нашиот предлог локалните избори да се оддржат во еден изборен круг со цел да се заштедат пари на граѓаните во период на тешка економска криза и да се заштеди време во кое ќе се спроведе изборниот процес. Исто така, бараме, еднаш засекогаш да се регулира гласањето на дијаспората, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

zabava2

Веселби дома не може, настани во затворено со 1.000 посетители може - нови бизарни измени

Владата на денешната седница одлучи да се дозволат настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот и настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде ќе се одржува настанот со максимален број од 1.000 посетители во двата случаи.Дополнително, во организацијата на настаните ќе биде задолжително носење на маски, одржување на физичка дистанца, дезинфекција на раце и засилени санитарно-хигиенски мерки.Со дадените препораки, соопштуваат од Владата, не се опфатени приватните веселби.„Владата денеска ги разгледа и прифати општите препораки за организирање на настани кои беа предложени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и тоа: задолжително носењето на лична заштитна опрема на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржување на физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката.Задолжителното одржување на физичка дистанца од два метри се однесува и на сите членови на тимовите задолжени за организација. Според препораките, ограничен е капацитетот на посетители и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители. Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација за целото времетраење на настанот, како и засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 проценти натриум хипохлорит (5 проценти белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70 проценти алкохол за дезинфекција за горните површини“, стои во соопштението на Владата.При организирањето на настаните на јасно видливи места ќе треба да се поставува едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, а задолжително ќе биде и присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки: на влезот и во просторот каде се одржува настанот.Дополнително, во одлуката на Владата се препорачува електронска продажба на билети, но доколку е потребно да има билетарница потребно е обележување на растојание односно место за чекање од 1,5 до 2 метри и исто растојание меѓу вработениот и посетителот или заштитна бариера.Врз основа на горенаведените општи препораки секој организатор на настан потребно е да изготви протокол за реализација на планираниот настан кој ќе го објави јавно со цел навремено информирање на посетителите и учесниците во настанот за правилно следење на протоколот.

Македонија | пред 5 години

Nastavnicka-go-dovede-Bil-Gejts-na-cas-vo-Negotino-1

Ученици со куп прашања на Бил Гејтс, откако наставничка го „доведе“ во Неготино

Наставничката Георгина Димова, веќе 19 години предава информатика. Таа работи во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Неготино и секоја година има околу 300 ученици. Веројатно не постои ученик што не би сакал токму таа да му предава, бидејќи кај неа часовите се интересни, интерактивни, а виртуелно се патува до многу интересни земји и се запознаваат несекојдневни личности, пишува Самопрашај.мк.„Во периодот од март до јуни со учениците од информатичката секција се вклучувавме на онлајн часови за програмирање. Настаните ги организираше code.org (коде.орг). Со регистрирањето, наставникот добива линк со кој се вклучува на часовите во живо. На часовите секогаш имаше по некоја интересна личност со која учениците можеа да се запознаат како на пример Бил Гејтс, актерката Јара Шахиди и креаторот на Google sheets (Гугл шитс), Фази Хосрошахи. Учениците уживаа во овие средби, секако многу прашања имаа за Бил Гејтс“, вели Димова.Таа всушност редовно работи на проекти со коишто учениците имаат можности да се запознаваат со нивни врсници од други држави, со експерти од најразлични области, да научат за другите култури и обичаи. Веќе три години по ред нивното училиште учествува во „Skype-a-thon“ (Скајпатон). Станува збор за 48 - часовен настан на кој учениците со користење на „Скајп“ се поврзуваат со ученици од цел свет. Настанот го организира „Мајкрософт“. Димова објаснува дека наставникот треба да биде регистриран на образовната платформа на „Мајкрософт“ за да учествува и преку неа се прават закажувањата на повиците.Повеќе на Самопрашај.мк.Фото: Самопрашај.мк

Македонија | пред 5 години

119433297_3202126479836292_2792946131027306458_n

По се, Скопје ќе се спаси од опасниот отпад во ОХИС?

Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со информациите добиени од компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ Скопје и извршените вонредни инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна средина, соопшти дека е завршено безбедно преточување во нова цистерна на винилхлорид мономерот, кој се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс ОХИС.„Активноста ја реализира компанијата CURIUM од Франција, која има долгогодишно искуство и е специјализирана во преточување ваков вид опасен отпад. Во периодот на реализација на активноста беа запазени сите безбедносни прописи. Следува фаза на транспортирање за што се обезбедени сите потребни документи, а се очекуваат точните датуми на транзит на цистерната со опасен отпад низ државите до конечната дестинација – Германија“, соопшти Министерството.Од таму наведуваат дека до 2 март оваа година реализирани се три од вкупно пет планирани извози на опасен отпад спакуван во соодветна амбалажа за меѓународен транспорт. До сега се извезени околу 55 од вкупно 80 тони опасен отпад, кој веќе е пристигнат и предаден во „Валорек сервисис АГ Базел“, инсенератор во Швајцарија, каде што на безбеден начин ќе се уништи. Преостанатите количини на хемиските супстанции се безбедно спакувани во соодветна амбалажа и се очекува во текот на наредните две недели успешно да се транспортираат и извезат од земјата.По завршувањето и на последната активност за преточување и соодветно пакување на винилхлорид мономерот, како и негов извоз во Германија, во компанијата SUEZ (Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), која поседува дозвола за горење опасен отпад, ќе бидат реализрани сите активности предвидени со проектот „Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје“, спроведуван од компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ, Скопје.

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Се скараа Силјановска и Џафери сред седница

Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за избор на собраниските тела, од говорницата рече дека кадрите што влегуваат во комисиите треба да имаат познавања од областа каде што се поставени и предложи за сите нив Собранието да има увид во нивните професионални биографии по примерот на Словенија. Еден од пратениците од власта изреагира, по што таа се налути обраќајќи им се со зборовите:„Не климајте со глава, немате појма од право“, рече Сиљановска -Давкова.Спикерот Џафери и рече на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ деканема право да ги класифицира пратениците по образование и стручност затоа што се избрани од граѓаните.„Без оглед на што мислевте, немате потреба да му се обратите на пратеник и да му кажете дека нема појма од право. Имавме претседател на комисија со електро-технички факултет и не гледам тука ништо спорно. Немате право да се мешате во изјаснувањето на пратениците…..Не сме на Правен факултет, а доколку имаме потреба, ќе ве бараме за совет. Избрани сме од граѓаните, и тие имаат единствено право да го отповикаат нашиот мандат“, рече Џафери.

Македонија | пред 5 години

119511870_3408448612547639_8787337358805704975_o

Родителите на деца до 10 години се враќаат на работа, пресече Владата и донесе низа одлуки

Владата на Република Северна Македонија на денешната 4-та седница ги разгледа и усвои заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесувајќи соодветни одлуки и тоа:– Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести, односно, почнувајќи од 23 септември 2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, согласно соодветниот правилник од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.– Вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда) да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи. Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство.– Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9.9.2020 година, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ.– Родителите чии деца од шест до 10 годишна возраст се вклучени во воспитно – образовниот процес во училиште, почнувајќи од 23 септември 2020 година (среда), да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, без разлика на начинот (со физичко присуство или од далечина) на кој детето ќе ја следи наставата во училиштето, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ.

пред 5 години

integra

Интегра ќе го тужи Мицкоски, преку суд ќе бараат 100 илјади евра поради нарушување на нивната чест

Политичката партија Интегра и нејзиниот лидер Љупчо Ристовски најавија тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доколку за 24 часа не се извини за неговите ставови изнесени на прес-конференција. Ристовски бара лично извинување на прес-конференција бидејќи тврди дека Мицкоски нема докази за искажаните ставови или во спротивно, преку судски пат ќе бара 100.000 евра за нарушување на угледот и честа.„Природно е политичкот земјотрес кој Интегра го предизвика на последните парламентарни избори, да биде проследен со така наречени политички афтер шокови. Ја известуваме јавноста дека поради изнесените ставови на опозициската ДПНЕ, Мицкоски: ‘Имаме сериозни информации и докази дека финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се тука со мене исто така, тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите’. За оваа реченица, тој ќе биде тужен. Ние бараме од Мицкоски веднаш да го достави фамозниот доказ во јавност и на тој начин да ги прекине сите шпекулации на социјалните мрежи. Одговорно тврдиме пред Бога дека таков доказ не постои, ниту пак, тој го има. Ако за нашево барање не се огласи и да го стави на увид на јавноста наводниот доказ, бараме во рок од 24 часа, во ист формат, на прес-конференција, јавно да ми се извини, како лидер на опозициската Интегра, но и на членството. Доколку не добиеме такво извинување од Мицкоски, ние ќе покренеме тужба за оштетно побарување од 100.000 евра за нарушување на угледот и честа и интегритетот на претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски. Доколку ги добиеме овие пари во судскиот процес, ќе бидат донирани во здружение за дечиња со посебни потреби“, рече Ристовски.

Македонија | пред 5 години

eftov

Васко Ефтов смета дека Мицкоски е без лидерски капацитет и со целосно промашена политичка стратегија

„Христијан Мицкоски не може да биде решение за агонијата во која што се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тој е генератор и стимулатор на таа агонија“, заклучува Васко Ефтов во неговата последна анализа во емисијата во Центар.Ефтов вели дека е изненаден од недостоинствениот начин на кој што функционира Мицкоски, а како пример за тоа го наведува скандалозното однесување на денот на избори кога за прв пат во историјата на независна Македонија , лидер на политичка партија не излегол да им честита на противниците за изборната победа и да им се заблагодари на своите сопартијци за дадената поддршка. Наместо тоа, според Ефтов, Мицкоски смислувал апсурдни оправдувања и се вадел на Беса, а нема образложение зошто не победил во ИЕ 4 каде што натпреварот е директно меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.Ефтов смета дека Мицкоски е без лидерски капацитет и со целосно промашена политичка стратегија.

Македонија | пред 5 години

DSC0684

Целосно е реновирана детската градинка „Расадник“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода со големо задоволство соопштува дека градинката „Расадник“ во која е извршена целосна обнова, денеска стартуваше со работа. Општината од запуштениот објект на ЈДГ „8 Март“, направи убаво уредена, реновирана детска градинка „Расадник“.Во градинката, со поддршка и со средства од Владата во износ од 1.600.000 денари, поставени се нови прозорци и надворешни врати, а со донација во износ од 2.700.000 денари од страна на Цементарница АД УСЈЕ поставена е и нова фасада со термичка изолација. Во сите простории во објектот „Расадник“ извршено е молерисување, стружење и лакирање на паркетот, дезинфекција и дератизација. Воедно, дезинфицирани се душеците и клима уредите.Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во придружба со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, изврши увид во завршените активности за реконструкција на градинката. При увидот, директорката на градинката, Павлинка Топузоска детално го информираше градоначалникот за сработеното.Градинките на територијата на Кисела Вода работат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство. Да продолжиме да се придржуваме до препораките од Владата и заедно да го победиме вирусот Ковид-19.Општина Кисела Вода и во периодот што следува со силно темпо ќе продолжи да ги подобрува условите за своите најмили жители.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Петта фаза од авионското прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.09.2020 година (среда), во раните утрински часови.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.   

Скопје | пред 5 години

14092020_PVRSMZaev_kumanovo-3

Заев: Бизнисмените да инвестираат во индустриските зони, државата ќе продолжи со поддршката

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска оствари работна посета на Општина Куманово и изврши увид во градежните работи активности на изградба на пристапен пат до индустриската зона „Новине“ село Речица во Куманово.Во изјавата за медиумите, премиерот Заев изрази задоволство што со овој пристапен пат се комплетира значајна фаза во заживувањето на овој стопански комплекс.„Ја користам оваа прилика да ве уверам дека Владата и натаму останува посветена на поддршка на проектите кои носат потенцијал за развој на општините и за отворање на нови перспективи за бизнис заедницата“, потенцираше премиерот Заев.Премиерот истакна дека водени со таа цел, Владата додели 24 милиони денари на Општината Куманово за инфраструктурно уредување на овој стопански комплекс од кои во должина од 1.000 метри е поставена атмосферска канализација а во план е и асфалтирање на површина од 2.210 метри квадратни, со претходно поставени 10 сливници.„Индустриска зона „Новине“ која зафаќа површина од 65 хектари се наоѓа на исклучително атрактивна локација,  до автопатот E-75 „Пријателство“, на пет километри до границата со Србија. Таа има 51 градежна парцела со различна големина, урбанистички е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта“, објасни премиерот Заев.Премиерот изрази верување дека оваа индустриска зона ќе биде предмет на интерес на голем број  домашни и странски инвеститори, бидејќи овозможува брза и лесна комуникација со партнерите и пазарот од регионот со потенцијал од 20 милиони потрошувачи.„Ја користам  оваа прилика да ги повикам стопанствениците да инвестираат на оваа локација, бидејќи имаат можност да добијат простор скроен по нивна мерка и нивни потреби според највисоки стандарди за развој на нивните бизнис проекти. Со инвестициите во стопанството ние инвестираме во иднината на нашата држава“, потенцираше премиерот Заев на крајот од својата изјава.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски пред присутните потенцираше дека се работи интензивно во новата индустриска зона „Новине“ која е во владеење на Општината а самата изградба е помогната од средства на Владата искористени за изградба на примарната инфраструктира во зоната.„Сакам да истакнам дека во постапка е и јавното наддавање. Постигнавме заштеди повеќе од три милиони денари во тендерската постапка и токму тие пари денеска се инвестираат во самата индустриска зона. Општина Куманово во соработка со Владата, ќе продолжи да инвестира во оваа индустриска зона. Во моментот сме во план да излеземе да ги дадеме парцелите на јавно наддавање и истите средства кои ќе се постигнат од продажбата на слободните парцели да ги реинвестираме во оваа индустриска зона, со цел да се овозможи и на домашните стопанственици а потоа и на странските инвеститори да инвестираат во сегментот на лесна и незагадувачка индустрија“, потенцираше градоначалникот Димитриевски.Димитриевски се заблагодари на сите инвеститори кои веќе имаат инвестирано во производни капацитети во оваа зона и ги охрабри останатите стопанственици да пројават интерес за инвестирање со цел унапредување на стопанството во Куманово.На настанот присуствуваа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пратеникот Мартин Костовски и голем број стопанственици и претставници од бизнис секторот од Куманово кои веќе имаат свои капацитети или планираат да инвестираат во оваа индустриска зона. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска нови 37 случаи на ковид 19, оздравени се 131 пациенти, починати се 4 лиц

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827,  бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6326, активни 540• Куманово 1605, активни 190• Дебар 268, активни 35• Штип 1205, активни 72• Прилеп 562, активни 133• Тетово 1304, активни 117• Струга 627, активни 63• Велес 288, активни 18• Битола 245, активни 47• Охрид 395, активни 58• Кавадарци 202, активни 30• Гостивар 856, активни 93• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 103, активни 44• Крива Паланка 83, активни 38• Радовиш 52, активни 9• Крушево 18, активни 2• Кочани 189, активни 53• Пробиштип 95, активни 18• Демир Хисар 60, активни 1• Македонски Брод 84, активни 12• Пехчево 42, активни 27• Берово 73, активни 30• Валандово 11, активни 3• Виница 94, активни 29• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 5• Свети Николе 309, активни 19• Кичево 290, активни 29• Ресен 153, активни 6• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 53• Гази Баба – 73• Аеродром - 91• Карпош – 67• Центар – 71• Кисела Вода – 56• Ѓорче Петров – 22• Бутел - 37• Шуто Оризари – 12• Студеничани – 10• Сарај – 17• Арачиново – 9• Илинден – 10• Сопиште – 2• Чучер Сандево – 2• Петровец – 4• Зелениково - 1• Странец – 3• Нераспределен-0

Македонија | пред 5 години

milososki-antonijo

Милошоски: Комисијата за избори и именувања не може да биде над Собранието

Денес на собраниската седница се обрати Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“. При своето обраќање Милошоски посочи дека Комисијата за избори и именувања не може да биде над Собранието.„Зошто сметам дека дневниот ред е несоодветен, и спротивен на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија? Затоа што 30 години во ова Собрание никогаш не се случило да се утврдува персонален состав на постојаните работни тела, едноставно наречени Комисии на Собранието. Без притоа да биде донесена одлука за формирање на Комисии на Собранието“, појасни Милошоски.Милошоски додаде дека согласно член 118 од Собранискиот Деловник запишано е став 1 – „Постојаните работни тела се основаат со одлука на Собранието“. Така било во 91-тата година, 94-тата, 98-ма и 2017-та година, до ден денес.„Затоа што Собранието може да одлучи да има поинаков број или поинаква надлежност на постојаните работни тела. На пример 2006-та година имало 19 Комисии како постојани работни тела во Собранието, додека во 2016-тата година имало 21 работна Комисија. Се одлучило во 2016-тата година дека треба да постои и Комисија за локална самоуправа, Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Кои што Комисии ги немало во 2006-та година“, истакна Милошоски.Милошоски рече дека Комисијата за избори и именувања не може да биде над Собранието. Собранието мора прво да донесе одлука за формирање на постојани работни тела, а потоа Комисијата за избори и именувања да предложи нивен персонален состав, кој што Собранието има право целосно да го прифати, да го измени, да го одбие, и да одлучи суверено, и да го има крајниот збор во одлучувањето во Законодавниот дом.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен дилер на дрога во гевгелиско ,пронајдени 60 стебла Cannabis Sativa

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Во атарот на село Миравци, на  место викано „Лаго“ на три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле насади со стебла од растението Cannabis Sativa, а при увидoт било утврдено дека на три локации има 60 стебла од растението Cannabis Sativa. Од страна на полициски службеници од Надворешната камцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот. Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18.10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение Cannabis Sativa. По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација набрани од три стебла од растението Cannabis Sativa. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот.Пронајдените предмети биле одземени, а по добиениот извештај од вештачењето пријавениот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. 

Македонија | пред 5 години

heroin-111

Велешанец во гаќи го чувал хероинот за продажба

Велешанец во топче од киндер-јајце скриено во гаќите што ги носел чувал хероин за продажба. При претрес во неговиот дом пронајдени се околу 10 грама дрога, а осомничениот, кој според велешкиот суд ги исполнува сите услови, веднаш заработи притвор.Од ЈО соопштија дека Oсновното јавно обвинителство Велес донеле Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 24-годишна возраст од Велес за кривично дело– Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги-Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе, појаснуваат од ЈО.Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК

После секоја интервенција во системи за следење на комуникациите во УБК, инженерите за поддршка од Ериксон Телеком, сочинувале записи, но содржината не ја пополнувала заради тајност. Ова денеска го истакна сведокот Зоран Стоилковски, на рочиштето за „Таргет-Тврдина“, каде појасни дека како инженер за поддршка во ЛИИМС системите, немал директен пристап до наведите системи, како што имале до системите на Телеком.– Кога одевме во УБК, уредно се пријавуваме. Таму не чекаа вработени во МВР. Во зградата имаше соодветен терминал на Петта Управа, кој го користевме за пристап до системите. Терминалот не беше во собата на системите. После секоја наша интервенција во уредите, МВР ги менуваше пасвордите, изјави сведокот Стоилковски.Свој исказ на оваа рочиште имаше и Весна Доревска, од одделот на правни работи при МВР, кој сведочеше за контактот со Горан Грујевски во март 2015 година.– Пред 16 март Горан Груевски ми се јави со барање, укажување дека сме требале да формираме комисија за попис, ништење на опрема на УБК. Ние проверивме и утврдивме дека таков акт не е стигнат. Контактирав и со колешка од одделот на правни работи при УБК, односно и таа не беше запознаета со ваквата постапка, рече сведокот Доревска.Потоа сведокот објасни дека во период 16-23 март користела одмор, односно во овој период Горан Грујевски, до ова одделение доставил барање за формирање на комисијата. Но, сведокот наведе дека тоа барање не била во нивна надлежност.– Во барањето што беше доставено не беше јасно каква опрема ќе се поништи и од кој сектор. На 23 март 2015 повтроно ми се јави Грујевски. Ми кажа дека ако не се заврши таа работа, тој ќе биде виновен, наведе Доревска.Таа прочита дел од предметот кој што бил изготвен од нејзиниот колега, каде потенцира дека „Решението за комисијата е изготвено согласно насоките на министерот за внатрешни работи. Вработениот во одделот за правни работи во МВР, ова го кажал врз основа на укажувањата на Горан Грујевски, дека министерката го чека решението.

Македонија | пред 5 години

sasa

Истече јаловина од рудникот Саса, инспекторите на терен

Денеска, околу шест часот, се случил дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот Саса, предизвикувајќи краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек. Набргу по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана.Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот. Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина.Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот се известени и сите надлежни институции на државно и локално ниво, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања