Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

protest-VMRO

(ЖИВО) Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Почна протестот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата протестира за членство во Европската унија, за Македонија и за Гоце Делчев.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/778721422886833/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 5 години

Corupcija_09152020006

Општина Охрид се вклучи во проектот „Ослободи го умот од корупција“

Со пригоден промотивен настан кој се одржа денеска, Општина Охрид се вклучи во проектот „Ослободи го умот од корупција“ кој го имплементира Здружението на граѓани -театар „Боеми“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за локална самоуправа.Пред присутните на настанот, се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.– Се работи за  проект насочен кон борбата против корупцијата со вклучување и  анимирање на бројни граѓански  и професионални структури кои ќе бидат дел од мрежата „Развој“ чија цел ќе биде ефикасна борба против корупцијата, нејзино континуирано намалување и обезбедување демократски амбиент и востановување на систем за долгорочен развој на општеството.За важноста на борбата против корупцијата говорат и податоците од еден од извештаите на  UNODC една од специјализираните канцеларии на Обединетите нации, 10,8 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 64 години биле изложени – директно или преку некој член на нивното семејство на искуство за поткуп на јавен службеник а со директно искуство за поткуп, процентот е 6,2 отсто. Податоците се алармантни и потврдуваат дека борбата против корупцијата, како голобален проблем мора да биде поефикасна, во неа да се вклучат сите релевантни општествени групи и постојано да се иновираат нови пристапи како што е овој проект, истакна Ангелоска во своето обраќање.По презентацијата на проектот, во соработка со ЈП „ Охридски комуналец“, беше засадено дрво- јавор во дворот пред општинската зграда кое симболично ќе го носи името „Дрво на развојот“.Проектот „Ослободи го умот од корупција“ е составен од интерактивна театарска претстава Хепи Хипо Шоу, документарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја која ќе вклучува 2.100 учесници. 

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Почна исплатата на над 68 милиони евра за штедачите од Еуростандард во стечај

Четири банки започнаа да ги враќаат парите на граѓаните кои им заглавија во пропаднатата Еуростандард банка. Комерцијална, Стопанска банка Скопје, Халк и НЛБ се банките кои ги обештетуваат граѓаните кои во Еуростандард имаа до 30 илјади евра. Ошетените граѓани по азбучен ред објавен во медиумите треба да одат во новата банка каде имаат отворено сметка. Рокот за обештетување е три години.Обесштетувањето се прави на оние штедачи кои имале до 30.000 евра, останатите пари над оваа сума тие ќе треба да ги побараат од стечајниот управител на банката, Душко Тодевски преку стечајната маса. Нема да бидат обесштетени ниту оние штедачи коишто биле штедачи на управни и надзорни одбори на банката, акционери и оние кои што се сомнителни за секторот перење пари. 

Македонија | пред 5 години

sahpanska

(Видео) Шахпаска: Со отворањето на градинките, мерките за отсуство од работа ја изгубија својата смисла

Со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено породилно отсуство ја изгуби својата смисла, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.Таа оцени дека одлуката на Владата за враќање на родителите на децата од нула до шестгодишна возраст на работа од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата.Со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено породилно отсуство ја изгуби својата смисла, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.Таа оцени дека одлуката на Владата за враќање на родителите на децата од нула до шестгодишна возраст на работа од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Девет лица со корона вирус починати во 24 часа, меѓу нив и две млади лица

Во последните 24 часа починати се 9 лица со корона вирус и тоа од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г),  двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.Инаку вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925,  бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.

Македонија | пред 5 години

danilo

Почина Скопскиот хроничар Данило Коцевски

Членовите на Друштвото на писатели на Македонија денес се длабоко потресени од загубата на драгиот колега Данило Коцевски (1947-2020), критичар и хроничар, сестран книжевен творец и драг пријател, кој беше секогаш расположен за инспиративен книжевен реазговор и беше пример за книжевен деец за кој не важат генерациските поделби.До пред само неколку месеци тој беше активно вклучен во редовните книжевни настани на ДПМ, со свои прилози, текстуални или дебатни настапи, со жирирања и уредувачки активности.Неговото творештво, особено неговата литературна критика и есеистика, како и неговата хроничарска есеистика за Скопје, остануваат трајни и значајни сегменти на македонската литература.Вечна му слава!

Македонија | пред 5 години

korona-test

Во последните 24 часа од 1404 тестирања, регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г),  двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925,  бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6373, активни 540• Куманово 1611, активни 195• Дебар 268, активни 35• Штип 1209, активни 70• Прилеп 567, активни 130• Тетово 1312, активни 116• Струга 630, активни 66• Велес 289, активни 17• Битола 249, активни 51• Охрид 396, активни 56• Кавадарци 202, активни 30• Гостивар 857, активни 92• Гевгелија 89, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 112, активни 49• Крива Паланка 84, активни 36• Радовиш 52, активни 9• Крушево 18, активни 2• Кочани 191, активни 53• Пробиштип 97, активни 20• Демир Хисар 60, активни 1• Македонски Брод 84, активни 7• Пехчево 42, активни 23• Берово 74, активни 27• Валандово 11, активни 3• Виница 94, активни 27• Делчево 128, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 5• Свети Николе 309, активни 18• Кичево 291, активни 28• Ресен 153, активни 6• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1404 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253,  Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со PCR метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 5  мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 50• Гази Баба – 74• Аеродром - 86• Карпош – 74• Центар – 72• Кисела Вода – 54• Ѓорче Петров – 26• Бутел - 35• Шуто Оризари – 13• Студеничани – 9• Сарај – 15• Арачиново – 9• Илинден – 8• Сопиште – 2• Чучер Сандево – 2• Петровец – 4• Зелениково - 1• Странец – 3• Нераспределен-3

Македонија | пред 5 години

20200915_130419

Градоначалникот Марин изврши увид во реконструкцијата на паркингот

Реконструкцијата на паркингот што се протега по должината на булеварот „Јане Сандански“, почнувајќи од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, па сѐ до раскрсницата со булеварот „Србија“, се одвива според предвидената динамика.Ова го констатира градоначалникот Златко Марин при денешниот увид, при што најави реконструкција на сите паркинзи и сервисни улици и тротоари на овој потег во четири фази, со вкупна површина од околу 36 илјади квадратни метри. Исто така, во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат обележани паркинг-местата и ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација за целосна безбедност на граѓаните. Се очекува реконструкцијата да заврши за четири месеци.Притоа, градоначалникот Златко Марин им се заблагодари на жителите од овој дел за нивното разбирање и трпение и истакна дека подобрувањето на инфраструктурата е од големо значење за сите граѓани.

Скопје | пред 5 години

15092020_PVRSM-Zaev_sredba-Kopeluzos

Заев во Атина: Северна Македонија има интерес да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Република Грција, оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“.На средбата, која се оствари на покана на компанијата „Гастрејд“ учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и високи претставници на компанијата „Гастрејд“, беше изразен взаемниот интерес Северна Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и нашата земја.Со покажаниот интерес, за кој од конзорциумот „Гастрејд“ изразија поддршка тоа да биде остварено, Република Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на пловна станица на 17 километри од Александрополис за привремено складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри.Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес.Како што е познато, во текот на минатиот месец дел од овој проект стана и Република Бугарија, преку националниот оператор за природен гас „Булгартрансгас“, а вклучувањето на Северна Македонија во проектот ќе овозможи диверсификација на рутите за пристап до природен гас не само за нашата земја, туку и за Централна Европа.

Македонија | пред 5 години

img_255

Претреси во Синѓелиќ, пронајден пиштол и хероин, едно лице приведено

На 15.09.2020  околу 06  часот во с.Синѓелиќ- скопско од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес во дом на С.А (32) и на уште неколку локации и при тоа пронајдено е огнено оружје „Застава“,со 9 куршуми, хероин и  една дигитална вага. Притоа приведен е С.А.. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

IMG_0854

15 Септември - Меѓународниот ден на демократијата, еве што порача претседателот Пендаровски

По повод 15 Септември - Меѓународниот ден на демократијата, претседателот Стево Пендаровски упати порака во која ги охрабрува граѓаните, особено младите, да бидат активни и гласни помеѓу изборите и постојано да ги потсетуваат политичарите на нивната привремена улога како функционери и на тоа дека одлучуваат во името на граѓаните.„Ние влеговме во формална  демократија во 1991-та, а светот, пред се западниот, е таму со векови наназад. Верувам дека огромното мнозинство граѓани ќе се согласат дека резултатите од нашата демократска транзиција се незадоволителни, процесот е долг и тежок, често пати се враќаме наназад.Клучното прашање е како да го скратиме и да го направиме полесен за нашите луѓе, знаејќи дека имаме само еден живот на располагање. Предлагам, прво, преку неколку општи примери да видиме што е, а, што не е демократија за полесно да ја дефинираме нашата заедничка кауза.Според мене, не е демократија ако еден човек или група одлучуваат без изборен легитимитет, во името на сите останати. Значи, прва специфика на реалната демократија е - плуралитетот.Тоа преведено во политиката, значи еден човек, еден глас, се разбира, зборувам за гласови кои се навистина дадени, а не, кога наместо тебе гласа некој друг или ако си присилен или уценет при гласањето за конкретен кандидат.Во економијата тоа значи парите да се легално стекнати, а трудот да биде реално платен, со други зборови, богатството да не биде резултат на  експлоатација или злоупотреба на другите луѓе.Демократија е кога државните институции, судовите, полицијата, инспекциите, постапуваат кон претседателот, премиерот, министрите, на  ист начин како кон секој друг граѓанин.Демократија е кога етничката припадност нема да ви биде пречка да се вработите и да бидете на било која позиција во својата држава. Но, не е демократија ако освен етничката припадност или освен партиската книшка  немате ама ништо друго во вашата биографија.Голем проблем во развојот на демократијата кој е, за жал, веќе денес видлив и во светот и кај нас е се помалата партиципација на граѓаните во иницијалниот чин на политичкиот процес – во изборите, но, и нивната незаинтересираност за организиран отпор против недемократско владеење кое може да се случи откако демократски ќе ги избереме нашите претставници.Сакам да им порачам, особено на помладите, дека со апстинирање од избори нема да ги избегнете ефектите од лошото  владеење, политиката, лоша или добра, секако ќе влијае врз вашите животи. Затоа е подобро да гласате, во спротивно, некој друг ќе решава и во ваше име.Меѓутоа, не помалку битно е да бидете гласни и активни и помеѓу изборите. Од секогаш сум бил убеден дека сите ние, политичарите, треба да се плашиме од граѓанскиот активизам. Ние мораме да го слушаме и да го почитуваме граѓанскиот глас кој и не донел на ваква позиција, извесен временски период да одлучуваме за другите.Затоа мојата последна, се разбира, не и најмалку важна порака до граѓаните би била - не ни дозволувајте релаксиран мандат! Тоа е единствениот пат до вистинска демократија на која нема да чекаме со векови“, истакнува Претседателот Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Дете од скопска градинка заразено со коронавирус

Прв случај на дете заразено со ковид-19 бил забележан во скопска градинка, а оваа информација ја потврди и Министерството за труд и социјална политика, дознава Сител.Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.Во домашна изолација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.Оттогаш, па досега беа регистрирани 3 заразени воспитувачки во Скопје, Битола и Свети Николе.

Македонија | пред 5 години

maricic

Маричиќ: До нова година закон, за пописот да се спроведе во април догодина

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за попис по што пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.-Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и дел од коалицискиот договор меѓу Коалицијата Можеме и ДУИ. Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада остануваме повторно ќе го предложиме во собраниска процедрура, ќе има измени во роковите бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС пописот да се спроведе пред локалните избори, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање по брифингот со новинарите. 

Македонија | пред 5 години

nikolovski

Николовски: Ќе има проверка на потеклото на имот на функционерите

Заменик претседателот во Владата за борба против корупција и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска ги најави целите на кои ќе биде фокусиран. Кратење на бенефициите на функционерите и проверка на потеклото на нивниот имот, се дел од нив.-Ќе работиме на редефинирање на кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и на функционерите, така што тој  ќе стане поприменлив и во согласност со најдобрите меѓународни искуства. Ќе важи принципот нулта толеранција за корупцијата за целата администрација. Секој што ќе направи злоупотреба ќе сноси одговорност. Мора да има ред. Ќе се разработи системска алатка за следење на парите и капиталот на функционерите за да се превенира навреме злоупотреба на парите на граѓаните. Мојата улога ќе биде координативна, треба да доведе до видливи резултати во борбата против корупцијата, рече тој, споменувајќи ги под таа „капа“ МВР, Управата за заштита од корупција, Царинската управа, инспекторатите и целата извршна моќ и институции што се платени да се борат против криминалот и корупцијата.-Ќе ги премостувам пречките и бариерите во меѓусебната комуникација на оние кои се задолжени да работат против криминалот и корупцијата. Отворена меѓуинституционална комуникација мора да има за да има резултат, и тоа на дневно ниво. Мојот мандат сепак не е да создавам паралелен систем на постојниот туку да бидеме нивен стабилен партнер. Може да направиме дела, да изградиме историја, граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари и како работат или не работат буџетските институции. Сите ќе мора да објавуваат извештаи за своето работење и да имаат план за тоа кои ќе бидат нивните идни цели. Ќе се разгледуваат детално сите квартални извештаи на институциите. Нема да бидат отчетни само министерствата туку ќе отидеме подалеку, истакна Николовски.Тој потсети дека еден од столбовите на новата влада е кратење на привилегиите на функционерите, бидејќи тука се дојдени да работат за плата, а не за бенефиции.-Може да се скратат многу бенефиции и привилегии, но основно е дека ќе притиснеме целосно да имаме отворени податоци. Само пред неколку години се трошеа милионски износи на забави во странство и на скапи коли. Се уште има постапки и права што не се до крај дефинирани и голем број комисии во кои учествуваат раководители или членови од самите министерства и земаат и плата и надомест, рече Николоски.Николовски кажа дека резултатите од борбата против корупцијата и криминалот не може да даде резултати преку ноќ, потребно е време, но најави дека во овој 4-годишен мандат на Владата тоа ќе биде еден од приоритетите, за да се врати вербата на граѓаните во институциите.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Автомобил излета од патот во Кучково,повредени три лица

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на локален пат во с. Кучково, Скопско.Според информациите, несреќата се случила кога автомобил „фиат добло“, управуван од П. М. (19) од Скопје, излетало од коловозот.Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот В. С. (19) од Скопје, а телесни повреди добиле возачот и уште еден сопатник Н. Е. (19), кои биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 5 години

IMG_2375-1

Форум на жени-ЛДП: За 50/50 жени на изборните листи, но не како трајно решение

Активно вклучување на Форумот на жени во креирање на јавните политики, подигање на јавната свест за застапеноста на жената како носителка на јавна функција, почитувајќи го принципот на родова базирана еднаквост се клучните приоритети од средбата на Форумот на жени на Либерално-демократската Партија.На семинарот се развиваа стратешки планови за активното учество на Форумот во сите внатрепартиски тела, а воедно се јакнеа капацитетите на внатрешната структура на локално и национално ниво. Учесничките се согласија дека и понатаму ќе ги негуваат либералните вредности, рамноправната застапеност на жената и нејзино интегрирање во внатрепартиските тела, органи и совети.- Форумот на жени на ЛДП дава безрезервна поддршка за измени на Изборниот законик за воведување на квота 50/ 50 за застапеност на жените, но само како привремена мерка и не како трајно решение. Исто така, за нас од особена важност е усвојувањето на Етичкиот Кодекс на партијата, кој е во завршна фаза. Со тоа ЛДП ќе биде првата политичка партија во РС Македонија која ќе го има донесено таков Кодекс, порача Билјана Аврамовска Ѓоревска, претседателка на Форумот на жени.Фокус на жените е стратегијата за настапот преку Форумот за следните локални избори, подготвувајќи ги кандидатките со комуникациски вештини за подобрување на внатрешната и надворешната комуникација.Претседателката на ЛДП-Ѓорче Петров, Билјана Сребревска вели: „Обуката беше мултифункционална и го задржа вниманието до крај. Се создаде позитивна клима за размена на искуства со цел подобро и поквалитетно социјално дружење и работење, колективна позитивна и повисока свест. Задоволни и оптимистички закажавме следна средба.“„Добар семинар, стекнати сознанија и размена на искуства од областа на лидерството и учеството на жената во политиката. Ние жените од ЛДП продолжуваме понатаму“, истакна Лидија Ѓошевска претседателка на Форумот на жени во Битола.Ефтимија Карбева Лукарова како потпретседателка ЛДП-Велес, ја објаснува одличната интерактивна и креативна обука со многу позитивни впечатоци: „Се надевам дека едукацијата на оваа тема ќе се прошири и продлабочи во иднина. Жените на Либерално-демократската партија уште еднаш ја докажаа својата позитивна енергија, кохезија, современост и уникатност. Продолжуваме заедно понатаму, бидејќи сме силни, моќни, квалитетни и успешни.“„Слично како во врска или во брак, во политиката победува погласниот. Жените од ЛДП не молчат. Сите треба да се борат да го добијат заслуженото место на политичката сцена во нашата држава“, рече претседателката на ЛДП-Аеродром, Силвана Трбогазова.Претседателката на ЛДП- Кисела Вода, Марина Чорбевска за настанот истакна дека бил корисен, интерактивен и конструктивен, додавајќи: „Реализиран на начин, кој е забавен и мотивирачки. Прекрасно време поминато заедно со членките на Форумот на жени при ЛДП, кои со нивните идеи и позитивна енергија придонесоа да ги градиме и унапредуваме нашите политики и заложби на жени и лидерки во политиката.“Сите учеснички испратија силна порака дека во ЛДП размислуваат различно и градат силни општини за силна држава.

Македонија | пред 5 години

Policija-1-1

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: Изречени 514 санкции

Министерството за внатрешни работи од вчера почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, во Скопје, но и на територијата на целата држава, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл. Во урбаните средини, заради обезбедување на поголема проточност на сообраќајот, ќе има засиленото присуство на сообраќајната полиција и “пајак“ возилата. Исто така, најригорозно ќе бидат санкционирани возачите на мотори кои возат спротивно на прописите и ги вознемируваат граѓаните во доцните вечерни часови“, рече Ангеловски.Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не за да го избегнат плаќањето на казните туку, пред се, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.„Во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје изречени се вкупно 514 санкции, меѓу кои  возење без возачка дозвола 30 лица, прекорачување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци, нерегистрирани возила 18, 36 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, а изречени се и 169 санкции за неносење на заштитна маска“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Скопје | пред 5 години

sasa

„Саса“ за истекувањето на јаловина во реката Каменица,ќе плати казна од најмногу 100.000 евра

Министерството за животна средина и просторно планирање, во врска со истекувањето на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, информира дека Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор.„ Согласно извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице „Рудник Саса“ направен е теренски увид со фотографирање и увид во документација. Притоа се констатира дека во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба“ се вели во извештајот.Од страна на водостопански инспектор понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување согласно член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, став 1 (максимална Глоба во износ од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице) точка 7 од Законот за животната средина, а правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок.Записникот за започнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а понатамошната постапка продолжува пред Комисија за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање која ќе донесе конечна одлука.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Реконструкција и велосипедски патеки и на булеварот 8 ми септември

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот 8.Септември, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.Реконструкцијата ја почнуваме со тротоарите и велосипедските патеки, а во текот на неделата ќе се префрлиме и на коловозот. Станува збор за релација долга 980 метри, која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Ќе изведеме и нова велосипедска патека со што ќе го завршиме таканаречениот Конектор број 5 и ќе ги споиме населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Ќе формираме и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе уредиме и средишна жардиниера – рече денеска градоначалникот Шилегов.За реконструкција на булеварот 8.Септември ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 40 дена.Булеварот 8.Септември е десетта реконструкција која ја почнува Град Скопје во изминативе две недели. Поради тоа, Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини.Значајно е да се нагласи дека пред 2 години Градот Скопје на булеварот 8.Септември изгради велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“.

Скопје | пред 5 години

bremena-1

Влада: Бремените жени продолжуваат да ги користат мерките донесени од Владата

Владата ја информира јавноста дека на вчерашната 4-та седница врз основа на заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесе соодветни одлуки меѓу кои, за враќање на работа и на редовно извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство.Претходно, Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа.Една од одлуките на Владата се однесува и на враќање на работните места и вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести и тоа од среда 23 септември. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Македонија | пред 5 години

ubiec-kucinja

(ФОТО) Штипјанец киднапира кучиња, а сопствениците ги пука со стрела

Убиецот на миленици почна да ни ги зема кучињата од дома, буквално од ходник ми го зема кучето и пукаше по мене со стрела, напиша штипјанката Силвана Данева на Фејсбук.„Кај се институциите и има ли закон овој убиец да се спречи? Ме нарече курва и секакви грдни зборови. Во Штип има ветеринара. Убиец, монструм, ни влегува по домовите и ни ги убива кучињата. Пријавив во полиција, има и пријава, но не ми го дава кучето. Собра уште пет кучиња и рече дека ќе ги убиел. Ништо не сум му можела, имал фамилија, бил водич во полицијата и партијата СДСМ била на власт. Рече дека и нас ќе нè убиел и ден затвор немало да лежи. Кај се институциите да се огласат? Терор имаме по нашите домови“,https://www.facebook.com/silvanka.daneva/posts/311720490127266

Македонија | пред 5 години

maricic-ruskovska

Маричиќ и Русковска разговараа за кадровско зајакнување на обвинителството

Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со основната јавна обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.На средбата со обвинителката Русковска, министерот Маричиќ дискутираше околу потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите.Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.Воедно, во поглед на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, министерот Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

ИЈЗ od 7-13.09.2020: Намалување на нови позитивни случаи и процент на хоспитализирани од новозаболени

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 7 до 13 септември 2020г, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 14.2% помалку во однос на минатата недела.Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3%), 40-49 (n=107; 15,2%) и 20-29 (n=98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7%) и 10-19 години (n=36; 5,1%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани што е намалување од 3,8% во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија 7 -13.09.2020 како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Левица: Антикорупциска комисија цела година не покренува постапка за Еролд Муслиу

Цела година Антикорупциската комисија одбива да отвори предмет против директорот на Агенцијата за разузнавање – Еролд Муслиу, иако до институцијата се доставени три приговори за постоење судир на интереси во работата на Агенцијата. Според сомневањата, Муслиу спротивно на Законот за спречување на корупција го вработил лицето Васко Шутаров кој претходно бил ангажиран во невладината организација „Нексус”, каде извршна директорка е токму неговата сопруга – Афродита Муслиу. Ако се разгледаат извештаите на оваа невладина организација, речиси и да нема никаква разлика со владината пропанда за шиканирање неистомисленици, се вели во соопштението од Левица.Дополнително, против Муслиу е поднесен приговор дека без распишување на јавен оглас во Агенцијата го вработил лицето Фуат Стафа – брат на Државниот правобранител Фехми Стафа. Ако се има во предвид фактот дека Државниот правобранител ја застапува Агенцијата за разузнавање за работни спорови иницирани од вработени во Агенцијата, евидентна е намерата за влијание врз оваа установа и загрозување на правата на вработените.Уште минатата година од кабинетот на претседателот Пендаровски, под плаштот за наводна загриженост за работата на безбедносните служби, упатија апел Антикорупциската комисија да ги разгледа овие наводи и да утврди дали постои одговорност кај директорот Муслиу. И покрај сериозните обвинувања за незаконско работење и оддавање државни тајни со кое се компромитира работата на безбедносните служби, Антикорупциската комисија цела година одбива да отвори предмет против Еролд Муслиу и да преземе соодветни дејствија преку кои ќе ги потврди или отфли наведените сомнежи.Токму почетокот на работењето на Антикорупциската комисија го бележеше засилено отворање на предмети по најразлични пријави, што резултираше со нејзина привидна ефикасност, која во јавноста ги третираше помалите корупциски скандали на сметка на покрупни афери. Професионалноста и објективноста на оваа комисија е евидентно нарушена, со оглед на тоа дека Комисијата без речиси никакви административни филтри експресно покренува иницијативи против функционери кои не се дел од оваа власт, а кои често се отфрлени поради нивната недоволна правна поткрепеност. Молкот и непостапувањето за прекршувања на законите од страна на највисок функционер на институција е јасен доказ дека и оваа Комисија е узурпирана од интересите на власта и претставува продолжена рака за штитење на нејзините криминали, без никакви санкции за сторителите, се вели во соопштението од Левица. 

Македонија | пред 5 години

kisela-voda

Како Кисела Вода размислува за својата иднина?!

Последниот предлог ДУП за градска четврт Ј14 – Расадник, претставува  кулминација на урбанистичкиот помор во Македонија. План кој го дефинира поразот на Скопје како град кој многу внимателно се планираше до 90тите години на XX век. Значи заокружуваме 30 години, одење наназад, особено за Кисела Вода, која нема друг простор за дефинирање на својот локален центар, објави porta3.mkПредлог ДУП за Ј4Планот нуди загушување, губење на сите термини кои по лекциите од часовите по Урбанизам  ги слушавме постојано ( во текот на студирањето), како на пример: градежна линија, габарит, висина, осончување, проветрување, организирање на функции, проектирање визури, зеленило, паркирање, сообраќајници… Сите овие точки  кои го дефинираат урбанизмот се применети во својата негативна конотација.Делувањето на урбанизмот според некои формули кои правилниците ги наложуваат без слободата на проектантот да создаде слика во контекстот на просторот,  микро и макро во поглед на градот и нивно спроведување, претставува слепо работење и потценување на професијата, поткрепено од легислативата. Но, никој упорно не ја менува со години, туку ја моделира во правецот на ненаситниот бизнис сектор во градежништвото.Планот е сосем дефиниран во втората димензија. Бидејќи тоа е многу далечно за окото на читателот, создадовме наједноставен  3д  модел според максимите запишани во планот. Резултатот е повеќе од очаен.Текстот во целост на: porta3.mk

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања