Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

skopjanec

Расчистен случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош

Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тик Ток на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери, скопско, ќе поднесе соодветна пријава.По објавувањето на видеото на апликацијата Тик Ток и други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16 бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан.На 15.09.2020 во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар со лицето бил извршен разговор, при што тој појаснил дека на 13.09.2020 околу 02.00 часот, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото. 

Скопје | пред 5 години

16092020_PVRSM_Zaev_sredba_GRpretsedatelka-3

Заев - Сакеларопулу: Подготвени сме за натамошното имплементирање на Акциониот план за интензивирање на соработката согласно Договорот од Преспа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, денеска оствари средба со претседателката на Република Грција Катерина Сакеларопулу.Премиерот Заев се заблагодари за можноста да се сретне со претседателката Сакеларопулу како уште една афирмација и придонес за подобрување на односите и градење доверба меѓу Северна Македонија и Грција како пример за добрососедски односи во регионот.За време на разговорот, на кој присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, беше оценето дека Договорот од Преспа, освен решение на тридецениското отворено прашање меѓу двете соседни земји, создаде сојуз и партнерство, и денеска Грција е силен поддржувач на Република Северна Македонија во нејзиниот процес за интеграција во ЕУ.Премиерот Заев изрази увереност дека Грција ќе биде еден од главните лобисти за успешен старт на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, со која ќе стартува процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија.Блиската соработка со Грција беше од клучна важност и за членството на Северна Македонија и како сојузник во Aлијансата, Грција е сега задолжена за чување на небото над нашата земја.Премиерот Заев и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу разговараа и за потенцијалите за проширување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји која треба да биде поттикната и од вториот состанок на Советот за соработка на ниво на влади во Атина на кој ќе се разговара за натамошното имплементирање на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката помеѓу Република Грција и Северна Македонија, како што е предвидено во Договорот од Преспа.

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Границите со Грција остануваат затворени и во следните две седмици

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 30 септември, јави дописничката на МИА од Атина.Станува збор за двете министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија" се за временскиот период од 16 до 30 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и на Турција.За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест. 

Македонија | пред 5 години

mojsoski

Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенција за млади и спорт

Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсоски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт.Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.За националниот тим на Македонија  Мојсоски има  одиграно преку 100 натпревари.

Македонија | пред 5 години

119653280_264550458272877_394131911088829728_n

Спасовски се сретна со резидентниот координатор на ОН, Дуџак

Денеска  во Министерството за внатрешни работи, се одржа работен состанок помеѓу министерот за внатрешни работи   Оливер Спасовски и  Росана Дуџак, резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија.На состанокот  беше разгледана досегашната соработка меѓу МВР и агенциите на Обединетите нации во земјава, и беа дадени предлози за идни активности од областа на борбата со организираниот криминал, миграцијата, родово базирано насилство како и активности за натамошна професионализација и унапредување на демократското полициско работење. Двајцата соговорници изразија уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и координација во областите од заеднички интерес. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Гостиварец пазарел со фалсификувани банкноти од 50 евра

Жител на гостиварското село Чегране пазарел со фалсификувани банкноти од 50 евра во аптека и маркети.Според информациите на МВР, полицијата вчера го привела А. С. (54) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело фалсификување пари.Toj во три наврати во аптека и во два маркета пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што против А. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

lisici

Македонски државјанин уапсен при влез во Косово поради фалсификуван тест за Ковид-19

Косовската полиција објави денеска дека уапсила државјанин на Северна Македонија, затоа што при влез во земјата на граничниот премин во Генерал Јанковиќ приложил фалсификуван тест за Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.Откако бил приведен, осомничениот изјавил дека документот го купил од непознато лице на улица во една од скопските населби.Настанот се случил завчера, 14 септември, во 14.50 часот.– Уапсено е осомничено лице, маж, Албанец, државјанин на Северна Македонија, затоа што при преглед на документите истиот приложил тест за Ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван. При испитувањето осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице. Со одлука на надлежен обвинител, осомничениот е ослободен во редовна процедура, се вели во денешниот билтен на косовското МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар подели 150 пакети храна за пензионерите и згрижувачките семејства во Центар

Општина Центар во соработка со невладината организација „Банка за храна“ обезбеди донација од 150 пакети со прехранбени продукти и основни намирници за живот за пензионерите со ниски примања на територијата на Центар, како и на згрижувачките семејства и децата деинституционализирани од Специјалниот завод „Демир Капија“, кои живеат во мали групни домови на територијата на Центар.Почитувајќи ги сите мерки на претпазливост и заштита од КОВИД-19, мобилни тимови и волонтери од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ и служби од општината, овие пакети  им ги поделија и доставија  до нивните домови, како би се овозможило зголемена безбедност и заштита на овие лица и група граѓани.Овие хумани акции и донации се обезбедени со поддршка од општествено одговорни компании, кои несебично се вклучија во хуманата мисија на Општина Центар и Банка за храна и обезбедија помош за најранливите категории кои живеат во Центар.Општина Центар продолжува и во наредниот период со обезбедување донации од општествено одговорни компании и хумани поединци, со цел обезбедување финансиска и социјална сигурност за граѓаните кои живеат во социјален ризик. Сите заинтересирани возрасни лица над 65 години, приматели на ниски пензиски примања можат да ги контактираат службите на телефонскиот број 072 308 758 и да се пријават во Здружението за поддршка и развој „Хуманост“ и Здружениеото на пензионери  на Општина Центар,  за помош и поддршка во обезбедување донации.Како локална самоуправа продолжуваме и понатаму посветено во обезбедување што е можно подобри услови за живот на социјално загрозените категории граѓани, преку реализација на различни проекти и активности.   

Скопје | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија до Бугарија: Гоце Делчев може да почива во мир, спремни сме да ви го подариме триото Заев, Шеќеринска и Димитров

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, деновиве водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев кој целиот живот го посветил на Македонската револуционерна борба и создавњето на слободна и независна Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.На домашен терен пак, во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на македонската историја на Бугарија се Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Никола Димимтров кои и не кријат дека се спремни да разговараат и за Гоце Делчев, а штом тоа прашање се стави на маса, уште сеге е јасно дека Гоце повторно ќе биде предаден како што беше предаден и за време на животот.Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што триото Заев, Шеќеринска и Димитров ќе бидат подарени на Бугарија, а Гоце Делчев може да почива во мир, се вели во соопштението од Единствена Македонија.                    

Македонија | пред 5 години

ojo-1

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, објави ТВ 21.Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.Во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.извор:  ТВ 21.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев: Наредната недела ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска бил повикан во Основното јавно обвинителство по три кривични пријави против него, под сомнеж за сторено кривично дело „ширење на расна, верска и етничка омраза и нетрпеливост“.Тој по давање на исказот во ОЈО, во изјава за медиумите рече дека пријавители се Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права, познати активисти за потреби на Џорџ Сорос, но и едно известување за сторено кривично дело од страна на МВР, кое, како што рече Апасиев, се однесува на два фејсбук статуса и една твитер објава.– Симптоматично е што поканата ми беше доставена по полиција, наместо преку нормални канали на комуникација. Ова го сфаќам како форма на политички притисок врз мене бидејќи сега Левица станува фактор на политичката сцена. Пријавители се Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншкиот комитет за човекови права и едно известување за сторено наводно кривично дело од страна на МВР, се однесува на два фејсбук статуса и еден твитер статус, рече Апасиев.Одбраната, како што соопшти, беше изложена, и најави дека наредната недела ќе поднесе кривични пријави против пријаветелките за загрозување на сигурноста, бидејќи во коментарите на неговите Фејсбук статуси имало закани по неговиот и по животот на неговото семејство.- Очекуваме дека Обвинителството ажурно ќе постапи вака како што постапува за мене и во случаите кога во наредната недела, јас ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста бидејќи во тие статуси, особено кај една од пријавителките, има закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Очекувам Обвинителството да биде вака ефективно и за оние кои вечерта пукаа со калашникови и како оние што на секој втор збор се закануваат со војна особено од албанскиот политички националистички кампус, изјави Апасиев.Тој очекува ОЈО да ја отфрли оваа кривична пријава, по што, како што најави, ќе следува контра пријава од негова страна.– Во случај да продолжат со процесот, спремни сме процесот судски да го добиеме, па ако треба и до Стразбур, така што не очекувам дека ова ќе има реперкусии. Во поглед на тоа дека имам пратенички имунитет, ради колегијалност бидејќи предавам право, решив да не го користам пратеничкиот имунитет и во оваа фаза на постапката дадов исказ, а можев и да не дадам, нагласи Апасиев.Во одговор на новинарско прашање, тој рече дека дури и по цена да биде „влечен по судови“ нема да престане со неговиот стил на изразување.– Јас сум професор по право, ги знам мерките кога се надминати, кога не. Во ниту еден од моите ФБ статуси не постои надминување на прагот на толеранција, согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Согласно таа судска пракса, во едно демократско општество се дозволени говори кои не само што ќе скандализираат, не морам јас на сите да им се бендисувам, јас тоа го знам, така што нема да престанам, рече Апасиев.

Македонија | пред 5 години

DSC_0076

(ВИДЕО) Продолжуваат засилените сообраќајни контроли: 376 санкции во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  (15.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 376 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 23 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 105 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 35 санкционирани мотоциклисти и пет одземени мотори, 57 мерки за непрописно паркирани возила и 60 возила подигнати со пајак, а изречени се и 100 санкции за неносење на заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

marihuana

На „Табановце“ во камион во личниот багаж на возачот и совозачот биле пронајдени по пет ќесиња со марихуана

На 15.09.2020 во 09.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за влез во Р.С. Македонија се пријавило товарно возило „сканија“, со холандски национални ознаки, управувано од Г.В.(32) и совозач И.Т.(32), двајцата државјани на Р.Грција. При детална контрола од царинските служби, во личниот багаж на возачот и совозачот биле пронајдени по пет ќесиња со марихуана. Двајцата биле задржани во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

spomenici

(ВИДЕО) Туристи од Америка дошле во Скопје за да ги избројат спомениците

Двајца туристи од Америка пристигнале во Скопје и решиле да го искористат времето во шетање, но и во броење на спомениците кои се дел од проектот „Скопје 2014“.„Денеска се наоѓаме во главниот град на Македонија. И ќе се обидеме да го изброиме секој споменик во градот. Ова беше совршено искуство и мислам дека Македонија е најубавата земја што сме ја посетиле на Балканот. Македонија има специјално место во нашите срца“, напишаа дечките на ЈуТјуб.

Скопје | пред 5 години

Mon

МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн учење

Министерството за образование и наука објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на Националната платформа за учење на далечина.Мотото на повикот е „Од учениците, за учениците“, и е отворен за учениците од сите основни и средни училишта. Тие можат да учествуваат индивидуално или во групи до четворица ученици, со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија.Идејните решенија треба да се доставуваат на електронската адреса nacionalnaplatforma@mon.gov.mk, најдоцна до 22 септември, до 16 часот.Најдобрите пет решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на Националната платформа за учење на далечина, на јавно гласање на учениците. Решението со најголем број освоени гласови од учениците, ќе биде избрано за официјално, додека за авторот/авторите ќе следува пригодна награда обезбедена од МОН и УНИЦЕФ.Повеќе информации за јавниот повик може да се најдат на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Македонија | пред 5 години

16092020_PVRSM_Atina_panel-4

Заев во Атина: Заедно се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици, и заедно ќе ги надминеме

„Заедно се соочуваме со истите здравствени и економски предизвици, и само заедно можеме да ги надминеме, со поблиска соработка и со поголема солидарност. Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедски односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на угледниот магазин „Економист“ организирана како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.„Најдобрата иднина за регионот на Западен Балкан е да се продолжи со евроатлантските интеграции, и ниту една друга опција не е алтернатива“, додаде премиерот Заев и потсети дека Договорот од Преспа е одличен пример за успехот на дипломатијата и дијалогот и дека оконча едно отворено и тешко прашање кое траеше предолго.„Резултатот од последните парламентарни избори во Северна Македонија покажува дека граѓаните знаат и да ги наградат политичарите кои донесуваат тешки одлуки кои се добри и од огромно значење за иднината на земјата и граѓаните. Потребна е силна политичка волја за да се решаваат сите деликатни прашања и тоа е охрабрувачка порака за Западен Балкан. Се надевам дека нашите постигнувања, договорите со Грција и Бугарија, се доволно инспиративни за лидерите во регионот да се посветат на негување на мирот и стабилноста, да ја зајакнеме регионалната соработка, да постигнеме поголем економски развој и да останеме до крај посветени на евроатланските интеграции“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев, на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која од наша страна учествуваат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи.Премиерот Заев нагласи дека за него е од особено значење што неговото прво службено патување надвор од земјата во вториот мандат како претседател на Владата на Северна Македонија е работната посета на Република Грција, која освен учеството на конференцијата на „Економист“, вклучува и средби со премиерот Кирјакос Мицотакис и претседателката Катерина Сакеларопулу.Настанот во организација на „Економист“, подвлече премиерот Заев е сериозна платформа за дебата за сегашноста и иднината на нашиот регион, и учеството на сите угледни и влијателни гости на конференцијата од политиката и бизнис заедницата е одлична можност за размена на идеи и за соработка за долгорочна политичка стабилност како предуслов за економски раст на земјите од опкружувањето.„Во вториот мандат формирав Влада со помалку ресори со цел да бидеме поефикасни. Влада со стабилна политичка структура и со силна евроатланска ориентација која ќе продолжи да ги следи нашите стратешки приоритети, политиките на НАТО и ЕУ, добрососедските односи и подобрувањето на внатрешната кохезија. Во исто време, ќе се фокусираме на справување со КОВИД-19, на зајакнување на владеењето на правото и на создавање на динамичен економски раст“, рече премиерот Заев, и додаде дека во однос на справувањето со КОВИД-19 од исклучителна важност беше и останува соработката со ЕУ и покажаната солидарност со непосредната помош за сите земји од Западен Балкан, со овозможениот пристап до платформите за соработка резервирани за земјите-членки, како и за значителната финансиска и економска поддршка.На панелот посветен на Западен Балкан на конференцијата „Економист“ која оваа година е посветен на темата „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“, свои обраќања имаа и премиерот на Албанија Еди Рама, и поранешните министри за надворешни работи на Грција, Дора Бакојанис и Јоргос Кутрогалос.

Македонија | пред 5 години

gorce-petrov

Општина Ѓорче Петров: Решението на новиот план нуди современ концепт за развојните потреби на општината

Општина Ѓорче Петров донесе Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 24, Блок СЗ 24.03, со кој се овозможуваат услови за градење на просторот, но Одобрение за градење сѐ уште не е дадено. Истото се издава врз основа на основни проекти за градбите, во постапка согласно Законот за градење.Сега донесениот ДУП е изработен во согласност со плановите од повисоко ниво: ГУП на Град Скопје 2012 – 2022 и Регулациски план на ГУП за четврт СЗ 24 од 2018 година.Претходниот план „ДУП за локалитет Јурија“ е од 2001 година и истиот не е во согласност со намените за просторот дефинирани со плановите од повисоко ниво, а донесени подоцна, во 2012 и 2018 година.Решението на новиот план нуди современ концепт за развојните потреби на општината.Воедно, максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на целата површина за градење со височина од 58m. Зададена е височина од П до П+17 (од приземје до приземје и 17 нивоа), при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија кои беа вообичаени во изминатиот 10 годишен период – кога се реализираа „ѕидови“ долж улиците.Протокот на воздух апсолутно нема да биде спречен. Соодветно на претходното образложение за условеноста на проектирање на разиграни и денивелирани површини и волумени на градбите, по целата должина ќе се појават продори во површините за градење.Во просторот значаен дел е одделен за зеленило. На дури 4257m² планиран е јавен парк, во зона надвор од градежни парцели. Дополнително, зададен е услов за реализација на градбите според кој мора да се обезбеди најмалку 20% површина под зеленило во рамките на градежните парцели. Овие 20% претставуваат 6106m² на ниво на плански опфат. Оттука, со планот е предвидено најмалку 10363m² од површината да биде под зеленило (4257+6106), што претставува 27% од површината на блокот СЗ 24.03 – во рамките на регулационата линија како што е дефинирана со планот од повисоко ниво РПЧ СЗ 24.На Деталниот урбанистички план беа  спроведени 2 јавни анкети и тоа: првата во периодот од 12.07.2019 до 25.07.2019, а втората во периодот од 18.09.2019 до 24.09.2019. Соопштенијата за јавните анкети беа соодветно објавени во 2 дневни весници, но и на веб страницата на Општина Ѓорче Петров (каде и се уште може да се видат, во секцијата со објави и соопштенија од постапките за донесување на урбанистички планови). На двете анкети планот беше истакнат во М.З. Дексион, а стручните служби од Одделението за урбанистичко планирање во општина Ѓорче Петров беа и се достапни за било какви прашања и консултации.Одржани се и јавни презентации на планот: првата на 16.07.2019 и втората на 19.09.2019, двете во просториите на М.З. Дексион на кои беа поканети да присуствуваат сите заинтересирани граѓани и претставници на релевантни институции и комунални претпријатија.Почитувани се сите процедури во постапката на донесување, кои се во согласност со  одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање. Обезбедени се согласности и позитивни мислења од сите релевантни институции, вклучувајќи ги и Град Скопје и Министерството за транспорт и врски.

Скопје | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

Поставеноста на монетарната политика оценета како соодветна на макроекономските услови

На 15 септември 2020 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП), на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.Најновите макроекономски показатели покажуваат пад на бруто домашниот производ во вториот квартал од 12,7%, што во целост е во согласност со проекцијата на Народната банка според која очекуваното намалување изнесуваше 12%. По минималниот раст на економијата во првиот квартал од само 0,2%, во вториот квартал, економијата очекувано забележа досега најдлабок годишен пад, одразувајќи ги ефектите предизвикани од пандемијата на ковид-19. Тековно расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од 2020 година, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност. Ова е видливо преку забавувањето на годишните стапки на пад на индустријата и трговијата во јули, додека на месечна основа се забележува раст и во двата сектора.Просечната годишна стапка на инфлација и натаму се одржува на релативно ниско и стабилно ниво, и за првите осум месеци од годината изнесува 0,8%, за што главно придонесуваат повисоките цени на храната. Во однос на проекцијата, ваквите остварувања се над очекувањата за 0% стапка на инфлација во 2020 година. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, неизвесноста околу остварувањето на проекцијата на инфлацијата за 2020 година е зголемена.Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурна зона. Во периодот јули-август главни фактори кои делуваа врз промената на девизните резерви се редовните отплати на обврските на јавниот сектор кон странство и интервенциите на Народната банка на девизниот пазар. Расположливите податоци од надворешниот сектор за третото тримесечје од годината се главно ограничени. Податоците од надворешнотрговската статистика со јули упатуваат на можност за остварување на повисок трговски дефицит од очекуваниот за овој период, но периодот на оцена е многу кус за донесување поконкретни заклучоци. Податоците за билансот на плаќања за второто тримесечје посочуваат на помал дефицит во тековната сметка, како и повисоки нето-приливи во финансиската сметка, во однос на проектираните за вториот квартал.Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за август покажуваат нивен натамошен солиден годишен раст, кој е повисок во однос на проекцијата за третиот квартал од годината.Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем во домашна валута се задржа на релативно солидно ниво, при што банките повремено тргуваа краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари, за август посочуваат и на умерено подобрени движења на девизниот пазар, со оглед на натамошниот сезонски ефект на повисоката понуда на девизи од физичките лица на менувачкиот и девизниот пазар, но и умерено пониската потреба за девизи на корпоративниот сектор. Овие движења, проследени со подобрената девизна ликвидност на банкарскиот систем, придонесоа за најниски (21,5 милиони евра) месечни интервенции и поретко присуство на Народната банка со продажба на девизи на банките поддржувачи на девизниот пазар, од почетокот на кризата наваму. Постабилните  трендови на девизниот пазар продолжуваат и на почетокот на септември, кога банките на нето-основа откупуваат девизи од економските субјекти, а Народната банка нема интервенции.Во услови на засилени очекувања за пронаоѓање вакцина за ковид-19 и за постепено закрепнување на глобалната економија, на меѓународните финансиски пазари во август беше забележан оптимизам, проследен со пораст на цените на акциите и други високоприносни финансиски инструменти. Истовремено, инвеститорите имаа послаб интерес за побезбедни финансиски инструменти, што доведе до пад на цените на државните обврзници издадени од државите во еврозоната и од САД, коишто сепак беа умерени и ограничени во услови на натамошна примена на експанзивните монетарни политики на централните банки.Резимирано, на седницата на Комитетот беше заклучено дека последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата на Народната банка, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на монетарната политика, доколку тоа е потребно.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен крадец од Прилеп што крадел во Скопје

Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(35) и М.Р.(25), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво согласно член 236 од Кривичниот Законик, при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 560.000 денари.Пријавените, на 02.09.2020 околу 13.30 часот во стан на ул.„Манапо“ во Скопје со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отклучиле бравата од влезната блиндор врата, влегле внатре и одзеле рачни часовници, парфеми и други предмети.Од увидна екипа од СВР Скопје на местото на настанот извршен бил увид и потоа се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. На 13.09.2020 првопријавениот бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Карпош.  

Македонија | пред 5 години

sahpanska

Родилките и мајки на деца до 6 години за утре најавија протест пред Владата, Шахпаска смета дека враќањето на работа е логично Родилките и мајки на деца до 6 години за утре најавија протест пред Влад...

Од следната среда, односно на 23 септември на работа се враќаат родителите на децата до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа. Согласно владината одлука на работните позиции од 23 септември се враќаат и хронично болните, со исклучок на лицата, кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист.Родилки и мајки на деца до шест годишна возраст најавија протест утре пред Владата, против одлуката која ги обврзува да го прекинат продолженото породилно отсуство и да се вратат на работа. Мајките бараат промена на одлуката, односно продолжување на отсуството до крајот на годината, како што претходно препорача Комисијата за инфективни болести.Реагираа и самохраните родители, кои преку здружението Една може нагласија дека со започнување на вонредната состојба, специфични мерки беа креирани за различни групи, а оваа категорија била изоставена и за нив не биле креирани индивидуализирани пакети на мерки. Голем број самохрани родители останале без работа, дел поради тоа што биле дел од неформалниот пазар на трудот, друг дел, како што наведуваат, ги загубиле работните места поради несензибилност на приватниот сектор и немањето разбирање за оние кои немаат опција за чување на децата.– Трет дел дури сега ќе ги изгубат работните позиции, овој пат поради тоа што на четвратата седница на Влада на Република Северна Македонија одржана на токму оние кои треба да работат и земаат плата од сите граѓани на републикава, донесоа одлука која се коси со здрав разум: „Сите – читај вклучително и самохраните родители, се враќаат на работа од 23 септември – среда, иако учебната година е претумбана да почнува од октомври 2020 година. Од октомври учебната година физички ќе се одвива само од 8:30 до 10:30 часот, порачуваат од Една може.За министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нема ништо спорно во одлуката на Владата. Таа смета дека мерката за отсуство од работа на родителите на деца до шест години и на оние со продолжено породилни отсуство станало беспредметно со отворањето на градинките.Во однос на одлуката на Владата за прекин на продолженото породилно отсуство, министерката Шахпаска оцени дека со отворањето на градинките и оваа мерка ја губи смислата.Вчера беше забележан прв случај на дете заразено со коронавирус. Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје.Детето е на 15-месечна возраст.Шахпаска вчера информирапе дека детето престојувало во градинката само еден час на 9 септември, а на 14-ти родителите ги известиле вработените во установата дека детето е позитивно на Ковид-19.Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градински во Скопје, Битола и Свети Николе.извор: МИА 

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех на надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2​ ​

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2, спроведен од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).​ Ова е исклучително значајно признание со кое се потврдуваат заложбите на здравствениот систем за справување со вирусот КОВИД-19.​Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера ги посети вработените во Институтот и им честиташе за успехот.„Неодамна, експертски тим од Светската здравствена организација ја прогласи лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје за национален инфлуенца центар и рамноправен член на глобалниот систем за надзор и одговор на грип. За таа цел, експертскиот тим спроведе мисија за проценка и верификација на капацитетите на лабораторијата. Сето ова е уште една потврда за квалитетот на резултатите кои произлегуваат од лабораторијата на Институтот за јавно здравје, заедно со конфирмацијата на резултатите од референтната лабораторија на СЗО за детекција на SARS-CoV-2 – Шарите од Берлин, Германија“, изјави министерот Филипче.Инаку, лабораторијата за​ вирусологија е опремена со високо софистицирана опрема и современи и валидизирани реагенси и тестови, а воедно е кадровски екипирана со искусен и добро обучен персонал.​За потсетување, оваа лабораторија​ е​ референтна лабораторија во земјата за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи​ грип, морбили и рубеола, арбовируси (западно нилска треска, усуту вирус, вирус на крлежен енцефалкит, ЗИКА, вирус на рифт валеј треска и др), како и вируси на хеморагични трески - хантавирус, кримско-конгоанска треска и други.

Македонија | пред 5 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Идеалите на Делчев за губитникот Мицкоски се непозната категорија

Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ, се вели во реакција од СДСМ по  обраќањето на Христијан Мицкоски. Тие додаваат:Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.Колку Мицкоски навистина е за ЕУ и НАТО говори фактот што најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести и што не смогна сили ниту да честита ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО.Единствен идеал на Мицкоски е одбрана на криминал и тој е против правдата која што доаѓа.Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев.Борбата за социјална правда, солидарноста, меѓусебното разбирање и помагање се непознати категории за Мицкоски кој знае само да брани криминал и да се однесува деструктивно.Залудна е глумата на Мицкоски, граѓаните знаат дека тој е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим. Затоа граѓаните го казнија на три изборни циклуси и затоа тој и неговото нереформирано ВМРО-ДПМНЕ остануваат во опозиција, се вели во реакција од СДСМ. 

Македонија | пред 5 години

pandov

Пaндов: Мафијашот Заев го продава Делчев, единствен одговор на тоа е

Пред се сакам да ви признам многу сум горд што сум Македонец, а уште сум по горд што и Гоце Делчев е Македонец. Ние сите тука сме гоцевите синови и ќерки, вели претседателот на Партискиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов на денешниот граѓански протест за Гоце Делчев.Пандов нагласи дека во моментот во државата владее мафија на власт која сака да го продаде Гоце Делчев.За жал во Република Македонија на власт е мафија, мафијаши кои не ценат ништо и ништо не им е свето. Истите тие решени се да го продадат и најсветото, да го продадат Гоце Делчев.Како што истакна Пандов, за да се спречи ова потребно е масовна излезеност, поддршка и сплотеност од страна на граѓаните.Ние, како Македонци сме сега повикани да го спречиме да го направат тоа, меѓутоа сите вас сакам да ве предупредам ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, ниту било кој од нас тука,  не можеме тоа сами да го направиме. Единствениот начин како можеме да ги спречиме е да излезе народот, многу народ на македонските улици, во македонските села и градови, сплотени и единствени. Само така и никако поинаку можеме да покажеме и докажеме дека тука, во Република Македонија живее народ чесен и достоинствен, народ кој говори на Македонски, народ кој што пишува на Македонски, народ кој што се идентификува како Македонци, дециден е тој,.Ако сакаме да ги испочитуваме сите патриоти, илинденци, асномците, уставобранителите, жртвите и страдањата кои што ги имаат дадено за Република Македонија тоа е патот по кој што можеме да одиме, додаде Пандов.Пандов, упати повик до сите граѓани да им се придржат на сите наредни протести на кои јасно и гласно ќе порачаат дека во Македонија живеат Македонци.Затоа повикувам, не само вечерва туку и во сите наредни протести кои што ќе ги организира ВМРО да излеземе уште помасовно, подостоинствено и јасно и гласно да кажеме дека ние сме Македонци и живееме во Република Македонија.    

Македонија | пред 5 години

adrijana-zan-mitrev

Адријана Алачки со поддршка за Жан Митрев: „Те сакам докторе од тука до небото и назад“, а вие престанете со злоба, помолете се!

Те сакам Докторе Жан Митрев, од тука до небото и назад! Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет. Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20- тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време. Од сцената го забележав токму заради неговата скромност, напиша водителката и пејачка Адријана Алачки во опис на заедничката фотографија со д-р Жан Митрев, која ја објави на Фејсбук.„Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме ,, Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце. Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН операцијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам. Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев,, Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа,, за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.Но животот ги пишува романите после долго, долго години… додека слетував во Токио, Јапонија, го пуштив телефонот и добив порака од керка ми дека е ,,готова” мојата мајка, враќај се. Ми се одзедоа и рацете и нозете, веднаш ми падна на ум да му се јавам. Неговиот одговор беше,, веднаш, сега, се што е во мојата моќ, ќе испратам возило да ја донесат и ми го затвори телефонот. Додека барав билет веднаш да се вратам назад ( ми рекоа следниот лет е за 24 часа) докторот ми се јави, ми кажа дека мојата мајка буквално е вратена во живот, терај си ја работата, ние сме тука. И благодарам и на Др. Борјанка Танева која учествуваше несебично во тој чин. Која радост, кој спокој, да можев да полетам….ах докторе колку си голем. Jас сум само капката во океанот на кого се помогнал.Господ не става на многу пеколни искушенија во животот, можеби токму ние ќе ги чистиме кармите од претците. Седете си мирни и како велеше мојата баба,, плукни си синко во пазувите, деца имаш и не зборувај, ни суди за туѓите”.Гледајте си го својот живот и своето гајле бери си го. Кај што си се наситил, ќе те стигне…затоа!!! За дете, боли до срж, ама до срж. Престанете со злоба, помолете се! Господ е семоќен . Гледај те си во својата чинија“, напиша Алачки.https://www.facebook.com/adrijana.alacki/posts/3837916722890502

Македонија | пред 5 години

protest-vmro-dpmne-11

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ сплотено маршираше за ЕУ и за Делчев со „Едно име имаме“

Со транспаренти „Стани Гоце те предадоа“, „Гоце е црвената линија“, „или Гоце или Заев“, „Гоце не го даваме“ илјадници демонстранти излегоа на улиците во главниот град на најавениот антивладин протест “За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев”.Ова е третиот од серијата протести кои партијата ги најави. По минатите два протести против поскапувањето на струјата, овој пат тие протестираат „за поддршка на членството во ЕУ и за Гоце Делчев“.Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава.Со него нема преговарање, Делчев не го даваме!Гоце е идејата за Македонија, која преку АСНОМ, а подроцна 8 ми септември се преточи во самостојна независна држава, беше истакнато на денешниот протест.Пред присутните се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој истакна  дека Делчев е црвената линија на нашето достоинство.  Тој додаде дека  патриотизмот не е демоде политика и порача дека македонизмот не е ништо помалку важен од европеизмот.Мицковски истакна дека СДСМ предводена од Зоран Заев не е за ЕУ. Наведе дека таму нема рекет, нема пропаѓање на банки, и осиромашување на народот.„Сакаат да го продадат Гоце за да можат да си поделат уште некоја лиценца за марихуана“, додаде Мицкоски.„Делчев обединувал, а Заев разединува. Изборот е или СДСМ или вистината, или Македонија или мафија“, изјави Мицкоски.     

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања