Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

migranti_kola

Дваесет и двајца мигранти пронајдени покрај пругата во Велес

Дваесет и двајца мигранти вчеравечер биле пронајдени покрај пругата во Велес.Според информациите на МВР, во 20.40 часот во Велес, покрај железничката пруга Гевгелија – Скопје, полициски службеници пронашле 22 мигранти, меѓу кои и двајца малолетници. Десетмина од мигрантите се од Бангладеш, седум од Пакистан и пет од Авганистан.Тие им биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и ќе бидат транспортирани во транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Нови 186 случаи со КОВИД 19 во земјава, починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274,  бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6463, активни 564• Куманово 1644, активни 215• Дебар 272, активни 37• Штип 1222, активни 72• Прилеп 581, активни 119• Тетово 1335, активни 134• Струга 639, активни 65• Велес 296, активни 23• Битола 259, активни 57• Охрид 399, активни 46• Кавадарци 211, активни 35• Гостивар 882, активни 94• Гевгелија 97, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 142, активни 77• Крива Паланка 89, активни 38• Радовиш 56, активни 11• Крушево 18, активни 2• Кочани 220, активни 76• Пробиштип 99, активни 19• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 87, активни 9• Пехчево 42, активни 21• Берово 74, активни 20• Валандово 14, активни 5• Виница 96, активни 28• Делчево 138, активни 75 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 4• Свети Николе 312, активни 19• Кичево 297, активни 30• Ресен 156, активни 9• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1674 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-252,  Биотек-129, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-217, Систина со PCR метода -182, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-26, ГАК-13, Синлаб-34, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 52• Гази Баба – 75• Аеродром - 83• Карпош – 71• Центар – 82• Кисела Вода – 52• Ѓорче Петров – 28• Бутел - 33• Шуто Оризари – 14• Студеничани – 9• Сарај – 17• Арачиново – 9• Илинден – 12• Сопиште – 2• Чучер Сандево – 3• Петровец – 6• Зелениково - 2• Странец – 7• Нераспределен-7

Македонија | пред 5 години

milososki-antonijo

Милошоски: Собранието да усвои декларација за потврдување на македонскиот идентитет

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи македонското Собрание, како контра одговор на бугарското Народно собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени и со самото тоа, како што вели, афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент.– Европа и нејзиното мото обединети во различностите би требало да важи и за Македонија и сметаме дека за тие прашања не би требало да има преговори, напротив тие прашања треба да бидат поддржани од сите политички партии во Република Македонија дека не треба да се преговара, напротив треба да бидат афирмативни. Мислам дека Собранието би било добро како контра одговор на Бугарското национално собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потвредени и со самото тоа афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент, рече Милошоски.Запрашан за тоа дали неговата партија ќе поддржи отворени листи за локалните избори, Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери се спремни да дикскутираат за секоја тема, вклучително и за подобрување на Изборниот законик за локални и парламентарни избори. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(Виде) Костадинов: Истрагата за изборното рекламирање покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.„Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции. Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата, стара, криминална матрица на оваа партија. Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна“, рече тој.За изборната кампања за Гордана Сиљановска, додаде Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик.„За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од шефот на Мицкоски, Никола Груевски, оставаше долгови од над три милиони евра. Односот и кон законите но и кон медиумите, на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е ист и непроменет“, рече Костадинов.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на Договорот за добрососедство

Како сериозни политичари особено и како сериозна партија секогаш сме давале шанса да по пат на дијалог, по пат на обемни разговори ги затвораме сите крупни прашања коишто ги тиштат граѓаните на нашата држава, но и граѓаните на државите со којшто сме имале претходни тешки спорови. Она што е најважно дека еве и јас од овде сум Македонец, јас од овде зборувам македонски јазик, вие поставувате прашања на македонски јазик и секако и најважно согласно договорите, признаени од цел свет. Јас искрено сум убеден дека камен на сопнување во нашиот интегративен пат кон ЕУ нема да бидат билатерални спорови во случајот со Република Бугарија, истакна Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање Какви се реакциите на вашата партија во однос на  меморандумот за којшто вчера слушна јавноста од страна на официјална Софија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Тетовското обвинителство поведе постапка за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 34-годишно лице поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Наркотичната дрога марихуана, со количина од 45 грама, кај осомничениот била пронајдена на 15.9.2020 година, при вршење рутинска контрола од полициски службеници кај наплатната рамка во близина на с. Желино.Јавен обвинител кој постапува во предметот, со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, до надлежен суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Град Скопје уредува нов зелен сквер во Аеродром

На постојната зелена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Општина Аеродром, денеска започна  редизајнот на третата од вкупно 4 локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови. Ова е третата локација на која Градот Скопје во соработка со Скопје Лаб работи на уредување на запуштените површини што се наоѓаат во  различни општини. Целосното преуредување на просторот се очекува да заврши за 30 дена, а ќе се врши врз основа на анкетите коишто се направени со локалното население коешто гравитира кон овие површини. Анализирани беа нивните навики и потреби за да го направиме овој простор во Аеродром едно пријатно катче каде што тие ќе го поминуваат слободното време – кажа Шилегов. Вредноста на проектот за уредување на новиот зелен сквер изнесува околу 3,7 милиони денари, а реализацијата на истиот се очекува да заврши за 30 дена. Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП  што започна во 2018 година.  Во овој процес беа вклучени различни возрасни групи на граѓани  преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните кои живеат на во овој дел од населбата.Дополнително се работи на мапирање на дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст.На почетокот на активностите за уредување на новиот зелен сквер на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров присуствуваше и градоначалникот на Општина  Аеродром, Златко Марин.

Скопје | пред 5 години

gradinka-2

Влада: Обезбедена е целосна грижа за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат наработа

Во врска со реакциите на дел од родителите кои досега ја користеа мерката продолжено породилно отсуство, Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека Одлуката што ја донесе на својата 4-та седница одржана на 14 септември 2020 година, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември 2020 година, е донесена по претходна анализа и консултација со Комисијата за заразни болести.Со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот КОВИД-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата.Таа мерка изминатиов период беше на сила затоа што јавните установи за згрижување на деца, односно градинките не работеа.Дополнително, во координација со Комисијата за заразни болести донесена е и Одлука за проширување на капацитетите на групите во градинките од 0 до 2 години, на по 12 деца во група, со што јавните установи за згрижување на деца имаат капацитет целосно да ги згрижат децата на мајките кои до сега користеа продолжено породилно отсуство.Согласно Протоколот, приоритет за згрижување во градинките имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители, со што се исклучува секаква можност децата да останат без соодветна грижа и нега.Онаму каде ќе се појави потреба од дополнителен простор и кадар за згрижување деца, Владата им препорача на Општините како основачи на градинките, во согласност со Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејноста на установите за деца, да обезбедат соодветно решение.Од тие причини потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна.Анализите покажуваат дека во согласност со мерките предвидени во Протоколот градинките во државата имаат капацитет да примат 19.000 деца, а интерес досега покажале родители на 14.555 деца.Според информациите од надлежното Министерство за труд и социјална политика дел од родителите што веќе ги пријавија децата, изминатиот период не ги носеа децата во градинка.Затоа Министерството за труд и социјална политика достави допис до градинките да утврдат дали овие деца ќе престојуваат во градинките, со единствена цел во јавните установи за згрижување деца да бидат згрижени сите деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, односно оние на кои тоа им е неопходно.Владата внимателно ја следи состојбата на терен и во зависност од потребата ќе носи одлуки кои се во интерес на граѓаните и на државата.

Македонија | пред 5 години

Septemvri-2020

(ФОТО и ВИДЕО) Стоилковски: Злосторничко здружување за легализација на фабрика за марихуана на СДСМ?

Криминалот и корупцијата се ракот на Македонија кој што метастазираше со мафијата на власт. До сега посочувавме за евтиниот театар поврзан со дивоградбите, театар за лажење на јавноста за некакво спроведување на правото, а всушност за криење дека и Чаир и Град Скопје правно и финансиски комуницирале со инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка. Денеска ќе предочам за скандал, афера и веројатен тежок криминал, зад кое постои можност за сериозно огромно злосторничко здружување во градежно урбанистичкиот сектор. И секако на услуга на нарко бизнисот на мафијата на власт, истакна на денешната прес конфренција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Како е можно, среде ниви, среде земјоделско земјиште да никне огромна дивоградба- цела фабрика за масло од канабис, а градоначалникот, локалниот совет, урбанистичкиот сектор на рурална општина, за тоа да не знаат?Како е можно геодет да издаде елаборат потребен за легализација ама на непостоечки објект?Како е можно врз основа на тој елаборат во најголема брзина градоначалникот да легализира дивоградба?И како е можно веднаш потоа, фирмата на сопствениците на легализираната дивоградба да добие лиценца од првите издадени лиценци за работа со марихуана во земјава?Прашувам јавно, а ЈО за организиран криминал треба да одговори, дали е тоа можно само ако се работи за злосторничко здружување во чија што основа лежат политички врски?Почитувани, Зоран Заев е творец и заштитник на нелегално градење и криминално легализирање.  И тој модел се уште се спроведува и штити од страна на мафијата на власт.Сите споменати погоре се дел и припаѓаат на една иста група, сите се членови на СДСМ, истакна Стоилковски.Портаролот на ВМРО ДПМНЕ во продолжение додаде:Сосопственици на дивоградбата се поранешниот пратеник на СДСМ- Драган Ѓорѓиев и партискиот поддржувач Атанас Јанушев, двајцата од Ново Село;Градоначалникот на Босилово е Зоран Зимбаков кадар на СДСМ;Претседател на Советот на Босилово е Ѓорѓи Аризанов експретседател на ОО СДСМ во Босилово;Геодетот кој што изработил елаборат е Сребре Нечовски- експретседател на ОО СДСМ  Могила;Тој што го воведе нарко-бизнисот во Македонија за што Ѓоргиев експратеникот доби лиценци  е Зоран Заев.Мора да нагласам дека експратеникот Драган Ѓоргиев од Ново Село и Зоран Заев од Струмица добро се познаваат, барем најмалку три години како пратеници во македонскиот парламент, во истиот состав 2002-2006 година.Почитувани,  Градоначалникот на општина Босилово Зимбаков, на први јуни, 2018 година, врз основа на Одлука на Советот од 31 мај, значи само ден претходно, потпишува и издава решение за легализација на бесправен објект, со намена Г2-6, објекти од лесна и незагадувачка индустрија на КП бр. 275 во КО Петралинци. Објект со вкупна внатрешна површина од над 575 метри квадратни - деловен и помошен простор.Во решението што го потпишува е наведено дека сосопствениците, експратеникот Ѓорѓиев и Јанушев поднеле барањето за легализација на објектот, со уредно запишан број архивиран  со датум од 16 април 2016 година.Сепак имотот е купен во февруари 2018 година, од еден сопственик, а се работи за земјоделско земјиште „Нива“ од трета категорија.Во купопродажниот договор ниту се споменува објект, ниту дека има објект за кој што е поведена постапка за легализација. Имотот според катастарскиот извод од 14 март 2018 година е плодно земјиште- нива.А за да се реализира легализацијата, стојат потпишани изјави од Ѓоргиев и Јанушев дека градбата- предмет на легализација била изградена во 2010 година.Геодетскиот елаборат, потребен за легализација е потпишан од Сребре Нечовски од Агенција за недвижности и Биро за геодетски работи ДООЕЛ НОВА 2006-Битола , е издаден 15 мај 2018 година, а во него се наведени сета квадратура и сите содржини на објектот: граден од бетон и тула, а запишани се канцеларија, алатница, просторија за обработка, менза, магацин, соблекувална итн. И за сето тоа има нацрт, мапа, мерни податоци. Се што е потребно за да се заврши легализацијата на едно дивоизграден објект.Да ги сумирам фактите со датуми, на кусо, за да се формира сликата:Кон крајот на февруари 2018 е купена нива земјоделско земјиште од трета категорија;Битолска фирма започнува геодетски мерења потребни за легализација;Барањето за легализација наводно е поднесено на 16 април 2016 година;Сосопствениците потпишуваат и даваат изјави дека дивоградбата е градена 2010 година, а дека двајцата поднеле барање за легализација во 2016 година. Две години пред воопшто да бидат сопственици на имотот;На 15 мај 2018 година е издаден елаборатот со сите премери, нацрти и детален опис.На 31 мај 2018 Советот носи одлука за легализација. На 1 јуни 2018 Градоначалникот потпишува и издава решение за легализација. И истиот тој 1 јуни, експратеникот Ѓоргиев и ортакот Јанушев сега легалната дивоградба заедно со 22.000 метри квадратни земјоделско земјиште, создадено со окрупнување со околните парцели, го издаваат на компанијата чии што сосопственици се двајцата, и каде што фактички започнува фабриката за марихуана.И тоа фирма која што двајцата ја регистрираат на 16 април 2018 година,односно еден месец пред да го добијат елаборатот . Фирмата „КАНАБИС ПРО“, која е на двајцата сосопственици на објектот и која е  во првите кои во април 2019 добива лиценци за работа во нарко бизнисот.Почитувани, следува шлагот на оваа крими- приказна:САТЕЛИТСКИТЕ СНИМКИ ОД 2018 ГОДИНА ПОКАЖУВААТ ДЕКА ЛЕГАЛИЗИРАНИОТ ОБЈЕКТ, СЕГА ФАБРИКА, НЕ ПОСТОЕЛ ВО ПЕРИОДОТ НА НЕГОВА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА;СПОРЕД САТЕЛИТСКИТЕ СНИМКИ, ПО КУПУВАЊЕТО НА НИВАТА, ЗАПОЧНАТО Е СО РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ ВО МАРТ 2018 ГОДИНА;ОДНОСНО КОГА Е НАПРАВЕН КУПОПРОДАЖНИОТ ДОГОВОР НА 23 ФЕВРУАРИ НЕ ПОСТОИ НИКАКОВ ОБЈЕКТ. НИТУ Е ИЗГРАДЕН ВО 2010, НИТУ БИЛ ПРОДАДЕН, ОДНОСНО КУПЕН ИМОТ НИВА СО ОБЈЕКТ;ТОЈ ЦЕЛОСНО СЕ ПОЈАВУВА ДУРИ ВО МАРТ/ АПРИЛ СЛЕДНАТА, 2019 ГОДИНА.Почитувани, ова е скандал.Постои можност за злосторничко здружување- урбанистички сектор на мафијата во кои се вклучени блиски на Заев, експратеници на СДСМ, советничка група на СДСМ, општински урбанисти, градоначалник, класичен криминал и мафијашко однесување.Постои можност за двојно книговодство, за чувани бројчиња во архивските книги за легализација на непостоечки објекти. Барање за легализација поднесено од 2016 година, кога воопшто барателите не го поседувале имотот и со кој што се стекнуваат дури две години подоцна.Постои можност на ваков начин, преку криминална легализација да се изиграни повеќе закони. Прво Законот за градење во земјоделско земјиште, имајќи предвид  дека станува збор за нива од трета категорија. Второ Законот за легализација на дивоградби кој што прецизира и опфаќа градби до 3 март 2011 година.Постои сериозна можност и индиција за злоупотреба на службената положба и овластување на геодетското биро од Битола, за можна изработка на елаборат за легализација на непостоечки и неизграден објект.Постои сериозна можност и индиција за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на општинските урбанисти, советници  и секако градоначалникот на Босилово Зимбаков.И секако постои сериозна индиција за постоење злосторничко здружување за изигрување на законите, нанесување штета на буџетот, со цел остварување на профит.Јасна е поврзаноста на сите инволвирани, преку членување и функции во една политичка партија, а тоа е СДСМ.Јавното Обвинителство за организиран криминал мора да поведе истрага, по допрен глас.ЈО мора да одговори: Дали зад легализацијата на цела една фабрика среде нива, во атарот на село Петралинци, општина Босилово, се крие злосторничко здружување со една цел- избегнување на вадење на сите потребни документи, за кои што треба време, за да се стигне на време за да се добие лиценца за нарко бизнис?Сите документи потребни на ЈО за истрага, за можна криминална легаллизација на дивоградба, за КП бр. 275 во КО Петралинци, каде што е сместена фабриката за марихуана „КАНАБИС-ПРО“ ДОО увоз извоз, може да се најдат во архивот на општина Босилово, во Катастарот, кај геодетската фирма од Битола „НОВА 2006“, а најпотребната алатка е Гугл мапс- про, алатка која што е признаена за водење на катастарски книги.Јавната бвинителка за организиран криминал Вилма Русковска, не смее да остане глува на оваа прес конференција. Бараме отворање на истрага веднаш.Мафијата на власт мора да се соочи со правниот систем. Ваквите криминогени дејства, не може да се покриваат со крими-театар како оној кај ТЦ Мавровка.  Не ги покриваат ниту 100 министри за борба со корупција ако се тие од СДСМ, особено ако се блиски на Зоран Заев.Бараме правда ВЕДНАШ. Бараме справување со мафијата ВЕДНАШ.Или Македонија или мафијата, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 5 години

IMG-695666c71f83b49ee263daa8d93fef50-V

Средба на Македонскиот полициски синдикат со Директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу

Делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот Д-рМарјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски  оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за разузнавање г-дин Еролд Муслиу.На средбата од страна на Директорот на Агенцијата,Муслиу,беше  потенцирана важноста од добрата соработка со Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Агенцијата за разузнавање и  подготвеноста за соработка во интерес на вработените.Единствена цел на Македонскиот полициски синдикат е да продолжиме со одличната соработка со раководството на Агенцијата за разузнавање,  сѐ со цел обезбедување подобри услови за работа и подобрувањето на стандардот на вработените во Агенцијата за разузнавање -истакна Д-р Марјан Кицев во своето обраќање пред присутните.

Македонија | пред 5 години

bocvarski

Бочварски: Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија.  Тој на прва прес конференција како министер изјави дека изградбата на патната и железничката инфраструктура се исклучително важни за државата. Меѓудругото, Бочварски најави доизградба на автопатот Кичево-Охрид.Доизградбата на автопатот Охрид – Кичево, е приоритет на владата кој забрзано ќе биде реализиран, истакна на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Овој автопат како што претходно беше најавено ќе има крак од Требеништа до Струга.Министерот за транспорт најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга – Ќафасан, постапка за проширување на автопатот Тетово – Гостивар, и изградба на автопат Кичево – Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион.  Министерот најави изградба на автопат од Прилеп до  Битола, како и ново инфраструктурно поврзување на Битола со граничен премин Меџитлија.„ Инвестициите во инфраструктурата, ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатска мрежа , изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и само преку Министерстото за транспорт рехабилитација на околу 450 километри локални патишта“, рече БочварскиМинистерот најави и изградба на преку 700 социјални станови.Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира. Јавниот простор ќе може да се користи само на начин прошишан со закон, додаде Бочварски.-Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни. Ова е систем преку ноќ не ќе може да се воспостави и преку ноќ не ќе можат да се надминат проблемите, но овој систем треба да создаде фронт против ваквите појави. – рече министерот за транспорт.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/341630283859070Тој додаде дека изградбата на патната и железничката инфраструктура , гасоводи, водоводи и канализациони системи и другите инфраструктурани проекти, се исклучително важни за развојот на државата и претставуваат најсилниот мотор на секоја економија.– Затоа ги отворам вратите на Министерството за транспорт и врски за сите наши македонски капацитети, градежни и сообраќајни инженери, правници и архитекти, професори и експерти од секоја област, со цел поставување систем кој ќе биде мозокот и вистински координатор на оперативата за силни капитални инвестиции. Ќе ги ангажирам сите административни капацитети, ќе го искористам моето знаење и упорност со единствена цел да создадеме систем преку кој ќе се гради модерна инфрастуктура, за денешните и идните генерации, рече Бочварски.– Во соработка со други министерства преку разни програми се планира изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии. Фокус и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, утврдена ни е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови, а ќе воспоставиме нови авиолини и други проекти со кои ќе ја вратиме економијата на потребното ниво со што ќе се овозможи отворање на нови работни места, наведе министерот Бочварски.Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.„Јавниот простор ќе може да се користи само на начин прошишан со закон. Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни – рече министерот.

Македонија | пред 5 години

dzogani

Успсен Гаги Џогани кај себе имал кокаин

Гаги Џогани од популарниот бенд од 1990-те, „Фанки Џи“, вчера е уапсен во Белград, а полицијата кај него пронашла две ќесички кокаин.Естрадната ѕвезда подолго време има афинитети кон кокаин, а тоа и беше главната причина поради која од него се разведе познатата пејачка Анабела Буква. По разводот тој призна дека ја тепал Анабела за време на бракот, но „дека тоа не е ништо страшно“.По ова се огласи само неговиот роден брат Џоле Џогани (познат по мега хитот “Џекам те код колима“) кој рече дека е во шок, дека не сака да верува во тоа дека Гаги се вратил на дрогата.

Магазин | пред 5 години

ubistvo12

Зголемена казната затвор за убиецот на тинејџерот Никола Христовски во Ново Лисиче

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на обвинителството и ја зголеми за една година затворската казна на скопјанецот А.Т.(18), кој беше осуден на три години за убиството на Никола Христовски (17) на 14 август лани во во Ново Лисиче, објави  24 Инфо.Првостпената пресуда предизвика големо незадоволство во јавноста, иако судот донесе одлука во рамките на законски предвидената казна, која обвинителството ја обжали, исто како и осудениот, кој барал да му се намали казната.  Имаше и протести од страна на граѓаните од Ново Лисиче. Според судската одлука, А.Т. дошол од друга населба во Ново Лисиче и носел нож со себе, а откако голема група млади го бркале, навредувале и напаѓале, тој во безизлезна ситуација го прободел Христовски. 

Македонија | пред 5 години

Pocina

Почина момчето на кое му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител

Почина 24 годишниот Филип Димишковски на кого пред две години му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. Нема официјална информација која е причината за смртта и како дошло до влошување на неговата здравствена состојба, Објави novatv.mk.Неофицијално од лекарски извори, на младото момче му се вратила болеста акутна миелобластна леукемија, скоро две години по направената трансплантација на коскена срцевина.Филип по операцијата беше во стабилна состојба. Надлежните, министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за хематологија тогаш се пофалија дека ова е висок професионален дострел на хематолозите кој досега не се правел во нашата земја. Тие потенцираа дека се отвора можност да се лекуваат и странски пациенти на Клиниката за хематологија.Текстот во целост на: novatv.mk.фото: novatv.mk.

Македонија | пред 5 години

vilma-39hx5c43qzvu1pe45ap4ao

Русковска: Не сум задоволна од Финансиска полиција, минатата година дојдоа само 9 пријави за перење пари

Недозволиво е од Финансиска полиција минатата година да дојдат само 9 пријави за перење пари и ниту една од нив да не е сомнеж за организиран криминал и корупција или против високи функционери, вели обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК.За веќе поведените истраги од висок јавен интерес, пак, кажува дека таа за „Скопје 2014“ конечно ќе биде реферирана денеска во Републичкото обвинителство.Досега има обвинето пратеници и судии и вели дека ако не фати во криминал и обвини функционери од извршната власт, себеси ќе се смета за не толку успешен обвинител за организиран криминал и корупција.Сè уште е рано за проекции на буџетот за 2021 година, но минатата година, со оглед на тоа што новиот Закон за Јавно обвинителство на Република Северна Македонија требаше да стапи на сила од први јули 2020 година, проекцијата беше направена на 1.500.000 евра.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Македонија | пред 5 години

DSC_0077

379 санкционирани возачи во Скопје, 101 ја пречекориле брзината!

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 101 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 32, 41 санкционирани мотоциклисти, 66 мерки за непрописно паркирани возила и 68 возила подигнати со пајак, а изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

grubi

Груби: Владата ќе субвенционира приватни компании кои ќе вработат Албанци

Владата ќе субвенционира приватни компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во емисијата Клик Плус на ТВ21.Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.– Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од владата –  потенцираше првиот вицепремиер.

Македонија | пред 5 години

sredba

Средба Филипче- Бартолини: Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството и јакнење на здравствениот систем

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера оствари средба со Никола Бартолини - шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје.На средбата се разговараше за десет годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.„Го финализираме стратешкиот документ - 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор.  Исто така, во тек е финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести.“- истакнува министерот Филипче.Со помош на ЕУ, се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести ковид-19 преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра.Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи од Унијата добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40.000 парчиња разна медицинска опрема, 30.000 заштитни маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 хируршки ракавици, 20.000 заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор.Министерот Филипче се заблагодари за целокупната поддршка која ЕУ и ја дава на Република Северна Македонија низ годините, особено во изминативе месеци со справувањето со пандемијата ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска претпладне сончево, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за крткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Почина 22 годишно момче во фабрика

Moмче (22) починало во фабрика во Куманово, потврди денеска СВР Куманово.nВо 14:40, лекар од итна помош Куманово пријавила во СВР Куманово дека има починато лице во фабрика „11 Октoмври".Од кумановската полиција соопштија дека станува збор за А.Д. (1998). Увидот на СВР Куманово, јавен обвинител и трудов инспектор сѐ уште трае.

Македонија | пред 5 години

policija-4

Претреси во Кондово, приведен 34-годишен маж

Денеска (16.09) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршија претреси на две локации во С. Кондово- Скопје и при тоа го лишија од слобода  С. И. (34), осомничен за кривично дело „грабнување“ по чл. 141 од КЗ на РСМ, извршено на 08.09.2020.СВР Скопје - Единица за насилен криминал претходно поднесе кривична пријава против Р.А.(32), Ј.И.(36), Б.Џ.(27), С.И.(34) и Л.Р.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик. На 08.09.2020 околу 22.00 часот на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај с.Глумово, во организација на првопријавениот и петтопријавената, третопријавениот и четвртопријавениот со патничко возило му го пресекле патот на Б.М.(34) од Гостивар, кој бил со своето патничко возило „масерати“. Им се приклучил и второпријавениот и сите заедно физички го нападнале Б.М., по што насилно го внеле во неговото возило и го однеле на автоплац во с.Кондово, сопственост на првопријавениот, каде повторно физички го нападнале. Прво, второ и третопријавениот, поради наводен долг од 20.000 евра, го присилиле оштетениот да влезе во возилото „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово, каде го присилиле да направи купопродажен договор за неговото возило „масерати“ да се префрли на име на првопријавениот. После тоа, го однеле оштетениот на бензинска пумпа кај с.Желино. По пријавување на настанот, СВР Скопје презеде мерки и бил извршен претрес во домот на првопријавениот, при што со потврда било одземено возилото „бмв Х5“. Од слобода биле лишени второ и третопријавениот, а на разговор била повикана петтопријавената. На 10.09.2020, по претходен распишан распис, сам се пријавил првопријавениот и со него бил извршен разговор, по што бил задржан за понатамошна постапка, а денеска е приведен и С.И.. 

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov-2

Софија до ЕУ- Македонците се проект на Тито

Два услова и тези за македонскиот идентитет и јазик содржи таканаречениот објаснувачки меморандум кој официјална Софија го пратила до земјите членки на ЕУ, а во кој РСЕ има увид. Во него Бугарија бара поддршка од земјите членки за својата позиција кон напредокот на Македонија во Унијата, објави slobodnaevropa.mk. Билатералниот договор меѓу Скопје и Софија и добрите меѓусоседски односи треба да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ и да бидат дел од поглавјето 35. Ова е дел од „Објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на проширување на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација“ кој Софија го доставила до земјите-членки на Европската Унија и бара поддршка од нив.Радио Слободна Европа има увид во документот кој има шест страници и во кој, меѓудругото, се наведува:„Одржувањето на добри меѓусоседски односи и особено, спроведувањето во добра волја на билатералните договори со земјите членки на Европската унија треба да биде составен дел од Преговарачката рамка за прием на Република Северна Македонија во ЕУ и треба да биде набљудувано во поглавјето 35. Проценките дали тие меѓународни обврски се ефикасно исполнети треба да биде на конкретните земји членки“, се наведува во меморандумот.Поглавјето 35, кое се споменува во бугарскиот документ, инаку вклучува разни прашања што се појавуваат за време на преговорите, a кои не се опфатени во ниту едно друго поглавје и вообичаено се отвора на крајот на процесот на преговарање. Инаку, во меморандумот официјална Софија бара исполнување на уште еден услов за напредокот на Македонија во ЕУ- малцинствата.Источниот сосед објаснува дека тие се членка на најголемата регионална и меѓународна организација за човекови права и се фокусирани на спроведување на највисоките меѓународни стандарди во оваа област, но во согласност со бугарскиот Устав. Тој, пак, како што пишува, предвидува дека тоа право може да се оствари во согласност со „кумулативното исполнување на субјективното (постоење на слободна волја да припаѓа на одредена религиозна, етничка, јазична малцинска група или заедница) и објективните критериуми( постoење на реални разлики кои објективно докажуваат постоење на етничка припадност, религија, јазик значително различен од оние на мнозинството)“.„Според тоа тврдењата за малцинства поттикнати од странство се неприфатливи. Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни своите заложби, да ги суспендира гореспоменатите политики навремено да го усогласи своите позиции и активности во меѓународните организации со членот 11 од Договорот и да ја прекине својата практика на инструментализирање на мултилатерални формати и механизми за следење, за да се изврши непотребен притисок врз Бугарија. Ова ќе биде предуслов за добивање на согласност од Бугарија за кој било понатамошен чекор во процесот на интеграцијата“, се наведува во меморандумот на Софија.Текстот во целост на:  slobodnaevropa.mk.  

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска висока бројка на позитивни и на починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-17, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-13, Струга-3, Велес-6, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-5, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-18, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Свети Николе-1, Кичево-3, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје-46, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-3, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-12, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-4, Кратово-1, Кичево-3, Неготино-2.Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088,  бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6406, активни 526• Куманово 1628, активни 200• Дебар 271, активни 38• Штип 1214, активни 68• Прилеп 574, активни 125• Тетово 1325, активни 126• Струга 633, активни 65• Велес 295, активни 22• Битола 253, активни 51• Охрид 398, активни 54• Кавадарци 207, активни 31• Гостивар 865, активни 87• Гевгелија 92, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 130, активни 66• Крива Паланка 86, активни 36• Радовиш 54, активни 11• Крушево 18, активни 2• Кочани 202, активни 60• Пробиштип 98, активни 19• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 86, активни 11• Пехчево 42, активни 21• Берово 74, активни 24• Валандово 13, активни 4• Виница 96, активни 28• Делчево 135, активни 76 (28 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 4• Свети Николе 310, активни 19• Кичево 294, активни 28• Ресен 155, активни 8• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1721 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена-254,  Биотек-154, МАНУ -91, Жан Митрев (Филип Втори)-175, Систина со PCR метода -165, лабораторија Лаор –50, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-8, ГАК-17, Синлаб-166, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 49• Гази Баба – 72• Аеродром - 83• Карпош – 71• Центар – 74• Кисела Вода – 48• Ѓорче Петров – 25• Бутел - 33• Шуто Оризари – 12• Студеничани – 9• Сарај – 15• Арачиново – 9• Илинден – 8• Сопиште – 2• Чучер Сандево – 2• Петровец – 5• Зелениково - 1• Странец – 4• Нераспределен-4

Македонија | пред 5 години

Havarisani-vozila

Отстранете ги хаварисаните возила од јавните површини во Општина Аеродром

Општина Аеродром ги известува сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила дека е потребно да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.Во спротивно, овие возила, приколки и камп-приколки што се паркирани на плочници и тревници веднаш ќе бидат отстранети од надлежните служби.Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина.

Скопје | пред 5 години

naum-3

Стоилковски: Власта во паника го активираше политичкото обвинителство

Очигледна е паниката кај власта по реките народ кој што се излеаја  вчера од незадоволство и против владеењето и трговијата со се што е свето за граѓаните од страна на оваа власт , па денеска политичкото обвинителство во ликот и делот на Вилма Русковска организира напад врз  медиуми, што го продаваат како некаква борба и  справување со корупцијата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Вистината е дека сето рекламирање на партијата ВМРО ДПМНЕ  е транспарентно и законски.И се чудиме, како и зошто Вилма Русковска експресно реагира на повикот на СДСМ , а не реагира на очигледен криминал од СДСМ?Пред цел месец реагиравме и обзнанивме дека на СДСМ во извештајот и недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање.Да потсетам во текот на  кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за рекламирање околу 27 илјади евра на ден што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра за реклами само за на социјалните мрежи.Во извештајот  на СДСМ ги нема реално потрошените десетици илјади евра дневно, за еден ден рекламирање на социјални медиуми, СДСМ не ги пријавува а СДСМ  прикажува само 17 илјади евра потрошени за таа намена за цела кампања и нема истрага Русковска не реагира !Се чудиме како и зошто Вилма Русковска не реагираше и се уште не реагира за скандалот, за очигледниот поткуп, за корупцијата, за врските на СДСМ и Зоран Заев со  Миодраг ДАКА, за што беше објавен  и снимен разговор; Русковска не реагира ниту сега кога тоа што го посочува ДАКА се реализира во Тетово за скандалот со Шик Јелак.  Шик Јелак се случува пред очи ама за тоа нема реакција од Вилма Русковска.Русковска не реагира за ниеден скандал, отворен посочен сомнеж во јавноста, или по поднесоци од опозицијата за можен криминал во или поврзан со СДСМ.Ова што сега се случува и се  врши врз медиумите  е чист случај на притисок и заплашување од партиското обвинителство на СДСМ против медиумите кои што известуваа и ги пренесуваа протестите на опозицијата и уште  пострашно, се  критички настроените медиуми против власта, што се наведува и во извештајот на Стејт департментот.Ова е класичен удар врз медиумите. Упатуваме апел до соодветните медиумски институции, како АВМУ, како и до еснафските здруженија ЗНМ, МАН, Синдикатот на новинарите  да го осудат овој напад врз медиумите и да го спречат натамошното девастирање и оддалечување на Македонија  од демократските вредности, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања