Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ojo-1

ОЈО Скопје вложи жалба на условната осуда во предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд Скопје денеска вложи жалба на изречената првостепена пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 04.09.2020 година со која обвинетиот беше огласен за виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 в врска со став 1 од Кривичниот законик и му беше изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.Обвинителството ја вложи жалбата незадоволно од одлуката за кривичната санкција. Притоа надлежниот јавен обвинител оцени дека при одредувањето на санкцијата, првостепениот суд ставил акцент на олеснителните наспроти отежителните околности, што казната основно и објективно ја прави блага и неадекватна во конкретниот случај.Притоа, Судот како олеснителна околност ја ценел слободната волја на изразено признание на вина за предметното кривично дело од страна на обвинетиот, кое придонело за брзо и ефикасно завршување на кривичната постапка, а воедно било и израз на подготвеност на обвинетиот да се соочи со последиците од своето дело. Но, јавниот обвинител смета дека признанието на вина во услови кога обвинетиот несомнено е свесен за доказите против него и за извесноста да се соочи со санкции, само по себе не треба да претставува цел на привилегирање на сторителот, особено кога се работи за кривично дело со несомнено тешки последици. Како олеснителна околност Судот ги ценел и семејните прилики и возраста на сторителот, но јавниот обвинител притоа истакна дека токму возраста од 63 години не треба да ја намалува тежината на околностите, бидејќи станува збор за возач со долгогодишно искуство од кого се очекува да ги знае сообраќајните правила и прописи. Како олеснителна околност од Судот е ценет и фактот дека обвинетиот и самиот претрпел трауми за време на сообраќајната несреќа, но во жалбата јавниот обвинител истакнува дека во пресудата овие трауми не се сразмерно одразени наспроти физичката болка и трауми кои ги доживеала оштетената, која се соочила со загуба на сопругот и на плодот, а и самата се здобила со тешки телесни повреди. Изразеното сочувство и каење на обвинетиот по несреќата, изразени на главната расправа и преку писма до оштетената, за Судот претставуваат исто така олеснителна околност, но според јавниот обвинител, тие претставуваат нужен морален чин и граѓанска одговорност. Истовремено, отежителните околности во пресудата се наведени без соодветна елаборација на правните аргументи, што довело до благ казнено-правен третман и објективно неосновано изречена кривична санкција, се наведува во жалбата.Од тие причини, јавниот обвинител предложи Апелациониот суд да изрече построг вид и висина на кривична санкција за обвинетото лице, односно казна затвор, како главна казна.Гледајќи од аспект на пропустите на обвинетиот во сферата на сообраќајните правила, повредувајќи ги примарните сообраќајни начела за безбедно учество во сообраќајот, како и тежината и степенот на загрозување на правното заштитено добро, изразено преку тешките последици кои резултирале од сообраќајната незгода, јавниот обвинител оцени дека е неминовна потребата на обвинетиот да му се изрече и забрана за управување со моторно возило од определен вид, согласно член 38-в од Кривичниот законик, како споредна казна.​

Македонија | пред 5 години

DSC07089

Мицкоски: Европските вредности и стандарди стануваат се подалечни, пратениците треба да ги корегираат политиките на старо-новата влада

Фондацијата „Конрад Аденауер“ е традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ која во изминатите 20 години има вложено многу во зајканување на капацитетите на нашата политичка партија. Таа соработка ја цениме и ќе продолжиме со засилена динамика да ја развиваме и негуваме, истакна во своето обраќање претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната Обука „Зајакнување на капацитетите на новоизбраните пратеници“, организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот „МК91“.Мицкоски додаде:Обврската пред новиот пратенички состав е мошне сериозна. Македонија е пред отворање на пристапни преговори со Европската унија, но истовремено се соочуваме со здравствени, економски, социјални и образовни предизвици кои се од голем размер.  Човекот учи додека е жив и најдобро е ако учи од туѓите искуства, бидејќи така спречува да ги повторува истите грешки. Македонија не смее да си дозволи нови изгубени години, затоа што тоа се нови изгубени генерации и послаби капацитети. Предизвиците кои стојат пред сите нас се глобални, но и внатрешни, поврзани со лошото владеење, злоупотребата и нефункционалноста на институциите. Токму со силен капацитет нашата пратеничка група треба да биде истовремено и коректив на сите погрешни чекори на актуелното парламентарно мнозинство, но истовремено да нуди и мерки и решенија кои ќе обезбедат просперитет, стабилност и поквалитетен живот за нашите сограѓани.Овој пратенички состав пред себе ќе биде исправен со сериозен предизвик да корегира политики на една старо-нова влада која покажа исклучително низок капацитет во справување со барањата потребите и проблемите на граѓаните. Македонија за жал овие три години назадува, стана најкорумпираната држава во Европа, а има и пад на листата на дуинг бизнис, што говори дека сивата економија и криминалот сериозно удираат по стабилноста и просперитетот на Македонија. Заради ваквата состојба имаме сериозен пад на економијата и стандардот на граѓаните кој дополнително го влошуваат со непромислени потези како поскапување на електричната енергија, но истовремено сме земја од која најголем број млади сакаат да се отселат. Европските вредности и стандарди стануваат се подалечни за нашиот народ, бидејќи таму кај што царува криминалот, селективната правда и сиромаштијата, таму нема напредок. Колку порано се застане на патот на оваа деструктивност, толку побрзо ќе се фати патот на успехот и благосостојбата. А вие како пратеници сте ја добиле поддршката од народот за тоа да работите и за тоа да се борите. Ваквите искуства ќе бидат драгоцени да вградиме секој свој сегмент во мозаикот наречен европска Македонија, затоа што со својот личен придонес за промоција на европските искуства и вредности ќе помогнете Македонија побрзо и поуспешно да излезе од вртлогот на безредието и да чекори кон подобро утре на нашите идни генерации, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

IMG_3349

Милевски и Зутер ја продолжуваат соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер.Таа му го честита на Милевски повторното назначување на функцијата, истакнувајки ја важноста на континуитетот на зедничкиот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“,  кој е наменет за иновативни и инвестициски проекти со цел да се намалат диспаритетите во планските региони.- Проектот е поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а министерството успешно го спроведува, рече Зутер .Осврнувајќи се на значењето на регионалниот развој, како клучна поента во тековниот проект, Министерот Милевски изрази благодарност за поддршката од швајцарската Амбасада, истакнувајки го пријателството и билатералната соработка помеѓу двете земји.Разгледувајќи ги тековните активности на проектот, Зутер и Милевски изразија задоволство од успешното спроведување, при што истакнаа дека постои заемна заложба за продолжување на соработката и преку втора фаза.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Не се враќаат на работа сите хронично болни пациенти, проценката ја прави лекарот специјалист

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон.../Rruga drejt...“ на Алсат М телевизија, во однос на враќањето на дел од хронично болните лица на работа изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.„Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. За тоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни коишто се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите. Значи не е точно дека сите пациенти со хронични болести се враќаат на работа. Се враќаат тие коишто можат да работат согласно проценката на лекарот специјалист“, потенцираше Филипче.За потсетување, до 23 септември пациентите треба да посетат специјалист за што се пуштени дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта, а по потреба рокот ќе биде пролонгиран.

Македонија | пред 5 години

1

(ФОТО) Се уредува просторот пред влезот на подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“

Деновиве се реализираа работни активности за уредување на просторот пред влезот на подрачниот училишен објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“. Поставени се нови плочки на пристапните скали и влезниот трем, а средствата за оваа намена се обезбедeни од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Претходно, во овој подрачен училишен објект беше поставена нова табла со назив на училиштето, а во училишниот двор се поставија нови клупи и корпи за отпадоци. Исто така се изврши и реконструкција на оградата на спортското игралиште и беше изведено ново осветлување со рефлектори.

Македонија | пред 5 години

gordana-za-skopje-1

Гордана Јанкуловска оди во затвор

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која и беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.  Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска. Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак, Апелациониот суд и ја намали казната на четири години. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Слајдер | пред 5 години

deponija-1

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два наврати.„Oд утринава, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината. Исто така, од 16 часот, на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа“, велат од Општината. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се обратил и до СВР Скопје, со барање за зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот, со петнаесетина пушки. Двајца затвореници биле убиени при обид да избегаат, пренесува Си-ен-ен.Затворениците успеале да влезат во магацин со оружје во затворот Карамоја и украле 15 пушки АК-47 и муниција.Во тек е голема акција и потрага по избеганите затвореници.Ова е трето бегство на затворениците во Уганда од почетокот на пандемијата на коронавирусот. 

Македонија | пред 5 години

vreme

Денеска ветер и повремен дожд

Времето  денеска ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.Зголемена облачност ќе има и в сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.

Македонија | пред 5 години

policija-2

513 санкционирани возачи во Скопје: 148 за пречекорена брзина, 82 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 35 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, 82 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Ако епимиолошката слика е стабилна, во ноември ќе се дозволи уште некоја група од децата да биде со физичко присуство во училиштата

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон.../Rruga drejt...“ на Алсат М телевизија истакна дека ако епидемиолошката слика е добра и стабилна, на почетокот на месец ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата.- Од 1 октомври, со физичко присуство би можеле да одат и други одделенија само во ситуација кога вкупниот број на деца во одделенијата или бројот на класови во училиштето е толку мал да сметаат епидемиолозите дека е ризикот мал, односно ист или помал, на тоа да во големо училиште се спореди со децата во коишто физички биле присутни од прво до трето одделение. Да дообјаснам, имаме регионално училишта во кое учениците се заедно во едно одделение од прво со петто, од 10 до 15 или 7 деца. Ги анализиравме училиштата на тие ќе им дозволиме, но ако веќе има една одредена бројка на деца, 20тина од прво до трето одделение нема да се дозволи на останатите одделенија, заради тоа што со тоа ризикот се мултиплицира. Еден е ризикот да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, ама повеќе од двојно ќе биде ризикот да уште толку деца да ставиме од четврто, петто и шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници. На пример, ако е некоја наставничка позитивна и дојде во контакт со голем број на деца тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел. - потенцираше министерот Филипче.Тој истакна дека секоја од мерките се носени и препорачани за да се почитуваат. Граѓаните мора да бидат свесни дека така го штитат и сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.- Препораките за постепен влез во есенските месеци, за постепено пуштање во функција на градинките, училиштата, рестрикцијата на бројот на ученици во училиштата е токму поради тоа. Не сакаме огромен број на ризик фактори да се сконцентрираат во еден временски период. Сметаме дека во месец септември луѓето се веќе на работните места и повеќе се во затворено, повторувам дека за секој од овие економски оператори, компании, администрација има препораки како се носат маски, како се седи на дистанца итн. Секогаш уште на почетокот препораката кој може да работи од дома он лајн тоа да го прави и тоа важи насекаде во светот“, рече Филипче.Во емисијата, Филипче посочи дека не може да се запре со животот. Ниту една земја не може да запре со животот.„Ние може само да видиме и да пратиме искуства што се случува во други земји, во светот во коишто мерките не се почитуваат. Случај е сега Израел. После наглото отворање на училишта, градинки, тие се принудени да воведат карантин. Повеќенеделен, во временски период од три недели. Ние имаме протоколи и начин на функционирање на апсолутно сите економски оператори. Тоа е теркот по којшто ќе се живее. Не може да ставаме рестрикции коишто може да дадат некакви лоши ефекти и средно и долгорочно, кои после ќе се одразат и на здравјето на граѓаните. Едноставно се смени животот насекаде. Граѓаните да бидат свесни дека треба да се почитуваат мерките“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ:Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски. Сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта. Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Сторителите на овие дела се уште не се спроведени пред лицето на правдата зошто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и тие кои нему му слугуваат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

palco-i-mitovski

Митовски и Палевски преку заедничка фотографија порача:Двајцата напаѓачи се познати

Фотографија од болничката соба во која е хоспитализиран Љупчо Палевски откако полпаднево беше нападнат пред неговиот дом во Скопје објави уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.https://www.facebook.com/MitovskiAleksandar/photos/a.120239072893155/179555686961493/Тој под фотографијата напиша дека напаѓачите цел ден седеле пред домот на Палевски.-Двајцата напаѓачи се познати. Цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо.Снимени се на сите камери. Со и без кациги. Сега останува ред уште полицијата која се пофали со системот „Сејф Сити” да ги потврди овие информации. А, за нарачателот на нападот…, напиша на Фејсбук Митовски. >Фото: ФБ Митовски

Македонија | пред 5 години

palevski

СДСМ: Го осудуваме нападот врз Љупчо Палевски, институциите да го расветлат случајот и да ги казнат сторителите

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето Трета.  Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец, се вели во соопштението од СДСМ.Тие додаваат:Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани.Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата. 

Македонија | пред 5 години

17092020_MTSP_MZ_Sredba1

Шахпаска и Филипче се сретнаа со дел од родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче вечерва во Владата на Република Северна Македонија остварија средба со дел од родителите, кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство, а кои реагираа на Одлуката на Владата на 23 септември 2020 година сите родители од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември.Двајцата министри им пренесоа дека Одлуката е донесена врз основа на сериозна анализа за безбедноста на децата во градинките,  во консултација со Комисијата за заразни болести, како и врз основа на информациите дека во јавните установи за згрижување и воспитување на децата целосно се почитува Протоколот за активности во установите кој на минимум го сведува ризикот од ширење на КОВИД-19. Оттука логично е после отворањето на градинките, родителите да се вратат на работниот процес.Претставничките на дел од родителите информираа дека стравуваат за здравјето на нивните деца и затоа сакаат да го одложат тргнувањето на нивните деца во градинка до почетокот на идната година, но и дека им треба подолг период на адаптација.Министерот за здравство Филипче нагласи дека сите предвидени Протоколи, вклучително и тој за работа на градинките,  се дефинирани според  строги епидемиолошки правила и се целосно медицински издржани.„Имаме целосно разбирање за вашата грижа. Затоа внимателно пристапуваме кон секоја одлука и од тие причини шест месеци го продолжувавме породилното отсуство. Но, како и во сите држави во светот, мора полека да се враќаме во нормала и затоа внимателно, преземајќи ги сите превентивни мерки, градинките ги отворивме и создадовме услови родителите да се вратат на работниот процес“, рече министерот Филипче.Од друга страна министерката Шахпаска информираше дека во градинките, според информациите од терен има доволно простор за приоритетните групи, односно за децата на самохраните мајки и за семејствата во кои двајцата родители работат.„Градинките имаат капацитет за безбедна и целосна грижа на сите деца.  Според Протоколот предвидовме приоритет за оние семејства на самохрани родители и двајца вработени, на кои тоа навистина им е неопходно. Градинките имаат  капацитет од  19.000 места, а како приоритетни пријавени се 14.555 деца. Тоа значи дека бројката од самиот почеток не беше целосно исполнета, а  имавме и случаи кога децата не престојуваа во градинка, а беа пријавени како приоритетни“, нагласи Шахпаска.Таа дополнително информираше дека  по Одлуката на Комисијата за заразни болести да се зголеми капацитетот на групите од 0 до 2 години од шест на 12 деца, дополнително е зголемен капацитетот за прием на деца.Во однос на забелешката на претставничките на мајките дека враќањето во работниот процес ќе биде проблем и за родителите на децата од 6 до 10 години, министерот Филипче нагласи дека мерката за нив е укината уште од 7 јули 2020 година и оттогаш тие се на работа.Министрите Шахпаска и Филипче им најавија на претставниците на дел од родителите дека нивните забелешки ќе бидат пренесени на Владата.На крајот тие нагласија дека Владата внимателно ја следи состојбата на терен  и во зависност од развојот на ситуацијата одлуките ги носи единствено  во интерес на граѓаните и на нивното здравје.

Македонија | пред 5 години

Univerzalna-Sala

Нема бомба на Партизанска - полицијата најде ваги

По дојавата за бомба на Партизанска во близина на Универзалната сала, полицијата извршила проверка и пронашла две ваги за пазар.Откако е утврдено дека се работи за лажна тревога, булеварот е пуштен за сообраќај.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

(Видео) Јанушев: Бараме надзорна расправа во Собранието за поскапувањето на струјата

„ВМРО-ДПМНЕ денес по трет пат го подига гласот против осиромашувањето на граѓаните, кое го носи оваа власт на Заев преку поскапувањето на струјата. Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4%, со што директно удира врз стандардот на граѓаните.Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови избегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за оваа нерационална одлука“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, Регулаторната комисија е само обична маша во рацете на власта на Заев. Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат, а целта е јасна да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компании со пари од џебот на граѓаните.„Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисија за финансирање и буџет во Собранието за поскапување на цената на електрична енергија во услови на економска криза. На оваа надзорна расправа ќе побараме да се разгледа начинот на работа на Регулаторната комисија за Енергетика, но и начинот на кој се носат ваквите штетни одлуки по стандардот на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека оваа Комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган, туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на Комисијата Марко Бислимоски е член на СДСМ, дел од партиското раководство кој е сликан на партиски настани и во партиски простории, кој сега на јавноста и се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација која народот скапо ја чини.Оттука, ВМРО ДПМНЕ и на надзораната расправа ќе побара оставка на Регулаторната комисија и поништување на одлуката за поскапување на цената на струјата за 7,4%.Премногу долго Заев и власта го лажат и крадат овој народ, го осиромашија до коска, додека нивните бизниси цветаат, а личните богатства растат. Стоп за мафијата“, додаде тој.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на инцидентот во кој е претепан Палевски

Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во својата објава додава:И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина.

Македонија | пред 5 години

Skolo

Царовска: Онлајн наставата ќе почне на 1 ви октомври, а настава со физичко присуство зависи од епидемиолошката состојба

Наставата со физичко присуство можно е да не почне на 1 октомври, но онлајн наставата сигурно ќе почне на тој ден, кажа денеска во Собранието министерката за образование Мила Царовска, на расправата за измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование.„Она што денеска го знаеме е дека планот на Владата е наставата да започне на 1 октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од епидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25 септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онлјан, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна епидемиолошка состојба, одиме со планот којшто е подготвен“, рече министерката.Со законските решенија кои денеска влегоа во собраниска седница, според Царовска, се уредува можноста влада со уредба да го утврдува почетокот и крајот на учебната година, траењето на училишниот час, начинот на организирање на наставата со далечинско учење или со физичко присуство, како и начинот на уредување на распустите.

Македонија | пред 5 години

palco

Крвав инцидент во Скопје - Брутално претепан Љупчо Палевски

Активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево е брутално нападнат и претепан. Според информациите на Инфомакс тој е во критична состојба во болница, а лекарите се борат се неговиот живот, пишува Инфомакс.Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители.Текстот во целост на:  Инфомакс.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Силувана 17 годишна скопјанка

На 16.09.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден Б.М. извршил обљуба врз нејзината 17-годишна ќерка.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

120190520_075559

Влада за СДК: Ќе ги охрабриме приватните компании да ги поддржат меѓуетничките односи

Владата ќе ги повика и охрабрува приватните фирми да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и во нивните средини, велат од кабинетот на премирот Зоран Заев за САКАМДАКАЖАМ.МК по изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека ќе се субвенционираат компаниите кои ќе вработат припадници на малцинските етнички заедници.Груби вчера и денеска изјави дека вработувања во приватен сектор по национален клуч било предвидено во изборната кампања на ДУИ и прифатено во владината програма.Од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат:„Согласно програмата за работа на Владата во делот за еднакво општество, Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеноста и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“. 

Македонија | пред 5 години

brnz

Средба Битиќи – Брнз: САД е стратешки партнер на Северна Македонија

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мaри Брнз, која беше придружувана од раководителот на канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.Амбасадорката Брнз ги поздрави демократско спроведените избори и формирањето на Владата, а воедно упати и честитки до Вицепремиерот Битиќи за назначувањето на новата функција.Вицепремиерот Битиќи се заблагодари за континуираната поддршка од страна на УСАИД, која реализира проекти за поддршка на нашето општество уште од 1993 година, пришто додаде дека помошта од УСАИД е добродојдена за  реализација на предвидените приоритетни политики кои ќе значат побрз и одржлив економски раст и развој, нула толеранција за корупцијата како и еднакви права и можности за сите.Во разговор за приоритетите и фокусот на работа во овој мандат Вицепремиерот зборуваше за Платформата за економски развој, во која ќе учествуваат сите чинители во економскиот живот, како една од алатките која ќе користи за проширување на соработката, отворање на дијалогот и зголемување на довербата помеѓу државата, бизнисот и граѓаните од една страна а ќе служи и како платформа за борба со сивата економија, непотребната бирократија и корупцијата на сите нивоа во државата. Дополнително, тој посочи дека заедно со вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, се започнува со креирање на системски решенија за надминување на овие девијантни појави, кои во голема мера го еродираат системот и спречуваат поголем стапки на раст.Амбасадорката Брнз и претставникот на УСАИД Јановски изразија подготвеност да се подржат клучните реформи кои ќе ги спроведува Владата, потенцирајќи дека сега, како членка на НАТО, соработката помеѓу двете земји дополнително ќе се зајакне.Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Брнз се согласија со заеднички ангажман и понатамошна комуникација, да работат посветено на унапредување на меѓусебната економска соработка која ќе оди рака под рака со преговорите за членство со Европската Унија, но пред се за подобар живот на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

prostitutklka

Велешанка осомничена за детска проституција - терала 15-годишно девојче да дава сексуални услуги

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „детска проституција“.Во периодот од 04.07. до 13.07.2020 пријавената во повеќе наврати подведувала 15–годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала.На 13.07.2020 девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Втор случај на дете позитивно на КОВИД19, во изолација две воспитувачки и 11 дечиња

Втор случај на дете позитивно на корона – вирусот во градинка во земјава. Една група во централната градинка во Струмица од денеска е затворена, а двете воспитувачки и 11 деца ќе бидат во изолација 14 дена, бидејќи во групата имало дете позитивно на КОВИД – 19, објави Телма. Родителите од групата биле известени и дошле по своите деца. Инаку, детето посетувало градинка само три дена. Од понеделникот не дошло во групата. Детето го добило вирусот од член на семејството.Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања