Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

diskriminacija

Мрежата за заштита од дискриминација: Владата сака да постави партиски кандидати во КСЗД

Мрежата за заштита од дискриминација остро ја осудува одлуката на Владата на  Македонија со која се одбива предлогот на граѓанските организации за транспарентна и инклузивна постапка за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).Со оваа одлука, од една страна, Владата покажува дека има намера да назначува партиски кандидати во тело кое според закон мора да биде независно, со што повторно ќе ги лиши граѓаните од ефикасна и ефективна заштита на нивните права. Од друга страна, нетранспарентното и паушално отстранување на членови од закон, предложени од здруженија на граѓани и екперти од областа, без никаква дебата и образложение, само за да се задоволат нелегитимните партиски интереси, зборува за недемократски и понижувачки однос кон здруженијата на граѓани, а фрла сенка и врз ветувањата за владеење на правото и унапредување на еднаквоста.Ваквиот начин на делување и донесување одлуки беше својствен за претходната власт, а од сегашната беше опишуван како режимски и недемократски. Но, очигледно е дека, клучниот проблем во нашето општество, партиските влијанија во секоја пора кои генерираат нееднаквост и сиромаштија за едни, а незаконски привилегии и коруптивно однесување за други, сѐ уште нема волја да се разрешат.По донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2019) кој беше на сила до 14 мај 2020 година, граѓанските организации го следеа постапувањето на Собранието при спроведување на постапката за избор на членовите на КСЗД. Констатирани беа бројни пропусти, а особено непочитување на законските рокови за објавување оглас и избор на членови, недоследно објавување на огласите за избор, како и воспоставена пракса на необјавување на личните биографии на кандидатите ниту пак објавување на списите од одлучувањето по првичната проверка на кандидатурите.Врз основа на ова искуство, предложивме до Министерството за труд и социјална политика, да изврши измена на одредбата со која се уредува изборот на кандидатите со цел да се гарантира транспарентност на постапката, во изборот да бидат вклучени сите засегнати страни и да се изберат најдобрите професионалци во областа. Министерството го прифати предлогот и заеднички констатиравме дека постапката за избор може значително да се унапреди и да се приближи кон начинот на избор на членовите на Државната комисија за спречување корупција, што се покажа како подобра пракса.Врз основа на консултациите кои ги имавме со Министерството за труд и социјална политика, одлучивме заеднички да ги подготвивме законските одредби со кои се уредува постапката за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по што Министерството ја извести јавноста дека предлог-законот, со изменетата одредба за избор на кандидати, е доставен во владина процедура. Сепак, изменетата предлог-одредба која се однесува на изборот на кандидати, не постои во списите кои се објавени на веб-страницата на Собранието.Одредбата која ја предложивме, меѓу останатото, предвидува листата кандидати за членови на комисијата и нивните лични биографии да бидат објавени на веб-страницата на Собранието, а во рок од 5 дена од објавувањето на листата, да се организира интервју на кандидатите кое ќе се емитува на Собранискиот канал а ќе го спроведува Комисијата за селекција, на јавна седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Македонија. Дополнително, измените предвидуваат членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да ги предлага посебна Комисија за селекција, составена од седум членови – по двајца пратеници од власта и од опозицијата, по двајца претставници на граѓанското општество и по еден претставник на Националното координативно тело за недискриминација.Потсетуваме дека независноста на КСЗД е предуслов за градење на ефикасен и ефективен систем за недискриминација, меѓународен стандард и фундаментално барање на директивите на ЕУ. Предупредуваме дека на ваков начин повторно ќе се соочиме со критики од страна на Европската Комисија и повторно нема да успееме да го усогласиме законодавството и практиките со правото на ЕУ.Бараме од сите пратеници од Собранието, на Владата на Република Северна Македонија да поддржат амандман со измени на член 18, во врска со постапката за избор на членови на Комсијата за спречување и заштитата од дискриминација. Исто така, бараме Собранието да го денесе овој Закон во најбрз можен рок, без дополнителни одлагања и да спреведе транспарентен и инклузивен процес за избор на членови на КСЗД, стои во реакцијата.

Македонија | пред 5 години

4-1

384 санкционирани возачи во Скопје: 138 за пречекорена брзина, 20 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 384 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 21 лицe, пречекорување на дозволената брзина на движење 138 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 20, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл, 88 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 160), а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

gruevski-jankuloska-610x400

Јанкулоска тврди дека не избегала

Неточни се гласините дека ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се дала во бегство по одлуката на Врховниот суд кој ја потврди четиригодишната затворска казна, тврди таа во телефонски разговор за „А1он“. Јанкулоска вели дека е дома, а во однос на одлуката која ја донесе Врховниот суд не сакаше да коментира. Четиригодишната казна за ексминистерката е за случајот „Тенк“, односно спорната набавка на „мерцедесот“ вреден над половина милион евра, каде СЈО ја гонеше за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.„Глупости се тоа. Дома сум. Кој сака нека повели на кафе. Да ви испратам локација, селфи, не знам што да ви кажам..“, вели кратко Јанкулоска за „А1он“ по гласините по одредени портали дека е во бегство.Повеќе на А1он.мк

Македонија | пред 5 години

oruzje

Скопјанец под истрага за пронајдени оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради основано сомнение дека сторил кривични дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1, како и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишник, во текот на април и почетокот на мај годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, на различни локации биле пронајдени автоматска пушка 70 F 6699 со пластичен кундак и калибар 7,62мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка со калибар 7,9мм, автоматско оружје со навој за пригушувач со калибар 7,65мм на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два пригушувачи, уште три автоматски и една полуавтоматска пушка завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми. Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.362,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања.Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Скопје | пред 5 години

dilipce

Во тек е реализација на грант од Јапонија за набавка на медицинска опрема во неколку јавноздравствени установи

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.Повод за средбата беше реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавноздравствени установи. Со овој грант дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка во овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во јуни, преку итна неповратна помош, од Амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот ‘авиган’ наменет за 100 пациенти заболени од Ковид-19“, нагласува министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

sovetnik-culev

Отказ за советникот на екс министерот Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи денеска, по спроведената дисциплинска постапка од соодветната дисциплинска комисија, му го откажа договорот за вработување на З. Ѓ. на работното место државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинет на министер при Министерството за внатрешни работи, кој на оваа позиција беше поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше г-дин Наќе Чулев, а поради  насилно и недолично однесување на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи. Toj спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник.Решението е донесено согласно член 208 став 1 точкa 4, 10, 14 и 20 од Колективниот договор на МВР, а во врска со член 187 став 1 точка 4, 10, 14 и 20 од Законот за  внатрешни работи.Дисциплинската комисија утврдила дека на 15.07.2020 (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15,30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне. Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил  угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.                                                                                                                                                                                                                                                     Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК.Овој акт е уште еден показател на цврстата определба на МВР да има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите на Министерството, а насилничкото однесување и предизвикување на неред да бидат најостро санкционирани. Полицијата е чувар на јавниот ред и мир, па оттаму МВР нема да дозволи полициски службеник да биде иницијатор и главен актер во негово нарушување. Напротив, полициските службеници треба да бидат пример со своето однесување. Заврши времето на неказнивост на луѓе на високи позиции само затоа што се дел од одредена политичка елита. Законите важат еднакво за сите граѓани.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Шеснаесетгодишник силувал малолетно дете во струмичко село

Во СВР Струмица е пријавен случај на обљуба врз малолетно машко дете од страна на 16-годишник.Случајот вчера го пријавила мајката на малолетното дете.МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На пат кон болница починало 8 годишно дете од Крива Паланка

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива Паланка и без траги на насилство, соопшти МВР.Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

18092020_ZPVRSM-Nikolovski_brifing_1

Николовски: Никој не смее да биде над законот, мора да постои ред и истиот да се почитува

Ќе се избориме за функционален систем и фер општество, затоа што на овие и на идните генерации мора да им покажеме решителност и одлучност дека сме подготвени во следните 4 години да ги промениме работите дома, порача заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешниот брифинг со новинари.Вицепремиерот на брифингот посочи дека антикорупцискиот систем го сочинуваат повеќе институции и јавни органи, а неговата нова владина функција ќе игра координативна улога во насока на зголемување на нивната ефикасност и меѓусебна соработка во полза на граѓаните.„На овие генерации мора да им покажеме решителност и одлучност дека сме подготвени во следните 4 години да ги промениме работите дома. Од менталитетот и тоа дека не треба се преку врски и протекции да се прави, па понатаму. Дека може да одат по регуларен пат низ системот, без главоболки, туку со целосно остварување на своите права. Огромен е просторот на кој треба да се работи на полето за борба против корупцијата, од високата корупција до она што се случува на најниско ниво. Сето тоа е причина за разочараност кај младите и причина за недовербата којашто треба да ја вратиме“, изјави Николовски.Притоа, Николовски посочи дека веќе се остварени првични координативни состаноци со дел од органите на антикорупцискиот систем, со експерти од областа и со меѓународните партнери. Во периодот кој следува ќе продолжат овие активности на запознавање и усогласување на ставовите и принципите на работа. Николовски потенцираше дека ќе се работи на воспоставување на интензивна меѓуинституционална соработка, бидејќи како што изјави само така можат да се постигнат позитивни резултати во делот на превенирање и борба со корупцијата и криминалот. Притоа, Николовски најави дека ќе се зајакнуваат капацитетите на ДКСК и на Државниот завод за ревизија.Николовски додаде дека во тек се и активности со цел реорганизација на јавната администрација, што пред сè подразбира кратење на бројот на органи, т.е. оние кои немаат своја улога и имаат ингеренции кои се преклопуваат со останати тела, да се спојат со истите или укинат.Во однос на годините кои следат, процесите од ЕУ интеграцијата и проблемот со човечкиот капацитет, тој изјави „Треба да извлечеме максимум од потенцијалот кој го имаме. Лично во кабинетот очекувам неколку луѓе меѓу кои и такви кои напуштаат значајни позиции надвор од државата кои се исклучително добро платени, за да дојдат да работат во мојот кабинет во Владата. Тоа се луѓе кои немаат врска со партија или политика! Така ќе ја вратиме довербата на младите, да дадеме шанса да дојдат и заедно да одработиме во корист на граѓаните".Вицепремиерот Николовски потенцираше дека државната функција е привилегија, но и должност. Тој порача дека никој не е и не смее да биде над законот, и мора да постои ред и истиот да се почитува со одговорност од оној кој сторил казниво дело.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica

Владата до Собранието ја достави листата со предлози за заменици-министри со нивните биографии, еве кои се ....

Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието на Република Северна Македонија ја достави листата со предлози за заменици-министри.За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат:- Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана;- Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;- Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда;- Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;- Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;- Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии;- Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;- Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;- Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;- Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;- Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика;- Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;- Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;- Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;- Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски;- Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.Со предлог листата за заменици-министри се доставени и биографиите на кандидатите.

Македонија | пред 5 години

Pateki_obelezuvanje

(ФОТО) Вибрациони ленти за забавување на сообраќајот во Охрид

Како дел од годишната Програма за сообраќајна сигнализација, Општина Охрид спроведува активности за поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“.Лентите се поставени на коловозот во непосредна близина на пешачките премини, на оние локации кои се утврдени како критични точки во сообраќајот.Целта на овој вид современа хоризонтална сигнализација е да придонесе за намалување на брзината на движење на возилата, со што значително се зголемува безбедноста на пешаците.Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат поставени соодветни забавувачи на сообраќај и на уште неколку сообраќајници на подрачјето на општината. 

Македонија | пред 5 години

obelezuvanje

(ФОТО) Обележани велосипедски патеки на четори охридски улици

Со цел да се подобрат условите за велосипедистите и да се обезбеди нивна поголема безбедност во сообраќајот, во текот на изминатите денови беше извршено обележување на велосипедски патеки на улиците „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „Питу Гули“ и на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улица „Кај Македонија“.Овие активности се дел од овогодинешната програма на Општина Охрид за поставување на сообраќајна сигнализација. Во текот на наредниот период планирано е да бидат обележани нови велосипедски патеки на уште неколку фреквентни улици.

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски за „Тенк“: Непостои реформа што ќе промени нешто во судството во Македонија се додека власта го контролира обвинителството и судот

Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на врховниот суд да ја потврди пресудата за “Тенк”, кој е само дел од поширокиот и интензивен политички прогон на власта.Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз врховниот суд а истото го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија, напиша на својот ФБ профил екс премиерот Никола Груевски.Тој во својата објава додава:Пораките секогаш се од една личност, само “поштарите” некогаш се менуваат, а неретко “доставата” е и лична, понекогаш и јавна.Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите, што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната а ги прифаќаат сите предложени сведоци од обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната може да се доведат во непријатност во однос на пресудата која се свесни дека неправично мораат да ја донесат но чуствуваат дека ако не ја донесат ќе имаат лични последици. Таков е на пример случајот во предметот за протестите во Центар, каде сите сведоци на обвинителство се прифатени и сослушани а ниту еден од оние кои јас ги предложив или пак подоцна адвокатот назначен по службена должност од страна на судот.Непостои реформа или закон што ќе промени нешто во судството во Македонија се додека државата функционира по принцип на мафијашка држава каде власта контролирајќи го обвинителството и судот своите најважни преставници ги ослободува од гонење (освен оние со кои самата ќе одлучи да ги елиминира од сосема други побуди), а истите институции преку фабрикувани случаи ги користи за гонење на политичките неистомисленици и каде пресудите на судот ги носи и испорачува еден човек или неговата најблиска структура.ЕУ може колку сака да објавува извештаи за напредок или да поздравуваат ново донесени закони, но додека судиите функционираат под принуда и страв од извршната власт дека може да бидат казнети доколку се непослушни, односно додека извршната власт работи на мафијашки принцип, реален напредок нема да има.Во моментот со најавеното т.н. “прочистување”, судот е под досега невиден притисок и страв и веројатно непостои судија кој воопшто размислува да се спротистави на власта која отворено од една страна најавува проверка на решените предмети на секој судија, која проверка ќе ја прави таа власт преку субјективна проценка на преставници избрани од неа, а од друга страна испраќа емисари да пренесат пораки до обвинителството и судот за тоа како како треба да одлучат за еден или друг предмет од оние кои им се важни и во фокусот на вниманието.Покрај личната злоба, мотивите за овој политички прогон се водени од елиминирање на секој политички неистомисленик од кого власта која функционира на мафијашки принцип би можела да биде загрозена на еден или друг начин. Секако свесно ќе прават по некој исклучок за да имаат аргумент за дискусија, но принципот е тој. Доминантна е и потребата на власта за лажно претставување на наводна борба против криминалот пред јавноста и пред ЕУ додека во позадина криминалот непречено функционира без застој и во полн капацитет, а судско обвинителските органи не смеат да помислат да делуваат против главните актери на власта. Напротив ако веќе има од некого иницијатива, по кратка постапка ги прогласуваат за невини како што беше случајот “Поткуп” документиран со видео снимка креирана со судска наредба во кој Заев отворено и недвосмислено бараше мито од струмички стопанственик и раскажуваше од кого се друг во Струмица издејствувал поткуп. Уште подоминантна е секако потребата економската инфериорност на власта и превземените обврските за отстапување и распродажба на националните интереси, дел завршени а дел во план, да се одвиваат во атмосфера на страв од одмазда кај секој кој би се спротиставил и со свртено внимание кон политичкиот прогон и фабрикуваните судски случаи кои да небеше политичкиот притисок немаше ни да влезат во судска постапка. Секако истите еден ден ќе завршат со фијаско независно дали пред домашните или меѓународните судови, но во меѓувреме власта со помош на контролираните доминантен број на медиуми ќе успева да го оттргнува вниманието од огромните злодела кои ги прави на народот и нацијата. И секако многу невини луѓе ќе страдаат во меѓувреме за што еден ден сигурен сум дека ќе има одговорност за сторителите.Некаде со втерување страв, закани, уцени и заплашувања, некаде со поткуп но принципот е ист насекаде независно дали станува збор за работата на институциите на прогонот, медиумите, изборите или што и да е, напиша Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158795201732716

Македонија | пред 5 години

soob

(ФОТО) Блокиран сообраќајот кај Железничка, се судрија таксист и автомобил

Сообраќајна несреќа го блокира влезот и излезот од Аеродром, кај Железичка станица, Објави Сител.За поминување низ овој дел возачите чекаат и до 20тина минути, редици колони возила има до Скопјанка и до мостот Мајка Тереза.фото: Сител

Скопје | пред 5 години

w_56083030

144 нови случаи на ковид 19 и 8 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г)Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417,  бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. Денеска се регистрира еден контролен од вчерашните тестови, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6488, активни 567• Куманово 1655, активни 192• Дебар 275, активни 40• Штип 1227, активни 74• Прилеп 594, активни 123• Тетово 1348, активни 144• Струга 639, активни 64• Велес 300, активни 27• Битола 264, активни 58• Охрид 401, активни 48• Кавадарци 212, активни 36• Гостивар 890, активни 101• Гевгелија 99, активни 57 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 157, активни 90• Крива Паланка 91, активни 37• Радовиш 64, активни 18• Крушево 20, активни 3• Кочани 233, активни 85• Пробиштип 99, активни 19• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 88, активни 9• Пехчево 42, активни 21• Берово 76, активни 20• Валандово 14, активни 5• Виница 97, активни 27• Делчево 141, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 4• Свети Николе 312, активни 17• Кичево 299, активни 28• Ресен 158, активни 11• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-460, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-286,  Биотек-136, МАНУ -106, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 152, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 57• Гази Баба – 73• Аеродром - 84• Карпош – 73• Центар – 76• Кисела Вода – 55• Ѓорче Петров – 28• Бутел - 32• Шуто Оризари – 15• Студеничани – 9• Сарај – 18• Арачиново – 9• Илинден – 14• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 4• Петровец – 7• Зелениково - 2• Странец – 6• Нераспределен-2

Македонија | пред 5 години

Zaev-Borisov-F

Заев: Убеден сум дека ќе најдеме решение за Гоце Делчев

Тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за добрососедство е одраз на взаемно почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни. Ова денеска на прес-конференција го изјави премиерот Зоран Заев, по повод меморандумот што Бугарија го испрати до земјите-членки на ЕУ, во кој се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик.-Верувам во европска Бугарија, убеден сум дека ќе изнајдеме решение за Гоце Делчев. Ова е шестата историска личност за која треба да разговараме. Четвртото историско поглавје кое е пред нас “, изјави премиерот Зоран Заев.Првата меѓувладина седница на Македонија и Бугарија се очекува некаде околу крајот на годината.„Напоменувам актуелен, модерен, меѓународно интегриран и со изучување на универзитетите, македонскиот јазик, симбол на нашиот идентитет. Европска вредност е самоопределувањето. Верувам во европска Бугарија и знам дека ги поддржуваат европските вредности“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за бугарскиот меморандум испратен до членките на Европската Унија, со кои Бугарија го наведува македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.Заев нагласи дека идентитетските прашања треба да бидат надвор од било какви разговори.„Мојот пријател премиерот Борисов, се обраќа кон македонскиот народ, зборува дека постои македонски јазик и тука нема дилеми. Остануваме пријателски насочени, затоа што низ пријателството можеме да ги решаваме сите проблеми“, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

gordanaa

На сопругот од Јанкуловска криви му се и новинарите: Учествувавте во медиумскиот линч кон Гордана кој трае 10 години без прекин

Сопругот на Гордана Јанкуловска, Влатко Илиевски откако Врховниот суд на Република Северна Македонија информираше дека е одбиено нејзиното барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот, за ФОКУС вели дека новинарите не заслужуваат одговор, бидејќи цели десет години учествувале во медиумскиот линч врз Гордана.-Искрено да ви кажам, дека не заслужувате генерално како новинари било какви коментари, затоа што за сите изминати години некритички го покривате работењето на правосудните власти. Со умисла или небрежност учествувавте во медиумскиот линч кон Гордана кој трае без прекин десет години, и со тоа сте помагатели на злосторничкото здружение кое ги нарача и изврши пресудите.Дури и ова прашање што ми го поставувате е со цел да се поттикнат судири и меѓусебни обвинувања помеѓу осудените, наместо да се запрашате дали постои кривично дело, дали за некој е застарено делото и која е позадината на целиот прогон. Многу сте површни, истакнал сопругот на Јанкулоска. Текстот во целост на: ФОКУС

Македонија | пред 5 години

mickoski-teretana

ОЈО: Мицкоски не ги користел услугите на фитнес- центарот спротивно на донесените забрани

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19.Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото. Во исто време, во својство на сведоци беа испитани повеќе лица.Предмет на анализа беше целокупниот материјал кој што беше обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а беше одземен од деловниот субјект во критичниот период.Притоа, на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди.Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата. По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност.​

Македонија | пред 5 години

gordana-za-skopje-1

Мицкоски застана во одбрана на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан застана во одбрана на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, откако, Врховниот суд и ја потврди четиригодишната затворска казна која и ја изрече Апелациониот суд. Мицкоски тврди дека Јанкуловска е судена без докази, бидејќи одбрала да не му слугува на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор. Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата. И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде“, напиша Мицкоски.Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која и беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.

Македонија | пред 5 години

cas-online

(ВИДЕО) Презентираше првата национална платформа за онлајн учење, часот го следеа Заев и Царовска

Со час по информатика се презентираше првата национална платформа за онлајн учење во оваа учебна година.Премиерот Зоран Заев најави дека националната платформа за онлајн учење ќе работи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.„Ги потврдуваме цврстите заложби на оваа Влада за негување на соживотот и различноста во нашето општество“, рече премиерот Зоран Заев, напоменувајќи дека иднината е во дигитализацијата.Министерката за образование, Мила Царовска верува дека оваа алатка ќе биде корисна за образовниот процес дури и по крајот на пандемијата.„Целосно ги разбирам оние кои се загрижени како ќе ја поминеме училишната година. И самата сум родителка и тоа го чувствувам“, рече Царовска.Според неа платформата ќе биде практична и лесна за користење од страна на наставниците и учениците.Има 1600 наставници кои се училишни обучувачи за користење на платформата и тие понатаму ќе ги обучат сите останати наставници во училиштата.„Платформата го доближува образованието на каналите кои тие секако често ги користат. Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницата и наставникот“, рече Царовска.Учениците ќе можат да предложуваат измени на платформата.Националната платформа за учење од далечина е изработена во соработка со ФИНКИ и МОН, а Царовска упати благодарност и до МАСИТ.

Македонија | пред 5 години

pavle

Богоевски: Џафери со непојавување на рочиштето, дејствува во интерес на својот претходник

ФБ статус на Павле Богоевски:Талат Џафери, поради работната агенда, не можеше да присуствува на денешното рочиште против Велјановски и останатите организатори на 27ми април.Повторно, со своето непостапување, тој дејствува во интерес на својот претходник.Следното рочиште е закажано за 28ми септември. Се надевам дека нема тогаш да излезе уште некој „важен и неизбежен“ состанок.п.с. Џафери е предложен како сведок на одбраната на Велјановски.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Субвенции ќе има за сите граѓани во земјава без оглед на националноста и сите ќе имаат еднаков пристап до нив

Премиерот Зоран Заев кажа дека субвенции ќе има за сите граѓани во земјава без оглед на националноста и сите ќе имаат еднаков пристап до субвенциите, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со Мила Царовска за националната платформа за онлајн учење.„Сакам веднаш да ја расчистиме маглата. Субвенции ќе има и за Македонци и за Албанци и за Турци и за Срби, Власи, Роми, Бошњаци. За сите во нашата земја и тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани“, изјави Заев на денешната прес-конференција во Владата.Инаку Груби завчера изјави дека вработувања во приватен сектор по национален клуч било предвидено во изборната кампања на ДУИ и прифатено во владината програма, но рече дека не знае како тоа би се извело, бидејќи станува збор само за идеја и уште не се разговарало со компаниите што мислат за ова, ниту пак во Владата се размислувало како ќе се реализира проектот.

Македонија | пред 5 години

kafe

Апасиев збунет: Турско кафе во Студентско бифе е 60 ден, а во Собраниско бифе - 6 денари

Турско кафе у Студентско бифе = 60 ден.Турско кафе у Собраниско бифе = 6 ден.Каде бе вака, другари?

Македонија | пред 5 години

Martt-2019

Стоилковски: Луѓе на Заев легализирале објект за марихуана кој кога го пријавиле не бил изграден, ЈО да отвори истрага

Постојат сериозни сомнежи дека функционери на СДСМ, екс пратеници, градоначалник, советници, општински моќници,  на чело со Зоран Заев се дел од злосторничко здружување кое на штета на буџетот на државата и спротивно на закон го зголемуваат својот имот и вртат милиони, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Драган Ѓоргиев, поранешен пратеник од времето на Зоран Заев и Атанас Јанушев негов ортак, кои преку фирмата „КАНАБИС ПРО“ се помеѓу првите 10 фирми кои добиле лиценца за марихуана од Зоран Заев, изградиле фабрика, објект за кои што постојат основани сомнежи дека е изграден спротивно на закон, а при што е оштетен и буџетот на Република Македонија.Ѓоиргиев и Јанушев легализираат објект кој во моментот кога го пријавиле како изграден и не бил воопшто не постоел. Тие двајца во февруари 2018 година преку геодетско друштво од Битола почнуваат со изработка на геодетски елаборат за објект кој што во тоа време не постои, а за кој имале архивски број од општината во Босилово каде што побарале легализација уште во 2016 година.  На 16 април 2018 година, неполни два месеци по купување на празната нив, двајцата членови на мафијата блиски до Заев, Драган Ѓоргиев и Атанас Јанушев регистрираат фирма за бизнис со марихуана „КАНАБИС ПРО“. Следува за еден месец по отварањето на фирмата геодетскиот елаборат да е завршен значи на 15 мај елаборатот е завршен, на 31 мај решението за легализација минува на општински совет, на 1 јуни градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков потпишува, а нарко бизнисот на мафијата добива легален објект.Јавното обвинителство мора да отвори случај против геодетското друштво кое го изготвило елаборатот за објектот кој што во тоа време не постоел. Но и за Ѓоргиев и Јанушев како сопственици на овој објект. Дополнително истрагата мора да се прошири и кон градоначалникот и одговорните лица во општина Босилово, како и кон советниците и урбанистичкиот сектор, за кои постои сомнеж дека воделедвојно книговодство и во 2016 година во архивската книга на општината оставале празни бројчиња и празни места.Ѓоргиев и Јанушев го изиграле и законот за земјоделско земјиште и законот за легализација на дивоградби. Оштетен е буџетот на Македонија и општината Босилово.Ова почитувани е злосторничко здружување. Кое на крај е наградено со лиценца за производство на марихуана.Бараме Јавното обвинителство наместо да се занимава со политички притисок врз опозицијата да почне да работи согласно закон и да ја расветли оваа шема на злосторничко здружување.Криминалот, мафијата и владата се едно исто во Македонија и мора да паднат.Или мафијата или Македонија, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

pozar-inspektorat

Левица: За зградата што изгоре биле издвоени 80.000 евра за реконструкција во 2019 година!

Иако измина една недела откако во пожар беа уништени канцелариите и архивата на Државниот инспекторат за животна средина поради несоодветна инсталација, сѐ уште нема никаква најава за одговорност на надлежните кои го дозволиле пропустот. Ваквото ноншалантно однесување на институциите воопшто не изненадува, со оглед на тоа што целиот мандат на оваа Влада беше обележан со сомнителни уништувања на документација – започнувајќи од поплавата во поранешното СЈО до пожарот во Министерството за правда, како и пожарот во поранешниот Завод за урбанизам каде беше трајно уништена значајна документација за градот Скопје, се вели во соопштението од Левица.Скандалозното со пожарот на поранешната Комерцијална банка е фактот што се работи за објекти чие одржување е во надлежност на Службата за општи и заеднички работи при Владата. Изјавата на директорот Пеце Мирчески дека Службата не е надлежна за тековно одржување на административните простории е еклатантен обид за прикривање на неговото неодговорно работење, со оглед на тоа што минатата година, во месец јануари издвоени се пет милиони денари за реконструкција на овој објект каде се сместени просториите на МИА, Секретаријатот за европски прашања и Државниот инспекторат за животна средина.За реализација на оваа програма надлежна е токму Службата за општи и заеднички работи чиј директор Мирчески не бил ни запознаен дали канцелариите имаат исправна хидрантна мрежа, поради што беше причинета поголема материјална штета и уништена документација на Инспекторатот.Очекуваме надлежните органи во наредниов период ажурно да реагираат и да го испитаат работењето на директорот Мирчески, со истата експедитивност како што реагираат за напишани статуси на фејсбук, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања