Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

gradinka-2

Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19

Уште две деца од струмичката градинка од истата група од која е првото, се позитивни на Ковид-19, потврди директорот Васил Бубев.-Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на Ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата кои можеби се носители на вирусот, но се асимптоматски, изјави директорот Бубев.Единаесетте деца од оваа група и тројца вработени се во изолација. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Се реконструира улицата Никола Парапунов во Карпош 4

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Никола Парапунов во Карпош 4, на потегот од од крстосница со булевар Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри, реконструкција оштетените делови од  тротоарите, како и замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници.На почетокот на реконструкцијата присуствуваа Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.- Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од ваквата интензивна градежна офанзива која ја почнавме од најмалку 2 причини. Првата причина е основната цел, а тоа е развојот и одржувањето на сообраќајната инфраструктура во Скопје, а втората е помагањето на домашната економија во услови на  пандемијата на коронавирусот. Градот Скопје нема друга алтернатива, после повеќедецениско неработење, задоволство ми е што паралелно со реконструкциите подигнуваме и нови паркови, правиме редизајн на јавните зелени површини на повеќе локации во градот, а целосно го уредуваме и кејот, како што никогаш досега во изминатите 30 години не бил работен. Граѓаните се сведоци како градот секојдневно се менува во позитивна насока и нивните реакции на промените што ги правиме се само уште една потврда дека сме на прав пат и дека имаме визија која чекор по чекор станува реалност и секојдневие - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.Значајно е да се нагласи дека на оваа улица ќе биде изграден и третиот конектор помеѓу главните велосипедски рути на булеварот Илинден и булеварот Партизански одреди.- Сакам да нагласам дека ова е втор од вкупно 3 конектори на овие рути кој го градиме само за 2 години после конекторот на 8. Септември – истакна Шилегов.Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици се одвива со забрзана динамика. Шилегов упати апел до граѓаните да ги почитуваат воведените привремени сообраќајни режими во повеќе делови во Скопје.

Скопје | пред 5 години

video-FB

(ВИДЕО) Во Ѓорче Петров ечеше „Мртов шиптар, добар шиптар“

На социјалните мрежи се шири видео снимено во Ѓорче Петров, на кое се слуша изивикување „Мртов шиптар, добар шиптар“. Се претпоставува дека станува збор за организирана група на навивачи.На снимката се гледаат и низа коли како возат кон Ѓорче Петров 2, со албански знамиња.Неофицијално, избегнат е инцидент, откако возачите излегле од возилата и тргнале кон лицата кои ја извикувале оваа парола. https://www.facebook.com/immortal.o/videos/10157693246757215

Скопје | пред 5 години

starogradski-sredbi

32 издание на манифестацијата „Охридски староградски средби“

Вчеравечер пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа 32. издание на манифестација „Охридски староградски средби“.На традиционалниот настан кој е поддржан од Општина Охрид, присуствуваше претседателката на Советот, Живка Ангелоска.Во рамки на овогодинешната фестивалска програма настапија градскиот хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, КУД „Пере Тошев“ од Прилеп, Градскиот хор „2019“ од Штип, КУД „Никола Бадев“ од Кавадарци, Тамбурашкиот оркестар „Серенада“ од Тетово, КУД „Илинден“ од Струга и „Распеани гевгеличани“ од Гевгелија.Манифестацијата се одржа согласно сите протоколи и мерките за заштита од „КОВИД 19“.  

Македонија | пред 5 години

drva-1

Крадци на дрва нападнале шумска полиција кај Крушево

Вчера во 16.00 часот во Полициска станица Крушево, Б.Ј.(48) од Крушево, вработен како шумски полицаец, пријавил дека заедно со четворица шумочувари од Шумско стопанство „Липа“ – Крушево, во близина на с.Норово, на место викано „Кутлиње“, ги затекнале Б.Ј.(37) и А.С.(49) од с.Норово, како бесправно сечат дрва.При вршење на службени дејства од страна на службените лица, Б.Ј. почнал агресивно да се однесува и се обидел насилно да го извлече службениот пиштол на шумскиот полицаец, но бил спречен во намерата. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредено е цело семејство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило „oпел корса“ со скопски регистарски таблички излетало од патот.Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство. Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.​

Македонија | пред 5 години

7-dena-ohird

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија

Градоначалникот на Охрид, на својот ФБ профил објави седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија:Реализирана втората фаза од реконструкцијата на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата „Абас Емин“, на потегот од крстосницата со улица „Македонски Просветители“ до крстосницата со улицата „Охридска Бригада“; Тековни градежни активности на улиците „15 Корпус“ и улицата во поранешна касарна;Поставени нови плочки на просторот пред влезот на подрачниот училишен објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата „Рача“;Обележување на велосипедски патеки на улиците „Сирма Војвода“, „Карпош Војвода“, „Питу Гули“ и на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улица „Кај Македонија“;Поставување на вибрациони ленти за забавување на сообраќај на булевар „Туристичка“ и улица „АСНОМ“;Општина Охрид се вклучи во проектот „Ослободи го умот од корупција“. ЈП „Водовод“Поставување на нова водоводна линија на улица „Абас Емин“;Активности за санирање на дефекти на улиците „Климентска“, „7-ми Ноември“ и во село Лескоец; ЈП „Охридски Комуналец“Тековни и вонредни активности за одржувањето на јавната чистота на јавните површини и отворени простори;Реализирани активности за одржување на јавното зеленило и отстранување на дива и неуредна вегетација во комплексот „Инекс Горица“, во стариот дел во близина на Саат-Кулата и улица „Кленоец“.ЈП „Градски гробишта“Aктивности за уредување на нов зелен појас на крстосниците на булевар ,,Туристичка“;Активности за изградба на видиковец на патот кон село Велестово.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Совет на амбасадори: Меморандумот на Бугарија е неприфатлив и штетен за добрососедските односи

Советот на амбасадори на Република Македонија го смета за целосно неприфатлив и штетен за добрососедските односи текстот на објаснувачкиот меморандум на Бугарија упатен до членките на ЕУ.– Тој содржи една идеолошка позиција на Република Бугарија од времето на комунизмот во времето на Тодор Живков и од таа позиција се обвинува денешна Република Северна Македонија дека „не раскинала со идеолошкото наследство на комунистичка Југославија“.Владите на Република Бугарија и Република Северна Македонија со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство направија голем исчекор во подобрувањето на односите меѓу двете земји и ги поставија основите за успешна взаемна соработка врз основа на почитувањето на европските вредности и цели. Европските вредности и цели не подразбираат негирање на посебноста на кој било јазик ниту националност во ЕУ, ниту пак инсистирањето на таквото негирање од било кој сосед, може да биде пречка за напредокот на Македонија во процесот на нејзиното зачленување во ЕУ, се наведува во денешното соопштение.Советот на амбасадори е уверен дека земјите членки на ЕУ ќе го разгледаат внимателно објаснувачкиот меморандум од Бугарија и оти нема да дозволат ваквите идеолошки позиции да влијаат врз преговарачката рамка на ЕУ за членство на Северна Македонија во ЕУ и врз процесот за нејзиното целосно вклучување во ЕУ.Советот на мабасадори оценува дека различните интерпретации на историјата и на постанокот на јазикот и на нацијата се делокруг од работата на Комисијата за историски прашања и оти секој обид, од чија било страна политички да се арбитрира во нејзината работа, само ја усложува и отежнува нејзината работа.– Различните историски интерпретации и кога постојат не можат да се толкуваат како еднострано “фалсификување на историјата“ и како „опстојување во Република Северна Македонија на „државна антибугарска идеологија“. Република Северна Македонија докажа и докажува дека се однесува најпријателски кон бугарскиот народ и кон Република Бугарија и искажува големо  почитување кон бугарскиот јазик, бугарската национална култура и кон бугарската национална историја. Република Северна Македонија од  Република Бугарија не очекува ништо помалку ниту ништо повеќе од тоа, велат од Советот на амбасадори.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Повеќе од 80 отсто од децата со акутни леукемии се излекувани

Во чест на сите деца кои се борат со малигни заболувања, денеска на Градскиот плоштад во Скопје се одржа настан во организација на Универзитетската клиника за детски болести, со кој се одбележа „Златен септември“ - месец за поддршка на децата со малигни заболувања, под мотото „Убаво е да бидеш јас“.Целта на „Златен септември“ е да се подигне свесноста кај јавноста за овие болести кај децата и адолесцентите, за сите аспекти на нивната борба со канцер, како за времето поминато во болница така и за периодот по враќањето дома.- Септември е месец за подигнување на свесноста за детските малигноми. Во нашата земја, најтешките случаи на деца кои имаат малигна болест се лекуваат на Клиниката за детски болести, благодарение на инфраструктурата и секако огромната експертиза којашто ја имаат лекарите кои работат на оваа клиника. Во изминатиот период инвестиравме многу. Нема дете за коешто нема биолошка терапија. Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%. Во овој момент целосно се реновира одделението за детска онкологија. Малку се успорија работите поради коронакризата, меѓутоа договорена е динамика со којашто целосното реновирање треба да заврши на почетокот на 2021 година во месец јануари.“ -  изјави министерот Филипче и од позиција на лекар, истакна дека нема поголемо задоволство кога дете насмеано си заминува од болница.Министерот Филипче рече дека во соработка со здружението САНО, која започна пред 2 години се вклучија како волонтери сите деца кои прележале малигна болест за да им помогнат на дечињата кои сега се лекуваат на детската клиника. Преку психолошка поддршка, одредени активности како читање на книги, анимирање итн.Д-р Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести, вели дека Одделот за хематологија и онкологија при Клиниката е единствена специјализирана педијатриска болница во земјава каде се дијагностицираат и лекуваат деца со малигна болест на возраст до 14 години.„За дијагноза и лекување на хемато-онколошкото одделение се применуваат современи терапевтски протоколи во согласност со препораките на Интернационалната педијатриска асоцијација. Леукемиите во детската возраст се лекуваат согласно протоколи кои се применуваат во сите Европски земји. Со овие терапии, се постигнува излекување кај повеќе од 95 отсто од децата со акутна лимфобластна леукемија, успех со кој се гордееме. Им благодарам на моите колеги и медицински сестри кои работат на овие одделенија. За нив нема пауза и во време на пандемија, приоритет без исклучок имаат децата“, изјави директорката Алулоска и истакна дека за овие деца  и во овој тежок период беше обезбедена терапија во континуитет и ниту една терапија не беше одложена.Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги одобрија европските и светски протоколи за тестирање на децата за Ковид пред секое отпочнување на хемо-терапија, за да може терапијата да тече безбедно.Во одбележувањето на „Златен септември“ се приклучија и повеќе млади лица лекувани од рак во земјава, кои во соработка со здружението САНО, поделија златни машни, едукативна брошура „Што е леукемија“, златни балони, како и заштитни маски. Златната боја на балоните означува боја на сила, храброст и истрајност, а воедно е симболична за децата кои се лекуваат од карциноми.Годишно во земјава се откриваат 35-40 нови случаи на деца со малигна болест. Најчеста малигна болест во детската возраст е акутната леукемија, која се открива кај 30-35 проценти од децата од сите малигдни заболувања. Најчеста меѓу нив е акутната лимфобластна леукемија, АЛЛ, која се открива кај 80 проценти од децата со леукемии.Од почетокот на 2020 година до денес дијагностицирани се вкупно 22 пациенти со малигна болест, од кои 14 деца се со акутна леукемија.

Македонија | пред 5 години

pozarna

Пожар во автосервис, зафатени три возила

Изутринава околу 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автосервис на ул.„Јустинијан Први“ во с.Студеничани, Скопско, сопственост на Д.И.(40), настанал пожар во патничко возило „ауди А8“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(54) од с.Студеничани, џип „чироки“ со непознати регистарски ознаки и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид ќе се врши, соопшти полицијата.

Скопје | пред 5 години

Medicinska-sestra

Предлог до Владата секоја образовна установа да вработи медицинска сестра

Пред учениците да седнат во училишните клупи, секоја образовна установа да вработи медицинска сестра, предлагаат од  Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари со иницијатива до надлежните инситутции за поголема безбедност на децата во услови на пандемија од Ковид-19.  Тие велат дека нивниот предлог е во вистинско време кога медицинското лице ќе може да ги едуцира децата како правилно да ја носат маската, миење на раце но и соодветна грижа ако се појави сомнителен случај на корона, објави Сител. Од Асоцијацијата велат дека ваква пракса со вработено медицинско лице има во приватни образовни установи кај нас, но и во многу други земји. Според нивните анализи кадар има и треба само добра волја од надлежните за спроведување на предлогот во пракса. Од Министерството за здравство се согласуваат со иницијативата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.Текстот во целост на: Сител. 

Македонија | пред 5 години

19-09-2020-Skola-za-zen.-aktiv.1

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска учествуваше на Летната школа за женски активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ и Прогрес Институтот.Во своето обраќање, Спасовски истакна дека СДСМ е партијата која се води од заложбите за целосна рамноправност меѓу мажите и жените и тоа досега е покажано низ конкретни, видливи примери.- Кога во 2017 година ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, наша приоритетна заложба беше да градиме еднакво општество за сите. Тоа значи и целосна родова еднаквост. Уште во првите денови од првиот мандат, презедовме чекори на зголемување на еднаквоста, преку зголемување но и воедначување на минималната плата во сите дејности. Со тоа ја исправивме тешката неправда врз нашите сограѓанки кои работеа во чевларската, кожарската и текстилната индустрија кои со години добиваа пониска минимална плата. Преку грантви, ги охрабривме жените во руралните средини да започнат свој бизнис, да вработуваат и други луѓе. Ја усвоивме Истанбулската конвенција чие спроведување значи и поголема заштита од родово базирано насилство. Нашата партија е предводник на концпетот 50-50 застапеност на мажи и жени во политиката и тоа освен на централно, ќе продолжиме да го правиме и на локално ниво, порача Спасовски.Потпретседателот Спасовски се заблагодари за сиот досегашен ангажман на Форумот на жени кои го дава во креирањето на квалитетни родови политики.- Форумот на жени на СДСМ даде значаен придонес во креирање на изборната програма која доби најголема поддршка од граѓаните. Верувам дека во следниот период, во овој мандат, Форумот на жени ќе продолжи со посветеноста и ќе даде важен придонес во реализација на мерките и политиките во програмата кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани. Да работиме уште повеќе за да биде уште подобро, заклучи Спасовски.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска нови случаи на ковид 19 и починати 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6535, активни 586• Куманово 1673, активни 201• Дебар 275, активни 40• Штип 1230, активни 74• Прилеп 602, активни 129• Тетово 1363, активни 157• Струга 642, активни 63• Велес 303, активни 30• Битола 267, активни 61• Охрид 402, активни 47• Кавадарци 214, активни 36• Гостивар 893, активни 104• Гевгелија 103, активни 61 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 162, активни 95• Крива Паланка 93, активни 38• Радовиш 68, активни 22• Крушево 20, активни 3• Кочани 238, активни 84• Пробиштип 101, активни 21• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 89, активни 10• Пехчево 42, активни 18• Берово 79, активни 22• Валандово 14, активни 5• Виница 97, активни 27• Делчево 142, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 4• Свети Николе 315, активни 20• Кичево 301, активни 28• Ресен 160, активни 13• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1397 теста се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296,  Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

ezero

(ФОТО) По Преспанското и Мавровското Езеро се претвори во бара

Според фотографиите кои со денови кружат на социјалните мрежи се гледа тажната слика од нашите најголеми бисери во земјава, Преспанското, Охридското, а сега веќе и Мавровското езеро кои буквално пресушија. Граѓаните преку социјалните мрежи веќе со недели апелираат да се спаси и Преспанското Езеро, а вчера преку прес конференција се обрати и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ од Охрид Кирил пецаков кој алармираше дека власта не води грижа ни за Охридското чие ниво на водата видливо е намалено. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип - ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од с.Ерџелија, Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни", казниво по член 233 од Кривичниот законик, во врска со што се појави и видео на социјалните мрежи.За настанот веднаш е известен надлежен Јавен обвинител, согласно член 280 и член 282 од Закон за кривична постапка, по чија наредба е извршен увид, а М.Е. е приведен и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.

Македонија | пред 5 години

19092020_ZPVRSM_Bitikji_DFITR_Despotovski_pres-konferencija-2

Битиќи и директорот Деспотовски: Поддржуваме 87 компании да реализираат проекти за побрзо справување со КОВИД-19

Вкупно 87 компании, кои планираат да реализираат проекти во вредност од околу 3 милиони евра, се избрани во финалната селекција од повикот за ко-финансирани грантови за брзо прилагодување од КОВИД-19, соопштија денес на прес-конференција во Владата, заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Овој инструмент е дел од третиот сет на мерки кој Владата го усвои за поддршка на граѓаните и стопанството, а за полесно надминување на социо-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.Вицепремиерот Битиќи се осврна на досегашната реализација на сите мерки, при што посочи дека при креирањето на претходните три пакети, се водеше по начелото на социјална правда и солидарност, а така ќе се продолжи и со четвртиот сет, со креирање на политики и мерки кои никого не оставаат сам. Во време кое налагаше итна реакција, Владата на Република Северна Македонија, креираше три сета на мерки, за чија реализација се резервирани околу 550 милиони евра или 5,5% од БДП, мерки кои беа навремени и сеопфатни за на стопанството и граѓаните им понудат поддршка во справувањето со кризата.„Со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството вбризгавме свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници. Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, која беше наменета за сите дејности. Преку оваа кредитна линија, вкупно се одобрени 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат 11.325 лица. Компаниите од овие сектори, но и сите други кои бележеа загуби ја искористија поддршката за исплата на минималната плата од 14.500 денари по вработен, при што просечно во трите најкритични месеци, април/мај/јуни беа поддржани околу 20.000 компании со околу 120 илјади вработени“, нагласи Битиќи.Вицепремиерот додаде дека освен мерки во коишто има директна финансиска помош, беа имплементирани и други видови на помош, во форма на намалени каматни стапки за кредити, одложено плаќање на рати за кредити и на даноци од фирмите кон државата. Граѓаните биле и остануваат во фокусот на владината поддршка.„Како дел од третиот сет на мерки беа и платежните картички за невработени лица, лица со ниски приходи и учениците и студентите, како и ваучерите за туризам, со кои директно влијаевме на зголемување на приватната потрошувачка и помош и заживување на најпогодените сектори – угостителството и туризмот. Вкупно изработени и подигнати беа 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра. Дополнително, 117.000 граѓани добија ваучери за туризам во вкупна вредност од околу 12 милиони евра со цел да се поддржи домашниот туризам“, посочи вицепремиерот.Мерките од третиот пакет сеуште се спроведуваат и нивната цел е да се зачуваат работните места на граѓаните, обезбедат дополнителен развој, да им помогнат на компаниите да се вратат на патеките на раст и проширување на нивните капацитети. Преку Инструментот за поддршка за ко-финансирани грантови за брзо прилагодување од КОВИД-19, се обезбеди финансисика подршка за технолошки развој на претпријатијата и приватните здравствени установи за надминување на последиците од КОВИД–19 , со цел претпријатијата погодени од моментална состојба, да воведат нови методи и технологии во своето работење, како и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, за да можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, генерирање на приходи преку нови канали на продажба, воведување на нови производи или услуги .„Преку овој модел ФИТР обезбедува поддршка до 70% од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000 денари. Вкупниот број на компании кои аплицирале на повикот се 171, а одобрени предлог проекти, по финалната селекција се 87. Износот на инвестициски циклус за реализација на сите овие 87 проекти изнесува приближно 3 милиони евра, од кои побарани средства од ФИТР се во висина од 1,7 милиони евра, а средства од сопствено ко-финансирање се 1.3 милиони евра“, информираше вицепремиерот Битиќи.Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски кој ги презентираше резултатите од финалната селекција кажа дека Фондот успешно ја спроведе оваа мерка од третиот сет економски мерки на Владата.„Со неа директно го таргетиравме она здраво јадро од економијата кое и во услови на криза е подготвен да инвестира во прилагодување и развој, а со тоа и во побрз премин од фаза на преживување фаза на заздравување. Ова покажува дека компаниите не трчаат по бесплатни средства туку имаат верба, намера и капацитет да вложат сопствени средства во процесот на економско заздравување“, рече Деспотовски.Тој додаде и дека оваа листа на компании може да се зголеми бидејќи на барање на Фондот, Комитетот за одлучување на инвестиции веќе им достави мислење на компаниите од финалната фаза, а кои не се на оваа листа, за кое може да се произнесат, а со тоа добиваат можност за повторно разгледување, по што ќе биде донесена конечната одлука за финансирање.„Во рамки на овие 87 компании, поддржуваме 1.296 наши сограѓани и нивните семејства, но очекувам овој број да биде зголемен за околу 30% по заокружување на јавниот повик. За нас е важен секој поединец и секое работно место. Со овие мерки како Влада покажавме дека можеме да бидеме вистински партнер излегувајќи во пресрет на потребите на бизнис секторот, но не само во заштита на бизнисот туку истовремено и заштита на вработените и на самите работни места во компаниите“, истакна Деспотовски.Според Деспотовски охрабрува фактот што со воведување на дополнителните критериуми за дополнително бодување на компании со жени во управувачката односно сопственичката структура и компании што доаѓаат од помалку развиените региони, веќе во првиот циклус е поттикнато учество на вакви компании. Повеќе од половина, односно 52% од овие компании се раководени од жени, а зголемен е и бројот на компании со седиште во помалку развиените региони. Споредено со претходните повици, регистриран е пораст во источниот (13%) југоисточниот (11%), вардарски (8%) и полошкиот регион (3%).Деспотовски најави дека веќе се подготвува втор инвестициски циклус со изменети критериуми кој следната недела ќе биде доставен како предлог до Владата.„Врз основа на спроведена анализа и консултации со приватниот сектор и податоците кои ги добивме од истражување спроведено кај домашните компании ни помогна да ја измениме оваа мерка. Веќе е изготвен нов правилник со кој се предвидува отворање на  можност за финансирање и на големи компании, како и зголемување на износот на финансиска поддршка до 20,000,000 денари. Исто така се предлага промена на процент на поврат на средства од 15% на 7,5% како и промена на период на поврат од 3 на 5 години. Верувам дека со овие измени голем дел од оние 2.100 компании кои покажаа интерес за инструментот ќе се охрабрат и ќе влезат во нов инвестициски циклус со кој ќе од фаза на преживување ќе преминат во фаза на заздравување“, порача Деспотовски.Инаку, од 87 компании кои ќе бидат финансирани во првиот циклус 66 компании, односно 76% по првпат во аплицираат Фондот, 15% по втор или повеќе пати без претходно добиена поддршка, додека само 9% се претходни корисници на средства.Инвестициските планови на овие компании се однесуваат на воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува конкурентноста и ефикасноста, како и за зголемена заштита и работа во услови на пандемија. Најголем дел од нив се од областа на здравството 21%, продажба и трговија (14%), ИТ (10%), но и категориите како машинство, креативната индустрија, угостителство и текстилната индустрија. Според анализите во најголем дел се работи за мали (52) и микро (29) компании, како и 6 средни претпријатија. Овие компании вработуваат околу 1.296 лица и се очекува да ги реализираат своите инвестиции во следните 12 месеци.Одлуката за ко-финансирање е донесена од Комитетот за одобрување на инвестиции, составена од петмина странски експерти, а врз основа на однапред објавени критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација, односно во кој степен проектот ќе придонесе за дигитализација во процесите, развивање на нов или значајно подобрен производ, услуга или работен процес кај апликантот, потоа квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание.На повикот кој беше отворен од 29.05 до 03.07.2020 година, аплицираа вкупно 166 компании, а над 2.100 подигнаа апликациски пакети.

Македонија | пред 5 години

19092020_PZPVRSM_Grubi_MZ_Filipche_MZSPP_Nuredini_poseta_ginekologija_Majka_Terezea-2

Оваа грејна сезона Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир со комплетно нов систем на загревање со течен гас

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска ја посетија Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата.Оваа грејна сезона, Специјалната болница ќе почне со комплетно нов систем на загревање со течен гас (ТНГ). Второто најголемо родилиште во државата, повеќе нема да биде причинител за загадување на градот Скопје.Министерството за здравство во соработка со Специјалната болница во исклучително краток рок, спроведе набавки за изработка на проект и изведба на машински постројки за котлара на течен нафтен гас (ТНГ) со станица за подготовка на санитарна топла вода и поставување на соларни колектори.„Болницата во Чаир е институција која има многу сериозно место во нашиот здравствен систем. Инвестиравме многу. Во изминатиот период, се примија над 40 здравствени работници, лекари, медицински сестри со што капацитетот на луѓето што работат тука е зголемен за 25%. Се инвестираше многу и во инфраструктурата. Има целосно реновирани операциони сали, има повеќе меѓународни проекти со донации, нови ехо апарати, целосно опремени амбуланти, нова опрема којашто се користи во делот за интензивна нега, за бебињата посебен централен мониторинг каков што нема ниту едно друго родилиште во земјата. Ова е една институција која заедно со клиниката и останатите родилишта во коишто сите овие имплементирани проекти на крајот значеа намалување на новороденечнката смртност. Сакам да им честитам на директорот Исмаили, на членовите на целиот стручен колегиум, лекари, медицински сестри, сите коишто работат тука за посветеноста, за ангажманот и енергијата којашто ја вложуваат за унапредување на болницата“, потенцираше министерот Филипче.Изведбата на новите инсталации не запре и во услови на кризата со коронавирусот, со цел решавање на овој повеќе децениски проблем во градот Скопје.„Среќен сум што сум денеска овде присутен бидејќи оваа инаугурација денес е фантастичен почеток на новата Влада. Ние придонесуваме за подобар живот таму каде што всушност започнува животот, затоа честитки за сите вас за реализираниот проект и особено за мојата населба Чаир. Им честитам на Општина Чаир, благодарам на Министерството за здравство, Министерството за животна средина и сите оние кои придонесоа за реализација на овој проект“, изјави првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.Во состав на постојната градба, на северозападниот дел на дворното место во кругот на комплексот, изведени се термотехнички инсталации. Комплетно нова Котларница со топловодни котли на течен пропан бутан гас и комплетно нова Станица за подготовка на санитарна топла вода со систем од соларни колектори за санитарна вода. Овие машински постројки и другата опрема се поставени во делот од постоечкиот наткриен паркинг во просторот кој се намени за сместување на нова котлара и станица за подготовка на санитарна топла вода во функција на клиниката. Во склоп на термотехничките инсталации изведен е подземен резервоар за течен пропан бутан гас, станица за подготовка на санитарна топла вода со систем од соларни колектори со централен бојлер. Инсталациите се комплетно поврзани со постојната цевна мрежа на објектот. Сончевите колектори се поставени на просторот на неискористената бетонска плоча над паркингот, а надворешниот простор околу резервоарот е ограден со поставување на метална ограда со врата за влез.„Ова е првиот проект со кој почнуваме, со кој ја претвораме нашата држава во енергетски поефикасна. Ова е исто така пример за тоа како секоја поединечна институција, во овој случај Министерството за здравство, може да преземе одговорност за да биде енергетски поефикасна и поеколошка. Ние ќе продолжиме да ги конвертираме најголемиот дел од јавните објекти во нашата земја од корисници на тешки масла во енергетски поефикасни и поеколошки објекти“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.Директорот на установата д-р Башким Исмаили истакна дека и во услови на КОВИД-19, не запре работата во однос на капиталните инвестиции.„Ова е капитален проект за нашата установа и во ова време на пандемија кај нас овие капитални инвестиции не престанаа, иако нашето родилиште го носеше товарот. Согласно со Министерството за здравство и ГАК се пренасочија интервенциите во текот на целата пандемија, а кај нас немаше прекин во работењето. Не е само раѓањето, кај нас ургентната гинекологија и оперативното работење беа постојано во функција за време на пандемијата. За ова сакам да им се заблагодарам на сите вработени кои во ниту еден момент не се откажаа од професијата и од грижата кон пациентите“, рече директорот на Специјалната болница д-р Исмаили.

Македонија | пред 5 години

zivkovski

Живковски: Итно да се повлече предлог ДУП-от за Расадник кој предвидува повеќе од 120 згради и ќе го зголеми хаосот во Кисела Вода

ОК ВМРО ДПМНЕ - Кисела Вода, денеска го организира овој протест со цел да го изразиме нашето незадоволство и револт против фамозниот и добро познат во медиумите предлог ДУП за новата населба во Расадник. Зошто протестираме? Предлог ДУП-от за Расадник предвидува повеќе од 120 згради од кои најголемиот дел се тринаесеткатници, истакна Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.Живкоски додаде:Не предвидува никаква зелена површина и сметаме дека со евентуалното усвојување на предлог ДУП-от ќе се закочи во целост функционирањето на овој дел од градот, во кој што и онака владее безредие, владее урбан хаос, а општината буквално не презема ништо за регулирање на овие проблеми на граѓаните.Од евентуалното донесување на овој фамозен предлог ДУП би се населиле во новата населба повеќе од 20.000 граѓани,20.000 граѓани кои треба да гравитираат околу општината, 20.000 граѓани кои што ќе треба да влезат преку овие инфраструктурни патишта кои ги имаме во моментот и на тој начин би се блокирал и онака веќе постоечкиот хаос кој што владее веќе одамна во Кисела Вода.Ние се обидовме повеќе пати да апелираме до градоначалникот и до локалната власт да го повлечат ваквиот ДУП. ВМРО-ДПМНЕ не било и нема да биде против урбанизација, меѓутоа не на ваков начин и не во ваква форма. Најважното е да се каже дека со евентуалното изгласување на ваквиот предлог ДУП ќе придонесе за и онака загадениот воздух во овој дел на градот да биде уште поголем затоа што ќе спречи циркулација на воздухот од околните планински превои.Ваквиот ДУП каков што е изработен претставува сериозен проблем за градот Скопје, не само за граѓаните на Кисела Вода, така да евентуалното негово донесување ќе биде уште еден дополнителен хаос пред се во општината Кисела Вода.Ние и во минатиот период апелиравме да се повлече овој ДУП, меѓутоа градоначалникот Темелковски беше и остана нем на барањата на граѓаните, така да со овој протест го изразуваме нашето незадоволство, нашиот револт и доколку во најбрз можен рок не биде повлечен ваквиот предлог ДУП, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ги радикализираат протестите низ целата општина и низ градот Скопје, истакна Живковски.

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

Санкционирани 27 мотоциклисти во Велес, зајакнати контроли во сите градови

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18.00 часот на 18.09. до 03.00 часот на 19.09.2020 на територијата на Велес  спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли. Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци.  Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци.Покрај во Велес, како што веќе информиравме, во текот на изминатото деноноќие во Скопје беа санкционирани 384 учесници во сообраќајот, а Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. 

Македонија | пред 5 години

naum-4

Стоилковски: ЈО молчи за аферата - Фабрика за криминални легализации

Цела фабрика за марихуана на близок на Зоран Заев никнува во 2018 година среде земјоделско земјиште, за што има посебен закон за градење, а општината ја легализира, со лажни документи, изјави и цел еден елаборат! И сето тоа веќе е јавно објавено а ЈО се уште јавно не ги побара одговорите, или барем, заради јавниот интерес, да посочи дека ќе бара одговори за Аферата ФАБРИКА ЗА КРИМИНАЛНИ ЛЕГАЛИЗАЦИИ, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Сликите се јасни : Ова се сателитските снимки со датуми ОВА е документот дек се легализирал објект од наводно изграден 2010 година! ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА, ГОЛЕМ КРИМИНАЛ!По сето елаборирање на криминалот, ЈО е глуво, до таму не допираат гласови, иако,  јасна е позадината, политичката спрега кај злосторничкото здружување.Јасен е мотивот, а тоа е вносниот нарко- бизнис и лиценцата која што Зоран Заев ја додели на својот сопартиец.Инсистираме на сериозна истрага од ЈО, но истрага која што кое нема да биде ЈО политичка алатка на мафијата на власт!Постои МОЖНОСТ за двојно книговодство, празни места во архивските книги за коруптивни натамошни дејанија.Постои МОЖНОСТ за изиграни повеќе закони и оштетување на буџетот на Македонија. Прво Законот за градење во земјоделско земјиште, Второ Законот за легализација на дивоградби.Постои сериозна можност за злоупотреба на службената положба и овластување на геодет од Битола, заради изработка елаборат за легализација на непостоечки, неизграден објект.Постои сериозна можност за злоупотреба на службената положба и овластување од општинските урбанисти, советници, и секако градоначалникот на Општина Босилово.И секако постои сериозна индиција за постоење злосторничко здружување за изигрување на законите, нанесување штета на буџетот, со цел остварување на профит.Истрагата на ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ мора да одговори:Дали Драган Ѓоргиев, сопартиец и колега на Зоран Заев од пратеничкиот состав 2002-2006 ЗНАЕЛ или му било ветено дека ќе добие лиценца за работа и брзал да изгради фабрика?Дали Ѓоргиев имал претходен договор или пак уживал заштита од градоначалникот- сопартиец, Зоран Зимбаков од Општина Босилово? Дали таква заштита имал и од претседателот на Советот, сопартиецот  Аризанов? Внимавајте, се гради објект- фабрика среде земјоделско земјиште.ЈО за организиран криминал мора да најде одговор Зошто експратеникот Ѓоргиев за изработка на елаборат избрал геодетска фирма од Битола, оддалечена речиси 300 км од местото каде е наводната фабрика при толку геодетски фирми во Струмица каде што живее екс пратеникот Ѓорѓиев? Дали врската на Ѓоргиев и геодетот Нечевски била само политичка, или постојат и други вакви изработени елаборати од него, односно дали постои историја на криминални дела и изработени елаборати?Почитувани, постои мотив, постои поврзаност меѓу сите инволвирани, постои криминал, постојат несоборливи докази во форма на документи и прецизни сателитски фотографии.Бараме правда ВЕДНАШ. Бараме справување со мафијата ВЕДНАШ, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Dragan-Chubri

Почина новинарот Драган Чубриќ

По кратко боледување, рано утово во Охрид, почина Драган Чубриќ (67), долгогодишен новинар.Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период работеше и како уредник во локална телевизија, а беше сопственик и уредник на порталот „ОhridLive“. Последните години беше дел од тмот на порталот „SDK.mk“ (Сакам да кажам).Негова пасија беше авиомоделарството. Беше претседател на Аерооклубот „Охрид”. Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството, новинар од „стариот ков“, доследен на професија.Чубриќ во својата долгогодишна кариера и објавените безброј текстови, остави белег во охридското и македонското новинарство.Погребот на новинарот Драган Чубриќ ќе се изврши утре во 12 часот на градските гробишта во Охрид.

Македонија | пред 5 години

26032020_VRSM_Osmani_pres1

Османи: Меморандумот на Бугарија отстапува од принципите на договорот за добрососедство

Договорот за пријателство и добрососедство направи пресврт во односите со Бугарија, а меморандумот кој го поднесоа отстапува од неговите принципи“, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи."Мора да продолжиме со разговори бидејќи друг пат нема, ние од овој договор не се откажуваме. Меѓутоа овој меморандум отстапува од принципите на договорот за добрососедство и затоа во мојата комуникација со бугарската министерка за надворешни работи Захариева се договоривме разговорите да продолжат на највисоко ниво, како и работата на комисијата за историски прашања, вели Османи.Според него прашањето на идентитетските карактеристики произлегува од правото на самоизјаснување и самоопределување на народите и тие не се дел од билатерални спорови.„Прашањето на историските фигури е затоа што тие не можат да се изјаснат и затоа треба да седнат историчари и научници кои треба да најдат историски документи за нивните идентитетски атрибути. За прашањето на јазикот и други идентитетски карактеристики, тоа е современо право на самоопределување кое не го спори никој“, кажа министерот за надворешни работи.

Македонија | пред 5 години

velosiped

Шеесет и петгодишен велосипедит загина во сообраќајна несреќа

Шеесет и петгодишен велосипедит загина во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Скопје–Македонски Брод.Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 14.50 часот кај место викано „Бабин дол“, кога автомобил „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрило во велосипедистот С.П.(65) од Македонски Брод.По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Здравствена установа Македонски Брод, каде од здобиените повреди кај него била констатирана смрт.Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.

Македонија | пред 5 години

viceguverner

Вицегувернерката Митреска: Народната банка не може и не смее да дозволи банка да работи спротивно на законската регулатива

Ковид-кризата во нашата земја настапи кон средината на март и едноставно е невозможно во олку кус период да доведе до несолвентност на банка и да биде пресуден фактор за нејзиното затворање. „Еуростандард банка“ подолго време наназад беше изложена на поголем кредитен ризик и слабости во работењето, поради што беше под засилен супервизорски надзор и беа изрекувани бројни супервизорски мерки во насока на санирање на состојбите во Банката. Всушност, токму заради објективноста и темелниот пристап на супервизорските тимови, овие слабости излегоа на површина во билансот на Банката. Ова го истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за МИА, во однос на пропаѓањето на „Еуростандард банка“. Таа посочува дека и покрај корективните мерки, капиталот на Банката падна под законскиот минимум, а во таков случај единствено можно решение е барањето до сопствениците да ја исполнат својата обврска пропишана во закон и да вложат дополнителни парични средства. „Би сакала јавноста да има целосна слика и да знае дека ова не се средства коишто ѝ се потребни на Народната банка. Тие средства се слеваат во билансот на деловната банка и во овој случај беа неопходни за да се исполни законското минимално капитално барање за да може „Еуростандард банка“ да опстојува.“ – вели вицегувернерката. Како што посочува таа, за жал, ниту од сопствениците, ниту  од потенцијален инвеститор, не се обезбеди потребниот капитал за да се достигнат минималните законски барања,  а со тоа и да се овозможат услови Банката понатаму да се регенерира, што секако за сите ќе беше најдоброто решение. „Затоа и вложивме огромни напори. Секоја централна банка пред да посегне кон затворање на банка вложува напори да најде алтернативно решение. Во овој контекст, наспроти информациите коишто се појавуваат во јавноста, имавме и интензивна комуникација со потенцијалниот инвеститор на којшто му укажавме на неопходноста од дополнителни вложувања на капитал во Банката. Сепак, немаше подготвеност да се обезбедат потребните вложувања. Воедно, не беше доставена ниту севкупната документација којашто е неопходна за да се оцени дали тој ги исполнува законските услови за акционер на банка.“ – вели Митреска. Во такви околности, како што истакнува вицегувернерката, немаше друго решение освен укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“. „Народната банка не може и не смее да дозволи банка да работи спротивно на законската регулатива.“ – посочува Митреска во интервјуто за МИА. Вицегувернерката порачува дека банките се витален дел на секоја економија и дека нивните управувачки структури имаат многу поголема одговорност од раководните структури на нефинансиските институции, од едноставна причина што управуваат со средствата на своите депоненти. Корпоративното управување на банките треба да се темели на интегритет, професионалност и исклучителна одговорност при носењето на секоја одлука. За МИА, Митреска истакнува дека високофреквентните дневни податоци со коишто располага Народната банка, за август, на месечна основа покажуваат одредено зголемување на вкупните депозити во банкарскиот систем. Воедно, како што посочува таа, и на девизниот пазар, не можеме да забележиме некои невообичаени тенденции што би упатувале на поголема склоност за располагање со девизи.„Оттука, тековите се стабилни, и како што и очекувавме, укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ нема поголеми ефекти врз банкарскиот систем или врз однесувањето на депонентите.“ – оценува вицегувернерката. Во интервјуто за МИА, Митреска се осврнува и на оцените и очекувањата на Народната банка за ефектите од ковид-кризата врз македонската економија. Притоа истакнува дека засега, економијата ја минува кризата главно во согласност со очекувањата на Народната банка. 

Македонија | пред 5 години

policija-jankulovska

Јанкуловска: Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, ако некој ме бара јас сум дома

Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша на својот ФБ профил Гордана Јанкуловска на која Врховниот суд и ја одби жалбата на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна.https://www.facebook.com/jankuloskagordana/photos/a.10151179721111682/10157175160231682/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања