Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

toksikologija

Пронајден и приведен напаѓачот на лекарот од Токсикологија

Триесет и двегодишниот С.И. од Скопје е приведен поради напад врз лекар од Клиниката за токсикологија. Против него Министерството за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава.Напаѓачот вчера го однел своето малолетно дете на Клиниката за токсикологија а откако дежурниот лекар му рекол дека детето треба да се однесе на педијатрија, таткото го нападнал лекарот и му нанел расекотини и хематом на главата.Лекарот бил прегледан во Ургентиот центар, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

Нападнат доктор на Токсикологија

Лекар на Клиниката за токсикологија попладнево бил нападнат додека бил на работа. Тој се здобил со неколку хематоми и расекотини, но е во добра состојба. Откако му била укажана помош во Ургентниот центар бил пуштен дома.Инцидентот, како што вели директорот на Клиниката за токсикологија Нагип Зумбери за „360 степени“, се случил кога родител го однел неколкугодишното дете на преглед, а лекарот му кажал дека тие не работат со деца помали од 14 години и треба да се обратат на Педијатрија.Случајот е пријавен во полиција 

Македонија | пред 5 години

video-FB

Идентификувани 16 навивачи кои скандираа „мртов шиптар, добар шиптар“

Идентификувани 16 лица по видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи на кое се слушаше скандирање пароли со говор на омраза кон Албанците.Според видеото снимено во Ѓорче Петров, додека поминува свадбена поворка со албански знамиња, група млади момчиња скандираа навредливи пароли по што неколку мажи од поворката се упатуваат кон нив.Од МВР велат дека од овој настан досега се идентификувани 16 лица. Инволвираните се повикуваат на разговор, а најавуваат и кривични пријави.Инаку оваа недела беа забележани два инциденти со групи кои скандираа пароли со говор на омраза кон Албанците. 

Скопје | пред 5 години

skopje-1

(ФОТО) Од Аеродром до Мавровка за помалку од 5 минути - Интензивно се работи на мостот на бул. АСНОМ

Интензивно се работи на мостот на бул. АСНОМ. Од Аеродром до Мавровка за помалку од 5 минути. 6 коловозни, две велосипедски и две пешачки патеки. Нови коридори во нашиот град ...Скопје, една поинаква приказна..., напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3379946565563251 

Скопје | пред 5 години

pestera

За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција ќе ја истражи пештерата „Изворот на Бабуна“ на Солунска глава

За прв пат македонска спелеонуркачка експедиција на почетокот од октомври ќе влезе во срцето на Солунска глава за да ја истражи пештерата „Изворот на Бабуна“. Оваа пештера за прв пат е откриена 1968 година од страна на друштвото „Пеони“, но до сега во неа немаат нуркано македонски спелеолози. Пештерата ја имаат посетено 3 странски експедиции, последен пат во 2014-та година кога Словачки тим влегол 2,5 км под земјата и открил 3 големи езера. Сега идејата ја реализираат клубот „Врело“ од Скопје и Македонската спелеолошка федерација, објави Сител. Спелеолозите велат дека станува збор за премногу тешка експедиција. Спелеонуркањето била една од најризичните работи со кои можело човек воопшто да се занимава. Тесни простори, насекаде остри карпи, а често знаело водата да се замати во неколку секудни и буквално ништо да не се гледа.Текстот во целост: Сител

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Денеска 178 нови случаи на ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-19, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-16, Тетово-14, Струга-5, Велес-5, Битола-4, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-11, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-8.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-7, Струга-5, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Крива Паланка-3, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1.Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е 13863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2179. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6675, активни 598• Куманово 1694, активни 211• Дебар 276, активни 41• Штип 1230, активни 63• Прилеп 618, активни 138• Тетово 1376, активни 170• Струга 647, активни 63• Велес 309, активни 36• Битола 272, активни 66• Охрид 405, активни 47• Кавадарци 215, активни 36• Гостивар 903, активни 113• Гевгелија 107, активни 65 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 175, активни 108• Крива Паланка 95, активни 37• Радовиш 70, активни 24• Крушево 20, активни 3• Кочани 255, активни 98• Пробиштип 103, активни 22• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 91, активни 12• Пехчево 42, активни 18• Берово 79, активни 21• Валандово 17, активни 8• Виница 98, активни 28• Делчево 144, активни 75 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 4• Свети Николе 316, активни 21• Кичево 309, активни 36• Ресен 160, активни 13• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1368 теста се преку: ИЈЗ-456, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-420,  Биотек-67, МАНУ -51, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –67, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 62• Гази Баба – 74• Аеродром - 89• Карпош – 74• Центар – 81• Кисела Вода – 57• Ѓорче Петров – 37• Бутел - 33• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 11• Сарај – 16• Арачиново – 9• Илинден – 14• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 3• Петровец – 6• Зелениково - 2• Странец – 6• Нераспределен-4

Македонија | пред 5 години

policija-1

Шведски државјанин пронајден починат на скопскиот аеродром

Шведски државјанин вчера бил пронајден починат на скопскиот аеродром.Според информациите на МВР, вчера во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Меѓународниот aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска.Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Македонија | пред 5 години

lisici

Уапсен велешанец, обљубил 64 годишна сограѓанка

На 19.09.2020 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(55) од Велес, поради сомнение дека извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес, која околу 11.00 часот го пријавила случајот во Полициска станица Велес, соопштуваат од полицијата.М.С. е задржан за понатамошна постапка, а за настанот е запознаен Јавен обвинител.Увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчитување на случајот.

Македонија | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

Анкета на Народната банка: Довербата во домашниот финансиски систем е висока

Довербата во домашниот финансиски систем е висока и во споредба со минатата година останува на високо непроменето ниво, потврдуваат резултатите од годишната Анкета за оцена на ризиците врз финансиската стабилност, коишто се објавени неодамна. Оваа анкета се спроведува еднаш годишно, во текот на првиот квартал, а годинава се прошири опфатот на испитаниците. Покрај до банките, кои претходно беа единствените учесници, оваа година, анкетата беше доставена и до штедилниците, друштвата за управување со пензиските фондови, осигурителните друштва, финансиските друштва, брокерските друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и економските аналитичари. Според резултатите од Анкетата, значаен дел од испитаниците сметаат дека промените во меѓународната и домашната регулатива, кредитоспособноста на домаќинствата и политичката стабилност се значајни за финансиската стабилност. Во тој контекст, согледано од денешна перспектива, значајно е што е остварен забележлив кредитен раст и над проектираниот и што измените на домашната регулатива и по отпочнување на ковид-кризата се димензионирани соодветно за континуирано одржување на стабилноста на финансискиот сектор и во условите наметнати од пандемијата на ковид-19.   Меѓу другото, резултатите посочуваат дека еден дел од испитаниците, во рамки на Aнкетата имаат дадено и оцени дека амбиентот на ниски каматни стапки е значаен за работењето на финансиските институции. Во однос на надворешното окружување, близу половината од испитаниците сметаат дека се значајни промените во меѓународните стандарди и регулативата. Кај групата останати ризици, околу 40% од одговорите како значајни ги посочуваат ризиците од ИТ-системите и нападите од дигиталниот простор. Во изминатите години, состојбата во нашиот финансиски сектор во поглед на заштитата од сајбер-нападите постојано се унапредува, вклучително и преку зајакнување на регулаторната рамка. Резултатите од Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност се надоврзуваат на веќе објавените согледувања на меѓународните финансиски институции, коишто во рамки на своите извештаи искажаа позитивни оцени за стабилноста на нашиот финансиски систем. 

пред 5 години

timotej

Митрополит Тимотеј: Добар потег и знак е писмото од претседателот Стево Пендаровски до Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Го поздравуваме писмото кое го испрати претседателот на државата до патријархот Вартоломеј и добро е што државниот врв се интересира да се реши спорот со црковното прашање, вели за ТВ24 митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ, отец Тимотеј. Тој не гледа на овој потег како мешање на државата во црковните работи. На прашањето дали Пендаровски претходно бил на координација со претставници во Македонската православна црква, Тимотеј одговори:„Jaс лично не сум имал средба и мислам дека немало таква официјална средба. Но, е за поздравување тоа писмо затоа што вселенскиот  Патријарх има таква надлежност, признавање на МПЦ во православниот свет“.Отец Тимотеј за ТВ24 потврди дека односите со бугарската црква не се одвиваат на исто интензивно ниво како претходно.„Во однос на Бугарија, со овој политички контекст и последното писмо на Пендаровски можам да кажам дека никоја не е потценет ниту запоставен. Не можам да ја коментирам релацијата со Бугарија, ние немаме интензивна комуникација, но сметам дека стои и ја поддржува се уште МПЦ, надвор од сите политички случувања. И корона кризата си го направи своето, сепак таква комуникација не може да се одвива телефонски“ вели Тимотеј за ТВ24. Текстот во целост на: ТВ24

Македонија | пред 5 години

drva-1

Почина жена во струмичко, откако врз неа паднало дрво што го сечел сопругот

Струмичанка загина откако врз неа  паднало дрво кое го сечел сопругот.Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера на нива во селото Мокриево, Струмичко.-Додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица,  информираат од МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Работата од дома ќе се контролира со закон кој ќе се носи следната година, вели Шахпаска

Нов закон за работни односи кој се очекува да биде донесен следната година, стабилен пензински фонд и раст на минималната плата и на пензиите, вети денеска новата министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.Законот за работни односи рече дека ќе биде донесен по широка, сеопфатна дебата со сите засегнати страни. Во него јасно ќе бидат дефинирани сезонската работа, синдикалното организирање и работата од далечина која се наметна како нов тренд со пандемијата од Ковид 19.– Важечкиот закон е донесен далечната 2005 година и според сознанијата до кои дојдов од контактите со секторот труд досега претрпел 24 измени што значи дека веќе е дојден период кога треба да донесеме нов закон за работни односи кој ќе ги отсликува состојбите на современото време. Веќе во среда ја закажав првата седница на работната група која работела на измените на Законот во мандатот на претходните министри и започнуваме да работиме на овој закон, рече Шахпаска.

Македонија | пред 5 години

rfgferge-184092

Нови детали за родилката и бебето кои починаа на ГАК: Била до дома, прокварела, па се вратила во болница

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од бременоста, а ова и била 11 бременост, велат од ГАК преку соопштение.Четириесет годишната трудница К.Ј. од населбата Шуто Оризари, Скопје била примена во приемната амбуланта на ЈЗУ У ГАК-Скопје на 18 септември, со образложение дека е дојдена да ја види состојбата на нејзиното бебе.Од ГАК велат дека таа не знаела кога и била последната менструација и го информирала медицинскиот тим дека тоа и е втора контрола откако е бремена, што значи дека нејзината бременост не била контролирана и не знаела која недела е од бременоста.Ова на К.Ј. и била 11 бременост, има четири живородени деца и шест прекинати бремености, велат од Клиниката за гинекологија.Трудницата, како што образложуваат, веднаш била ставена на ЦТГ мислејќи дека станува збор за терминска бременост, а по направениот ултразвучен наод е утврдено дека трудницата е во 36-та гестациска недела од бременоста. Според наодот на ЦТГ-то кој бил двојбен, лекарите дале мислење дека тоа треба да се повтори за два часа поради што на пациентката и било сугерирано да не се оддалечува на подолго време од Клиниката имајќи предвид дека живее во населбата Шуто Оризари, во меѓувреме нешто да јаде, по што трудницата излегла надвор од Клиниката за да испие кафе. На ЈЗУ У ГАК-Скопје таа се вратила во 16:15 часот и на лекарите им рекла дека во периодот од два часа била во својот дом, каде што прокрвавела.Дежурната екипа на Клиниката потврдила дека дошло до интраутерина смрт на плодот поради настанатата абрупција (одлепување на постелката). Веднаш и бил земен тест за Ковид-19 и додека се чекал резултатот од тестот кој бил негативен и била земена крв за лабораториски иследување и за утврдување на крвната група на пациентката, која до тој момент, поради неконтролираната бременост, не била позната.Трудницата побарала стерилизација и откако нејзиното семејство од страна на лекарите било информирано дека бебето е изгубено, дека таа обилно крвави поради што мора итно да биде оперирана, дежурната екипа итно влегла со пациентката во сала. И била терминирана бременоста со царски рез и направена стерилизација. На отворањето интраоперативно имала целосна абрупција на постелката.По извршената интервенција, таа била префрлена во шок соба каде што и покрај интензивната реанимација по протокол, продолжило влошувањето на нејзината состојба, по што целиот тим гинеколози и анестезиолози одлучиле дека треба да се направи ревизија. Истата е направена меѓутоа и покрај целосниот напор на медицинскиот тим да биде спасен животот на пациентката, таа егзитирала вчера, на 19 септември 2020 во 17:43 часот.Внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК го испитува случајот, а од утре ќе го разгледува и Комисија формирана од Министерството за здравство, се додава во соопштението на ГАК.

Скопје | пред 5 години

video-FB

МВР ги бара сите кои учествуваа во вчерашниот инцидент кога се скандираше говор на омраза

Министерството за внатрешни работи во соработка со Обвинителството интензивно работи за расчистување на случаите со навивачките групи кои употребуваат навредлива реторика кон Албанците, а со тоа предизвикуваат етничка нетрпеливост.Имено, вчера на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како група навивачи на улиците во населбата Ѓорче Петров скандираат „мртов шиптар, добар шиптар“. Сличен инцидент се случи и минатата недела.– Станува збор за два случаи за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Се утврдуваат идентитетите на учесниците, се повикуваат на разговор, се извршуваат разговори со нив. Конкретно за вчерашниот случај утврден е идентитетот на 16 лица и се преземаат сите дополнителни активности со цел да се расчисти случајот, изјави денеска Сузана Праниќ Талевска од Секторот за односи со јавност при МВР.Таа нагласи дека МВР ќе има нулта толеранција за таквите случаи, така што интензивно ќе се работи се додека не се санкционираат.

Скопје | пред 5 години

119511870_3408448612547639_8787337358805704975_o

Градинките не се исполнети бидејќи родителите не ги носат децата

Секојдневната анализа на Министерството за труд и социјална полтитика, покажува дека во градинките постојат запишани деца, меѓутоа нивните родители не ги носат. Дополнително следејќи ја состојбата на дневно ниво, имаме сознанија дека сè уште има слободни места во градинките, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција.„Направена е последна анализа на 2 септември пред отворање на градинките согласно протоколот за заштита и сведување ризикот за инфекција на децата на минимум и врз основа на тој протокол, слободни се 19.000 места. Интерес за сместување во градинки изразиле 14.555 родители. Капацитетите не се исполнети. Испратен е допис до градинките да ги контактираат родителите коишто ги запишале децата и да проверат дали тие ќе ги носат децата или само го чуваат местото, кое во случајов им е неопходно на семејствата каде што двајцата родители се вработени или пак, станува збор за самохрани родители“ истакна министерката.Од друга страна, како што рече таа, доколку се јави недостиг на места, МТСП се повикува на заклучокот на Владата, со што им се препорачува на општините како основачи на градинките согласно правилникот за нормативи и мерки за безбедно сместување на децата, доколку имаат потреба, да обезбедат дополнителни алтернативни решенија за сместување на децата.Министерката уверува дека ситуацијата секојдневно будно се следи и согласно епидемиолошката слика, како и ставовите на надлежните институции ќе се носат одлуките, односно дали ќе дојде до повторно затворање на градинките.

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Во Скопје полиција на секој чекор, бројот на казнети возачи е троцифрен

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, пришто во Скопје изречени биле вкупно 339 санкции.Меѓу нив, за возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење – 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила – 14. Санкционирани се и 33  мотоциклисти, а  одземено е 1 патничко возило. Понатаму, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113). Изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска.Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

dezinfekcija-vo-skolo-1-800x533

Утре ќе се знае дали ќе се оди во училиште, а можно е и затворање на градинките

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата.Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, истакна дека на состанокот ќе бидат разгледани ставовите на Министерството за здравство, министерот Венко Филипче, како и членовите на Комисијата. Тој посочи дека конечната одлука, сепак, зависи од епидемиолошката слика и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување на целодневна настава.Одговарајќи на новинарски прашања, Исјановски навести дека е можно затворање на градинките доколку дојде до влошување на состојбата со коронавирусот.„Да, можно е повторно затворање на градинките“, рече Исјановски и додаде дека е можно и да се преземат одредени мерки и да се дадат насоки од Комисијата кон Владата.Со одлука на Владата, од оваа среда сите родители кои досега беа ослободени со мерките поради коронавирусот, како и хронично болните се враќаат на своите работни места.

Македонија | пред 5 години

mvr

ВИДЕО: Претреси во Лојане и Ваксинце, уапсени повеќе лица

Утрово бил извршен претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, информираше Сузана Праниќ Талевска.При претресот во домот и помошните простории во сопственост на лицето Ќ.А.(66) во с.Ваксинце пронајдени се 10 лица мигранти од Бангладеш, поради што се приведени Ќ.А. и Ф.А.(27) од с. Ваксинце. Додека во с. Лојане, при претрес на домот и помошни простории во сопственост на А.А.(48) биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан, меѓу кои 4 малолетни лица.Во врска со настанот приведено е лицето З.А.(53) од с.Лојане.Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија.До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Македонија | пред 5 години

gak

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје вчера вечер животот го загуби родилка, откако претходно починало и нејзиното бебе, потврдуваат од таму за Канал 5.Бил извршен оперативен зафат со царски рез над родилката и било констатирано дека бебето е мртво.Станувало збор за родилка на која и било 12-та бременост, и до сега имала шест абортуси и шест раѓања.Родилката вчера била донесена на Гинекологија, и било направено „це-те-ге“, и било соопштено од лекарите да се врати за еден час на уште една проверка. Но родилката, наводно, веќе заминала дома и по два часа родителката прокрвавела и се вратила во Клиниката.

Македонија | пред 5 години

Policija-1-1

339 санкционирани возачи во Скопје: 140 за пречекорена брзина, 33 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 14, 33 санкционирани мотоциклисти и едно одземено партничко возило, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113), а изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

Санкционирани 123 возачи во Прилеп, меѓу кои и 21 мотоциклист

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи на 19.09.2020 во периодот од 17.00 часот до 23.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во соообраќајот на подрачјето на ОВР Прилеп.Притоа, изречени се 123 санкции, меѓу кои за управување на моторно возило без положен испит  18, за нерегистрирани возила – 35, за возење под дејство на алкохол – 4, за управување на технички неисправно возило – 9.При контролата санкционирани се и 21 мотоциклист, кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без  положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани.Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

СДСМ: Следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку соопштение.„Владата предводена од СДСМ, по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, реагираше веднаш со три сета, навремени и сеопфатни антикризни мерки, кои на стопанството и на граѓаните им обезбедуваат поддршка при справување со кризата.При креирањето на трите пакети мерки, за чија реализација се резервирани околу 550 милиони евра или 5,5% од БДП, владата се водеше по начелото на социјална правда и солидарност, а така ќе продолжи и четвртиот сет на мерки за уште поголема поддршка на граѓаните и компаниите.Како дел од третиот пакет мерки 87 компании, кои планираат да реализираат проекти во вкупна вредност од околу 3 милиони евра, се избрани во финалната селекција од повикот за ко-финансирани грантови за брзо прилагодување од КОВИД-19.Со оваа мерка се обезбедува финансисика подршка за технолошки развој на претпријатијата и приватните здравствени установи за надминување на последиците од КОВИД–19 , со цел претпријатијата, да воведат нови методи и технологии во своето работење, како и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, за да можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, генерирање на приходи преку нови канали на продажба, воведување на нови производи или услуги.Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници.Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, која беше наменета за сите дејности. Преку оваа кредитна линија, вкупно се одобрени 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат 11.325 лица.Компаниите од овие сектори, но и сите други кои бележеа загуби ја искористија поддршката за исплата на минималната плата од 14.500 денари по вработен, при што просечно во трите најкритични месеци, април/мај/јуни беа поддржани околу 20.000 компании со околу 120.000 вработени.Како дел од третиот сет на мерки беа и платежните картички за невработени лица, лица со ниски приходи и учениците и студентите, како и ваучерите за туризам, кои директно влијаеа на зголемување на приватната потрошувачка и помош и заживување на најпогодените сектори – угостителството и туризмот.Вкупно беа подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра. Дополнително, 117.000 граѓани добија ваучери за туризам во вкупна вредност од околу 12 милиони евра со цел да се поддржи домашниот туризам.Мерките од третиот пакет сеуште се спроведуваат и нивната цел е да се зачуваат работните места на граѓаните, да обезбедат дополнителен развој, да им помогнат на компаниите да се вратат на патеките на раст и проширување на нивните капацитети.Граѓаните и стопанството се и остануваат во фокусот на поддршката на Владата предводена од СДСМ“, наведе владејачката партија во соопштението.

Македонија | пред 5 години

borce

Хаџиев: Штедете на повеќе лица и во повеќе банки

Борче Хаџиев директор на Фондот за осигурување депозити, во изјава за емисијата „Стадион“ на Канал 77, информираше дека половина од штедачите кои се во законска рамка од 30 000 евра веќе се обештетени преку други банки.Тој ги повика граѓаните да бидат повнимателни кога штедат.  Според него најдобро е депозитите да ги распоредат во повеќе партиции на повеќе членови од семејството и во повеќе банки, истакна Хачиев.

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски упати писмо до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. Во продолжение го проследуваме текстот на писмото.Ваша Сесветост,Ми претставува особена чест да Ви се обратам и да ги изразам своите срдечни желби по повод почетокот на Новата црковна година.Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици.Како претседател на мојата земја, сакам лично да Ве информирам дека како држава, изминативе три години, решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања.Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот.Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет.Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија 

Македонија | пред 5 години

pozar-stogovo

(ВИДЕО) Голем шумски пожар на планината Стогово на непристапен терен

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител.Броштица е последното село кое е во близина на пожарот. Тамошните жители велат дека теренот е непристапен и тешко може да се стаса.Проценките се дека засега нема опасност пожарот да се прожири до селото, но од другата страна на Стогово е галичкиот крај и селата од галичник. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања