Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

47_Sednica

Советниците ја усвоија Предлог- Програмата за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованиетоСе одржа 47-та седница на советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид, денеска ја одржа 47-та седница на која беа предложени две точки на дневниот ред.Советниците ја усвоија Предлог- Програмата за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година, а исто така беше поддржана и Предлог- Одлуката за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2020 година.Усвоените точки се во прилог на подготовката на општинските основни и средни училишта во пресрет на новата учебна година, согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“.  

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

Приведени двајца жители на Арачиново, со возило се обиделе да удрат полицаец

Двајца жители на Арачиново биле уапсени затоа што се обиделе да прегазат полицаец со возило.Според информациите на МВР, завчера, околу 22.30 часот, во селото Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И. С. (48) и Б. С. (23), двајцата од село Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово, одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејства.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

konstitutivna-sednica

Пратениците на БЕСА независни, но остануваат во коалицијата „Можеме“ со СДСМ

Пратениците од БЕСА денеска преку допис го известиле претседателот на Собранието, Талат Џафери дека во законодавниот дом ќе дејствуваат во рамки на коалицијата „Можеме“ со СДСМ, но како независни.Партијата, како што навеле од кабинетот на Џафери за МИА, го информирала дека со ова нема да се промени ништо во функционирањето на коалицијата, туку само сакаат да се водат како независни пратеници од БЕСА.БЕСА има четворица пратеници во Собранието. За да се формира пратеничка група според собранискиот деловник потребни се најмалку пет пратеници. Координаторите на пратеничките групи учествуваат на состаноците кај собранискииот спикер за текот на седниците и точките на дневен ред.Минатата недела до Џафери стигнале известувања за формирање четири пратенички групи и тоа на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, од ДУИ, од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ и од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска се регистрирани 45 нови случаи на ковид 19, починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-10, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-5, Гостивар-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Пробиштип-1, Берово-5, Делчево-1, Кичево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6585, активни 584• Куманово 1698, активни 207• Дебар 276, активни 36• Штип 1232, активни 63• Прилеп 618, активни 131• Тетово 1381, активни 173• Струга 647, активни 62• Велес 309, активни 36• Битола 272, активни 65• Охрид 405, активни 47• Кавадарци 215, активни 33• Гостивар 907, активни 110• Гевгелија 107, активни 60 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 175, активни 106• Крива Паланка 96, активни 31• Радовиш 71, активни 23• Крушево 20, активни 3• Кочани 264, активни 104• Пробиштип 104, активни 22• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 91, активни 12• Пехчево 42, активни 11• Берово 84, активни 26• Валандово 17, активни 8• Виница 98, активни 24• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 4• Свети Николе 316, активни 19• Кичево 311, активни 38• Ресен 160, активни 13• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 552 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -128, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-17, Синлаб-69, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 63• Гази Баба – 74• Аеродром - 86• Карпош – 70• Центар – 78• Кисела Вода – 52• Ѓорче Петров – 38• Бутел - 33• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 11• Сарај – 16• Арачиново – 9• Илинден – 15• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 3• Петровец – 6• Зелениково - 2• Странец – 6• Нераспределен-2

Македонија | пред 5 години

IMG_0106

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз

Извонредната соработка, партнерството и пријателството кои Република Северна Македонија и САД ги негуваат беа уште еднаш потврдени на денешната работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз, придружувана од Даглас В. Мејден, Програм менаџер на ИЦИТАП Програмата и Хит Вард, Регионален офицер за безбедност, што се одржа во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.Акцентот на средбата беше ставен на процесот на интеграција кон Европската Унија и членството на Република Северна Македонија во НАТО, како и борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и сајбер криминалот. Министерот Спасовски укажа на несмалениот интензитет во заложбите за јакнење на професионализацијата во полицијата, што ќе придонесе за успешно надминување на предизвиците во активностите на Министерството за внатрешни работи.Соговорниците уште еднаш ги потврдија партнерството и соработката, а на министерот Спасовски му беа упатени честитки со желба за успех во понатамошната работа на чело на Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 5 години

srna

Срна усмртена од возило на автопатот Тетово-Скопје

Срна била усмртена од возило додека се движела по автопатот Тетово-Скопје, а при судирот повредена е и сопатничка во автомобилот, информира денеска СВР Тетово.- Вчера во 17: 30 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на исклучувањето за Групчин, патничко моторно возило „рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.По пријавата на случајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. 

Македонија | пред 5 години

Foto-6

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Европската Унија, Дејвид Гер

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гер.Доаѓате во исклучително значаен момент за нашата земја бидејќи по потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, завртевме нов лист во својот развој и одлучивме да го надополниме загубеното време во исполнување на своите клучни цели.Како што и веќе добро знаете, оваа година Северна Македонија исполни еден од своите стратешки приоритети, со зачленувањето во НАТО и во март доби зелено светло од Европскиот совет за почеток на преговорите за пристапување во Европската Унија.Сега, во периодот пред нас, на ред е одлуката за почеток на преговорите да се материјализира во што поскоро усвојување на Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и да се закаже првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи конкретниот почеток на преговорите.Во овој контекст би сакал да искажам благодарност до Европската комисија и до Европската служба за надворешни работи, институцијата од каде што претходно доаѓате, за сесрдната поддршка и сметам дека заедничките напори на германското претседателство со Советот на Европската Унија претставува одлична можност за реализација на зацртаната цел до крајот на годината, истакна меѓу другото претседателот Пендаровски.Амбасадорот Гер пак истакна:Ја преземам оваа функција во невообичаени околности. Доволно невообичаени во кои дури и традиционалното ракување е исклучено што вообичаено би ја крунисало оваа пригода. Доволно сериозни за да влијаат на нашето заедничко чувство на безбедност и да ја нарушат нашата слобода на движење. Но и доволно одлучувачки за да нè натераат да научиме вредни лекции за во иднина. За тоа како од состојба на ранливост да преминеме во состојба на обновена виталност.Горд сум што стојам пред вас и ја застапувам ЕУ и нејзините вредности. Вредноста на мирот што ни овозможи да се обединиме и да напредуваме. Вредноста на солидарноста што ќе нè извлече од оваа пандемија. Вредноста на човечкото достоинство што нè обединува сите во различноста која можеме да ја славиме.Минатиот март, Советот наЕвропската унија ја донесе историската одлука за отворање на преговори за членство со Северна Македонија. Ова се случи по значајните реформски достигнувања, тешките одлуки кои го потврдија избраниот правец на оваа земја. Сега сите можеме да го очекуваме официјалниот почеток на преговорите на Меѓувладината конференција.Тоа ќе биде значајна пригода што ќе го потврди долгогодишниот став дека иднината на целиот овој регион e во ЕУ. Како што рече претседателката Фон дер Лајен во своето годишно обраќање минатата недела „Ние ја делиме истата историја, ја делиме истата судбина. Западен Балкан е дел од Европа - а не само попатно место на Патот на свилата“. Притоа, очекувам да работам со Вас, Ваша Екселенцијо, со парламентот, со владата, со опозицијата и со сите актери и сектори на општеството низ целата земја, кои мора да бидат во центарот на овој голем потфат за да може Северна Македонија да го заземе своето место како членка на Европската унија,  истакна меѓу другото Гер. 

Македонија | пред 5 години

Gola-mesecina

„Гола месечина“ од 28 септември до 3 октомври

 Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи следната недела, почнувајќи од 28 септември до 3 октомври. Фестивалот, кој е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер. Поради тоа, оваа година „Гола месечина“ ќе биде на нова локација, на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар. Фестивалот на комедијата годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публиката ќе бидат отворени од 19 часот. 

Скопје | пред 5 години

policija-1

Шест повредени, од кои еден потешко, при судир на три возила во Тетово

На 20.09.2020 во 18.50 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С. од с.Ново Село, општина Боговиње, во кое сопатници биле Е.С.(19) од с.Ново Село, Њ.Л.(18) од с.Мала Речица и 16 годишна малолетничка од Тетово, патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. од с.Палатица, во кое сопатник бил малолетник од с.Палатица и патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(38) од Тетово. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 16 годишната сопатничка од возилото „опел корса“,  која била пренесена во  Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Останатите учесници во незгодата се здобиле со трелесни повреди и им била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

Македонија | пред 5 години

bolnica-strumica

Триесет луѓе утринава го украле телото на починат пациент од инфективно во Струмичката болница

Група на околу триесетина луѓе утрово ја скршиле вратата на инфективното одделение во болницата во Струмуица и го земале телото на починат пациент кој бил тестиран за коронавирус, пишува Фокус.Пациентот бил примен утрово како сомнителен случај на Ковид-19, веднаш му бил земен брис, но во меѓувреме неговата состојба се влошила и починал.Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.

Македонија | пред 5 години

kargo

Нема да се гради карго аеродромот во Штип

Карго аеродромот во Штип нема да се гради, а парите ќе се пренаменат за изградба на водоводи, градинки и училишта. И ТАВ е согласен со владата дека проектот за карго аеродром е финансиски неодржлив и дека е подобро, нешто помалку од 50 милиони евра да бидат потрошени за јавни добра.Најверојтно  овие пари ќе се употребат за изградба на канализации, водоводи во руралните средини, школи, како и 2 општински згради.

Македонија | пред 5 години

Alper-Ersoj

Генералниот директор на ТАВ, Алпер Ерсој заминува од Македонија

Генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој заминува од Македонија. Турската компанија ќе го распореди во друга држава каде оперира.Според информациите на Независен, Ерсој ќе замине на нова функција во Грузија. Неговото заминување беше познато од поодамна, но поради корона кризата беше одложувана реализацијата на оваа одлука на компанијата.Неофицијално, на местото на Ерсој, ќе биде назначен Метин Батак, заменик-генерален директор за финансии и административни работи на ТАВ Македонија. 

Македонија | пред 5 години

21092020_PVRSM_sredba_AUamb-3

Амбасадор Вуцас: Честитки за новата Влада и потврда на поддршката од Австрија во евроинтеграцискиот процес

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава.На состанокот се изразени честитки за изборот на новата Влада и e потврдена поддршката од Австрија за европските интеграции на нашата држава.Премиерот Заев упати порака до австрискиот канцелар Курц дека и новоизбраната Влада во земјава е целосно посветена на европскиот пат.На средбата е изразена согласност дека владеењето на правото е една од клучните области за Република Северна Македонија и за интеграциите и притоа е констатирано дека Австрија може да помогне во унапредувањата во оваа област.„Големи можности се сега пред нас, откако воспоставивме добрососедски односи со сите соседи и со тоа создадовме можности за бенефити за нашите граѓани на домашен план. Тоа се економските можности од значење и за граѓаните и за државата. Владата, со развојот на економијата, е цврсто определена да работи и на владеењето на правото и е подготвена да соработува и со Австрија и со европските институции со цел усогласување на праксите и легислативата“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, зборуваше и за насоченоста на Владата кон развој на образованието и на здравствениот систем и се заблагодари за солидарноста од Австрија и државите на ЕУ за време на здравствената криза.На состанокот е констатирано дека економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија е одлична и дека има можности за интензивирање на билатералните односи во следниот период, во областа на инвестициите, здравството, енергетиката, трговијата, културата, земјоделството.

Македонија | пред 5 години

rodilka

Семејството на починатите родилка и бебе: Ни кажаа дека се е во ред !

Семејството на 40 годишната Кадрие Јашар од Скопје, која почина од искрварување тврди дека родилката немала никакви проблеми во бременоста, ниту пак крварење до моментот кога дошла на Клиниката за гинекологија заради породилни болки, објави  новатв.мк.Тие бараат објаснување зошто,како што велат, гинекологот кој ја примил и и направил Це-Те –Ге и рекол да си оди дома и да се врати за два часа бидејќи за породување било се уште рано.„Бевме тројца со неа. Си тргнавме откога и рекол гинекологот да си оди и да се врати за два часа бидејќи била отворена само два прста. Таа немаше никакви проблеми, а на Гинекологија отидовме затоа што почнаа породилните болки. Кога стигнавме пред влезот во Шуто Оризари, таа почна обилно да крвари и ние веднаш се вративме назад.Ја хоспитализираа, тоа беше попладнето, околу 16 и 30 часот најдоцна. Во 20 и 30 вечерта ни се јавија да дојдеме бидејќи, како што ни рекоа е, е во критична состојба“, изјави за НОВА, нејзиниот внук од брат Фејзула Јашаров.На ГАК потврдија дека на родилката и бил направен царски рез, а после тоа поради обилно крварење уште една интервенција кога била извадена матката. Бебето било живо при првиот преглед и направеното Це-Те-Ге, а кога се вратила било мртво. Но, спротивно на тврдењето на семејството, на ГАК велат дека гинкологот и рекол да поседи надвор и да се врати за час и половина.Семејството е во шок. Заминала на породување, а ја вратиле почината.Текстот во целост на  новатв.мк

Македонија | пред 5 години

Potpisuvanje-dogovor-izrabotka-GUP-2020-1

Потпишан договорот за новиот ГУП на Скопје

Со потпишувањето на денешниот договор помеѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање и официјално почнува  процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје. Бидејќи станува збор за еден сложен и сеопфатен процес новиот ГУП на Град Скопје 2022-2032 ќе биде изработен со финансиска поддршка на Министерството за транспорт и врски, а во неговата изработка директно ќе се вклучи Агенцијата за просторно планирање со поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, академската заедница, невладиниот сектор, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа. Генералниот урбанистички план на Град Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на период од една декада. Како таков се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот – изјави Шилегов. Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Претходниот ГУП на Град Скопје беше  усвоен 2012 година и оттогаш  до денес извршени се многу парцијални измени во просторот, што главно се однесуваа на измени на програмите и локациите за одредени содржини.Како градоначалник лично се залагам за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување на одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард – рече Шилегов.Тој додаде дека во неговата  визија Скопје го гледа како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедување  чиста и здрава животна средина.Верувам дека Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел од градот.Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци кои стојат во актуелниот и во претходните ГУП-ови. Минатата година кога со министерството ја договаравме оваа соработка за пример ја земав планираната јужна обиколница на градот која според моето слободно уверување е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзината изградба е потребно уништување на добар дел од Водно. Сосема на крајот ќе подвлечам дека до 2022 година истекува важноста на постојниот ГУП. Сметам дека процесот на изработка на новиот ГУП ги вклучува сите засегнати страни на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Оттука убеден сум дека ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедиме и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на нашите сограѓани - нагласи Шилегов.Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,  министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на  Агенцијата за просторно планирање, Огнен Апостолски.

Скопје | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.Согласно одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека  на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Новата цена на дизелот е 49,50 ден/лит, а на на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,311 ден/кг.

Македонија | пред 5 години

naum-5

Стоилковски: Ќе има ли одговорност за фабриката за крими легализација?

Злосторничкото здружение на СДСМ Фабрика за крими - легализација мора да биде предмет на обвинителска истрага. Нов објект - дивоградба, легализирана на брза лента, врз основа на лажни изјави и издадени документи, за да се добие цела една лиценцирана фабрика за марихуана на колега – експратеник  на Зоран Заев, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Оној со чиј што потпис е легализирана новата дивоградба, градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков јавно признава дека за да се легализира новата дивоградба среде земјоделско земјиште, бил променет урбанистичкиот, планскиот опфат на општината. А, сето тоа врз основа на, според сателитските фотографии, изработен геодетски елаборат со лажни податоци, изработен од друг висок партиски функционер на СДСМ!Значи целиот градежен урбанистички опсег се менува, се изработуваат документи, за да се излезе во пресрет на нарко - бизнисот на СДСМ.За криминалната легализација, во кој што главната нишка е градоначалникот Зимбаков, Советот на Босилово, водено од Ѓорги Аризанов - висок партиски кадар на СДСМ во Босилово, го проширува урбанистичкиот план на Босилово, за да ја легализира новата градба на друг висок кадар на СДСМ - Драган Ѓоргиев. Дали ова не е злосторничко здружување со јасна цел?Според сателитските фотографии, градбата е почната во март/април 2018 година, направен е пат и чистење на градежниот терен. И за тоа, немало ниту дозвола, ниту решение за градба. Зошто инаку би се ваделе документи со лажни податоци за легализација?Со тоа, со бесправната градба и понатамошната легализација, прекршени се Законот за земјоделско земјиште и изградба на него објекти кои што не се опфатени со тој закон.Со дивоградбата и криминалната легализација прескокнати се министерства кои требало да дадат согласност за негова изградба, а тоа пред се се министерството за земјоделство, потоа министерството за животна средина, па министерството за финансии, за на крај да мора да има и одлука на Влада за градење во земјоделско земјиште за да може да има некаква легална фабрика на поранешниот колега на Зоран Заев. А, сето тоа би траело најмалку една година.Целта е јасна, се брзало да се стигне на време за екс пратеникот Драган Ѓоргиев да ја добие лиценцата за марихуана од неговиот колега Зоран Заев. Е па била ли ветена лиценца и дадено ли било зелено светло од Зоран Заев за ваква крими - легализација, за потоа лично Заев на својот колега од парламентот да му издаде лиценца за вносен бизнис?Мафијата на власт посакува овој случај да се забошоти, и да исчезне од фокусот на вниманието. Но со фингирани спектакли нема борба со корупција, ниту право, ниту правда во Македонија. Четврта година е полна со скандали, криминал и корупција, и нема реална вистинска борба со високата корупција со било кој член на актуелната власт. Доколку не започне истрага за скандалот мафија за крими-легализација, ЈО ќе се претвори во параван на мафијата!Или мафија или Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Со „опел корса“ пренесувал мигранти, возачот приведен

На 21.09.2020 околу 02.00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица-мигранти и го напушта местото. Возилото било сопрено во с.Воиновиќ, кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес. Мигрантите се предададени во Транзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

migranti

Кај Велес во камион пронајдени 30 лица-мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија

На 20.09.2020 во 12.00 часот на наплатна станица „Отовица” во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил местото на настанот. Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го лишиле од слобода С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 лица-мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија. За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг. С.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На Деве Баир приведен албански државјанин - сакал да премине со фалсификуван пасош

На 20.09.2020 во 18.50 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.П.(51) од Р.Албанија бидејќи при увид и контрола во албанска патна исправа било констатирано дека некои од оригиналните страници биле отстранети, а на нивно место биле вметнати други фалсификувани страни. За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

25 мерки за економски спас предложи Сојузот на стопански комори

Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои и имплементира во соодветна временска рамка.Од Сојузот велат дека економските мерки се базирани на реалните потреби на стопанството. Нагласуваат дека стопанството се соочува со голем број предизвици од кои најголем е нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди итна финансиска помош може да доведе до затворање на правните субјекти.Сојузот апелира за конкретна поддршка која ќе пристигне директно кај претпријатијата. Претседателот на ССК, Данела Арсовска истакна дека предлог мерките се скромни со оглед на состојбите во економијата и се засновани на широк процес на консултации во приватниот сектор.„Приоритетна мерка треба да биде директна таргетирана финансиска поддршка преку доделување на грантови за помош за најпогодените сектори, за да се ублажат негативните ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата, бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање.Неопходно е да се креираат прецизни протоколи за работа за сите дејности од Националната класификација на дејности, со цел да им се овозможи на сите право подеднакво да функционираат во контролирани услови по квалитетно утврдени правила. Исто така, од голема важност е да се предвиди можност за одложување или репрограмирање на постоечките кредити за оние претпријатија кои се борат со одржување на ликвидноста за да се превенира пропаѓање или одземање на имотите од страна на банките“, изјави Арсовска.Сојузот на стопански комори на Македонија смета дека од голема важност е да се обезбеди олеснет пристап до бескаматни кредити за покривање на варијабилните трошоци, како што се оние за тековните оперативни потреби. Апелира на потранспарентно промовирање на кредитните линии кои се достапни, да се овозможи сите на кои им се потребни да имаат можност за пристап до овие средства, како и обезбедување на национална гарантна шема за поддршка на претпријатијата при кредитирањето.Меѓу останатите мерки кои се бараат е и директно и неселективно продолжување на мерката месечна финансиска помош од 14.500 денари до март 2021 година. Сојузот апелира и за одложување на сите даночни долгови за 2020 година и истите да се плаќаат на рати, без камата. Потребно е и итно справување со сивата економија со соодветни достапни механизми кои може да се имплементираат веднаш.Дополнително Сојузот достави посебни финансиски мерки за секторите угостителство, туризам и транспорт. Велат дека важно е да не се дозволи претпријатијата од секторот транспорт да пропаднат во време на криза, затоа што основните транспортни услуги нема да бидат лесно достапни кога ќе започне периодот на економското закрепнување.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

pravda-za-sazdo

Третообвинетиот за убиството на Никола Саздовски- Саздо е екстрадиран од Германија

Јетон Јужа, третообвинетиот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо член на навивачката група „Комити“, е екстрадиран од Германија. Јужа избега во Германија, а МВР веднаш го лоцираше, по што ги извести тамошните власти дека тој се наоѓа во Хамбург, а тие постапија по меѓународната потерница која беше распишана. Судската постапка што се водеше против Јужа за убиството на Саздовски беше прекината, а Обвинителството најави нејзино продолжување по неговата екстрадиција во Македонија. Јужа беше баран со потерница поради сторено убиство на свиреп начин.„Против третото осомничено лице, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, согласно член 300 од Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба со која ја прекина истражната постапка. Имено, со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи“, објави Обвинителството пред две години, при поднесување на обвинението.Саздовски беше убиен на 29 јуни 2018 година на автобуска постојка во Автокоманда. Две лица, Бесир Беља и Скендер Демири, во април минатата година беа осудени на по 19 години затвор.

Македонија | пред 5 години

alchajmer-2

Светски ден посветен на Алцхајмерова болест – Имаме прецизна и рана дијагноза за деменциите, клучна во третманот на болеста

По повод одбележувањето на 21 септември – Светски ден посветен на Алцхајмеровата болест, информираме дека во изминатите три години во нашата земја е постигнат значителен напредок во дијагностицирањето на деменциите.​ ​За таа цел, дизајниран е посебен протокол, кој опфаќа проширени невропсихолошки тестови, лабораториски анализи за исклучување реверзибилни деменции, imaging-методи и најважно, одредување биомаркери за Алцхајмеровата болест.​Протоколот е дизајниран со тимска работа и мултипрофесионална експертиза од повеќе релевантни институции, меѓу кои: Универзитетската клиника за неврологија, Клиниката за психијатрија, генетската лабораторија при МАНУ, како и Институтот за нуклеарна медицина каде со помош на методата мозочен SPECT се диференцираат типичните и атипичните форми на Алцхајмерова болест и Фронто-темпорална деменција, а од овој месец и Институтот за имунологија и хумана генетика каде се одредуваат биомаркерите за Алцхајмерова болест во цереброспинален ликвор.​ ​Со оваа дијагностичка метода се овозможува прецизна и рана дијагноза на Алцхајмеровата болест, која е неопходна за точна дијагноза кај сите лица кај кои постои сомнеж за ран почеток, на возраст под 65 години.​Токму точната и навремена дијагноза на Алцхајмеровата болест е неопходна во раниот стадиум на болеста, со цел почнување со соодветен третман и донесување одлуки за натамошна грижа.​ ​Во Република Северна Македонија, во моментов живеат околу 20.000 лица со Алцхајмерова деменција, а вкупниот број лица со деменции од сите типови достигнува и до 40.000.​Во светот има околу 50 милиони лица со оваа болест, а до 2050 година се очекува овој број да се зголеми тројно и да достигне до 152 милиони.​Алцхајмеровата болест се нарекува и епидемија на 21 век, имајќи предвид дека е најчестиот вид деменција.​ ​За таа цел, во континуитет работиме на кревање на свесноста за оваа болест, со цел поставување дијагноза во ран стадиум, како и овозможување социјална поддршка и реинтеграција на болните и нивните семејства во општеството.

Македонија | пред 5 години

120040587_370230153989718_4607253638571129723_n

Изминатава недела санкционирани 278 непрописни паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 278 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 14.09. до 20.09.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 112 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 166 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.    

Скопје | пред 5 години

rozdestvo-bogorodica

Денеска се празнува Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат празникот како Мала Богородица.Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така, таа по татко беше од царски, а по мајка од архијерејски род и со тоа го предобразувашеОној Кој од неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник.Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак.И семоќниот Бог Кој гледа сè ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна.Бог им даде само една ќерка, која подоцна им роди само еден внук – но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата – тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана.Родена во Назарет, а по три години одведена во храмот јерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот Архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од нејзиното пречисто и девствено тело.Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања