Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

22092020_ME_Press_1

Бектеши: Со економските политики за развој на иновативноста, инвестиции во технолошкиот развој и подобрување за условите за водење бизнис ќе ја постигнеме посакуваната трансформација на економијата

„Во наредните четири години како Министер за економија ќе продолжам да водам  економска политика чија цел ќе биде развој на иновативноста и инвестиции во технолошкиот развој како шанса за посакуваната трансформација во економијата. Таквата економија создава поголема додадена вредност, ги развива човечките ресурси и обезбедува поголема продуктивност и повисоки плати.  Во овој мандат, својот личен фокус особено ќе го ставам на економијата, владеењето на правото и реформата на институциите“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференцијата за мандатното писмо врачено од претседателот на Владата, Зоран Заев.Како што потенцираше министерот прво и најприоритетно е во наредните четири години преку мерките и програмите во рамки на Министерството за економија да се создадат услови за отворање на нови работни места што ќе значи намалување на невработеноста.„Целта е невработеноста да се намалува по 3% годишно, како што правевме и во изминатите три години.  Во изминатите две години преку Планот за економски раст беа поддржани 268 компании кои имаа вкупни инвестиции од 420 милиони евра. Планот за економски раст покажа дека компаниите инвестираат и вработуваат, а во наредните четири години ќе продолжиме во оваа насока  преку дополнување и проширување на опфатот на компании и проекти“, кажа Бектеши.Министерот информираше дека е започната постапката за законски измени со кои се овозможува основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. А веќе се работи  на создавање на регистар на парафискални давачки со кој целиме преку реформи во институциите ќе се намалат парафискалните давачки до 75 % и нивно нивелирање во согласност со големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори.„Во наредниот период заедно со Министерството за финансии ќе работиме на значително намалување на ограничувањата за основање на инвестициски фондови преку посебен Закон за бизнис-ангели и измени на Законот за  инвестициски фондови. Веќе сме во завршна фаза во процесот на анализа и препораки за натамошно зајакнување на Фондот за иновации и технолошки развој, негова трансформација за да има резултати на долг рок. Со тоа ќе овозможиме влез на странски инвестициски фондови како стратешки партнери на Фондот во поддршка на економскиот раст, базиран на иновации и воведување нови технологии. Во таа насока ќе продолжиме да инвестираме во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година“, кажа Бектеши и информираше дека меѓу приоритетите на Министерството за економија за поттикнување на иновативноста во земјата е и  формирање на „Старт-ап село“ кое ќе нуди можност за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци.Министерот кажа дека во изминатиот мандат Министерството за економија и Владата направија клучни реформи во енергетскиот сектор и дека во новиот четиригодишен мандат ќе продолжи трансформацијата на енергетскиот сектор со уште позасилено темпо„Нашата цел е во наредните четири години да го спроведеме амбициозниот план до 2024 година над 50 % од вкупната инсталирана електрична моќност во нашата држава да биде од обновливи извори на енергија. Наш приоритет ќе биде модернизација и трансформација на ТЕЦ Неготино, во постројка која ќе користи природен гас и ќе обезбеди можности за зголемено земјоделско производство. Нашата цел е во наредните четири години да продолжиме во оваа насока со зголемување на капацитетот за дополнителни 400 МW фотоволтаични електрани во домашниот електроенергетски систем, со што ќе се произведе чиста електрична енергија на ниво од околу 560 GWh, како и инсталирање на ветерни електрани со моќност од дополнителни 160 MW“, кажа Бектеши.Министерот на крај потенцираше дека и во овој четиригодишен мандат ќе продолжи да работи професионално и транспарентно и отчетно во реализирање на зададените цели и задачи.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев склучува договор со „СВ Инвест“ вреден милион евра, ете зошто граѓаните плаќаат поскапа струја

Заев и Костадинов додека лажат за економската слика во Македонија, тие се богатат на грбот на граѓаните.  Над 40.000 граѓани останаа без работа, но Заев потпиша договор со „СВ Инвест“  вреден скоро милион евра.   СДСМ не одговори за тендерот од 6.2 милиони евра за ископување на јаглен од РЕК Битола кој го доби нивен финансиер Силјан Мицевски. Но затоа се дрзна и Заев преку „СВ Инвест“ да зема пари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на ФБ статусот на Зоран Заев и прес конференцијата на Костадин Костадинов.Очигледно дека РЕК Битола претставува златна кокошка на мафијата предводена и диригирана од Зоран Заев.Компанијата „СВ Инвест“ се поврзува со името на Вице Заев, брат на Зоран Заев, тој добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК Битола, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите.Македонските граѓани додека го тераат денот со 50 денари дневно, фамилијата Заев се полни со милиони евра.Македонската економија стагнира, но богатењето на Заев и СДСМ продолжува.Поради СДСМ Македонија има историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза.Еднократната помош и задолжувањето од страна на Владата на СДСМ не се решение, затоа што тие не генерираат раст на економијата.И додека се оди во надолен тренд сметките за струја единствено растат.Додека граѓаните гладуваат, Костадинов и неговиот шеф Заев се богатат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Во среда протест против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во продолжение на својата објава додава:-Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев-Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата-Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види-Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија-Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат-Кога судството го штити криминалот-Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово-Кога обвинителството не сака да го види криминалот во ЕуростандардОдговорот на сето ова е протест.  ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против  неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

Македонија | пред 5 години

lisa

ФБ статус за најавата субвенции за приватни фирми кои ќе вработуваат албанци -престанете да не омаловазувате и приказувате како помалку квалитетен кадар од другите!

ФБ статус:Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ке вработуваат албанци (цитај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазицност во приватни фирми зошто дел од албанците не знаеле македонски!Значи дечки, да се разбереме!Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со македонци и со германци и други, и тука и во странство!Не сме нисто помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.Тоа што вие како партија мозете да направите е барем мало делче на кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите албанци, без разлика на тоа има или нема вложено труд за партијата (или поседува или не партиска книска).Второ, ретко кој дипломиран албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државава може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.Двојазицност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми сто работат тука.Во приватниот сектор веќе постои двојазицност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комсија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.Конечно, престанете да не омаловазувате и приказувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на македонците.Фалеминдерит схумë, пријатно! https://www.facebook.com/lisa.bauta.shaqiri/posts/10158477565698536  

Коментари | пред 5 години

stop-policija

Посебен режим на сообраќај во Скопје за 23 и 24.09

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 23 и 24. 09. 2020  (среда и четврток) ќе се одржи меѓународна спортска манифестација –„ФИС ролер ски куп Скопје“ во организација на град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Северна Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии “ од Скопје и „Мунте“ - Карпош. За таа цел Одделението за безбедност  на патниот сообраќај при МВР во периодот од  08.45 до 10.45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим  со траса на движење од ул.„Тодор Александров“ пред ОУ „Кочо Рацин“, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму се до паркингот кај манастиротСв. Пантелејмон- с. Горно Нерези во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.  

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за нанесени телесни повреди при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено продолжено кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и вo врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 40-годишник од Тетово со престојувалиште во Скопје, во временскиот период од 30 август до 1 септември, во два наврата, со умисла презел временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело.На 30 август, во семејниот дом во Скопје при вршење семејно насилство, со умисла ја повредил поранешната сопруга, така што со тупаници повеќе пати ја удрил во пределот на главата и во десната подлактица.На 1 август, во парк во близина на основно училиште во Аеродром, тој повторно со умисла телесно ја повредил оштетената, која со нивните заеднички малолетни деца била излезена на прошетка. Обвинетиот со такси возило ја чекал пред влезот на училиштето, по што тргнал кон неа и неколку пати со тупаници повторно ја удрил во главата и во десната подлактица.Од двата напади кај оштетената билe нанесени телесни повреди во вид на набиеници, подливи и акутна реакција на стрес.Со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на кривичната постапка, како и заштита од повторување на насилното однесување кон оштетената, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​

Македонија | пред 5 години

Ivica-Konevski-1

Има ли Мијалков желба да го земе местото на Мицкоски, одговори Коневски

Вонреден партиски конгрес е извесно дека ќе се случи, а идниот месец ќе се знае и точниот датум, категорични се дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Иницијативниот одбор за свикување конгрес.Во интервју за „360 степени“ поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, вели дека актуелниот лидер Христијан Мицкоски не ги реализирал трите нешта поради кои делегатите го избрале во 2017 година – да ја обедини партијата, да ги подобри коалициските капацитети и да ги обнови односите со меѓународната заедница и дека и на трите полиња состојбата е полоша од било кога.Христијан Мицкоски одбива да се соочи до делегатите кои го избраа на нов вонреден конгрес, бидејќи ќе го чека редовниот конгрес следната година за да може да избере свои делегати, рече поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски во интервјуто.Целото интервју можете да го погледнете на порталот на “360 степени“.

Македонија | пред 5 години

janusev-1

Зошто Игор Јанушев си замина од генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ?

Досегашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев си поднел оставка на таа функција од лични, односно од приватни причини, изјави доцна синоќа, на прес конференцијата пред партиското седиште, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Веќе подолго време односите меѓу Јанушев и Мицкоски не беа на завидно ниво. Есента минатата година на седница на ЦК на партијата Јанушев беше избран да биде Претседател на Републичкиот Изборен Штаб на ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа, пролетта оваа година без одлука на партиските тела Мицкоски го смени Јанушев од Претседател на РИШ и на таа функција се именува самиот себе. Односно освен шпицен кандидат за премиер на овие избори Мицкоски беше и шеф на РИШ на сопствен предлог и без одлука на ЦК на партијата за разрешување на Јанушев, објави vocentar.com.Така што сценариото да биде сменет генералниот секретар и тој да биде жртвено јагне и виновник за поразот на изборите на 15 јули не може да биде реализирано поради две причини. Прво, Мицкоски не прифаќа дека ги има изгубено изборите на 15 јули. И второ, Јанушев не беше шеф на РИШ, туку тоа беше Мицкоски. Што ќе рече дека Мицкоски Претседателот на партијата може да го предложи Мицкоски шефот на РИШ како жртвено јагне за губењето на изборите, но не и Јанушев.Постојат многу шпекулации за заминувањето на Јанушев. Веќе долго време има лоши односи со луѓе во партијата. Од таму протекоа оние фотографии дека Јанушев се подновил со скап автомобил лексус. Текстот во целост на:  vocentar.com.   

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

Загина моорциклист на регионалниот пат Прилеп-Битола

На 21.09.2020 во 17.25 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Македонија | пред 5 години

kasami-2

Kасами бара двојазичност и во приватните фирми

Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани, нагласи лидерот на Беса, Биљал Касами, во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.Тој посочи и дека Беса нема да прифати каков било кандидат предложен од ДУИ за премиер Албанец во последните 100 дена од Владата, откривајќи дека разговарал со премиерот Зоран Заев на таа тема. Касами очекува собраниското мнозинство во иднина да се зголеми и владата да го реализира четиригодишниот мандат.– Парламентарното мнозинство во иднина ќе се зголеми со други пратеници во Собранието и за првпат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четиригодишен мандат – истакна Касами. 

Македонија | пред 5 години

Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

„Врба“ во трката за европски Оскар

Европската филмска академија (ЕФА) денеска ја објави одлуката да го вклучи „Врба“ на Милчо Манчевски во селекцијата за најдобар филм на 33. Европски филмски награди.За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како европски Оскар, ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по пет номинации во пет категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио.Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во Севилја, Шпанија.Годинава доделувањето наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд на 12 декември. Во селекцијата на ЕФА годинава се 38 филмови.Ова е втор пат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки“.„Врба“ е добитник на наградите „Хосе Оливеира“ на Фантаспорто во Порто, за најдобар филм на Велингтон, Нов Зеланд, се прикажа и на фестивалите во Талин, Тајпеј, Пекинг, Истанбул, Сараево, ФЕСТ во Белград, Синеквест во Сан Хосе, Клуж-Напока, Бенгалуру во Индија… „Врба“ неделава ќе го отвори фестивалот во Софија, а ќе го затвори фестивалот во Тирана. Номиниран е и за најдобар меѓународен филм и за најдобар режисер на Рејнденс во Лондон.„Врба“ ги раскажува приказните на три мајки во средновековна и современа Македонија. Играат Сара Климоска, Наталија Теодосиевска и Камка Тоциновски, директор на фотографија е Тамаш Добош, монтажата е на Николас Гастер, продукцискиот дизајн е на Дејвид Манс, а музиката е од Кирил Џајковски.Филмот е македонско-унгарско-белгиската копродукција со учество на Албанија, а продуциран е од Јане Ќортошев и легендарниот британски продуцент Ник Пауел.

Магазин | пред 5 години

konstitutivna-sednica

Собранието ги изгласа измените на законите за основно и за средно образование

Пратениците на вчерашната седница со 61 пратеник „за“, ниту еден „против“ и 28 „воздржани“, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и со 61 глас „за“, еден „против“ и 25 „воздржани“ го донесе Закоконот за основно и средно образование.Со законските измени, за прв пат во државата, се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно- образовен процес и тоа во услови кога има утврдена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави, или други големи природни непогоди. Со законските измени се прават исклучоци во однос на започнувањето  и завршувањето на учебната година за време на вонредни околности така што, учебната година може да започне и заврши и во време различно од времето кога вообичаено започнува учебната година, за што ќе одлучува Владата.Во вонредни услови, со овие законски измени, наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите организирањето на наставата со физичко присуство на учениците  ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта, донесени од Владата.Измените на двата закона предвидуваат и наставниот час да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство. Со законските измени е предвидено и можност за кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100.

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

311 санкционирани возачи во Скопје: 130 за пречекорена брзина, 49 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 311 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и  нерегистрирани возила 17, 49 санкционирани мотоциклисти и едно привремено одземено возило, 73 мерки за непрописно паркирани возила и 78 возила подигнати со пајак (вкупно 151), а изречени се и 15 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ја урива економијата, нема викенд без ДДВ, но има поткуп со картички

СДСМ ги доведе граѓаните до просјачки стап. СДСМ и нивната неспособна влада предводена од Зоран Заев над 40.000 граѓани остави на улица. Зоран Заев и неговата влада доведоа над 500.000 луѓе да живеат на работ на егзистенција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Владата безмилосно и душмански ги задолжува граѓаните и наместо парите да одат за помош на невработените и бизнисот тие се наменети за картички кои се дел од заложбата на Заев за купи ден помини политика.Нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а впрочем нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на ден.Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата.Денес поради СДСМ имаме историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Иако се потрошија 1 милијарда евра раст нема, нема ниту ефект за амортизација, напротив тоне државата.И додека се оди во надолен тренд сметките за струја растат.Додека народот осиромашува, мафијата на власт се богати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто, со политиките и мерките на СДСМ продолжува трендот на раст на платите

Политиките на СДСМ во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ и во време на пандемија доведоа до раст на просечната плата во Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари.Просечната плата во држвата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година.Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари.Заложбите на СДСМ за иновативна, конкурентна економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, како и помош и поддршка за зачувување на работните места, и за фирмите и граѓаните погодените со кризата го поттикнуваат трендот на раст на платите.СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат до 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Foto-2

Порака од претседателот Пендаровски по повод 75-годишнината од основањето на Обединетите нации

Претседателот Стево Пендаровски преку видео-порака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите Нации, се одржа вчеравечер во Њујорк на тема „Иднината што ја сакаме, Обединетите Нации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот“.Настанот, во рамки на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, се одржа со емитување на пораките на претставници од над 180 држави и организации во салата на Генералното Собрание на Обединетите нации, во присуство на Генералниот секретар Антонио Гутереш и претставници од земјите-членки. Поради пандемијата на КОВИД-19, годинешната сесија се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.-Во изминатите 75 години, Обединетите нации постигнаа многу. Како камен темелник на меѓународното право и мултилатералниот систем, организацијата ги обврзува своите членки да ги надминуваат споровите на мирен начин и да соработуваат за одржување на мирот и безбедноста. Обединетите нации превенираа бројни конфликти и ги ублажија последиците од многу хуманитарни кризи. Им помогнаа на многу народи преку самоопределување да го изодат патот до независност. Во изминатите децении милиони луѓе беа извлечени од екстремна сиромаштија и заштитени од насилство. Преку Универзалната декларација, меѓународните пактови и конвенции, Обединетите нации го поттикнаа глобалното движење за права и слободи, за социјална правда и еднаквост. Ја зајакнаа отпорноста кон катастрофи и го мобилизираа светот во борбата со климатските промени, iистакна во дел од своето обраќање претседателот Пендаровски. То додаде:Формирањето на Обединетите нации е еден од најважните глобални проекти и постигнувања на човештвото. Но, нашата организација може да биде ефикасна онолку колку што државите-членки ќе и дозволат. Поради бројните препреки во нејзиното работење, во светот сеуште има тензии и конфликти, милиони бегалци и мигранти, неконтролирана експлоатација на природата и повреди на човековото достоинство. Кон старите се придодадоа и нови акутни проблеми како што се глобалниот тероризам, транснационалниот организиран криминал и дигиталната поделба.Од својата независност до денес, Република Северна Македонија сведочеше и за придобивките и за предизвиците на Обединетите нации. Од корисници на првата превентивна мисија – УНПРЕДЕП, самите станавме контрибутори на повеќе мировни мисии. Благодарение на Обединетите нации решивме комплексен спор кој ја забавуваше нашата интеграција во меѓународниот поредок. Ние ќе продолжиме во духот на мултилатерализмот да ги исполнуваме нашите меѓународни обврски и да ја поддржуваме работата на Обединетите нации и нејзините специјализирани агенции. Јасно е дека само ако вложуваме во светската организација ќе успееме да изградиме достоинствен свет, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот во земјава

Пред Основниот граѓански суд Скопје денеска треба да се одржи прво рочиште по тужбата против Боречката федерација по основ на „забрана на дискриминација врз основа на род и пол“.Според тужителите – полицискиот боречки клуб „Безбедност“ и полицискиот клуб за боречки спортови „7 Мај-Тигар“ од Скопје, Боречката федерација на Република Северна Македонија, во повеќе наврати и во подолг временски период флагрантно го крши Уставот на Републиката, Законот за заштита од дискриминација и Законот за еднакви можности на жените и мажите, бидејќи врши директна дискриминација врз основа на пол и род.– Жртва на дискриминаторските дејствија со кои нееднакво се постапува, се женските борачки. Женските членови на боречките клубови се дискриминирани на повеќе начини, првично нивните активности не се во целост регулирани со подзаконски акти на ниво на Федерацијата, во одредени категории не се формирани женски репрезентации, по завршување на натпреварите, на машките учесници им се доделуваат медаљи и сертификати, додека пак на женските учеснички само сертфикати, наведуваат тужителите.Од таа причина двата боречки клуба, преку Македонското здружение на млади правници поднесоа претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, која постапи по истата и донесе Општа Препорака бр. 0801-152/3 од ден 21.06.2019 година, со која што се потврди постоењето на дискриминаторските дејствија извршени од страна на Федерацијата.– Согласно, законските одредби од областа на заштите од дискриминација, жените и мажите треба да имаат еднакво учество во сите области на јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварување на сите пpава и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултати од произлезени од тој развој. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во конкретнито случај има основ за дискриминација во областа на родовите права, тврдат тужителите.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Благодарница за градоначалникот Георгиески во чест на одбележувањето на 60 годишниот јубилеј на Охридско лето

Во мое лично име и во името на Општина Охрид сакам да упатам јавна благодарност до НУ „Охридско лето“ за укажаното внимание и доделената благодарница во чест на одбележувањето на 60 годишниот јубилеј на фестивалот, нпиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додаде:„Охридско лето“ е нашата гордост, нашиот најскапоцен бренд и столб на современата културна традиција. Посакувам да бидеме сведоци на уште многу фестивалски изданија кои ќе донесат неповторливи настапи и врвни светски уметници. Се надевам дека фестивалот ќе продолжи да се развива и дека заедно ќе прославуваме уште многу значајни јубилеи.Честитам на целокупната организација на овогодинешното фестивалско издание, кое беше успешно реализирано и покрај светската пандемија од „КОВИД 19“.

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Шилегов му врати на Апасиев: Жал ми е што сте толку несреќен и исфурстиран

Шилегов, пијаницо една непрокопсана! Под итно да го вратиш споменикот на протераните деца-бегалци у Жена парк во првобитната состојба, напиша пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук, на што градоначалникот на Скопје му возврати:„Споменикот на Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија е подигнат во 1989 година и е авторско дело на познатата македонска архитектка Даница Павловска – Циги, а по повод одбележувањето на 40 годишнината од егзодусот на Македонците (и трагичната судбина на децата, разделени од своите родители), која во 1989 година се одржала во Скопје.Циги (како и јас) по потекло е од Егејска Македонија. (Или бар дел од нејзиното семејство).Некаде во 2012 година, еден неофашиста, тогашен пратеник, неовластено, на задниот дел од споменикот лепи плоча, со што го скрнави ова свето и оригинално дело на Даница Павловска.Од како сум градоначалник, Циги го доби највисокото градско признание. 13 Ноемвриската награда. За животно дело, меѓу кои е и ова, значајно обележје за дел од македонскиот народ.Еве сега, во 2020 година, еден друг неофашиста, кој како и првиот е моментално пратеник (а попатно и се обидува да биде фб фраер), ме прозива за враќање на диво поставената плоча. При тоа ме прозива како “пијандура непрокопсана”.Почитуван Аспасиев, Вашите зборови повеќе кажуваат за Вас отколку за мене. Нема да паднам на Вашето ниво на комуникација.Почитуван, за разлика од Вас, јас имав среќно детство и добро домашно воспитување.Жал ми е што сте толку несреќен и исфурстиран. Се надевам дека некогаш во Вашиот живот ќе ја пронајдете својата среќа. Искрено се надевам дека таа Ваша среќа нема да се обидете да ја пронајдете на сметка на несреќа на македонскиот народ. А за жал, натаму сте појдени.При тоа, треба да знаете, дека на крај, пак ќе останете несреќни. И Вие и луѓето околу Вас.Убеден сум дека тој пат нема да го следи и македонскиот народ. Затоа што мудар е нашиот народ и добро знае: од “циркузанти”, кои личат дека се атрактивни, патат сите балкански народи. Македонскиот (во својата историја), за жал, пател најмногу …Таа грешка, нема да дозволиме да се повтори. Ви ветувам.Искрено Ваш (прокопсан или непрокопсан), како милувате, така нека биде, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов“, напиша градоначалникот..

Македонија | пред 5 години

janusev0

Игор Јанушев се повлече, повеќе не е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Јанушев не е веќе генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски по денешната седница на Централниот комитет на партијата кажа дека Јанушев се повлекол од функцијата поради лични причини и во наредниот период ќе се изврши консултација со повеќе можни кандидати и во најбрз можен рок ќе се избере нов генерален секретар. 

Македонија | пред 5 години

Ljupco-Palevski

Палевски проговори: Мијалков ми се закани дека ќе ме стави во буре со киселина

Љупчо Палевски, претседател на партијата Трета,  кој беше нападнат пред својот дом, обвини дека премиерот Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков стојат зад нападот врз него.Тој изјави дека Мијалков дека му се заканувал оти ќе го стави во буре со киселина.-За ова имам и сведоци, подготвени на суд, на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина да не постојам – рече тој на Алфа.

Македонија | пред 5 години

bolnica-strumica

Спречен уште еден инцидент во струмичката болница откако починало деветмесечно бебе

Попладнево е спречен нов голем инцидент во болницата во Струмица. Настанот се случи во 16 часот откако на детското одделение починало дете од девет месеци од селото Банско.Еден од роднините бурно реагирал и ги обвинил лекарите, но полицијата спречила поголем инцидент, пренесува МИА.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Предложив вонреден конгрес, Централниот комитет одби

Вечерва на редовниот состанок членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбиле предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски за свикување на вонреден конгрес на кој тој не би се кандидирал.„На седницата на ЦК се дискутираше и за тоа дека денеска Зоран Заев не може да реши ниту еден проблем затоа што тој е изворот на сите проблеми во државата. Реалноста покажува дека самата Влада е на стаклени нозе. Од денеска коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е најбројната пратеничка група во Собранието. Отворено се дискутираше за моето управување со партијата, како ја затекнав и што сѐ е направено. Јас не бегам од моите принципи. Иако до денес немаме официјална иницијатива за вонреден конгрес, јас тоа го предложив и реков дека на тој конгрес нема да се кандидирам. Се повлеков по што членовите на ЦК ме информираа дека не се согласуваат со мојот предлог. Ова ми дава полн легитимитет за водење на партијата. Предложив нов состав на ИК – потпретседатели Александар Николовски и Владо Мисајловски, членови Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска-Кочовска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков, Антонио Милошевски, Вело Марковски, Дафина Стојановска, Олга Стојановска… Поради лични причини се повлече Игор Јанушев. Тој продолжува да придонесува и помага во партијата. Наскоро ќе избереме нов генерален секретар, претседателка на Унијата на жени и на ветераните. ВМРО-ДПМНЕ има едена единствена цел – победа над мафијата, неправдите и злотото над Зоран Заев. Ова е мафија која уценува, поткупува, тепа… Ова нема да биде лесна задача. Македонските граѓани имаат очекувања само од ВМРО–ДПМНЕ. И затоа секогаш ќе бидеме предмет на напад. Нашата задача е да се одбраниме од политичките хиени. Опозицијата во оваа држава е посилна од власта и власта треба да се плаши од правдата“, истакна Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1376607552685894

Македонија | пред 5 години

fafic

Стојанов: Не ги почитуваме мерките, можно е да се намали работното време на кафичите

Минатата недела, но и оваа, бројките покажуваат дека ковид-19 се шири, а тоа е причина да се вратат благи рестриктивни мерки, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје. Според евиденцијата, бројот на смртни случаи е загрижувачки висок, а не опаѓа ниту бројот на новозаразени пациенти, што зборува дека ширењето на вирусот не стивнува, објави publikum.mk.– Ситуацијата е сериозна. Ние сме далеку од спас од ковид-19 и тоа е така зашто не ги почитуваме мерките. Затоа, можно е да се воведат рестриктивни мерки од типот на намалување на работното време на локалите кои сега работат до 12 односно 1 часот по полноќ. Потоа, има шанси да има рестрикции во јавниот градски и меѓуградски превоз. Училиштата и градинките ќе си работат бидејќи таму се очекува да се почитуваат мерките и протоколите. Ние половина година константно имаме проблем, не сме имале досега ниту еден ден без ковид случај и ден без смртен случај – вели д-р Стојанов.

Македонија | пред 5 години

den-na-mirot

Одбележан меѓународниот ден на мирот

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци, денеска во Охрид беше одбележан 21. Септември, Меѓународниот ден на мирот.На пригодната свеченост, присуствуваше делегација на општина Охрид, составена од советниците Елеонора Куноска и Димитар Манчев, како и делегација на општинската организација на Сојузот на борци, претставници на други здруженија и граѓани.Поради почитување на протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“, годинава изостана одржувањето на традиционалниот „Марш на мирот“.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања