Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Zaev-1

Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но Бугарите го сметаат за бугарски

Премиерот Зоран Заев кажа дека Гоце Делчев е македонски револуционер, одговарајќи на новинарско прашање за негов став дали Делчев е Бугарин или Македонец, на утринската прес-конференција во Владата со евроамбасадорот Дејвид Гир. Сепак, кажа Заев, факт е дека и Бугарите го сметаат Делчев за свој револуционер.„Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер. Факт е дека ние имаме град, Делчево и во Бугарија има град што се нарекува по Гоце Делчев, имаме и споменици во Северна Македонија и во Бугарија. Заедно со премиерот Борисов се поклонивме пред споменикот во Благоевград, но и тука во Скопје, на гробот на Гоце Делчев“, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело.Истражувањето покажува дека од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за 3 проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за 2 проценти (односно за 154 луѓе).Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата (за 570 луѓе), а најголем пад во одбраната (168 помалку). Кај општините, пак, најголемо зголемување на вработените има во Бутел (за 122 луѓе), а најголемо намалување во Карпош (за 124 луѓе).Министерствата и Владата бележат зголемување на вработувањата по сите основи. Сепак, бројот на привремено вработени луѓе во министерствата и Владата скокнал дури за 337 проценти за последните три години, односно од 62 на 271.Кај општините, пак, има зголемување на редовните и привремените вработувања, но намалување на бројот на ангажирани луѓе на договор на дело за 31 процент, односно од 620 на 428 луѓе.Инаку, од министерствата, најмногу вработени и ангажирани, односно 12.263 луѓе има во МВР, а од општините најмногу луѓе – 747 работат во Град Скопје.Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница: http://www.ccc.org.mk/ и http://www.opendata.mk/.

Македонија | пред 5 години

mobilen-telefon

Не наседнувајте - Ве лажат дека ваш близок направил сообраќајка и ви бараат пари

Досега не е откриен ниеден од 69-те лажни повици пријавени во МВР, во кои повикувачот лаже дека ваш близок направил сообраќајка и ви бара пари „за да ја среди работата“, објави МКД.МК.„Вашата ќерка направи сообраќајка, прегази дете. Ние можеме да ѝ помогнеме, но ќе треба да платите 2.500 евра“. Ова се зборовите што периодов ги слушаат граѓаните од другата страна на слушалката од фиксниот телефон.Додека да сфатат дека се работи за телефонска измама, дел од нив веќе ја дале бараната сума и остануваат и без парите и без помошта што измамниците им ја нудат, а која воопшто и не им е потребна, бидејќи се работи за лажен телефонски повик.На ваквата измама наседнаа многу граѓани, а кај дел од нив овие измами останаа само во обид, односно навреме сфатија дека се измамени.Вкупната бројка на регистрирани вакви измами до сега за помалку од 9 месеци е 69. Дали се работи за едно лице или за организирана банда што на овој начин нелегално заработува пари, не се знае бидејќи до сега не е решена ниту една од пријавените измами.До сега од почетокот на годинава во МВР ваков тип на измами се регистрирани на подрачјето на три сектори, односно СВР Скопје, СВР Штип и СВР Велес.И покрај ваквите апели од полицијата и објавите во медиумите, граѓаните сè уште наседнуваат на лажните телефонски повици, а МВР сè уште ги бара оние што ги мамат, но и ги плашат и ги потресуваат граѓаните.Текстот во целост на: МКД.МК.

Македонија | пред 5 години

siromasni-2

ВМРО ДПМНЕ: Македонија тоне во сиромаштија, а мафијата предводена од Заев склучува милионски тендери

Без никаков срам СДСМ се фали дека води грижа за граѓаните, кога во време на пандемијата поради нивните лоши политики над 40.000 граѓани останаа без своите работни места. Криминалната влада на  СДСМ најави четврт сет на антикризни мерки, но тоа  е уште една нивна голема лага зошто ништо  од тоа не знаат и не умеат да реализираа. Но, тие не беа способни да ги реализираа и третиот сет на мерки кој ги најавија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Поради нивната неспособност економијата секојдневно се повеќе тоне. Досега Македонија има најголем историски пад на БДП од 12,7%. Иако СДСМ потрошија 1 милијарда евра, нема никаков раст, а државата се повеќе тоне. И додека тоне се Заев ја поскапува цената на струјата. За тоа доказ е и договорот со „СВ Инвест вреден милион евра.Компанијата „СВ Инвест“ се поврзува со името на Вице Заев, брат на Зоран Заев, тој добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК Битола, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите.Македонските граѓани додека го тераат денот со 50 денари дневно, фамилијата Заев се полни со милиони евра.Граѓаните до Македонија се повеќе тонат во сиромаштија, а мафијата предводена од Заев се повеќе богати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во сабота Бела ноќ во Скопје, работното време на локалите нема да биде продолжено

Скопје и скопјани по  16-ти пат, в сабота на 26. септември,  ќе можат да бидат дел од Бела ноќ- градски културен настан кој стана традиционален.Една недела порано од вообичаеното на  10 локации (паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам), посетителите ќе можат да ги погледнат перформансите, концертите, изложбите и другите културно-уметнички активности.Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.Годинава централниот настан „Скопските евергрини“ ќе се одржи  на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, каде што најпознатите скопските хитови ќе бидат изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.Влезниците за „Скопските евергрини“ пред СРЦ Борис Трајковски и концертот на платото пред МКЦ, се бесплатни и истите можат да се подигнат на билетарите на МКЦ и на Универзална сала.Со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата од коронавирусот, настаните од Белата ноќ в сабота ќе започнат од 19:00 часот и ќе траат до 24:00 часот, работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за минатите Бели ноќи, а граѓаните за локациите и програмата дополнително можат да се информираат и на официјалната веб-страница: https://www.belanok.com/programe.

Скопје | пред 5 години

tevdovski3

Драган Тевдовски си замина од Македонија и ќе работи во Вашингтон

Поранешниот министер за финансии ,Драган Тевдовски, деновиве си заминал од Македонија.Тевдовски отпатувал во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд, објави „Курир.мк“.Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Да не дозволиме да се преполнат болниците- системот не може без граѓаните, сите сме важни во овој процес

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција изјави дека иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува секако притисокот врз нашиот здравствениот систем.„Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, ние уште од почетокот на летото, го подготвуваме здравствениот систем. Ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Сите се важни во овој процес. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптеретени и изморени здравствени работници кои, заради големиот број на пациенти, нема да можат да дадат соодветната нега и грижа. Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа истовремено значи почит и за здравствените работници. Секој од нас мора да ја разбере сериозноста на она што ни претстои.  Мора да разбере дека непочитувањето на мерките ќе не одведе кон нови рестрикции кои секако никој од нас не ги посакува. Може да не одведе кон критична состојба во болниците, кон нова неизвесност на секое поле“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

325 санкционирани возачи во Скопје, од кои 128 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и  нерегистрирани возила 11, 9 санкционирани мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), а изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

ljube-boskovski-2

Љубе Бошкоски префрлен на инфeктивнa клиникa поради влoшeнa здpaвcтвeнa состојба

Екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на инфективна клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила јавува Инфомакс.Неговата состојба во овој момент е комплицирана, но подетални информации до овој момент нема.Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Извор: Инфомакс.мк

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Бачев: Голема галама за функционерските привилегии, за ова имате готов законски текст во Собранието од нашата партија уште од 2009 година

Слушам голема галама за функционерските привилегии, апанажата, патните трошоци, напиша на својот ФБ профил, претседателот на Единствена Македонија,Јанко Бачев.  Тој во објавата додава:За ова имате готов законски текст во Собранието од нашата партија уште од 2009 година. Бараме храбар пратеник да го стави на дневен ред!?https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/pcb.753095588601687/753095081935071/

Македонија | пред 5 години

IMG_8756

165 основни и само четири средни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Комисијата предлага согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта. А не исполнуваат услови 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев во писмо до цариградскиот патријарх: Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност и автокефална Македонска Православна Црква

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев испрати писмо до неговата светост, патријархот Вартоломеј, поглаварот на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да биде признаена како автокефална црква и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.„Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот“, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија Вартоломеј.Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Македонија | пред 5 години

studenski-dom

Студентските домови ќе работат со намален капацитет

На денешната владина седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести во врска со отворањето на студентските и средношколските ученички домови, според која тие треба да бидат отворени со почитување на протоколите за сместување со дополнување дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со повеќе од два кревета може да бидат сместени максимум две лица.Во оваа насока, по предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и предлог-закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.Со измените содржани во овие предлог-закони се уредува дека во услови на вонредни околности (утврдено постоење кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди) на студентите и на учениците што конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но поради намалениот број сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, а за чија висина одлучува Владата на Република Северна Македонија.Се оценува дека поради намалениот капацитет на користење сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.

Македонија | пред 5 години

ekoloska-akcija

(ФОТО) Уште една еколошка акција на "Еко-Фап", овој пат го светнаа каналот „Студенчишта“

Членовите на еколошката иницијатива "Еко-Фап" се вистински пример за искрена посветеност и несебичен ангажман за зачувување на животната средина, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.682491935689746/682491585689781/Градоначалникот во својата објава додаде:Им благодарам и им честитам за сите досегашни активности и акции за чистење кои се реализирани на повеќе локации во нашиот град.Општина Охрид ќе ја разгледа можноста за поддршка на ваквите граѓански иницијативи кои придонесуваат за подигнување на јавната еколошка свест.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Паниката по социјалните мрежи е лажна велат од „Водовод“ - нема бактерии во градската мрежа во Скопје

Лажна е веста која се прошири по соцоијалните мрежи дека во примерок од водоводот  на градскиот водовод во скопски Бутел се најдени три вида бактерии, велат од ЈП „Водовод и канализација“. Лабораторијата на „Водовод“, на своја иницијатива, направила своја анализа по објавата на социјалните мрежи од минатата недела во која стои анализа од лабораторијата „Авицена“ со откриените бактерии.Екипа од „Водовод“, пред три дена, го исконтактирала човекот кој ја нарачал анализата во „Авицена“ која се споделуваше на социјалните мрежи. Во негово присуство, екипата земала примерок од чешмата од која наводно и тој однел примерок на анализа.„ Примерокот беше земен од наш техничар во присуство на сопственикот, а во согласност со стандардите за земање примероци. Направена е бактериолошка анализа на примерокот при што е користена Quanty tray sealer plus за брза идентификација и користена е стандардна мембранска техника со засејување на селективни подлоги. При тоа, после поминатото време во контролирани услови, на подлогите не е развиена ниедна колонија што укажува дека водата е бактериолошки исправна. Во лабораториите на Секторот за санитарна контрола направена е и основна физичко – хемиска анализа при што е констатирана нормална состојба на параметрите како и во претходните мерења во таа област. На основа на добиените резултати може да се констатира дека испитуваниот примерок е хемиски и бактериолошки исправен во согласност со критериумите дадени во Правилникот за безбедност на вода“, велат од Секторот за односи со јавност во ЈП „Водовод и канализација“, за Макфакс.Одговори за случајот со откриените бактерии во водата во наредните денови најавија и од лабораторијата „Авицена“, во која, според објавите, е направена анализата.Текстот во целост на: Макфакс.

Скопје | пред 5 години

policija-1

Маж пронајден мртов во стан во Скопје

Во стан на улицата Виа Игнатија во Скопје, вчера бил пронајден починат 65-годишен маж, кој живеел сам.Лекар од Службаат за итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.

Скопје | пред 5 години

Screenshot_11-20-696x373

Мисајловски: Во државата никој не знае на кој начин учениците ќе следат настава

Никој во Македонија не знае на кој начин учениците ќе следат настава,  а мајки протестираат затоа што мора се вратат на работа, а нема кој да им ги чува децата, истакна потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната собраниска седница.Тој покрај тоа посочи дека иако денеска се зборува за новите заменици министри, но тие не се присутни на седницата на која треба да ги изберат, а Заев во својот говор не кажа ништо повеќе за нив.-Во говорот на Заев не слушнавме ништо за нив, ниту кои се нивните квалитети, начинот на работа кои се оние проекти кои што ќе ги  водат и за што ќе бидат задолжени. Јас знам дека оваа мафијашка Влада ќе размислува на освета, реваншизам, како да се загорчи работењето на опозицијата, истакнаМисајловски во своето обраќање зборуваше  за темата за економијата и за Ковид кои се многу важни како и за поскапувањето на струјата.-Дали знаете господине Заев дека вечер пред Влада ќе дојдат мајки кои ќе плачат бидејќи не знаат што да прават со своите дечиња, дали знаете дека тие жени сакаат да се вратат на работа, но не можат. Дали знаете дека тие жени не се криви, оваа ситуација е вонредна ситуација. Додека се одржуваа лидерски средби, знаете многу добро додека се носеше вонредна ситуација, се збореше за нови уредби за законот за марихуана. Но изгледа во овој период се пропушти шанса за овие луѓе. За десетина дена дечињата треба да започнат на училиште, но никој не знае како оваа земја дечињата на кој начин ќе следат настава. Јас ова го зборев и во изборна кампања. Јас имам две дечиња и не знам како тие ќе ја следат наставата, истакна пратеникот.Тој во врска со сето ова додаде дека овде има и друг проблем а тоа е дали приватните компании ќе ги отпуштат од работа оние родители кои имаат мали деца и тоа е тема која треба да се реши.Имено Мисајловски укажа и на темата дали Албанците ќе им се даваат субвенции, дали на другите етникуми треба да им се даваат субвенции, каде потенцираше дека според него оној што е квалитетен треба да добие работа и најдобрите нека се вработат, а не по етничка основа.

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Ебле од ММФ: Затворањето на „Еуростандард банка“ покажа дека НБРСМ е подготвена да преземе навремени активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем

НБРСМ е независна институција којашто има законски мандат да придонесува кон одржување на финансиската стабилност и да ги штити интересите на депонентите. Согласно со најдобрите меѓународни практики, обврските и овластувањата на НБРСМ вклучуваат одземање на дозволата на банка кога таа повеќе не ги исполнува условите за да ја задржи дозволата – што вклучува и непостапување по корективни мерки изречени од НБРСМ во претходно определен временски рок. Во случајот со „Еуростандард банка“, одлуката за одземање на дозволата била донесена откако НБРСМ утврдила дека капиталот на Банката паднал на многу ниско ниво што не ѝ дозволува да продолжи со своето работење – одлука донесена со цел да се заштитат интересите на депонентите и финансиската стабилност.Ова го истакнува регионалната резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, во интервју за „Капитал“. „Затворањето на „Еуростандард банка“ исто така јасно покажува дека, кога тоа е потребно, НБРСМ е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем, што е охрабрувачки.“ – оценува Ебле. Во интервјуто таа посочува дека и понатаму треба да продолжат реформите за дополнително зајакнување на сигурносната мрежа на финансискиот сектор. Би било корисно ако овие реформи опфатат зајакнување на постојната законска рамка за решавање на банки, преку проширување на пакетот на инструменти на Народната банка. Во однос на банкарскиот систем, Ебле истакнува дека последните податоци покажуваат дека системот е добро капитализиран и профитабилен. „Адекватноста на капиталот на системот, со состојба на крај од јуни 2020 година изнесуваше 17%, што е повеќе од двојно од минималните регулаторни барања согласно со глобално прифатените стандарди на Базел III. Нефункционалните кредити исто така продолжиле да се намалуваат и се на релативно ниско ниво од 4,5% од вкупните кредити.“ – посочува резидентната претставничка на ММФ. Притоа посочува и дека при намалување на економската активност предизвикано од пандемијата, супервизорот треба и понатаму да биде внимателен во врска со влошување на квалитетот на кредитите на ниво на системот во целина. Во интервјуто, Ебле оценува дека Владата и Народната банка имаа клучна улога во ублажувањето на економското и општествено влијание на пандемијата.„Благодарение на адекватното ниво на девизни резерви и на ограничените инфлаторни притисоци, НБРСМ имаше простор во креирање на своите политики, којшто таа ефективно го искористи за поддршка на економијата. Поконкретно, таа ја намали основната каматна стапка и го намали износот на благајничките записи, што помогна да се ограничи зголемувањето на трошоците за позајмување и креираше ликвидност во економијата. Како резултат на тоа, кредитниот раст и понатаму е солиден и изнесува над 8% на годишно ниво во јули. Активностите во врска со монетарната политика беа дополнети со мерки за поддршка на финансискиот сектор, вклучително и времени промени на регулативата за управување со кредитниот ризик, со што се овозможи банките да ги преструктуираат кредитите и со тоа да им овозможат времено олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците засегнати од пандемијата.Интервјуто е достапно на следната врска: https://kapital.mk/mmf-veli-ke-imame-ushte-podlaboka-retsesija-od-5-5-godinava/

Македонија | пред 5 години

03092020_MZ-Filipche_MTSP-Shahpaska_pres-konferencija_1

Филипче: Ги засилуваме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се на сила

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција на која информираше за состојбата со коронавирусот во нашата земја, но и во Европа, најава за следните чекори на Министерството за здравство и Владата, како и за есенскиот период кој е пред нас.„Дозволете да дадам генерален заклучок дека состојбата кај нас, како и секаде во Европа и во голем број земји во светот, се влошува како што се наближува есента. Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка и Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да воведат нов пакет на рестриктивни мерки во обид да го сопрат ширењето на коронавирусот. Британската влада дури размислува дури и за воведување на нов национален карантин, а Шкотска упати предупредување до своите граѓани за тешки, но неопходни рестрикции. Израел е веќе во карантин, затворени се школи, градинки, трговски центри. И Франција ги заострува мерките до таму што, меѓу другото, ќе бидат забранети дружење помеѓу домаќинствата. Ова е нешто што го најавуваме многу пати и ги посочувавме септември како месец кога може да се очекува почеток на есенскиот бран“, истакна министерот Филипче.Според анализите на Комисијата за заразни болести на кумулативната состојба со епидемијата во нашата земја, заклучно со 19 септември, од почетокот на епидемијата најголем број на случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, при што највисока инциденца на 100,000 жители има Штип.Според дистрибуција по возрасни групи, од вкупниот број на случаи и натаму најзастапена е групата над 60 години, но евидентно е дека избива групата помеѓу 30 и 39. Ова укажува на тоа дека вирусот е се поприсутен кај работоспособно население и популација која има активен социјален живот, со многу контакти.Во однос на процентот на позитивни од тестирани, после пикот на 27 јуни кога истиот изнесувал 22,3%, почнува да опаѓа, па од средината на август процентот бил под 10, за да на 6 септември тој процент изнесува 5,2. Од 16 септември, процентот е над 10, а на 19 септември сме регистрирале 12,1% позитивни од тестирани.Министерот Филипче рече дека најголемиот број новодијагностицирани случаи сме имале во 28 недела (втората недела од јули) кога се регистрирани 1.074 заболени. Потоа оваа бројка опаѓа во континуитет, а во 38 недела, а тоа е изминатата недела, бројката почнува да расте и до 19 септември се регистрирани 908 нови случаи.„Анализите на дистрибуцијата на потврдените од КОВИД-19 во С. Македонија според начин на стекнување на болеста, најголем дел од дијагностицираните се преку локален пренос на инфекцијата. По затворањето на границите, спорадични импортирани случаи почнуваме да регистрираме на 29 мај, а по повторно отворање на границите, речиси секој ден. Од почетокот, вкупниот број на импортирани случаи се 414. Најголем број се од Албанија 79, Србија 74, Германија 41, Косово 24, Бугарија 22, Турција 20, Грција 18 и Австрија 15. Анализите во текот на епидемијата во изминатите 14 дена споредено со други земји покажуваат дека последните две недели, инциденцата на 100,000 жители кај нас изнесува 79,2. Во ЕУ, ЕЕА и Велика Британија е во просек 76, а се движи од 5 до 271 на 100.000 жители. Стапката се зголемува веќе 56 дена“, изјави министерот Филипче.Во 19 земји (Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Унгарија, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и Велика Британија) се забележува високо ниво на 14-дневните стапки на пријавени случаи на Ковид-19 (најмалку 60/100.000)„Кај нас, од вкупниот број потврдени случаи 1638 во периодот од 6 до 19 септември, 32% имале контакт со потврден случај, 63,3% се од непознат извор, еден мал дел се неистражени. Во истиот период, 21 % се асимптоматски случаи, а од вкупниот број на потврдени (1638) процентот на хоспитализации е 17,7%.Најголем процент на хоспитализирани од болни, во истиот период, е регистриран на 6 септември (28%), од тогаш процентот опаѓа, за да на 19 септември регистрираме 2,4% хоспитализирани од потврдени.  Споредено со земјите во Европа, процентот на хоспитализации во просек е понизок“, потенцираше министерот Филипче.Во однос на состојбата со болничките капацитети, тој истакна дека состојбата е стабилна и бројот на активни случаи е релативно стабилен.„Во моментов најголем број на активни случаи, односно случаи со болест во тек има во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар и Струмица. Во однос на смртноста, леталитетот во нашата земја изнесува 4,1%. По недели, најголем број на смртни случаи има во 25 недела кога се регистрирани вкупно 54 починати лица. Од тогаш бројката на починати опаѓа, а во последната 38 недела до 19 септември се регистрирани 40.“ рече Филипче и најави дека анализата на ИЈЗ за целата измината недела, односно за периодот од 14 до 20 септември ќе биде достапна во текот на утрешниот ден.Од анализите на епидемиолошките анкети на ново заразените, тој посочи дека јасно може да се заклучи дека главната причина за зголемување на бројката се должи на непочитување на мерките и тоа пред се: на групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.„Очигледно граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците кои ги сносиме сите од нивното непочитување. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период кој го имавме полека завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме јавното здравје и здравствениот систем. И повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот. Видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој.  Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се разбере многу сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците кои ги носи есента, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат мерките. Во тек се анализи за воведување на нови мерки, за спречување на понатамошно ширење на вирусот. Тука сакам да посочам дека наша стратегија и цел е навремено да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот“, потенцираше Филипче и додаде дека целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движење или мерки кои повторно ќе ја закочат економијата и целосно ќе не затворат во нашите домови, но доколку тоа биде нужно, тоа и ќе се направи.Дел од мерките кои се разгледуваат се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни собери и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено (со мал број на гости и соодветна дистанца), намалување на капацитетот на јавниот превоз и сл.Министерот Филипче рече дека иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем.„Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, ние уште на почетокот на летото, почнавме да го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемивме капацитетите, го зголемивме бројот на здравствени работници и го реорганизиравме системот. Но, системот не може без граѓаните и нивната поддршка. Сите се важни во овој процес. Да ги почитуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките исто така ќе значи оптеретени и изморени здравствени работници кои, заради големиот број на пациенти, нема да можат да пружат соодветната нега и грижа. Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа значи почит и за здравствените работници. Секој од нас мора да ја разбере сериозноста на она што ни претстои. Мора да разбере дека непочитувањето на мерките ќе не одведе кон нови рестрикции кои секако никој не ги посакува. Може да не одведе кон критична состојба во болниците, кон нова неизвесност на секое поле. Ова не смееме да го дозволиме бидејќи ова ќе значи и доведување во прашање на економската стабилност на земјата, работните места, егзистенцијата. Сите знаеме какви штети предизвикува карантинот како мерка и врз економијата и врз моралот на граѓаните насекаде. Можеме да го превенираме само со целосно и доследно држење до препораките и мерките.  Од нас зависи каква есен ќе имаме. Од нас зависи како ќе го премостиме и овој бран. Во текот на следните денови, преку зачестена комуникација со јавноста ќе информираме за новите одлуки и мерки“, изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

22092020_PVRSM_Obrakjanje_Sobranie_2

Заев ги претстави замениците-министри во Собрание: Со кандидатите ќе го заокружиме капацитетот на силни институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во Собранието на Република Северна Македонија, на седницата на која се гласа за заменици-министри ги предложи следните кандидати:- Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,- Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,- Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,- Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,- Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,- Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,- Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,- Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,- Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,- Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,- Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,- Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,- Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,- Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,- Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и- Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.Премиерот Заев на говорницата, им се обрати на пратениците истакнувајќи увереност дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата на Република Северна Македонија за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на Република Северна Македонија од интерес на граѓаните.Тој додаде дека со предлогот за избор на заменици-министри доставен до Собранието на Република Северна Македонија се доставени и биографиите на предложените кандидати.„Со именувањето на замениците-министри во Владата, го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет, кои ефикасно ќе работат во справувањето и надминување на последиците од пандемијата со КОВИД-19, како еден од првите наши приоритети. Убеден сум дека со еднакво силен ангажман замениците-министри ќе се посветат и на остварувањето на останатите приоритети како што се создавањето услови за нов циклус на динамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции.  Секако, максималнa посветеност очекуваме и во модерно образование, стабилно општество, внатрешна кохезија и сите други сегменти на општественото живеење“, рече премиерот Заев.Во своето обраќање, премиерот Заев се осврна на стратешките цели на нашата земја, зголемувањето на активностите како членка на НАТО и максимално вклучување во процесите за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската унија, како и во политиките за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи.Изложувајќи ги резултатите од претходните три години кога Владата покажа дека е можно да се обезбеди повисок економски раст и да се создаваат нови работни места, паралелно со континуиран раст на платите, премиерот Заев  повтори дека и покрај здравствено-економската криза, која ја засегна нашата држава, како и останатите државите во светот, Владата ќе продолжи во остварување на заложбите за раст на минималната плата, на 20.000 денари и 34.000 денари, просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат. Премиерот Заев исто така најави дека наскоро ќе завршат консултациите и ќе биде објавен четвртиот пакет мерки за помош на македонската економија.„Најавивме и ќе испорачаме мандат на ред, правда и ефикасност. Мандат на прочистување на правосудството и неселективно владеење на правото. Силен ефикасен правен систем и силната посветеност во борбата против корупцијата и криминалот се исклучително важни државата, за нејзините граѓани“, рече премиерот Заев, истакнувајќи ги приоритетите во насока на остварување на нашиот процес за интеграција во Европската Унија и отпочнување на преговорите и отворање на првите поглавја кои најчесто се однесуваат токму на владеење на правото.Обраќајќи им се на пратениците при образложувањето на предлог-листата за заменици-министри во Владата, премиерот Заев, подвлече дека Владата и во новиот мандат продолжува со почитување и воведување на целосно нови стандарди во водењето на институциите, покажувајќи дека може да се работи и чесно и одговорно и професионално во име на интересите на државата и заврши:„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР ја заврши истрагата за навивачките групи, испратило известување до ОЈО

Секторот за внатрешни работи Скопје во изминатите денови интензивно работеше на расчистување на двата настани во кои беа инволвирани навивачки групи и други граѓани во Скопје, на подрачјето на ЕВР Центар и ЕВР Ѓорче Петров, на 13 и 19 септември и денеска до надлежното јавно обвинителство достави соодветно известување Беа преземени сеопфатни мерки и активности во насока на расчистување на истите, утврдување на фактите во врска со настаните и идентификација на инволвираните лица во истите, преку обезбедување на видео записи, разговори со лица инволвирани во настаните и др. Во полициска станица беа повикани 16 лица, а се преземаат и дополнителни мерки во оваа насока. Притоа, за сите досега преземени мерки и активности согласно Законот за кривичната постапка до Основното Јавно обвинителство во Скопје е доставено Известување за настанот од 19.09.2020, додека за настанот од 13.09.2020 известување ќе биде доставено во текот на утрешниот ден. По завршување на мерките и активностите согласно добиените наредби од Основното јавно обвинителство во Скопје и по комплетирање на документацијата ќе биде доставен соодветен поднесок согласно Законот за кривична постапка, за што дополнително ќе бидете известени. МВР апелира до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Главна причина за зголемување на бројката на заболени е непочитување на мерките

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека главната причина за зголемување на бројката на заболени со ковид-19 се должи на непочитување на мерките за заштита. Тоа се групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.„Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме и јавното здравје и здравствениот систем. Повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните, ризични групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот, а видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој еден од нас. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се сфати сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците коишто ги носи овој период, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 88 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6629, активни 586• Куманово 1701, активни 193• Дебар 276, активни 36• Штип 1233, активни 57• Прилеп 624, активни 120• Тетово 1387, активни 168• Струга 650, активни 64• Велес 309, активни 35• Битола 274, активни 64• Охрид 409, активни 47• Кавадарци 215, активни 33• Гостивар 908, активни 100• Гевгелија 107, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 184, активни 115• Крива Паланка 98, активни 28• Радовиш 71, активни 21• Крушево 20, активни 3• Кочани 267, активни 103• Пробиштип 104, активни 20• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 91, активни 12• Пехчево 42, активни 9• Берово 84, активни 26• Валандово 17, активни 8• Виница 99, активни 25• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 3• Свети Николе 316, активни 17• Кичево 313, активни 37• Ресен 160, активни 12• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1618 теста се преку: ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323,  Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 64• Гази Баба – 72• Аеродром - 87• Карпош – 68• Центар – 80• Кисела Вода – 53• Ѓорче Петров – 36• Бутел - 31• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 10• Сарај – 13• Арачиново – 9• Илинден – 16• Сопиште – 4• Чучер Сандево – 3• Петровец – 7• Зелениково - 2• Странец – 8• Нераспределен-6

Македонија | пред 5 години

nefi-useini-660x330-1

Одложено судењето за браќата Усеини

Само што почна, судењето против бизнисменот и општински советник од ДУИ, Нефи Усеини, се одложи за 26 октомври. Причина беше отсуството на неговиот брат, Ибраим Усеини, за кого одбраната посочи дека поради влошена здравствена состојба, имал неодложни здравствени прегледи денеска. Двајцата се товарат за тешко кривично дело „насилство“, односно за нападот врз охриѓанецот Спирко Топалоски, кој се случи во август пред охридски хотел. https://www.facebook.com/ohrid1/videos/362447241602480

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче најави нови мерки, меѓу нив задолжително носење маски и на отворено

„ Задолжително носење маски и на отворено, силна контрола и казни за семејни прослави, намалување на капацитетите во угостителските објекти... со цел да не дојде до построги мерки, иако доколку дојде до влошување на состојбата нема да се превенира и карантинот како мерка“, истакна министерот Венко Филипче на денешната прес конференција.Тој најави дека за новите мерки јавноста ќе биде информирана во следните денови.-Можни се нови мерки за да се спречат нови заболувања, ограничувања на број на лица на маси, намалување на капацитетот на јавниот превоз- вели Филипче.„Наша цел и стратегија е навремено воведување на мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширењето на вирусот. Целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движењето или мерки коишто повторно би ја закочиле економијата и целосно би не затвориле во нашите домови, но ако биде нужно секако дека ќе го направиме“, рече Филипче. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања