Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

DSC_0048

393 санкционирани возачи во Скопје, од кои 164 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 393 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 164 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 16 санкционирани мотоциклисти, 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила подигнати со пајак (вкупно 177), а изречени се и 37 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  

Скопје | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски е на страната на неправдата и криминалот

„Вечерва се случи уште едно фијаско на губитникот Христијан Мицкоски и неговите приврзаници во обид да го одбранат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Исплашени од одговорност и неселективното владеење на правото Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад неправдата и криминалот“, соопшти СДСМ.Како што се наведува во реакцијата на партијата, „вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците, кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкулоска“.„Ако навистина е за правда и владеење на правото, Мицкоски ќе ги повикаше своите соработници против кои се водат предмети и истраги, да се соочат со одговорноста, а не како вечерва да се обидува да врши притисоци врз судството и Обвинителството како во мрачните години на режимот.Нема поголемо лицемерство од тоа Мицкоски да зборува за слободата на медиумите кога токму неговата партија апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпира медиуми.Нема поголемо лицемерство тој да зборува за притисоци врз администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше невидени притисоци врз вработени во јавната администрација. Мицкоски е неуспешен бранител на криминалот и неправдите, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, на политички терор, реваншизам и сваровски-судство. Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 5 години

bubrezi-marko

Претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски вечерва во тв-дебата на подарок доби бубези

Вечерва во „Клан Македонија“ се дебатира за зголемувањето на цената на електричната енергија, односно зголемувањето за 7,4% на електричната енергија за домаќинствата.Панелисти во дебатата беа претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази.Кренар Османи од Иницијативниот совет во име на граѓаните, симболично, додека се одржуваше дебатата, му подари бубрези на претседателот Бислимовски, истакнувајќи дека на граѓаните само тие им останале за да ги донираат во енергетските компании.Тој додаде и дека состојба не им овозможува на граѓаните да ги плаќаат високите сметки па наместо тоа, граѓаните треба да ги продаваат органите со цел да ги платат сметките.

Македонија | пред 5 години

Protest3

Мицкоски:Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест против реваншизмот и неправдата говореше за две мафии. Едната на Зоран Заев и другата која му се покори, како што рече на Заев, мислејќи на сопартијците кои бараат негова оставка.– Во затворите има луѓе поради политички прогон, а оние за кои Заев велеше дека се криминалци сега се најблиску до него. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која се покори да му служи, сакаат да имаат две партии. Но, ВМРО никој и никогаш не го покорил. До кога ќе ја чекаме правдата? 30 години овој народ чека. Одбиваме да ги потршиме нашите животи во чекање. Неправда е кога се тепаат новинари и критичари. Зарем тоа треба да се одмолчи? –  рече Мицкоски.До кога ќе ја чекаме правдата? 30 години на овој народ му поминува во некакво чекање. Доста е веќе со празни ветувања, треба да се делува, народот бара дела! Одбиваме да ги потрошиме нашите животи во чекање.Неправда е кога се тепаат новинари. Критичарите на власта добиваат крвава глава само затоа што зборат гласно за криминалот на мафијашите и нивните слуги исти како нив мафијаши. Зарем тоа треба да се одмолчи? Еве помина време да прашам до каде е тепањето на новинар, ги најдоа ли сторителите? Што е со судските процеси врз новинари, или пак тужбите кои ги добиваат новинарите и медиумите затоа што пишуваат за криминал.Неправда е кога медиуми се напаѓаат, етикетираат, прогласуваат за "државни непријатели" за да се уценуваат нивните сопственици.Обвинителството молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ од кампањата, а власта врши прогон кон  медиуми и ВМРО ДПМНЕ за законско рекламирање.Неправда е кога главната обвинителка е главен телохранител на мафијата. Неправда е кога убијците на децата од Смилковско се на слобода а уставобранителите во затвор.Неправда е  кога Гордана Јанкуловска ја носат во затвор а Заев се вози со истиот мерцедес и троши дополнителни 8 милиони евра за набавка на други возила.  Во оваа држава владеат законите на криминалците. Разни криминалци се изживуваат и велат: ,,Ве чекаме во затворите, а таму тешко вам,, но, забораваат дека тракалото се врти! Тие не треба да се плашат од одмазда туку од правда, а таа ќе ги стигне сите порано или подоцна.Неправда е кога Луј Витон судството носи "трас трас" одлуки кои ги диктира Заев, а истото молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделките на Заев и сомнителен бизнисмен за милионски бизниси во Тетово.Кога толку неправда и прогон има од Заев кон ВМРО-ДПМНЕ и критичарите на мафијата, можете да замислите колку е лошо за обичниот човек. Колку голем прогон и реваншизам има за обичните граѓани. Ги распределиле од Скопје да работат на рудник во Кичево затоа што пишувале критички  статуси против власта. Избркале самохрана мајка зошто требало да вработат партиски војник. Избркале жена пред пензија за да има работа за децата на функционерите. Ете тоа се насловите и случувањата на секојдневно. Има брутални притисоци и кон припадниците на министерството за внатрешни работи, професионалните војници, се врши реваншизам кон овие луѓе затоа што не се покоруваат и сакаат да бидат професионалци. Не можат и одбиваат да бидат соработници на мафијашите и мафијата, истакна Мицкоски.Затоа, како прво бараме тоа што беше ветување дадено од мафијата кога мафијата беше во опозиција иако и после овие брутално покрадени талибански избори тие требаше да останат во опозиција, но за кратко ќе бидат во опозиција, бараме: овие мафијаши да си го исполнат ветувањето и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен  јавен обвинител  кој ќе го исече од корен криминалот почнувајќи од првото дело па се до завршувајќи го последното.  Без разлика на политичката припадност.Ова не би требало да биде пречка за Заев зошто истото го предлагаше пред да дојде на власт и пред мафијата да ја окупира државаОва не би требало да биде пречка за Заев затоа што истото го предлагаше пред да дојде на власт и пред мафијата да ја окупира државата.Второ, под итно  да се спречи реваншизмот, да престане реваншизмот притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, Министерството за внатрешни работи. На сите врз кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација ВМРО ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Обратете се до нас и тим на адвокати и правници ќе ви помогнат. ВМРО ДПМНЕ им нуди  бесплатна правна помош. Сите оние кои што се чувствуваат обезсправено и под притисок се на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош. Обратете се до нас, до нашиот тим на адвокати и правници, но и оние кои што решија да волонтираат токму за вас, да ви помогнат за да и ставиме крај на мафијата и ова бескурполозно однесување на мафијата.Трето, државава во моментов е без комисија за заштита од дискриминација. Најитно да се формира оваа комисија и да се донесе новиот закон за заштита од дискриминација. Мора оние кои се подложни на уцени, закани да бидат заштитени!Четврто, сите предмети кои се познати во јавноста каде е почувствувано неправда, притисок, уцена и реваншизам, каде правдата не е заштитена, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија, а подеднакво ќе биде предмет на анализа и зошто не се постапувало, а требало да се постапува. Полна е устата со владеење на правото. Не може во Македонија да владее правото ако не се открие по чиј налог и чија наредба беа снимени незаконско прислушкувани илјадници наши сограѓани. Мора да се знае и за тоа некој да сноси одговорност, тој што ја дал таа наредба. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој и зошто ги полнеше кутиите на референдумот, па имавме избирачки места со излезеност поголема од 99%. Не може да има владеење на правото, ако не се открие кој ги слушаше обвинителите и судиите. Сетете се само некако како јавноста да подзаборави на ова слушање на обвинителите и судиите кои што се обелодени на крајот од 2018 година.Не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во Рекет 1, Рекет 2 од прв до последен да одговараат за тоа што сториле.Нашата иднина драги пријатели мора да е земја во која правдата ќе владее, во која политичарите ќе бидат покорни слуги на народот. Безусловна правда значи апсолутна правда. Без правда нема силна држава. За да има правда мора мафијата да биде поразена и брутално изнесена пред лицето на правдата, да одговара за сите неправди кои што ги нанесе на секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка припадност. А ќе падне и знам дека на мафијата ќе и се случи народ, народ порано или подоцна, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

dukjan

Дуќани се издаваат без кирија - каде оди македонската економија?

„Дуќанот се издава без кирија“ ова е испечатено на бел лист и залепено на дуќан во ГТЦ, а на него покрај телефонскиот број, е запишано и дека е голем 35 метри квадратни. Сопственикот на напишаниот број објаснува дека бизнисот на последниот кираџија пропаднал,  па сега му било единствено важно некој да го одржува и да ги плаќа сметките кон ГТЦ, објави skopskoeho.mk.И не е само овој дуќан, во ГТЦ и на улица Македонија има залепено слични листови за издавање и за продавање на дуќаните.  Дел од економските аналитичари предвидуваа дека ноември ќе биде меѓу најтешките месеци за преживување заради економските последици од ковид 19.Текстот во целост на: skopskoeho.mk.

Скопје | пред 5 години

Durlovski

Дурловски: Не сакаме држава на политички прогон, туку сакаме држава на слободни храбри и достоинствени луѓе, држава на горди Македонци

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го одржува петтиот по пред тематски протест. Овој протест, како што го најавија, е против сите неправди или како што пишува и на транспарентот што го носат демонстрантите „Против реваншизмот и политичкото насилство“.Вечерва сум тука со вас, бидејќи сум еден од вас, добри и храбри луѓе кои се секогаш спремни да се борат против неправдите затоа што ја сакаме Македонија! Не сакаме држава на политички прогон, државен криминал и фашизоиден однос кон идентитетот, туку сакаме држава на слободни, храбри и достоинствени луѓе, држава на горда македонска нација, истакна пратеникот Игор Дурловски. Тој во своето обраќање рече:Пријатели, браќа и сестри, голем дел од вас ме запознаа како човек кој почувствува дел од мозаикот на неправди, реваншизам и политичко насилие, кое денес е начин на живеење и функционирање на политичките елити на власт во Македонија.Сето она што се случи по 27 април 2017 година ќе остане длабоко врежано во нашата колективна меморија, како пример за сериозна злоупотреба на власта и моќта во справувањето со неистомислениците и политичкото насилство во киднапирањето на државата и погазувањето на сите закони. Во ништењето на Уставот, паралелно со ништењето на човечките судбини, само за моќ, влијание и интерес.Се обидоа да не замолчат, да не понижат, да ни ги одземат елементарните човекови права. И може да земат многу работи, може да ни земат речиси се – но никогаш нема да ни ја одземат слободата за која секогаш ќе се бориме. Никогаш нема да ни го одземат достоинството, храброста и правото да ја зборуваме вистината. Никогаш нема да ни го одземат правото да кажеме МАКЕДОНИЈА!Денес можеби вистината е под земја, но неа никој нема да ја спречи. Таа ќе излезе на површина, како што излегоа на виделина и сите однапред договорени агенди и пактови за разнебитување на нашата држава за кои предупредувавме во минатото.Денес во Македонија се применува сила против свеста, сила против животот, насилство против волјата на секој оној што мисли поинаку.Затоа, драги пријатели, ова мое денешно обраќање пред вас, сакам да им го посветам на нашите браќа кои се во македонските затвори. Неправедно обвинети, неправедно осудени. Можам да ветам, дека ќе ги искористам сите законски, демократски инструменти да се дознае вистината! Како што се борев за својата вистина и својата правда, која е вистина и правда за сите нас, така ќе се борам до крај за неправедно затворените, политички прогонуваните.Задоцнетата правда е голема неправда, но сигурен сум дека ќе дојде денот кога македонските патриоти ќе ја дочекаат истата. Македонскиот код е неуништлив! Нека ни е вечна Македонија! Да сте ми живи и здрави, истакна Дурловски.

Македонија | пред 5 години

Protest4

(ВИДЕО) Со извици „мафија“, „оставка“, почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против реваншизмот и неправдата

ВМРО-ДПМНЕ попладнево пред Министерството за правда го започна петтиот по пред тематски протест. Овој протест, како што го најавија, е против сите неправди или како што пишува и на транспарентот што го носат демонстрантите „Против реваншизмот и политичкото насилство“.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Дал поткуп за да положи возачки испит, заработи кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И. Д. (43) од Кочани поради давање поткуп.На 29.7.2020, во кругот на Здружението на возачите во Кочани, пред закажан термин за полагање возачки испит за Ц-категорија, во товарно возило, сопственост на автошкола, пријавениот, на службените лица, при приложување документи за лична идентификација, им дал и банкнота во апоени од 100 евра, со цел тие да му овозможат да го положи возачкиот испит.

Македонија | пред 5 години

Stefan_Andonovski

Андоновски: Правосудството во Македонија е депонија, револтот од неправдите е се поголем

Стефан Андоновски членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во директно вклучување од „Протестот против неправдите“ во Алфа телевизија, истакна дека во Македонија имаме тотална неправда, затоа што правосудството е депонија, а револтот на граѓаните е се поголем.-Правосудството во моментов во Македонија е депонија, го велам ова затоа што во Македонија имаме тотална неправда, истакна Андоновски.Андоновски исто така посочи дека треба да се одговорат неколку прашања  од страна на власта и тоа:Зошто над 30 кривични пријави за поткуп од изборите не се процесуирани од страна на Јавното обвинителство?Зошто во затвор лежат патриоти кои се осудени како терористи?Зошто ни се случува високи функционери од власта како Ден Дончев сеуште не им се процесуирани кривичните пријави коишто треба обвинителството да ги обработи?Зошто ни се случуваат постојани реперкусии и во администрацијата и во приватниот сектор, зошто државната администрација  и инспекторатите се користат како маша за да се реваншираат на обичниот граѓанин?Зошто ни се случува високи функционери сегашни и бивши на СДСМ не одговараат за ниедно дело кое го имаат направено и институциите остануваат глуви за она за кое треба да реагираат?Каде се телефоните и дали истите се вештачени од предметот „Рекет“?Андоновски објасни дека не треба да ни се случуваат Луј Витон предмети кои немаат разрешница, како и тоа дека се случува реваншизам на сите неистомисленици на власта.-Во СВР Битола од седум  до девет граѓани, високи оперативци се прераспределени на незаконит начин, тројца-четворица од нив се прераспределени надвор од Битола на други места надвор од местото на живеење, а по нив се водат и дисциплински постапки директно инструирани од власта, затоа што се противници на власта, се под мобинг и притисок, зошто треба да се случува реваншизам за противници на власта само ден по изборите – критикуваше Андоновски.Андоновски посочи дека не протестира само ВМРО-ДПМНЕ, од исто време протестираат и мајките,  стечајците, синдикалците, средношколците, протести против струјата на други организации, во најава се и други протести, кои го покажуваат револтот на народот.-Ние ќе останеме на улица се додека граѓаните тоа од нас го бараат, а се погласни се барањата по најразлични теми, но постоењето на неправда и обесправеноста која ја чувствуваат граѓаните како и сиромаштијата се огромни, вели Андоновски.

Македонија | пред 5 години

andonovska

Андоновска со порака до граѓаните: Не сте сами, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде рамо до рамо со секој еден граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт

Од Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне денешниот протест против неправдите, политичкиот реваншизам и политичкото насилство од страна на власта, вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното вклучување во централниот дневник на ТВ Алфа.Андоновска, посочи дека Македонија е држава во која невини луѓе лежат во затвор, додека државата секојдневно ја тресат скандали со криминал и корупција од страна на власта.Македонија е држава во која што невини лежат во затвори, страдаат нивните семејства а од друга страна секојдневно сме сведоци на скандали кои што ја тресат власта, за криминал, корупција, бизнис зделки, рекет и слично за кое што обвинителството и судството молчат. Молчат и работата по диктат директно на Зоран Заев. Тие се само едно копче на далечинскиот управувач кој што е во рацете на Зоран Заев и кој што го употребува единствено само кога сака да прикрие некој криминал, негови или не неговите блиски, рече Андоновска.Во Македонија секојдневно сме сведоци на невиден притисок врз медиумите и нивните сопственици. Се судат, се напаѓаат, крвнички се тепаат новинари, сите оние кои мислат поинаку или ја критикуваат оваа власт. Во Македонија се судат и мајки на малолетни деца за набавка  на автомобил во кој што и ден денеска се вози Зоран Заев, а од друга страна никој не одговора и се молчи за набавката од страна на власта од 8 милиони евра, изјави таа.Андоновски, порача дека нема да  луѓето трпат огромни притисоци, додавајќи дека ова мора веднаш да престане, односно како што рече таа ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи и ќе се бори заедно со граѓаните.Луѓето трпат огромни и невидени притисоци на нивните работни места, се распределуваат, дури и се отпуштаат од работа само поради тоа што мислат поинаку од власта и ја искритикувале во некој нивни коментар на социјалните мрежи. Заради сето ова, заради сите овие неправди, заради целиот овој реваншизам сме денеска на овој протест. Доста е ова мора да престане, веднаш и сега. Нема да отстапиме и ќе се бориме заедно со граѓаните, вели Андоновска.Андоновска е децидна дека правото мора да важи еднакво за сите, укажувајќи дека мора да се негуваат европските принципи кои се засноваат на слобода, демократија и правда.Ние сме одлучни да ја истераме правдата до крај. Силно веруваме дека ќе успееме заедно со граѓаните да се справиме со овие неправди, против овој реваншизам кој што го трпиме и против селективната правда. Ќе ги негуваме европските принципи, а тоа е слобода, демократија и правда која што е еднаква за сите.Андоновска, упати јасна порака до граѓаните, апелирајќи до нив да издржат пред неправдите, бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ е со секој еден граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт.Сакам да им се обратам на граѓаните со една јасна и недвосмислена порака, не сте сами, издржите, заедно ќе се избориме, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде рамо до рамо до секој оној граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт, порача Андоновска во вечерашното гостување во дневникот.

Македонија | пред 5 години

Konferencija_bezbednost_09232020004

Започна Меѓународна научна конференција за безбедност

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денеска присуствуваше на свеченото отварање на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје и Фондацијатa „Ханс Зајдел”.Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Георгиески упати честитки и признание до организаторите, кои во услови на актуелната светска здравствена криза, овозможија реализирање на овогодинешната конференциска агенда.– Овој академски собир е еден од најголемите во областа на безбедноста во овој регион и особено значајно е тоа што годинава ќе биде посветен на Евро-атланските врeдности во балканските држави.Се надевам дека потврдените заклучоци, кои ќе произлезат од изнесените научни трудови ќе овозможат спроведување на рационални и прифатливи решенија за заедничка соработка, особено во областа на безбедноста.Евро-атланската интеграција и членството помеѓу најмоќните претставува извонредна шанса за балканските држави кои имаат помало меѓународно влијание и ограничени ресурси.Покрај унапредувањето на соработката со светските сили, од исклучителна важност е и воспоставувањето на регионално сојузништво. Само преку ваков вид на соработка, ќе покажеме дека и самите поседуваме зрелост и способност да направиме нешто за регионот и за своите граѓани.Исто така, храбрите политички одлуки и надминувањето на нерешените регионални проблеми, обезбедуваат гаранција за мирот и безбедноста и ни даваат можност да бидеме поамбициозни и поуспешни во сферите на економијата и доброто владеење.Силно верувам во потенцијалот на меѓудржавната соработка и плановите за градење на нови мостови кон иднината. Охрид отсекогаш бил и ќе остане космополитски центар на Балканот, па затоа посакувам да биде појдовна точка за нови видици кон регионалниот напредок, истакна Георгиески.

Македонија | пред 5 години

ohrid

48-та седница на охридскиот Совет ќе се одржи утре преку интернет конференциска врска

Во четврток на 24 септември охридските советници ќе ја одржат 48-та седница. Предвидено е да расправаат по точка Предлог-Заклучок за усвојување на информацијата за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/21 во Охрид.Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација со почеток во 10 часот.

Македонија | пред 5 години

ureduvanje-1

Се уредуваат зелените површини на регионалниот пат Охрид - Св. Наум

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работат на уредување  на зелените површини од банкините и тротоарите на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини извори до хотелот „Инекс Горица“. Акцијата  се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта којашто е надлежна за одржување на регионалниот пат Охрид- Св. Наум и истата продолжува и утре.Во текот на вчерашниот ден охридските комуналци го расчистија овој патен правец од расфрланиот комунален отпад.

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески се обрати на на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста

Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од свеченото отварање на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје и Фондацијатa „Ханс Зајдел”, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Овој академски собир е еден од најголемите во областа на безбедноста во овој регион и особено значајно е тоа што годинава ќе биде посветен на Евро-атланските врeдности во балканските држави.Се надевам дека потврдените заклучоци, кои ќе произлезат од изнесените научни трудови ќе овозможат спроведување на рационални и прифатливи решенија за заедничка соработка, особено во областа на безбедноста.Силно верувам во потенцијалот на меѓудржавната соработка и плановите за градење на нови мостови кон иднината. Охрид отсекогаш бил и ќе остане космополитски центар на Балканот, па затоа посакувам да биде појдовна точка за нови видици кон регионалниот напредок. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.683087338963539/683087222296884/

Македонија | пред 5 години

Skolo

Еве кои училишта ќе можат да држат настава со физичко присуство ...

Владата на Република Северна Македонија на својата 5-та седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020 година.Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.Извештајот констатира дека не ги исполниле условите 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).На 5-тата седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата, која, по разгледување на комплетните барања доставени од страна на општините, одобри изведување настава со физичко присуство  на училишта за деца со посебни образовни потреби: ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје; ПОУ „Иднина“ – Скопје; Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола; Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Кисела Вода – за основно образование; ПОУ „Маца Овчарова“, Велес; и Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско, Струмица.Поради актуелната епидемиолошка состојба и постоењето на ризик кај оваа ранлива категорија на деца, наставата треба да се реализира со мал број на деца во различни смени со целосно почитување на епидемиолошките мерки во протоколите дадени од нивна страна и протоколот за настава со физичко присуство, а училиштата кои имаат интернатско сместување да ги опфатат само своите ученици со максимално сместување до 2 деца во соба.Од барањата на приватните основни училишта, одобрение доби француското интернационално училиште „Ефис“ од Скопје.Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби и Подрачното основно училиште (ПУ) Мородвис во Општина Зрновци.Во Општина Берово согласност добија ПУ с. Будинарци, ПУ с. Митрашинци; ПУ с. Ратево; ПУ с. Смојмирово;  и ПУ с. Владимирово за организирање настава со  физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.Во Општина Валандово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени со учениците од прво до трето одделение добија ПУ с. Чалакли; ПУ с. Казан Дол; и ПУ. с. Брајковци, а ПУ во Дедели, Башибос и Грчиште добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.На подрачните училишта во с. Калково, с. Марвинци, и на с. Удово им се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени во групи по возраст (учениците од прв период во една смена, учениците од втор период во втора смена).Општина Василево доби согласност за ПУ с. Доброшинци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени; за ПУ с. Чанаклија и за ПУ с. Сушево, ПУ с. Владевци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, и за реализација на настава во две смени со учениците од прво до петто одделение; ПУ с. Едрениково и во с. Седларци, и ПУ с. Радичево за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, додека за ПУ с. Дукатино е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение со укажување наставата да се реализира во две смени со учениците од прво до петто одделение.Во Општина Петровец согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение добија ПУ с. Горно Коњари, ПУ с. Сушица, и  ПУ с. Чифлик.Општина Пехчево доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение за ПУ с.Црник, ПУ с.Панчарево, ПУ с.Умлена, и за ПУ с.Робово.Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.Во Општина Могила ПУ с. Д.Чарлија доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение; ПУ с.Радобор – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од четврто одделение.На ООУ „Браќа Миладиновци“ од  с. Добрушево му е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и на ПУ с.Дедебалци, ПУ с.Мусинци, ПУ с.Ношпал ПУ с.Трап, и на ПУ с.Будаково.Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, добија и ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, како и ПУ с.Долно Српци, ПУ с.Волино и ПУ с.Трновци.Општина Дебрца доби согласност за  ООУ „Дебрца“ за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени, исто како и за ПУ с.Оровник и ПУ с.Требеништа, за ПУ с.Мешеишта, за ПУ с.Ботун.ПУ с.Велмеј, ПУ с.Злести и ПУ с.Издеглавје во оваа општина добија согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение заради комбинирана паралелка, а ПУ с.Горенци и ПУ с.Лешани добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.Во Општина Лозово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Методи Митевски - Брицо“, како и ПУ с.Дорфулија, ПУ с.Каратманово, ПУ с.Сарамзалино, и ПУ с.Милино исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.Општина Зелениково доби согласност за ПУ с.Страхојадица, за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение, и за ПУ с.Орешани за настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.Во Општина Карбинци согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Страшо Пинџур“, и ПУ с.Таринци, ПУ с.Балван, ПУ с.Прналија, ПУ с.Калаузлија, ПУ с.Радање, ПУ с.Кучица, исто така за учениците од четврто и петто одделение, а ПУ с.Оџалија за ученикот од четврто одделение, ПУ с.Крупиште за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, и ПУ с.Караорман за учениците од четврто и петто одделение во две смени.Во Општина Конче согласност добија ПУ с.Габревци, ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ с.Горни Липовиќ, и ПУ с.Дедино за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.Општина Богданци доби согласност за ПУ с.Ѓавото и ПУ с.Селемли за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.Во Општина Македонска Каменица ПУ с.Саса има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, а ПУ с.Моштица и ПУ с. Цера 1 за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.Во Општина Долнени ООУ „Пецо Даскалот“ од с. Долнени доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Сенокос, с.Браилово, ПУ с.Бело Поле, ПУ с.Костинци, ПУ с.Дупјачани, ПУ с.Дреновци, ПУ с.Небрегово, ПУ с.Кошино, ПУ с.Гостиражни и ПУ с.Заполжани, а во ПУ с.Вранче ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.Во ООУ „Али Фетхи Окјар“ во с. Дебреште ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од комбинираната паралелка (на албански наставен јазик) од четврто и петто одделение.Во Општина Старо Нагоричане, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ - с. Драгоманце ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а во ПУ с.Челопек и во ПУ с.Пелинце се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на двата ученика од четврто одделение, додека во ПУ с.Арбанашко ќе се организира настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение.Во оваа општина, во ООУ „Христијан Карпош“ - с. Младо Нагоричане – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, исто како и во ПУ с.Облавце.Во ПУ с.Ѓорговци настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение, а во ООУ „Светозар Марковиќ“, во ПУ с.Алгуња, и во  ПУ с.Никуљане за учениците од четврто и петто одделение.Во Општина Сопиште настава ќе се организира во ООУ „Драга Стојановска“ во с. Ракотинци за учениците од четврто и петто одделение, исто како и во ПУ с.Добри Дол, и ПУ с.Долно Соње, и ПУ с.Држилово, додека во ПУ с.Патишка река се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.Општина Илинден доби согласност за ПУ с.Мралино, ПУ с.Бунарџик, и за ПУ с. Текија за физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а за ПУ с.Мршевци има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени.Во Општина Кривогаштани ООУ „Манчу Матак“ во с.Кривогаштани доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, исто како и ПУ с.Крушеани, ПУ с.Славеј, ПУ с.Врбјани, ПУ с.Бела Црква, и ПУ с.Боротино.ПУ с.Подвис во оваа општина доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, а ПУ с.Годивје за учениците од четврто одделение.Во Општина Гевгелија ООУ „Климент Охридски“ во с. Миравци ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Давидово, ПУ с.Богородица, ПУ с.Мрзенци и во ПУ с.Прдејци, додека во ПУ с.Милетково, во ПУ с.Моин и во ПУ с.Смоквица настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение.Во ПУ с.Кованец во оваа општина се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение.Општина Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение во ПУ с.Братиндол, и ПУ с.Брусник, а за ПУ с.Дихово се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, додека во ПУ  с.Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение (комбинирана паралелка од прво до петто одд).И ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение. Во ПУ с.Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ с.Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто.Во ПУ с.Црнобуки и во ПУ с.Лисолај во општина Битола ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с.Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ с.Драгожани за четврто одделение.Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, во с. Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ с.Барешани, ПУ с.Велушина, ПУ с.Егри, ПУ с.Доленци , ПУ с.Граешница, ПУ с.Меџитлија, ПУ с.Кременица, ПУ с.Лажец, ПУ с.Кравари, ПУ с.Канино, ПУ с.Оптичари, ПУ с.Породин, додека во ПУ с.Кишава, ПУ с.Острец и ПУ с.Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.За ПУ с.Цапари се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени.За Јавната установа за деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение (објект Радишани и Визбегово), се дава согласност за организирање настава со физичко присуство за штитеници во установата.Во делот на средното образование согласност за организирање настава со физичко присуство добија средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Гази Баба - Скопје;, и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Кисела Вода - Скопје.Согласност за организирање настава за стручните предмети, за соодветните видови на подрачја со физичко присуство, добија и средните уметнички училишта Државно музичко училиште Битола; Државен музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ Центар – Скопје; Државно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“– Тетово, Државен музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ Центар – Скопје.На овие средни училишта не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во наведените училишта за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.На Спортска академија Центар и е дадена согласност за реализација на стручните предмети (избран спорт: ракомет, фудбал, кошарка и тенис) согласно одобрените протоколи на соодветната федерација.Во однос на приватните средни училишта согласност за организирање физичка настава доби Приватното средно училиште QSI INTERNATIONAL SCHOOL of Skopje – Скопје за учениците од прва до четврта година.Во Општина Битола согласност доби СОУ „ СОЗУ  „Кузман Шапкарев“ за организирање настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.Согласно препораките на Комисијата практичната настава во стручното образование учениците ќе ја реализираат со физичко присуство согласно одобрениот план и протоколите за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа.

Македонија | пред 5 години

Zoran-Zaev-1

Заев упати писмо со честитки по повод јубилејот 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со честитки до епископот Антаниски г. Партениј, и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод исклучителниот јубилеј - 1000-години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.Премиерот Заев во писмото истакнува дека Бигорскиот манастир, како што е општо познат, со своето милениумско постоење е врежан во меморијата не само на македонскиот народ, туку со своето значење и убавина е значаен дел на светското културно наследство.Во своето 1000-годишно црковно живеење манастирот сведочи за многу историски премрежија, но и за незапирливоста на богатиот духовен живот, пишува во писмото до епископот Антаниски г. Партениј, претседателот на Владата Заев.„Бигорскиот манастир и денес е вруток на духовноста од каде излегуваат монаси кои го продолжуваат црковниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Воедно сакам да ја искажам мојата восхит за активностите кои Вие како игумен, и бигорската обител, ја спроведувате помагајќи им и пружајќи им прибежиште на сите кои се во нужда и неволја“, се вели во писмото на премиерот Заев со кое до епископот Антаниски г. Партениј, и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, упатува честитки по повод исклучителниот јубилеј - 1000-години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

Македонија | пред 5 години

kuce

70 кучиња ќе бидат вратени на улица, доколку здружението „Шепасти ентузијасти“ не го вратат долгот од речиси 11 000 евра за нивно згрижување

„Дојде момент на збогум. Навистина се движиме по тенката линија од бездната од која нема враќање. Не знаеме како понатаму. Постојано мислиме ќе се најдат повеќемина што ќе ни помогнат да ја продолжиме мисијава, но никако да ги најдеме“, стои во последната објава на социјалните мрежи на здружението Шепасти ентузијасти кои згрижуваат бездомни кучиња.Оттаму соопштија дека со долг од 666 708 денари кој треба да го подмират за една недела, завршува приказната на Шепастите. Седумте волонтери кои помогнале на 250 кучиња, од кои голем дел вдомени во Англија, Германија, Белгија, Франција и Македонија, сега уште повеќе бараат поддршка од граѓаните.„Во моментов имаме згрижено 107 кучиња, три мачиња и еден овен. Петнаесет од нив веќе имаат дом и чекаат да патуваат во Англија, a доколку не ја собереме потребната сума би значело дека 70 здрави единки кои се стерилизирани и целосно вакцинирани ќе се пуштени повторно на локацијата каде што се најдени. Повеќето кучиња се од Скопје, но имаме кучиња и од другите градови“, велат тие за Радио МОФ.Шепасти ентузијасти ги згрижува болните кучиња, оние кои не можат сами да се снајдат на улица, или пак кучиња од кои соптвениците се откажуваат.„Најчесто земаме кучиња кои се за стерилизација со цел да ја намалиме енормната бројка во нашиот град, затоа што сметаме дека има и повеќе од доволно бездомни животни кои се малтретирани од одредени групи на наши сограѓани секој ден. Кутрињата ги земаме од локација пријавена најчесто на социјалните мрежи, веднаш ги носиме на ветеринарен преглед за да им ја пружиме потребната нега и грижа. Потоа ги сместуваме во приватни стационари каде што продолжуваме со терапијата и доколку се е во ред со нив ги нудиме за вдомување“, појаснуваат од здружението.Волонтерите се грижат за посета на кучињата во стационарите, пресметки и финансии, носење на кучињта на ветеринарни прегледи, вдомување, но и комуникација на социјалните мрежи.„Тешко ни е затоа што сите ние сме вработени, па сите овие обврски треба да ги завршиме вон работното време, а тоа е многу кратко, сепак и ние имаме фамилии и приватни обврски кои не можат да останат незавршени“, велат тие.Во однос на вдомувањето, од Шепасти ентузијасти сметаат дека луѓето не се спремни и не знаат што ги чека кога ќе дојде нов член во фамилијата во нивниот дом.„Поради тоа ние спроведуваме анкети и се обидуваме да им објасниме што значи да вдомиш миленик и колку одговорност си носи таквиот чин. Имаме и прекрасни вдомувчи тука, кои се грижат преубаво за своите миеници вдомени преку нас. Но, има и такви кои ни ги враќаат после некоку дена, сепак не секој е спремен и знае што значи да вдомиш миленик“, се потсетуваат тие.Ова здружение беше меѓу гласните за подобрување на благосостојбата на бездомните животни. Оттаму би сакале да кажат дека работите одат на подобро, но според нив, ситуацијата е далеку од тоа.„Пред одредено време, баравме да се затвори Вардариште поради ужасните услови кои ги нудеше и да се отвори нов стационар кој би функционирал по сите европски стандарди за благосостојба на животните, но за жал еве две години подоцна од затворањето на Вардариште, новото ЈП Лајка не проработе се уште, што нам дополнително ни ја отежнува работата. Впрочем, бездомните животни на територијата на Град Скопје моментално се оставени на здруженијата и активистите за заштита на животните, па ние сме тие кои вршат стерилизации и ја намалуваат бројката на бездомни единки. А помош од институциите одговорни за овој проблем немаме никаква, за жал“, велат од здружението.Тие уште еднаш упатија апел до граѓаните да се грижат за своите миленици и да ги стерилизираат, а не да ги фрлаат на улица. До надлежните, пак, порачуваат да почнат да даваат субвенции за стерилизации на домашните миеници и како што велат, конечно да почнат да ја ценат работата на Здруженијата за заштита на животните и да им помагаат финансиски и логистички.„Само заедно можеме навистина полека да почнеме да ја средува состојбата со бездомните животни по улиците. Затоа што без нас веројатно би имало 10.000+ бездомни животни по улиците“, велат од Шепасти ентузијасти.Оттаму посочуваат дека со коронакризата потешко оди и донациите се намалиле, па така и стигнале до овој огромен долг од речиси 11 000 евра, кој мора да го подмират оваа недела.„Досега стигнавме да собереме половина од потребната сума, па поради тоа и отоворивме fundraiser на Фејсбук на кој можете да донирате или на нашите сметки подолу, доколку сакате да продолжиме со нашата мисија и цел. И сакаме да напоменеме дека ние не земаме пари од ова, туку исто како и нашите сограѓани кои ни помагаат двоиме од својот фамилијарен буџет“, се вли во објавата на социјалната мрежа Фајсбук преку која здружението дава апел.https://www.facebook.com/pawsomefurryfriends/posts/2484115325221946

Македонија | пред 5 години

osmani-kej

Шоферот на Османи на Кеј казнет во денешната акција

Шоферот на министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево бил паркиран на Kеј „13 Ноември“ во Скопје е еден од граѓаните кои денеска заработија казна, објави СДК.МК.Инспекторите на Град Скопје го затекнале службеното возило на Министерството за надворешни работи на шеталиштето пред кафулето „Ајриш паб“. Како што раскажуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК инспекторите, возачот одбил да го помести возилото и заработил казна од 50 евра.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК 

Скопје | пред 5 години

marihuana

Албански државјанин и двајца дебрани заработија кривични пријави за производство и промет на дрога и помагање

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(33) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропнисупстанци и прекурсори“, како и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.Првопријавениот, во месноста „Врабич“, во близина на патот кон Струга, во грмушка скрил вреќа во која имало 5 килограми и 480 грама марихуана. Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и третопријавениот, кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.

Македонија | пред 5 години

Foto-4

Пендаровски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна

Состојбата во земјата и регионот е стабилна, оцени претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на 8-та седница на Советот за безбедност.На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-техничката агенција ОТА, Зоран Ангеловски, и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.Претставниците од надлежните служби и министерства пред Пендаровски реферирале за внатрешната безбедносна динамика и нашето опкружување.„Советот заклучи дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би можел да биде загрозен нашиот територијален интегритет и суверенитет. Надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбедносен проблем, вклучувајќи тука и евентуален нов бран на бегалска, односно мигрантска криза“, рече Пендаровски.Претседателот нагласи дека, сепак, најголемата криза со која сме денес соочени е пандемијата на Ковид-19, не само кај нас, туку и на глобално ниво.„Пандемијата останува најважниот предизвик за нашето општество и во следните месеци, со влијание и врз економијата и врз здравството, но не очекуваме, според денес направените и презентирани проценки, дека ќе има развој кој би влијаел на општата безбедност во земјата“, рече Пендаровски.Втора точка на дневниот ред за која се дискутирало биле безбедносните импликации поврзани со воведување на 5Г-технологијата кај нас.Како членка на НАТО, вели Пендаровски, сме обврзани стриктно да ги следиме сите безбедносни протоколи на алијансата, и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата, на луѓето кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето дигитални технологии и корпорации како нивни носители кои имаат цели и вредности кои се некомпатибилни со целите и вредностите на западната алијанса.Во таа смисла на седницата било заклучено дека во овој домен Владата и другите надлежни институции треба доследно да ги применуваат правилата и препораките на организацијата каде што сме веќе членка, се разбира, со сите права, обврски и одговорности кои од тоа произлегуваат.„Сосема конкретно во однос на втората точка да ви пренесам дека беше заклучено Министерството за надворешни работи да почне со подготовка на меморандум за разбирање, сличен според содржината, според формата со она што веќе беше потпишано од некои држави во нашето опкружување и подалеку во Европа – членки на алијансата, со кој ќе се наведат прецизно нашите обврски во однос на сопственичката структура на компаниите, евентуалната државна поддршка која тие ја имаат – колку тие се од овој аспект компатибилни со работите кои ги спомнав предмалку, бидејќи се разбира дека мора да ги следиме препораките на организацијата каде што сакавме да влеземе толку долго и конечно тоа го успеавме на 27 март оваа година“, изјави Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

pance-toskovski

Тошковски: Тужбеното барање на Русковска е неосновано

Денес се одржа подготвително рочиште во кое што шефот на Јавното обвинителство за организиран криминал и на корупција, обвинителката Вилма Русковска во својство на тужител по поднесена тужба против ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и г. Христијан Мицкоски како претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на кое што беа презентирани дел од доказите од страна на тужителката, истакна Панче Тошковски.При што морам да потенцирам две работи кои што се битни за нас. Првата работа поради која што цениме дека тужбеното барање во целост е неосновано, е заштитата на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права, слободи и права, односно потребата од  почитување на правото за слободно изразување на мислата. Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија. Се поставува прашање што е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал,  истакна Панче Тошковски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Што се 50 евра за возење без кацига, кога обвинителство молчи за 200 милиони евра на Дака за скандалот со ШИК Јелак-Тетово

 Денес власта на Заев се обидува бесрамно да глуми правна држава. Изречената казна од 50 евра за Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски е обичен пи-ар театар во услови кога власта на Заев е фатена до гуша во скандал со коруптивниот случај со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ. Сега ќе глумат владеење на правото за казна од 50 евра за сообраќаен прекршок, а криминален бизнис тежок 200 милиони евра поминува без никаква реакција на институциите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Аболицираниот за криминал од 8 милиони евра, човекот кој сите го слушнаа и видоа како бара евро за вицето, човекот кој е капо ди тути капи на сите криминални, корупциски и рекетарски мрежи во Македонија не може да биде пример за право и правда.Ова е само блед обид како да се затвори еден сообраќаен прекршок, дури откако јавноста дозна за него преку социјалните мрежи. Апсурдот да биде поголем овој сообраќаен прекршок бил направен на очиглед на припадници на МВР кои се дел од неговото обезбедување и никој не го спречил или санкционирал, се до оној момент не се дозна во јавноста.Тоа е методот на криминалците и прекршителите на законот, ако помине помине, ако не ќе релативизираат, ќе се извинуваат до небо и ќе прават ефтин пи-ар, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

korona-test

ИЈЗ од 14-20.09.2020: Зголемен број тестирања, новозаболени и починати

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември 2020г., тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 15.7% во однос на минатата недела.Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=261; 27,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани - 154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 9.8% или 1.4 % повеќе во однос на претходната недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=213, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=176; 18,5%), 30-39 (n=173; 18,2%), 40-49 (n=149; 15,7%) и 20-29 (n=147; 15,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=37; 3,9%) и 10-19 години (n=56; 5,9%).Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=907; 95,4%), регистрирани се 80 (8,4%) хоспитализирани (намалување од 37,0% во споредба со минатата недела), а кај 268 (28,2%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.Од вкупниот број на нови случаи во периодот 14-20 септември, 313 (32,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 33 лица со историја на патување во последни 14 дена.По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 636 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.Пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела. Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 од починатите лица.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Сovid-19 во Република Северна Македонија 14 -20.09.2020г.,  како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Голема акција за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 ноември“

Инспекторатот на Град Скопје денеска, од рано наутро, спроведува акција за санкционирање непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“. На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба.Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра, во денарска противвредност,  колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа.Во денешната акција е вклучена и пајак службата која ги подига возилата чии сопственици не се затекнати на местото.Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае континуирано, подолг временски период.Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини. Целта е да се одржува редот и хигиената на јавниот простор и да се стави крај на ваквите грди слики низ градот.  

Скопје | пред 5 години

korona-test

183 нови случаи на ковид 19 во земјава, починаа 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2.Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6680, активни 598• Куманово 1708, активни 188• Дебар 280, активни 39• Штип 1234, активни 53• Прилеп 639, активни 127• Тетово 1400, активни 178• Струга 654, активни 64• Велес 312, активни 38• Битола 280, активни 58• Охрид 414, активни 52• Кавадарци 220, активни 35• Гостивар 917, активни 107• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 191, активни 122• Крива Паланка 102, активни 29• Радовиш 74, активни 23• Крушево 20, активни 3• Кочани 286, активни 117• Пробиштип 106, активни 19• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 92, активни 13• Пехчево 42, активни 8• Берово 87, активни 27• Валандово 20, активни 11• Виница 103, активни 29• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 3• Свети Николе 319, активни 20• Кичево 313, активни 35• Ресен 162, активни 14• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1769 теста се преку: ИЈЗ-603, ЦЈЗ Скопје-52, Авицена-334,  Биотек-121, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-154, Систина со PCR метода -127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-12, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 67• Гази Баба – 74• Аеродром - 86• Карпош – 71• Центар – 83• Кисела Вода – 58• Ѓорче Петров – 38• Бутел - 33• Шуто Оризари – 14• Студеничани – 11• Сарај – 13• Арачиново – 9• Илинден – 16• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 4• Петровец – 8• Зелениково - 2• Странец – 7• Нераспределен-1

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања