Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Поранешни функциoнери поделиле дебели провизии од преплатените споменици!?

Од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, за кој беа потрошени 680 милиони евра, се истражувал само делот за спомениците, тежок над 33 милиони евра.Обвинителството сѐ уште се дума дали да даде зелено светло за истрага, иако предистрагата, според информациите на „Фокус“, укажувала на преплатени споменици, за дури 10 пати,  дебели провизии и вмешаност на десетина поранешни функционери!  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравство?

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, неофицијално дознава „Фокус.Тој ќе седне на местото на сега актуелниот в.д директор Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако Ден Дончев си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 152 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-58, Куманово-5, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Струмица-14, Кочани-18, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-7, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Гостивар-1, Гевгелија-15, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Пехчево-5, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.Во болнички услови се починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6739, активни 625• Куманово 1713, активни 176• Дебар 282, активни 41• Штип 1239, активни 53• Прилеп 643, активни 124• Тетово 1405, активни 176• Струга 660, активни 64• Велес 313, активни 35• Битола 285, активни 62• Охрид 416, активни 51• Кавадарци 222, активни 37• Гостивар 918, активни 107• Гевгелија 115, активни 49 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 204, активни 130• Крива Паланка 102, активни 27• Радовиш 74, активни 22• Крушево 20, активни 3• Кочани 304, активни 128• Пробиштип 107, активни 19• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 92, активни 13• Пехчево 42, активни 3• Берово 91, активни 29• Валандово 24, активни 15• Виница 103, активни 26• Делчево 154, активни 83 (33 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 2• Свети Николе 322, активни 22• Кичево 315, активни 36• Ресен 162, активни 14• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1630 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-418,  Биотек-147, МАНУ -100, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со PCR метода -117, лабораторија Лаор –23, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-3, ГАК-14, Синлаб-26, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 68• Гази Баба – 74• Аеродром - 93• Карпош – 71• Центар – 89• Кисела Вода – 64• Ѓорче Петров – 36• Бутел - 33• Шуто Оризари – 16• Студеничани – 10• Сарај – 14• Арачиново – 8• Илинден – 23• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 5• Петровец – 7• Зелениково - 1• Странец – 9• Нераспределен-1

Македонија | пред 5 години

oruzje-17

Приведен скопјанец поради недозволена трговија со оружје и дрога

На 18.09.2020 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј., за кој СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниви по чл. 396 и 215 од Кривичниот законик.На 01.05.2020 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за интервентна полиција, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.З. и во пошироката околина помеѓу ул.„Алпи“ и ул.„Коце Металец“, при што биле пронајдени: автоматско огнено оружје со навој на пригушувач, две рамки со 34 куршуми кал.7,65 мм и пригушувач, две автоматски пушки, полуавтоматска пушка „Берета“ со празна рамка и рамка за автоматска пушка со 18 куршуми, автоматско огнено оружје со навој за пригушувач, пригушувач и рамка со 20 куршуми, како и пет пакувања со 2382 грама хероин. 

Скопје | пред 5 години

47-Sednica-Sovet

Одржана четириесет и осмата седница на советот на Општина Охрид

Денеска се одржа четириесет и осмата седнциа на Советот на Општина Охрид,, со единствена точка на дневниот ред –  Предлог заклучок за усвојување на информацијата за  одржување на  наставата во основните и средните училишта  во учебната 2020/2021 година.Неколку советници во дискусиите изразија двојба во однос на успешното спроведување на целиот наставно образовен процес, но иста така ја истакнаа подготвеноста на наставниот кадар и учениците за максимални напори, за што поуспешна учебна година во новонастанатите услови, предизвикании од ковид пандемијата. Помошник раководителот на Секторот за образование Јоне Станкоски, ги информира советниците за подготовките на локалната самоуправа за стартот на учебната година и модалитети под кои таа ќе се спроведува.Предлог заклучокот едногласно беше прифатен од сите советници.

Македонија | пред 5 години

Dograma_09242020004

Нова дограма во ОМУ „Методи Патчев“ во Охрид

Во ОМУ „Методи Патчев“, денес, старата и дотраена дограма се заменува со нова и енергетски ефикасна. Нови прозорци ќе бидат поставени во сите простории од училиштето.Претходно во училиштето беше реконструирана старата ограда и се изврши дооградување на дворот. 

Македонија | пред 5 години

oliver

Владата размислува дали да ја зголеми казната за неносење заштитни маски

Владата размислува дали да ја зголеми казната за неносење заштитни маски, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има сѐ повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.„Во Владата разговараме за зголемувањето на казните и ќе се цени дали има потреба од тоа или не. Важно е дека обемот на работа на полициските службеници е зголемен и правиме сѐ што треба да биде направено во овој момент за сите оние кои не ги почитуваат мерките, односно кои прво не се почитуваат самите себеси и не ги почитуваат своите семејства со тоа што не се зашититуваат и се изложуваат на ризик да бидат зафатени со инфекцијата. Ќе мора да сносат некаква одговорност. И тоа ќе се случува понатаму и во угостителски објекти и на собирања, сѐ повеќе и повеќе, со цел да се влијае на оние кои не ги почитуваат мерките и со тоа директно ги загрозуваат живот и здравјето на граѓаните”, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.Казните, вели министерот, се наплаќаат и сега, но тоа ќе биде многу полесно откако ќе се направи усогласување на потребните закони со Законот за прекршоци, што се доставени во Собранието уште пред распуштањето поради изборите. МВР останува на тие законски решенија и Спасовски очекува наскоро да бидат ставени на дневен ред и Собранието да ги изгласа.

Македонија | пред 5 години

maz-bitola

МВР за полициската бруталност во Битола: Го утврдивме идентитетот на учесниците, превземаме мерки за расчистување на случајот

Во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници ,Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана, велат од МВР. 

Македонија | пред 5 години

24092020_ZPVRSM-Nikolovski_obrakjanje_2

Николовски: Крупна реформа и измени во законите кои предвидуваат широки дискрециони овластувања

Денеска, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше свое обраќање на презентацијата на резултатите од проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, во организација на Државната комисија за спречување корупција и Транспаренси Интернешнл-Македонија.Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија и содржи резултати од скенирање на повеќе закони кои го регулираат вработувањето, унапредувањето и генерално работните односи во јавните институции.Заменик-претседателот на Владата Николовски потенцираше дека непотизам и корупција при вработувањата во јавниот сектор имало секогаш и истото не може лесно да се искорени, но, Владата е цврсто одлучна да ги употреби сите механизми за спречување на оваа појава во иднина.„Не можеме да очекуваме напредок и резултати од работата на јавниот сектор, доколку изборот на вработени не се одвива според предвидените квалификации за одредено работно место. Не можеме да очекуваме напредок доколку вистинските луѓе не дојдат на вистинските позиции. Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, на што во следните четири години ќе посветиме сериозно внимание“, изјави вицепремиерот Николовски.Во насока на превенирање на корупцијата и непотизмот при вработувањата во јавниот сектор, Николовски посочи дека на последната владина седница беше усвоен новиот Кодекс за етичко однесување на Владата и функционерите, кој предвидува значително построги правила и принципи во делот на отчетноста, не само на министрите, туку и за сите функционери, како што се директори на јавни претпријатија, агенции, АД во државна сопственост. Сите функционери до најниско ниво веќе поднесуваат изјави на интерес и имотна состојба. Но, сега задолжени да го прават истото ќе бидат и нивните советници, со цел да се спречи конфликтот на интерес и кај нив. Посебен член назначен од Владата ќе ја надгледува имплементацијата на Кодексот и ќе има право, доколку утврди непочитување, директно да го опомени функционерот, да му побара оставка и да предложи разрешување на седница на Владата.Николовски истакна и дека во најкусо време ќе предложи и формира тим за следење и кратење на дискреционите права на министрите и директорите.„Ќе се подготват измени во законите кои предвидуваат широки дискрециони овластувања. Реформата ќе биде крупна и капитална, најавувам дека со неа ќе се опфатат значаен број закони. За ова барам широка политичка поддршка од сите политички чинители, првенствено вклучувајќи ја опозицијата, но секако и невладиниот сектор како и целата експертска јавност“, изјави Николовски.

Македонија | пред 5 години

bitola-maz

ВИДЕО: Полицијата во Битола брутално претепува маж

Полицијата во Битола брутално претепа маж. На социјалните мрежи се споделува видеото со коментар:Ромите не се граѓани од втор ред. Во објавата уште се вели:Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите.https://www.facebook.com/ramis.rusidov.5/videos/877583289440553/

Македонија | пред 5 години

42321838_305002373633592_8307820129018707968_o

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа им порача да им служи на чест.„Ако не бев во овој обвинителен акт, послободно ќе можев да делувам. Бев обвинувана дека ќе се пазарам, сега ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа. Вербално, секако. Жал ми е што 4 години требаше да се докажуваме. Со овие аргументи, се докажа спротивното од тоа што го тврдеше Мицкоски и компанија, па сега, можеме лично да се пресметаме на еден дуел, ако мисли да треба да излезе со мене. Можеби не се чувствува достоинствено да излегува со некои бивши функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство, би сакала очи во очи да се пресметаме кој одработувал за оваа власт, дали ние или тој“, рече Рангелова. 

Македонија | пред 5 години

pasosh

Пасоши и лични карти со новото уставно име на државата од следната година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.- Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и очекувам дека многу скоро веќе ќе има конечен датум од којшто ќе почнат новите пасоши, изјави денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.Важно е, дополни, што постоечките патни исправи и обрасци се употребуваат и државата има најдено начин за тоа до моментот додека да се направат новите и со самиот момент на можност за печатење и за имплементација на тој проект и ќе започнеме со тоа, така што, очекувам во 2021 година да започнеме со имплементација на овој проект.

Македонија | пред 5 години

komunalec

ЈП Охридски Комуналец го чисти охридското пристаниште

Во текот на денешниот ден од страна на надлежните екипи на ЈП Охридски Комуналец беше спроведена акција за чистење на охридското пристаниште.Притоа собрани се поголеми количини ѓубре крај брегот на езерото.

Македонија | пред 5 години

sead-kocan

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените 6 години од кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од кривичниот суд беше изречен во јули 2018 година.„Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Во истиот предмет, условно осуден од Апелацискиот суд беше Василије Авировиќ, син на експратеничката Владанка Авировиќ, иако кривичниот суд му одреди три години затворска казна.Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.извор: Макфакс 

Македонија | пред 5 години

24092020_PVRSM_MZ_MTSP_sredba_2

Заев, Шахпаска и Филипче со родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство: Ќе покажеме максимална флексибилност

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Владата на Република Северна Македонија се сретнаа со тројца родители, претставници на родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство поради пандемијата со КОВИД-19, а кои реагираа на одлуката на Владата на 23 септември 2020 година сите родители на деца од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември.Претставниците на родителите упатија барање до Премиерот и министрите за времено продолжување на мерката за продолжено породилно отсуство од еден до два месеца, со цел полесна адаптација на новонастанатата ситуација и поефикасно згрижување на нивните деца.Претседателот на Владата Заев ги увери родителите дека приоритет на Владата е здравјето и благосостојбата на децата и сите нејзини граѓани и дека Владата ќе покаже слух и разбирање за нивните барања, особено за специфичните барања и потреби на одредени групи родители.„Земаме обврска да ги разгледаме вашите барања и потреби и да ви дадеме повратен одговор  во најкус можен рок. Ќе покажеме максимална флексибилност за одредени специфични случаи. Што се однесува до епидемиолошката слика, ние будно ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и следствено, секогаш размислуваме за донесените одлуки, нивната оправданост и потребата за нивна корекција. Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата“, подвлече Премиерот.Министерот Венко Филипче истакна дека секоја новодонесена мерка отвора нови прашања и дека мерките ќе трпат промени согласно новонастанатата ситуација и специфичните потреби на одредени родители.„Со соодветна медицинска документација, родителите на деца кои влегуваат во ризична група, може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа. Сепак, ќе нагласам дека најмалите деца имаат прилично висок имунитет и  досега немаме случај на сериозно заболено дете од оваа популација“, истакна министерот Филипче.Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги увери родителите дека, согласно сондажите што ресорното министерство ги прави на терен, во градинките има многу слободни места за сите оние родители кои досега не ги запишале своите деца.„Нашите инспектори будно ја следат состојбата на терен и ве уверувам дека ситуацијата е целосно контролирана. Исто така, упативме апел до родителите кои ги запишале своите деца во градинка, а не ги носат, да ги ослободат местата за родителите на кои ваквото згрижување им е неопходно. Овој процес понатаму треба да го следат и контролираат градинките и општините“, подвлече Шахпаска.На крајот на средбата премиерот Заев и двајцата министри им ја пренесоа на родителите цврстата решеност целосно да бидат во дослух со нивните потреби и дека Владата ќе ги носи одлуките секогаш имајќи го предвид нивниот најдобар интерес.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје: На 193 пријавете оган на отворено, продолжува борбата против аерозагадувањето

На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Оваа кампања која игра сериозна улога во намалувањето на аерозагадувањето во Скопје се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати.Знаеме дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но тоа често е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно сместување. Она што претставува дополнителен проблем е што во ваквите случаи овие луѓе најчесто горат пластика, гуми, неквалитетни дрва и друго кои многу придонесуваат за загадување на воздухот. Четврта година по ред одговорно му пристапуваме на овој проблем. Подаваме рака на сите сограѓани. Сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот. Но, истовремено водиме грижа и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Град Скопје преку сопствениот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година - 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.-         Од тие причини уште еднаш ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Тука сакам да нагласам дека телефонското пријавување преку 193 е најбрзиот и најефикасниот начин на пријавување. Тоа е бројот на противпожарната единица која е единствената служба која има брз и проверен систем за реакција и ги покренува сите потребни служби со цел мешаните тимови навреме да излезат на терен. Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, односно огновите ќе бидат изгаснати, а нашите сограѓани кои ги палат огновите заради затоплување ќе бидат упатени во еден од згрижувачките центри. Затоа, наместо објавување на Фејсбук или на другите социјални мрежи ги повикувам граѓаните да пријавуваат исклучиво на 193. Природата на оваа работа е таква што тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е телефонскиот повик на 193. Се друго е непотребно губење време – нагласи Шилегов.Оваа кампања, заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.На денешната прес-конференција присуствуваше и командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Скопје | пред 5 години

carovska

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска го посетија основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, каде што разговараа со наставниците за подготовките за почетокот на училишната година.Министерската Царовска нагласи дека оваа училишна година почнува во услови на пандемија, со многу предизвици, но она што е важно е сите заедно да покажеме грижа кон децата и нивниот развој и затоа наставата мора да почне.„Помина обуката на националните тренери, секој од нив обучи по 40 наставници, што значи околу 1.600 наставници, коишто сега ја спуштаат обуката во самите училишта. Од денеска  лозинките за пристапување на учениците ќе се доставуваат до директорите и тие треба да ги спуштат на ниво на одделенија, за да може да влеземе во тестирање на платформата и нејзино оптоварување, со цел да ги видиме перформансите. Целиот процес е динамичен, го водиме транспарентно“, изјави министерката Царовска.Учебната 2020/2021 носи многу предизвици, а министерката ја посочи подготвеноста за прилагодувања во од, согласно промените на епидемиолошката состојба.„За да овој процес биде успешен и да имаме добра учебна 2020/2021 година, навистина ни се потребни сите наставници, сите директори, синдикатот, родителите и учениците за да може да се прилагодуваме согласно настанатите услови. Ковид е состојба која мораме со заеднички сили да ја надминеме најдобро што можеме, секако да се грижиме за здравјето на наставниците и учениците, но и да се погрижиме образованието да тече со квалитет што ќе може да се обезбеди во една ваква пандемија“, укажа Царовска.Градоначалникот на општина Кисела Вода, Темелковски, рече дека ова е една од редовните координации со МОН за одвивањето на подготовките и постапувањето по протоколите за почеток на наставата.„Општина Кисела Вода целосно ги почитува сите препораки. Дополнително како општина, со ребаланс на буџетот, за сите општински училишта ќе обезбедиме дополнителни средства за обезбедување технички помагала, така што сите училишта ќе бидат целосно подготвени за да можат да отпочнат со онлајн настава. Само преку координација и соработка меѓу сите министерства и институции може полесно да ја поминеме оваа состојба и да обезбедиме квалитетна едукација за најмладите, а тоа е основна цел на секое училиште“, изјави Темелковски.За синдикатот, важно е што сите чинители на воспитно-образовниот процес заеднички соработуваат, зашто само така може, во период на пандемија, навреме и успешно да почне новата учебна година.„Во духот на коректниот социјален дијалог и партнерство денеска сме овде повеќе социјални партнери на повеќе нивоа, коишто директно сме инволвирани во подготовка и реализација на образовниот процес. Ние како синдикат, организација којашто се грижи за обезбедување на правата на нашите членови, на вработените, денес може да констатираме во однос на подготовката на ова основно училиште, се разбира и на другите основни и средни училишта на национално ниво, до каде се подготовките во однос на обезбедување на мерките од протоколите, подготовките за обезбедување техничка поддршка за онлајн настава, до каде се препораките за обезбедување здрава работна средина на вработените во период на пандемија, како ќе се организира физичката настава, како ќе се делат групи, како ќе функционира онлајн наставата. Ова е добар пример на заедничка соработка на сите чинители на воспитно-образовниот проце. Ние како синдикат сме тука за да помогнеме на актуелните власти кои ја имаат најголемата одговорност за обезбедување коректни услови за отпочнување на учебната година. Тука сме за да бидеме коректори, да бидеме гласни, да укажуваме за сè она што не е направено, а мора да се направи за да сите заеднички, безбедно и успешно ја почнеме и завршиме оваа учебна година“, изјави Неделков.

Македонија | пред 5 години

janusev-1

Јанушев до Русковска: Паричката има две страни, нели обвинителке?

Русковска како доказ доставила вештачење од невропсихијатар во кое пишувало дека кај неа има лутина кон тужените, анксиозност и загриженост, напиша Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.Русковска како доказ доставила вештачење од невропсихијатар во кое пишувало дека кај неа има лутина кон тужените, анксиозност и загриженост.Нека и каже некој дека нема граѓанин во Република Македонија што не го осеќа истото кон неа, а сигурен сум дека не би било лага ако кажам дека и многу повеќе! И не само кон неа, туку кон сите кои се дел од мафијата.Можеби е добро сите да поднесеме тужби, м?И уште една работа, ако главната обвинителка чувствува страв и лутина кон ВМРО, тоа значи дека сериозно е доведена во прашање нејзината објективност во работењето, што пак е основен принцип на работа за еден обвинител. И кога говори за нејзините чувства, нека се запраша за чувствата на оние мајки, сестри, родители чии чеда неправедно ги гони и се под политички прогон.Паричката има две страни, нели обвинителке?https://www.facebook.com/i.janusev/posts/670774510310886

Македонија | пред 5 години

Osmani

Османи: Како нова Влада, како највисок приоритет ги поставивме добрососедските односи, со особен акцент кон интензивирање и поддршка на регионалната соработка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на редовниот министерски состанок на земјите членки на Централно Европската Иницијатива (ЦЕИ), посветен на изнаоѓање начини за поуспешно прилагодување кон новата нормалност во сегашниот и пост Ковид-19 период.„Пандемијата покажа колку сме како земји ранливи соочени со предизвиците на КОВИД19, особен ние, земјите од Југоисточна Европа, но во исто време, Пандемијата покажа дека имаме и волја, и капацитет за европски пристап во справувањето со овие предизвици, преку ефикасна меѓусебна соработка, како и соработка со институциите на Европската Унија“, истакна Османи, посочувајќи притоа на регионалните предизвиците кои следат: овозможување на слободно патување на граѓаните и непречено одвивање на транспортот; зајакнување на трговијата и отворање на туристичките капацитети како сегмент на економската соработка; па се до размена на информации и најдобри практики во рамките на здравствените протоколи, и епидемиолошките сознанија.„Како нова Влада, како највисок приоритет на нашата надворешна политика ги поставивме добрососедските односи, со особен акцент кон интензивирање и поддршка на регионалната соработка, што соодветствува со темата и на актуелниов форум.“ истакна Османи, потенцирајќи притоа дека регионалната соработка треба да се гледа низ призма на и во насока на поддршка на политиката на проширување на Европската Унија кон земјите од западниот Балкан, за што изрази надеж дека ќе остане приоритет на Унијата и во претстојниот период.Во своите обраќања, Министрите потенцираа дека главен приоритет во справувањето со пандемијата останува здравјето на граѓаните и минимизирање на последиците врз здравствените системи, но истовремено беше потенцирано дека рестартирање на економијата и адресирање на социјалните импликации од економскиот пад, стануваат клучни предизвици за воспоставување на новата нормалност.Министерската видео конференција е дел од редовните годишни состаноци организирани од страна на претседавачите со иницијативата. Покрај министрите за надворешни работи од 18-те земји членки на Иницијативата, на Конференцијата учествуваа и други високи претставници на Европската банка за обнова и развој, Светската здравствена организација, Советот на Европа, ОБСЕ, Регионалниот совет за соработка како и Комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Уапсени петмина тетовски лопови кои во август ограбија мајка и ќерка - кај двајца од нив најдена дрога и оружје

Петмина тетовци, меѓу кои и 17-годишник, вчера биле уапсени поради разбојништво кое го извршиле на 9 август во стан на ул. Маршал Тито во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка.Вчера, исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на двајца од приведените, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци.Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Македонија | пред 5 години

stop-policija

Посебен сообраќаен режим утре и задутре поради посетата на словенечкиот претседател

На 25 и 26.09.2020 (петок и сабота), Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета  на претседателот на Република Словенија, Н.Е. г. Борут Пахор на Република Северна Македонија.Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани - учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 5 години

24-09-2020-Kuzeska

Кузеска: Со изборот на Мизрахи за член на Извршниот комитет, Мицкоски ја потврди антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ

Со изборот на членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со сигурност ја потврди режимската матрица на оваа партија со која всушност раководи Никола Груевски.Составот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, скроен по желба на Христијан Мицкоски има единствена цел да му ја спаси лидерската фотелја во белата палата, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Со изборот на Рашела Мизрахи, за член на Извршниот Комитет, се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, истата која како министерка во техничката Влада, ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, за што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата.Наместо да работи на обезбедување услови за фер и демократски избори, што е и главната е единствена функција на техничката Влада, Мизрахи спроведуваше евтин популизам, водена од партиските интереси и интересите на Мицкоски, за што и беше разрешена од Собранието на Република Северна Македонија.Главната цел на Мицкоски, која што се обидуваше да ја реализира преку Мизрахи беше да се поткопа успехот на државата и да се загрози процесот за влез во Европската Унија.Мицкоски и неговиот Извршен Комитет немаат намера да делуваат конструктивно, ниту сакаат државата да ја видат во ЕУ.Единствената цел е спас на Христијан Мицкоски и спроведување на наредби од Никола Груевски.Со Мицкоски и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува недемократска партија, посветена само на одбрана на криминалот.Граѓаните тоа го гледаат и токму затоа три пати по ред ги казнуваат, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

TalkingHands-PR

Прв веб речник на Македонски знаковен јазик „РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ”

Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста. www.znakoven.mkРечникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви “ТИШИНА” – Карпош со поддршка  на Министерството за Надворешни работи  на кралството Норвешка, Меѓународната фондација “Борис Трајковски“  и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.Преку проектот “Раце што зборуваат” се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи но и за сите заинтересирани во  Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.Длабоко сме убедени дека преку овој проект се отвара нова страница во Македонското  општество за зголемена рамноправност помеѓу глувите лица и лицата што слушаат со цел да се обезбеди подобра комуникација, социјална инклузија на глувата популација како и подигање на јавната свест за нивните потреби.

Македонија | пред 5 години

heroin-111

Поведена истрага за недозволено поседување хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.Имено, 39-годишната осомничена, во домот во кој престојувала на улица „Никола Тесла“ во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 22,68 грама, спакувана во повеќе различни пакувања. Дрогата била пронајдена на 22 септември, при претрес на нејзиниот дом.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на оомничената и можност таа да го повтори кривичното дело.​​

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Реновиран Центарот за дијабетес при Универзитетската Клиника за ендокринологија

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче вчера ја посети Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот, каде е извршена реконструкција на амбулантско-поликлиничкиот дел за прием на пациенти со дијабетес - Центарот за дијабетес.„На Клиниката за ендокринологија комплетно реновиравме 5 дијабетолошки амбуланти, направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти со ургентни дијабетолошки компликации. Исто така, отворен е Кабинет за дијабетично стапало и опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест. Пациентите со дијабетес може да имаат сериозни и несакани последици од ковид инфекција и затоа посебно се водеше сметка да се осовремени Центарот за дијабетес со цел спроведување на посебните протоколи кои се неопходни при преглед на амбулантски болни во услови на пандемија. Изминатиот период имавме сериозни инфраструктурни зајакнувања на здравствени установи кои и во услови на пандемија со ковид-19 непречено продолжуваат, а таков е примерот и со оваа Клиника.“, - истакнува министерот Филипче по посетата на оваа установа.Во оваа установа регулиран е протокот на болните, дефинирани се патеки на движење во согласност со протоколите за одржување на дистанца, сите амбуланти се опремени со UV ламби со цел темелна дезинфекција на просторот.,,Изминатиот период на Клиниката целосно беа реновирани одделот за интензивна нега, дел од болничкото одделение и собата за изолација. За офталмолошкиот кабинет беше набавена фундус камера, биомикроскоп за преглед на предниот очен сегмент и апарат за бесконтактно мерење на очен притисок, а оваа јавно-здравствена установа е вклучена во интернационален проект од светски рамки за ран скрининг на компликации од дијабетична ретинопатија. Набавени се и два ехо апарати за преглед на тироидна жлезда, за ендокринолошката амбуланта", вели директорката на установата д-р Саша Јовановска Мишевска.Овие активности се дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. Со несмалено темпо продолжуваме да го подигнуваме нивото и квалитетот на здравствена заштита и значително да вложуваме во инфраструктурното зајакнување на установите.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања