Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

image2

Општина Центар е првата општина која поднесе мислење до МОН за физичко присуство на учениците

Денеска, Советот на Општина Центар ја одржа 10. вонредна седница.Советниците расправаа и ги усвоија Предлог-мислењата за физичко присуство на учениците во четири основни општински училишта за учебната 2020/2021 година.Врз основа на овој став, Општина Центар ќе поднесе Мислење до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, за одобрение и давање позитивно мислење од страна на Комисијата за образование за физичко присуство на учениците за учебната 2020/2021 година, согласно безбедносните протоколи за одвивање настава во основните училишта.Центар е првата општина и единствена од Град Скопје, која презема иницијатива за одвивање на наставата со физичко присуство за учениците во учебната 2020/2021 година. Имајќи предвид дека основните училишта во Центар работат во една смена, истите се подготвени и располагаат со потребните  капацитети и услови за почитување на мерките и протоколите пропишани од страна на Владата на РСМ и Министерството за здравство.Во барањето до Министерството за образование и наука, Општина Центар ќе бара одобрение и позитивно мислење за реализација на наставата со физичко присуство за учениците од шестите одделенија во основните училишта „Ј.Х.Песталоци“ и „Св. Кирил и Методиј“, заради изучување на предметна настава, додека во основните општински училишта  „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“, комплетна реализација на наставата во сите одделенија.Општина Центар е комплетно подготвена за почетокот на новата учебна година. Преземени се сите безбедносни и хигиенски мерки, училиштата се обезбедени со потребните дезинфекциони средства, училниците се адаптирани за почитување на потребното растојание, поставени се потребните локатори и скалести обележувачи за движење на учениците и воспитно-наставниот кадар е подготвен и обучен за примена на пропишаните протоколи за безбедно одвивање на наставата за учебната 2020/2021 година. 

Скопје | пред 5 години

dimce-1

Арсовски: Кирацовски призна на Суд дека бил на состанок за Старечки дом со Силјан Мицевски, Боки 13 и Наташа Петровска

Денеска се одржа рочиште во кое портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски е тужен од поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, г. Александар Кирацовски.Рочиште кое беше одложувано неколку пати, но конечно еве седнавме во судските клупи и можевме да покажеме она што треба да го кажеме односно граѓаните да имаат што да чујат.Во интерес на денешното рочиште кое што се одржа морам да истакнам неколку работи иако не присуствуваа медиумите. Тука сум јас јавно да ги кажам кои што се во интерес на јавноста бидејќи сум сепак тужен за еден предмет каде што ме обвинува господинот Кирацовски мене како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за клеветење поврзано со случајот „Рекет“, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Она што интересно е што денеска господинот Кирацовски пред судот, пред нашите полномошни адвокати, пред мене лично одговори на неколку прашања на кои што умешно, вешто, свесно или несвесно, а тоа треба самиот да каже изминатата година и повеќе ги одбегнуваше да ги одговори на јавноста. Денеска тој јавно призна пред судот дека се познавал, лично се познавал со г. Силјан Мицевски имено бизнисмен од неговиот град од каде е тој избран во тоа време за пратеник од редовите на СДСМ. Се познавал лично со градоначалничката на Општина Битола, г-ѓа. Наташа Петровска и заедно со уште едно лице тоа е г. Бојан Јовановски познат во јавност како Боки 13 на состанок повикан од страна на овие луѓе вклучително и на бизнисменот Силјан Мицевски да присуствува на состанок поврзан за изградба на старечки дом во Општина Битола, нормално инвеститор каде би бил г. Силјан Мицевски.Ова е една друга димензија на целиот случај вклучително и на случајот каде што јас сум клеветен. Ова се прашања, практично кои што беа јавно поставени претходно на наши јавни настапи, беа поставени од медиумите, беа поставувани од граѓаните кои што беа целите во прашалници, вклучително и на мојата прес конференција.Еве уште еднаш јавно го повикувам господинот Кирацовски во интерес на вистината да излезе уште еднаш да каже во кое својство бил на тие состаноци со овие луѓе кои што ги споменав, за кои што лично призна дека лично се познава и дека присуствувал на таков состанок, што всушност правел на тие состаноци, и како што имаше одговорено јавно на новинарско прашање, дека пратениците кои што доаѓаат од одредени места имаат право и интерес да лобираат за одредени работи.Сакаме да прашаме за што всушност тој имал интерес и лобирал во однос на овој предмет и овие луѓе еве јавно уште еднаш ги поставуваме овие прашања. Нејасно беше зошто беа избегнувани одредено време повеќе од година дена, нејасно беше зошто тогаш не беа одговорени вака јавно и транспарентно како што денеска ги одговори во Судот на денешното рочиште. Можеби сакал свесно да скрие од јавноста но тоа е веќе неважно. Важно е дека денеска одговори дека лично се познава со овие луѓе, дека лично седел на состанок. Сега остана уште непознато, при што уште еднаш еве го повикувам да каже која било неговата улога на тие состаноци? Што всушност се зборувало и што всушност правел на тие состаноци во интерес на јавноста. Уште еднаш сакам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и вчера потпретседателот Николоски, за истиот случај „Рекет“, тужен од страна на премиерот Зоран Заев. Денеска јас како тужен од страна на тогашниот пратеник, Александар Кирацовски.Морам да потенцирам дека овие тужби кон нас, на кои беа поставени прашања кои всушност, еве веќе полека излегуваат на виделина, можеме да ги оцениме само како еден политички притисок, да јавноста биде доведена во заблуда по одредени прашања. Но, еве уште еднаш ќе потенцирам по трет пат, после признавањето за личните познанства на господинот Кирацовски, кој што денеска ги изнесе во судот, уште една сакам да прашам, која била неговата улога на тие состаноци, што се разговарало и за што тој имал можност да лобира во своето место на живеење, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

filipce-2

Филипче: Целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница, интензивно работиме на проектот за нова градска болница

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ каде целосно е реновиран третиот кат на установата, обновена е фасада, а набавени се и санитетски возила и нова медицинска опрема.„Завршен е уште еден дел од реконструкцијата на установата, благодарение на проектот на Министерството за здравство, но и бројни општествено одговорни компании. Третиот кат од болницата е целосно реновиран, опремен со нов под, прозорци, кревети, душеци, инсталација на лифт, а обновена е и старата фасада. Ова е зграда што потекнува од 20-тите години од минатиот век. Благодарение на ангажманот на директорот и целиот стручен колегиум, пациентите добиваат подобри услови за лекување, а вработените подобри услови за работа “, потенцира министерот Филипче и додава дека истовремено интензивно се работи на проектот за нова градска болница, којашто би требало да биде лоцирана во населбата Аеродром.Установата има и три нови санитетски возила, поради тоа што оваа болница има договор за третман на спортски повреди, заедно со фудбалската федерација, и тие се целосно опремени согласно најсовремени стандарди.Директорот на специјалната болница д-р Љубен Арсенков информира дека од почетокот на пандемијата болницата беше одредена како установа во која ќе бидат третирани пациенти коишто не се заболени од ковид, а кои имаат потреба од хирурша услуга.„За овие шест-седум месеци во Клиниката услуги добиле околу 65 илјади пациенти и изведени беа околу 1.200 хируршки интервенции. Тоа е се благодарение на пожртвуваноста, високопрофесионалниот однос и стручноста на медицинскиот персонал во Клиниката за хируршки болести, позната како стара Градска болница. Со задоволство можам да истакнам дека овој период се карактеризираше и со еден огромен одзив на општествено одговорни компании и поединци, коишто со свои донации, во висина од околу 400 илјади евра, придонесоа клиниката вака да изгледа. Се надеваме дека продолжувањето на реконструкцијата, предвидена од страна на Министерството за здравство во наредниот период ќе доведе до воспоставување на уште повисоки стандарди за лекување на болните, а пациентите ќе бидат позадоволни од условите во установата“, изјави директорот Арсенков.

Македонија | пред 5 години

Vangelovski-Jovo

Екс претседателот и судија на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска седна на обвинителна клупа

По околу половина година откако и официјално е разрешен од функцијата претседател и судија на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска седна на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје.  За денеска беше закажан стартот на судскиот процес во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба, но на негово барање, поради неподготвена одбрана, првото рочиште се одложи, објави 360stepeni.mk. Вангеловски треба да се брани од обвинението дека како претседател на Врховен не ѝ исплатил додаток на плата на својата колешка, врховната судијка Лидија Неделкова.Во судот се појавија и тој и Неделкова, како и обвинителката Спасенка Андоновска. Неделкова дојде со адвокат, а Вангеловски се појави сам.„Обвинителниот предлог го примив 21.9.2020, непосредно пред одржување на рочиштето. Тоа е недоволно време согласно закон за да ја подготвам мојата одбрана. Видов и дека се предлагаат неколку писмени докази кои не ми беа доставени и со самото тоа ми е оневозможено подготвување на одбраната, односно нееднаквост на странките. Од тие причини барам одлагање на денешната расправа“, рече Вангеловски додавајќи дека дополнително ќе ангажира и свој бранител.Надлежна судијка во овој предмет е Даниела Алексовска-Стојановска, која во консултација со странките следното рочиште го закажа за 29 октомври. Текстот во целост на: 360stepeni.mk.  

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Лекарската комора реагира на настапите на некои доктори по медиумите

Лекарската комора предупредува дека индивидуалните и неаргументирани тврдења за ковид-19 на доктори и здравствени работници населението може да ги сфати сериозно, а со употребата на термини како „грешки во лекување” се нанесува директна штета на угледот на целата лекарска фела и се создава страв и недоверба кај граѓаните во здравствениот систем и здравствените работници.„Лекарската комора најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чиишто ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со ковид пациенти. Со ова целосно се девалвира трудот на докторите кои се вклучени во лекувањето на заболените со ковид-19. Докторите и здравствените работници не смеат да заборават дека нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец треба да даде придонес и поддршка на своите колеги кои работат со пациентите со ковид -19. Голем број здравствени работници дури и доброволно се вклучија во борбата со ковид -19 и сé уште се во жариштата на епидемијата во земјава, а борбата со вирусот и натаму ни претстои, до пронаоѓање на вакцина или лек““, велат од Лекарската комора.  

Македонија | пред 5 години

hristo

Финални подготовки во ОУ „Христо Узунов“, променета дограма, во тек е реконструкција и на сите санитарни јазли

Со континуирани инвестиции придонесуваме за подобрување на условите во ОУ „Христо Узунов“.Веќе започнаа активности за промена на дограмата во сите училишни простории, напиша а својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава дека вредноста на проектот е 3 милиони денари и истиот се реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Со средства од буџетот на Општина Охрид во тек е реконструкција и на сите санитарни јазли во училиштето.Според планираното, наскоро треба да започне поставување на нови подови во сите училници.Минатата година со средства од општинскиот буџет, дотраениот азбестен покрив на ова училиште беше заменет со современ лимен покривач.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/684477055491234

Македонија | пред 5 години

porta-2

Ќе се отстранат ли Портата и споменикот на Мајка Тереза? Владата доставила барање до општина Центар

Владата доставила барање до Општина Центар од новиот детален урбанистички план „Мал ринг“ да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза. Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ која беше формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година, за овие два објекти кажа дека се дивоградби и при нивната изградба прекршени се низа закони.Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека за време на јавната анкета за Деталниот урбанистички план добиле барање и од Владата да се избришат овие два објекти. Сега чекаaт одговор од Министерството за култура под чија надлежност се овие објекти, дали се согласуваат и тие со ова барање, по што ќе може да бидат тргнати од планот.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Скопје | пред 5 години

4-2

Училиштата во Аеродром подготвени за почетокот на учебната 2020/21 година

Осумте основни училишта во Аеродром подготвено го чекаат стартот на учебната 2020/21 година под нови услови и со нови протоколи.Во изминатиот период беа реконструирани и реновирани зградите на основните училишта, што опфати молерисување, обнова на тоалетите, замена на подовите, на прозорците и влезните врати, а беше извршена и повеќекратна дезинфекција на училишните простории.За училиштата и за учениците Општина Аеродром за првпат набави нова спортска опрема и облека, училишни униформи и ИКТ-опрема, смарт-табли, прожектори и дидактички материјали.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Обновена улицата Благоја Стефковски во Гази Баба

Со ноќното бележење на улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба цел месец пред предвидениот рок завршија  градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Втората фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.Вредноста на договорот за реконструкција на овој дел од улицата Благоја Стефковски изнесува околу 13,4 милиони денари со пресметан ДДВ, а рокот за изведба беше 60 дена.Минатата година беше реконструиран потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков, а во  третата фаза од реконструкцијата на оваа улица  е предвидено да биде опфатен потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје - Белград,  со што целосно ќе биде реконструирана главната улица што  ги поврзува населбите Маџари и Ченто.Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од  приоритетите на Град Скопје и се завршуваат во рекордно кратки рокови. 

Скопје | пред 5 години

25092020_ZPVRSM-Nikolovski_MP-Marichikj_pres-konferencija_4

Извештај на ГРЕКО: Северна Македонија ја напушта групата на „глобално незадоволителни“ држави

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, и министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска ги презентираа препораките од најновиот извештај на Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите – ГРЕКО. На вчерашната пленарна седница, ГРЕКО нотираше значаен напредок на Република Северна Македонија во делот на исполнување на препораки од четвртиот круг на евалуација. ГРЕКО констатира дека Северна Македонија прави голем исчекор – досегашната оценка за усогласеност со дадените препораки на ГРЕКО која беше „генерално незадоволителна“, сега се искачува на „задоволителна“.„Позитивно сме оценети за носењето на Етичкиот кодекс за пратеници со одредби за спречување на конфликт на интереси, за примање подароци, како и со конкретни санкции за пратениците кои не ги почитуваат одредбите од Кодексот. ГРЕКО позитивно го оцени носењето на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси со кој се проширени надлежностите на ДКСК, и притоа нотира дека Законот утврдува едноставна и електронска форма на Изјава за темелна проверка на имотот и конфликтот на интереси на функционерите, за што е надлежна исклучиво ДКСК“, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човек ресурси, Љупчо Николовски.Министерот за правда, Бојан Маричиќ, посочи дека Владата ќе продолжи уште попосветено да работи на исполнување на препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, на тема: „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.„ГРЕКО го констатира фактот дека последните два мандати министрите за правда не присуствуваат на седниците на Судскиот совет, како и дека со новиот Закон за Судскиот совет правото на глас на министерот за правда во Судскиот совет е одземено. Преземени се мерки за јакнење на независноста, департизираноста и интегритетот на судиите поротници. Усвоен е Кодекс за судска етика, Водич за негова примена и формирано е тело за негова имплементација. Сето ова е посебно поздравено од ГРЕКО, а особено одредбите за забрана за примање на подароци и услуги. Донесен е нов Закон за судови во кој се утврдени многу попрецизно од порано основите за дисциплинска одговорност на судиите.  Донесен е единствен Етички кодекс на јавните обвинители усвоен од Државниот јавен обвинител кој ги обврзува сите јавни обвинители во државата. Донесен е нов Закон за јавното обвинителство чија содржина, особено во врска со санкциите и дисциплинските мерки за јавните обвинители ГРЕКО ја поздравува“, изјави министерот Маричиќ.Инаку, станува збор за деветнаесет препораки кои беа објавени во 2014 година и се однесуваа на превенција на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството. До 2018 година се спроведени две оценувања, тогаш ГРЕКО констатираше дека голем број од препораките не се имплементирани. Во дадениот рок за спроведување на препораките односно до септември 2019 година, ГРЕКО констатира дека Северна Македонија од сите 19 препораки, нема исполнето само две препораки, односно дека целосно исполнила девет, а делумно исполнила осум препораки во однос на „Превенцијата од корупција во Парламентот, судството и јавното обвинителство“, со што ја напушта групата на „глобално незадоволителни“ држави.

Македонија | пред 5 години

23-09-2020-Kostadinov

Костадинов: Составот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека тоа е нереформирана, назадна партија

Составот на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува деструктивната и антидржавна матрица во која е заглавено ВМРО-ДПМНЕ.  Во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец губитникот Христијан Мицкоски си скрои извршен комитет составен од докажани деструктивци кои работат против интересите на граѓаните и државата, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.Костадинов додава:Меѓу нив е и Гордана Димитриевска Кочовска, дополнителната заменичка министерка во преодната Влада.По налог на нејзиниот шеф Мицкоски, Кочовска намерно блокираше заем од Светска банка во висина од 90 милиони евра, пари кои во најголем дел беа наменети за зајакнување на здравствените капацитети во борбата против коронавирусот.Кога не блокираше заеми, Кочовска редовно пласираше лажни вести преку кои се обидуваше да внесе вознемиреност меѓу граѓаните.Со таквото дејствување, Кочовска застана против интересите на граѓаните и државата, застана против здравствениот систем.За целиот период во Владата како дополнителна заменичка министерка, граѓаните од Кочовска не видоа ништо освен деструкција и лажни вести.Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски а раководена од Будимпешта, останува нереформирана, назадна и деструктивна партија посветена на одбрана на криминалот во сопствените редови.Со таквиот нечесен, незрел и неодговорен однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште долго остануваат во опозиција, истакна Костадинов.

Македонија | пред 5 години

policija-123

Македонски полициски синдикат: Стоп за нападите врз полициските службеници

Македонскиот полициски синдикат , како единствен реперезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи на РСМ , НАЈОСТРО го осудува вчерашниот настан ,  кога  група на граѓани кои вршеле бесправна сеча на дрва , односно  дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници кај селото Степанци  , во општина Чашка , при што со потешки телесни повреди се здобиле наши членови , односно полициски службеници !Македонскиот полициски синдикат го известува своето членство и целокупната јавност во нашата држава , во континуитет работи и сериозно се  залага на тоа да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системски недостатоци , во контекст на отстранување на  недостатоци во системот  на заштита на нашите колеги .Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман  , но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позицијата на полицискиот службеник  во делот на неговата лична безбедност и заштита на неговото здравје .Трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат  работните обврски  и задачи , спроведувајќи го законот  , МОРА ДА ЗАПРЕ !Сметаме ,   уверени сме  и стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник , односно било какво девијантно однесување кон , пред се -  луѓето , кои секојдневно се грижат за безбедноста , редот и мирот во нашата држава  , на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македионија !Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок , притоа паралелно да се заостри казнената политика , со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници   !Како синдикат , сметаме дека ова е единствениот начин  , за да бидеме сигурни , дека во случај на напад врз полициски службеник , институциите ќе реагираат брзо и ефикасно , за да сторителите бидат најстрого санкционирани .Напоменуваме дека за сите наши активности  , ќе бидат известени сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ , членки на Советот на Европските полициски синдикати во кои членуваат околу 250.000 полициски службеници , со барање  истите будно да ја следат сосотојбата со појавата на напади врз полициски службеници во нашата земја  , на активностите и правните исходи , од понатамошните одлуки на надлежните органи и институции .Македонскиот полициски синдикат , секогаш ќе биде на страната на полицајците кои чесно , одговорно и професионално ги извршуваат своите работни обврски и задачи !Само на тој начин ќе придонесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како институција која е во служба на граѓаните . Професија која е главен столб и постулат во РСМ и ја  гарантира државноста , безбедноста , сигурноста и истовремено – пријател и заштитник на граѓаните  .На крај , ги охрабруваме сите полициски службеници да ги пријават сите вербални или физички напади врз нив и да не потклекнуваат  на било какви притисоци .Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање .Македонскиот полициски синдикат во континуитет вложува труд и беспрекорен напор  во заштитата на безбедноста по здравјето на нашите членови како и во унапредувањето на правата од социјален аспект на нашите членови  , на заштита на ликот и дигнитетот на полицаецот и полициската професија и еснаф и нема   никогаш , уште еднаш повторуваме , никогаш нема да дозволиме   , дури и во вакви изолирани случаеви , сторителите на  физички и вербален напад врз полициските службеници , да поминат без одговорност и соодветна казна  !

Македонија | пред 5 години

stefanovski

Стефановски: Над 100.000 граѓани живеат со 50 денари на ден и немаат за леб, а Заев троши милиони за кондоми

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а  немаат ниту за леб, а Заев дава неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти. Набавка на 187.000 кондоми и 50.000 лубриканти на државна сметка во време на огромна сиромаштија и страшна пандемија е класично расипништво и расфрлање со нашите пари, истакна Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Владата ќе потроши неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, а нема ниту денар за компјутери или брз интернет за децата кои ќе мора наставата да ја следат од дома, а кои дел од нив немаат за компјутери, а дел немаат брз интернет. Но секако тоа не е важно за власта, бидејќи изборите поминаа, а со тоа и потребата да се покаже грижа за народот исто така.Функционерите во зградата зад мене мислат дека си обезбедиле четири години мандат, со високи плати, големи привилегии и моќ, и со тоа автоматски можат да прават што сакаат.Имаат пари да одвојат неколку милиони за кондоми и лубриканти, а немаа ниту денар четири години наназад да направат нов студентски град, ниту пак да реновираат или доградат некој од постоечките домови.Милиони се даваат за кондоми и лубриканти, а дел од учениците како од основните, така и средните училишта немаат учебници, ниту електронски, ниту печатени.Владата е расипничка и не се грижи за нас учениците, студентите, граѓаните воопшто.40.000 наши сограѓани останаа без работа поради пандемијата од коронавирусот и неспособноста на власта да ги зачува нивните работни места. Тоа се 40.000 граѓани, односно наши родители, браќа, сестри, познаници.Во 40.000 семејства мака се мачи како да се помине месецот, а некои деца страдаат за леб, а Зоран Заев нема проблем наместо да им помогне да даде неколку милиони денари за кондоми и лубриканти.Во Македонија имаме 17 илјади заболени од коронавирусот до сега, во ек на пандемија фалеа маски, ракавици и дезинфициенси, а немаше ниту тестови па се примаа донации, а владата дава милиони за кондоми и лубриканти.Мафијата троши на кондоми, а народот нема за леб. Ова лудило мора да запре, истакна Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

dame-gruev

Георгиески: Реконструираниот крак од улицата „Даме Груев“, обезбедува подобри сообраќајни услови за жителите од станбениот комплекс „Христо Узунов“

Реконструираниот крак од улицата „Даме Груев“, обезбедува подобри сообраќајни услови за жителите од станбениот комплекс „Христо Узунов“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиевски.Градоначалникот во својата објава додава:Проектот финишираше деновиве со поставување на соодветна хоризонтална сигнализација.Претходно, беше извршено асфалтирање на коловозот, уредување на пешачките патеки од двете страни на уличниот крак и беа поставени нови рабници.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.684396052166001/684395755499364/

Македонија | пред 5 години

lisici

СВР Скопје приведе девет лица кои се бараа со потерница за издржување затворска казна

Во текот на вчерашниот ден (24.09) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи приведоа девет лица што со потерница се барааа за издржување на затворска казна и тие се спроведени до казнено поправните институции. Приведени се И.Т. (37), Д.Б. (34), А.Љ. (43), Т.С. (60) , Г.Ш. (37), О.С. (24)  Љ.Г. (61), А.Н. (34) и Ф.Џ (32) за издржување на затворски казни во различно време траење, до три години. 

Скопје | пред 5 години

Foto-3-2

Претседателот Стево Пендаровски домаќин на словенечкиот претседател Борут Пахор

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што започна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес конференција.Двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Словенија, справувањето со последиците од пандемијата на Ковид-19 и регионалните прашања.Претседателот Пахор за време на посетата е придружуван од Здравко Почивалшек, заменик претседател на Владата и министер за економски развој и технологија, како и од Матеј Тонин, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на Република Словенија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Шилегов го повика Пенрадовски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар градоначалникот Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на овој култен објект во Скопје. Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година. Заеднички, вие како покровител, а јас како реализатор, да отвориме еден нов културен простор како што е покривот каде што вечерва се наоѓаме – рече градоначалникот Шилегов.Тој изрази убедување дека Градот Скопје ја оправдува довербата на граѓаните кога е во прашање културниот живот во Скопје. Верувам и дека за неколку години од сега со гордост ќе ја носиме титулата Европска престолнина на културата. Особено ми е драго што вечерва се наоѓаме на покривот на култниот објект во нашиот град – Градскиот трговски центар, кој не само што успеавме да го сочуваме од барокното лудило, туку успеавме и да го зазелениме, повторно да го заживееме, а згора на тоа и да го отвориме овој простор за нови културни настани – додаде Шилегов.

Скопје | пред 5 години

nasilstvo-vrz-deca

Обвинение за скопјанец за запуштање и малтретирање на дете​ -за дрво врзал дете со посебни потреби

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 46–годишен скопјанец кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело– Запуштање и малтретирање на дете  од член 201 став 1 во врска со член 45 од од Кривичниот законик.Обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 година прифатил доверена обврска од мајката на децата, да ги надгледува додека таа била отсутна. Но, тој грубо ја запоставил својата должност за грижа и воспитување, па започнал да ги малтретира доверените деца. Истиот ден, околу 12.30 часот, тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума  од мопед. Врзаното дете – лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата 5-годишна сестра во обид да му даде шише со течност за да се напие. Во тој момент, обвинетиот го нападнал и девојчето, најпрвин вербално, а потоа и физички – удирајќи ја по лицето и нозете.Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека постои опасност од негово криење и бегство, а како близок роднина кој има постојани контакти со оштетените, постои  и реална опасност да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода.

Скопје | пред 5 години

10.000-poeti-fb-cover

Десетто издание на 100 илјади поети за промена во Струмица

Во сабота, 26 септември 2020 година ќе се реализира јубилејното десетто издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“ - Струмица, Македонија.Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира десеттото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на сите поети кои изразија интерес преку отворените повици да бидат дел од мисијата на самата манифестација и ова глобално движење.По претходно распишаните конкурси за поезија и плакат, за ова јубилејно 10-то издание програмата ќе се реализира на две локации. Во Бабилон кафе со почеток во 20 часот ќе биде отворен фестивалот со промоција на зборникот во кој се застапени 60 поети, дел од повеќе од 200 авторите кои се пријавија на конкурсот, а годинава на поетското претставување ќе учествуваат само поети од Македонија, меѓу кои Љулзим Хазири, Ива Дамјановски, Зоран Анчевски, Никола Маџиров, Сузана Мицева, Андреј Ал-Асади, Исток Улчар, Вања Изова Велева и многу други, со музичка поддршка на Панче Илиев (Pi). Во вториот дел од програмата кој е предвиден да започне во 22 часот во кафе бар Нагоре ќе биде отворена изложбата на плакати, односно дизајнерските решенија кои пристигнаа на конкурсот, а учесниците и гостите ќе ја имаат уникатната можност да го проследат музичко-визуелниот перформанс на колективот Improof.Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ - меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 15 држави во светот, со десетици закажани виртуелни и offline настани, а нашата држава и Струмица се дел од ова движење уште од самиот почеток. За време на фестивалот ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од COVID19 според мерките на СЗО и Министерство за здравство.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за полицијата.„Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда.Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159053497437932За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“ напиша Заев на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

sjo

Речиси сите обвинители од СЈО се пријавиле работа кај Русковска

Речиси сите обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство конкурирале за петте работни места во Обвинителството за организиран криминал кое што го предводи Вилма Русковска.До Советот на јавни обвинител каде треба да се направи изборот на новите обвинители досега пристигнале 15 кандидатури од СЈО не конкурирале само обвинителите Ленче Ристовска и Стево Доневски.Се очекува изборот на новите колеги на Русковска да заврши кон средината на ноември.Инаку од крајот на оваа година празна останува и функцијата републички јавен обвинител, бидејќи Љубомир Јовевски заминува во пензија.

Македонија | пред 5 години

mrtvi-kucinja-deponija

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Мртви кучиња расфрлани низ дива депонија во Преспа

На социјалните мрежи се појавија фотографии, на кои се гледаат мртви кучиња расфрлани среде дива депонија во Преспа.Жителите кои секојдневно се таму, велат дека повеќе не можат да замижат за овој проблем кој постои со децении и бараат одговорнот од градоначалникот на Преспа.„Мртов отпад низ Преспа, реа на гнили кучиња!“, „Ова е жива болест“, „Културата на нашиот народ“, „Каков народ, таква држава, никаква култура и никаква еконошка совест и никаква грижа за околината“, се само дел од коментарите напишани од гневните граѓани на објавата на Фејсбук. 

Македонија | пред 5 години

bitola-maz

Хелсиншки бара најстроги казни за полицајците што брутално тепаа Ром во Битола

Видеоснимката од полициската бруталност врз припадник на ромската заедница, која денеска се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека непрофесионалниот однос, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани продолжува да биде честа практика на полицијата, се вели во соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права.Од таму најостро го осудуваат ваквото однесување на полициските службеници и најавија дека за настанот ќе поднесат претставка до специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Основното јавно обвинителство.„Со претставката ќе побараме да се испитаат сите околности, да се прибават докази и да се поведе постапка пред судот со цел утврдување кривична одговорност. Дополнително, од одделението за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи ќе побараме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и поведување кривична постпака“, се наведува во соопштението.Од Хелсиншкиот комитет изразуваат голема загриженост за зачестеноста на полициската бруталност врз ромската заедница.Потсетуваат дека овој инцидент во Битола се случува само три месеци по полициската бруталност врз бездомни лица Роми, кои живеат под железничката станица во Скопје.„Ромите во земјата секојдневно се соочуваат со системска дискриминација во речиси сите општествени сфери“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

371 санкционирани возачи во Скопје, од кои 120 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 120 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 18, 32 санкционирани мотоциклисти, 128 возила подигнати со пајак, а изречени се и 31 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.  

Скопје | пред 5 години

drva-1

Двајца полицајци тешко повредени од дрвокрадци, приведени се 4 лица

Синоќа околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.Netpress објави дека двајца од петмината полицијаци се тешко повредни, додека останатите тројца се со полесни повреди. Еден од потешко повредените доцна вечерта бил пренесен од болницата во Велес на скопските клиники и тој според информациите до доцна во ноќта се бореше за својот живот.Според неофицијалните информации полицаецот има 48 години, додека неговиот три години постар колега кој е со потешки повреди на стомакот останал во болницата во Велес. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања