Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

romi

(ВИДЕО) Нема правда, нема мир - Во Битола протест против полициската бруталност

Битолчани денеска излегоа на улиците на протест против полициската бруталност.  Нема правда нема мир, Правда за Ромите, Стоп за полициската бруталност, До кога ќе бидеме граѓани од втор ред и Сакаме правна држава! Ова беа пораките што на денешниот протест ги упатија битолските Роми до институциите на државата, огорчени од немилиот и шокантен настан што ноќта на 21 и во раните утрински часови на 22 септември се случуваше во Битола, кога од полицијата беа брутално претепани тројца Роми.„Протестов беше најавен уште пред два дена затоа што сите знаеме дека бруталноста врз нашите граѓани Роми којашто ја направи полицијата во СВР Битола е тотално на најниско ниво што може да ни се случи на ромската популација. Ова е де-мобилизиран мировен протест затоа што вчера премиерот на нашата држава и министерот за внатрешни работи веднаш по нашето барање укажа, поточно ги прецизира преземените санкции против службените лица за злосторскиот чин кој го направија врз нашите битолчани“, истакна Рамадан Рустемов, претседател на здружението „Ромско Јато“ Битола. https://www.facebook.com/274676873445175/videos/374843383531853 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Бележиме тренд на намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, денеска во Градскиот парк кај Школка го одбележаа Светскиот ден на срцето, кој секоја година се одбележува на 29 Септември за подигнување на свеста за здравиот начин на живот, исхрана, физичка активност и превенција од кардиоваскуларни заболувања.Во изјава за медиумите, проф. д-р Елена Ќосеска од ИЈЗ истакна дека во Република Северна Македонија во изминатите 10тина години постои тренд на намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања.„Тоа пред сѐ се должи на намалениот број на смртни случаи од исхемични болести на срцето, церепроваскуларните болести или со други зборови акутниот инфаркт на срцето и мозочниот удар. Тоа сметаме дека е резултат на долгогодишната борба да работиме повеќе на превенција на заболувањата, односно превенција на ризик факторите кои доведуваат до овие заболувања, како што се употребата на тутунот, неправилната исхрана, слабата физичка активност, голема и неконтролирана употреба на алкохолот и секако стресот“, потенцираше д-р Ќосеска.Таа изјави дека Институтот за јавно здравје, заедно со 10те центри и сите здравствени установи од примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита активно се вклучени под покровителство на Министерството за здравство во сите активности во делот на промоција на здравје, превенција на болести, раното откривање на болестите како што се хипертензијата или покачениот крвен притисок, покаченото ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и зголемената телесна тежина.Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше дека преку ковид кризата јасно е колку е важно да се води сметка за сопственото здравје, имајќи предвид дека оваа болест по потешка форма се манифестира кај пациентите кои имаат коморбидитети.„Сметам дека секоја година има резултат во подигнување на свеста. Има одреден прогрес во делот на намалување на морталитетот од некои од овие дијагнози и искрено верувам дека со заедничка кампања, поддржана од Министерството за здравство сите овие мерки, параметри, препораки коишто се практично препораки на сите светски стручни здруженија можеме да ги имплементираме и во нашата земја“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

Foto-5-1

(ВИДЕО) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија.Претседателите Пендаровски и Пахор, заедно со началникот на генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се запознаа со дел од обуката која ја изведуваат припадниците на баталјонот за специјални сили, како и со можностите и начинот на работа коишто ги нудат овие капацитети на Армијата во состав на Командата за обука и доктрини.Припадниците од Баталјонот за специјални сили пред претседателите Пендаровски и Пахор, преку методско-показни вежби прикажаа постапки кои се применуваат за ситуација на заложничка криза на пловен објект. Во вежбата беа вклучени и хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ на Армијата при што се демонстрираше висок степен на обученост и извежбаност за извршување на сложени задачи на вода согласно НАТО стандардите кои се применуваат во вакви ситуации.Пред вежбата, словенечкиот претседател Пахор беше запознаен со мисијата и задачите на Армијата на Република Северна Македонија, а припадниците на баталјонот за специјални сили пред присутните изведоа кратка показна вежба на која презентираа дел од боречките вештини.Потенцирајќи го високото ниво на стручност на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија за извршување на задачите коишто произлегуваат од нашето полноправно членство во НАТО, претседателот Пендаровски по завршување на вежбата истакна дека припадниците на Армијата се обучени и подготвени за реакција на сите предизвици во рамки на нивната мисија.Претходно во Охрид, претседателите на Република Северна Македонија и на Република Словенија, Стево Пендаровски и Борут Пахор посетија дел од културните знаменитости. Домаќинот, претседателот Пендаровски го запозна својот словенечки колега Пахор со дел од историјатот на црквата Света Богородица Перивлепта, Галеријата со икони, како и со богатата историја на црквата Света Софија.Со престојот и активностите во Охрид заврши дводневната, официјална посета на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во Тетово повредено осумгодишно дете откако во него удрил автомобил

Вчера во Тетово повредено е осумгодишно дете откако автомобил удрил во него. Како што соопштуваат од МВР:„Во Тетово, на улицата „Илинденска“ во близина на „Шарена џамија“ било повредено осумгодишно дете. Според информациите на СВР Тетово, додека поминувало улица, во него удрил автомобил „фолксваген-поло“ што го управувал Х. И. од тетовското село Непроштено. Детето набрзо по несреќата било пренесено во Тетовската клиничка болница, каде заради здобиените повреди е здржано на лекување.“

Македонија | пред 5 години

DSC_0045

Засилени сообраќајни контроли во Гостивар: 60 санкции за еден час

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Гостивар, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Гостивар. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски. Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Гостивар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. „Само за еден час во денешната акциска контрола во Гостивар изречени 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Македонија | пред 5 години

mitko

Митко Јанчев: Дај боже сите да сме како Зоран Заев, државата ќе ни стане како Швајцарија

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и се уште е член на партијата, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.– Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, ако од двете страни го постигнеме истото,  а и вие тоа го сфатите во општеството, државата ќе ни стане како Швајцарија – порача Јанчев.Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.

Македонија | пред 5 години

26092020_ESS_sednica-3

Влада: Четвртиот пакет економски мерки е обемен и вклучува поддршка и помош за најпогодените сектори и категории на граѓани

Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и останатите членови на ЕСС.На денешната седница на ЕСС, од страна на потпретседателот на Владата, Фатмир Битиќи беа презентирани мерките од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните креирани со цел ублажување на последиците од пандемијата со КОВИД-19.Потпретседателот Битиќи посочи дека четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и е сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани.Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна, грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки, зголемување на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД 1 и  дополнително одложување на отплата на кредитите од компаниите.Од страна на членовите на Економско-социјалниот совет беше констатирано дека четвртиот пакет економски мерки е доста обемен, со оглед на тоа дека се опфатени и компаниите со цел поддршка за нивни опстанок во време на корона пандемијата, задржување на работните места и поддршка на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52) од Прилеп, поради „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, казниво по член 383 став 3 од Кривичниот законик.Завчера околу 20.00 часот, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес, сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени.Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило. Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле. Повредениот Д.Ц. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а четворица полициски службеници се со телесни повреди. Десетте пријавени лица се приведени и предадени на обвинителството, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Жителите на Сарај ги предаваат старите печки на дрва и нафта

Во општина Сарај денеска почна големата еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. Жителите на општината Сарај кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје денеска имаат можност да ги предадат своите стари печки на дрва, нафта и други нееколошки енергенси, во дворот на средното училиште „Сарај“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре. Пунктот за предавање печки во средното училиште „Сарај’ денеска го посетија Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.- Денеска се наоѓаме во општината Сарај, на една од локациите каде граѓаните ги доставуваат старите и нееколошки печки кои веќе ги замениле со енергетски ефикасните инвертер клими. Само од оваа општина пристигнати се околу 160 апликации, што значи ќе имаме 160 оџаци помалку кои ќе го загадуваат воздухот. До привременото запирање на повикот во Град Скопје се пристигнати околу 4.060 апликации. Правиме пресек на процесот на субвенционирање и заради транспарентност на реализацијата на повикот и заради подобро информирање на граѓаните за суштината на овој повик и очекуваните резултати. – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.Градоначалникот Шилегов напомена дека во наредните две години согласно условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Скопје | пред 5 години

neloski

Нелоски: 11.8 милиони за советник на СДСМ во Град Скопје преку Фондот за иновации

Фондот за иновации продолжува да иновира нови начини за испумпување на пари од државниот буџет за сметка на фирми блиски до власта. Фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ од Скопје во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ и бизнис партнер на Јани Макрадули доби бизнис од 11.800.000 денари од Фондот за иновации, истакна на денешната прес конференција Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕЗаев преку Деспотовски дава 11.800.000 денари за агенцијата која ќе треба да организира настани, односно да обезбедува озвучување, папки, пенкала и други пропратни работи за организација на настан.Ова е бизнис од 11.800.000 денари, односно околу 200.000 евра кој власта на Заев преку Јован Деспотовски му ги додели на Бојан Ивановиќ, бизнис партнерот на Јани Макрадули во фирмата „Смарт Агенда“ и советник во Град Скопје од страна на СДСМ.Власта се расфрла додека народот нема за леб.Ова се документите од договорот помеѓу фирмата на Ивановиќ и Фондот за иновации каде директор е Јован Деспотовски од СДСМ. Од истите се гледа дека договорот е склучен на 21.09.2020 година, со рамковна спогодба, без претходно распишан јавен оглас за набавка на бараната услуга.Кои се критериумите по кои била избрана фирмата на Ивановиќ?! Дали неговото партнерство во друг бизнис со Јани Макрадули е фактор за избор на фирмата за оваа голема зделка?! Или пак фактот што истиот е советник во Град Скопје и близок до Петре Шилегов?!Фондот за иновации и Јован Деспотовски мора да одговорат како и зошто е избрана и фаворизирана фирмата на Ивановиќ?! Како токму бизнис партнерот на          Јани Макрадули и советник на СДСМ во Градот Скопје е лицето со чија фирма Фондот за иновации склучил договор за организирање на настани од 11.800.000 денари во четири очи?!Да, 11.800.000 денари за настани, и тоа во моментот кога во државата имаме 40.000 деца кои не можат да ја следат наставата затоа што немаат компјутер или пак таблет. Кога имаме над 100.000 луѓе кои живеат со 50 денари на ден. Кога 40.000 луѓе се без работа поради коронавирусот. Кога пензионери од руралните делови на државата не можат да ја добијат нивната пензија во домот затоа што Заев пропадна банка.Ова е расипништвото на власта на дело. Од џебот на граѓаните, на сметка на фирмите и функционерите на власта и нивните пријатели, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Foto-3-2

Словенечкиот претседател Пахор денеска во Охрид

Претседателот на Република Словенија Борут Пахор во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија, денеска ќе престојува во Охрид.Заедно со претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид.Претходно, двајцата претседатели ќе ги посетат црквата „Света Богородица Перивлепта" и Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата „Света Софија".Вчера во Скопје, на првиот ден од официјалната посета, претседателот Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас".Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев. извор: МИА

Македонија | пред 5 години

dete-kompjuter

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, Министерството за образование и наука ги повикува учениците и родителите, да ја посетат и да се запознаат со платформата во текот на викендов.На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата, велат од МОН и посочуваат дека во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден  е важен за успешно започнување на онлајн наставата.Министерството за образование и наука веќе испрати насоки до сите училишта задолжително да се достават корисничките лозинки до учениците. Ги повикуваат директорите на училиштата кои не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот старт на учебната година.– Министерството за образование и наука ги повикува и локалните самоуправи и градоначалниците, кои, исто така, се наш важен партнер во овој процес, максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина. Истовремено, искажуваме огромна благодарност до градоначалниците и вработените во општините, но и до сите наставници за посветеноста во обезбедувањето услови за непречена настава во време на пандемија. Главениот и единствен приоритет на Министерството за образование и наука во овој период е да ги надминеме предизвиците и успешно да ја започнме, но и завршиме учебната 2020/2021 година и покрај тоа што се соочуваме со Ковид-19, се вели во соопштението од МОН.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нови пешачки патеки и зеленило, Општина Центар започна со реконструкција на Сквер Јадран

Грдата слика на стари и оштетени пешачки патеки на Сквер Јадран ќе бидат минато. Општина Центар од денеска на Сквер Јадран,  започнува со градежни активности за реконструкција и обнова на пешачките и пристапните патеки на површина од 1836 метри квадратни.Оштетените елементи, како и дел од пристапните патеки кои водат кон Плоштадот „Македонија“ и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, ќе бидат заменети и обновени со нови павер елементи. Градежните активности ќе опфатат менување на долниот строј од павер елементите и ќе се направи замена на оштетените рабници.Со реконструкцијата на Сквер Јадран, сообраќајното решение нема да има измени, ќе се задржи постојниот пристап за противпожарни, интервентни и дипломатски возила, како и за возилата на резидентните паркиралишта на ЈП Паркинзи на Општина Центар.Јавната зелена површина која го краси и разубавува Сквер Јадран, ќе биде обновена и уредена со нов концепт на зеленило. Ќе бидат поставени три врсти на зеленило и тоа  високи садници, грмушки и зелени покривачи. Покрај хортикултурното уредување на овој потег, ќе биде заменет и системот за наводнување, во современ систем кој автоматски и континуирано ќе го наводнува и одржува новото поставено зеленило.Покрај уличното осветлување кое неодомна беше реконструирано и заменето на плоштадот Сквер Јадран, Општина Центар планира поставување на нови смарт купи, кои за првпат ќе бидат поставени на територијата на Центар.Општина Центар продолжува со своите заложби за креирање и обезбедување подобри и современи улови за квалитетно и модерно живеење во Центар.Планирано е градежните активности да завршат во наредните 60 дена.

Скопје | пред 5 години

traktor-1

МВР за несреќата на Галичица во која загина едно лице

На 25.09.2020 околу 13.50 часот на шумски земјен пат на место викано „Буква М“, на планината Галичица, П.Р.(28) од Охрид, додека се движел со трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 5 години

tabanovce

Скопјанец баран за издржување казна затвор, фатен на Табановце

На 25.09.2020 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Ф.(32) од Скопје, затоа што при контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп-листата за издржување казна затвор, за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Скопје | пред 5 години

stop-policija

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, еве каде...

Утре  со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, ќе се одржи спортско-рекреативна трка „Прв до врв“, со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје на ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот на Водно („Милениумски крст“).Трасата на движење на планинарите, пак, е со почеток од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по ридско пешачките патеки кон Средно Водно, а од Средно Водно кон врвот на Водно („Милениумски крст“).Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Воедно, Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. 

Скопје | пред 5 години

maz-bitola

Протести против полициската бруталност и контра протест за поддршка на полицајците во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој полицајци претепаа тројца битолчани од ромска националност што претходно предизвикале сообраќајна несреќа.Граѓаните ќе се движат од Главната пошта во Битола до седиштето на битолската полиција. Протестот го организаира иницијативата „Аваја“ заедно со здруженијата, „Ромалитико“, „Романо Авази“, „Ромаверзита“, „Баирска Светлина“, „Сумнал“, „Ромско Јато“.На социјалните мрежи се најавува и протест за поддршка на полицајците. Тој е најавено дека ќе се одржи во среда, со барање да се повлечат кривичните пријави и дисциплински постапки против полициските службеници кои „биле нападнати и неправилно суспендиран“. Најавено е дека демонстрантите ќе се движат по Широк Сокак, а протестот ќе заврши пред СВР Битола и Јавното обвинителство.МВР вчера поднесе кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал против еден од полициските службеници поради физичко насилство.Против него е покрената и дисциплинска постапка и суспензија од работа.И против неговиот колега кој го гледал тепањето. а не презел ништо е покрената дисциплинска постапка и е суспендиран од работното место.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Полицаец синоќа бил прегазен Кога се обидел да сопре возач кој возел пребрзо

Полицаец синоќа бил прегазен од возач во скопска Кисела Вода кога се обидел да го сопре поради брзо возење.Во акцијата на Министерството за внатрешни работи  полициска патрола на улицата Првомајска застанала возач на автомобил за кој било регистрирано дека возел со поголема брзина од дозволеното. Но, возачот на знакот не застанал туку продолжил да вози со иста брзина при што го прегазил полицаецот со колата, објави СДК.МК.Од Министерството за внатрешни работи велат дека повредениот полицаец бил пренесен во Клиничкиот центар, а лицето кое управувало со возилото и сопатникот биле фатени и уапсени.извор: СДК.МК

Скопје | пред 5 години

ckembari-2

(ВИДЕО) Чкембари прославија роденден, во свој стил ја „запалија“ Битола

Популарната навивачка група ЧКЕМБАРИ го прослави својот 35 години. Го прославија со огномет и навивачки песни. Ретко кои фанови се толку приврзани кон својот клуб како Чкембарите кон нивниот Пелистер, фудбалскиот и ракометниот клуб. Битола некогаш беше наш водечки спортски град. Сите посакуваме одново во Битола, а најмногу Чкембари посакуваат, да се играат европски натпревари, и тоа на новиот стадион кој се гради, а во ракометот да се освојуваат пехари.Паролата за 35-тиот роденден на Чкембари е:35 години ДРУГАРСТВО!https://www.facebook.com/345236838884341/videos/2734114213572397https://www.facebook.com/345236838884341/videos/2403993799902224 https://www.facebook.com/345236838884341/videos/670227910592219

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

210 санкционирани возачи во Скопје: 81 за пречекорена брзина, 23 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 210 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок, нерегистрирани и технички неисправни возила 7, 23 санкционирани мотоциклисти, 74 возила подигнати со пајак, а изречени се и 11 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Во тетовска Брвеница пожар во објект на земјоделска задруга

Тетовските пожарникари неколку часа се борат со пожарот што попладнево избувна во објект на земојделска задруга во село Брвеница.Според првичните и неофицијални информации еден пожарникар има лесна повреда на лицето, а од огнот покрај објектот, изгорени се илјадници бали слама и механизација.Увид од страна на полицијата ќе биде извршен дури по целосно гаснење и локализирање на пожарот.

Македонија | пред 5 години

palevski

Неколку лица се уапсени за нападот врз Љупчо Палевски

Полицијата привела неколку лица осомничени за нападот на бизнисменот Љупчо Палевски.  Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека работат на расчистување на случајот, не соопшти  детали.Палевски беше нападнат на 17 септември во центарот на Скопје.Палевски  по излегувањето од болница обвини дека премиерот Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција,  Сашо Мијалков стојат зад нападот.

Македонија | пред 5 години

25092020_PVRSM_Zaev_sredba_delegacija_Slovenija_Pahor-1

Пахор: Словенија продолжува целосно да ја поддржува Северна Македонија за нејзин напредок и полноправно членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска придружуван од заменик-претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и претставници од повеќе министерства ја прими делегацијата на Република Словенија, предводена од претседателот на државата Борут Пахор, кој престојува во дводневна посета на земјата.Во словенечката делегација беа и двајцата вицепремиери и министри, за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и за одбрана Матеј Тонин.Премиерот Заев, изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Словенија, истакна дека средбата ги реафирмира одличните билатерални односи меѓу двете земји, нивното сојузништво во НАТО и поддршката која ја има Северна Македонија во процесот на пристапувањето на нашата држава во Европската Унија.Словенечкиот претседател Пахор сеќавајќи се на првите средби со премиерот Заев, на почетокот на неговиот прв мандат, изрази почит кон неговото ангажирање и апсолутен фокус на исполнување на визиите кои носат позитивни промени и просперитет за граѓаните на Северна Македонија.Тој ги поздрави остварените договори за добрососедство и пријателство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција, истакнувајќи дека Република Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, нудејќи сесрдна помош за унапредување на соработката во сите области, почитувајќи ги принципите на заемно почитување.Премиерот Заев се заблагодари на словенечкиот претседател Пахор за традиционалната, искрена и посветена поддршка што ја дава Словенија на нашата држава во сите демократските процеси, испраќајќи порака дека регионалната соработка е исклучително важна и дека единствениот начин за просперитет на граѓаните е прашањата да се решаваат на начин кој сплотува, а не разединува.Двете делегации на Република Северна Македонија и Словенија се согласија и истакнаа дека продолжува поддршката во областа на економско - трговската соработка, туристичката размена, како и инфраструктурните вложувања.

Македонија | пред 5 години

velo-markovskio

Марковски: Во Комисијата за заразни болести има само двајца инфектолози, не очекува лош период, власта не изгради никакви искуства

Проф. д-р инфектолог и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски  во вечерашното гостување Што не е јасно на ТВ Алфа, вели дека во Комисијата за заштита од заразни болести наместо да доминираат инфектолози, има само двајца што според него не е јасно зошто е тоа така.Комисијата за заразни болести има друга намена. Не знам дали сфативте, кога доаѓа нов министер и си прави своја комисија, тој не знае што ќе се случува во наредниот период, дали ќе има некоја болест или не. Таа е комисија за заштита од заразни заболувања во која најчесто има само еден или двајца инфектолози. Нејасно зошто е така, бидејќи треба да доминираат инфектолозите, вели Марковски.Тој смета дека следниот период ќе биде многу лош, бидејќи како што рече власта не изградила никакви искуства.Мислам дека ни следува еден период кој што ќе биде многу драматичен, многу лош. Најлошо е што не изградивме никакви искуства, истакна Марковски.На прашањето  дали треба да има задолжителна вакцина, Марковски вели:Никако задолжителна вакцина. Прво вакцината во следнава година за мене е неприфатлива и незамислива дека некој треба да се вакцинира. Значи без разлика колку фазите ќе ги помине, треба да следиме клинички некој период барем од 8 до 9 месеци да видиме дека таа вакцина и тие антитела траат во организмот 9 месеци. И второ многу битно е дали сега тие антитела кои би ги произвела вакцината дали би штителе. 

Македонија | пред 5 години

zlatno-lance

Приведен крадец, нападнал жена и украл златен ланец

На 25.09.2020 околу 14 часот приведен е Ф.С. (22) од Скопје, кој кратко време пред приведувањето, на крстосницата помеѓу ул. Хо Ши Мин и ул. Лазо Дренков ја нападнал М.Л. и од неа украл златен ланец. По приведувањето, Ф.С. го признал делото и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања