Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

mickoski-6

(ВИДЕО)Мицкоски: Не само што се задоцнети овие мерки, туку истото ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ новиот четврт по ред пакет мерки за справување со последниците од коронавирусот се само дефокусирање, а со тоа мафијата како што вели Мицкоски ќе стане побогата, а народот посиромашен.„Не само што се задоцнети овие мерки, туку истото ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата. Кога веќе се прави ова, требаше да се види искуството од претходните три пакет мерки“, рече Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека резултатите од погрешните политики од владата предводена од СДСМ се историскиот пад на индустриското производство.„Искуството од претходните мерки е поразително. Најмалку 45 илјади невработени за 5 месеци. Затоа четвртиот пакет мерки е промашен обид. Мафијата ќе стане побогата, народот посиромашен. Најголем дел од мерките за стопанството и економијата, останаа нереализирани. Имаме најниска реализација на капиталните проекти. Македонската економија со оваа влада ја очекуваат црни денови“, рече Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/336628577552344Кога веќе се прави четврт пакет на мерки треба да се види искуството од претходните три. А, тоа е поразително и се вика нови дополнителни најмалку 40 илјади невработени за 5 месеци и минус речиси 13% намалување на бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Токму затоа и 4-тиот пакет на мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, истакна Мицкоски и додаде:Досегашните три пакети на мерки беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат негативните ефекти од кризата, и нивната единствена цел беше предизборен институционален поткуп. Потврда за тоа е фактот што покрај  платежните картички кои служеа за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од мерките за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани, затоа малку подоцна во вториот дел од оваа прес конференција.Резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство и извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал, а тоа е вториот квартал, раст на невработеноста од 40.000 лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата. И наместо владата енергично уште на првата владина седница да креира сет на мерки кои ќе значат вистинска поддршка за спас на економијата, гледаме продолжување на популизмот со неодговорно трошење на народните пари и немилосрдно задолжување на државата. Се потроши цел месец во кој илјадници граѓани дополнително се отпуштени од работа и многу бизниси ставија клуч на врата.Наместо владата да се зафати со реализација на капиталните проекти, тоа што ние го зборуваме од самиот почеток, робусна реализација на капитални проекти кои ќе значат додадена вредност за економијата и подобри услови за живот на граѓаните, сведоци сме на историски најниска реализација на капиталните проекти. Имено, во услови кога владата во првите осум месеци од годината потроши речиси 120 милијарди денари пари на граѓаните и 35 милијарди денари од задолжувања, реализирани се капитални инвестиции во износ од скромни нешто повеќе од 7.7 милијарди денари. Ова сериозно ја поткопа одржливоста на економијата. Земјата е на историски највисоко ниво на задолженост без фискален простор за поттикнување на идниот економски развој. Колку и да звучи песимистички, македонската економија со оваа влада која нема капацитет и системски пристап за справување со кризата, ниту економска стратегија за иднината, ја очекуваат вистински црни денови.Во продолжение ќе ми дозволите да дадам краток коментар на дел од бомбастично најавуваните т.н. мерки за помош на граѓаните и македонската економија.Ќе започнам со две мерки кои што беа дел од третиот пакет антикризни мерки кои што бомбастично беше најавуван од тогаш владата на Спасовски и Заев. И тоа најпрвин првата, а тоа е 150 милиони евра државна гаранција за компаниите кои што ќе земат практично кредит од комерцијалните банки. Оваа мерка требаше да се реализира во периодот септември месец. Септември месец еве полека но сигурно завршува, а од мерката ниту трага и глас.Втората мерка која што исто така беше дел од третиот пакет сет мерки за помош за македонските граѓани и македонската економија, тоа околу 31 милион евра евтини кредити со субвенционирана каматна стапка од страна на Владата и 30% грант за компании управувани од жени кои вработуваат млади луѓе извозно ориентирани, исто така требаше да се реализира почнувајќи од месец септември, но месец септември повторно завршува од мерката ни трага ни глас. Брутална лага и брутална предизборна манипулација за реализирање на талибански избори.Понатаму третата мерка со која Зоран Заев ја заврши неговата би рекол прес конференција во Владата, а тоа е викенд без ДДВ, пред изборите ни беше бомбастично најавувано дека во септември месец секој викенд  граѓаните ќе го користат купувајќи, а при тоа ќе биде одземена сумата која  што ќе ја платат како данок на додадена вредност. Септември месец помина, а денеска гледаме како на лажичка повторно на граѓаните им се ветува дека тоа всушност нема да бидат четири викенди, туку тоа ќе биде еден викенд и тоа во месец октомври, оној празничен викенд помеѓу 10 и 12-ти октомври и нема тоа да биде без ограничувања како што тоа беше ветувано во предизборието, туку тоа ќе биде со ограничување од 30.000 денари и нема да биде намалена цената која што ќе платат, туку тие ќе го финасираат данокот на додадена вредност, потоа тие ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30.000 денари тогаш ќе чекаат од страна на министерството за финансии да им го врати данокот на додадена вредност. Уште една брутална лага, којашто беше дел од спроведените талибански предвремени парламентарни избори.Понатаму би сакал да се осврнам на првата мерка која што е за поддршка за стопанството, во отсуство на една ваква мерка која што ја предлагавме во предизборната кампања и во нашата Преодна стратегија за третиот квартал, во четвртиот квартал Владата одлучува да им помогне на компаниите коишто и онака тешко опстојуваат со бруто плата за вработените. Ќе ве потсетам една иста ваква мерка за време на владина седница на во техничката влада, на крајот од месец март која што практично беше поврзана со процентот на намалување на економската активност на компаниите, предлагаше тогашниот технички министер за внатрешни работи господинот Наќе Чулев, која што брутално беше одбиена од страна на техничкиот Претседател на Владата, Оливер Спасовски и луѓето кои тогаш беа дел од таа техничка влада.Понатаму ќе ги споменам оние картички кои што се исклучително квалитетен метод и принцип на институционален поткуп кои што досега функционираше кај Зоран Заев иако тие имаа други три цели, ниту една од тие три цели не беше исполнета, беше исполнета само една цел која не е предвидена во овие прес конференции, а тоа институционален поткуп на граѓаните, сега тие картички се намалени од 9.000 денари на 6.000 денари, со главен акцент и фокус на луѓето кои земаат пензија, а таа пензија е под 15.000 денари. Ќе ве потсетам дека во минатото брутално со интервенција во законот им беше намалена пензијата на стотици илјади пензионери, денеска обидувајќи се да се прикаже како милосрден, Зоран Заев се обидува сето она кое многукратно повеќе им го зема во минатото преку картички од 6.000 денари на одредена група на пензионери да им го надомести. Пензионерите знаат точно колку во минатото им беше украдено од страна на Зоран Заев и Владата која тој ја предводеше и ваквиот мафијашки начин на однесување ќе биде брутално казнет од страна на тие исти луѓе.Понатаму, би сакал да се осврнам на еден загрижувачки момент, а тоа е дека оваа Влада на Зоран Заев културните работници како што таа самата вели ги направи социјални случаи, па ги стави го групата на социјално ранливи категории и со срамни 6.000 денари еднократна помош се обидува да го надомести сето она кое што се случуваше во изминатиов период, пред се мислам на неисплатените плати во културата за културните работници кои што доцнат повеќе од два месеци. Брутален срам кој што им денеска им е нанесен на културните работници и веднаш после оваа денешна прес конференција и оваа срамна мерка, министерката за култура треба да поднесе неотповиклива оставка, бидејќи нејзините колеги културните работници таа самата како соучесник во мафијашкото однесување на Зоран Заев, ги стави во групата на социјално ранлива категорија и ги направи социјални случаи.Понатаму би сакал да се осврнам на делот на таканаречена помош за рестораните, ноќните, клубови дискотеките, игротеките итн. Поради неспособноста на владата да се справи навремено и целосно со КОВИД кризата, работењето на овие објекти беше практично невозможно и сите тие ставија клуч на врата во изминатиов период со исклучок на неколку такви објекти кои се блиски до фамилијата. Е сега, владата се обидува преку мерка  која што не само што нема да им помогне, туку дополнително ќе го загорчи нивното работење, да биде милосрдна и да се престави дека им помага на истите овие луѓе со сума која што е еднаква на еден викенд промет, а притоа им забрани да работат повеќе од неколку месеци да остваруваат приход и притоа го доведе под знак прашалник опстојувањето на тие бизниси и вработените кои што се дел од тие бизниси. Срамна мерка и навистина нешто што ниту тие, па ниту кој било кој во оваа држава тоа го очекуваше.

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев: Пензионери и самохраните родители ќе добијат помош од шест илјади денари

Финансиска помош со четвртиот пакет мерки ќе добијат пензионерите со пензии до 15 илјади денари, самохраните родители и невработените пасивни баратели кои кои ќе им следуваат платежни картички од 6.000 денари, истакна на денешната прес конфренција премиерот Зоран Заев.„Платежните картички се со износ од 6.000 денари и ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наш сограѓанин пензионери, невработени кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмските работници, културните работници, естрадни работници“, посочи Заев.Тој додава дека платежните картички купувам домашно ќе добијат уште 540 студенти кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички.Заев  додаде дека помош ќе добијат и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија и се со приходи помали од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.Меѓу мерки за кои владата смета дека се позначајни, се продолжувањето на поддршката на компаниите за исплата на плати за последите три месеца оваа година, коишто сега ќе биде потаргетирани и ќе зависи од нивото на погоденоста на фирмите од епидемијата.„Поддршката ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари по вработен“, рече Заев.Појасни дека вкупната вредност на мерката изнесува 70 милиони евра и со неа ќе бидат поддржани околу 250.000 работни места. Оваа поддршка ќе се дава во октомври, ноември и декември, а обврска е компаниите да ги задржат вработените до крајот на јули наредната 2021 година.Првите три сета мерки ги запреа сериозните удари од пандемијата како здравствено - општествена криза и спречија социјално-економски последици кои во вакви ситуации можат да бидат драматични и долгорочни.Успешната стратегија за спречување на колапсот на здравствениот систем и на економијата и социјалната сигурност, создаде услови и за четвртиот пакет економски мерки. Новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија кога кризата ќе заврши за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.Затоа, поддршката за граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Ги имаме предвид сите дејности и компании.Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн.Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст.(1) Како прва од пакетот четири, ја издвојувам мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места.Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот кварталВредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.(2) Следна мерка - Продолжуваме со платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите.Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.(3) Како трета мерка е зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1.Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.(4) Со четвртата мерка од новиот пакет се обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија.Овие поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија се обезбедени преку Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата.(5) Петтата мерка го потврдува нашиот принцип дека никој нема да биде изоставен и таа предвидува - Поддршка со плати за туристичките водичи.На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари.(6) За поддршка на секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определивме мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година.На 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.(7) Кога сме кај секторот туризам, со овој пакет ја носиме и мерката - Грантови за туристички агенции.Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца.(8) Низ процесот на консултации со стопанските комори, стигнавме и до заклучок за мерката - Намалување и/или укинување на парафискалните давачкиМногу бргу, повторно во соработка со стопанските комори, ќе следува утврдување на листа од приоритетни парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или укинување на некои од нив.(9) Мерката број 9 е Грантови за ресторани за свадби – поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра.Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година.Овде ја отвораме опцијата за регистрација на таквата дејност затоа што еден дел од овие дејности се регистрирани за организирање свадби, а еден само за достава на храна.(10) Со овој пакет е опфатена и мерката - Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница.Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и ноќни клубови, како и на околу 7000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.(11) Грантови се предвидени и за игротеки за деца.За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра.(12) Обезбедивме поддршка и за занаетчиите.Со неа се предвидува намалување на ДДВ-то на нивните услуги и производи од 18% на 5% за да ја зајакнеме нивната конкурентност на пазарот.Напоменувам дека на самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, им остануваат на располагање и другите мерки, како оние за поддршка за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.(13) Во периодот на имплементација на четвртиот пакет ќе се активира и мерката - Државна кредитна гаранција.Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.(14) Од голема поддршка за компаниите ќе биде и мерката - Државна царинска гаранција.Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија.(15) Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите е - Дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.(16) Во овој пакет ја продолжуваме мерката за Намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% до крајот на годината.(17) Една од мерките која наиде на одобрување и ја прифатија многу компании беше и мерката - Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка.Заради тоа ја вклучивме и во овој сет мерки и таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.(18) Ја продолжуваме и мерката Ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци.(19) Една од новите мерки е - Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%..Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе започне со имплементација од 1 јануари наредната година.(20) За да ги олесниме финансиските обврски на компаниите ја носиме и мерката - Одложено плаќање на ДДВ-то.Со оваа мерка ќе биде дозволено одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата.(21) Една од мерките на овој пакет број 4 за справување со последиците од КОВИД-19 е - Бришењето на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители.Корисници на оваа мерка се 9.360 регистрирани сметководители, за кои во 2020 година нема да важи условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување за продолжување на лиценцата сметководителите.(22) Во овие мерки е вклучено и Зголемување на периодот за покривање на загуби на терет на идни добивки.Со оваа мерка ќе се укине обврската од Законот за данокот на добивка за покривање на загубите на терет на идни добивки. Воедно, со предложените измени, ќе се продолжи рокот за пренесување на загуби на терет до пет години, наместо сегашното законско решение кое утврдува пренесување на загубата до три години.Оваа мерка стартува оваа година и важи за 2020 и 2021 година.(23) Следната мерка која е од сферата на даночната политика е мерката - Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход.Со оваа мерка се предвидува прагот да биде поставен на 5 милиони денари на годишно ниво, согласно кој може да се стане даночен обврзник во режимот на неоданочување.Исто така, мерката предвидува да се зголеми прагот со кој компаниите би биле дел од режимот на вкупен приход, односно правните лица кои имаат вкупен приход помеѓу 5.000.001 денар и 10 милиони денари, да може да одберат дали да плаќаат данок на добивка или да преминат во режим на данок на вкупен приход од 1%.Со оваа мерка ќе се ослободат околу 1,15 милиони евра кои компаниите можат да ги пренаменат за инвестиции или за други развојни бизнис планови.(24) Во овој пакет е вклучена и мерката Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, како и мерката (25) Признавање на расходите за тестирање од КОВИД – 19, исто така како признаен расход.(26) Со мерката - Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали, се обезбедува поддршка за најпогодените преработувачки индустрии, како и поттик за развој на преработувачките капацитети.Со оваа мерка, покрај сите автономни мерки за суровини утврдени на 24 декември 2019, се вклучува и намалувањето на увозните давачки за природен гас со конечна цел не само економски, туку и еколошки ефект.(27) За мерката - Поддршка за развој на човечкиот капитал, во овој пакет е предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг.Ќе се укине данокот на личен доход за трошоци кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите, но истовремено ќе се пропише и законски лимит за овие трошоци, на пример една просечна плата на годишно ниво.Оваа мерка ќе започне да се имплементира од 1 јануари наредната година.(28) Со мерката - Поддршка на откуп на грозје од реколта 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз.Секој извозник ќе добие субвенција според количината извезено вино, која ќе се исплаќа скалесто во зависност од количината на извезено вино.(29) За секторот игри на среќа е предвидена мерката - Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа.Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат 1/3 од надоместоците за AR (ауто-рулет) маси и други маси.(30) За да го олесниме работењето на општините во време на КОВИД-19, ја определивме мерката - Промена на пресметка на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа, со која при издвојување на средства за единиците на локална самоуправа, наместо само за претходната година како до сега, во предвид ќе биде земена пресметката на просечна наплата на ДДВ за претходните три години.(31) И на крајот, во овој пакет мерки ќе го спроведеме Викендот без ДДВ.Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.

Македонија | пред 5 години

Borka-Park-Skolka-103

Филипче: Сите пациенти со рак на дојка имаат терапија, и во услови на ковид пациентите имаат пристап до здравствени услуги

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на 12. розова прошетка наречена „Напред розово“ во организација на Здружението „Борка - За секој нов ден“, која оваа година е наречена и „Race for the cure“.Во изјава за медиумите, министерот Филипче истакна дека денеска се одбележуваат и три години од одличната соработка со Здружението Борка, години во кои заеднички во инклузивен процес се работи на подобрување на здравствената услуга за пациентите кои имаат малигна болест.„Во изминатите 3 години, значајно се зголеми бројот на биолошки лекови, најмодерна терапија за овие пациенти. До пред 3 години огромен број од нив се праќаа во странство да ја добијат оваа терапија, а сега нема пациент којшто има некаква онколошка дијагноза, а за кој нема терапија во нашата земја. За пациентките со карцином на дојка има и прволиниска и второлиниска терапија. Со фондот работевме на тоа да се зголеми и пристапот кон ортопедските помагала, така да сега има и градник. Во периодот којшто доаѓа ќе работиме на тоа да се обезбеди и соодветната ракавица. Сакам да им честитам на енергијата со којашто се вложуваат во оваа работа, тие коишто ја преживеале оваа малигна болест се секогаш на располагање да споделат искуство и да ги поддржат и другите пациенти и пациентки коишто во овој момент имаат проблем“, потенцираше министерот и додаде во заедничка соработка се воведе и психолошка поддршка на Клиниката за онкологија.Тој инфомираше дека посебно во овој период, во здравствената криза со ковид-19, не застанаа здравствените услуги за пациентите коишто имаат потреба од итна хируршка или било каква друга здравствена интервенција, како и за пациентите со малигна болест.Во присуство на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, министерот Филипче се заблагодари на континуираната поддршка на Амбасадата на САД, лично на амбасадорката Брнз, од почетокот на оваа криза тие беа едни од првите амбасади коишто дадоа помош на Министерството за здравство.Борка за првпат е една од полноправните членови на „Think pink“, најголемата европска организација. Денеска во 11:00 часот 33 земји имаа заеднички, синхронизирани настани по повод одбележувањето на месецот октомври и подигнување на свеста за борба против ракот на дојка.„Навистина сме среќни што успеавме и ние во Борка да го децентирализираме настанот. Во исто време Борките прават настани во 14 останати градови низ нашата земја и навистина сме среќни што можеме повторно да потенцираме дека ковид не смее да претставува проблем за да се запрат дијагностичките процедури за да се запре квалитетните услуги кои граѓаните треба да ги добијат, особено оние кои се најпогодени - пациентите со рак“, рече претседателката на Здружението Биба Додева.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

148 нови случаи на ковид 19 во земјава и починати три лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17629, бројката на оздравени пациенти е 14581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 6881, активни 684• Куманово 1745, активни 182• Дебар 284, активни 42• Штип 1251, активни 53• Прилеп 667, активни 128• Тетово 1424, активни 174• Струга 664, активни 58• Велес 319, активни 34• Битола 296, активни 59• Охрид 421, активни 44• Кавадарци 236, активни 49• Гостивар 928, активни 103• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 233, активни 150• Крива Паланка 107, активни 29• Радовиш 76, активни 18• Крушево 20, активни 3• Кочани 340, активни 149• Пробиштип 110, активни 21• Демир Хисар 61, активни 2• Македонски Брод 92, активни 13• Пехчево 43, активни 3• Берово 102, активни 38• Валандово 31, активни 22• Виница 108, активни 29• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 24, активни 0• Свети Николе 341, активни 37• Кичево 324, активни 39• Ресен 164, активни 16• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1224 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-297,  Биотек-87, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -106, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-58, Инфективна клиника-0, ГАК-16, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца  и 2 мајки суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 59• Гази Баба – 80• Аеродром - 109• Карпош – 83• Центар – 96• Кисела Вода – 79• Ѓорче Петров – 50• Бутел - 31• Шуто Оризари – 17• Студеничани – 9• Сарај – 12• Арачиново – 5• Илинден – 28• Сопиште – 3• Чучер Сандево – 5• Петровец – 7• Зелениково - 2• Странец – 7• Нераспределен-2

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Најголемата болка на Мицкоски е што парите завршуваат кај граѓаните

Ништо ново од губитникот Христијан Мицкоски, тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем секогаш кога парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните, а не во белиот дворец како што беа навикнати цели 11 години.  Денеска, како по навика, на едвај презентирани за помош на граѓаните и економијата, Мицкоски скокна да се буни против четвртиот пакет антикризни мерки, се вели Соопштение за јавност од СДСМ кое е реакција на прес-конференција на Христијан Мицкоски.Мицкоски е против 470 милиони евра да завршат како поддршка за работниците, за компаниите, за занаетчиите.Мицкоски е против мерката за финансиска помош од 14.500 денари месечно со која се спасуваат стотици илјади работни места, Мицкоски е против поддршка на туристичката, угостителската и транспорната дејност.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се силно против тоа да се зајакне потрошувачката и куповната моќ на пензионерите, на самохраните родители.Не е ништо ново дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остро се противеа и се уште се противат на мерката Мој ДДВ, само овој пат тоа го засилија со лажни вести дека наводно биле ветувани четири викенди без ДДВ, што никогаш и не се случило.Мицкоски освен што не знае економија тој се противи на секоја мерка што е од интерес на граѓаните и затоа нека не се чуди зошто губи три пати по ред на избори. Нека не се чуди зошто е во опозиција, со вакво однесување уште долго време ќе остане таму каде што е, се вели во  Соопштение за јавност од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

erme-56

Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација по судирот со Азербејџан

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од Ереван и азербејџанските сили.– Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Ги замолувам сите борбеноспособни граѓани да се појават во воените претставништва – напиша ерменскиот премиер Никол Пашинјан на Фејсбук.Тој исто така го повика населението да биде „подготвено да ја брани светата татковина“. Ерменија и Азербејџан денеска започнаа нови судири околу регионот Нагорно-Карабах.Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.Турција соопшти дека Ерменија мора веднаш да ги прекине непријателствата против Азербејџан, што ќе го „фрли регионот во оган“ во услови на судири меѓу двајца соседи во отцепениот регион на Нагорно Карабах.Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар истакна дека најголемата пречка за мирот и стабилноста на Кавказ е непријателскиот став на Ерменија.Акар рече дека оваа земја мора веднаш да го запре непријателството кон Азербејџан, што „ќе го фрли регионот во оган“. Тој ја осуди Ерменија за, како што тврди, провокации против Азербејџан.Турскиот министер рече дека Анкара ќе го поддржи Баку „со сите средства“, пренесува Ројтерс. 

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Разговараме со земјите од регионот кога да ги отвориме границите без ПЦР тестови

Се водат разговори меѓу земјите од регионот да се отворат границите со една изедначена политика, а тоа е да се отворат без ПЦР тестови, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заедничи став. Комуникацијата се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат – изјави Филипче. 

Македонија | пред 5 години

zaev

(ЖИВО) Презентација на четвртиот пакет економски мерки

Претседателот на Владата Зоран Заев на прес конференција го презентира четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.На прес-конференцијата се присутни и заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министрите Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Арјанит Хоџа, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски. https://www.facebook.com/VladaMK/videos/676779973043945

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Миле Талески : Северна Македонија напредуваше во извештајот на ГРЕКО

Силната заложба и посветеност на Владата предводена од СДСМ за борба против криминалот и корупцијата и за владеење на правото, даваат резултати кои се и меѓународно признати.  Потврда за тоа е последниот извештај на Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите – ГРЕКО кој нотира значаен напредок на Република Северна Македонија во делот на исполнување на препораки од четвртиот круг на евалуација, истакна Миле Талески пратеник од СДСМ.Во извештајот е констатирано дека Северна Македонија прави голем исчекор – досегашната оценка за усогласеност со дадените препораки на ГРЕКО беше „генерално незадоволителна“ а сега таа се искачува на „задоволителна“.Благодарение на преземените реформски чекори на Владата предводена од СДСМ, Република Северна Македонија ја напушта групата на „глобално незадоволителни држави“.Ова почитувани, е дополнителен мотив за Владата, за институциите да продолжат со силна борба против криминалот и корупцијата. Уште во првите денови од мандатот преку рушење на дивоградбата кај „Мавровка“ преку бројните ефикасни и неселективни акции на МВР, Владата предводена од СДСМ покажа дека доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа.Доаѓа време и на темелно прочистување на судството и зајакнување на капацитетите на правната држава која неселективно и ефикасно ќе се бори против секое прекршување на законите.СДСМ останува силно посветена на реформите што обезбедуваат силно, независно и професионално правосудство кое ќе испорачува правда за сите.Продолжуваме уште повеќе со реформите, за да биде уште подобро за сите, истакна Миле Талески пратеник од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Апсење во угостителски објект во Велес, кај гости пронајдена дрога

Синоќа по полноќ полицијата извршила апсења во угостителски објект на велешката улица „А.Шурков“.Како што информираат од МВР, уапсени биле велешаните П.М.(26), С.Д.(45) и И.К.(43), како и прилепчанецот В.Т. на возраст од 31 година, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашеста материја.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов со апел: Не ги палете стрништата, Град Скопје бесплатно подигаат остатоците од берба

Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава го опфаќа целиот Скопскиот плански регион.Викендов, кампањата за бесплатно собирање на остатоците од бербата, за да се спречи палењето на стрништа беше проммовирана во општина Сарај. Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети ги повикаа земјоделците од општина Сарај да ја искористат оваа поволност и да побараат бесплатно подигање на остатоците од бербата.- Станува збор за земјоделски дел од градот и сакаме да им помогнеме на скопските земјоделци да ја загубат навиката за палење на стрништето, но и да добијат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата - рече градоначалникот Петре Шилегов.Градоначалникот Беџети упати апел да не се палат стрништата на подрачјето на општината, со цел да се придонесе во борбата против аерозагадувањето.Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи. 

Скопје | пред 5 години

krazba-na-kola-701x466

Расветлени три кривични дела поврзани со тешки кражби од возила

СВР Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривични пријави против И.Џ.(29) од с.Страхојадица, поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило, казниво по чл.236 од Кривичниот законик и против Б.Д.(18) од с.Ржаничино, скопско, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа: тешка кражба од товарно моторно возило, предвидено и казниво согласно член 236 од Кривичниот законик и тешка кражба во обид од патничко моторно возило, предвидено и казниво согласно чл.236/19 од Кривичниот законик.Имено, на 15.06.2020 на бул.„Александар Македонски“ кај подземниот премин кај „Континентал“, И.Џ. од патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на институција, одзел ташна, паричник со лични документи, картички и пари. По извршен увид и преземени мерки бил утврден идентитетот на сторителот на делото, кој на 24.09.2020 бил приведен и ќе следи кривична пријава.Додека Б.Д. кривичните дела ги извршил на 07.08.2020, на паркинг просторот на ул.„3“, кај бензинската пумпа во с.Кадино, и тоа од товарно возило „ман“, со винички регистарски ознаки, сопственост на бензинската пумпа и од патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.А. од Скопје. Сторителот на лице место дошол со патничко возило „фијат крома“, со скопски регистарски ознаки. По преземени дејства и обезбеден видео запис, утврдени се возилото и сторителот на кривичните дела.   

Скопје | пред 5 години

Foto-2

Порака од претседателот Пендаровски по повод 50-годишнината на фестивалот за детски песни „Златно Славејче“

По повод одржувањето на 50. издание на фестивалот „Златно Славејче“, претседателот Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот упати порака по повод овој значаен јубилеј, посакувајќи им успех на сите учесници, во која истакна:„Веќе половина век фестивалот „Златно славејче“ е  дел од музичката лектира на најмладите. Илјадници песни за деца беа промовирани на изданијата на фестивалот, а за многу наши музички ѕвезди значеше и почеток на музичката кариера. Хитовите компонирани и отпеани на „Златно Славејче“ се популарни до денес, а многу од возрасните ги паметет уште од своите детски денови.Пандемијата на КОВИД-19 која ги зафаќа сите сфери на нашето живеење и сите сектори во општеството, влијаеше и на одржувањето на фестивалот, која е најстара и најомилена музичка манифестација за деца кај нас, со која растеа многу генерации. Иако годинава програмата е изменета и скратена, ме радува што фестивалот не потклекна и оваа година „Златно Славејче“ се одржува на отворено, во согласност со здравствените протоколи за заштита од ширењето на коронавирусот.Како покровител на „Златно Славејче“ ќе продолжам да давам поддршка за развој на креативноста и талентот на најмладите. Негувајќи ги овие вредности, децата ќе израснат во квалитетни поединци со коишто како држава ќе се гордееме. Ви посакувам успешно издание на фестивалот, многу хитови и одлични настапи. Го честитам 50-годишниот јубилеј и посакувам фестивалот да живее уште многу децении“.       Првото издание на фестивалот „Златно славејче“ се одржал на 23 мај 1970 година, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје. Оттогаш традиционално, веќе 50 години се одржува во рамки на одбележувањето на ослободувањето на градот Скопје, 13-ти ноември.Во рамките на фестивалот е постојаниот хор, „Златно славејче“, што ги придружува пејачите на сцената. Традиционално, првиот ден од секое издание на фестивалот има хуманитарен карактер и е наменет за децата со попреченост. На „Златно славејче“ не се доделуваат награди за учесниците, бидејќи овој фестивал нема натпреварувачки карактер.

Македонија | пред 5 години

dom

Ве молам помогнете ми да не останеме на улица со мало дете - уште еден апел за помош на социјалните мрежи

На социјалните мрежи деновиве се шири апел на една мајка за помош на нејзиното семејство кое се наоѓа во тешка ситуација.Овој апел за помош е споделен и на страницата на Левица – Делчево, а во истиот се вели:Другари и другарки !На ова семејство од Делчево е потребно да му се помогне, па кој е во можност може да донира. Се работи за семејство со мало дете кое живее во една соба во социјален стан.Жената е невработена, а сопругот нема некоја постојана работа, а тоа што го заработува не е доволно за нормална егзистенција.Жената бара да и се помогне да го обноват домот на сопругот кој му останал од таткото во кој сега за сега нема основни услови за живеење.Се работи за куќарка која е стара и веќе се распаѓа, а они сакаат да соберат средства барем две соби да реновираат и да му овозможат на нивното дете да расте во колку – толку прифатливи услови. Ајде да бидеме хумани и да им излеземе во пресрет!На онлајн платформата Хелпкарма веќе е започната акција за донирање пари за ова семејство, а мајката Наталија во својата објава вели:-Здраво луѓенца се надевам ќе ми помогнете. Ние сме семејство од Делцево живееме во социален стан доделен на мојот сопруг од мајка му.Јас не работам, сопругот работи но тоа не е е доволно за да се подмират сметките. Тој што заработува е доволно барем за хрнана да имаме за нашето дете, тоа ми е најбитно да не му фали ништо.Ќе ве замолам да ни помогнете да овозможиме услови во домот кој ни остана од татко му на мојот сопруг. Таму нема никакви услови за живеење, куќата е стара и веќе се распаѓа.Ние моментално живееме во социален стан во една соба но имаме проблем, немаме доволно средства ни стигна документ да го продолжиме договорт но ние немаме со кои пари да го продолжиме.Ако не го продолжиме ќе останеме на улица. Затоа ве замолувам да ми ПОМОГНЕТЕ барем да успееме да реновираме две соби од старата куќа или барем да имаме доволно средства за плаќање на кирија некое време додека не најдам и јас работа.Не дозволувајте со мало дете да останме на улица, ве молам помогнете ми спремна сум да направам се за моето дете. Може сликите да ги видите во документите што ги имам остаено. Ви благодарам многу однапред, Наталија Богатинова.

Македонија | пред 5 години

kumanovo-bolnica

Доктор од кумановската болница го претепал својот колега

Дали и колку се безбедни лекарите? Тие  постојано се жалат дека се во опасност и се соочуваат со напади од пациентите и од членови на нивните семејства, а сега најново и од нивните колеги доктори.Еден таков случај имало вчера во кумановската болница, кога бил нападнат докторот Шукри Фазлиу. Фазлиу вели дека бил нападнат и навредува од неговиот колега Илбер Исуфи затоа што не одговорил на неговиот телефонски повик, пренесува Алсат.Фазлиу тврди дека причина за нападот било тоа што не примил на лекарски преглед роднина на лекарот Исуфи.“Во 8:15 часот мојот колега дојде од дома. Бев на должност во мојата канцеларија, тој ја отвори вратата со нога, ја тресна силно и влезе во мојата канцеларија. Ме фати за врат, му реков, колега што е работата, што направив?! Ми рече – ти се јавив и не ми одговори. Му реков дека нема да одговорам, јас сум на службена должност и се грижам за пациентите во одделот. Бев во опасност. Избегав од мојата канцеларија имав отворен прозорец. Колегите не треба да се плашат од колегите, ова е без коментар, немам коментар за вакво однесување од колегата“, изјави Шукри Фазлиу, доктор.Докторот Илбер Исуфи ги негираше ваквите тврдења на Фазлиу. Тој вели дека само побарал објаснување зошто не го примил пациентот кој чекал скоро еден час.Фазлиу пак, вели дека случајот бил пријавен во полиција, каде дал исказ за напад на работното место. Фазлиу вели дека поради главоболки и болки во градите и вознемиреност бил хоспитализиран и добива лекарски третман.извор:  Алсат. 

Македонија | пред 5 години

karticki

Втора шанса за одложување на плаќање на кредитите бараат 20 до 30 отсто од тие кои веќе ги одложиле обврските

Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да ја искористат и втората дадена можност од банките за одложување на отплата на обврските за уште шест месеци.Банките веќе ги имаат објавено понудите за да може тие што имаат потреба, да се пријават, а во наредниот период ќе се знае точно на кои ќе биде одобрено одложување на плаќањето на обврските, затоа што сега оваа мерка на банките и Народната банка, е да се опфатат тие што навистина имаат проблем со отплатата.На крајот на овој месец завршува периодот на одложена отплата на кредитните производи за население согласно понудата што деловните банки ја објавија за сите свои корисници на почетокот на април годинава, во согласност со регулативата на НБРСМ. Понудата според споделени податоци ја одбија една третина од граѓани, но дел од оние што првично ја прифатија потоа потоа се вратија повторно во редовна отплата на кредитите.Според понуденото граѓаните го одложија плаќањето на обврските од 1 април до 30 септември, во период од шест месеци. Понудата можеа да ја користат сите физички лица за кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, а кои на 29 февруари беа класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.Новите шест месеци одложување на плаќање на обврските не се однесува на сите физички лица.-Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на Ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, а согласно регулативата на Народната банка, банките во Република Северна Македонија овозможуваат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, наведуваат од банките.Секоја деловна банка на својата веб страница има објавено детални иформации, а клиентите рок од 10 дена од објава на понудата да се изјаснат дали имаат потреба од продолжување на одложената отплата на обврските.Граѓаните треба да ја информираат банката, дека ја прифаќаат понудата, а потоа и да ги образложат причините за одложување на отплатата, дали е тоа поради намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, кои ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука.Граѓаните ќе бидат во можност да користат до шест месеци продолжување на рокот на отплата на своите кредитни обврски, за сите или за дел од кредитните производи кои ги користат, во зависност од пристапот и понудата на секоја банка.Според објавената понуда на Комерцијална банка, одложената отплата од 1 октомври до 31 март може да ја користат граѓани кои имаат намалени месечни приходи од 10 отсто или над 10 отсто во периодот на ковид-кризата споредено со месеците од пред ковид-кризата, им престанал работен однос во периодот на ковид-кризата, имале високи трошоци за лекување во периодот на ковид-кризата, како и поради отсуство на приливи на трансакциска сметка (плата и други приливи) во периодот на ковид-кризата споредено со месеците од пред ковид-кризата.Понудите се објавени веб страниците на сите банки.Доколку настане промена на условите и тие се подобрат кај клиентот тој може да побара од својата банка да се врати во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените шест месеци.Податоците на Народната банка покажуваат дека населението и натаму се задолжува кај банки. Во август кредитите на домаќинствата, бележат месечен раст од 0,3 отсто, што е резултат на повисоките кредити одобрени во денари, додека кредитите во странска валута бележат пад. На годишна основа, растот изнесува девет отсто и е поизразен кај кредитите одобрени во денари. Со корекција на податоците за кредитите на домаќинствата на банката во стечај, растот на месечно и годишно ниво изнесува 1,2 отсто и 10 отсто соодветно.Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во август потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, бележат месечен раст од 0,4 отсто и годишен раст од 9,6 отсто. Станбените кредити се намалени за 0,3 отсто на месечно ниво, при остварен годишен раст од 13 отсто. Кај автомобилските кредити падот на месечна и годишна основа изнесува од 0,9 отсто и 10,7 отсто, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат минимален месечен раст од 0,1 отсто, при годишен пад од 3,7 отсто, додека негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,1 отсто, при годишен пад од 10,9 отсто.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

paridenari1

10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ, државата ќе ви го врати сиот платен данок

Продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, изјави премиерот на државава, Зоран Заев во интервју за Локално.За време на овој период, граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Се очекува, сето тоа да оди преку апликацијата „МојДДВ“, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат.Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли.

Македонија | пред 5 години

Osmani

Османи во Брисел на средби со Борел, Вархеи и други високи претставници на институциите на ЕУ

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре е во дводневна работна посета на Берисел, каде ќе се сретне со високи претставници на Европските институции.Како што информираат од ресорното министерство, во рамките на посетата Османи ќе оствари средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ, како и со потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија, Дубравка Шуица.Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средба и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи, а предвидени се средби и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци, меѓу кои потпретседателката на Европскиот парламент, Клара Добрев, копретседавачот со Заедничкиот парламентарен комитет помеѓу ЕУ и МК, Андреас Шидер, известителот за Северна Македонија Илхан Кјучук, како и други влијателни европратеници.Агендата на министерот Османи предвидува и средба со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.Како што информираат од ресорното министерство, клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

266 санкционирани возачи во Скопје: 102 за пречекорена брзина, 20 мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 266 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 102 прекршоци, нерегистрирани возила 9, 20 санкционирани мотоциклисти, 87 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со пајак, а изречени се и 18 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 Целзиусови степени.Помалку услови за појава на дожд ќе има во западните делови, а потоа до вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец.

Македонија | пред 5 години

krstovden

Православните христијани го слават воздвижението на чесниот крст – Крстовден

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, што на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да познае кој од трите е Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживеа. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов Крст, чесен и животворен.Потоа истиот го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Јерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година, грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Јерусалим.Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но, одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захарија виде Ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по кој Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

Македонија | пред 5 години

avion-ukraina

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воен авион: Сè беше како во компјутерска игра

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воен авион во близина на Харков, во разговор со претставниците на локалната администрација објаснил што се случувало во моментот на несреќата.„Сè беше како во компјутерска игра“, рекол тој. „Не се сеќава на сè. Во еден момент, тој ја изгубил свеста, а потоа кога се повратил, излегол од остатоците на авионот и започнал да го гасне пламенот од еден од неговите колеги”, изјавил шефот на администрацијата во Харков, Алексеј Кучер.Воено-транспортниот авион „ан-26“ се урна во петокот вечерта во близина на градот Чугујев во областа на Харков за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: седум члена на екипажот и 20 кадети. Загинале 26.https://twitter.com/rianru/status/1309560830162350081?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1309560830162350081%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd181d0b2d0b5d0b4d0bed188d182d0b2d0be-d0bdd0b0-d0b5d0b4d0b8d0bdd181d182d0b2d0b5d0bdd0b8d0bed182-d0bfd180d0b5d0b6d0b8d0b2d0b5d0b0d0bd%2FВчера медиумите објавија дека најверојатна причина за падот на авионот бил проблем со моторот, а мајката на еден од загинатите пилоти ја потврдила оваа теза, изјавувајќи дека нејзиниот син ден пред несреќата ѝ рекол дека авионот не е во добра состојба и дека моторите откажуваат.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира.– Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење  на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, истакна  Филипче.Министерот потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.– Исто така во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот. Значи тоа се аргументите кои ние ги евалуираме и врз основа на кои носиме препорака каква мерка ќе се донесе. Имаме честа комуникација со претседателот Пендаровски, се интересира и му давам информација за тоа каква е состојбата со епидемијата. Засега нема знаци дека треба да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција, а далеку секако и од таков целосен карантин, рече Филипче. 

Македонија | пред 5 години

maz-bitola

(ВИДЕО) Нова снимка од инцидентот со полицијата во Битола - Дали има обид за физички напад врз полицаец?

Денеска на социјалните мрежи беше објавена уште една нова видео снимка од инцидентот во Битола која дава друга димензија на случајот.На снимката може да се забележи обид за физички напад кон полицаец од страна на еден од присутните.Веродостојноста на снимката се уште не е потврдена од надлежните институции.

Македонија | пред 5 години

kumanovec

(ВИДЕО) Кумановец ловеше риби на поплавена улица

Утрово Куманово го зафатија обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплавување на дел од улиците, со оглед дека атмосферската канализација не е во можност целосно да ја апсорбира водата, пренесува порталот кумановскимуабети.мк.Но, еден кумановец можноста ја искористи да се пошегува. Со својата јадица тој излезе на булеварот и ловеше риби.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања